Промени тема
Контакт

ИРАН

mkd-393567

Цените на нафтата растат по заплената на ирански брод од страна на САД

Цените на нафтата пораснаа на почетокот на тргувањето во Азија, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД пресретнале и заплениле товарен брод под иранско знаме.Растот на цените следува по најавите од Иран за можно затворање на Ормутскиот теснец за комерцијални бродови, со предупредување дека секое пловило што ќе се приближи може да биде цел на напади.Цената на суровата нафта тип брент се зголеми за 4,74 проценти и достигна околу 87 евра за барел, додека американската WTI наф

Свет | пред 6 месеци

media-library06go5cls328ccyseqYv

Смртни казни за двајца мажи осудени за шпионажа во Иран

Иранските власти егзекутираа двајца мажи осудени за соработка со израелската разузнавачка служба Мосад и планирање напади во земјата, објави новинската агенција на иранското правосудство Мизан.Според извештајот, егзекутираните се идентификувани како Мохамад Масум Шахи и Хамед Валиди. Тие биле обвинети дека припаѓале на шпионска мрежа поврзана со Мосад и дека поминале обука во странство, вклучително и во регионот Курдистан во Ирак.Обвиненијата против нив опфаќале и „непријателство против Бога“ и

Свет | пред 6 месеци

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп испраќа делегација во Пакистан, Иран одбива преговори под блокада

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД испраќаат нова делегација во Исламабад за нова рунда преговори со Иран, но Техеран однапред сигнализира дека нема намера да учествува додека трае американската блокада.Според Белата куќа, делегацијата ќе ја предводи потпретседателот Џ.Д. Венс, а во неа ќе бидат вклучени и советниците Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои учествуваа и во претходните разговори.Иако американските претставници треба да пристигнат во текот на денот, иранската страна за

Свет | пред 6 месеци

SeKXr-

Тензиите растат: Танкерите се повлекуваат од Ормутскиот теснец

Сообраќајот низ Ормутскиот теснец и натаму е сериозно нарушен, откако два танкера со течен нафтен гас се повлекле при обид да го напуштат Персискиот Залив.Според податоците од системите за следење на бродови, станува збор за пловилата „Меда“ и „Г Самер“, кои биле единствените со активни транспонтери што денеска се обиделе да минат низ теснецот. Двата брода, сепак, се свртеле и ја промениле насоката јужно од иранскиот остров Ларак.„Меда“ е во индиска сопственост и управување и испловила од сидриш

Свет | пред 6 месеци

media-librarycop8dant9rt9e0DRFJ2

Иранскиот претседател: Кој е Трамп да ни ги одзема правата?

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан остро реагираше на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека САД немаат право да му ги оспоруваат нуклеарните права на Иран.„Трамп вели дека Иран не може да ги користи своите нуклеарни права, но не кажува поради кој злостор. Кој е тој да ѝ ги одзема правата на една нација?“, изјави Пезешкијан, пренесува иранската агенција ИСНА.Изјавата доаѓа во услови на засилени тензии меѓу Техеран и Вашингтон, особено околу прашањето за нуклеарна

Свет | пред 6 месеци

media-libraryo3u9oto0qlo094TPaKh

До кога траат примирјата на Блискиот Исток?

Во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток, на сила се два привремени договори за прекин на огнот, со јасно дефинирани рокови.Примирјето меѓу САД и Иран започна на 8 април и е договорено да трае 14 дена, односно до 22 април.Паралелно, примирјето меѓу Израел и Либан стапи во сила на 16 април и има времетраење од 10 дена, што значи дека истекува на 26 април.Овие договори се временски ограничени и оставаат простор за понатамошни дипломатски разговори, но нивното продолжување ќе зависи од разво

Свет | пред 6 месеци

media-libraryfjbkfn6l3m6p1K4vZr8

Иран: Американците го блокираат Ормутскиот теснец – „неразумна одлука“

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, остро ја критикуваше политиката на САД во врска со Ормутскиот теснец, оценувајќи ја како „глупава и неразумна одлука“.Во телевизиско обраќање, тој изјави дека Соединетите Американски Држави веќе неколку дена го блокираат овој клучен поморски правец, додавајќи дека тоа ќе има директни последици врз глобалниот сообраќај.„Веќе неколку дена го блокираат Ормутскиот теснец. Каква глупава и неразумна одлука. Тоа е уште една нивна грешка“, изј

Свет | пред 6 месеци

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Истекува клучниот гасен договор Турција–Иран: Анкара најавува можни разговори, но преговори сè уште нема

Долгорочниот договор меѓу Турција и Иран за увоз на ирански течен природен гас истекува во наредните месеци, а Анкара најавува дека е можно да се отвори тема за негово продолжување, иако формални преговори сè уште не се започнати.Турскиот министер за енергетика, Алпарслан Бајрактар, изјави дека договорот истекува во јули годинава и дека, според проценките на Турција, овој правец на снабдување може да ѝ биде потребен на земјата од аспект на безбедноста на енергетските испораки. Тој додаде дека во

Свет | пред 6 месеци

media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Иран се закани: Ормутскиот теснец ќе остане затворен

Ормутскиот теснец ќе остане затворен сè додека САД не ја укинат блокадата на иранските пристаништа, соопшти Морнарицата на Иранската револуционерна гарда преку државните медиуми.Станува збор за една од најважните светски поморски рути, преку која минува значителен дел од глобалната трговија со енергенси, што ја прави ситуацијата особено чувствителна за светските пазари.Според ирански извори, приоритет за премин ќе имаат бродовите кои ќе платат, потег што може дополнително да ги наруши меѓународн

Свет | пред 6 месеци

w_57643999

Русија нуди помош за отстранување на иранскиот ураниум

Русија понуди помош во отстранувањето на обогатениот ураниум од Иран, што претставува едно од клучните спорни прашања во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон.Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Иран ќе го предаде својот обогатен ураниум, кој потоа би бил префрлен во САД. Сепак, оваа изјава беше отфрлена од иранска страна, при што заменик-министерот за надворешни работи ја оцени како „неприфатлива“.Во меѓувреме, директорот на руската државна компанија за нуклеарна енергиј

Свет | пред 6 месеци

media-librarye748rg39tmkcbBPvYGY

Иран: Далеку сме од конечен договор со САД

Главниот ирански преговарач и претседател на парламентот, Мохамад Багер Галибаф, изјави дека во преговорите со САД е постигнат одреден напредок, но дека двете страни сè уште се далеку од конечен договор.„Во некои прашања во преговорите се постигнати заклучоци, а во други не. Сè уште сме далеку од конечен договор“, изјави Галибаф.Тој нагласи дека разговорите се водат преку посредници и дека постојат значајни разлики меѓу двете страни.Говорејќи за иранската државна телевизија, Галибаф оцени дека И

Свет | пред 6 месеци

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Американски функционер: Ако наскоро нема напредок, војната би можела да продолжи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одржа состанок во Ситуациската соба на Белата куќа за да разговара за новата криза околу Ормускиот теснец и текот на преговорите со Иран, потврдија двајца американски претставници.Ситуацијата со Иран се наоѓа во критична фаза, бидејќи примирјето истекува за три дена, а сè уште не е утврден датум за нова средба меѓу американските и иранските преговарачи.Иранската најава за повторно затворање на теснецот, како и серијата напади врз бродови во овој важ

Свет | пред 6 месеци

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран: Нема нови директни мировни преговори со САД без промена на нивните барања

Иран нема да учествува во нови директни мировни преговори со Соединетите Американски Држави сѐ додека Вашингтон не ги промени своите „максималистички“ барања, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде.Американска и иранска делегација минатиот викенд се сретнаа во пакистанскиот главен град Исламабад, но разговорите траеле помалку од еден ден и не бил постигнат договор.Белата куќа претходно соопшти дека втор круг разговори најверојатно би можел повторно да се одржи во

Свет | пред 6 месеци

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран одбива нова рунда преговори со САД – услов се повлекување на барањата

Иран засега не прифаќа нов круг преговори со Соединетите Американски Држави, откако, според информации од ирански извори, Вашингтон поставил „претерани барања“.Како што пренесува агенцијата Тасним, повикувајќи се на неименуван извор, Техеран ја информирал американската страна дека не е подготвен да продолжи со разговорите под постојните услови.„Америчката страна беше известена преку пакистански посредник дека не прифаќаме втор круг преговори“, наведува изворот.Според истиот, Иран смета дека бара

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Техеран со порака до Вашингтон: „Трамп премногу зборува“

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Саид Кхатибзаде, остро реагираше на последните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека „премногу зборува“ и испраќа контрадикторни пораки.Говорејќи пред новинарите на маргините на дипломатскиот форум во Анталија, Кхатибзаде беше запрашан за заканите од Трамп дека САД би можеле повторно да започнат со бомбардирање доколку не се постигне договор со Иран.„Во истата изјава изнесе контрадикторни работи. Не знам точно што мисле

Свет | пред 6 месеци

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Техеран со сарказам кон Трамп за Ормускиот Теснец: „Опушти се и блокирај го Биби една недела“

Иран упати остар и саркастичен одговор на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Техеран се согласил „трајно“ да ја држи отворена клучната поморска рута низ Ормускиот Теснец и дека таа „никогаш повеќе нема да биде затворена“.Повод за реакцијата беа пораките што Трамп ги објави во петокот на својата платформа, оценувајќи дека станува збор за „голем и брилијантен ден за светот“ и дека теснецот повеќе нема да се користи како средство за притисок.Најгласната и најиронична реакција

Свет | пред 6 месеци

media-libraryq710ng2a7frh9hGWJ58

Иран делумно го отвори воздушниот простор, конвои танкери минуваат низ Ормутскиот теснец

Иран делумно го отвори својот воздушен простор и повторно дозволи меѓународни летови над источниот дел од земјата, додека во исто време се бележи зголемено движење на танкери низ Ормутскиот теснец, во услови на кревко примирје на Блискиот Исток.Според Организацијата за цивилно воздухопловство на Иран, воздушните коридори во источниот дел се повторно активирани, а неколку аеродроми, вклучително и во Техеран, биле отворени од 7 часот по локално време. Информацијата е пренесена преку НОТАМ известув

Свет | пред 6 месеци

media-library3bb772v82b848tVWG2Y

Иранска ТВ: Ормутскиот теснец повторно затворен, потребно одобрување за премин

Иранската државна телевизија ИРИБ објави дека Ормутскиот теснец повторно е затворен, наведувајќи дека за секој премин низ клучниот поморски коридор ќе биде потребно одобрување од иранските власти.Во соопштение на иранската армија се наведува дека теснецот „се вратил во претходната состојба“, откако Соединетите Американски Држави одбиле да ја укинат поморската блокада на иранските пристаништа во Персискиот Залив.Овој развој следува веднаш по краток период на зголемен сообраќај низ теснецот, кој с

Свет | пред 6 месеци

media-libraryo5v52fui18ab3aKMTfb

Пресврт и нови тензии: Иран повторно го затвори Ормускиот теснец

Иран најави враќање на строга контрола врз Ормускиот теснец, како одговор на одлуката на САД да ја задржи поморската блокада на иранските пристаништа во Персискиот Залив.Од здруженото заповедништво на иранската армија соопштија дека стратешкиот пловен пат повторно е ставен под „строг надзор и управување“, откако Вашингтон одбил да ја укине блокадата, и покрај тоа што Иран претходно дозволи ограничен и контролиран премин на танкери и трговски бродови. Ова практично значи затворање на оваа клучна

Свет | пред 6 месеци

media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Иран поставува услови за Ормутскиот теснец: „Ќе одлучува состојбата на терен, не социјалните мрежи“

Иран поставува нови услови за користење на Ормутскиот теснец, испраќајќи јасна порака дека контролата врз една од најважните светски нафтени рути ќе зависи од развојот на ситуацијата на терен, а не од јавните изјави или притисоци.Претседателот на иранскиот парламент и шеф на преговарачката делегација, Мохамад Багер Галибаф, остро ги отфрли изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека „изнесол седум тврдења за еден час, од кои сите биле лажни“.„Нема да победат со лаги, ниту

Свет | пред 6 месеци

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Трамп: САД ќе го земат иранскиот ураниум – со договор или со сила

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД „на овој или оној начин“ ќе дојдат до иранските резерви на високо обогатен ураниум, предупредувајќи дека тоа може да се случи и на „многу понепријателски начин“ доколку пропаднат преговорите.Трамп претходно тврдеше дека Иран во разговорите со Вашингтон „прифатил сè“, вклучително и отстранување на обогатениот ураниум од земјата и негов транспорт во САД.„Ќе отидеме таму и ќе го преземеме заедно со нив. Ќе го земеме заедно, затоа што дотогаш ќе

Свет | пред 6 месеци

media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Закани, преговори и мисии: Ормускиот теснец во фокусот на светот

Тензиите околу Ормускиот теснец остануваат високи, додека светските сили испраќаат спротивставени пораки за решавање на кризата што директно го засега глобалниот енергетски пазар и безбедноста на поморскиот сообраќај.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ситуацијата „изгледа прилично добро“ и најави нов круг преговори со Иран веќе за време на викендот. Сепак, тој нагласи дека американската поморска блокада на иранските пристаништа ќе остане во сила сè додека не се постигне конечен д

Свет | пред 6 месеци

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп му се закани на Иран: Без договор – нови бомбардирања

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можел да го прекине примирјето со Иран доколку до среда не се постигне долгорочен договор за ставање крај на војната, притоа директно најавувајќи можност за нови воени напади.„Можеби нема да го продолжам примирјето, но блокадата ќе остане“, рече Трамп во изјава за новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, на враќање кон Вашингтон од Феникс, Аризона.Тој додаде дека САД се подготвени повторно да интервенираат воено доколку нема договор со Техеран.„З

Свет | пред 6 месеци

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Иран го отвори Ормускиот теснец: нафтата падна на 88 долари

Светските енергетски пазари денеска нотираа дека цената на суровата нафта од типот „Брент“ падна на 88 долари за барел. Ова е значително намалување од речиси 12% во текот на денот.Ова следува откако Иран објави дека Ормускиот теснец повторно е отворен за комерцијален поморски сообраќај. Овој клучен енергетски коридор, низ кој поминува околу една петтина од глобалната трговија со нафта, изминатите денови беше под закана, што ја одржуваше цената на високo ниво.Ормускиот Теснец е појас што го поврз

Свет | пред 6 месеци

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран повторно го отвори Ормускиот теснец за комерцијален сообраќај

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи објави дека Ормускиот теснец е повторно отворен за целиот комерцијален поморски сообраќај.Според неговата објава на социјалната мрежа X, одлуката е донесена во согласност со тековниот прекин на огнот меѓу Израел и Либан и ќе важи до истекот на тој договор.Тој наведе дека сите трговски бродови ќе можат непречено да минуваат низ теснецот, по координирани рути утврдени од надлежната иранска поморска и пристанишна администрација. Арагчи истакна дек

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања