Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

БЕНЗИН

234786586_397205545075467_2082182706027825334_n

Бензинските станици дневно снабдуваат до 2 милиони литри гориво, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за новинарите информираше дека побарувачката за нафтени производи во државата е зголемена, со денови кога бензинските станици снабдуваат дури над 2 милиона литри„Зголемена ни е побарувачката, имаме денови кога имаме и дури над 2 милиони литри, коишто бензинските станици во држава ги снабдуваат, но тоа што е битно е дека на дневна основа ги следиме предизвиците, предизвиците ќе има, дури и утре да заврши се тоа, ќе имаме ефект којшто ќе трае бидејќи производните капацитети во заливот, тука пред сè мислам на Кувајт, Ирак, Иран, Саудиска Арабија, Бахреин и ОАЕ имаат озбилни оштетувања, некои и трајни, некои делумни, недостасуваат 12 милиони барели на ден, недостасуваа барем во пикот на воздушната интервенција на сојузниците врз Иран на ден, сега преку теснецот се пропуштаат танкери, дневно меѓу 7 и 10, во одредени периоди денот можеби повеќе, а пред кризата беа меѓу 50 и 100 на ден.Она што е важно за нас и за граѓаните и за бизнесот е дека ние имаме доволни количини на дизел горива и на останати нафта и нафтени производи, и во цевководот, којшто го пуштивме на почетокот на годината, којшто ја поврзува рафинерија Окта со Солунското пристаниште, но и во државните резерви. Немаме до сега најава за било какви попречувања во делот на снабдувањето, не планираме да воведеме ограничувања, на тој начин ги помагаме и нашите соседи, бидејќи некои аеродроми од соседството добиваат керозин од кај нас, така што и тука не планираме да воведеме ограничувања за износ.Голем дел од граѓаните на соседните држави се снабдуваат со бензин и дизел од нашите бензински станици, одредени бензински станици по три-четири пати ја имаат зголемено потрошувачката, така што отприлика сега за сега и покрај историски најголемиот обем на криза, ние како влада прилично стабилно се справуваме“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 3 дена

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Горивото во Германија ги урна сите рекорди

Дизел горивото во неделата достигна рекордна цена во Германија, со просек од 2,440 евра по литар, што е зголемување од 1,5 центи во однос на претходниот ден, според податоците на ADAC.Бензинот Е10 поскапе за 0,7 центи и достигна просечна цена од 2,191 евро по литар, наведува DPA.Како одговор на растот на цените на нафтата поради војната на Блискиот Исток, германската влада минатата недела усвои закон со кој се ограничува зголемувањето на цените на бензинските пумпи на еднаш дневно, на пладне, со цел да се намалат флуктуациите и да се обезбеди поголема транспарентност. Мерката стапи на сила во среда, на 1 април.Пред една недела, на 30 март, Германците плаќале во просек 2,295 евра за литар дизел и 2,087 евра за литар бензин Е10.Во понеделник напладне дојде до дополнително поскапување – дизелот порасна за 6,6 центи и достигна 2,487 евра по литар, додека Е10 исто така се зголеми за 6,6 центи на 2,235 евра. Од ADAC оценуваат дека зголемувањата се претерани.Цените на суровата нафта продолжуваат да растат. Нафтата Брент за испорака во јуни достигна цена од 111 долари за барел, што е речиси 40 долари повеќе од почетокот на војната.

Свет | пред 5 дена

benzine

РКЕ ги објави новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати во која се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот) и намалените износи на акцизите за дизелските фракции од 4 ден/лит и од 2 ден/лит за бензинските фракции.Од 7.4.2026 година од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 83,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 85,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 95,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 51,311 (денари/килограм)Со денешната одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,41% во однос на одлуката од 30.3.2026 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,084%, кај дизелот за 10,137%, кај екстра лесното масло за 11,369% и кај мазутот зголемувањето е за 2,002%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,2756%.РКЕ им укажува на нафтените компании да продолжат со постојната пракса и да го вкалкулираат обезбедениот попуст од страна на Владата со главниот добавувач ОКТА и да ги намалат малопродажните цени за 3 ден/лит за дизел и 2 ден/лит за бензините, со што ќе овозможат бенефитот од ова намалување директно да го почувствуваат граѓаните.Доколку не се продолжеше времетраењето на намаленото ДДВ и не се интервенираше во акцизата, цената на бензините ќе беше повисока за 8,50 ден/лит, а дизелот за 12,00 ден/лит во однос на денешната одлука, односно максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваа:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 92,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 94,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 110,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 107,00 (денари/литар)

Македонија | пред 6 дена

296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Бензинот поефтин за два денари по литар, дизелот останува со иста цена

Од денес на полноќ ќе стапат во сила новите владини мерки за намалување на цените на горивата, со кои дизелот ќе се продава по непроменета цена, додека бензините ќе поевтинат за два денара по литар.Владин став е намалување на акцизата за дизелот за четири денари, а за бензините за два денари. Паралелно, продолжува и мерката за намалена стапка на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, додека со компанијата ОКТА е договорено да продолжи и дополнителниот попуст – два денари кај бензините и три денари кај дизелот, најмалку до крајот на април.Во случај кризата да продолжи, Владата размислува за дополнителни интервенции, меѓу кои и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи од 5 на нула отсто, како и повторно активирање на мерката за замрзнување на маржите.

Македонија | пред 6 дена

benzine

Најскапо гориво во светот – еве каде возачите плаќаат најмногу

Ако ви се чини дека плаќањето четири долари за бензин е скапо, доволно е да се погледне овој меѓународен финансиски центар кој во моментов има највисоки цени на гориво во светот, пишува CNN.Додека просечните цени на бензин во САД достигнаа највисоко ниво од 2022 година, жителите на Хонг Конг се соочуваат со најскапото гориво во светот, околу 15,6 долари по галон (приближно 4,12 долари по литар).Пред претседателот на САД, Доналд Трамп, да започне конфликт со Иран, овој полуавтономен кинески град веќе имал највисоки цени на бензин во светот, според податоците на GlobalPetrolPrices.com.Конфликтот во кој се вмешани земјите од Персискиот залив, како и практичното затворање на клучната морска рута за нафта и гас во Ормускиот теснец, доведоа до нагло зголемување на цените на нафтата ширум светот во последниот месец.Ова особено ги погодува Хонг Конг и други азиски економии кои во голема мера зависат од енергетски извори од Блискиот Исток, транспортирани низ овој теснец.Иако сопствениците на приватни автомобили сочинуваат само околу 8,4% од 7,5 милиони жители на градот, економистите предупредуваат дека високите цени на гориво можат да поттикнат инфлација и да ги зголемат трошоците за логистика, што ќе се одрази и на други сектори.Градскиот лидер Џон Ли изразил загриженост за растот на цените на нафтата уште минатиот месец и ветил дека ќе ги следи ценовните движења. За сега снабдувањето со енергија е стабилно, бидејќи Хонг Конг околу 80% од нафтените деривати набавува од континентална Кина, соопшти владата.„Благодарение на силната поддршка од матичната земја, Хонг Конг успеа да одржи стабилно снабдување со енергија и покрај недостигот во многу делови од светот“, стои во соопштението на властите.Последниве денови локалните медиуми јавуваат дека сè поголем број возачи патуваат во континентална Кина за да наточат гориво, каде цените можат да бидат и три пати пониски отколку во Хонг Конг. Дури и со попусти, полнењето на резервоарот во Хонг Конг за Џејсон Кан, независен консултант, сега е за 15% поскапо отколку пред конфликтот.„Зголемувањето од 15% сигурно има големо влијание, бидејќи цените на гориво во Хонг Конг сочинуваат значаен дел од приходот на просечниот жител, особено во споредба со Тајван и Јапонија“, рече тој.Тој додава дека високите цени дополнително ги поттикнуваат жителите да патуваат во градовите во континентална Кина, како соседниот Шенжен, каде трошоците за живот, вклучувајќи храна и ресторани, се значително пониски.„Тоа може значително да ја оптерети економијата на Хонг Конг“, предупреди тој.Слично мислење има и Лиу, доставувач на храна, кој истакнува дека високите цени го направиле неговиот бизнис помалку исплатлив.„Цената на гориво за достава на оброци порасна, но заработката не“, рече тој.

Свет | пред 1 седмица

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Енергетска криза: Дизелот во Германија 2,5 евра, војната ги крева цените на нафтата ширум светот

Воените случувања и натаму силно влијаат врз цените на нафтата на светскиот пазар, каде барелот Брент затвори на 112 долари.Дополнителна загриженост предизвикува цената на дизелот на медитеранскиот пазар, од кој се снабдува и Хрватска, а која вчера достигна историски рекорд. Во Германија, потрошувачите, и покрај владините мерки, се соочуваат со цена на дизел од речиси 2,5 евра за литар, а наскоро се очекува нова корекција на цените и во Хрватска, пренесува HRT.Германската влада воведе мерки кои стапија на сила пред два дена, но потрошувачите и натаму се соочуваат со рекордни цени на горивата. Ограничувањето на едно поскапување дневно не го запре растот на цените, што предизвикува незадоволство кај јавноста.„Мислам дека работите овде во Германија отидоа предалеку. Во други европски земји не е толку екстремно“, изјави жителка по име Леони.Растечките цени на енергијата дополнително ја оптоваруваат германската економија. Економисти предупредуваат на неизвесни прогнози, зависни од текот на конфликтот.Новиот бран поскапувања веќе ја поттикнува инфлацијата, која е на високо ниво во еврозоната, додека цените на храната растат глобално.Хрватска не е исклучок од овие трендови, но владата најави дека ќе интервенира за контрола на цените на горивата, доколку тоа е во интерес на националната безбедност.

Свет | пред 1 седмица

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

(Видео) Можно поевтинување на бензините, дизелот може да поскапи или да остане со иста цена од понеделник, вели Мицкоски

Можно е ново намалување на цената на бензините, додека дизелот би можел да поскапи или да остане со иста цена, најави премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на одлуката од Регулаторна, посочувајќи дека одлуките ќе зависат од двонеделниот тренд на пазарот.„Очекуваме во понеделник да имаме околу 2 денари намалување на цената за бензините со 85 и 98 октани, имајќи го в предвид просекот од понеделник до петокот. А иста цена или зголемување за 1,5 денари на дизелот. Ќе ја следиме следнава недела, па по завршување на двете недели, ќе видиме дали ќе продолжи мерката со намалено ДДВ или ќе има промени со акцизата“, изјави Мицкоски.Тој нагласи дека состојбата на пазарот на горива останува стабилна, без намалување на побарувачката.„Немаме намалување на продажбата. Не можам да кажам дали македонските граѓани ја намалија употребата на возилата, бидејќи голем број на граѓани од соседството точат горива кај нас. Стабилни сме, нема потреба од рестрикции, забрани“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryig820frhaha51c6tJwb

Русија воведува забрана за извоз на бензин од 1 април

Русија од 1 април ќе воведе забрана за извоз на бензин за сите учесници на пазарот, вклучително и за производителите, со цел да го заштити домашното снабдување во услови на глобална енергетска криза.Одлуката, според добро информирани извори, била донесена на состанок што го одржал потпретседателот на руската влада, Александар Новак, со раководствата на нафтените компании.Иако точниот рок на траење не бил официјално утврден, еден од изворите посочува дека забраната би можела да важи до три месеци.Во моментот, евентуална забрана за извоз на дизел гориво не е разгледувана.Претходно, руските власти веќе размислувале за повторно воведување на ваква мерка, додека актуелната забрана за извоз на бензин и дизел важи до 31 јули, но само за оние што не се производители.Новак претходно изјави дека Русија мора да преземе итни чекори за да обезбеди доволно гориво за домашниот пазар, нагласувајќи дека стабилноста на снабдувањето е приоритет во услови на глобални енергетски предизвици.

Свет | пред 2 седмици

benziska-guzva-goriva

Ако продолжи растот на цените на горивата, ќе се намалат акцизите и трошоците за транспорт

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата внимателно ја следи состојбата со цените на горивата на светските берзи и дека веќе се преземени мерки за нивно намалување, додека во наредниот период се можни и дополнителни интервенции доколку трендот на раст продолжи.„Треба да се затвори денеска тргувањето, така да во втората половина на денот ќе имаме повеќе информации, затоа што пресметките се прават врз основа на тргувањето од понеделник до петок. Инаку ние имаме мерка за следните две недели, а тоа е, како ниту една држава во Европа директно од буџетот намалување на ДДВ-то од 18% на 10%, така што ќе ја следиме и понатаму состојбата и врз основа на тоа во периодот којшто следи ќе интервенираме.Следна мерка доколку продолжи растот на цените на берзите ќе биде намалување на акцизите и намалување на маржата, односно цената на складиштење, транспортните рошоци“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

media-library4cmtbdt4uf1h3bofpOz

Дизелот во Германија близу историски рекорд

Цената на дизелот во Германија пораснала за повеќе од 12 центи за два дена поради војната на Блискиот Исток, според податоците на автомобилското здружение ADAC.Во петок, просечната дневна цена на литар дизел на ниво на целата земја изнесувала 2,291 евра, што е само 3 центи помалку од рекордната вредност забележана пред четири години, по почетокот на војната во Украина.Цената на премиум бензинот E10 исто така продолжила да расте, достигнувајќи 2,086 евра за литар, што е за 4,2 центи повеќе отколку во среда.Според ADAC, во петок литар дизел бил поскап за 54,5 центи во споредба со денот пред почетокот на војната од страна на САД и Израел против Иран, додека литар бензин бил поскап за 30,8 центи.Растот на цените е предизвикан од повисоките цени на сурова нафта поврзани со војната, иако имало и критики кон нафтените компании за непропорционално покачување на цените во однос на трошоците за нафта.Првите цени во сабота покажале благи понатамошни зголемувања на дизелот и релативно стабилни цени на бензинот E10, но последната нестабилност ги прави краткорочните прогнози многу неизвесни.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Србија стабилно снабдена со горива, проблем со дизелот во Словенија

Според извештаите и објавите на социјалните мрежи, Словенија се соочува со недостиг на дизел, при што на многу пумпи горивото е речиси целосно недостапно, додека бензинот е достапен.Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека во Србија има доволно гориво и дека редовното снабдување не е доведено во прашање. Од државните резерви ќе бидат издвоени 40.000 тони нафта со цел намалување на ударот врз буџетот и финансиските текови.Вучиќ нагласи дека државата располага со големи резерви и е подготвена да ја „хеџира“ цената на нафтата, со цел да ги мотивира нафтените компании и помалите пумпи во селата да обезбедат гориво. Според него, во моментот има доволно дизел и бензин за нормално снабдување на пазарот.

Свет | пред 3 седмици

benzine

Недостиг на гориво во Словенија – воведени ограничувања на бензинските

На бензинските станици на компаниите MOL и Shell во Словенија е воведено ограничување за купување гориво на 30 литри за автомобили, односно 200 литри за камиони.„Драги пријатели, со цел обезбедување рамномерно снабдување на пазарот со гориво, ве информираме дека точењето гориво е ограничено на 30 литри по купувач“, се наведува во соопштението на MOL, пренесуваат словенечките медиуми.Од компанијата наведуваат дека итната мерка за ограничување на испораката има за цел да обезбеди еднаков третман за сите купувачи, да спречи недостиг и да гарантира сигурност во снабдувањето.Исто така, компанијата Shell одлучила привремено да ја ограничи испораката на гориво, па на нивните бензински станици е воведено ограничување до 100 литри.Засега, како што пренесуваат словенечките медиуми, само пазарниот лидер Petrol се откажал од ваквата мерка.

Свет | пред 3 седмици

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Бензините и дизелот поскапуваат за 7 денари по литар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека со нејзините Одлуки се регулираат максималните цени на нафтените деривати и трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Денешната одлука за максималните цени на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени на нафтените производи, како и континуираниот раст на доларот во однос на денарот во изминатиот петдневен период.Од 17.3.2026 година од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 89,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 47,453 (денари/килограм)Истовремено РКЕ им укажува на нафтените компании да ги намалат малопродажните цени за 2 денари по литар, согласно договорениот попуст од страна на Владата со главниот добавувач ОКТА, со што ќе овозможат бенефитот од ова намалување директно да го почувствуваат граѓаните.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 16,964%, кај дизелот за 11,714%, кај екстра лесното масло за 13,059% и кај мазутот зголемувањето е за 14,591%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,8453%.Максималните малопродажни цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 7,00 ден/лит.Максималната малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 ден/лит.Максималната малопродажна цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 4,867 ден/кг и сега ќе изнесува 47,453 ден/кг.Со оваа одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,98% во однос на одлуката од 9.3.2026 година, цените на нафтените деривати остануваат најниски во регионот и Европа.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Бензинот во САД поскапе за 24% од почетокот на војната со Иран

Просечната цена на бензинот во Соединетите Американски Држави достигна 3,70 долари за галон, што претставува раст од речиси 24 проценти од почетокот на војната со Иран на 28 февруари, покажуваат податоците на Американска автомобилска асоцијација.Според пресметките, оваа цена изнесува приближно 0,90 евра за литар гориво.Во меѓувреме, цените на нафтата на светските пазари се движат околу 100 долари за барел поради растечките тензии на Блискиот Исток.Фјучерсите за Брент нафта во петокот пораснале за 2,67 проценти и достигнале 103,14 долари за барел, додека американската сурова нафта поскапела за 3,11 проценти и затворила на 98,71 долар за барел.Дополнителен притисок врз цените создава и ситуацијата во Ормускиот теснец, низ кој во нормални услови поминува околу 20 проценти од светската трговија со нафта, а кој практично е блокиран од почетокот на конфликтот.

Свет | пред 4 седмици

benzine

Србија ја намали акцизата на горивата за 20 отсто

Владата на Србија донесе одлука привремено да го намали износот на акцизата за нафтените деривати за 20 проценти, а одлуката ќе се применува од денес до 15 април, соопштија од Министерството за финансии.Министерството изјави дека на крајот на февруари цената на нафтата од типот Брент за барел на светскиот пазар била 70,58 долари, а денес е 97,6 долари за барел, што е зголемување од 38,2 проценти за само две недели.Како што додаваат, поради порастот на цената на суровата нафта на светскиот пазар, државата го презема товарот и ги намалува износите на акцизите за оловниот бензин, безоловниот бензин, односно бензинот и гасните масла или дизелот.Одлуката за намалување на акцизите е донесена на вчерашната седница на Владата на Србија.Бидејќи акцизите ќе бидат намалени за 20 проценти, акцизата за дизелот, која сега изнесува 74,04 динари по литар, ќе биде намалена на 59,23 динари по литар, што е намалување од 14,81 динари по литар.Акцизата за бензин, која сега изнесува 72 динари, ќе се намали на 57,6 динари по литар, односно за 14,4 динари по литар.

Свет | пред 4 седмици

benziska-guzva-goriva1

ДУИ бара активирање на резервите и намалување на давачките за нафтените деривати

Состојбата со снабдувањето и цените на нафтените деривати уште еднаш го покажа целосниот неуспех на владата да управува и да ги ублажи последиците од една криза која беше најавувана со недели. Ова не е изолиран случај. Ова е дел од низа неуспеси во начинот на кој оваа влада се справува со секоја кризна ситуација: многу пропаганда, многу прес-конференции за обвинување на други, а речиси никакви конкретни мерки за заштита на граѓаните, велат од ДУИ.„Од полноќ синоќа цената на дериватите е зголемена за 15 денари по литар, што претставува нов удар врз семејните буџети и врз бизнисите, особено во услови кога животниот стандард на граѓаните веќе е под силен притисок.Развојот на настаните на меѓународните пазари и геополитичките тензии што влијаат врз цените на енергенсите не дојдоа ненадејно. Овие случувања беа најавувани со недели. Владата имаше доволно време да планира и да преземе превентивни мерки. Сепак, денес граѓаните се соочуваат со недостиг, неизвесност и раст на цените, додека институциите кои треба да реагираат остануваат пасивни.Граѓаните на оваа држава не можат да бидат оставени на милост и немилост на случувањата што се одвиваат илјадници километри од нашата земја. Обврска на владата е да ги предвиди ризиците и да го заштити животниот стандард на граѓаните и стабилноста на економијата.Како Демократска унија за интеграција, предлагаме итно да се преземат мерки преку Собранието и надлежните институции:1. Упатуваме повик до Регулаторната комисија за енергетика уште од денес да преземе мерки и да ја преиспита вчерашната одлука.2. Имајќи ги предвид изјавите на надлежните институции дека државата располага со резерви на нафта за околу 62 дена, овие резерви треба веднаш да се пуштат во промет со максимална цена од 71 денар по литар. Треба да се нагласи дека овие количини се набавени по уште пониски цени.3. Владата треба веднаш да ја разгледа можноста за намалување на фискалните давачки за нафтените деривати, вклучително и акцизите и другите давачки, со цел стабилизирање на цените и заштита на стандардот на граѓаните.4. Истовремено, инспекциските служби треба веднаш да утврдат колкави количини нафта имале бензинските пумпи пред понеделник во 00:00 часот и за тие количини да се воведе замрзнување на цените, бидејќи се увезени по пониски цени.5. За операторите кои за време на викендот и во понеделник не точеле гориво на граѓаните, треба да следуваат соодветни мерки и санкции согласно законот.Како држава не можеме да дозволиме некои да профитираат на грбот на граѓаните и на нашите производители. Во ваква ситуација е потребна итна реакција и сериозно управување со кризата.Демократската унија за интеграција останува подготвена да поддржи секоја одлука што има за цел стабилизирање на пазарот и заштита на интересите на граѓаните и економијата на државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryh2ad4tnfqttidy79UxG

Мицкоски: Македонија има најниска цена на дизел во регионот, очекуваме притисок, но имаме доволно количини

Премиерот Христијан Мицкоски, денес изјави дека македонските граѓани и економијата се обезбедени со доволно количини на нафта и нафтени деривати, и покрај притисокот од поскапувањето на горивата во соседните земји. Тој посочи дека цената на дизелот и бензинот во земјава останува меѓу најниските во регионот„ДПИ е континуиран на терен, нема прекини во снабдувањето. Но ако се има предвид, ако е кај нас, после нивелирањето на цената вчера од страна на регулаторна комисија за енергетика, дизел горивото литар 1,39 евро центи, да речеме во соседна Албанија е 1,79 евро центи литар, односно околу триесетина проценти поскапо е. И логично е да имаме притисок во западниот дел од државата. Исто така, во Србија е, да речеме, 1,73 евро центи, што е отприлика некаде околу 25% поскапо од тоа што е во Македонија. Во Косово варира цената, но достигнува до 1,52-53 евро центи, што е некаде околу 15%. Во Грција е 1,59 евро центи, односно кошта отприлика 10%, а во Грција е 15%. Во Бугарија е 1,41. Така што, граѓаните во Македонија имаат најниска цена за дизел горивото, а слична е цената и со бензинот, 95-октани, 98-октани. Очекуваме притисок во периодов којшто следи, но имаме доволно количини. Разговараме со дистрибутерите и со компаниите коишто ги снабдуваат граѓаните и македонската економија со нафта и нафтени деривати. Во моментот нема опасности од било какви, било каков недостаток. Така што, ние како влада продолжуваме да ја следиме состојбата.Можеби, условно кажано, добра вест е што утринава од она што можев да го видам, и брендот и останатите продукти на светските берзи се во опаѓање. Ако вчера го достигнаа пикот од 120 долари за барел, денеска веќе се тргуваат за некаде 90-тина долари за барел. Така што, ја следиме целата состојба. Многу внимателно и, во зависност од развојот на настаните, така и ќе реагираме“, вели Мицкоски.Тој додаде дека утре има состанок со ланците супермаркети и хипермаркети„Сакам и со нив да поразговарам, да не се користи сега овој притисок да веднаш се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните, за да не мораме ние како влада да преземаме друг тип на, би рекол, офанзивни мерки. Комисијата за заштита на конкуренцијата и државниот пазарен инспекторат ќе го следат однесувањето на трговците. На производи на мало и на големо, и врз основа на нивното однесување, така и владата ќе се однесува. Така што, очекуваме тие да имаат фер, однос кон граѓаните, за да и ние како влада бидеме фер кон нив, односно заеднички во овие моменти да го заштитиме стандардот на граѓаните, бидејќи тоа претставува наша цел и приоритет во моментов“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

benzine

Војната не може да се користи како изговор за злоупотреби и зголемување на цените на горивата, вели францускиот премиер

Војната на Блискиот Исток не може да се користи како изговор за злоупотреби и зголемување на цените на горивата, изјави францускиот премиер Себастијан Лекорни.Лекорни во објава на Твитер (X) најави „вонреден план со 500 проверки“ на бензинските станици меѓу понеделник и среда, со цел да се спречат злоупотреби и зголемување на цените на горивото на пумпите, пренесува „Фигаро“.Во следните три дена ќе бидат спроведени онолку проверки колку што вообичаено се вршат во период од шест месеци.Владата во петокот соопшти дека SP95-E10, најчесто користениот бензин во Франција, поскапел за 10 центи во споредба со претходната недела, пред почетокот на војната на Блискиот Исток.Тоа значи дека цената за полнење резервоар од 50 литри во мал автомобил се зголемила за околу пет евра. Зголемувањето на цената на дизелот е уште поизразено: во петокот се продавал во просек по 1,98 евра за литар, во споредба со околу 1,72 евра на 27 февруари, што претставува зголемување од 26 центи, односно 15 проценти.Неколку политички партии, меѓу кои Националниот собир и Непокорна Франција, изразија загриженост во последните денови поради растот на цените.Марин Ле Пен, лидерка на парламентарната група на Националниот собир, во средата предложи намалување на данокот на горивата за да се надомести поскапувањето. Нејзината партија веќе неколку години повикува на намалување на ДДВ за горива, мазут и гас од 20 на 5,5 проценти.Претседателот на Националниот собир, Џордан Бардела, исто така во понеделникот повика на намалување на ДДВ и акцизите на нафтените деривати „во случај на нагло зголемување на цените“.Претседателот на Финансискиот одбор на Народното собрание, Ерик Кокерел од Непокорна Франција, ја повика владата да „разгледа замрзнување на цените на бензинот“ и, „доколку ситуацијата потрае“, да направи „прилагодување“ на акцизите.Од друга страна, министерката за енергетика Мод Брежон оцени дека е незамисливо да се намалат ДДВ и TICPE (домашниот данок на нафтени деривати), бидејќи тоа би создало буџетски дефицит од речиси 20 милијарди евра.

Свет | пред 1 месец

media-library8akocfeba3pd9BLOBF1

(Видео) Првите ефекти од ценовниот шок на бензинските

Долги колони од автомобили се забележуваат пред повеќе бензински станици во Скопје, откако граѓаните брзаат да наполнат гориво пред стапувањето на сила на новите, повисоки цени.Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 14,27 проценти во однос на претходната одлука од 2 март 2026 година. Новите цени ќе почнат да важат од полноќ, односно од 10 март во 00:01 часот.Според одлуката, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 79,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 81,50 денари за литар. Најголемо поскапување има кај дизелот, при што ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе чини 85,50 денари за литар, што е зголемување од 14,50 денари.Екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 ќе се продава по 82,50 денари за литар, односно поскапува за 12,50 денари, додека цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 7,044 денари и ќе изнесува 42,586 денари за килограм.Цената на нафтата на светските пазари бележи раст поради тензиите на Блискиот Исток.

Македонија | пред 1 месец

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Шок на бензинските: Дизелот поскапува за 14,5 денари, РКЕ ги објави новите цени

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 14,27 проценти во однос на одлуката од 2 март 2026 година.Од 10 март 2026 година од 00:01 часот ќе важат нови максимални цени на горивата.ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 79,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 81,50 денари за литар.Најголем скок има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава по 85,50 денари за литар, што претставува зголемување од 14,50 денари.Екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 ќе чини 82,50 денари за литар, односно поскапува за 12,50 денари.Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 7,044 денари и ќе изнесува 42,586 денари за килограм.Од Регулаторната комисија посочуваат дека поскапувањето е резултат на значителниот раст на референтните цени на светскиот пазар. Според пресметките, бензините бележат раст од 13,384 проценти, дизелот 36,134 проценти, екстра лесното масло 32,102 проценти, а мазутот 27,870 проценти.Дополнително влијание врз цените имал и курсот на денарот во однос на доларот, кој е повисок за 0,9444 проценти.Од РКЕ појаснуваат дека станува збор за максимални цени, а трговците можат да ги формираат и пониско од утврденото ниво.

Македонија | пред 1 месец

media-library5198q57to57s52aHY9C

Има поплаки од возачи дека на некои бензински не се точи дизел или има ограничување, но институциите уверуваат дека гориво има

Дел од граѓаните се жалат дека и вечерва на одредени бензински пумпи не можат да наточат дизел во возилата, иако засега нема официјална потврда за вакво ограничување од инспекциските служби.И покрај уверувањата од Владата дека нема проблем со снабдувањето со нафтени деривати, граѓани посочуваат дека на некои бензински пумпи одбиваат да им наполнат резервоари, додека на други, според неофицијални информации, има ограничување на количината што може да се наточи.„Многу бензински не точат дизел. На бензинската кај Лептокарија не полнат, а на излез од Скопје точат, но има голема гужва. Мислам дека намерно се прави тоа за од понеделник или вторник народот да точи по повисоки цени“, наведува читателка.Премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претставници на нафтената индустрија порача дека нема простор за загриженост.„Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат. Состојбата е под контрола“, напиша Мицкоски.Во меѓувреме, цената на нафтата на светските пазари бележи раст поради тензиите на Блискиот Исток, што дополнително ги зголемува стравувањата кај граѓаните од евентуално поскапување на горивата.

Македонија | пред 1 месец

benzinska-benzin-nafta-12

Цените на дизелот и екстра лесното масло пораснаа за 2 денари, бензините остануваат исти

Од ноќеска на полноќ, цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за два денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).Од 28.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Македонија | пред 1 месец

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Од полноќ поевтинуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати во просек за околу 2 проценти.Според најновата одлука на РКЕ, цената на Еуросупер БС-95 се намалува за 1,5 денар и од утре ќе изнесува 74 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе чини 76 денари за литар. Цената на дизел горивото (Еуродизел Д-Е V) се намалува за 1 денар, па граѓаните ќе плаќаат 68,50 денари по литар.Поевтинување има и кај екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое ќе чини 68 денари за литар, како и кај мазутот, чија нова цена е 36,66 денари по килограм.Од Регулаторната комисија нагласуваат дека овие цени се максимални, а трговците можат да ги формираат и пониско од утврдените.

Македонија | пред 6 месеци

benzine

(Видео) Москва со итни мерки: увоз од Кина за да се ублажи недостигот на гориво

Енергетската криза во Русија доби нова димензија поради украинските напади врз рафинериите. Недостигот на гориво ја принуди Москва да започне увоз од Кина и други азиски земји, со што првпат по долго време земјата се откажува од целосна енергетска самостојност.Според пишувањето на „Комерсант“, пакетот мерки предвидува укинување на царините за увоз преку источните пунктови и директна компензација од буџетот за да се покрие ценовната разлика. Три компании – Роснефт, АД ННК и ВО Промсириеимпорт – ќе бидат задолжени за транспорт на гориво, со план да испорачуваат 150.000 тони месечно.Властите, свесни за сериозноста на кризата, разгледуваат и непопуларни решенија: враќање на забранетиот адитив MMA, зголемување на дозволената количина на ароматични јаглеводороди и дозвола за продажба на горива со алкохолна примеса. Со ова би се надоместиле дополнителни 350.000 тони бензин и 100.000 тони дизел.Но, според официјалното писмо на вицепремиерот Александар Новак до премиерот Михаил Мишустин, ситуацијата е алармантна. Во септември, 38% од капацитетот на руските рафинерии биле надвор од функција, при што 70% од застојот е резултат на украински напади со беспилотни летала.Недостигот веќе ја погоди продажбата на бензин, која е ограничена на 30 литри по купувач во повеќе региони, од Сахалин до Крим. Украина, пак, продолжува со интензивни напади, а последниот пример е пожарот во рафинеријата Ново-Јарослав. Гувернерот Михаил Јевраев изјави дека „пожарот е од техничка природа“ и не е поврзан со напад.

Свет | пред 6 месеци

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Бензинот поевтинува, дизелот без промена - мали корекции кај цените на горивата

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 се намалуваат за половина денар по литар, додека цената на дизелот и екстра лесното масло останува непроменета. Намалување има и кај мазутот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Според новата одлука, што стапува на сила од 22 јули 2025 година, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,42% во однос на претходната одлука.Новите максимални цени ќе изнесуваат:ЕУРОСУПЕР БС-95 – 75,00 денари/литарЕУРОСУПЕР БС-98 – 77,00 денари/литарЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 71,50 денари/литарЕкстра лесно масло (ЕЛ-1) – 71,00 денари/литарМазут М-1 НС – 40,158 денари/килограмЦената на мазутот е намалена за 0,314 денари по килограм, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство не претрпеа промени.РКЕ појаснува дека трговците можат да ги формираат цените и под утврдените максимуми, доколку имаат простор за тоа.Промените се резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсната разлика на денарот во однос на доларот.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања