Промени тема
Контакт

ГЕРМАНИЈА

Screenshot-2025-01-16-at-15.23.07

Германскиот министер: Планот на Трамп за Газа е единствена шанса што не смее да се пропушти

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Појасот Газа претставува единствена можност за завршување на војната и дека не смее да се остави неискористена.„Американскиот план за Газа нуди единствена можност за крај на овој ужасен воен судир. Тој им дава надеж на стотици илјади луѓе во Газа кои страдаат од бруталниот конфликт и незамисливите хуманитарни тешкотии. Конечно, носи надеж и за Израелците и

Свет | пред 11 месец

nato-mrezi

НАТО со порака до Москва: „Никој нема да остане сам“

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека ниту една држава-членка на НАТО нема да биде оставена сама да се соочува со, како што ги нарече, руските провокации во форма на бран хибридни напади.„Русија сака да ја тестира нашата решителност и да предизвика немири. Тоа е опасно и мора да добие јасен и единствен одговор“, рече Вадефул на прес-конференција во Варшава, каде настапи заедно со полскиот министер Радослав Сикорски и францускиот колега Жан-Ноел Баро, пренесе „Ројтер

Свет | пред 11 месец

germanija-zname

Можно шпионирање и саботажа: Дронови над Шлезвиг-Холштајн

Министерството за внатрешни работи на германската покраина Шлезвиг-Холштајн соопшти дека во текот на ноќта се забележани дронови и се истражува нивната можно шпионирање и саботажа.Поради неодамнешните инциденти во Данска и други европски земји, Шлезвиг-Холштајн е во блиска и континуирана соработка со федералната влада и германските вооружени сили, изјави министерката за внатрешни работи на покраината, Сабине Цетерлин-Вак.Во последните недели, руски дронови биле забележани над Полска, каде повеќе

Свет | пред 11 месец

media-library0rd15k8600t163h0DsY

Гигантот Bosch укинува илјадници работни места за да заштеди 2,5 милијарди евра

Германскиот индустриски гигант Bosch планира да отпушти околу 13.000 работници, главно во Германија, откако минатата година веќе укина повеќе од 10.000 работни места.Најпогодени ќе бидат погоните поврзани со автомобилската индустрија, а откази ќе има и во седиштето на концернот. Од Bosch појаснија дека станува збор за „неопходни чекори“ со кои годишно треба да се заштедат 2,5 милијарди евра.Како главни причини се наведуваат кризата во германската автомобилската индустрија и потребата од заштеда

Свет | пред 11 месец

ukraina-kiev-1

Германскиот шеф на дипломатија: Европа мора да „порасне“ и посилно да ја поддржи Украина

Европа мора да преземе поголема одговорност и да ја зајакне својата поддршка за Украина, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, коментирајќи ја најновата изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дека Киев може да си ја врати целата окупирана територија.Во интервју за радиото „Дојчландфунк“, Вадефул рече дека Трамп сфатил оти неговите напори не го убедиле рускиот претседател Владимир Путин да го запре војувањето.„Европејците повеќепати рекоа дека мора да ‘пораснем

Свет | пред 11 месец

kineski-voeni-avioni-6

Германија: Пресретнат руски воен авион Ил-20 близу воздушниот простор на НАТО

Германската делегација при НАТО соопшти дека денеска пресретнале руски воен авион Ил-20 кој летал во близина на воздушниот простор на Алијансата без летен план и без активиран транспондер.Како одговор, германски ловец „Eurofighter“ полетал од воената база Лааге за да го следи леталото и да обезбеди контрола на ситуацијата.Овој инцидент се случува само неколку часа по нарушувањето на естонскиот воздушен простор од три руски МиГ-31 авиони, што дополнително ги зголемува тензиите меѓу НАТО и Русија.

Свет | пред 11 месец

putin-vojna

Москва остро до Западот: Секој војник во Украина е цел за уништување

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека доколку западни воени сили бидат распоредени во Украина, тие ќе се сметаат за легитимни цели на руските напади.„Ако се појават некакви трупи таму, особено сега за време на воените операции, ние тргнуваме од тоа дека тие ќе бидат легитимни цели за уништување,“ рече Путин на економскиот форум во Владивосток.„А доколку се донесат одлуки што водат кон мир, долгорочен мир, тогаш едноставно не гледам никаква смисла во нивното присуство на украинска терито

Свет | пред 1 година

crtez

Алексеј заврши во руски затвор поради антивоен цртеж на ќерка му, Германија му ја одби визата

Алексеј Москалјев и неговата ќерка Маша, кои избегаа од Русија откако тој беше затворен поради нејзиниот антивоен цртеж, се соочуваат со нова неизвесност. Германија, земјата каде што се надеваа дека ќе најдат безбедно засолниште, го отфрли нивното барање за хуманитарна виза, суспендирајќи ја програмата за руски дисиденти. Нивната судбина, како и онаа на стотици други противници на режимот на Путин, сега е под знак прашалник, објавува Euronews.Приказната започна со цртеж од тогашната шестоодделен

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-08-15-at-22.11.22

По самитот во Анкоридж – Берлин воздржан, дипломати со критики: „Очигледно 1:0 за Путин“

Германската влада зазеде претпазлив пристап по самитот на Алјаска меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, пренесе dpa.Според извори во Берлин, канцеларот Фридрих Мерц бил постојано информиран за случувањата во Анкоридж, а неговиот тим одржувал активна комуникација со меѓународните сојузници. Трамп изјави дека ќе ги извести европските партнери за исходот од разговорите, но не прецизира кога.Иако темата Украина беше во фокусот на очекувањата, двајцата лидери спо

Свет | пред 1 година

avion-krilo

Рајанер и Изиџет се повлекуваат од Германија – помалку летови и повисоки цени за патниците

Ерата на евтините авионски билети во Германија се приближува кон крајот. Двете најголеми европски нискобуџетни авиокомпании, Ryanair и Easyjet, значително го намалуваат своето присуство на германскиот пазар, повлекувајќи дел од флотата и укинувајќи повеќе линии.Како главна причина ја наведуваат високата цена на аеродромските и државните такси, поради кои Германија станала непрофитабилна дестинација за нив. Според нив, овој чекор ќе ја намали конкуренцијата, ќе ги зголеми трошоците за патниците и

Свет | пред 1 година

voz-Germanija

(ФОТО)Трагедија во Германија, во во железничка несреќа загинаа тројца, 50-тина се повредени

Германската полиција од Улм соопшти дека постои сомневање дека свлечиште предизвикано од силното невреме може да е причината за тешката железничка несреќа што се случи синоќа во близина на Ридлинген, во сојузната покраина Баден-Виртемберг.Во трагичниот инцидент животот го загубија три лица, а околу 50 се повредени, од кои 25 се здобиле со тешки повреди, информираа германските власти.Меѓу загинатите се и машиновозачот, како и уште еден член на персоналот на државниот железнички оператор Дојче Бан

Свет | пред 1 година

UNI-Leipzig

Шеријатот полека се воведува на германските универзитети, експертите предуваат на нов сериозен проблем

Германските универзитети сè повеќе пријавуваат активности на сомнителни студентски исламски групи кои ги користат универзитетските простори и ресурси за активности водени од шеријатските правила, вклучувајќи строга родова сегрегација и гостувања на салафистички говорници.Најпознатиот случај доаѓа од светски познатата берлинска клиника „Шарите“, каде што на исламистичката студентска група „МедИслам Колектив“ ѝ беше забрането да одржува какви било активности на кампусот. Причината е што предавањат

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-07-19-at-09.40.22

(Видео) Инцидент со огномет во Дизелдорф: Повредени најмалку 19 лица, меѓу нив и дете

Најмалку 19 лица се повредени во несреќа со огномет што се случила во петокот навечер за време на саем во германскиот град Дизелдорф.Меѓу повредените има и најмалку едно дете.На местото на настанот интервенирале околу 80 пожарникари и спасувачи. Според досегашните информации, еден од огнометите експлодирал на прениска висина од засега непознати причини.Полицијата ја истражува причината за инцидентот, но првичните проценки укажуваат дека се работи за несреќен случај.Организаторите на најголемиот

Свет | пред 1 година

tarantuli-kolaz

Запрепастувачко откритие на аеродромот Келн-Бон: Наместо бисквити , шверц на илјадници млади тарантули од Виетнам

Неочекувана пратка која пристигнала од Виетнам и била наменета за примач во регионот Зауерланд, западна Германија, открила морничава содржина – наместо најавените бисквити, германските царински службеници пронашле околу 1.500 млади тарантули.Заплената била извршена пред три недели на аеродромот Келн-Бон, кога при рутинска контрола на пратката тешка седум килограми, службениците почувствувале невообичаен мирис. Тоа веднаш предизвикало сомнежи дека пакетот не содржи кондиторски производи, туку неш

Свет | пред 1 година

policija-germanija

Крвав напад со нож во Германија – вработен во компанија ранил тројца колеги, усмртил едно лице

Во германскиот град Мелрихштат, утрово се случил напад со нож во една енергетска компанија, при што една жена загинала, а тројца други се повредени, дел од нив потешко – јавува германскиот Билд.Нападот се случил во просториите на фирмата Überlandwerk Rhön, регионален снабдувач со струја. Осомничен е 21-годишен маж, германски државјанин и, според полицијата, и самиот вработен во фирмата. Тој е уапсен на самото место.Загинатата е 59-годишна жена која добила повеќе убодни рани во вратот и горниот д

Свет | пред 1 година

policija-germanija

Хрват пронајден жив по 30 години: Намерно ја лажирал својата смрт и започнал нов живот во Франција

Хрватскиот државјанин Борис Ц. од Виерсен (Северна Рајна-Вестфалија), кој исчезнал во 1994 година, по речиси три децении е пронајден жив во Франција, каде што живее под нов идентитет со ново семејство, пишува Јутарни.хр. Случајот кој со години се водеше како можна жртва на убиство, доби неочекуван и драматичен пресврт.Во времето на исчезнувањето, Борис имал 37 години. Неговиот автомобил бил пронајден во Дизелдорф со траги од крв, кои подоцна било потврдено дека се негови. Германската полиција ве

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-37-0420PM

Авион на „Рајанер“ принудно слета во Германија: „Мислев дека ќе се распадне“

Авион на „Рајанер“ што леташе од Берлин до Милано синоќа изврши итно слетување во јужна Германија поради силни турбуленции предизвикани од бура, при што беа повредени девет патници, соопшти полицијата.Според соопштението на баварската полиција, авионот бил принуден да слета во Меминген, околу 113 километри западно од Минхен, поради лоши временски услови. Иако слета безбедно, девет лица на возраст меѓу две и 59 години беа повредени за време на турбуленциите, соопшти полицијата.Една жена се здобил

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-06-04-at-09.28.35

Во Келн е во тек најголемата евакуација од Втората светска војна, девет училишта и 58 хотели се затворени.

По откривањето на три бомби од Втората светска војна, започна евакуацијата на околу 20.000 луѓе во германскиот град Келн. Полицијата од утрово оди од врата до врата за да провери дали куќите и деловните објекти се празни, додека експертите се обидуваат да ги деактивираат бомбите, јавува Скај њуз.Тоа е најголемата евакуација во овој град од крајот на војната, со оглед на тоа што во понеделник беа пронајдени две американски бомби со тежина од 1000 килограми и уште една со тежина од 500 килограми.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-21-at-08.51.16

Пожар во болница во Хамбург: Тројца мртви, повеќе од 50 повредени

Три лица загинаа во пожар во болница во северниот германски град Хамбург, соопштија официјални лица во неделата. Повеќе од 50 лица се повредени, од кои 16 сериозно, изјави портпарол на противпожарната служба за ДПА.Пожарот избувнал на приземјето од болницата „Маријан“ во текот на ноќта во саботата, пред да се прошири на првиот кат. Според извештаите, пожарот започнал во геријатриското одделение на болницата, кое е специјализирано за грижа за постари пациенти. Причината за пожарот не е позната, н

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-05-06-at-11.01.34

Неочекуван исход: Германија не успеа да избере канцелар

Лидерот на германските христијански демократи, Фридрих Мерц, не успеа да го освои потребното мнозинство во Бундестагот за да биде избран за германски канцелар во првиот круг од гласањето, што е неочекуван удар за неговата нова коалиција со социјалдемократите.Мерц (69), кој на чело на Христијанско-демократската унија CDU/CSU победи на федерално ниво во февруари и договори коалиција со социјалдемократите (SPD), доби само 310 гласови во Долниот дом на парламентот, објави претседателката на Бундеста

Свет | пред 1 година

Germanija-eksplozija

Откажани над 3.400 летови, околу 510.000 патници не можат да патуваат: Почна штрајкот во Германија

Синдикатот Верди започна предупредувачки штрајк на 13 германски аеродроми. Вработените во јавните служби на аеродромот, копнениот транспорт и воздушното обезбедување штрајкуваат од полноќ, потврди синдикатот.Здружението на германски аеродроми (ADV) веќе во петокот објави откажување на повеќе од 3.400 летови и околу 510.000 погодени патници. Штрајкови ги погодија аеродромите во Франкфурт, Минхен, Штутгарт, Келн/Бон, Дизелдорф, Дортмунд, Хановер, Бремен, Хамбург, Берлин-Бранденбург и Лајпциг-Хале.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-02-23-at-11.35.18

Германците гласаат: Фаворитот вети „поместување на десно“, АфД поддржана од Маск очекува историски успех

Германските гласачи денеска излегуваат на гласање на општите избори на кои конзервативците се фаворити по кампањата потресена од подемот на екстремната десница и драматичното враќање на американскиот претседател Доналд Трамп. Гласачките места беа отворени во 8 часот, а право на глас имаат повеќе од 59 милиони Германци. Првите проценки врз основа на излезните анкети се очекуваат по затворањето на гласачките места во 18 часот.Наводниот нов канцелар Фридрих Мерц вети цврста промена надесно доколку

Свет | пред 1 година

germanija-bundestag

Односот меѓу САД и Европа е завршен, тврди германски пратеник

Вербалниот напад на Доналд Трамп врз Украина е „целосен неуспех“ за трансатлантската алијанса, тврди висок германски пратеник.„Ова е чист говор на Кремљ - и на Путин -“, рече Мајкл Рот, претседател на комисијата за надворешни работи на германскиот парламент, откако американскиот претседател го нарече украинскиот лидер Володимир Зеленски „диктатор“ и застана на страната на рускиот наратив за тоа зошто започна војната, пренесува Политико.Во утринската емисија на германскиот ЗДФ, Рот денеска изјави

Свет | пред 1 година

olaf-solc

Шолц: Украина не е виновна за руската агресија

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја истакна важноста да се задржи отворена перспективата за членство на Украина во Европската унија, а во исто време силно ги отфрли обвинувањата дека самата Украина е виновна за руската инвазија.„Украина не смее да се задржува во својата одлука да биде демократска, независна нација на нејзиниот пат кон Европа“, рече Олаф Шолц.Тој ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Украина е единствена виновна за руската инвазија.„Украина не е вино

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-21-at-08.51.52

Нови закани во Германија за злосторства на божиќен пазар

Полицијата во германскиот пристанишен град Бремерхавен синоќа уапси маж кој се заканувал на TikTok дека ќе изврши тешки злосторства на божиќниот пазар во градот.Веста доаѓа откако 50-годишен маж од Саудиска Арабија во петокот влетал со својот автомобил во толпата на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург, при што уби пет, меѓу кои и едно 9-годишно дете, а ранил 200.Криминалистите често предупредуваат на можноста за имитирање на вакво насилство по тешки кривични дела. Полицијата ус

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања