Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

ОБВИНИТЕЛСТВО

media-libraryj7aepf2s8g3s2apFxpV

Савески бара финансиска поддршка: Сиромашно обвинителство не може да се бори против богатиот криминалитет

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески повторно порача дека „сиромашно обвинителство не може да му се спротивстави на богатиот криминалитет“ и повика на обезбедување услови за непречено функционирање на институцијата.Оваа порака ја испрати на конференцијата на која беше промовирана стратегијата за јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство во јавноста која е финансирана со европски пари, но барањето за повеќе пари за Обвинителството го испрати не само за транспарентноста, туку и општо за функционирањето на Обвинителството.„Без финансиска поддршка ние го даваме својот максимум да се избориме, меѓутоа резултатите не можат да бидат како што очекуваат граѓаните доколку за тоа нема сериозна финансиска поддршка. Таа порака и во оваа пригода ја упатувам до извршната и законодавната власт што мора навистина да покаже волја да овозможи функционирање на Обвинителството во реална смисла, но вклучително и кога станува збор за оваа комуникациска стратегија која предвидува активности коишто бараат исто така финансиска поддршка – рече Савески.На конференцијата се зборуваше за комуникацијата на Обвинителството со јавноста, за транспарентноста, а најави и менување на упатството за односи на јавност.„Јавното обвинителство нема да чека да се постават прашања, однапред ќе се појаснува неговото постапување. За таа цел ќе направам измена на веќе постојното упатство за односи со јавноста, на сите обвинители ќе биде нивна обврска да ја информираат јавноста онолку колку што дозволува Законот. Ова се мали чекори, транспарентноста некогаш нè прави подложни и на оценки и на критики од јавноста, но тоа е нашата стратегија. Водејќи се од зборовите на Мајка Тереза „чесноста и искреноста ќе ве направат ранливи“, меѓутоа сепак да бидеме транспарентни, искрени и чесни. Тоа е паролата што ни е водилка“, рече Савески.

Македонија | пред 2 дена

media-library3hgt7i5g352sasMxqH8

“Ја немал приспособено брзината”, Обвинителство бара притвор за 76-годишниот возач од Косово по трагедијата кај Мирковци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 76-годишен државјанин на Косово, осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по стравичната несреќа на скопската обиколница кај клучката Мирковци, во која загинаа четири лица.Според обвинителството, осомничениот управувал товарно возило „МАН“ со полуприколка со косовски регистарски таблички по северната обиколница на Скопје, движејќи се од запад кон исток.„Не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето“, соопшти Обвинителството.Како што наведуваат, кога пристигнал во близина на клучката Мирковци, тој не ја приспособил брзината на движење на возилото според состојбата и својствата на патот, густината на сообраќајот и останатите услови на патот.„Во еден момент изгубил контрола над возилото и свртел лево, при што удрил и ја пробил металната одбојна ограда, продолжувајќи да се движи по коловозот наменет за возила од спротивната насока“, наведува обвинителството.Потоа, камионот директно се судрил со автомобил „БМВ“ кој се движел од исток кон запад.По ударот избувнал пожар, а и автомобилот и камионот биле зафатени од пламен.Во несреќата на лице место загинаа четворицата патници во автомобилот – оперскиот баритон Ристе Велков, неговиот син Адам Велков, како и двајцата 20-годишници Марко Ѓирѓиевски и Петар Миланов.Обвинителството соопшти дека поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 1 седмица

media-library8tk5mvidsqkj5B3Xtz8

Жена со прострелна рана во главата пронајдена во скопско село: сопругот тврди дека се самоубила со неговиот пиштол, откако имале расправија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршиле увид во скопското село Копаница, каде била пронајдена почината 37-годишната Х.Р.Ј. од Косово, со прострелна рана во главата.Според информациите од МВР, полицијата постапувала по претходна пријава, а покрај телото бил пронајден пиштол „глог19“, сопственост на нејзиниот сопруг Д.Ј.(42) од Копаница, кој оружјето го поседувал без дозвола.„Според исказот на Д.Ј., истиот ден околу 10:00 часот, во семејниот дом настанала расправија меѓу него и неговата сопруга Х.Р.Ј., по што, според негово кажување, таа извршила самоубиство“, велат од МВР.Од Обвинителството соопштија дека телото е дадено на обдукција, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.„По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, велат од ОЈО Скопје.За оружјето, против сопругот е поведена истражна постапка за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот и притворската мерка е прифатена од Судот“, соопштија од обвинителството.СВР Скопје и ОЈО Скопје продолжуваат со постапување за утврдување на сите околности поврзани со случајот

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryiehe5ofbkcjkeHyud90

Пожар во зградата на Јавно обвинителство: Гореле хартии во женскиот тоалет, осум пожарникари итервенирале

Противпожарната бригада на Град Скопје вчера интервенирала во зградата на Јавното обвинителство по дојава за пожар.Командирот на Противпожарната бригада-Скопје, Звонко Томовски, за „Скопје1“ потврди дека дојавата била примена во 13:48 часот, по што на терен биле испратени две противпожарни возила и осум пожарникари.„Да, вчера во 13:48 имаше дојава за настанат пожар во Јавно обвинителство. Интервенирано е со две ПП возила со 8 пожарникари“, вели Томовски за „Скопје1“.Според него, станувало збор за запалени хартии во женски тоалет.„Стануваше збор за опожарени хартии во женски тоалет. Од наша страна извршена е проверка и вентилирање на просториите“, додава Томовски за „Скопје1“.Неофицијално, огнот избувнал во корпа за отпадоци.„Скопје1“ уште утринава побара став и од прес-службата на Јавното обвинителство за причините за пожарот, но до објавувањето на текстот не добивме одговор.

Македонија | пред 2 седмици

kokain

Пронајдени кокаин и метамфетамин во стан во Тетово, обвинителството бара притвор

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.При претрес во домот на улица “Илинденска” во Тетово, во кој осомничениот живеел како потстанар, полицијата пронашла вкупно околу 44 грама кокаин и околу 3 грама метамфетамин. Дрогата била спакувана во повеќе помали пакувања и наменета за илегална продажба, а во станот била пронајдена и дигитална вага со траги од наркотици.Поради околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и ризик осомничениот да продолжи да го врши кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од тетовскиот суд достави предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Продолжен притворот на скопјанецот кој брутално ја истепа поранешната партнерка во Кисела Вода

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против 45-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничен е дека вршел семејно насилство во Кисела Вода при што телесно ја повредил неговата поранешна партнерка.Ја извлекол на сила од домот во кој живеела жртвата, ја влечел и туркал до неговиот дом во близина, ја внел внатре и физички ја нападнал, удирајќи ја со шлаканици, клоци и со мобилен телефон. На жената и нанел телесни повреди – рани и хематоми по главата и телото.На осомничениот од страна на судија на претходна постапка претходно му биле определени мерки на претпазливост за насилство извршено кон неговата мајка и снаа за брат. Последниот настан укажува дека за кратко време тој ги повторува насилничките дејствија, односно манифестирал насилничко однесување и спрема неговата поранешна партнерка. Во исто време, постои ризик од бегство со цел да избегне кривична одговорност за сторените кривични дела, па јавниот обвинител сега од судот побара да определи најстрога мерка – притвор за осомничениот.

Скопје | пред 2 седмици

media-library1qto457rcc992F2YRf0

Се скарале во кафеана, па го бодел со нож: 25-годишник осомничен за обид за убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека се обидело да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.„Осомничениот 25-годишник, на 23 април по полноќ, со умисла се обидел да лиши од живот друго лице пред угостителски објект. Кратка вербална расправија во угостителскиот објект прераснала во физичка пресметка меѓу нив. Оштетениот го нападнал осомничениот и во тој момент осомничениот извадил нож и му задал неколку убоди на оштетениот во градниот кош, грбот и стомакот, нанесувајќи му убодни рани. По укажана лекарска помош, оштетениот е пуштен на домашно лекување.Имајќи ги предвид сите околности и законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничениот“, информираат од ОЈО.

Македонија | пред 1 месец

247555514_648706932808887_4536265235057398963_n

Скандал со вработени во Кривичен суд: Судски полицаец и доставувач осомничени за поткуп, земале пари за „ослободителна пресуда“ во Апелација

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување истрага против две лица – судски полицаец и доставувач од Основниот кривичен суд Скопје, поради сомнение дека сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.Според обвинителството, во периодот од август 2025 до 7 април 2026 година, осомничените примиле вкупно 500 евра и 60.000 денари од сведок, со ветување дека ќе посредуваат за да обезбедат ослободителна пресуда во повисоките судови.Сведокот, кој бил осуден на една година затвор и поднел жалба, преку сосед стапил во контакт со доставувачот, кој го упатил кај судскиот полицаец. Тој, пак, се претставил како лице со долгогодишно искуство и контакти со судии, тврдејќи дека може да влијае врз исходот на постапката.Убеден во ваквото влијание, сведокот прво предал 500 евра преку доставувачот, наводно за судија од Апелациониот суд Скопје. Во текот на 2026 година, директно на судскиот полицаец му исплатил 30.000 денари, а по потврдата на пресудата од Апелација, му дал уште 30.000 денари за наводно посредување пред Врховниот суд.Сепак, наместо ослободителна одлука, Апелациониот суд ја потврдил првостепената пресуда, по што сведокот поднел вонреден правен лек.Судот делумно го прифатил предлогот на обвинителството за мерки: на судскиот полицаец му е одреден 30-дневен притвор, додека доставувачот добил куќен притвор. Обвинителството најави жалба на оваа одлука, незадоволно од поблагата мерка за второосомничениот.

Македонија | пред 1 месец

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишен косовски државјанин поради основано сомнение дека сторил кривично дело тешка кражба, како и обид за извршување на истото дело.Според обвинителството, осомничениот на 11 април со тесла го скршил стаклото од влезната врата на тобако-маркет во Скопје, по што влегол внатре, пребарувал и одзел пари од дневниот промет, алкохолни пијалоци, цигари и други производи, со вкупна вредност од 52.900 денари. По кражбата, избегал со велосипед.На 18 април повторно се обидел да влезе во истиот објект на ист начин, но бил забележан од минувачи и вработени, кои случајот го пријавиле во полиција.Од Обвинителството информираат дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особено поради тоа што осомничениот непријавено престојувал во државата, поради што е доставен предлог до судија на претходна постапка за определување мерка притвор.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Киднапирање како на филм во Демир Капија: Му ставиле црна ќеса на глава, му се заканувале со пиштол и со сила барале признание за силување

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од селото Корешница, општина Демир Капија, за кои постои основано сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – Грабнување согласно член 141 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.„Двајцата осомничени, на 12 април, заедно извршиле грабнување на лице со намера да го присилат да сними изјава со признание дека ја силувал сопругата на првоосомничениот 37-годишник. Неговиот соизвршител, 30-годишник од истото село, при грабнувањето употребил и пиштол, кој го репетирал и со кој му се заканил на оштетениот.Тие го качиле оштетениот во автомобил од дворот на неговата куќа во Неготино и се упатиле по стариот пат кон Демир Капија, а за цело време му се заканувале по живот и го удирале со боксови. Го фрлиле мобилниот телефон на оштетениот и му ставиле црни ќеси на главата за да не гледа каде го носат.Кога стигнале во шума, го извадиле од возилото и го терале да слуша аудио снимки и да признае дека тој е сниманото лице, но оштетениот за цело време негирал. Поради тоа, двајцата осомничени му се заканувале дека ќе го силуваат и ќе го убијат, па го удирале со боксови и со пластична цевка, нанесувајќи му тешки телесни повреди.Меѓутоа, пред да му го фрлат мобилниот телефон, оштетениот успал да прати порака за помош во полиција, а и соседите го виделе како влегува во возилото. Врз основа на овие информации, полицијата ги идентификувала грабнувачите и ги контактирала, а тие дознавајќи дека се откриени го однеле оштетениот во полициската станица во Неготино.Бидејќи станува збор за тешко кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 4 години, јавниот обвинител процени дека постои основан страв дека осомничените ќе се дадат во бегство или ќе извршат ново кривично дело доколку се бранат од слобода, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“ информираат во ОЈО.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypns8fr8liclt2afyiGo

Битолчанец вработен во училиште осомничен за детска порнографија: истрагата е почната откако Австралија открила ИП-адреси од Македонија

Основното јавно обвинителство во Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишно лице, осомничено за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.Според обвинителството, осомничениот, кој бил вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 1 април 2026 година, на компјутерска опрема што ја користел во својот дом, набавувал и поседувал материјали со детска порнографија.„Постапката е резултат на предистражни дејствија на јавното обвинителство во координација со СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика Скопје кои произлегоа по известување од австралиската федерална полиција која пред извесен период спровела акција за откривање на веб страници одговорни за дистрибуција на слики и видеа кои содржат материјали од злоупотреба на деца.Австралиските служби спроведоа операција за откривање на корисниците на ИП адреси кои се обиделе да пристапат до една или повеќе од веб-страниците, при што биле идентификувани повеќе уникатни регистрирани корисници, нивните електронски и ІР адреси од кои дел во Р.С. Македонија, за што е испратено известување и до македонските истражни органи. Се преземаат дејствија на проверки и во Скопје и други градови, со цел детална проверка на сите добиени сознанија“, велат од Обвинителството.За осомничениот битолчанец до Основниот суд во Битола доставен е предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 2 месеци

noz-ubistvo-napad

Додека спиела, влегол и ја прободел со кујнски нож во вратот - се бара притвор за синот од Росоман кој си ја уби мајка си

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.„Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, информираат од ОЈО.

Македонија | пред 2 месеци

media-library66ntksuu8f0ccZNUhnh

Обвинителската служба доби колективен договор и најавено зголемување на платите

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и Претседателката на Синдикалната организација при јавните  обвинителства Изабела Илиева денеска го потпишаа Колективниот договор за вработените во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.Ова е првпат правата на вработените во јавнообвинителската служба да се гарантираат со поединечен колективен договор, кој меѓу другото предвидува и етапно зголемување на платите на оваа категорија вработени, почнувајќи од платата за март 2026 година.Јавниот бвинител Савески го поздрави потпишувањето на Колективниот договор како значаен исчекор во однос на статусот на јавнообвинителската служба. Тој изрази задоволство што ваквиот чин се случува токму на почетокот на неговиот мандат, како потврда за неговите заложби да се создадат сите предуслови за ефикасна работа во јавните обвинителства и за уште поголемо унапредување на правата на вработените во оваа институција.Во разговорите со претставниците на Синдикатот се дискутираше и во однос на законските решенија за јавното обвинителство и за јавнообвинителската служба кои се во процедура, а беше изразена подготвеност и за континуирана комуникација и соработка со синдикалната организација.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Обвинителството: Нема застој во предметите за „Пулс“, ЗНМ да гарантираат воздржаност при јавно коментирање на вакви трагедии

По последните одлуки на Совет на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавно обвинителство на Република Македонија соопшти дека се преземени сите неопходни чекори за да се обезбеди ефикасно и непречено водење на тековните постапки. Оттаму уверуваат дека ниту еден започнат предмет нема да трпи неоправдано одолговлекување или усложнување, потенцирајќи дека во судниците ќе има обвинители подготвени да ги застапуваат обвиненијата.„Затоа Јавното обвинителство апелира на внимателно и одговорно јавно коментирање и информирање на јавноста, особено за предметите поврзани со кочанската трагедија, бидејќи сите јавно изнесени шпекулации и невистини за тоа како промената на јавен обвинител би можела да се одрази врз постапките кои се во тек, длабоко ги вознемируваат семејствата на жртвите, но и целокупната јавност. Воедно, упатуваме повик до Здружението на новинари и до другите професионални организации да апелираат и да го гарантираат почитувањето на етичките стандарди за известување и воздржаност при јавно коментирање на вакви трагедии за да не се дозволи неосновано зголемување на болката и страдањата, односно нова виктимизација на најпогодените од овој трагичен настан“, стои во соопштението од Обвинителството.Тие додаваат: „Апелираме и до сите останати повикани јавно одговорни чинители да придонесат за ефикасност на постапките, но и за одмереност во јавните настапи и коментари каква што налага сериозноста на последиците и колективната траума предизвикана од пожарот во “Пулс”. Имајќи ја предвид сериозноста на овој настан, сите јавни личности кои имаат општествено влијание треба да внимаваат да не предизвикуваат неоснован немир во јавноста преку изјави, објави на социјални мрежи или која било друга форма на јавно изразување која би била вознемирувачка. Како држава, на повредените и на семејствата на жртвите, но и на сите граѓани, им должиме законита и достоинствена судска постапка која ќе ги даде одговорите и очекуваната правда. Јавното обвинителство презема се што е во негова надлежност за тоа да го испорача, без непотребни одолговлекувања и усложнувања#.

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Вишото јавно обвинителство остана без шеф, никој не доби потребна поддршка

Советот на јавни обвинители не донесе одлука за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Ниеден од петтемина пријавени кандидати не го доби потребниот број гласови за наследник на Мустафа Хајрулахи.Претседателот на Советот на јавни обвинители. Башким Селими, рече дека на огласот се пријавиле седум кандидати, од кои двајца, Џелал Бајрами и Трајче Пеливанов, ги повлекле кандидатурите.Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека останува на ставот да им се даде шанса на сите за напредок, но дека негов фаворит е Јасмина Костеска-Здравеска.„Таа е обвинител со интегритет и има вештини и како личност е препознаена во фелата како позитивна и добронамерна, тоа се важни карактеристики за една менаџерска функција”, рече Савески.Членот на Советот, Марија Илиевска рече дека се согласува со ставот на Савески нагласувајќи дека тоа ѝ се потврдило и од интервјуто со кандидатите.Здравевска се споменуваше во „бомбите“ на Зоран Заев.Костеска доби недоволни четири гласа.Ермонд Незири гласаше за Фатиме Фетаи нагласувајќи дека е кандидатка со најмногу искуство и, според него, најсоодветна. Фетаи доби најмногу воздржани гласови.Светлана Стојковиќ рече дека за шеф на Вишото обвинителство според неа требало да биде кандидат кој се повлекол, мислејќи на обвинителот Трајче Пеливанов, па од останатите се одлучи за обвинителот кој го затвори случајот со сомнежите за фалсификат на сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски, Владимир Милошевски, кој доби само еден глас.На седницата на Советот не се разгледа кандидатурата на Александар Марковски кој претходно веќе беше избран за јавен обвинител во ОЈО ГОКК.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3jo007gnkfemeKUNMZi

Познати обвинителите кои ќе гонат организиран криминал

Александар Марковски е избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како дел од изборот на нови обвинители, на кој беа избрани вкупно четворица кандидати.Во постапката за избор, првично конкурирале десет кандидати, но двајца – Пеливанов и Ајро – се повлекле, по што во трката останале осум кандидати. Од нив, четворица добиле доверба и ќе бидат дел од ОЈО ГОКК.Едногласна поддршка добиле Енѓелуше Кадриу Леши, Александар Марковски, Ана Гоговска Јакимовска и Ана Стојковиќ Димитровска.Марија Ѓоргева не добила ниту еден глас, а Валентина Бислимовска освоила еден глас. Ивана Алексова Трајчева не го добила потребното мнозинство.Во текот на расправата, членовите на Советот посочиле дека станува збор за искусни и професионални кандидати, при што дел од нив се залагале за давање шанса и на обвинители кои досега не работеле во ОЈО ГОКК. Беше истакнато и дека предложените законски измени предвидуваат мандат од седум години без право на повторен избор, што, според дел од учесниците, ќе придонесе за поголема независност и развој на кариерата.Во дискусијата беа отворени и прашања за правичната застапеност на заедниците, како и потребата од поголема мотивација за кандидирање на идни конкурси.Одлуката за избор на обвинителите ќе стапи во сила од 1 април.

Македонија | пред 2 месеци

media-library6h6ho6cnbg5n1Nuyr4y

Трка за шеф на Вишото обвинителство и обвинители во ОЈО-ГОКК

Советот на јавните обвинители денеска ќе носи клучни кадровски одлуки во правосудниот систем. Ќе се избира шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, а ќе се пополнуваат и испразнети места во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК).„На дневен ред е и донесување одлука за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје“, стои во најавата за седницата.Оваа седница првично беше закажана за 18 март, но се одложи бидејќи истиот ден се бираше новиот државен јавен обвинител.Голем е интересот кој ќе го наследи Мустафа Хајрулахи. Пријавени се седум обвинители, од кои тројца се од поранешното СЈО. Пријавени се: Фатиме Фетаи, Владимир Милошоски, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, двајца обвинители од скопското обвинителство, Александар Маркоски и Јасмина Костеска Здравеска, како и Џелал Бајрами, кој доаѓа од републичкото јавно обвинителство.Десет пријавени обвинители има за ОЈО-ГОКК, пет од кандидатките се обвинителки кои се дел од ова обвинителство, но нивниот мандат истекува. Тоа се обвинителките Марија Ѓоргева, Валентина Бислимовска, Енѓелуше Кадриу- Леши, Ивана Алексова -Трајчева и Сузана Мирческа -Кузмановска.Двајца конкурираат и за шеф на Вишото обвинителство, тоа се Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои беа дел од СЈО. Тие пред да бидат избрани во Вишото скопско обвинителство, дојдоа токму од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.Тројца обвинители доаѓаат од Скопското обвинителство. Тоа се Александар Маркоски, кој конкурира и за Вишо, Ана Гоговска -Јакимовска и Ана Стојановиќ- Димитровска.

Македонија | пред 2 месеци

tepa-dete

Го тепал 10-годишниот син со боксови и клоци, па го фатил за коса и го кренал: Нов случај на семејно насилство во Охрид

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.„Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, физички го нападнал и телесно го повредил неговиот 10-годишен син. Детето го удирал со тупаници, шамари и клоци по целото тело, а во еден момент го фатил за коса и така го подигнал од подот.Исто така, тој во континуитет подолг период упатувал сериозни закани по живот со што ја загрозил сигурноста на неговата сопруга. Ваквото семејно насилство осомничениот го вршел иако имал активно изречени судски мерки за заштита од семејно насилство, со кои му било забрането физички и психички да ја малтретира сопругата и двете малолетни деца. Изречените судски забрани тој не ги почитувал, а поради очигледната намера да ги повторува дејствијата на семејно насилство, како и поради ризикот од бегство, јавниот обвинител му предложи на Судот да му определи мерка притвор“, информираат од обвинителство

Македонија | пред 2 месеци

media-library2sl1etvv1or4azm7AKh

Возачот кој прегази пешак во Марино немал возачка и бил пијан, обвинителство бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за  – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.„Осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил „КИА“ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол со концентрација од 0,94% во крвта. Брзината на движење на возилото не ја приспособил кон сообраќајните услови и не обрнал внимание на пешакот Оливер Младеновски, кој веќе започнал да го преминува коловозот. Бидејќи не успеал навреме да запре, осомничениот со автомобилот удрил во телото на пешакот и му нанел тешки телесни повреди од кои тој починал.Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или да стори ново кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, информираат од Обвинителството.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Ја клоцал и ја мавал со боксови по тело и и скршил три ребра: Кумановец брутално ја малтретирал сопругата

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата.„На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што и предизвикал сериски фрактури на три ребра.Тој е осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката“, известуваат од ОЈО.

Македонија | пред 2 месеци

media-library79rgnkfhu8oc2jIhEpt

Kраделе кабли во кругот на фабриката „Железара“, па оштетиле јавна електрична инсталација вредна 800 илјади денари

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од јавна електрична инсталација, вреден 800.000 денари. Кога ги натовариле каблите во автомобил и се обиделе да ги изнесат од кругот на фабриката, обвинетите биле откриени и лишени од слобода.Со поднесеното обвинение јавниот обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за еден од обвинетите, додека за останатите двајца на сила се мерки на претпазливост“, информираат од обвинителството.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqj4qauiauusseSbSUqL

(Видео) Зошто Владата го предложила Ненад Савески за шеф на сите обвинители

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, образложи зошто Ненад Савески е предложен за нов државен јавен обвинител, нагласувајќи дека правосудниот систем се соочува со сериозен недостиг на доверба кај граѓаните.„Обвинителско-правосудниот систем не влева доверба, а рејтингот на институциите е околу 2 проценти. Граѓаните почесто гледаат неправда отколку правда“, изјави Николоски.Тој посочи дека токму затоа е потребен нов пристап и личност со искуство, која ќе може да придонесе за промена на состојбите. Како кандидат, Владата го предлага Ненад Савески, кој има долгогодишна кариера во правосудството, како обвинител и судија.Според Николоски, Савески ја започнал кариерата во Основниот суд во Гостивар во 2000 година, а подоцна бил стручен соработник, јавен обвинител и судија во Основниот кривичен суд Скопје, во одделот за организиран криминал и корупција.Дополнително, како што истакна, Савески бил дел од повеќе домашни и меѓународни експертски групи, ангажиран во проекти на ОБСЕ, Советот на Европа и други организации, како и во законски реформи и обуки поврзани со кривичната постапка и посебните истражни мерки.„Се работи за човек со сериозна биографија, без дамки во кариерата, кој постојано се дообразува и има меѓународно искуство“, нагласи Николоски.Тој додаде дека Савески говори повеќе јазици и дека е „еден од светлите примери во македонското судство и обвинителство“.Николоски потенцираше дека од новиот јавен обвинител се очекува да донесе резултати и да ја подобри работата на институцијата, но истовремено нагласи дека за тоа е потребна поддршка од целиот обвинителски систем.„Еден човек не може сам. Потребен е тим и координација за да се испорача правда на сите нивоа“, изјави тој, повикувајќи на поддршка за кандидатурата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Стојанче ја тепал Ивана и пред малата Катја: Истрагата завршена, пред трагедијата таа тргнала да се исели, но Стојанче и се заканувал

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Стојанче Јовановски за трагедијата во Карпош во која мајката Ивана и нејзината малолетна ќерка Катја го загубија животот по пад од балкон.На обвинетиот му се ставаат на товар три кривични дела: телесна повреда сторена како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.Според обвинението, на 2 март на повеќе локации во Скопје обвинетиот физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја со шлаканици и тупаници, при што таа во еден момент изгубила свест. Истиот ден, на паркинг зад Основниот кривичен суд Скопје, и упатил сериозни закани по нејзиниот живот и тело, со што кај неа предизвикал страв и чувство на несигурност.Обвинителството наведува дека обвинетиот подолг временски период сурово и нечовечно постапувал кон сопругата, која била во положба на фактичка и егзистенцијална зависност од него. Во ноември 2022 година, како што се наведува, тој издејствувал Ивана Јовановска со договор за дар да му го отстапи својот идеален дел од станот во кој живееле со нивната малолетна ќерка.По стекнувањето на сопственоста, според обвинението, започнало психичко и физичко малтретирање, кое во 2025 година прераснало во сурово и нечовечно постапување.Обвинетиот често ја тепал и омаловажувал сопругата, и во домот и на јавни места, пред сведоци и во присуство на нивната малолетна ќерка, заканувајќи се дека ќе ја избрка од домот и дека ќе ѝ го одземе детето.На критичниот ден, по ново психичко и физичко малтретирање и закани, жената се вратила во станот со ќерката, со намера да се спакува и да замине. Обвинетиот инсистирал да се качи со неа во станот и таму продолжил со заканите. Сведок на настанот го оттурнал обвинетиот и заедно се симнале пред зградата за да ја почекаат оштетената.Според обвинителството, долгогодишното малтретирање ја довело жената во состојба на тешка психичка вознемиреност, страв и безнадежност, по што таа скокнала од терасата на станот од шестиот кат заедно со својата малолетна ќерка.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот, поради опасност од бегство и можност да продолжи со насилнички кривични дела.

Македонија | пред 2 месеци

pukanje-ubistvo

За убиство во обид ќе одговара скопјанецот кој пукаше кон сопругата, ја промаши, па на ќерките им кажал дека пак ќе пука

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишен маж осомничен за кривично дело убиство во обид, како и за кривично дело загрозување на сигурноста.Според обвинителството, на 1 март во семејниот дом, при вршење семејно насилство и во присуство на друго лице, осомничениот со умисла се обидел да ја лиши од живот својата сопруга. Тој извадил пиштол кој го поседувал со дозвола, го репетирал и испукал еден куршум кој поминал покрај оштетената, се одбил од паркетот и завршил во прозорецот.По настанот, осомничениот се симнал на долниот кат и на двете ќерки им кажал дека пукал во нивната мајка, по што тие заедно со оштетената го напуштиле домот.Според наводите на обвинителството, на 5 март осомничениот повторно се заканувал со пиштолот на сопругата пред нивните две ќерки, со намера да ги вознемири и заплаши.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и врз текот на постапката, како и опасност да го доврши делото кое се обидел да го стори.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarykm19ta71i1cp7PLwsui

Ќе се „чешлаат“ социјалните служби за случајот со Ивана и Катја: како постапиле по секое насилство од Стојанче?

Јавното обвинителство отвори предмет за да го испита постапувањето на Центарот за социјални работи во случајот со Ивана и малата Катја Јовановска, по наводите дека институциите не реагирале соодветно и покрај пријавите за семејно насилство.Од Обвинителството информираат дека предметот е оформен по допрен глас, врз основа на информациите објавени во медиумите за утврдени неправилности при извршен инспекциски надзор во Центарот за социјални работи.„Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, соопштија од обвинителството.Според информациите на СП, Ивана и Катја биле нападнати во болница од Стојанче. Социјални работници излегле на терен, но случајот не добил епилог со кој би се спречило понатамошно насилство.Трагедијата предизвика силни реакции во јавноста, особено поради сомнежите дека институциите не реагирале навреме. Невладини организации повеќепати предупредуваа на пропусти во работата на социјалните служби во случаи на семејно насилство.При последниот инспекциски надзор од Министерството за труд и социјална политика биле утврдени неправилности во водењето на предметот за Ивана и Катја, кои го загубија животот по пад од балкон во скопската населба Карпош.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања