ПУЛС

media-library035ta02k7b10eDltSrU

Одбраната за Захариев:„ Лазар ги спасуваше децата од пожарот, тој е херој“

На денешното рочиште за трагедијата во „Пулс“ во Идризово, адвокатот Зоран Зафировски го претстави случајот на обвинетиот Лазар Захариев, припадник на приватната агенција за обезбедување „Рубикон“, како пример на човек кој во кобната ноќ направил сè што можел за да спаси животи. Според одбраната, Захариев не е причинител на трагедијата, туку човек што се борел во хаосот за да извлече што повеќе млади на безбедно.Инсистирајќи дека обвинението погрешно го претставува неговото учество, Зафировски наведе дека Захариев воопшто не бил дел од обезбедувањето кое контролира влез, туку дошол дури откако пиротехниката веќе била внесена во дискотеката. Тој бил ангажиран на патрола на повеќе локации, а не како стационарно обезбедување во „Пулс“. Дополнително, таа вечер не носел рефлектирачки елек бидејќи никој не го информирал дека ќе се одржува концерт.Во своето обраќање, адвокатот ја нагласи и херојската страна на неговото делување:„Тој е херој во моите очи. Им го проверувал пулсот, се обидувал да ги реанимира и подигнал две врати кои биле паднати врз луѓето… Сето ова го направил откако и самиот бил натрупан со луѓе.“Одбраната најави дека ќе повика повеќе од 20 млади лица кои ќе сведочат дека токму Лазар им помогнал да излезат живи од објектот.Обвинителството го товари Захариев дека не го спречил внесувањето пиротехника, а истовремено, на страница 40, го наведува како оштетен, со констатација дека во пожарот се здобил со инхалациона повреда.Самото ова, според одбраната, покажува дека Захариев бил внатре во објектот како спасувач, а не како човек што дозволил прекршок.Захариев накратко и видно потресен се обрати пред судот:„Криво ми е што на кобниот ден не можев да спасам повеќе луѓе.“Захариев е обвинет за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“, исто како и другите обвинети во делот што се однесува на пропусти поврзани со безбедносните стандарди во дискотеката.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryomvpl4gba7jh96dABqd

Адвокатот на Камбери тврди: „Телефоните не се негови“ – затворот возвраќа дека никој не признал сопственост

Адвокатот Насер Рауфи денеска пред судот изјави дека 13-те мобилни телефони и лаптопот, за кои на претходното рочиште беше соопштено дека биле пронајдени во ќелијата на обвинетиот Џеваир Камбери, не му припаѓаат на неговиот клиент. Според него, „вистинскиот сопственик“ се пријавил сам.„Го молам судот да ја провери информацијата во затворот,“ изјави Рауфи, наведувајќи дека тоа може лесно да се утврди преку управата со притворското одделение.Од затворот појаснуваат дека во ќелијата на Камбери престојуваат тројца притвореници, дека ниту еден од нив – ниту пак некое друго лице – не признал сопственост над уредите, поради што сите телефони и лаптопот се заведени како заеднички имот на тројцата, што значи и на Камбери.По интерната проверка, управата истакна дека не може да изрече дисциплински мерки без одлука на судот, па доколку судијката наложи санкција, затворот ќе ја спроведе.На претходното рочиште судијката Диана Груевска-Илиевска посочи дека поседување телефони во притвор е сериозен прекршок, но овојпат Камбери доби само опомена. Таа најави дека во иднина ваквите прекршоци ќе бидат санкционирани.Џеваир Камбери е поранешен службеник во Министерството за економија и е единствениот меѓу 35-те обвинети кој, покрај тешките дела против општата сигурност, се товари и за примање поткуп и за изготвување фалсификувани службени исправи.Според обвинението, примил 226.000 денари (над 3.600 евра) за да обезбеди незаконска дозвола за работа на дискотеката „Пулс“.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj6vi8s9mk6kv7Qen62N

Екс-градоначалникот Ратко Димитровски во судницата во Идризово: „Реагирав уште во 2012, но институциите молчеа“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, ја отфрли вината. Во своето воведно обраќање тој рече дека е шокиран што по повеќе од една деценија се наоѓа на обвинителна клупа и дека, како што рече, „не може некој невин да го носи товарот наместо вистинскиот одговорен“.Во судницата ја даде следнава изјава, која ја пренесуваме дословно:„Изненаден сум. Никогаш, ама никогаш не би помислил дека ќе застанам на обвинителна клупа за функција што сум ја вршел пред 13 години. Не постојат заменски обвинети. Не може некој невин да одговара за друг.“Тврди дека предупредил уште пред отворањето на „Пулс“Димитровски пред судот откри дека во октомври 2012 година, уште пред дискотеката официјално да почне со работа, испратил допис до Министерството за економија барајќи информации за дозволата на објектот.„Кога дознав дека ќе се отвора дискотека, на 19.10.2012 година се обратив до Министерството: ’Ве молиме да не информирате дали му е издадена или ќе му биде издадена дозвола за тој објект‘. Јас сум единствен во Македонија кој го направил тоа, иако сум немал надлежност. На тој допис до денес немам добиено одговор,“ изјави тој.Тој дополнително наведе дека на 5 ноември 2012 година општината официјално го информирала сопственикот Дејан Јованов дека парцелите во близина на објектот не можат да се користат како паркинг, бидејќи тоа не е предвидено со важечкиот ДУП.„Не смее да се изостават оние што требало да бидат обвинети“Екс-градоначалникот истакна дека во целиот процес има пропусти и дека, според него, дел од одговорните лица не се опфатени со обвинението.„Каква правда може да се очекува ако се изостави и само еден човек кој требало да биде обвинет, а се обвинуваат луѓе кои не се виновни?“ рече Димитровски пред присутните роднини на жртвите и судскиот совет.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryorpd6vig4530eVzWlni

Одбраната тврди дека трагедијата во „Пулс“ не е последица на градежни пропусти – продолжија воведните излагања во судот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ одбраната на општинските градежни инспектори ја оспори тезата на обвинителството дека нивното непостапување придонело за катастрофата во која загинаа 63 млади животи. Бранителите на обвинетите објаснија дека „причината за трагедијата не произлегува од конструктивни недостатоци на објектот“, туку од други фактори кои не се во надлежност на градежните инспектори. Сите обвинети инспектори уште на почетокот упатија сочувство до семејствата на загинатите.Адвокат Зоран Зафировски, бранител на седмообвинетиот Огњен Георгиев, истакна дека делото за кое се гони неговиот клиент е веќе во постапка на застарување. Тој нагласи дека одбраната ќе докаже дека објектот не страдал од градежни недостатоци што би можеле да бидат предмет на инспекциска контрола.Според него, сите промени во објектот биле реновирања изведени од сопственикот без да поднесе пријава, што автоматски го ограничувало просторот за постапување на инспекторот. „Инспекциски надзор не може да се спроведе ако нема поднесок, налог или иницирана постапка,“ потенцираше Зафировски.Другите инспектори тврдат дека ниту знаеле за кабарето ниту имале надлежностБранителот на Љупчо Стаменков, адвокат Јован Танчев, истакна дека неговиот клиент во последните години работел во Скопје и „не можел ни да знае дека во објектот се одвива кабаретска дејност“. Според него, во целиот период додека Стаменков бил вработен во Општина Кочани, „немало ниедна поднесена пријава што би барала инспекторите да излезат на терен“.Адвокатите сметаат дека обвинителниот акт е „правно неконзистентен“, дека погрешно се применува материјалното право и дека нема докази кои би ја потврдиле вината.Одбраната на Николчо Коцев: немал налог, немал пријава, немал надлежностЗа деветтообвинетиот Николчо Коцев, повторно адвокат Зоран Зафировски објасни дека Коцев никогаш не добил ниту известување, ниту налог, ниту службена пријава за контрола на објектот. Тој потсети дека објектот е граден пред повеќе од 30 години, кога Коцев не бил ни службено лице, а за периодот што се опфаќа со обвинението е изведена само една градежна активност што не претставува промена на намената.Коцев, обраќајќи им се на семејствата на жртвите, рече:„– Таа вечер јас бев во болницата и до доцна во ноќта помагав. Тоа не е момент што можам да го заборавам и го носам со мене. А, денеска сум обвинет за нешто што не сум го сторил и никогаш не било во моја надлежност.“Тој додаде дека работел исклучиво во рамките на законските овластувања и очекува судот „да ја препознае разликата меѓу виновник и жртва на системска слабост“.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv0daek6ng0du6VDEO84

„Вратете ми го телефонот“ – обвинетиот инспектор Георгиев со лична молба во судницата: Новото рочиште за „Пулс“ продолжува

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ се отвори нова полемика околу улогата на поранешниот кочански градежен инспектор Огњан Георгиев (68), еден од обвинетите за тешки дела против општата сигурност. Тој, во судницата во Идризово побара да му биде вратен мобилниот телефон, кој му бил одземен како доказ во истрагата.Изјавата на Георгиев ја пренесуваме дословно:„Имам едно барање до ЈО, барам да ми се врати мојот мобилен телефон затоа што јас друг телефон немам. Мојот телефон е ’чист‘ со гаранција, немам никакви доказни материјали бидејќи сум немал никакви контакти со обвинетите.“Георгиев посочи дека и натаму ги плаќа месечните сметки за уредот, нагласувајќи дека телефонот не содржи ништо што би го поврзало со останатите обвинети или со трагичниот настан.Неговиот адвокат, Зоран Зафировски, подетално ја оспори правната основаност на обвинението, тврдејќи дека Обвинителството погрешно ги толкува надлежностите на градежните инспектори.Според Зафировски, инспекторите немаат овластување да запечатуваат објекти, ниту да интервенираат во делокругот на управувањето со урбанистички планови. Тој нагласи дека Георгиев немал налог за вонредна контрола и дека никој не побарал од него да спроведе дополнителен надзор.Одбраната смета дека во случајот „Пулс“ не се работело за пренамена од деловен во станбен простор, туку за пренамена „деловен во деловен“, поради што, како што тврдат, инспекторот немал законска обврска да преземе мерки.Адвокатот дополнително побара судот да утврди дали воопшто постои временска рамка во која делото сè уште може да се гони, бидејќи Георгиев го вршел својот инспекторски мандат од 2005 до 2021 година.Тој инсистира дека делото не може да се квалификува како сторено со умисла, туку евентуално со пропуст или небрежност.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryoag7ap4dmdqc6gm7dFC

„63 сенки ќе ги следат засекогаш“ – мајката на загинатиот Томас со болна порака пред новото рочиште за трагедијата во Кочани

Пред денешното продолжение на судскиот процес за „Пулс“, силна и емотивна реакција испрати Јулија Златкова, мајка на еден од загинатите, Томас Златков. Таа, очигледно потресена, пред новинарите зборуваше за болката која не згаснува и за огорченоста од ставот на обвинетите на претходните рочишта.63 убиени деца, 63 уништени иднини на децата и нивните семејства. Многу контрадикторно беше што на минатото рочиште никој од обвинетите не се изјасни за виновен. Зарем треба ние родителите да ги потсетиме зошто тие се наоѓаат во судницата? Никој од нив немаше ни грам совест ни човечност да ја признае својата вина. Ни монструмот, ни син му, ни брат му, ни соучесници дали биле од прв од втор од трет ред, никој не покажа барем човечност, а сите ние знаеме кој е виновен и се надевам дека ќе ја добиеме правдата за нашите убиени деца! 63 не е само бројка! 63 не е статистика! Тоа се млади убиени деца и 63 сенки ќе ги следат засекогаш. Искрено се надевам дека овие деца и ние семејствата ќе ја добиеме правдата бидејќи овие деца заслужуваат правда,“ вели Јулија Златкова, мајка на Тома Златков.Трагедијата што однесе 63 животи и натаму остава длабоки рани, а родителите и блиските очекуваат дека судскиот процес конечно ќе донесе одговорност и правда.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjtl9hs4r4c693DGZpa6

Во живо продолжува судењето за „Пулс“: И денеска нови воведни зборови на одбраната

И денеска во живо може да се следи новото рочиште за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани – случај што веќе две години ја потресува јавноста. Пред Судот во Идризово денеска треба да продолжат воведните излагања на одбраната, а фокусот ќе биде на тоа што нивните тимови ќе го презентираат како аргументи против обемното обвинение поднесено од 15 јавни обвинители.На ова рочиште се очекува детално да се образложат тврдењата на адвокатите дека обвинетите не презеле дејствија со кои директно би придонеле кон катастрофата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.На минатото рочиште сите обвинети – вкупно 37 лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници – се изјаснија дека не се виновни за делата што им се ставаат на товар. Повеќето од нив изразија сочувство до семејствата на загинатите, но инсистираа дека не постои причинско-последична врска меѓу нивните постапки и пожарот, а дел од одбраната тврдеше дека трагедијата е последица на институционални пропусти, не на лична вина.Одбраната најави дека ќе изведе сведоци и документација за да покаже дека сопствениците имале валидни дозволи, дека изведувачите и проектантите постапувале во рамки на своите надлежности, а дека некои обвинети – како синот на сопственикот, Михаил Јованов – воопшто не учествувале во управувањето со клубот.Од друга страна, Обвинителството останува на ставот дека „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од првиот ден и дека систематската негрижа, пропустите во надзорот и нелегалните адаптации довеле до најголемата цивилна трагедија од овој вид во земјата.

Македонија | пред 1 месец

media-library5a726e6tnk13dKOtx6T

Михаил: „Ја изгубив Бојана, го изгубив пријателот“

На денешното рочиште за трагедијата во „Пулс“, адвокатката на обвинетиот Михаил Јованов, Ивана Гоцева, изјави дека обвинителниот акт против нејзиниот клиент е правно неоснован и дека Обвинителството не приложило ниту еден доказ што укажува на негова конкретна улога во настаните.Гоцева оцени дека обвинението е во спротивност со основните принципи на кривичната постапка, нагласувајќи дека товарот на докажување секогаш е на страна на обвинителството.„Одбраната нема обврска да докажува невиност. Но во оваа ситуација сме ставени во позиција да го правиме токму тоа,“ рече таа, укажувајќи дека се очекува судот да одлучи по начелото in dubio pro reo ако нема докази за вина.Според Гоцева, единствената причина поради која Јованов се најде меѓу обвинетите е неговата семејна поврзаност со сопственикот на клубот – Дејан Јованов.Одбраната тврдеше дека Обвинителството ја довело јавноста во заблуда со селективно споделување дел од доказите, што – според Гоцева – дополнително го оптоварило Михаил, кој веќе се справувал со сериозни психички последици. Таа потсети дека Јованов ја загубил својата партнерка Бојана и најблизок пријател во трагедијата и дека по настанот работел со стручен тим за да ги надмине суицидните мисли.Одбраната: Нема докази дека учествувал во работата на клуботОдбраната наведе дека во периодот од 2020 до 2025 година нема ниту еден показател дека Михаил бил вмешан во работењето на правното лице.Според доставените податоци, тој:од 2017 до 2021 година бил редовен студент на УКИМ и живеел таму,по студиите отворил сопствена фирма „Карго бит ДООЕЛ Кочани“,не бил ниту сопственик ниту управител во клубот,не добил никакви овластувања од неговиот татко да презема дејствија во име на фирмата.Гоцева истакна дека самото присуство во клубот не го прави лице одговорно за работата на објектот, ниту го става под каква било законска обврска да презема мерки за заштита.Спорно обвинение за „заедничко договарање“Одбраната реагираше и на второто дело за кое Јованов се товари, кое – според нив – претставува незаконски мултиплицитет, бидејќи станува збор за исто кривично дело. Според обвинението, Михаил наводно учествувал во организирањето на настан во клубот и заедно со други лица договорил употреба на пиротехника.Гоцева категорично негираше дека тој имал било каква улога во тоа, истакнувајќи дека не бил присутен кога пиротехниката била внесена, ниту бил обврзан да знае за тие активности.Видео-докази: на работа до по полноќОдбраната најави дека ќе приложи видео-снимки од надзор кои, според нив, потврдуваат дека на 15 март 2025 година Михаил бил во својата фирма, а во клубот влегол дури по 2 часот и 5 минути по полноќ – по настанот.„Прашањето е едноставно: кое дејствие го презел за да се загрози безбедноста и да настане пожар?“ рече Гоцева, заклучувајќи дека за членовите на обвинението не се исполнети основните елементи на кривично дело.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjtl9hs4r4c693DGZpa6

(Видео) Петтообвинетата инженерка Милка Едровска до одбраната на газда Деко: „Никогаш не сум работела на ентериерот на ‘Пулс’“

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, инженерот Милка Едровска – петтообвинета во постапката – ја отфрли одговорноста која ѝ се става на товар. Таа тврдеше дека нејзината работа била ограничена само на сообраќајното решение и дека немала никаква улога во внатрешното уредување на дискотеката.Едровска јавно ја повика одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко да потврди дека од неа никогаш не бил побаран комплетен проект.„Дејан нека каже дали некогаш од мене побарал целосен проект“, рече таа во судницата, нагласувајќи дека нејзината работа не се однесувала на избор на материјали или на безбедноста на објектот.Таа изјави дека не стои зад изведбата на ентериерот:„Не сум изготвила проект за внатрешното уредување и не сум учествувала во избор на материјали во објектот.“Во однос на нејзината улога, додаде дека единствениот ангажман што го имала бил поврзан со сообраќаен дел од документација:„Не сум вршела надзор, ниту сум била присутна на терен. Бев ангажирана само во 2012 година, кога проектот беше завршен и од мене беше побарано исклучиво сообраќајно решение.“Застапникот на Едровска претходно посочи дека ентериерниот проект наводно бил изработен од друг архитект кој воопшто не е дел од обвинението.Инаку, според обвинителниот акт, Едровска се сомничи за „Тешки дела против општата сигурност“, при што обвинителството наведува три точки:-дека изготвила документ наречен „Основен проект“ кој не ги содржел задолжителните проектни целини (статика, електрика, механика, противпожарна заштита);-дека во 2023 година, без теренски увид, ја ажурирала документацијата само со промена на датум и насловна страница, по што проектот бил користен за добивање дозвола;-дека подготвила сообраќајно решение во кое паркинг-местата биле прикажани на дел што се води како државно земјиште.Судењето продолжува со излагањата на останатите обвинети.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarys3droijois4v65fZo5A

„Седам во четири ѕида и секој ден ја преживувам кобната ноќ“, кажа газда Деко во судницата во Идризово

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, сопственикот Дејан Јовановски – Деко се изјасни дека не е виновен за обвиненијата за тешки дела против општата сигурност. Во своето обраќање пред судот, тој даде подолга изјава, наведувајќи дека и самиот сè уште се справува со последиците од трагедијата во која загинаа 63 лица.„До ден денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер“, изјави Јовановски. Тој додаде дека цели девет месеци е во притвор „во четири ѕида“ и дека секој ден го минува со истата мисла: „Секојдневно ја преживувам таа трагична ноќ.“Јовановски зборуваше со треперлив глас, а на моменти со солзи во очите. „Не можам да поверувам што се случило таа ноќ“, рече тој.Во продолжение тој нагласи дека никогаш не би дозволил неговиот клуб да претставува опасност за гостите:„Јас како човек и како родител, каде што се собираа сите млади и моите деца, да бидам способен да дозволам да фали нешто? Зарем сериозно мислите дека доколку би знаел дека фали нешто, не би презел се за да се отстрани навреме?“Тој посочи дека во клубот низ годините израснале десетици генерации и дека сите што го познаваат знаат „колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“.„Од срце и од душа сакам да изразам сочувство до сите фамилии што имаат починати, а на повредените оздравување. Затоа што ја знам нивната болка и тага, затоа што и ние во нашата фамилија имаме починат и повреден член“, додаде тој.Во одбраната го спомена и неговиот син Михајло, кој е обвинет во предметот. „Мојот син Михајло е обвинет бидејќи тој немаше никакви обврски и активности ниту пак допринел кон тоа што се работеше на клубот. Тој имаше негова фирма за дистрибуција, си ги работеше неговите работни обврски со неговата фирма и си беше нормален гостин како и сите“, рече Јовановски.Со денешното изјаснување на првообвинетиот продолжува судскиот процес за утврдување на одговорноста за најголемата трагедија од ваков вид во земјата.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3b7mkhun5djler7FN44

(Во живо) „Дејан не е монструм“ - адвокатката на газдата на „Пулс“ жестоко го брани пред судот

Адвокатката на Дејан Јовановски-Деко, газда на „Пулс“ кажа дека тој не е монструм, ниту виновен за трагедијата во која загинаа 63 лица.„Тешко ми е да го бранам човекот што за сите вас, во вашите очи е убиец, а за мене само еден обичен човек. Еден обичен човек кој колку и да го правите монструозен, тој не е. Тој е човек на кого му падна на товар, институционалната одговорност. Не сме свесни ниту колку локали и моментално функционираат пропуштени од институцинален надзор, кој во конкретниот случај ниту ние немаше да го осазнаеме, ако ја немавме и немарноста на ангажираните музички артисти (ДНК) кои биле ангажирани во локалот на Дејан“, рече адвокатката.„Дејан е човек, а не монструм. Не сакал тоа да се случи. По оваа трагедија која е последица на долгогодишната непрофесиналност на системот, морам да напоменам дека и јас како човек кој живее во ова општество, барам правно издржана завршница.Таа го критикуваше обвинителниот акт.„Ова е најиздржаното обвинение. Говорот на Обвинителството беше поетичен“, додаде таа.СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Настани | пред 2 месеци

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Никој, па ни газадата Деко не чувствува вина за смртта на 63 млади животи

Сите обвинети за трагедијата во „Пулс“ ја негираат вината – ниту еден од 38-те обвинети не се чувствува одговорен за смртта на 63-те младиВо судницата во Идризово денес заврши изјаснувањето за вина на обвинетите за најтешката трагедија во поновата историја на Македонија – пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 63 млади лица. И покрај огромните човечки загуби, ниту еден од 35-те физички и трите правни лица не призна вина.Првообвинетиот, газдата на „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, кратко и јасно изјави:„Не се чувствувам виновен за кривичното дело што ми се става на товар.“Истото го повторија и неговиот син, братот, како и сите други обвинети меѓу кои има поранешни градоначалници, директори, инспектори и функционери. Клучните фигури: никој не чувствува вина, многумина зборуваат за „конструкции“Митко Стојанов, поранешен управител, иако изрази длабоко жалење, сепак не ја призна вината:„Жалам за изгубените животи, и животот би го дал за некои од нив. Но не се чувствувам виновен.“Тодор Јованов, задолжен за влезниците – и сам родител на повредено дете – рече:„Им посакувам брзо опоравување. Како родител на повредено дете изразувам сочувство… но не сум виновен.“Политичките фигури со став: обвинението е „селективно“ и „политички мотивирано“Ексградоначалникот Љупчо Папазов беше најотворен во критиката:„Ова е конструирано обвинение. Разбирам за што сум обвинет, но истрагата е селективна.“Поранешниот директор на ДЗС, Шабан Салиу, исто така не ја призна вината:„Процесот е политички мотивиран и правно неоснован.“Инспекторите и службениците: „Немаме никаква вина“Голем дел од инспекторите – оние кои требало да ги контролираат документацијата, безбедносните стандарди и техничките услови на објектот – изјавија дека се обвинети само „за бројка“.Градежниот инспектор Огњан Георгиев:„Немам никаква вина. Обвинет сум само за да има повеќе луѓе на списокот.“Пазарниот инспектор Весна Кузмановска:„Дечиња има таму, другари на моите деца… Сочувствувам, но не чувствувам вина.“И останатите инспектори – Љупчо Стаменков, Николчо Гоцев, Зоран Николовски, Беким Максути, Аднан Џафероски – исто така ја негираа одговорноста.Обезбедувањето: „Ние спасувавме животи“Вработените од обезбедувањето „Рубикон“ тврдат дека единствено се обидувале да помогнат.Мартин Ѓорѓиев:„Делата што ми се ставаат на товар не ги прифаќам. Ние ризикувавме живот за да спасиме други.“Стојанчо Димитријев:„Чувствувам само болка што не спасив повеќе.“Ивица Грозданов, Јане Јанчевски и сопственикот Александар Нацев (чиј предмет неодамна беше споен) исто така не признале вина.

Македонија | пред 2 месеци

media-library977ma44q1g0b6gvbJCW

Преживеан од пеколот во „Пулс“ со преврзана глава се соочи со Деко во судницата

На денешното, трето рочиште за случајот „Пулс“ во Идризово, како оштетен се појави едно од лицата повредени во пожарот, со завои на главата.Пред новинарите рече дека се приклучува кон кривичниот прогон против обвинетите и дека надоместот за нанесената штета ќе го бара во граѓанска постапка.Ова е прво рочиште на кое оштетените директно се соочија со првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката.Според податоците што ги достави обвинителството, вкупно 222 лица биле повредени во пожарот: 157 со тешки телесни повреди и 65 со телесни повреди.Обвинителството најави дека во доказната постапка ќе бидат внесени и дополнителни медицински документи, дел од нив пристигнати подоцна, а дел преведувани во изминатиот период.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryehq9ked41u88cWjlnc1

Во ќелија кај обвинет за „Пулс“ кој е во притвор најдени се 13 телефони и лаптоп, се правдаше: Jас ги најдов таму уште кога влегов

Во судницата во Идризово, се одржува ново рочиште за случајот „Пулс“, на кое обвинетите треба да се изјаснат за вина. Главна расправа веднаш беше ставена во втор план, откако судијката Дијана Груевска Илиевска го соочи обвинетиот Џеваир Камбери со сериозна злоупотреба направена додека е во притвор.Според информациите изнесени во судот, при претрес на неговата ќелија во истражниот затвор „Скопје“ биле пронајдени 13 мобилни телефони и еден лаптоп, која не смеел да ја има.На прашањето на судијката како е можно ваква опрема да се најде кај него, Камбери се обиде да се оправда со реченица што ја шокираше судницата:„Јас ги најдов таму уште кога влегов.“Груевска Илиевска реагираше:„13 мобилни телефони сте ги нашле вие? Ве молам… знаете што следува понатаму – самица и други мерки.“Камбери е обвинет како службено лице – советник во Министерството за економија. Според обвинението, тој е дел од синџирот што овозможил „Пулс“ да работи со фалсификувани лиценци. Се товари дека примал поткуп и изготвувал лажни службени исправи, при што, според ОЈО, зел 226.000 денари за да издаде фалсификувана лиценца за кабаре – без да биде запазена законската постапка.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Судење за „Пулс“: Обвинетите денеска се изјаснуваат за вина

Во големата судница во Идризово, денеска продолжува судењето за смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со клучната фаза – обвинетите да се изјаснат дали се чувствуваат виновни или не по наводите од обвинителниот акт.За трагедијата што на 16 март однесе 63 животи, а повреди повеќе од 210 лица, се гонат 35 обвинети и три фирми за тешки дела против општата сигурност, при што кривичното дејствие опфаќа период од 2012 година до денот на пожарот. На обвинителната клупа се сопственици и управители на дискотеката, лица од обезбедувањето, градежни и пазарни инспектори, поранешни градоначалници на Кочани, директори на ДЗС, поранешни министри и службеници, обвинети дека со години пропуштале да ги применат пропишаните безбедносни стандарди.По денешното изјаснување, според Законот за кривична постапка, следува фазата на воведни говори на бранителите и обвинетите. Прва се очекува да се обрати адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на првообвинетиот сопственик на „Пулс“, Дејан Јовановски Деко, како и на неговиот син Михаил Јовановски, трет обвинет и поранешен менаџер на дискотеката.Во процесот учествуваат повеќе од 40 адвокати, па судијката Диана Груевска Илиевска има можност да го ограничи времето за нивните излагања. Очекувањата се воведните говори да продолжат и на следното рочиште на 4 декември.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања