Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

БЕЛГРАД

media-library4p7fldvf6g8gayfk6zp

Познато е што го предизвикало излетувањето на трамвајот во Белград

Трамвај што утрово минувал по улицата „Цар Душан“ во белградската населба Дорќол излетал од шините и удрил во зграда на аголот меѓу улиците „Душанова“ и „Книќанинова“. Во несреќата се повредени 15 лица, меѓу кои и возачката на трамвајот.Несреќата се случила околу 9:30 часот, а дел од повредените се здобиле и со скршеници. Кабината на трамвајот број 5 била целосно уништена од ударот, а од силината на судирот биле откорнати и седиштата во возилото.Според сообраќајниот инженер и претседател на Синдикатот на Градското сообраќајно претпријатие „Центар“, Иван Банковиќ, причината за несреќата најверојатно е проблем со скретницата.Тој изјави дека засега е сигурно оти трамвајот излетал поради скретницата и потоа удрил во зградата, но дека дополнително ќе се утврдува дали станува збор за инфраструктурен проблем или човечка грешка. Како можен фактор се споменува и преголема брзина при влегување во раскрсницата.Српските медиуми објавија дека скретницата на шините била поставена во погрешна положба.По несреќата трамвајот бил отстранет, а сообраќајот постепено се нормализирал. На местото интервенирале екипи на Брза помош и полиција.Обвинителството наредило технички преглед на трамвајот, а во рамки на истрагата ќе бидат прегледани и снимките од видеонадзорот, како и изјавите на патниците и очевидците.Ова не е прв ваков случај на истата раскрсница. Во април 2021 година трамвај исто така излетал од шините и удрил во зграда, а и тогаш како причина бил посочен проблем со скретницата.

Свет | пред 1 седмица

media-library4p7fldvf6g8gayfk6zp

(Видео) Трамвај излета од шини во Белград и удри во зграда, има повредени

Трамвај кој сообраќал по улицата „Цар Душан“ во Белград излетал од шините и удрил во зграда на аголот со улицата „Книќанинова“, пренесуваат српските медиуми.Несреќата се случила утрово околу 9:30 часот, а според неофицијални информации има и повредени лица.На снимките испратени од очевидци се гледа дека кабината на трамвајот е целосно уништена, а дел од седиштата биле откорнати од силниот удар.Според првичните информации, неколку лица се пожалиле на повреди, додека од Итната помош за порталот N1 потврдиле дека нивни екипи се на терен.Засега нема официјални информации за причините за несреќата, а увидот е во тек.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq0tco6j00a8s2bMBTsM

По протестите во Белград приведени 47 лица, едно имало дипломатска легитимација

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека во инцидентите по собирот одржан во саботата во Белград биле повредени 17 полициски службеници.Според него, 47 лица биле приведени во просториите на Министерството за внатрешни работи, а едно од нив поседувало дипломатска легитимација.Дачиќ изјави дека полицијата не нападнала никого сè додека не биле нападнати полициските службеници и додаде дека ниту еден полицаец не оди на работа со желба да влезе во судир или да биде погоден со камен во главата.„Тоа не е само пиротехника. Тоа се камења, мотки и стапови. Тоа е напад врз претседателството, врз луѓето собрани во Пионерскиот парк и врз полициските службеници“, изјави Дачиќ во гостување на ТВ Прва.Тој оцени дека собирот бил класичен предизборен митинг и порача дека на Србија ѝ е потребен граѓански мир, а не граѓанска војна.Министерот нагласи дека полицијата мора да интервенира кога е нападната и додаде дека собирот бил уредно пријавен, поради што биле преземени сите неопходни мерки за безбедност.Дачиќ откри дека лицето со дипломатска легитимација е претставник на Светска банка од Бразил.Тој наведе дека биле поднесени осум кривични и 31 прекршочна пријава и оцени дека е недозволиво што биле повредени 17 полицајци.Според податоците што ги изнесе, од почетокот на протестите во Србија биле повредени повеќе од 300 полицајци, а од 1 ноември 2024 до 30 април годинава биле одржани вкупно 30.210 јавни собири.Дачиќ посочи и дека во првите четири месеци од годинава во Србија биле регистрирани 18 убиства, при што, како што рече, сите случаи биле расчистени.

Свет | пред 1 седмица

media-library45k63efl2vh68tt1eBo

Протестот во Белград покажа дека енергијата не стивнува, но политичката артикулација сè уште недостига

Десетици илјади граѓани и студенти вчера се собраа на белградска Славија на четвртиот голем студентски протест, испраќајќи порака дека побуната против власта на Александар Вучиќ одамна ги надминала универзитетите и студентските амфитеатри.Според анализата на „Слободен впечаток“, протестот бил помасовен од собирот на истото место на 28 јуни минатата година, но помал од огромниот протест од 15 март.Централната порака на собирот ја испрати студентка по психологија уште на самиот почеток.„Ова веќе не се само студентски барања, туку барања на побунет народ“, порача таа пред насобраните на Славија.Од пладневните часови кон центарот на Белград се слеваа колони студенти и граѓани од повеќе српски градови. Според извештаите, протестот бил обележан со силна енергија, национални и локални знамиња, симболи на отпорот и пораки директно насочени против српскиот претседател Александар Вучиќ.Говорите на протестот ги одржаа претставници од академската заедница, правосудството, синдикатите и други јавни личности.Академикот Радомир Стаиќиќ жестоко ја критикуваше власта, обвинувајќи ја за уривање на институциите, напад врз универзитетите и предавство на државните интереси.„Наместо најдобрите луѓе, во Собранието нè претставуваат папагали и послушници“, рече тој.Обвинителката Бојана Савовиќ предупреди дека Србија се соочува со опасна ерозија на правниот систем.„Држава во која законите се применуваат селективно престанува да биде држава и станува мафијашка организација“, изјави Савовиќ.Синдикалниот претставник Југослав Ристиќ зборуваше за социјалните разлики и положбата на работниците, оценувајќи дека Србија се претвора во „рај за инвеститорите, а пекол за работниците“.И покрај масовноста и силната енергија, анализата оценува дека протестното движење сè уште нема јасна политичка артикулација и конкретен политички фронт кој би ја преточил поддршката во институционална промена.По завршувањето на собирот, повторно дојде до судири меѓу дел од демонстрантите и полицијата во близина на Пионирскиот парк и долж повеќе улици во центарот на Белград.Летале камења, шишиња и пиротехнички средства кон жандармеријата, а според медиумите, во инцидентите учествувале помлади маскирани лица. Приведени биле десетици граѓани.„Ништо не се постигнува со палење контејнери и тепачки со полицијата“, заклучува „Слободни утисак“ во својата анализа за протестот.

Свет | пред 1 седмица

media-library1le8ldr222e7bbwHWs5

Приведени 23 лица по судирите со полицијата во Белград, Дачиќ тврди: „Не нападнавме никого“

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, вечерва изјави дека 23 лица се приведени поради напади врз полицајци за време на инцидентите што избувнаа по студентскиот протест во центарот на Белград, јави Н1.рс.По завршувањето на масовниот собир организиран од студентите, кој се одржа од 18 до 20 часот и на кој присуствуваа стотици илјади граѓани, во центарот на српската престолнина дојде до судири меѓу дел од демонстрантите и полицијата.Според Дачиќ, инцидентите започнале помеѓу 20:20 и 20:30 часот на неколку локации.„Имаше напад од екстремниот дел од демонстрантите врз полицијата“, изјави министерот.Тој прикажа видео-снимка и тврдеше дека полицијата не нападнала никого, туку реагирала откако била нападната.Дачиќ ги осуди нападите врз полицајците, наведувајќи дека тие биле гаѓани со пиротехнички средства, камења, шишиња, па дури и со капаци од шахти.Според него, дел од напаѓачите биле маскирани со шалови и маици.„Полицијата ги потисна со минимална употреба на сила“, рече Дачиќ.

Свет | пред 1 седмица

media-librarykk87jufjnacg6ddDZ4G

(Видео) Немири, судири со полицијата и апсења по протестот во Белград

Тензично заврши масовниот антивладин протест во Белград, откако по официјалниот крај на собирот дојде до судири меѓу демонстранти и српската полиција во близина на парламентот и Пионирскиот парк.Според српските медиуми и очевидци, биле фрлани бакљи, шишиња и пиротехнички средства, а интервенирала и Жандармеријата, која ги оттурнувала демонстрантите и воспоставила полициски кордони во центарот на градот. Досега се приведени 23 лица.Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ, изјави дека протестот првично поминал мирно и дека според полициските проценки, на собирот присуствувале околу 34.300 граѓани. Тој рече дека полицијата го следела протестот уште од утринските часови и дека работи на идентификување на лицата вмешани во инцидентите.Српскиот претседател Александар Вучиќ по немирите порача дека државата нема да дозволи насилство и најави реакција против сите кои нападнале полицајци и предизвикале инциденти. Во своите први реакции, власта оцени дека протестите имаат политичка заднина, додека демонстрантите бараат предвремени избори и одговорност за корупцијата во земјата.Протестот, организиран од студентското движење под слоганот „Студентите победуваат“, важи за еден од најмасовните собири против власта во Србија во последните месеци.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryio7grp0vamsf0A0xVhG

Уапсени тројца мажи и тројца полицајци по исчезнувањето на маж во Белград

Белградската полиција уапси тројца мажи – Н.Л., С.М. и М.С. – по исчезнувањето на А.Н., а обвинителството се сомнева дека мажот е убиен, соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград.Поради сомнение за соучесништво уапсени се и тројца полицајци – Б.М. (41), С.С. (33) и П.П. (47), кои се товарат за непријавување кривично дело и сторител.Според обвинителството, Н.Л. е сопственик на локалот на Сењак во кој А.Н. последен пат бил виден.А.Н. сè уште не е пронајден, а по апсењето на С.М. и М.С. во ресторанот биле пронајдени две чаури и траги од крв кои му припаѓаат на исчезнатиот маж.Неговото исчезнување го пријавила невенчаната сопруга Ј.М., која последен пат се слушнала со него на 12 мај околу 23 часот, кога престојувал во ресторан на Сењак и се сретнал со пријатели.„По 23 часот А.Н. престанал да ѝ се јавува, а мобилниот телефон бил исклучен“, се наведува во соопштението.Во контејнер спроти локалот бил пронајден мобилен телефон „ајфон“ со непознат сопственик.На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што ќе бидат изведени на сослушување во Вишото јавно обвинителство во Белград.Истрагата продолжува, а полицијата и натаму трага по исчезнатиот А.Н.

Свет | пред 3 седмици

protesti-srbija

Таковска во Белград целосно блокирана: прекинат сообраќајот поради собир пред РТС

Таковска улица во Белград вечерва е затворена за сообраќај поради собир што се одржува пред зградата на Радио-телевизијата на Србија (РТС), организиран од студентите во блокада, со поддршка од граѓани.Полициски екипи го блокираа минувањето од двете страни на Таковска, поради што возилата не можат да се движат низ овој дел од центарот на градот.Според достапните информации од терен, Улицата „Кнез Милош“ останува проодна, како и Косовска улица.Студентите наведуваат дека собирот го организираат поради незадоволство од известувањето на јавниот сервис во врска со инцидент што претходно се случил пред Правниот факултет.Како што беше посочено, во текот на денот, за време на блокада пред Правниот факултет, дошло до инцидент кога возач на автомобил „опел“ со белградски регистарски таблички се вратил наназад и удрил постар маж кој ја блокирал раскрсницата.

Свет | пред 3 седмици

media-librarybdji88rqfqg783Xkdd3

Три години по „Рибникар“: момчето е во установа, постапките против родителите продолжуваат

Денес, 3 мај 2026 година, се навршуваат три години од масовното убиство во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград – настан што ја потресе Србија и регионот и остави трајни последици врз чувството на безбедност во училиштата.Според информациите, тогаш тринаесетгодишниот ученик К.К. во училиштето употребил два пиштоли кои му припаѓале на неговиот татко и усмртил девет ученици и училишен чувар, а ранил уште пет ученици и наставничка по историја. Осум ученици и чуварот починале на самото место, додека едно девојче подоцна им подлегнало на повредите.И по три години, К.К. – кој во моментот на злосторството не бил кривично одговорен бидејќи немал наполнети 14 години – се наоѓа во психијатриска здравствена установа.Судењето и правните постапки против неговите родители, Владимир и Милјана Кецмановиќ, продолжуваат. Вишиот суд во Белград кон крајот на 2024 година изрече првостепена пресуда, но Апелациониот суд ја укина и наложи повторување на постапката. Таткото од 3 мај 2023 година е во притвор, додека мајката се брани од слобода.Покрај кривичниот предмет, водени се и повеќе граѓански постапки по тужби на повредените и семејствата на убиените. Првостепено, судот ги задолжил родителите и училиштето да исплатат над 411 милиони динари отштета, а се очекува Апелациониот суд да донесе конечни одлуки.Во меѓувреме, државата воведе и официјално одбележување на датумите на сеќавање: на 19 септември 2024 година беше донесена одлука 3 и 4 мај да бидат Денови на сеќавање на жртвите од масовните убиства – во „Рибникар“, како и во Орашје и Дубона кај Младеновац, каде што следниот ден се случи друго масовно убиство.

Свет | пред 1 месец

media-librarysu6iegteto709Xinobs

Герасимовски во збратимената општина Стари Град, Белград, во фокус култура, спорт и образование

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, за време на работната посета на збратимената општина Стари Град во Белград, оствари средба со својот колега и домаќин, градоначалникот Радослав Марјановиќ.Посетата се реализира по повод 150 години од формирањето на општината Стари Град.На средбата, делегациите на двете општини разменија искуства и разговараа за продлабочување на соработката во областа на културата, спортот, образованието и урбаниот развој.„Нашите збратимени општини имаат слични проекти и приоритети. Токму затоа е клучно да споделуваме искуства и да учиме едни од други. Преку вакави врски и соработка, ги промовираме културните вредности и туристичките потенцијали што ги поседуваме“, рече Герасимовски.Општина Центар и Стари Град се збратимени повеќе од две децении, а соработката има за цел продлабочување на врските меѓу локалните власти, како и зближување на граѓаните преку културна, спортска и образовна размена и други заеднички иницијативи, со што се зајакнува пријателството меѓу двете локални заедници.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryali7ijk5obc78EAjpW2

(Видео) Ректорот Ѓолиќ предупреди од балконот на Ректоратот заробен од полицијата: „Ова не е победа на државата, туку пораз“

Белград повторно е сцена на сериозни тензии и судири меѓу граѓаните и институциите, откако полицијата влезе во зградата на Ректоратот на Универзитетот во Белград, што предизвика масовни реакции и протест пред објектот.Ситуацијата дополнително ескалираше кога ректорот на Универзитетот во Белград Владан Ѓокиќ им се обрати на студентите и граѓаните од балконот, испраќајќи остри пораки за полициската интервенција.„Видовте полиција на Универзитетот. Тоа не е победа — тоа е пораз на власта“, изјави Ѓокиќ.Тој нагласи дека случувањата не претставуваат личен напад, туку удар врз автономијата на Универзитетот.„Универзитетот не можат да го однесат. Тој не се ѕидови и компјутери — тој се луѓе“, изјави Ѓокиќ.Според него, припадници на Управата за криминалистичка полиција влегле во објектот без јасно правно образложение и без претходна најава, при што биле одземани компјутери, вршени претреси и барана документација.„Дојдоа да ни покажат што ќе се случи ако не молчиме“, изјави Ѓокиќ.Тој оцени дека наместо транспарентна истрага, јавноста добила демонстрација на сила.„Таа слика е наменета за вас — да се исплашите“, изјави Ѓокиќ.По неговото обраќање, атмосферата пред Ректоратот дополнително се вжешти, каде со часови се собираат студенти и граѓани во знак на протест против полициската интервенција и, како што велат, загрозувањето на универзитетската автономија.Собирот прерасна во инциденти откако полицијата интервенирала пред објектот, а според информациите, судирите избувнале поради револтот од влегувањето на полицијата во текот на денот, поврзано со истрага за смртта на студентка.Во централното градско подрачје се собраа илјадници демонстранти, додека на терен беа распоредени стотици полициски службеници со опрема за разбивање немири. Дел од демонстрантите фрлале предмети, а полицијата возвратила со сила, при што има информации за приведени и повредени.Сликата од Белград е вознемирувачка: универзитетот, симбол на знаење и слобода, е опколен со полиција, студентите се на улица наместо во амфитеатрите, а дијалогот е заменет со конфронтација.Протестите, кои траат со месеци, се предводени од студентите кои бараат одговорност, правда и заштита на универзитетската автономија, а незадоволството постепено прераснува во поширок општествен отпор.

Свет | пред 2 месеци

media-librarydlc9ffrsst6n1NTrEZb

(Видео) Дрон-снимка од Белград: масовна поддршка за студентите и Универзитетот по упадот на полицијата во Ректоратот

Голем број граѓани и студенти се собраа пред Ректоратот на Универзитетот во Белград, откако во зградата влегоа припадници на Управата на криминалистичката полиција (УКП). Снимка направена од воздух, која се прошири на социјалните мрежи, ја прикажува густината на толпата и размерот на собирот што во текот на вечерта го зафати центарот на градот.На видеото, покрај масата луѓе, се забележуваат и полициски кордони распоредени околу просторот пред Ректоратот, со дополнителни сили што пристигнувале. Собирот беше доживеан како директен јавен одговор на полициската акција во универзитетските простории, која дел од академската јавност ја протолкува како притисок врз автономијата на универзитетот.На протестот, според организаторите, присуствуваа студенти, професори и граѓани, откако повик за собирање упати иницијативата „Студенти во блокада“. Како што минуваше денот, бројот на присутните растеше, а напнатоста се засилуваше во часовите пред вечерните случувања.Во текот на вечерта, центарот на Белград беше под изразено полициско присуство. Паралелно се ширеа информации за приведувања и повредени лица меѓу присутните, додека дел од учесниците тврдеа дека не провоцирале, туку дека судирите започнале при обид за насилно растурање на собирот.Во јавноста се очекуваат дополнителни појаснувања за причините и текот на влегувањето на УКП во Ректоратот, како и за полициското постапување за време на протестот. Дел од академската заедница бара институционална отчетност и јасни гаранции дека автономијата на универзитетот ќе биде почитувана и заштитена.

Свет | пред 2 месеци

media-librarys40cufoqe57obPuaOVf

Нови сомнежи за кинадпирањето на Кајмакоски: нарачката е од лице кое се познава со пејачот?

Повеќе од еден месец по киднапирањето на пејачот Даниел Кајмакоски, случајот добива нова димензија. Неговиот адвокат Бранислав Станишиќ тврди дека постојат индиции оти нападот можеби бил нарачан од лице кое пејачот го познава.Станишиќ изјави дека одбраната располага со одредени информации и сомнежи, кои веќе се споделени со надлежните институции.„Имаме сомнежи поврзани со луѓе што Даниел ги познава и со кои имал контакт во минатото“, посочи адвокатот.Според него, извршителите на киднапирањето најверојатно биле ангажирани лица, односно странци. Врз основа на нивниот изглед и јазик, како што наведува, можно е да потекнуваат од Турција, Македонија или од Виена, каде Кајмакоски живеел подолг период.Клучното прашање, според одбраната, е кој стои зад нарачката и кој ги ангажирал киднаперите.Покрај психолошката траума, пејачот се соочува и со материјална штета. Неговиот автомобил, вреден околу 30.000 евра, бил задржан од полицијата заради вештачење, а по враќањето бил значително оштетен.„Штетата е околу 5.000 евра – оштетени се браникот, тркалото, радијаторот и целиот агол на возилото“, изјави Станишиќ.И покрај настанот, Кајмакоски повторно настапил во Белград, на истата локација каде што се случило киднапирањето, само една недела по инцидентот.Истрагата за случајот продолжува, а сторителите сè уште не се пронајдени.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE

Се очекуваат уште два лета од Дубаи кон Белград

Директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (ЈУТА), Александар Сениќиќ, изјави дека денес се очекуваат уште два лета од Дубаи кон Белград – еден чартер и еден редовен – што укажува на постепено враќање на авионскиот сообраќај во нормала.Според најавите од аеродромот, очекуваме уште два лета денес од Дубаи. Едниот е приватен чартер лет, кој треба да стигне во Белград околу 14 часот, а другиот е редовен лет, кој треба да полета вечерва околу 21:00 до 21:30“, рече Сениќиќ за РТС.Тој додаде дека ќе биде потребно време системот да се врати во редовно функционирање, бидејќи воздушниот простор беше затворен со денови, а авионите беа приземјени.

Свет | пред 3 месеци

media-library94g7m2p097q9eBAyIka

Вчеравечер реализирани 12 редовни летови од Дубаи: 200 патници се вратија во Белград, а стотици и до Будимпешта, Варшава, Прага, Милано...

Патниците кои од Дубаи пристигнаа во Белград не биле евакуирани со организација на Владата, туку патувале со редовен лет на компанијата „Флај Дубаи“, за кој имале претходно купени билети. Според информациите, тие биле контактирани од авиокомпанијата дека летот ќе се реализира, по што околу 200 патници се вратиле во Србија.Летот бил реализиран по три последователни одложувања. Првично требало да полета во саботата, на денот кога започнаа воените дејствија меѓу САД, Израел и Иран, но бил презакажан во уште два термини без да се реализира. По дополнителни безбедносни проценки на компанијата „Емиратс“ и надлежните власти во Обединетите Арапски Емирати, било одлучено летот да се изврши синоќа.Пред реализацијата на летот за Белград, од аеродромот во Дубаи полетале и авиони кон Варшава, Ријад, Адис Абеба, Мумбаи, Рига, Лахоре, Прага, Будимпешта, Милано, Коломбо и Баку.Во текот на вчерашниот ден, пред полетувањето кон Белград, биле одложени 65 редовни летови. Прелетот на авионот од типот „Боинг 737 Макс 8“ во живо го следеле околу 40.000 лица преку интернет-страница која во реално време го прикажува движењето на леталата. Авионот слетал на белградскиот аеродром утринава во 06:17 часот.Авиокомпаниите преку соопштенија ги известиле патниците да не доаѓаат на аеродром доколку претходно не бидат директно контактирани.„Приоритет имаат патниците со претходни резервации, а оние кои биле прераспоредени на ограничени летови ќе бидат индивидуално известени од „Емиратс“, се наведува во соопштението.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Пронајдено тело во фаза на распаѓање во Белград

Во стан во белградската општина Врачар е пронајдено тело во напредна фаза на распаѓање. Откритието следува откако соседите, загрижени поради несносниот мирис кој се шири од станот веќе неколку дена, решиле да пројават и да влезат во просториите.Според неофицијални информации, станарите на зградата одлучиле да преземат мерки поради интензивниот непријатен мирис. По отворањето на вратите, во станот било пронајдено телото. Засега нема официјални информации за идентитетот на починатата личност, ниту за причините и околностите на смртта.Полицијата и надлежните служби продолжуваат со истражување за да се утврдат сите детали околу трагичниот настан.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryaksrrm6dfldk9TLcTXY

(Видео) Симпатизер на СНС нападнал средношколци по протест пред Уставниот суд во Белград

На социјалните мрежи се појави видео-снимка на која се гледа младо лице, за кое сведоци тврдат дека е симпатизер на владеачката Српската напредна странка (СНС), како агресивно се однесува кон средношколци и студент од Машинскиот факултет, по завршување на протестот пред Уставниот суд во Белград.Според сведочењата, младиот човек се обидел да му го извади мобилниот телефон од рацете на еден студент кој го снимал настанот, а во друг момент успеал да и го избие телефонот од рацете на инспекторка која исто така документирала со камера.„Ќаци насрна врз средношколци, а потоа и врз мене и моите колеги. Се обиде да ми го избие телефонот од рака, а друг ќаци успеа да и го избие телефонот на инспекторката која снимаше“, напиша студентот кој ја објави снимката на Инстаграм.Инцидентот се случил по протестот, а видеото предизвика бројни реакции и осуди на социјалните мрежи, со барања надлежните институции да реагираат и да утврдат одговорност за насилното однесување.Засега нема официјална реакција од полицијата или од Српската напредна странка.

Свет | пред 3 месеци

media-library62l39bde1j5qdLgCLfS

(Видео) „Знаењето е моќ“: Студентите на протест во Белград

Студентите во блокада на Електротехничкиот факултет во Белград, во име на сите студенти, денеска повикаа на протест под мотото „Знаењето е моќ“, се одржа вечерва од 18 часот пред Ректоратот на Универзитетот во Белград.Студентите порачаа дека државата треба да почива на образованието, нагласувајќи дека не е случајно што протестот се одржува токму на денот на Свети Сава. Според нив, симболиката на датумот дополнително ја засилува пораката за значењето на знаењето, автономијата и достоинството на образовниот систем.На протестот се обратија наставници, професори и директори на училишта, кои, како што наведуваат студентите, трпат последици поради јавно дадената поддршка на студентските барања. По говорите, тргнаа на протестна прошетка до Храмот ,,Свети Сава”.Во меѓувреме, студенти од неколку факултети во Србија денеска ја бојкотираа наставата во знак на солидарност со професорката Јелена Клеут и со нивните колеги од Универзитетот во Нови Сад.Студентите најавија и следен голем собир, кој ќе се одржи на 15 февруари – Сретење, во Шумадија, продолжувајќи го протестното движење кое во изминатиот период добива поддршка во академската и пошироката јавност.

Свет | пред 4 месеци

media-library6hurthps495s1YRnAsc

Експеримент со кучиња по белградските протести: Српски и руски експерти тестирале реакции за звучните топови!

Речиси две недели по антивладините протести во Белград, кои демонстрантите ги опишаа како насилно прекинати со силен и разорен звучен удар, српските власти спровеле контроверзни тестирања со моќни акустични уреди – овој пат врз животни. Документи до кои дојде Политико укажуваат дека експериментите биле дел од истрага чија цел била да се оспорат тврдењата на граѓаните дека против нив биле употребени таканаречени „звучни топови“.Тестирањата биле организирани од српската Безбедносно-информативна агенција – БИА, со вклученост на српски и руски експерти. Како тест-субјекти биле користени кучиња, избрани поради нивната висока чувствителност на звук, а експериментите се одвивале на полигон на БИА.Според документите, животните биле изложени на два типа далекусежни акустични уреди (LRAD), способни да емитуваат звук до 150 децибели – јачина споредлива со млазен авион при полетување. Уредите биле активирани на различни растојанија, од 200 до само 25 метри.Официјалната верзија: „Нема промени“Во извештајот на руската служба за безбедност – ФСБ – се наведува дека кај кучињата не биле забележани знаци на непријатност или промени во однесувањето за време на тестовите, ниту пак здравствени последици при прегледите неколку дена подоцна. Овој заклучок, според документите, бил користен како аргумент дека симптомите пријавени од демонстрантите не можат да се поврзат со употреба на звучни уреди.Српската влада претходно негираше дека употребила звучни топови за време на протестите, но призна дека полицијата располага со таква опрема и најави истрага за настаните од 15 март 2025 година, кога илјадници луѓе пријавија мачнина, вртоглавица, главоболки и паника по ненадеен силен звук во центарот на Белград.Сомнежи за законитоста на тестирањатаЕкспериментите, сепак, отворија нов фронт на критики. Српското Министерство за земјоделство соопшти дека никогаш не добило барање за одобрување вакви тестирања врз животни, што значи дека тие можеби биле спроведени без законска дозвола. Српските закони, како што потсетуваат правниците, строго бараат претходно одобрение и забрануваат тестирање оружје и воена опрема врз животни.Адвокатот за човекови права Данило Ќурчиќ изјави дека случајот може да претставува сериозно кршење на Законот за благосостојба на животните, оценувајќи дека кучињата биле изложени на злоупотреба под изговор на истрага.Политички реакции и обвинувањаОпозицијата во Србија оди чекор понатаму. Според опозицискиот политичар Радомир Лазовиќ, тестирањата врз кучиња се дел од обидите на власта на Александар Вучиќ да ја релативизира или прикрие употребата на звучни уреди против демонстрантите.„Илјадници луѓе минатата година директно ги почувствуваа ефектите од ова оружје. Наместо одговорност, гледаме експерименти врз животни за да се докаже дека граѓаните лажат“, изјави Лазовиќ.Истрагата што требаше да донесе одговори за настаните на протестите, наместо тоа, отвори нови прашања – за односот на државата кон сопствените граѓани, но и кон животните, како и за границите што институциите се подготвени да ги поминат во одбрана на официјалната верзија на настаните.

Свет | пред 4 месеци

media-library85k2nggf2vm9cVmbbfa

Нема веќе „Ќациленд“, шаторите се отстранети

Шаторите поставени пред Народното собрание на Србија, таканаречениот „Ќациленд“, се отстранети.За време на празниците, на тоа место ќе биде поставено „божиќно село“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.Вучиќ најави отстранување на шаторите и од Пионирски паркСрпскиот претседател синоќа беше пред Народното собрание и тогаш изјави дека во наредниот месец шаторите ќе бидат отстранети и од Пионирски парк.Тој најави дека пред Народното собрание во наредните неколку дена ќе биде поставено „божиќно село“.Исто така рече дека се очекува сообраќајот пред парламентот да се нормализира.По повеќе од половина година просторот пред парламентот во Белград беше окупиран со шатори. Кампот, во јавноста познат под прекарот „Ќациленд“, првично беше поставен во Пионирски парк и беше претставен како израз на протест на контра-студенти кои „само сакаат да учат“.Меѓутоа, барањата поради кои кампот првично беше формиран денес речиси се заборавени, а собраните таму од самиот почеток не беа само студенти. Со текот на времето, кампот се прошири и на платото пред Народното собрание, шаторите беа поставени и на коловозот, а смислата на оваа „населба“ станува сè помалку јасна — освен како некаква противтежа на студентските протести.

Свет | пред 5 месеци

media-librarydgavb81lnehud3WSk1H

Граѓаните на Белград може да здивнат: нема да се гради хотелот на местото на Генералштабот – фирмата на Кушнер се повлече од проектот

Проектот што со месеци го потресуваше Белград заврши со неочекуван пресврт: приватната инвестициска фирма „Афинити партнерс“ на Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти дека се повлекува од планот за купување на зградата на Генералштабот. Од фирмата за „Волстрит џурнал“ велат дека одлуката е донесена „од почит кон народот на Србија и градот Белград“, бидејќи, како што наведуваат, големите проекти треба да обединуваат, а не да предизвикуваат поделби.„Од почит кон народот на Србија и градот Белград, ја повлекуваме нашата апликација и се повлекуваме во овој момент“, изјави портпаролот на фирмата, пренесуваат српските медиуми.Повлекувањето доаѓа во момент кога случајот со Генералштабот стана предмет на кривична постапка: Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение против министерот за култура Никола Селаковиќ и уште тројца лица. „Волстрит џурнал“ потсетува дека Кушнер работел на проектот повеќе од две години, но дека тој станал „сè поконтроверзен“ поради постапките што ги презела власта.Кризата започна откако администрацијата на претседателот Александар Вучиќ се обиде да ја укине заштитата на културното наследство од комплексот на поранешниот Генералштаб, за да може просторот да му биде префрлен на Кушнеровиот инвеститор. Обвинителството реагираше, отворајќи истрага за фалсификување документи и апсејќи еден службеник. Како одговор, владејачката партија во Собранието со две брзи одлуки ги избриша заштитните статуси од оваа и од повеќе стари згради, потег што критичарите го оценија како неуставен и коруптивен.Опозицијата тврдеше дека државниот врв се обидува да му се додвори на Вашингтон. „Ова го нарекувате инвестиција, ние го нарекуваме велепредавство“, изјави пратеничката Мариника Тепиќ. Студентски протести, маршеви и најави за блокади и окупација на просторот дополнително го зголемија јавниот притисок.Во понеделникот, специјалниот обвинител соопшти дека поднел обвинение против Селаковиќ и уште три лица поради злоупотреба на службената должност и фалсификување документи поврзани со проектот.Според досега познатите информации, формално е потпишан само еден договор за заедничко инвестирање помеѓу стратешки партнер од САД и Србија. Во нацрт-форма се наоѓаат уште два договори за функционирањето на планираното заедничко вложување, како и предлог за 99-годишен закуп на земјиштето и модел за пренос на акции. Бидејќи документите не се потпишани или објавени, не можат ни да стапат во сила.Основниот инвестициски договор пропишува неколку причини за раскинување. Првата е неисполнување на т.н. претходни услови, неопходни за основање заедничка фирма. Други можни причини се непочитување на обврските во процесот на формирање на друштвото или неспособност страните да склучат договор за закуп и да го регистрираат во катастарот. Бидејќи во случајот не е постигнато ниту отворање на заедничка компанија ниту издавање под закуп на земјиштето – делумно поради нерешените оптоварувања на парцелите – договорот може да се раскине исклучиво поради неисполнети претходни услови.Интересно е што договорот предвидува дека само стратешкиот партнер може да го раскине договорот во таква ситуација. Србија, пак, има обврска во рок од пет дена од приемот на писменото известување да му ги надомести трошоците за раскинување: трансакциски трошоци плус еден милион евра. Стратешкиот партнер може да бара компензација и доколку државата прекрши некоја од дадените гаранции или ако гаранцијата се покаже како неточна и предизвикала загуба.Гаранциите се однесуваат на тоа дека земјиштето е навистина државно, дека не е оптоварено со реституциски или други права, дека даноците се платени – прашања што се директно поврзани со сомневањата дека укинувањето на заштитата за Генералштабот било направено со документ изработен надвор од законската постапка. Дали е така, ќе покаже текот на истрагата.

Свет | пред 5 месеци

media-library9n79ol04h7ug1DI0bfH

Нов инцидент во Белград: Маж избоден во „Чациленд“

Уште еден инцидент се случи во центарот на Белград, во близина на Народното собрание.Припадните на полициските интервентни единици кои го обезбедуваат „Чациленд“ пред Собранието на Србија, уапсиле маж, кој, според Министерството за внатрешни работи нападнал жител на оваа шаторска населба.27-годишниот Д.П. со нож го нападнал 37-годишниот М.Н.Досега во „Чациленд“, се случија повеќе насилни инциденти и физички пресметки.Повредениот М.Н. бил веднаш пренесен во Ургентниот центар, а полицијата го уапсила напаѓачот.Министерството соопшти дека нападот се води како дело на лесна телесна повреда, спротивно на првичните шпекулации на социјалните мрежи дека се работи за терористички напад.Како што пренесе Б92, институциите брзо ја демантирале таа информација.Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на инцидентот.,,Граѓаните не треба да се плашат, државата ќе знае како да се справи со насилниците. Нема да дозволиме сценарија на уличен хаос. Институциите ќе реагираат строго на секој обид за нарушување на јавниот ред,“ изјави Вучиќ.

Свет | пред 6 месеци

media-libraryqaarju2to4cg7MmZSKE

Убиен водач на навивачката група на Партизан од Земун — Белград во состојба на зголемена безбедносна мобилизација

Млад маж, идентификуван како 23-годишниот Тадија Пантиќ од Земун, е убиен денеска околу 11:45 часот во Нов Белград. Според српските медиуми, двајца напаѓачи на скутер без регистарски таблички му се доближиле, се вратиле назад и пукале во него со рафален оган.Пантиќ бил погоден во главата и телото. Починал на самото место, зад трафика на булеварот „Арсенија Чарнојевиќ“, во близина на спортска обложувалница. Нападот го слушнале бројни минувачи, кои во паника се разбегале.На лице место брзо пристигнале екипи на Брза помош и полицијата, која веднаш го обезбеди просторот и започна увид. Подрачјето е покриено со голем број надзорни камери, кои веќе се анализираат.Според првичните информации, скутерот што го користеле убијците е пронајден подоцна запален на Вождовац.Семејството и пријателите на Пантиќ пристигнале веднаш по нападот. Неговата сестра, видно потресена, ги молела полицајците да ѝ дозволат да го види брат ѝ.Тадија Пантиќ важел за лидер на навивачката група на Партизан од Земун и претходно двапати бил мета на напади, кои ги преживеал.Поради убиството во Белград е активирана полициската акција „Вихор 3“, а интензивно се трага по напаѓачите.

Свет | пред 6 месеци

media-librarydgavb81lnehud3WSk1H

Таен договор исплива на површина: Србија со огромна концесија за проектот на Кушнер во срцето на Белград

Голем градежен мегапроект во Белград повторно ја разгори јавноста, откако независното српско списание „Радар“ објави документи што откриваат долгорочна заедничка компанија меѓу Владата на Србија и фирмата на Џаред Кушнер — зетот на Доналд Трамп — за развој на луксузен хотелски и станбен комплекс на просторот на поранешниот Генералштаб.Според договорот склучен во 2024 година, компанијата на Кушнер, „Атлантик Инкубашн Партнерс“, добива 77,5% од заедничкото вложување, додека Србија задржува 22,5%. Документите покажуваат и дека државата презема обврска до мај следната година да ги урне постојните објекти на локацијата — во спротивно, американската страна може да го раскине договорот и да побара значителни средства како компензација.Избраниот простор не е било кој: станува збор за руинираните згради на Генералштабот, симболичен и историски обележан комплекс разурнат во бомбардирањето на НАТО во 1999 година. Плановите за претворање на местото во хотелско-станбен центар предизвикаа масовни протести во центарот на Белград.Иако владата не ја демантира автентичноста на објавените документи, договорот беше целосно таен до минатата недела, кога српското собрание усвои специјален закон што го прогласува проектот за „инвестиција од посебно значење“. Законот ѝ овозможува на владата да ги заобиколи регулаторните процедури кои претходно го стопираа проектот, вклучително и истрагата дали документите за отстранување на заштитениот статус на комплексот биле фалсификувани.„Радар“ открива дека Србија се обврзала да го симне статусот на културно наследство и да обезбеди урнување на постојните згради во форма што ѝ одговара на компанијата на Кушнер. Договорот дава и исклучително поволен услов — бесплатен закуп на земјиштето на 99 години, со можност закупот да се трансформира во полна сопственост.Министерот за финансии Синиша Мали јавно го бранеше проектот, тврдејќи дека станува збор за развојна инвестиција и дека земјиштето не се продава, туку се издава под долгогодишен закуп. Но „Радар“ наведува дека во самиот договор експлицитно стои дека закупот е „без надомест“.Контроверзниот закон ги засили протестите предводени од студентските групи, кои со месеци излегуваат на улица борејќи се против корупцијата и нетранспарентните јавни проекти. Оваа недела демонстрантите формираа човечки синџир околу комплексот, цртајќи „црвена линија“ за да го блокираат започнувањето на уривањето.Според експертите и активистите, локацијата има исклучително културно значење — тоа е единственото дело во Белград на познатиот југословенски модернист Никола Добровиќ и симбол на еден од најдраматичните периоди од поновата историја.

Свет | пред 6 месеци

media-libraryiam8t3uoadrucCUHmIG

(Видео) Со шишиња и петарди нападнат Немања Шаровиќ во Белград

Немања Шаровиќ, поранешен истакнат член на шешељевата Српска радикална партија и долгогодишен соработник на Воислав Шешељ, а денес новинар на КТВ Зрењанин, познат по исмејувањето на поддржувачите на Српската напредна партија (СНС), вчера бил нападнат во Белград за време на собир што го организирале приврзаниците на Александар Вучиќ.Шаровиќ со години беше едно од најпрепознатливите лица на Српската радикална партија, пратеник во Собранието на Србија и еден од најблиските луѓе на Шешељ. По расколот со него, го формираше движењето „Љубов, вера, надеж“, а потоа се посвети на медиумски активизам.Во последните години привлече големо внимание со видеата во кои со микрофон ги посетува митинзите на СНС и редовно ги исмејува приврзаниците на Вучиќ. Ваквата содржина, истовремено пофалена и критикувана во Србија, го направи една од највпечатливите фигури на антирежимската сцена.Како што објави Н1 Србија, Шаровиќ и екипата на КТВ биле на терен кога собирот на СНС станал агресивен. На снимките се гледа како насобраните го навредуваат, го напаѓаат и го гаѓаат со различни предмети. Во еден момент, еден од поддржувачите на Вучиќ силно му го избил микрофонот од рака.Според зборовите на Шаровиќ, кон него летале шишиња, петарди и други предмети. На снимката се слуша и извик: „Пи*ко усташка!“

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања