Промени тема
Контакт

ПУЛС

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

„Пожарот се ширеше со голема брзина бидејќи целиот плафон беше со сунѓер“, вели сведок на пожарот во „Пулс“

Сведокот Петар Марковски на денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, при кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, изјави дека успеал да се спаси, но дека и денеска чувствува последици, со оштетени дишни органи.На прашања од Обвинителството, тој рече дека бил редовен посетител на „Пулс“. Наведе дека билетите за вечерта биле купени од Тодор Јованов, брат на сопственикот на дискотеката, Дејан Јованов-Деко, а обезбедувањето го сочинувале Лазар Захариев, Мартин Ѓеорѓиев,

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryj5oa9ct7goso1L8A8SR

Испитајте си го ставот, контрадикторни сте, им рече адвокатот Шилегов на обвинителите за „Пулс“ по обвиненијата за полицајците

Адвокатот Петре Шилегов бара да се запре судењето за да се измени обвинението. Тој денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да ослободи дел од обвинетите, повикувајќи се на економичноста на постапката. Ова следува по обвиненијата од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, каде обвинителката детално образложи зошто се поднесени три засебни обвиненија. Само едно од трите обвиненија за полицајците се однесува на пожарот - нереагирањето

Македонија | пред 8 месеци

media-library4097e5t1147h6PuE8ww

Советот на Кочани едногласно „за“: ќе се гради спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“

Со порака дека сеќавањето мора да добие трајна форма, Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба и уредување на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“. Предлогот беше усвоен со 19 гласа „за“ и произлегува од иницијатива на Здружението „16 март 2025 Кочани“.Со одлуката, градоначалникот е овластен да го формира работното тело во најкраток можен рок, со оглед на тоа што целта е меморијалот да биде реализиран навреме за едного

Македонија | пред 8 месеци

media-library1brtd3u6jeee4W162Ck

Девет полицајци влегле и ја виделе пиротехниката во „Пулс“, но никој не спречил да биде активирана - излезот не бил заклучен

Од 23 обвинети полициски службеници, меѓу кои има и началници, девет од нив се гонат поради тоа што можеле, но не спречиле да се случи трагедијата во „Пулс“. Досега, Обвинителството нема ослободено од вина ниту едно лице со полициски овластувања, а кај пензионираните полицајци се констатирало дека не можат да ги гонат поради застареност на кривичното дело кое би им го ставиле на товар.Обвинителката Ивана Алексова Трајчева која денеска поднесе три обвиненија, посочи дека деветте полициски службен

Македонија | пред 8 месеци

media-library6odcd3b3703idPduakV

Поднесени се три обвиненија против полицајците за „Пулс“: дозволиле активирање на пиротехниката, отворање на клубот, казнувале непостоечка фирма

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека по спроведени темелни истражни постапки е поднесено обвинение против вкупно 13 полициски службеници во врска со пожарот во кочанското кабаре „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 220 беа повредени.Според обвинението, полициските службеници во периодот од 14 до 16 март 2025 година не постапиле согласно прописите за заштита, не извршиле целосни и детални проверки и не ги примениле стандардните оперативни процедури

Македонија | пред 8 месеци

kocani

„Од петмина другари, само јас преживеав“, потресно сведоштво на судењето за „Пулс“

Сведоштвото на Мартин Китанов на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ беше едно од најпотресните досега. Тој опиша сцени на целосен хаос, чад и неподнослива жештина, со луѓе паднати и притиснати на главниот излез, каде, како што рече, животот и смртта се разделувале во секунди.Китанов раскажа дека во обид да излезе од објектот се сопнал и паднал, по што врз него налетале и други лица. Притиснат под тежината на повеќе тела, почнал да го губи здивот и надежта дека ќе преживее. Во тие моме

Македонија | пред 8 месеци

puls-35-1

Сведок на пожарот во „Пулс“: паднав, ме газеа, па ја изгубив свеста - полицајците не ми пружија помош

Густ црн чад и жештина што не се издржува — вака сведокот Тоше Трендафилов ги опиша првите секунди по избувнувањето на пожарот во дискотеката „Пулс“. Тој наведе и дека во објектот не забележал противпожарни апарати. Кобната вечер, како што изјави, го видел и сопственикот Дејан Јованов-Деко како учествува во гаснењето на пожарот. Сакал да бега преку тоалетите каде што отишле повеќе негови познаници, но пријател кој го придружувал го убедил да си излезат преку главниот влез.„Се спушташе густ црн ч

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryjhlt00pjmhbdfXaYYxP

Сведоштво на преживеан од Пулс: „Го најдов брат ми на самиот праг, меѓу тела без свест, а имаше еден излез од 'Пулс'“

„Го најдов брат ми на самиот праг. Имаше многу тела. Ги тргав за да стигнам до него“, вака сведочеше Кристијан Панов од Кочани, опишувајќи го хоророт кога, во хаосот и чадот, повторно влегол во дискотеката „Пулс“ во потрага по својот брат Андреј.Според неговото сведоштво, внатрешноста на објектот била исполнета со густ чад, со луѓе без свест и со минимална видливост. Налетал на пожарникар, но поради недоволно осветлување бил принуден да се снаоѓа со светлото од мобилниот телефон. Андреј Панов би

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryfp5vj1n9ak0i9uUU1ss

Таткото на загинатата Надица со остра порака до адвокатката нa Деко: Кога кажавте дека тој е човек а не монструм беше најболна реченица досега

Александар Наунов, татко на загинатата Надица во трагедијата во „Пулс“, остро реагираше на јавната изјава на адвокатката на обвинетиот сопственик на објектот, Дејан Јованов-Деко, оценувајќи дека повикувањето на сочувство и емпатија е во целосна спротивност со зборовите што таа претходно ги упатила пред родителите на жртвите.Наунов потсети на изјави дадени за време на судењето, кога, како што наведе, адвокатката јавно тврдела дека обвинетиот требало да одговара за небрежност, а не за тешки кривич

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тензичен старт на судењето за “Пулс”: доцнење на спровод на обвинети од тетовскиот затвор го одложи стартот, судијката не сакаше да слуша објаснувања и ги искара полицајците

Судското рочиште за предметот „Пулс“ денеска започна со приближно едночасовно задоцнување, откако спроводната служба од Тетово не пристигна навреме. Пролонгирањето на почетокот предизвика напнатост во судницата и остра реакција од судечкиот совет.Веднаш по стартот на постапката, судијката Диана Груевска Илиевска побара објаснување за доцнењето и им нареди на судските полицајци да ги повикаат одговорните од спроводот. „Зошто доцните?“ праша таа, без да остави простор за одолговлекување.Еден од по

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Системски пропусти и човечка трагедија: продолжува процесот за пожарот во „Пулс“

Со сослушување на сведоци и законски застапници на оштетените, денеска во судницата во Идризово продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која на 16 март 2025 година животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.Претходното рочиште беше одложено по барање на бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која во меѓувреме беше избрана за член на Судскиот

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryr13igug2inobaJrxD8i

(Видео) Семејствата на загинатите бараат рок, одлука и одговорност: „Правдата што доцни не е правда“

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од устите на родителите и блиските на загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, на 36. по ред „Марш за ангелите“. Со маршот, семејствата уште еднаш ги потсетија институциите дека трагедијата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, не смее да заврши во тишина, одолговлекување и заборав.Маршот се одвиваше по веќе воспоставената рута, од „Паркот на револуцијата“ до зградите на Основното јавно об

Студио | пред 8 месеци

puls-38

Над 2 милиони денари данок платени на државата од „Супорт Кочани“, за донираните 22 милиони денари

Иницијативата Support Kocani ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации, отворена по трагичниот настан што го погоди Кочани, при што значаен дел од средствата повторно завршија како персонален данок на доход во државниот буџет.Во рамки на третата распределба, финансиска помош добија вкупно 142 лица кои претходно поднеле и потпишале изјава за потреба од поддршка. Средствата беа распределени според утврдени критериуми и донаторска одлука, но

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Главната расправа за „Пулс“ е одложена за 26 јануари на барање на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска: Таа од вчера е член на Судскиот совет

Главната расправа за трагедијата во „Пулс“ закажана за утре е одложена, а процесот продолжува на 26 јануари.Одлагањето е по барање на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, бранителка на еден од обвинетите, која во текот на вчерашниот ден беше избрана за членка на Судскиот совет. Поради новонастанатата функција, таа повеќе не може да ја извршува адвокатската дејност, па судот оцени дека мора да му се овозможи на обвинетиот да ангажира нов бранител и тој да добие време да се запознае со предме

Македонија | пред 8 месеци

kocani-puls-protest-8

Од Кочани до Кран-Монтана: Свеќи и тишина наместо марш

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, основано од дел од родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати јавен повик до граѓаните за тивка и достоинствена почит кон жртвите од трагичниот пожар во Кран-Монтана, Швајцарија, каде загина и Македонецот Стив Ивановски.Од Здружението информираат дека оваа сабота нема да се одржи традиционалниот „Марш на ангелите“, со цел, како што наведуваат, болката да се сподели со семејствата кои денес ја живеат истата тишина и за

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryq2asteu4cj8i1HavK7m

(Фото) Загрозени земејства потпомогнати за Бадник од фондацијата основана во чест на Адријан Живков, загинат во „Пулс“

Фондацијата „Адријан Живков“ денеска, по повод Бадник – еден од најголемите христијански празници, организираше хуманитарна акција за помош на најзагрозените семејства. Во рамки на активноста беа донирани прехранбени пакети за 10 семејства, со цел да се внесе топлина, солидарност и човечка грижа во празничните денови.„Со љубов, хуманост и искрена грижа внесовме топлина таму каде што беше најстудено“, порачуваат од Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката за ранливите категории останува еден од

Македонија | пред 9 месеци

media-library4097e5t1147h6PuE8ww

Родителите на дел од загинатите во „Пулс“: Спомен-обележјето не е за оплакување, туку за почит и сеќавање кон децата

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани, основано од родителите и семејствата на трагично загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“, јавно реагира на петицијата што деновиве се промовира преку социјалните мрежи и дел од медиумите, а која се однесува на предложената локација за спомен-обележје на улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“.Од здружението посочуваат дека имаат обврска јасно да укажат на неколку клучни факти кои, како што наведуваат, се во директна спротивност

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryq7a9rfhfcg17evL3aCG

(Видео) „Кран-Монтана, Кочани и заборавените лекции: Истата искра, истиот чад, истата смрт

Трагедијата во ноќниот бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, во која животот го загубија најмалку 40 лица, потсетува на неколку речиси идентични катастрофи кои засекогаш останаа запишани како едни од најсмртоносните пожари во затворени јавни објекти. Покрај пожарите во ноќниот клуб „Кис“ во Бразил во 2013 година и „Зе Стејшн“ во американската сојузна држава Род Ајленд во 2003 година, трагичната низа денес неизбежно се надополнува и со трагедијата во Кочани, Македонија, во 2025 годин

Свет | пред 9 месеци

media-library3u954if0ld9o9hHYOrh

Мицкоски: „Избегнувам јавно да зборувам, темата се злоупотребува од политички глодари“, вака одговори премиерот за помошта за семејствата на загинатите од „Пулс“

„Секогаш избегнувам да зборувам јавно бидејќи гледам дека одредени политички структури и блиски до одредени политички глодари се обидуваат таа тема да ја злоупотребуваат и да добиваат политички поени на маката на ожалостените семејства. Се што имам да кажам, јас го кажувам на тие состаноци со родителите и Здружението. Се појавив на Анкетната комисија, иако знаете дека имаше многу шпекулации и има многу шпекулации во јавноста за еден од тие состаноци со родителите. Можам да кажам дека дел од рабо

Македонија | пред 9 месеци

media-library4097e5t1147h6PuE8ww

(Фото) Стар парк во Кочани можна локација за меморијал центар за 63-те жртви од „Пулс“, идејата е да се изгради патека на бесконечноста

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ поднесе официјална граѓанска иницијатива до Општина Кочани со барање да се определи локација за изградба на спомен-обележје во чест на жртвите од трагедијата што ја одбележа 2025 година. По разгледувањето на иницијативата, Советот на Општина Кочани побара локалната самоуправа да организира јавна трибина, на која граѓаните, а особено жителите што живеат во непосредна близина на предложената локација, ќе можат јавно да го изнесат своето мислење.Во таа

Македонија | пред 9 месеци

media-library9lshji21uja744CRFS0

„Ќе те убијам” закани за инспектор кој обвини родители дека и тие треба да се на обвинителна клупа бидејќи пуштиле малолетни деца во „Пулс”

Тензично во судницата и по рочиштето за трагедијата во дискотеката „Пулс во Кочани”. До судир дојде меѓу родители на загинати деца и обвинетиот градежен инспектор, Огњан Ѓорѓиев.Тој бесно изреагира на сведочењето на Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова.Таа изјави дека го видела инспекторот Николчо во дискотеката.„Ова е срамота. Ајде стрелајте ме веднаш, што ме судите. Па и ти си виновна за случката, треба и вие овде да седите, малолетно дете сте пуштиле”, ја обвини мајката обвине

Македонија | пред 9 месеци

media-librarym03jfcgescoj6h3izlG

„Отиде на концерт, а ни ја вратија во сандак“, уште потресни сведоштва од денешното рочиште за „Пулс“

На денешното судско рочиште за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, одекнаа и други потресни сведоштва од родителите кои ги загубија своите деца во пожарот на 16 март, кога животите ги загубија 63 млади лица, а над 200 беа повредени.Во судницата сведочеше Габриела Наунова, мајка на починатата Надица Наунова. Таа раскажа дека додека ја барала ќерката, а во обид да помогне на заглавените деца, кршела ѕид за да направи отвор кон тоалетот.„Во тој момент ми подадоа едно девојче. Очињата ѝ беа

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryfiob5em6ju9tePxmG6t

„Тие 10 минути можеби беа клучни за брат ми“, мајката на Андреј раскажа и за траумата на помладиот син Кристијан

Пред судот денес сведочеше Марија Петрушева, мајката на 24-годишниот Андреј кој загина во трагедијата во „Пулс“ во Кочани, и на неговиот помал брат Кристијан, кој ја преживеа несреќата. Таа раскажа како семејството и денес се соочува со тешки последици — особено Кристијан, кој чувствува силна вина што не успеал да го спаси брат му.„Кристијан денес има кошмари и вели: ’Тие 10 минути додека спасував други животи, можеби беа клучни за брат ми‘. Најтешка е тежината што ја чувствува за загубата,“ све

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryomvpl4gba7jh96dABqd

„Пораката на Инстаграм остана непрочитана“ – мајката на Андреј сведочеше за ноќта на трагедијата во „Пулс“

„На Андреј му пишав на Инстаграм: ‘Што се случува?, и до денес таа порака стои непрочитана.“Вака сведочеше денеска Марија Петрушева, мајката на 24-годишниот Андреј. Таа рече дека семејството прво ги слушнало сирените околу 02:45 часот, а потоа забележало дека службите се движат во правец на клубот. Тогаш започнала агонијата, ѕвонела на двајцата синови, но без одговор.„Почнав да им ѕвонам наизменично. Кога не ми се јавија, му напишав на Андреј: ‘Што се случува?’. Но пораката остана непрочитана,“

Македонија | пред 9 месеци

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Газда Деко доби опомена, во притворот му бил пронајден мобилен телефон

На денешното рочиште за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, судијката Диана Груевска Илиевска изрече опомена за обвинетиот Дејан Јованов – познат како Газда Деко, поради тоа што во неговата ќелија во затворот во Куманово бил пронајден мобилен телефон.Телефонот, како што беше наведено во судница, бил откриен од затворската полиција додека Јованов се наоѓа во притвор поради судската постапка за настанот во дискотеката.Судијката му укажа дека станува збор за прекршување на правилата и го пр

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања