Промени тема
Контакт

ОХРИД

309330726_519366293536723_6498304866494497533_n

Се санираат потпорни ѕидови во стариот дел на Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков преку социјалните мрежи информира дека саниран е потпорен ѕид во стариот дел од градот.„Санацијата на потрпониот ѕид на пресекот на улиците „Климентов Универзитет“ и „Рашанец“ заврши.Активностите за санација и уредување на потпорните ѕидови низ Стариот дел на градот продолжуваат.Во моментов се врши санација на потпорниот ѕид на улица 'Нада Филева'“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

308721906_516549930485026_3146509870095315469_n

542 првачиња во Охрид добија по 3000 денари

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков информираше дека успешно е реализиран проектот „Нашите првачиња“.„Денес на сметките на 542 родители на деца запишани во прво оддделение во рамки на основните училишта во општина Охрид се исплатени по 3000 денари финансиска поддршка во рамки на проектот „Нашите првачиња“. Средствата се обезбедени од буџетот на општина Охрид во вкупен износ од 1.626.000 денари.На сите првачиња им поскаувам среќно детство и успешно образование“, се вели во објавата.

Македонија | пред 3 години

Klub_mladi_19092022006

Пецаков за младите во Охрид со бројни активности за подобар статус во општината

Градоначалникот Кирил Пецаков денес во својот кабинет оствари работна средба со Претседателката на Клубот за младински прашања и политики при Собранието на Република Македонија, пратеничката Моника Зајкова и со претставници од Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП).На состанокот се разговараше за можностите да се преземат конкретни активности за зајакнување на соработката помеѓу Собранието и Општина Охрид , со вклученост на граѓанскиот сектор, а првенствено

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-09-22-at-09.18.24

Охрид: „Нискоградба“ работат на изведба на фекална канализација на улица „Живко Чинго“

Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведба на фекална канализација на улица „Живко Чинго“. Должината на линијата изнесува 400 метри.Вредноста на проектот е 1 578 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Охрид | пред 3 години

Gradonacalnik_Polska_20092022001

Пецаков на средба со градоначалничка од Полска: Ќе соработуваме!

Градноачалникот Кирил Пецаков денес оствари работна средба со Ана Пиларцук градоначалничка на Огоџењец, Република Полска.На средбата се разговараше за продлабочување на соработката во повеќе области, образование, култура, туризам. Исто така се разговараше за размена на искуства и идеи во подготовката и аплицирањето на проекти во ЕУ фондовите. Република Полска котира многу високо во добиени финасиски средства од ЕУ фондовите за реализација на проекти. Општина Охрид веќе има воспоставено соработка

Охрид | пред 3 години

Maraton_finish_20220910011

Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес е победник на 35. Охридски пливачки маратон

Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес е победник на 35. Охридски пливачки маратон што се одржа денеска на 25 километарската патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште.Во конкуренција на седуммина пливачи и една девојка второто место го освои Франческо Гетини од Италија, додека трет беше Македонецот Евгениј Поп Ацев.Златниот медал и паричната награда на Хернандез во името на градоначалникот Кирил Пецаков му ги врачи охридскиот пливачки херој Марко Пејчиноски. Сребрениот медал го д

Охрид | пред 3 години

Cistenje_Ezero_12092022002

Чистење на Охридско Езеро

Согласно годишната програма за 2022 на Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад, со одвиваше акција за чистење на дното на Охридското езеро кај Трпејца. Чистењето го реализираше „Клубот за подводни активности“.Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња, шпорети бојлери, телевизори и покуќнина.Целта на акцијата е заштита на Охридското езеро и подигање на јавната свест.

Охрид | пред 3 години

DSC_0262

Заврши шеснаесеттата седница на Советот на Општина Охрид

Заврши шеснаесеттата седница на Советот на Општина Охрид . Советниците дадоа „зелено светло“ за 42-те точки на дневен ред,а се однесуваа на работата и функционирањето на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ како и точки од урбанистичката сфера.Советниците дадоа можност за формирање групи во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“- Охрид, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број, зависно од потребите и барањата на родителите, а меѓу повеќето точки беа изгласани и Предлог Одлуките за разрешување и име

Охрид | пред 3 години

Forum_gradonacalnici_14092022013

Во Охрид, се одржа Форум на градоначалници организиран од УСАИД Македонија

Денеска во Охрид, се одржа Форум на градоначалници организиран од УСАИД Македонија, на кој беа презентирани резултатите од алатката за само-оценка. На форумот учествуваше и градоначаникот Кирил Пецаков, кој ги поздрави присутните.– Денес сме тука да најдеме начин да ги искористиме најдобрите можности за реализација на проекти од општ интерес. Заеднички ќе дискутираме за Подобрување на капацитетите на вработените во одделението за финансии и данок на имот при нашите општини. Развивање на ЛЕР пл

Охрид | пред 3 години

DSC_0237

Охридската полиција на нозе по сведоштвото, се трага по лицата кои лажат старци и им земаат пари

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои лажно се претставуваат како службени лица и вршат измами, претежно на повозрасни граѓани од Охрид, со телефонски јавувања за наводно случена сообраќајна несреќа со жртви или тешко повредени лица – членови на нивните семејства.„Притоа, користејќи ја нивната вознемиреност и загриженост, од нив изнудуваат парични средства. Апелираме до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични измами, преку повици добиени од непознати л

Охрид | пред 4 години

fasdfasdgfasd

(ВИДЕО) Страотно сведоштво од Охрид: Им кажале на родителите дека сестра ми прегазила дете и им барале пари, беше борба за живот

Охриѓанката Анета Јованоска преку социјалните медиуми сподели како нејзините родители биле мета на банда, кои со лаги, пробале да изнудат пари од нив. Кога се јавиле, според сведоштвото, непознато лице кое се претставило како инспектор од полиција кажало дека нивната ќерка (сестра на Анета) имала сообраќајка. Потоа, лицето кажало дека таа е во болница, но и дека прегазила дете. Непознатиот човек барал пари од возрасните лица, за да нивната ќерка не лежи во затвор.Целото сведоштво:„Во текот на вч

Охрид | пред 4 години

306274328_506146424858710_3274180767255620598_n

(ВИДЕО) Започна 35. Охридски пливачки маратон

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков им посака мирни води на пливачите на 35. Охридски пливачки маратон.„Започна 35. Охридски пливачки маратон.Им посакувам мирни води на пливачите.Ве поканувам на градското пристаниште да ги пречекаме, а од 14 часот да уживаме во настапот на Ансамблот "Билјана јуниор"“, вели Пецаков.Охридскиот маратон традиционално се одржуваше под покровителство на Претседателот на државата, но од неговиот кабинет стигна соопштение дека оваа година нема да се одржи поради бл

Македонија | пред 4 години

305988191_533933288534499_1024639479548728075_n

Охрид се чистеше и на празник

Ј.П.„Охридски Kомуналец" на граѓаните им го честита Денот на независноста на Република Македонија.Оттаму додаваат:📌И во овој празничен ден нашите дежурни eкипи се ангажирани на повеќе локации за градот да блесне во својот полн сјај📌🏳Украсување на градот со знамиња по повод 8.ми сепетември-Денот на независноста на Рeпублика Македонија📌Генерално расчистен делот во градскиот парк каде се наоѓаат спомен-обележјата на револуционерите📌По санирањето на дефектот со водоводната мрежа на ул.„Питу Гули", т

Охрид | пред 4 години

Sasho-Donev-29.04.2021

Нова седница во Охрид, дваесетина предлог одлуки на дневен ред

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕСНАЕСЕТАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ шеснаесетата седница на Советот на општина Охрид на ден 14.09.2022 година (среда ) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид

Охрид | пред 4 години

305803202_504057605067592_7398459784703970457_n

Пецаков: И после 31 години, ние како Македонци, повторно сме пред предизвик, за да го зачуваме нашиот национален и идентитетски корен

Изминаа 31 година, кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, а нашата Татковина, Република Македонија ја прогласи својата независнот, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„Во историски контекст краток период за една држава, но доволно долг за да ја потврдивме нашата цврста определба за демократска и просперитна Македонија.За жал и после 31 години, ние како Македонци, повторно сме исправени пред предизвик, кој треба и мора да го совладаме, за да го зачуваме нашиот национален

Македонија | пред 4 години

IMG_4387

Исплатен долгот од околу 20 милиони денари на сите училишта во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков информираше дека е исплатен долгот од околу 20 милиони денари на сите училишта.„Воведовме нова мерка за првачињата, а тоа е 3000 денари за секое запишано прваче во основните училишта во Општина Охрид.Ја покачуваме висината на стипендиите за учениците од основните училишта. Сега тие ќе изнесуваат 2 000 денари.Предвидовме стипендии и за учениците од средните училишта. И тука ја покачивме вредноста и сега висината на овие стипендии ќе изнесува 2 000 денари.Ст

Македонија | пред 4 години

DSC0279-scaled-1

Во Охрид се одржа комеморација по повод смртта на Благоја Силјаноски

Во организација на Општина Охрид и новинарите на Охрид, во големата сала денес се одржа комеморација по повод смртта на Благоја Силјаноски.За Благоја зборуваа Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и новинарот Милчо Јованоски.– Почитувани семејство Силјаноски,Примете го моето искрено сочувство.Благоја Силјаноски, целиот свој животен век го поминал афирмирајќи го Охрид на овој или оној начин. По завршувањето на основното училиште во родното село образованието го продолжува во охридската

Македонија | пред 4 години

Prv_skolksi_cas_Prlicev_01092022011

Кирил Пецаков присуствуваше на пригодната свеченост за првооделенците по повод почетокот на новата учебна година

Градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на пригодната свеченост за првооделенците по повод почетокот на новата учебна година, која се одржа во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот рече:– Драги момчиња и девојчиња, драги наши првачиња, добре дојдовте во царството на буквите и бројките, царството на песничите и цртежите, царството на најубавите приказни и незаборавните игри.Особено ми е мило што имам можност да ги видам вашите весели очиња, да ја по

Охрид | пред 4 години

302696445_497239722416047_2152223601405492331_n

Пецаков горд на Пејчиновски: Марко е најмладиот што го преприлвал Охридско Езеро, со рекорд кој никој не го постигнал

„Денеска остварив средба со младиот пливачки херој Марко Пејчиновски, кој изминатиот викенд исплива 64 километри во водите на Охридското Езеро, на релација Охрид – Струга – Свети Наум – Охрид“, напиша Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид.Тој посочи:Фасциниран сум од храброста и посветеност на овој исклучителен млад охриѓанец и не постојат доволни силни зборови со кои може да се упати најсоодветна честитка за неговите легендарни подвизи во пливањето, на кои се горди сите охриѓани.Како и

Охрид | пред 4 години

Poetski_kamp_26082022002

Во Охрид започна четвртото издание на Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески”

Со поздравно обраќање на градоначалникот, Кирил Пецаков денеска во Охрид започна четвртото издание на Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески”.На младите поети и поетеси од земјава и странство градоначалникот Пецаков им посака пријатен престој во Охрид во кој се кријат многу мотиви за идна творечка инспирација.– Огромно е задоволството да се биде меѓу младите поети и поетеси од Македонија и неколку балкански земји чии напишани стихови со воодушевувење сакаме да ги прочитаме или слу

Охрид | пред 4 години

302193120_496514825821870_831977108039133243_n

Размена на ученици меѓу Охрид и Приједор во БиХ, Пецаков со детали за соработката

„Денеска остварив средба со делегација на Општина Приједор од Босна и Херцеговина предводена од Претседателот на градскиот Совет, Мирсад Дуратовиќ и раководителот на општинскиот сектор за култура, Монја Касаловиќ.На средба се разгледуваа можностите за зајакнување на соработката меѓу Охрид и Приједор во повеќе општествени сфери пред се туризам, култура и образование“, обзнани Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид.Тој додаде:„Заеднички беше заклучено дека само со посредство на турис

Охрид | пред 4 години

Screenshot-2022-08-30-at-10.58.29

Во Охрид ќе има фестивал на виното, ќе настапуваат супер македонски ѕвезди

Од 8ми до 10ти Септември на улица „Кеј Македонија“ спроти хотелот „Палас“ ќе се одржи „Охридски фестивал на виното“.„За добра забава ќе бидат задолжени охридските бендови „Камелеон“ и „Бекдор бенд“ , а свој настап ќе има и Ѓоко Танески. На фестивалот ќе настапат и Дј Винофест, Фолтин, Александар Јосифовски, Ареа, Наум Петрески, Нина Јанева и Супехикс.Дополнително за добро расположение ќе придонесат и македонските винарии кои убавите музички звуци ќе ги надополнат со квалитетно македонско вино.Ох

Актуелно | пред 4 години

301501700_493647889441897_3821130347368866115_n

Започна 13. издание на Охридскиот хорски фестивал

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков вечерва го отвори 13тото издание на Охридскиот хорски фестивал„Вечерва имав чест да присуствувам на свеченото отворање и да го прогласам за отворено 13тото издание на Охридскиот хорски фестивал.Охридскиот Хорски фестивал заедно со фестивалот Охридско Лето и Балканскиот фестивал на народни песни и ора полека но сигурно го зазема приматот на културната мапа на Охрид и Македонија. Неговото значење е огромно не само на културен туку и на научно образовен, тури

Македонија | пред 4 години

301215261_523261329601695_3267046802564528667_n

(ФОТО) Се расчистува Охрид по силното невреме кое го зафати попладнево

По поројните дождови екипите на ЈП Охридски Комуналец веднаш искочија на терен„По нестабилното време кое го зафати охридскиот регион во попладневните часови, проследено со поројни дождови и силен ветер, дежурните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец" веднаш излегоа на терен.Се интервенираше на критичните места каде од обилните врнежи се наталожија наноси од песок, земја и др., а посебен акцент се стави на охридската чаршија, градското шеталиште, како и во стариот дел од градот“, информираат од прет

Македонија | пред 4 години

pecakov-65262

Пецаков им порача: Џабе ви се бурните реакции, помина времето на задкулисни игри во јавните претпријатија

„Секогаш кога народот ти дава доверба, чесно и коректно е да работиш во нивни интерес, а не да ја манипулираш нивната доверба. За жал советничката Виолета Аврамоска тоа погрешно го протолкувала. Како луѓе избрани од народот за да не ја манипулирате нивната доверба потребно е да се запознаете во целост со Законите на Република Македонија, правилниците, уредбите и постапките кои се водат во инститцуиите“, вели Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид.Тој додава:1. Поставувањето на Предлог-пр

Охрид | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања