ПУЛС

saban-saliu-1515

Салиу во судница: „Бог да чува! Ниту Баба Ванѓа не можеше да го предвиди ова обвинение“

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу, денеска го отфрли товарот на обвинението во случајот „Пулс“, нарекувајќи го правно неодржливо и логички апсурдно.„Бог да чува! Ниту Баба Ванѓа да стане од гроб не можеше да го предвиди ова, а не пак јас“, изјави Салиу во судницата, реактирајќи на тврдењето дека делувал со „евентуална умисла“ во периодот 2012–2017 година, а за настан што се случил осум години подоцна – трагедијата во Кочани во 2025 година.Тој пред судот ја цитираше клучната реченица од обвинителниот акт: „Директорите на ДЗС, иако биле свесни дека поради нивното несторување може да настапи штетна последица, се согласиле со нејзиното настапување.“„Според ова, јас уште во 2012 година сум знаел што ќе се случи на 16 март 2025 година. Тоа не е ни правно, ни логично издржано“, нагласи Салиу.Но, неговото обраќање не остана само на правните дилеми. Салиу тврдеше дека е изложен и на политички притисок, директно посочувајќи ги пратеникот Димитар Апасиев и членовите на Анкетната комисија.„На вчерашната седница се злоупотреби моето име. Тврдеа дека сум доаѓал со службена кола. Тоа го говореа Петрушева и Апасиев. Срамота е да се фрлаат вакви обвинувања без факти“, изјави тој.Иако Салиу се брани дека немал начин да предвиди идни ризици, Обвинителството го товари за конкретни пропусти во работењето на ДЗС во минатото – пропусти кои, според нив, придонеле за системската негрижа што ја создаде околноста за трагедијата во „Пулс“.Обвинителниот акт му става на товар три суштински пропусти:1. Неназначување инспектор во КочаниВо критичниот период не донел решение за распоредување инспектор за заштита и спасување во Кочани, поради што објектите во регионот останале без надзор.2. Неспроведување законски обврскиНе биле преземени мерки за организирање и планирање заштита од пожари и експлозии, иако тоа било негова директна надлежност.3. Игнорирање ризик и формално планирањеГодишните планови за надзор биле подготвувани само „на хартија“, без реално присуство на терен, иако ДЗС знаело дека во Кочани нема ниту еден инспектор.Салиу, кој ја водеше ДЗС од 2008 до 2017 година, е еден од 37 обвинети во овој процес. Тој инсистира дека не е виновен и дека обвинението е дел од „меѓупартиски пресметки“, а не резултат на реални докази.

Македонија | пред 1 месец

media-library0hjb2374nfcsfxRqNP2

(Видео) Дали кофата за гаснење на пожарот во Пулс не била и во рацете на Обвинителството во Кочани?, праша адвокатот на Шабан Салиу

Димитар Дангов, адвокат на Шабан Салиу, го нападна Обвинителството со обвинението кое тие го поднесоа против ексдиректорот на Дирекцијата за заштита и спасување.Тој ги праша обвинителите, „дали кофата за гаснење на пожарот не била и во рацете на Обвинителството“, со оглед дека тие како орган на прогон можеле да отворат предмет по допрен глас и да утврдат криминално поведение кај страните кои денеска се на обвинителна клупа.„Ако некој во синџирот на каузалната врска си ја вршеше својата работа, и на 15 март 2025 година или на 16 март 2025 година пред да се запали фитилот на огнометот, го затвореше Пулс, дали во таков случај кога пожарот немаше да се случи, да дадеше Господ така да беше, Шабан Салиу ќе беше одговрен, само затоа што 9 до 14 години порано не постапувал по управно-правни обврски кои не биле ниту во негова надлежност. Дали во таква ситуација кога го нема пожарот, ќе се сметаше дека го сторил делото? Ќе беше ли одговорен? Не! Немаше да биде одговорен како што и сега не е одговорен, но немаше да биде ни обвинет“, додаде Дангов.Според адвокатот, се бара вина од Салиу само поради болката која трагедијата ја донесе.„Тој е обвинет само поради пожарот на 16 март и болката која таа трагедија ја предизвика во нашето општество. Болката колку и да е силна, не може да биде причина за обвинение. Правда не се гради на чувства туку на вистина. Да биде осуден, не е доволно Салиу да биде обвинет“, додаде тој.

Македонија | пред 1 месец

saban-saliu-1515

Случајот „Пулс“ продолжува: Одбраната на министерот Шанбан Салиу ќе даде воведно излагање

Судската постапка за кочанската дискотека „Пулс“, трагедија во која животот го загубија 63 лица, а стотици беа повредени, продолжува со ново рочиште на кое треба да бидат дадени воведните зборови на одбраната на обвинетите поранешни раководители на Дирекцијата за заштита и спасување.На обвинителната листа се наоѓа и актуелниот министер без ресор Шабан Салиу, кој денес е задолжен за интеграција и за имплементација на Стратегијата за Ромите. Обвинението се однесува на времето кога тој раководел со Дирекцијата за заштита и спасување — период од 2008 до 2017 година.Покрај него, обвинети се и неговите наследници на функцијата:– Ајдан Џафероски (2017–2020),– Беким Мазуки (2020–2024),– Цветан Селман, кој беше именуван за директор во август годинава, но по трагедијата ја напушти функцијата и се врати на работа во Кочани.Во постапката е опфатен и инспектор од ДЗС, кому обвинението му припишува пропусти во надзорните постапки.По воведните зборови на одбраната на раководството на ДЗС, треба да следуваат воведни излагања на обвинетите претставници на Министерството за економија, по што судот ќе премине на разгледување на доказите.

Македонија | пред 1 месец

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Во Идризово продолжува судењето за „Пулс“: Ваљон Сараќини и Крешник Бектеши ќе дадат воведни зборови

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ од Кочани продолжува денеска во Идризово, во атмосфера на засилени безбедносни мерки и силен интерес од јавноста. Процесот се води за најтешката цивилна катастрофа во поновата историја на државата, во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.На претходното рочиште дел од обвинетите ја оспорија обвинителната постапка, тврдејќи дека е нецелосна и дека нема прецизни докази кои индивидуално ги поврзуваат со трагедијата.Досега воведни говори дадоа обвинителството и одбраните на првообвинетиот Дејан Јованов, сопственикот на „ММММ Кафе“ Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и сопственикот на објектот Гроздан Милковски. Повеќето од нив ја отфрлија одговорноста и го доведоа под прашање целиот обвинителен акт.Следни ќе бидат поранешните министри Ваљон Сараќини и Крешник Бектеши, потоа службениците од Министерството за економија, како и пазарните инспектори Миле Ампов, Блашка Евтимова, Весна Кузмановска и Емил Митев.Воведно обраќање допрва треба да даде и Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, чииот предмет беше споен со процесот непосредно пред почетокот на судењето.Обвинителството, составено од тим од 15 јавни обвинители, најави дека низ доказите ќе покаже дека „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од првиот ден – производ на систематска негрижа, нелегална градба, пропуштени контроли и институционални пропусти кои довеле до катастрофа.На обвинителната клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypdeqcl33ol9b1QVMGBk

(Видео) „Срам ми е што сум дел од оваа држава“ – потреснен говор на мајката на загинатата Надица во Собранието

Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова, остро им се обрати на пратениците за време на Анкетната комисија во Собранието, обвинувајќи ги за манипулации, незаинтересираност и децениски системски пропусти.„Прво сакавте да манипулирате со нас родителите, тоа беше срамно од ваша страна. И од државата... Девет месеци никој од вас не се појави во Кочани да подаде рака на нас, да ни изрази сочувство, особено само писменото обраќање... Кај некој отидовме и лично да се видиме и не ни оставија убав впечаток“, рече Наунова.Таа нагласи дека борбата за вистинска правда не е само за нивните деца, туку и за сите други.„Велам ние бараме вистинска правда за нашите деца, но и за вашите деца... Дали сте се запрашале некогаш дали треба да го смениме системот од корен? Да, треба. Ние како обични граѓани стоиме пред вас, не само родители. 35 години гледаме дека системот не функционира.“Во своето излагање Наунова остро го критикуваше односот на институциите и предупреди на последиците од трајната неефикасност.„Ако не го смениме системот, нашите деца ќе се иселат како и ние. Срам ми е што сум дел од оваа држава. Дозволуваме секој ден да гледаме убиства, дозволуваме секој ден да гинат млади личности. Да се иселуваат... а од што? Не е од нас! Од вас е!“, им порача таа на пратениците.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryg3qgiscc44oa9P3fAdf

(Видео) Си седите на телефони, си шушкате, замачкувате очи“ - Павловска од „Кој е следен“ разочарана од пратениците на анкетката за „Пулс“

Анастасија Павловска од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ остро реагираше на однесувањето на дел од пратениците за време на седницата на Анкетната комисија, опишувајќи го како понижувачко и целосно непочитувачко кон родителите на жртвите од трагедијата во Кочани.„Оваа страна покажа нула заинтересираност за целата дискусија која се одвиваше. Ве гледам, си седите на вашите мобилни телефони, си шушкате меѓусебно. Кога се прибраа членовите на медиумите, а голем дел си заминаа – како мислите дека мене, како млад човек во државава, каква слика ми создава? Дека вие ќе можете да соработувате и вистински да се изборите за правда за овие луѓе што собрале храброст да дојдат да се обратат?“, рече Павловска.Таа праша дали навистина некој очекува по вакво однесување младите да стекнат доверба во институциите:„Дали сметате дека јас по денеска ќе излезам од тука и ќе речам: ‘Да, соработуваат пратеничките групи, гледаме дека покажаа емпатија и дека им е важно што имаат да кажат овие родители’? Не. Мене ова ми личи дека е само некоја процедура, само да се замачкаат очите дека ‘еве, конечно ви дадовме Анкетна комисија’. Навистина е многу разочарувачки.“Павловска истакна дека внимателно ги следела емоциите на пратениците, особено во моментите кога зборуваа двете мајки од Кочани, и додаде дека однесувањето е „засрамувачко“.На крајот, упати директен повик:„Ве молам, пишете им на сите ваши колеги да се вратат назад во оваа сала!“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl1665rbn007u6hwJ8I1

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

„Ова е навистина тешка дебата во којашто се мешаат разумот и емоциите, меѓутоа во моменти кога родителите собираат најголема сила за да учествуваат во дебатата, на нас не треба да ни биде тешко ништо. Треба да бидеме потрезени и поразумни во дебатата ако сакаме да допринесеме барем малку да се смени системот“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната дебата пред анкетната комисија за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Спасовски нагласи дека трагедијата ги погоди не само семејствата на жртвите, туку и целата заедница: „Загуба има и градот Кочани, државата, изгубени се цели генерации, не само на починатите, туку и на оние кои преживеаја и кои останаа со сериозни повреди“, потенцираше Спасовски.Тој нагласи дека анкетната комисија има задача да го испита функционирањето на системот и институциите, но дека кривичниот прогон останува во надлежност на Јавното обвинителство.Спасовски повика на анализа на законските решенија и сите системски пропусти: „Од 16 март до денеска, најлесно ни е да кажеме ‚системот не функционира‘, но не одговараме на прашањето што направивме за да почнеме да го менуваме системот кој не ни функционира“.Тој потенцираше дека е неопходно да се ревидираат закони и правила кои оставиле простор за манипулација: „Сè што не го дефинираме во законска рамка остава простор за манипулација и различни толкувања, што нè доведува во сериозен системски проблем. Временската рамка сè уште овозможува конкретни акции. Сè уште има време декларативното да го претвориме во дела“, додаде тој.Спасовски истакна дека барањата на родителите и семејствата мора да бидат разгледани и аргументирано образложени:„Игнорирањето е најлош можен пристап, особено кон семејствата на загинатите. Системот ќе го градиме со заедништво и солидарност. Комисијата и секоја друга расправа не смеат да бидат политизирани. Ова е настан во кој нема и не треба да има политика“, истакна Спасовски.Тој потврди дека поддршката на пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе биде целосна во процесот:„Поддршката на пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе ја имате во целиот процес, заедно со законодавниот дом и парламентарното мнозинство, доколку навистина сакаме да направиме промени. Повикувам по завршување на дебатата да седнеме заедно со родителите и заеднички да ги напишеме заклучоците и едногласно да ги усвоиме, за да знаеме како да постапуваме во идниот период“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjj4pcdjof2in5Kj3dG9

Мојсоска: Трагедијата во Кочани е системски колапс, не несреќа

Пратеничката Јована Мојсоска од Левица оцени дека трагедијата во Кочани не може да се нарече „несреќа“, туку последица на децениски системски пропусти.„Кога една мајка го губи своето дете, тоа не е несреќа. Несреќа е нешто што не зависи од нас. Ова е трагедија создадена од систем кој 35 години функционира со очигледни пропусти: дивоградби, фиктивни инспекции, корупција и институции кои молчат кога треба да штитат. Да не беше упорноста на родителите, Собранието немаше ниту денес да разговара за Кочани. И тоа е најголемиот срам – што жртвите мора да го креваат гласот за да ги натераат институциите да работат“, рече Мојсоска.Таа потсети дека девет месеци по пожарот нема ниту една законска измена која би спречила слична трагедија. „Законот за угостителска дејност се најавува со месеци, инспекциските надзори завршуваат со празни одговори, а институциите сè уште се кријат зад формалности наместо да покажат одговорност. Не е злоупотреба да бараш одговори. Злоупотреба е кога со години се дозволува да работи ‘дискотека на смртта’, кога инспектори земаат мито, кога началници игнорираат прекршоци, кога министер доаѓа на рочишта со службени возила, а политичка одговорност – никаде“, нагласи таа.Мојсоска во своето излагање пред Анкетната комисија порача дека станува збор за системска, а не индивидуална вина, и дека гласот на родителите мора да биде слушнат. „Македонија има изгубено повеќе деца во системски трагедии отколку што губи една држава во војна. Тоа мора да престане“, заклучи таа.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrpstfg4m9ol55xBIp21

(Видео) Мојсоска: Трагедијата во Кочани е резултат на системски пропусти , а не „несреќа“

На седницата на Анкетната комисија за случајот во Кочани, пратеничката Јована Мојсоска упати сериозни обвинувања за децениски институционални пропусти кои, како што посочи, довеле до смртта на деца и повторување на трагедии што можеле да бидат спречени.„Кога една мајка го губи своето дете, тоа не е несреќа. Несреќа е нешто што не зависи од нас. Ова е трагедија создадена од систем кој 35 години функционира со очигледни пропусти, дивоградби, фиктивни инспекции, корупција и институции кои молчат кога треба да штитат. Да не беше упорноста на родителите, Собранието немаше ниту денес да разговара за Кочани. И тоа е најголемиот срам – што жртвите мора да го креваат гласот за да ги натераат институциите да работат.“Мојсоска потсети дека речиси една година по трагедијата институциите не донеле ниту една законска измена. „Девет месеци поминаа без ниту една законска измена која ќе спречи ваква трагедија да се повтори. Законот за угостителска дејност се најавува со месеци, инспекциските надзори завршуваат со празни одговори, а институциите сè уште се кријат зад формалности наместо да покажат одговорност. Не е злоупотреба да бараш одговори. Злоупотреба е кога со години се дозволува да работи ‘дискотека на смртта’, кога инспектори земаат мито, кога началници игнорираат прекршoци, кога министер доаѓа на рочишта со службени возила, а политичка одговорност – никаде.“Во своето излагање таа додаде дека трагедијата не може да се сведе на индивидуален случај, туку претставува последица на системски пропусти. „Ова не е индивидуален пропуст, туку системска трагедија. Македонија има изгубено повеќе деца во системски трагедии отколку што губи една држава во војна. Тоа мора да престане.“

Македонија | пред 1 месец

media-library39p4goi9fas0cVgWCUr

Мајка на загинато дете во пожарот во „Пулс“ побара одговорност и од двајца актуелни функционери

На денешната седница на Анкетната комисија во Собранието, посветена на трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, збор зеде Марија Петрушова, мајка на една од жртвите. Таа пред пратениците и претставниците на институциите ја опиша борбата за расветлување на случајот како „борба за иднината на сите деца во државата“.Петрушова укажа дека трагедијата од 16 март, во која згаснаа млади животи, не може да се гледа одвоено од серијата институционални пропусти што, според неа, ја оставиле без заштита младата публика во клубот. Таа праша зошто одговорност не се бара и од актуелниот министер за економија и од раководството на Државниот пазарен инспекторат, институции кои, како што рече, имаат надлежности во делот на контрола на работата на угостителски објекти.Во обраќањето, Петрушова посочи дека во случајот се вклучени повеќе институции – од МВР, БЈБ и локалните полициски структури, до инспекциските служби, УЈП, ДЗСИ, општинските служби и приватната агенција за обезбедување „Рубикон“, кои имале обврска да обезбедат минимални стандарди на безбедност.„Секој граѓанин мора да се запраша – што се случува со нашите животи ако вакво нешто може да се повтори? Каде е безбедноста што државата треба да ја гарантира? Ние сме овде за да бараме правда. Не можеме да останеме безгрижни. Нашето барање е овој случај да се третира како сериозна повреда на човековите права, со посебен акцент на правото на живот. Она што го доживеавме претставува системска опасност за сите граѓани.Надлежност за случајот имаат МВР, БЈБ, СВР Штип, ОВР Кочани, инспекторката за економски криминал при ОВР Кочани, градоначалникот и општинските инспектори, ДПИ, Министерството за економија, УЈП, ДЗСИ, Агенцијата за обезбедување ‘Рубикон’ и низа други институции. Наместо да ги заштитат, системот ги остави нашите деца на немилост во објект кој работел незаконски и без соодветни безбедносни стандарди. Оваа трагедија е резултат на системски пропусти и негрижа.“Присутните членови на Комисијата по говорот најавија дека продолжуваат со собирање информации и документација за институционалното постапување пред и по пожарот во „Пулс“.

Македонија | пред 1 месец

media-library339jf889plbr6HIwW4O

(Видео) Вербален судир на седницата за „Пулс“: Апасиев и Василевска во расправа околу надлежностите на Комисијата

На денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, која се одржа во присуство на родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, дојде до остри расправии меѓу дел од пратениците.Според текот на седницата, пратеничката од мнозинството Иванка Василевска и претседателот на Комисијата, проф. д-р Димитар Апасиев, размениле повеќе забелешки во врска со надлежностите и функцијата на телото.Апасиев ѝ реплицираше на Василевска, посочувајќи дека според Уставот Постојаната анкетна комисија има посебна улога во утврдување факти поврзани со слободите и правата на граѓаните, а не истражни овластувања.„Она што го прочитавте беше допис на Обвинителот во врска со вашата анкетна комисија, а не со Постојаната анкетна комисија, која е уставна категорија, гарантирана во членот 76“, рече Апасиев, нагласувајќи дека наодите на Комисијата може да послужат како основа за иницирање постапка за утврдување политичка одговорност на носители на јавни функции.Тој додаде дека ова тело има за цел да утврди што пропуштиле институциите и како тоа се одразило врз трагичните настани, меѓу кои и пожарот во „Пулс“, за кој родителите бараат институционална одговорност.Пратеничката од ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, побара изземање на претседавачот Димитар Апасиев од водeњето на Комисијата, наведувајќи дека, според неа, постојат околности што ја доведуваат во прашање непристрасноста.Василевска во своето обраќање изрази сочувство кон семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, нагласувајќи ја, како што рече, длабоката човечка и професионална одговорност да го посочи, според неа, проблематичното постапување на Комисијата.„Стојам денеска пред вас со длабока тага и искрено сочувство за оваа незамислива трагедија“, рече таа, истакнувајќи дека како професор по право и како пратеник чувствува должност да укаже на сериозноста на ситуацијата.Во продолжение, Василевска се обрати директно до претседавачот Апасиев, укажувајќи на член 10 од Законот за постапување по поднесоци и претставки:„Во членот 10 се забранува да се постапува по претставка каде веќе има судска постапка за истата работа, а колега Апасиев, вие како правник сте должен да го знаете ова“, рече таа, оценувајќи дека неговото постапување, како што наведе, „делува сомнително“.Таа додаде дека правните принципи налагаат изземање во ситуации кога постои сомнеж во непристрасност, особено во предмет со висока чувствителност и вклучена јавност.„Пратеникот Апасиев со неговите изјави и ставови го изгуби кредибилитетот да ја води денешната комисија“, изјави Василевска, нагласувајќи дека, според неа, правдата мора да ја водат лица кои не даваат однапред оцени за можната одговорност.Таа заклучи со барањето Апасиев да биде изземен од претседавање со Комисијата, со образложение дека „правдата не смее да биде водена од оние кои однапред ја негираат“.Седницата продолжи со обраќања на родителите, кои повторија дека очекуваат парламентарна поддршка за расветлување на околностите и за утврдување одговорност за трагедијата во Кочани.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvcvvj1utob7f7vIZYcI

Левица ја повика власта да обезбеди кворум на седницата за „Пулс“

Пред денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, партијата Левица јавно побара од пратениците од владејачкото мнозинство да присуствуваат и да овозможат одржување на расправата за трагедијата во Кочани, која се случи пред девет месеци.Од Левица потсетуваат дека во периодот по настанот Собранието не усвоило ниту една суштинска мерка во врска со случајот, поради што, како што велат, институциите имаат обврска да покажат „сериозност и одговорност“ кон семејствата и јавноста. Според партијата, досегашното одложување на расправата испратило порака на недоволна институционална чувствителност за последиците и прашањата што ги отвори трагедијата.Одржувањето на седницата зависи од присуството на членовите (или нивните заменици) на Комисијата од редовите на владејачкото мнозинство. Меѓу нив се: Александар Велјановски, Миле Лефков, Ангелинка Петкова, Петар Ристески, Бране Петрушевски, Рашела Мизрахи, Игор Здравковски, Фериде Хаџиу и Весна Бендевска.Левица смета дека присуството на пратениците е неопходно за Собранието да ја исполни својата надзорна улога и да се обезбеди транспарентен процес. Партијата предупреди дека евентуално ново одложување би било дочекано како продолжување на опструкциите и како сигнал дека институциите не покажуваат подготвеност да ја расчистат одговорноста за случајот.Од страна на владејачкото мнозинство засега нема официјална реакција во врска со барањето на Левица.

Македонија | пред 1 месец

Sobranie-zgrada

Комисијата за „Пулс“ закажана за денеска, можно е да нема кворум

Во Парламентот за денеска е најавено одржување на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните. Седницата е закажана по претставка од родителите на младите кои го загубија животот во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.Семејствата на жртвите очекуваат присуство од сите пратеници и претставници на институциите, предупредувајќи дека нема простор за нови одложувања. Тие посочуваат дека денешниот термин е единствената можност директно да се обратат пред Собранието.Опозицијата стравува дека, доколку пратениците од владејачкото мнозинство не се појават, ќе недостига кворум и седницата нема да може да се одржи.Иако претседателот на Собранието предложи одложување поради тековната расправа за буџетот, од „Левица“, каде што Апасиев претседава со Комисијата, остануваат на закажаниот датум и време.Паралелно со ова, Собранието веќе формираше и посебна анкетна комисија со задача да ги разгледа сите поголеми трагедии од последните години, меѓу кои се и настаните поврзани со пожарот во „Пулс“.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhkb0c9l0m9i68L9KYiC

(Видео) „Дали судницата стана сцена за поезија?“, прашуваат родителите на загинатите деца во „Пулс“ по воведните говори на обвинетите

Со неизмерна болка на лицата, родителите на 63-те млади жртви од кочанската дискотека „Пулс“ повторно маршираа низ градот. Родителите прашуваат: дали судницата се претвори во „Струшки вечери на поезијата“? Дали зборовите, вештите интерпретации и правните конструкции треба да ја покријат смртта на нивните деца?Велат, две рочишта по ред гледаат исто сценарио: префрлање на одговорноста, бегство од фактите, избегнување на вина.„Гледаме како сите ја префрлаат топката еден на друг, а никој не застанува исправено пред вистината. Како е можно денес сите да се ненадлежни, а децата да се мртви?“, рече Александар Наунов, татко на загинатата Надица.Маршот, велат родителите, не е против државата туку за државата конечно да почне да функционира. За да се слушне гласот на нивните деца, кои повеќе не можат да зборуваат.Наунов нагласи дека протестот е крик за правда што ќе продолжи да одекнува:„Не се откажуваме. Нема да молчиме. Ќе бидеме тука на секое рочиште и на секој протест, сè додека правдата не победи. Овој марш е за нашите деца, за нивните згаснати животи, за иднината на сите деца во оваа држава.“Тој потсети дека Обвинителството располага со над 200 гигабајти доказен материјал – снимки, разговори, анализи, вештачења.„Тоа не се празни зборови, тоа се факти“, рече.Но и покрај тоа, одбраната продолжува да тврди дека никој не е виновен, а дел од обвинетите изјавуваат дека „не знаеле“ за постоењето на дискотеката.Судењето започна на 19 ноември. На последното рочиште сите 35 обвинети се изјаснија за невини.Следното рочиште е закажано за 10 декември, а ден претходно, на 9 декември, во Собранието повторно треба да заседава Анкетната комисија, која треба да ги утврди системските пропусти што довеле до трагедијата.Родителите повторија:„Не бараме одмазда. Не бараме крв. Бараме само едно – правда.“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfagqlthlc88t29Cnrqz

Повредена од „Пулс“ сведочи: Столе ме бодреше во Брзата помош, но не издржа, почина во Белград

Животот на ученичката од четврта година во средно стручно училиште за хемија и технологија бил наидно совршен: првенец на генерација, пијанист, дел од училишниот оркестар, дете на лекари со јасна желба – да стане доктор. Сѐ се движело во вистински правец. До 16 март.„Борба – тоа е она што ни останува. И на преживеаните, и на родителите што ги изгубија децата. Секој од нас носи тежина што мора да ја издржи“, вели 19-годишната Надалина Грозданова, девојка која ја преживеа трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ – денот што засекогаш ќе го носи во срцето и на кожата. Денот што однесе 63 животи.„Беше сабота. Го славевме роденденот на мојата најдобра другарка. Потоа петмина тргнавме на настапот на ДНК. Сѐ изгледаше вообичаено – диџеј, бенд, полна дискотека. Ние стоевме во третиот ред. Се вклучи пиротехниката, но не обрнуваме внимание. А потоа, за неколку минути, пламенот беше насекаде“, раскажува Надалина за „Курир“.„Сите тргнаа кон единствениот излез. 600 луѓе – една врата. Другарките излегоа, јас не. Почнав да паничам и се онесвестив. Последното што го памтам се вресоците и обидите на луѓето да се пробијат. Кога се освестив, беше темно. Не сфатив веднаш што се случило. Можеби умот се обидува да ги избрише најстрашните слики.“Се обидела да се извлече сама. „Не знам како успеав. Како да ме водеше нешто посилно од мене. Се сеќавам само на моментот кога поминав низ вратата. Сѐ околу тоа е избришано.“Својот ужас го раскажа и 26-годишната учителка Санела Давиткова – исто така преживеана.„Бевме точно пред бината, под пиротехниката. На почеток ни изгледаше како дел од настапот, сѐ додека пејачот не извика: ‘Излезете сите!’ Речиси сите мои пријатели излегоа, но ние тројца се заглавивме пред вратата. Од излезот ме делеше еден чекор. Кога го почувствував жешкиот воздух, ги ставив рацете преку лицето“, вели таа. Тој инстинкт ѝ го спасил лицето – рацете, пак, и денес ги носат изгорениците.„Понатаму ништо не памтам. Мислам дека кратко се онесвестив. Кога се разбудив – заглавена. Луѓе врз луѓе, вресоци. На вратата го здогледав моето момче. Го викав, но не ме препозна – сите бевме исчадени. Но ме слушна. Не знам како ме извлече.“Додека таа ја очекувала Итната помош, тој се вратил по неговите другари. „Двајцата ги извадија. Столе, еден од нив, момче што многу го сакавме, беше во амбулантното возило со мене. Беше храбар. Ме бодреше дека сѐ ќе биде добро. А тој… не издржа. Почина во Белград.“Санела се лекувала во Солун, потоа се вратила дома. „Тешко е – лузни, воспомините… но се навикнуваш. Работам. Учениците на почеток ме гледаа поинаку, сега е нормално.“И Надалина минала низ долга терапија во Солун – 75 дена со изгореници на вратот, вилицата и левата рака.„Дојдов до болница, разговарав со родителите, а ништо не памтам. Кога се разбудив од кома, не знаев ни зошто сум таму. На интензивна нега ми кажаа што се случило. Дека загинале луѓе што ги знам. Дека изгубив пријатели“, раскажува таа низ солзи.„Како минува времето, сфаќаш што навистина значи загуба. Не е лесно да се живее со тоа. Но останува борба. Тоа ми е најголемата животна лекција. Сфаќам колку е минливо сè што мислев дека вреди. Сонував за титулата првенец на генерација – и ја добив. Но на интензивна нега, таа титула не вреди ништо. Само сакаш да преживееш. Да се разбудиш. Да ги видиш твоите. Сè друго е помалку важно. Тоа е суштината.“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања