ПУЛС

media-library7pnfehdj6at30jwBojW

(Видео) Ново разочарување кај родителите од Кочани, по одложувањето на второто рочиште: Нѐ третираат како во административен записник!

Александар Наунов, татко на трагично загинатата Надица во пожарот во дискотеката „Пулс“, ја сподели својата болка на денешниот Марш на ангелите.„Првото рочиште го дочекавме со надеж. Второто го дочекавме со треперење, а го испративме со тешко разочарување“, изјави Наунов пред медиумите. Тој посочи дека одложувањето не ја зема предвид болката на родителите кои ја изгубиле својата деца и дека секојдневно живеат со неизмерна загуба.Наунов ги нагласи и неправдите што ги почувствувале во судот, каде родителите биле ставени лице в лице со обвинетите без никаква организација или заштита.„Како да сме еднакви страни во нечиј административен записник, а не родители што ги изгубија своите деца“, рече тој.Таткото на Надица повика на професионалност, сериозност и човечност во судската постапка и истакна дека очекуваат да се утврди одговорност за сите пропусти, вклучително и кај полициските службеници.„Нашите деца нема да се вратат, но за нив, за нивното име и спомен, ние нема да престанеме да бараме вистина и правда“, додаде Наунов.На крајот од својата изјава, тој побара итна правда за сите 63 деца загинати во пожарот и изрази благодарност до граѓаните кои ги поддржуваат: „Заедно ќе ја добиеме правдата!“

Македонија | пред 2 месеци

media-library9l1acsq71kmc9M0eyV3

Кочани и утре ќе чекори за правда: Маршот на ангелите продолжува, повик испратен од родителите

Родителите ги повикаа граѓаните да им се придружат на 29 ноември во Кочани, на 29. издание на „Маршот на ангелите“ во 14:05 часот од Паркот на револуцијата. Настанот е најавен како мирен собир „со љубов, со болка и со достоинство“ во чест на загинатите во трагедијата во „Пулс“, со порака дека зад секоја судска постапка стојат човечки животи и семејства кои сè уште чекаат вистинска правда. Тие нагласуваат дека Маршот не е протест, туку глас против неправдата и потсетник дека општеството мора да покаже совест.Во меѓувреме, во Кривичниот суд во Идризово повторно беше одложено рочиштето за случајот „Пулс“. Дел од адвокатите на одбраната известија дека не го добиле интегрираното обвинение и не можат да се изјаснат за вината, ниту да ги изнесат воведните зборови. Неколку бранители предупредија дека обвинителниот акт содржи измени кои, според нив, директно влијаат врз правата на одбраната.Оштетените лица едногласно се приклучија на кривичниот прогон и повторно побараа проширена истрага, со потенцијална одговорност и за институциите.На рочиштето беа презентирани и нови информации за здравствените последици кај преживеаните. Иако првично не покажуваа видливи повреди, последните месеци неколкумина развиле потешкотии со дишење, хроничен замор и други сериозни симптоми кои лекарите ги поврзуваат со долготрајното изложување на чад и токсични материи за време на пожарот.Трагедијата во „Пулс“, која однесе 63 животи и остави над 200 повредени, продолжува да ја оптоварува заедницата. Семејствата бараат јасна одговорност, долгорочна поддршка и реформи во безбедносните стандарди. Маршот на 29 ноември е нивниот начин да потсетат дека борбата за правда не престанува и дека довербата во институциите мора да се заслужи.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL

(Видео) По претставка на родителите на загинатите во дискотеката „Пулс”, Апасиев закажа Анкетна комисија на 9 декември

Пратеникот на Левица и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права, Димитар Апасиев, на прес-конференција соопшти дека закажува редовна седница по поднесената претставка од Здружението „16 Март“ – здружението на родителите на загинатите деца од Кочани. Седницата ќе се одржи на 9 декември 2025 година, со цел да не се преклопи со судските рочишта и поради симболичната поврзаност со 10 декември – Светскиот ден на човековите слободи и права.На седницата се поканети сите членови и заменици на Комисијата, претседателот и потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи, премиерот, министерот за внатрешни работи, претседателот на државата, како и подносителите на претставката, кои ќе имаат право на обраќање.Апасиев нагласи дека ова не е ниту надзорна, ниту јавна расправа, туку редовна седница што Комисијата ја одржува кога постапува по претставки на граѓани, пракса која и претходно постоела во парламентот. Тој потсети дека постоеле три неуспешни обиди оваа точка да се стави на дневен ред, поради што е поведена и управна постапка против претседателот на Собранието.Во однос на паралелните иницијативи за анкетни комисии од власта и опозицијата, Апасиев смета дека тие се ад хок тела со ограничен рок и квази-истражни функции, додека постојаната Комисија има континуитет и редовни обврски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Трагедијата во „Пулс“ остави подолготрајни траги: преживеани развивале здравствени проблеми месеци по трагедијата

Неколку месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“, дел од присутните на концертот на групата ДНК кои во првите денови не почувствувале никакви повреди почнале да пријавуваат сериозни здравствени последици, меѓу кои и потешкотии со дишењето. Ова денеска го соопшти кочанскиот обвинител Борче Јанев на рочиштето за катастрофалниот пожар во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.„Има случаи каде лица веднаш по пожарот немале никакви симптоми, но по неколку месеци развиле проблеми со дишењето и други здравствени тегоби“, изјави Јанев, оценувајќи дека ова дополнително го потврдува размерот на трагедијата и последиците од вдишаниот чад и токсичните материјали што го исполнувале клубот во критичната ноќ.Во обвинителниот акт детално се наброени тешките повреди кај преживеаните и причините што довеле до смртта на 63-те млади луѓе. Дел од повредените се деца кои биле во објектот во моментот кога избувнал огнот.За трагедијата обвинети се 35 лица, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, денеска повторно не се произнесоа дали се чувствуваат виновни. На следното рочиште ќе треба да кажат дали чувствуваат вина.Судијката најави дека изјаснувањето за вина ќе се одржи на 2 декември, кога е закажано следното рочиште.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynhf4dr9ohm9220vIDfo

(Видео) Тензии пред судот: семејствата на жртвите од „Пулс“ во вербален судир со дел од адвокатите

Тензична атмосфера по денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Родители на дел од загинатите млади вербално реагираа кон неколку адвокати од Кочани кои застапуваат дел од обвинетите во постапката.„За колку пари се продадовте?“, „Повторно ги убивате нашите деца“, „Осум месеци нè убивате“ – извикуваа семејствата додека судската постапка завршуваше и сите се упатуваа кон паркингот пред судот.Револтот кулминираше поради чувството дека процесот се одолговлекува, а обвинетите и понатаму не се произнесени за вина. Родителите, кои со месеци ја следат секоја одлука на судот и обвинителите, сметаат дека секое одлагање е нов удар врз нивната болка.Полицијата ја следеше ситуацијата и интервенираше со присуство, но немаше физички инциденти—сè заврши со вербални расправии.Еден од адвокатите накратко им возврати дека „законот е таков и обвинетите мора да имаат бранител“, по што двете страни се разотидоа.Семејствата на жртвите остануваат истрајни во барањето правдата конечно да стигне до сите одговорни за трагедијата во која згаснаа 63 животи.

Настани | пред 2 месеци

media-librarys1h0g4cqrbkn48PL7Be

Обвинетите не се изјаснија за вина, рочиштето за трагедијата во „Пулс“ беше одложено

Второто рочиште од судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 млади лица, не донесе напредок во постапката. Наместо обвинетите да се произнесат дали се чувствуваат виновни, постапката беше стопирана поради сериозни забелешки од одбраната.Адвокатите на обвинетите остро реагираа дека Обвинителството извршило спојување на првичното обвинение со она поднесено против сопственикот на фирмата задолжена за обезбедување на дискотеката, а новиот „интегриран“ документ никогаш не бил доставен до лицата што се товарат за трагедијата. Според нив, со спојувањето се изменила содржината, доказите биле измешани и обвинетите не знаат што точно се става на нивен товар.„Ние во судница ја примивме таа интегрирана верзија, но никој од обвинетите ја нема. Тие не можат да се изјаснат за вина за документ што не го виделе. Дел од луѓето се во притвор, дел во куќен притвор — треба да знаат за што се обвинети“, рече адвокатот Звонко Давидовиќ.Сличен став изнесе и адвокатот Петре Шилегов, оценувајќи дека ваквиот пропуст на Обвинителството е неприфатлив не само за судот и одбраната, туку и за семејствата на загинатите. „Ако продолжи ваков пристап, правдата ќе остане недостижна. Целта е виновните да одговараат, а невините да бидат ослободени, но со хаос во обвинението тоа е невозможно“, порача Шилегов.Иако обвинителите тврдеа дека суштински промени во обвинението нема и дека рочиштето може да продолжи, судијката Дијана Груевска Илиевска ги прифати барањата на одбраната. Таа одлучи изјаснувањето за вина да се одложи, а денешното рочиште да се искористи за разгледување на побарувањата за отштета на семејствата на жртвите.Родителите повторно беа присутни во судницата и изразија задоволство од начинот на кој судијката го води процесот. „Повеќе од осум месеци живееме во агонија. На првото рочиште почувствував искра надеж. Сакаме само правда за нашите деца“, истакна Јулија Златкова, мајка на загинатиот Томас.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarym03jfcgescoj6h3izlG

На преживеани неколку месеци по пожарот во „Пулс“ им се појавиле здравствени проблеми

Нови моменти во судењето за пожарот во ,, Пулс”. Кочанскиот обвинител Борче Јанев на денешното судење изнесе нови информации поврзани со преживеани, кои се загрижувачки.„Има случаи каде лица првично по пожарот немале никакви повреди, меѓутоа неколку месеци потоа појавуваат проблеми со дишење и други здравствени проблеми“, рече Јанев.Денеска судењето продолжи со поднесување оштетни побарувања, но планираното изјаснување за вина на обвинетите и воведните зборови на одбраната беа одложени поради негодување на бранителите дека изменетиот текст на обвинението сè уште не им е доставен.Дел од бранителите побараа обвинението да биде преведено и на албански јазик.

Македонија | пред 2 месеци

media-library977ma44q1g0b6gvbJCW

Хаос на судењето за „Пулс“: Обвинетите не го добиле изменетото обвинение

Второто точиште за судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 63 лица, денеска запична тензично. Судијката го прекина и даде пауза од половина час, бидејќи одбраната на дел од обвинетите реагираше дека не го добила интегрираниот текст на обвинението.Бранителот истакнаа дека не е можно обвинетите да се произнесат за вина и да дадат воведни зборови за текст што воопшто не им е доставен.Дел, како што бараа, вооопшто го немаат добиено интегрираниот текст на обвинението, а треба да дадат воведни зборови.Одбраната, реагира дека доказната документација е целосно несредена и хаотична.Судијката Диана Груевска Илиевска одговори дека Судот побарал електронски адреси за достава на минатото рочиште, но вети дека ќе се потрудат обвинението да им биде доставено на сите.Денеска требаше одбраната да ги даде воведните зборови и обвинетите да се произнесат дали се виновни.

Македонија | пред 2 месеци

media-library2bhr9llnj04heZYiCmq

Одбраната во судницата во Идризово со жестоки критики: „Несредените докази го загрозуваат фер-судењето за ‘Пулс’“

На денешното второ рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната остро реагираше на начинот на кој Обвинителството ги доставило доказите, оценувајќи дека материјалите се во хаотична состојба и дека таквата презентација ја нарушува можноста за квалитетна одбрана.Адвокатката Сузана Јошевска посочи дека дел од електронските фајлови биле доставени во нефункционална форма – документи кои не можеле да се отвораат или користат без дополнителни интервенции. Според неа, Обвинителството не водело ниту елементарна грижа за систематизација: доказите не биле нумерирани, немале јасни ознаки, а содржината на фолдерите често не одговарала на нивното име.Одбраната на обвинетиот Михаил Јованов дополнително ја прошири дискусијата, поднесувајќи предлог за сослушување уште девет сведоци. Адвокатката реагираше дека бројот на предложени сведоци драстично е скратен во пречистеното обвинение – од првичните 283 сведоци останале само 25. Таа оцени дека ваквото редуцирање го лимитира увидот во целокупниот настан и отвора сомнеж дали обвинението се темели на целосен доказен материјал или на селективно избрани искази.Судијата ги нотираше сите приговори, а во понатамошниот тек на рочиштето се очекува обвинетите формално да се изјаснат за вината. Одбраната најавува дека ќе продолжи да бара средување на документацијата и проширување на доказниот процес, нагласувајќи дека само целосно расчистени материјали и комплетна листа сведоци може да гарантираат правично судење во еден од најтешките и најемотивни предмети во поновата македонска судска практика.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarym03jfcgescoj6h3izlG

Продолжува мегапроцесот за трагедијата во „Пулс“: Одбраната денеска ги дава воведните зборови

Судницата во Идризово денеска треба да се одржи второто рочиште од големиот судски процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година животите ги загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. По воведниот говор на обвинителството на првото рочиште, денеска се очекува обвинетите да се произнесат за вината, по што одбраната ќе ги даде своите воведни обраќања.Рочиштето повторно ќе се одвива под силни безбедносни мерки, со присуство на роднините на загинатите, новинари и голем број правни застапници. Постапката ја води судијката Диана Груевска Илиевска, која уште на почетокот најави дека ќе има нулта толеранција за недисциплина и нема да дозволи непотребни одолговлекувања.Обвинителот Борче Јанев во своето излагање минатата недела порача дека трагедијата не може да се сведе само на моментот на активирањето на пиротехниката, туку дека станува збор за „години институционален молк, игнорирање на ризици и системски пропусти“ кои го претвориле клубот во, како што рече, „смртоносна стапица“. Според обвинението, објектот функционирал повеќе од една деценија без минимални услови за работа: без противпожарен систем, со затворени прозорци, користени лесно запаливи материјали и само еден излез за евакуација.Јанев истакна дека доказите ќе покажат оти опасностите биле видливи со години, но службените лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и други функционери – „ги наследувале и продолжувале утврдените обрасци на непостапување“. Според обвинителството, токму таквата рутина на игнорирање предупредувања довела до непрекинат причинско-последичен тек што резултирал со трагедијата.Осум месеци по пожарот, на обвинителната клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица. Меѓу обвинетите се: Дејан Јованов, Митко Стојанов, Михаил Јованов, Гроздан Милковски, Милка Едровска, Тодор Јованов, Огњан Георгиев, Љупчо Стаменков, Николчо Гоцев, Ратко Димитровски, Николчо Илијев, Љупчо Папазов, Јане Јанчески, Лазар Захариев, Ивица Грозданов, Мартин Горгиев, Стојанчо Димитријев, Шабан Салиу, Аднан Џафероски, Беким Максути, Џеват Селами, Љупчо Грнчиштанов, Ваљон Сараќини, Крешник Бектеши, Џеваир Камбери, Шовкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Касапи, Миле Ампов, Блашка Ефтимова, Весна Кузмановска, Емил Митев, Размена Чекиќ-Дуровиќ, како и правните лица „ММММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани, „Рубикон Секјурити Солушнс“ и „Венци Проект“ ДООЕЛ Кочани.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysfmkgf2j6o6q27o89zt

37 обвинети, десетици пропусти и едно прашање: кој требало да спречи 63 млади животи да згаснат?

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а повеќе од 200 беа повредени. Процесот продолжува со произнесување вина и воведни зборови на одбраната, откако на претходното рочиште обвинителството побара одговорност по име и презиме за сите кои дозволиле, премолчеле или не ја спречиле трагедијата.Обвинителот Борче Јанев во воведниот говор нагласи дека општеството мора да се соочи со болната вистина, бидејќи „не е важно само кој го запалил огнот – важно е кој имал кофа вода и не ја истурил“. Тој истакна дека катастрофата не е последица само на пиротехниката, туку на години институционален молк, пропусти, игнорирани опасности и изостанати контроли што го претвориле клубот во „смртоносна стапица“.Јанев рече дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил небезбеден уште од неговото отворање. „Никулците на оваа невидена катастрофа се појавиле одамна, а сите предуслови биле поставени години наназад“, истакна тој. Според обвинителството, ниту еден од обвинетите не реагирал на опасностите, бидејќи и нивните претходници не преземале ништо.„Од изведените докази нема да видите ниту една активност што би го променила текот на настаните. Никој не излегол од долгогодишната рутина на непостапување“, додаде Јанев. Тој нагласи дека сите обвинети, како службени лица, го прифатиле молкот како службен протокол и со тоа создале „преплет од кривичноправни дејствија“ кои довеле до трагичниот исход на 16 март 2025 година.Според обвинителството, трагедијата била резултат на систематска негрижа и игнорирање на безбедносните закани: дискотеката работела без противпожарен систем, со затворени прозорци, лесно запаливи и токсични материјали, само еден излез за евакуација и без дозвола за пиротехника. Во критичната вечер бил дозволен влез на над 600 гости, меѓу кои и малолетници по полноќ, без контроли за опасни средства. При согорување, вградените материјали – особено сунѓерот на плафонот – ослободиле смртоносни гасови што довеле до масовна загуба на животи.Судењето се одвиваше под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднини на загинатите, претставници на обвинителството и одбраната, како и домашни и странски новинари.Осум месеци по трагедијата, на обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.Обвинетите се: Дејан Јованов, Митко Стојанов, Михаил Јованов, Гроздан Милковски, Милка Едровска, Тодор Јованов, Огњан Георгиев, Љупчо Стаменков, Николчо Гоцев, Ратко Димитровски, Николчо Илијев, Љупчо Папазов, Јане Јанчески, Лазар Захариев, Ивица Грозданов, Мартин Горгиев, Стојанчо Димитријев, Шабан Салиу, Аднан Џафероски, Беким Максути, Џеват Селами, Љупчо Грнчиштанов, Ваљон Сараќини, Крешник Бектеши, Џеваир Камбери, Шовкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Касапи, Миле Ампов, Блашка Ефтимова, Весна Кузмановска, Емил Митев, Размена Чекиќ-Дуровиќ, како и правните лица: „ММММ КАФЕ“ ДООЕЛ Кочани, „Рубикон Секјурити Солушнс“ и „Венци Проект“ ДООЕЛ Кочани.Паралелно со главниот процес, се води и постапка против полициски службеници за кои се сомничи дека повеќе од една деценија давале лажни уверувања и дозволувале дискотеката да работи без исполнети безбедносни стандарди. Некои од нив се во притвор, а други под мерки на претпазливост.Истовремено, Обвинителството отвори и постапка против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска, а предметот го застапува тим од 15 јавни обвинители. Таа порача дека ќе бара дисциплина од сите учесници во процесот и дека секое неоправдано одлагање ќе биде санкционирано.Трагедијата од 16 март 2025 година останува најголемата цивилна несреќа во поновата македонска историја – оголен пресек на системски пропусти што годинава конечно се разгледуваат пред суд.

Македонија | пред 2 месеци

IMG_5572

Двајцата инспектори од УЈП остануваат во куќен притвор – судот во Кочани го одби барањето за построги мерки

Кривичниот совет на Основниот суд во Кочани одлучи дека двајцата даночни инспектори осомничени во случајот со дискотеката „Пулс“ ќе останат во куќен притвор. Со ова, Судот ги одби жалбите поднесени од Основното јавно обвинителство Кочани, кое бараше нивно испраќање во истражен затвор.Обвинителството тврдеше дека постои опасност осомничените да влијаат врз сведоци или да го повторат делото и затоа побара построги мерки. Но, Кривичниот совет процени дека домашниот притвор е доволна гаранција дека тие ќе бидат достапни за понатамошната постапка.Во соопштението на Судот стои дека жалбите се целосно одбиени и дека решенијата на судијата на претходна постапка остануваат во сила.Инспекторите на УЈП се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба, земале поткуп и однапред ги предупредувале сопствениците на дискотеката за претстојни контроли, со што им овозможувале да избегнат законски обврски.Со оваа судска одлука се завршува спорот околу мерките за обезбедување присуство. Истрагата продолжува додека осомничените се наоѓаат во домашен притвор под надзор.

Магазин | пред 2 месеци

media-librarygph134rmne6kays8WVH

Адвокатка предупредува по првото судење за Пулс: „Фрази како ‘ќе стигнеме до вистината’ ја изместуваат улогата на судот

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска реагираше на воведната изјава на судијата на почетокот од судењето за случајот „Кочани“, во која тој рече дека „ќе се стигне до вистината“. Според неа, ваквата формулација може да создаде погрешна претстава во јавноста за улогата на судот и на одбраната во современата кривична постапка.Јошевска-Анастасовска потсетува дека со реформите од 2010 година, кривичната постапка во Македонија премина од модел на „утврдување материјална вистина“ кон модел што го става акцентот на фер-постапувањето, еднаквоста на странките и докажувањето на обвинението „надвор од разумно сомневање“.Според неа, изјави кои алудираат на „една апсолутна вистина“ може да ја збунат јавноста и да создадат впечаток дека одбраната е спротивставена на вистината или дека има негативна улога во процесот.„Судот не е орган што треба самостојно да ја бара апсолутната вистина, туку неутрален арбитер што ги оценува доказите на обвинителството и одбраната. Ако ова јасно се објасни, јавноста подобро ќе разбере зошто обвинетите имаат право на бранител и право да изнесат аргументи различни од оние на обвинителството“, вели таа.Адвокатката нагласува дека судот треба внимателно да ја формулира својата комуникација за да не создаде впечаток дека одбраната е „непријател на вистината“, туку да објасни дека сите страни во судницата се таму за да се утврди дали обвинението е правно одржливо.„Тонот не смее да имплицира дека одбраната е нужно зло кое мора да се толерира. Целта на постапката е фер и транспарентен процес, а не моралистичка потрага по апсолутна вистина", додава Јошевска-Анастасовска.

Коментари | пред 2 месеци

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

Калајџиев: Штетата од политички монтираното обвинение за Кочани ќе ја платиме сите

Правниот експерт и универзитетски професор Гордан Калајџиев остро реагираше по повод обвинението за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оценувајќи дека процесот носи сериозни импликации.„Штетата од политички монтираното обвинение за Кочани ќе ја платиме сите!“, напиша професорот,На оваа тема, Калајџиев реагираше и пред два месеци:„Не е страшно што обвинителите згрешиле со „теоријата“ за верижна одговорност за пожарот во Кочани. Страшно е што не се работи за грешка туку за нарачка од политиката. Страшно е што сите правни авторитети се сложија дека тоа баш нема да може, а сепак си го тераат! Згора и се унапредуваат во кариерата. Уште пострашно е што судот нема храброст да не го прифати ваквото широко обвинение“, напиша професорот на социјалните мрежи.

Коментари | пред 2 месеци

IMG_5572

За двајца куќен притвор, за седуммина мерки на претпазливост поради поврзаност со работата на клубот „Пулс”

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Кочани, одреди куќен притвор за две лица, кои се даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, додека за шест лица кои беа опфатени во истрагата мерки на претпазливост и за едно лице дополнителна мерка на претпазливост, потврди претседателот на Основниот суд-Кочани, Спиро Борисов. Одлуката е донесена откако Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот “Пулс”.Вчера ОЈО Кочани, соопшти дека двајцата даночни контролори кои се во куќен притвор ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во клубот.,,Тие се осомничени за „Примање поткуп“ од член 357 од Кривичниот законик, додека одговорното лице, син на реалниот сопственик на “Пулс” е осомничен за „Давање поткуп“ од член 358 од Кривичниот законик. За првите двајца Обвинителството до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор, додека за третиот во сила се мерки на претпазливост во првиот предмет поврзан со пожарот во “Пулс”, па се бара проширување на тие мерки со забрана за воспоставување и одржување контакти и со новоосомничените”, стои во вчерашното соопштение од Јавното обвинителство.Во него се посочува и дека шестмина осомничени, даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица, им овозможувале на правните субјекти “ММММ кафе” и “Пулс” да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација, со што се осомничени дека сториле дело„Злоупотреба на службената положба и овластување“ согласно член 353 од Кривичниот законик. За нив се предложени мерки на претпазливост.,,Сопственикот на “Пулс”, кој веќе е во притвор, во другиот предмет е осомничен за „Фалсификување исправа“ според член 378 од Кривичниот законик, бидејќи подолг временски период свесно и со умисла за време на контроли од Управата за јавни приходи приложувал преправени фискални апарати со контролни фискални извештаи со невистинити податоци, кои истиот ги употребувал како вистински, а се со цел и намера избегнување на парични глоби и затворање на објектот”, велат од Обвинителството.Според вчерашното соопштение на ОЈО-Кочани осомничена е и инспекторка од Државниот пазарен инспекторат која, исто така, е опфатена со претходната постапка, во која и се определени мерки на претпазливост и за која сега се обезбедени дополнителни докази и за кривично дело „Оддавање службена тајна“ од член 360 од Кривичниот законик поради откривање информации за ненајавени контроли.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања