Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ОХРИДСКО ЛЕТО 2026

media-librarylctc6kfqvub43rEYYo7

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето

Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ” од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и концерт на израелскиот  машки сопран/контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемен Виницки,  денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско  лето“.Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот  во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со нејзиниот солистички рецитал го означи почетокот на фестивалот „

Охрид | пред 17 часа

media-library0p0e0c58vtpl79TbUZZ

Вадим Холоденко-пијанист со редок квалитет и исклучителен талент

Украинскиот пијанист Вадим Холоденко, кој има репутација на еден од музички најдраматичните и технички најнадарените изведувачи на новата генерација пијанисти, вчеравечер имаше пијано-рецитал во црквата „Света Софија“ како дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“.Неговите настапи се препознаени по техничката прецизност, динамичните интерпретации и внимателното градење на музичката драматургија. Во досегашната кариера настапувал како солист и со оркестри во Европа, Северна Америка и Азија.

Охрид | пред 17 часа

media-libraryc2ve5jpp2e3mcA9M4K7

Квартет „Хермес“- млади уметници со голема зрелост во интерпретацијата 

Со долги и стоечки овации беа испратени вчеравечер членовите на францускиот квартет „Хермес“ од  фестивалот  „Охридско лето“. Нивниот концерт се одржа во рамки на традиционалната Француска вечер  на „Охридско лето“, поддржана од Амбасадата на Франција во РС Македонија и Францускиот Институт во Скопје.Младите но зрели во својата интерпретација уметници Омер Буше, Елисе Лиу, Лоу Јунг Хсин Чанг и Јан Левиноа донесоа исклучително деликатна и сложена програма за изведување, која иако таква, наиде на

Охрид | пред 4 дена

media-librarye0b425u1gk457LxIf6V

„СИГНУМ“ квартет вечерва ќе музицира за публиката на „Охридско лето“

Словенечко-германскиот квартет саксофони „СИГНУМ“ вечерва  во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе се претстави пред публиката на фестивалот „Охридско лето“.„СИГНУМ“ е сè освен обичен ансамбл – четворица извонредни саксофонисти кои се познаваат уште од студентските денови и кои постојано наоѓаат начин заеднички да откриваат. Станува збор за Михаил Кнот и Јакопо Тадеи – сопран саксофон, Алан Лужар - тенор саксофон и Едоардо Зоти -баритон саксофон.Нивниот стил претставува еден вид спој

Охрид | пред 4 дена

media-librarybfqu557bifth8wBrSG3

Пијанистката Пегораро прозвучи со совршена убавина

Вечер што долго ќе се памети  остави зад себе харизматичната и виртуозна италијанска пијанистка Кристиана Пегорано  која синоќа настапи на фестивалската програма на 66. „Охридско лето“.  Концертот се одржа  во рамки на Италијанската вечер, поддржана од Амбасадата на Италија во РС Македонија.Отворајќи ја вечерта, италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери,  истакна дека „Охридско лето“ од година во година достигнува сè повисоко ниво.-Имајќи предвид  дека  „Охридско лето“ е еден од најзначајните ку

Охрид | пред 5 дена

media-library0bkufl9t5ka84f43YDv

Француската вечер на „Охридско лето“ го носи квартетот „Хермес“

Репертоарот на класична музика на годинешното 66. „Охридско лето“ вечерва продолжува со квартетот „Хермес“ од Франција.Концертот  што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот е во рамки на традиционалната Француска вечер на фестивалот која се одржува со поддршка од Амбасадата на Франција во земјава и Францускиот Институт од Скопје.Ќе настапат Омер Буше и Елисе Лиу на виолина, Лоу Јунг Хсин Чанг на  виола и Јан Левионоа  на виолончело.Квартетот „Хермес“

Охрид | пред 5 дена

media-libraryjji0as6i28ve9KgtU5P

Италијанска вечер на „Охридско лето“

Големата ѕвезда во светот на пијанизмот, Кристијана Пегораро вечерва ќе одржи концерт во рамки на Италијанската вечер на „Охридско лето“. Таа ќе настапи во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 часот.Опишана од дневниот весник „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Кристијана Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија.Настапувала пред претседателите на Италија, Серџо Матарела и Карло Азељио Кјампи

Охрид | пред 6 дена

media-librarygbog840c39fo2Ms71fK

„Звук што расте“ - Камерниот оркестар на МММ одбележа 40 години постоење

Со дела од  македонски те композитори Властимир Николовски, Бете Илин, Дамјан Темков и Драган Шуплевски, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски –Ѓумар одбележа 40 години од постоењето.Концертот  под мотото „Звук што расте“  се одржа вчеравечер на „Охридско лето“  донесувајќи младешки елан и истовремено високи креативни вредности на младите уметници на кои допрва им претстои блескава кариера. Диригент на вечерта беше маестро Иван Еминовиќ, а солисти Памела Велкова

Охрид | пред 6 дена

media-libraryd580jdj7o0rf9G577hL

Камерниот оркестар на МММ вечерва на „Охридско лето“

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (МММ) „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва ќе настапи во рамки на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.Годинава Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија  одбележува четири децении од постоењето. Основан е како прв  сегмент на Летниот музички  камп на МММ во 1986 година во Охрид, и оттогаш  повеќе

Охрид | пред 1 седмица

media-library2g1h3t62u7c1cbu9Llc

Краповски: „Охридско лето“ не е само задоволство, туку и престиж за македонските уметници

Ансамблот „Алтус“  познат по  изведбата, афирмирањето и  зачувувањето на  класичното и современото македонско музичко творештво, вчеравечер  беше вистинско освежување за публиката на фестивалот „Охридско лето“.Концертот  на членовите на овој состав кои се истакнати изведувачи со домашно и меѓународно реноме, се одржа во црквата „Света Софија“. Под диригентската палка на Ана Спасовска настапија  сопранот Гонца Богоромова Краповски, флејтистката Елена Стојческа,  кларинетистот Игор Иванов, гитарис

Охрид | пред 1 седмица

media-librarylombi509f6dk0vHQOBi

Британска вечер на „Охридско лето“: Исата Кане-Мејсон ја воодушеви публиката, доделени фестивалски плакети за поддршката и културната соработка со Обединетото Кралство

Врвна пијанистичка уметност, префинета музичка интерпретација и силна емоција ѝ приреди на фестивалската публика британската пијанистка Исата Кане-Мејсон, која синоќа настапи на фестивалот „Охридско лето“ во рамки на традиционалната „Британска вечер“.Една од најистакнатите пијанистки на својата генерација, Кане-Мејсон уште еднаш ја потврди својата светска репутација, освојувајќи ја публиката со виртуозна техника, музикалност и исклучителна уметничка зрелост.Со внимателно избраната програма, Исат

Охрид | пред 1 седмица

media-librarytq4gbrfkoqbfeNvkMYC

Британска вечер на „Охридско лето“ со пијанистаката Исата Кане-Мејсон

Британската вечер на 66. Издание на фестивалот „Охридско лето“ што се одржува со поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство во земјава, денеска во црквата „Света Софија“ од 21 часот ќе донесе концерт на пијанистката Исата Кане-Мејсон. Пијанистката Исата Кане-Мејсон е препознатлива по нејзините еклектични и стимулативни рецитални програми кои нудат интересен спој на делата на Хајдн и Моцарт, Фани Менделсон и Клара Шуман, Шопен и Брамс, како и на Гершвин и делата од современите композитори. Во

Охрид | пред 1 седмица

media-library4ass8vm3agch3cjLRR2

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

Бурни и стоечки овации за пијано триото „Вибрарт“  од публиката што вчеравечер го проследи нивниот концерт во рамки на традицоналната Шпанска вечер на „Охридско лето“.Вечерта ја отвори амбасадорот на Кралството Шпанија во РС Македонија, Рафаел Сориано Ортиз кој нагласи дека главната цел на заедничката културна програма е да се  изградат мостови кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе.-Оваа година имаме неколку работи за прославување. Во 2026 година се одбележуваат 40 години откако Шпанија се п

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryb9h1ta4iihm68l8XhxQ

Австриска вечер на „Охридско лето“

Пијано дуото Денис Расел Дејвис и Маки Намекава вечерва ќе настапи  на традиционалната Австриска вечер на фестивалот „Охридско лето“ која се одржува со поддршка на Австриската амбасада во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Денис Расел Дејвис и Маки Намекава прв пат концертно соработуваат во 2003 година. По нивниот одличен настап на Фестивалот „Арс Електроника“ во Линц, двајцата одлучуваат да започнат постојана соработка како пијано дуо. Оттогаш до ден

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryk1rmgj0uqcfv1KSb5OL

Импресивен концерт на Камерниот оркестар на НОБ и маестра Чадловска

По неколкуте успешни гостувања на  одлични солисти и  ансамбли со различна жанровска програма за кои публиката покажа голем интерес, синоќа репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ повторно беше исполнет со импресивен настап на Камерниот оркестар на Националната Опера и Балет  под диригентската палка на Бисера Чадловска и сопранот Наде Талевска која беше солист на вечерта.Професионализмот и големиот креативен потенцијал на уметниците ги одразуваше не само нивните индивидуални квалит

Охрид | пред 1 седмица

media-library693ftcleacli7pk12z4

Вечерва на „Охридско лето“ концерт на Камерниот оркестар на НОБ

Камерниот оркестар на Националната опера и балет вечерва ќе има концерт на програмата на 66.„Охридско лето“.  Македонските уметници ќе настапат во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска.Камерниот оркестар на Националната опера и балет е формиран во 2010 година и е составен од истакнати музичари и солисти на Оркестарот на НОБ, под уметничко водство на маестро Саша Николовски-Ѓумар, подоцна под диригентската палка на маестро Џанлука Марти

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryqofe4jbula1a6HIbB39

„Кармен свита“ и „Болеро“ - современа интерпретација на балетската класика

На репертоарот на „Охридско лето“  синоќа се одиграа балетските претстави „Кармен свита“ и „Болеро“ од Жорж Бизе и Морис Равел, во изведба на маестралните  уметници од Опера и Театар „Мадленијанум“ од Србија, а во кореографија на Александар Илиќ.„Кармен свита“ адаптирана според  Бизеовата опера „Кармен“ ја долови стравствената приказна за Кармен, симболот на слободата и судбината, а „Болеро“ во вториот дел од вечерта донесе  динамична кореографија полна со драмски тензии.  Енергијата што се чувс

Охрид | пред 1 седмица

media-library47pnuec5p0qh1CEqkb6

Хрицова: „Охридско лето“ е жив тестамент за моќта на културата

Синоќешниот концерт на гудачкиот квартет при Државниот камерен оркестар „Жилина“ од Словачката Република, уште еднаш ја потврди оправданоста на  годинешното мото на фестивалот „Охридско лето“ дека „Уметноста трансформира - Уметноста е љубов“.Токму таков беше и настапот на членовите на овој состав, Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова , втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката Дарја Земскаја. Со своето вдахновено музицирање, тие ги разбудија сите сетила кај љубит

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryb68kg201hfb7cnt95n4

„Кармен свита и Болеро“ вечерва на „Охридско лето“ за љубителите на балетот

„Охридско лето“ денеска на репероарот ја нуди балетската претстава „Кармен свита и Болеро“  од Жорж Бизе и Морис Равел во изведба на Опера и театар „Мадленијанум“ – Србија.Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот и 30 минути.Балетот „Кармен свита“ претставува адаптација на познатата опера на Бизе, „Кармен“, раскажувајќи ја страсната приказна за неограничената и предизвикувачка Кармен, симбол на слободата и неизбежната судбина. Потпирајќи се на вирту

Охрид | пред 1 седмица

media-librarylcdlet5gt13ofsxDTY7

Словачка вечер на „Охридско лето“

Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина вечерва од 20 часот во црквата „Света Софија“  ќе одржи концерт  во рамките на Словачката вечер на фестивалот „Охридско лето“.Овој состав го сочинуваат  Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова , втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката Дарја Земскаја.Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина (ШКО Жилина) е основан во 2024 година во рамките на Државниот камерен оркестар Жилина како камерен ансамбл с

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryp8onq1bnk8ma0EJPALR

Со „Алумни“ концерт достојно одбележани шест децении ФМУ-Скопје

Со импресивен настап на единаесетмина истакнати уметници на „Охридско лето“  синоќа беа одбележани  јубилејни шеесет години од постоењето на Факултетот за музичка уметност-Скопје.Некогашните студенти на овој реномиран факултет, сопранистките Весна Гиновска-Илкова и Ана Дурловски, басот Игор Дурловски, пијанистите Катерина Гелебешева-Костадиновска, Кристина Светиева, Јанинка Невчева и Глигор Гелебешев, флејтистката Катерина Бачевска, обоистката Надица Ристиќ-Симовиќ, гитаристот Дарко Багевски и х

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryk2hvmi309e36et1anS6

На „Охридско лето“ концерт по повод 60 години Факултет за музичка уметност

Во рамките на фестивалската програма на „Охридско лето“ вечерва со „Алумни“ концерт ќе се одбележат 60 години Факултет за музичка уметност при Универзитетот „Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје.Во катедралната црква  „Света Софија“ ќе настапат Kатерина Костадиновска – Гелебешева, Глигор Гелебешев, Кристина Светиева, Милена Арсовска, Весна Гиновска Илкова, Златко Мадевски, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Надица Ристиќ – Симовиќ, Дарко Багески и Јанинка Навчева.На програмата се дела од Морлачи, Пуланк,

Охрид | пред 2 седмици

media-library5g0v3rrnng837UzHnNd

Врвно естетско доживување со младата пијанистка Горјана Стојановска

Новата фестивалска недела на „Охридско лето“ започна со солистички концерт на младата македонска пијанистка Горјана Стојановска која со своето музицирање ја воодушеви публиката во црквата „Света Софија“.Вечерта на пијано започна со прекрасната изведба на Баховото Капричо „На заминување на најмилиот брат“  а  потоа следуваa и шесте ставови на  позната музичка свита од францускиот композитор Морис Равел„Гробот на Купрeн“.  Љубителите на класичната музика  проследија и импресивна изведба  на две пи

Охрид | пред 2 седмици

media-libraryfiaiuskj944e38yAJX7

„Која е Лорет“ –претстава што ги поттикнува младите да го препознаат другиот во сета негова сложеност

Драмскиот репертоар на 66.„Охридско лето“ вчеравечер  на публиката ѝ ја понуди театарската претстава „Која е Лорет“  од Флоранс Кадије, во режија на Драгана Милошевски-Попова, а во изведба на Театарот за деца и Младинци-Скопје.Во фокусот на приказната е Лорет, девојче со Даунов синдром, кое не е дефинирано  преку една особина, туку  преку сите улоги што ги живее. Според директорката на НУ Театар за деца и младинци-Скопје, Фросина Карловицс, претставата ги поттикнува младите да погледнат подалеку

Охрид | пред 2 седмици

media-libraryqg63lur28evfcEdXbsB

Пијанистката Горјана Стојановска вечерва со концерт на „Охридско лето“

Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со настап на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Горјана Стојановска е родена во Битола, каде го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште, во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.   д-р Марија Ѓошевска, по претходни студии кај проф

Охрид | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања