Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

САД

izbori-britanija

Британски магазин: Крај на американската империја

Еден од најреномираните британски политички магазини, The New Statesman, објави анализа под наслов „Крај на американската империја“, автор Џон Греј, во која остро се критикува политиката на американскиот претседател Доналд Трамп кон Иран.Греј наведува дека Трамповата, како што самиот ја нарекол, „мала екскурзија“ во Иран прераснала во сериозно стратешко промашување и „марш кон катастрофа“.Според неговите зборови, американската воена операција, која првично имаше за цел да спречи Иран да развие н

Свет | пред 3 месеци

media-library06go5cls328ccyseqYv

Иран возврати со ракетни и дронски напади врз Кувајт и Обединетите Арапски Емирати по ударот врз рафинеријата Лаван

Иран изврши ракетни и дронски напади врз Кувајт и Обединетите Арапски Емирати неколку часа по утринскиот воздушен напад врз нафтената рафинерија на островот Лаван, јавува иранската државна телевизија.Ракетните и дронските напади на Емиратите и Кувајт се случија неколку часа по целените удари врз нафтените објекти на островот Лаван во Иран.Државната телевизија ја цитира и Националната иранска компанија за преработка и дистрибуција на нафта, која соопшти дека објектите на рафинеријата на Лаван бил

Свет | пред 3 месеци

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп најави царини од 50% за државите кои го снабдуваат Иран со оружје

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, упати остар предупредувачки сигнал до државите кои го снабдуваат Иран со воено оружје, најавувајќи моментални економски санкции.„Државата која испорачува воено оружје на Иран веднаш ќе биде оптоварена со царини од 50 отсто на сета стока што се продава во САД. Нема да има исклучоци ниту изземувања“, порача Трамп.Оваа изјава доаѓа во моментот на смирување на тензиите на Блискиот Исток.Потсетуваме, Трамп претходно објави дека Соединетит

Свет | пред 3 месеци

media-librarydtsn33v95grbeFOmGQz

Мицкоски: Прва европска држава сме со вакво ниво на дијалог со САД

Македонија и САД ја продлабочуваат меѓусебната соработка преку стратешки дијалог на високо ниво, при што се отвораат нови можности во повеќе клучни области, како енергетиката, безбедноста и дигиталната трансформација, изјави премиерот Мицкоски.Тој нагласи дека Македонија учествува на исклучително високо ниво во процесот, посочувајќи дека станува збор за прв ваков дијалог за една европска земја.„Се отворија многу теми – одбрана, дигитална трансформација, безбедност и енергетика. Министерството за

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав: Примирјето меѓу САД и Иран носи надеж за мир

Папата Лав XIV го поздрави двонеделното примирје постигнато меѓу САД и Иран, оценувајќи го како „знак на силна надеж“.Првиот поглавар на Католичката црква од САД во изминатите недели се истакна како остар критичар на војната во Иран, нагласувајќи дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп кон Иран се „неприфатливи“.За време на општата аудиенција на Плоштадот Свети Петар, Лав XIV рече дека примирјето ја отвора вратата за мирно решение и дека конфликтот може да се заврши само со враќа

Свет | пред 3 месеци

media-library4qjtu091gdtv3SFV5qP

(Фото) Иранските амбасади се потсмеваат на Трамп по објавата на двонеделното примирје

Најмалку две ирански амбасади јавно се потсмеваат на американскиот претседател Доналд Трамп веднаш по неговото објавување на двонеделно примирје со Иран. Помалку од два часа пред истекот на рокот што го даде на Иран за постигнување договор или соочување со закана од уништување, Трамп на социјалната мрежа Truth Social соопшти дека е постигнат двонеделен договор за прекин на огнот, кој треба да доведе до повторно отворање на Ормутскиот теснец.Веднаш по објавата во вторникот навечер, Трамп се соочи

Свет | пред 3 месеци

media-libraryg8q75nbvarl84s6LNPf

САД предупредуваат: Ирански хакери таргетираат критична инфраструктура

Американските власти предупредуваат дека хакери поврзани со Иран таргетираат критична инфраструктура во САД, при што веќе се регистрирани прекини во работењето и финансиски загуби.Според соопштението, во кое учествуваат агенции како ФБИ и НСА, станува збор за активни кибер-напади врз уреди од оперативната технологија поврзани на интернет.Најзагрозени се индустриските контролни системи, особено програмабилните логички контролери (PLC) на компанијата Rockwell Automation, кои се широко користени во

Свет | пред 3 месеци

pedro-sances

Санчез со остра порака: Нема да им аплаудираме на тие што го запалија светот

Шпанскиот премиер Педро Санчез упати остра реакција по најавата за примирје во конфликтот со Иран, порачувајќи дека тоа не е причина да се заборави одговорноста за војната.„Примирјата се секогаш добра вест, особено ако водат кон праведен и траен мир. Но ова моментално олеснување не смее да нè натера да го заборавиме хаосот, разурнувањето и изгубените животи. Владата на Шпанија нема да им аплаудира на оние што го запалија светот само затоа што се појавиле со кофа вода“, напиша Санчез.Тој нагласи

Свет | пред 3 месеци

media-libraryrhmkjdsqbh3m60ZFnGD

Ирак го поздрави примирјето: Шанса за стабилност и намалување на тензиите

Ирак го поздрави двонеделниот прекин на огнот меѓу САД и Иран, оценувајќи дека станува збор за важен чекор кон намалување на тензиите и зајакнување на регионалната безбедност.Ирачкото Министерство за надворешни работи соопшти дека примирјето може да придонесе за „зајакнување на безбедноста и стабилноста“ во регионот, истакнувајќи дека ваквиот развој на настаните отвора простор за смирување на ситуацијата и дипломатски напредок.Во соопштението се нагласува поддршката за сите регионални и меѓунаро

Свет | пред 3 месеци

amerikanski-vojnici

Пилот 36 часа бегал низ Иран, како преживеал зад непријателските линии: тајната е во четири столба од обуката во американската армија

Американски воен пилот преживеал дури 36 часа зад непријателски линии во Иран, избегнувајќи заробување и покрај тоа што бил тешко повреден, благодарение на специјализираната SERE обука, пишува The Wall Street Journal.Станува збор за елитна програма за обука на американските воздухопловни сили, чиј назив доаѓа од англиските зборови „survival, evasion, resistance and escape“ – односно преживување, избегнување, отпор и бегство. Оваа обука е клучна за пилоти и специјални единици кои може да се најда

Свет | пред 3 месеци

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Примирје со резерви: Техеран влегува во разговори со „раце на обрачот“

Иран потврди дека преговорите со Соединетите Американски Држави ќе започнат во петок во Исламабад, со посредство на Пакистан, и ќе траат до 15 дена, со можност за продолжување по договор на двете страни.Иранскиот врховен совет за национална безбедност соопшти дека разговорите се одвиваат во рамки на ограничена пауза во непријателствата, но нагласи дека тоа не значи крај на војната.Во соопштението се наведува дека Техеран влегува во преговорите откако, како што тврдат, ги постигнал своите цели на

Свет | пред 3 месеци

media-libraryo3u9oto0qlo094TPaKh

24 часа на работ на бездната: најавено двонеделно примирје меѓу САД и Иран, Техеран најави „отворање“ на Ормутскиот канал

Судирот меѓу Израел, Иран и САД влезе во 39. ден со драматичен пресврт: по часови исполнети со закани и ултиматуми, најавено е двонеделно примирје и пауза на планирани американски удари, додека Техеран соопшти дека во истиот период ќе го „отвори“ Ормускиот канал – една од најчувствителните точки за глобалната енергетска и трговска безбедност.Тензијата се изостри по тврдења дека американскиот претседател Доналд Трамп претходно испратил пораки со најтешка реторика, но на крајот објавил дека прифаќ

Свет | пред 3 месеци

media-library4ou5qbkpdupk5FkIJKN

Муцунски и Ландау ја реафирмираа соработката меѓу Македонија и САД

Македонија ја зацврстува својата позиција како кредибилен сојузник на САД преку Стратешкиот дијалог, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој ја предводи владината делегација на втората сесија од дијалогот во Вашингтон.Во рамки на посетата, Муцунски остварил средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, при што била реафирмирана заедничката определба за силно и долгорочно партнерство меѓу двете земји.„Во Вашингтон ја предводам делегацијата

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycop8dant9rt9e0DRFJ2

Граѓаните на Блискиот Исток добиваат инструкции да се засолнат пред истекот на рокот

Земјите на Блискиот Исток издадоа предупредувања до граѓаните да останат дома додека се приближува рокот за преговори со Иран, кој го постави претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.Кувајтското министерство за внатрешни работи ги повика граѓаните и жителите да останат во своите домови од полноќ до 6 часот наутро во среда, наведувајќи дека станува збор за превентивна мерка. Ова предупредување се поклопува со Трамповиот рок до 20:00 часот по источноамериканско време (2:00 час

Свет | пред 3 месеци

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата повторно растат по заканите на Трамп

Цените на нафтата денеска повторно се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека целата цивилизација на Иран може да исчезне ако до вечерва, до рокот од 20 часот, не се отвори повторно Ормускиот теснец. Нафтата Брент достигна околу 110 долари по барел, додека американската сурова нафта WTI (Вест Тексас Интермедијат) се движеше околу 116 долари по барел, пренесе „Трејдинг економикс“.Зголемувањето на цените следува по ноќните американски удари на воени цели на островот

Свет | пред 3 месеци

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Белата куќа: Само Трамп знае како ќе реагира ако Иран не постигне договор

Додека светот се обидува да процени колку сериозно треба да се сфатат заканите на претседателот на САД, Доналд Трамп, кон Иран, Белата куќа повторно истакна дека Техеран има ограничен рок да постигне договор. Според изјавата на портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, иранскиот режим има рок до 20 часот по источноамериканско време (2 часот наутро по македонско време) да одговори и да се договори со САД.„Само претседателот знае како ќе реагира ако тоа не се случи“, додаде Ливит, потсетувајќи

Свет | пред 3 месеци

media-library9ss0sjhialrrclSA0eT

Златно доба во односите Унгарија-САД: Венс го посети Орбан за да му каже „Трамп ве сака, а и јас“

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс пристигна во Будимпешта, каде упати низа пофалби до Унгарија и нејзиниот премиер Виктор Орбан, само неколку дена пред клучните парламентарни избори во земјата.Пред средбата, Венс му рече на Орбан: „Претседателот ве сака, а и јас“, нарекувајќи го „еден од ретките вистински државници во Европа“ и посакувајќи му среќа на изборите.Целта на посетата на Венс е да ја поддржи кампањата на долгогодишниот унгарски националистички лидер, во време кога бројни анкети пр

Свет | пред 3 месеци

media-library753l9u9pj4g359nNunx

Аеродромските проверки доведоа до над 800 апсења во САД

Американската имиграциска и царинска служба (ICE) уапсила повеќе од 800 лица врз основа на дојави добиени од службеници за безбедност на аеродромите, покажуваат интерни податоци на агенцијата, објави Reuters.Од почетокот на мандатот на Доналд Трамп до февруари годинава, Управата за безбедност на транспортот (TSA) споделила податоци за повеќе од 31.000 патници со ICE, со цел спроведување на имиграциските закони.Станува збор за дојави што не се класични пријави, туку службени сигнали добиени преку

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-02-14-at-08.12.00

Џеј Ди Венс пристигна, Будимпешта под засилена безбедност

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, пристигна во Унгарија за да ја поддржи изборната кампања на премиерот Виктор Орбан пред парламентарните избори закажани за 12 април.Венс на аеродромот во Будимпешта го пречека унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.За време на дведневната посета, Венс ќе се сретне со Орбан и ќе присуствува на предизборен собир, соопштија извори од унгарската влада.Пред поаѓањето од Вашингтон, Венс изјави дека очекува разговори за односите меѓу САД и Унгарија

Свет | пред 3 месеци

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп ја означи Куба како „следна“ цел во американската надворешна политика

Американскиот претседател Доналд Трамп отворено објави дека, по Иран, веќе разгледува нови цели, а меѓу нив се издвојува Куба, која тој директно ја прогласи за „следна“. Неколку дена претходно, во Овалната соба, тој дополнително ги разјасни своите намери, велејќи:„Верувам дека ќе имам чест да ја преземам Куба. Голема чест е – да ја преземам Куба на еден или друг начин.“Со години, тој ја означува Куба како непријател на Соединетите Американски Држави, управувана од „злобните сили на комунизмот“.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryenah8pifcung8SUS8Ot

Ескалацијата со Иран отвори барања за отстранување на Трамп од функцијaта

Сѐ поголем број американски политичари повикуваат на активирање на 25. амандман од Уставот на САД, со цел претседателот Доналд Трамп да биде отстранет од функцијата поради, како што велат, опасна ескалација и закани кон Иран.Конгресменката Јасамин Ансари оцени дека реториката на Трамп во последните денови ја надминала секоја граница, обвинувајќи го дека заканите вклучуваат и напади врз цивилна инфраструктура.Сличен став изрази и Илхан Омар, која порача дека е потребно итно повикување на 25. аман

Свет | пред 3 месеци

media-librarya5arflbe25bpfPF3qwb

Доналд Трамп се закани со затвор за новинар поради протекување информации

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе пронајде и затвори новинар кој објавил информации за американски пилот што чекал спасување по пад на воен авион во Иран, доколку не го открие својот извор.Говорејќи од Белата куќа, Трамп изјави дека протекувањето на информацијата сериозно ја загрозило спасувачката операција, бидејќи открило дека еден член од екипажот сè уште не бил пронајден.„Ќе отидеме кај медиумската куќа и ќе кажеме – ова е прашање на национална безбедност. Откријте го

Свет | пред 3 месеци

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Ескалација на повидок: Израел се подготвува за заеднички напади со САД

Израел се подготвува за значителна ескалација на конфликтот со Иран веднаш по истекот на рокот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат израелски медиуми.Според информации на јавниот сервис KAN, повикувајќи се на неименувани извори, во Израел се проценува дека САД би можеле да ги засилат нападите врз Иран, по што би следувале и координирани удари.„Подготвени сме за голема ескалација по истекот на рокот и чекаме одобрување од САД“, изјавил изворот, додавајќи дека израелскит

Свет | пред 3 месеци

media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

(Видео) Доналд Трамп: „Не ме загрижуваат воени злосторства“ – нови закани кон Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „воопшто не е загрижен“ за можноста неговите закани за напади врз иранска инфраструктура да се сметаат за воени злосторства.Одговарајќи на прашање од новинар на The New York Times дали нападите врз електрани и мостови би можеле да претставуваат кршење на меѓународното право, Трамп категорично ја отфрли таа можност.„Не, не, не... не ме загрижува тоа нималку. Се надевам дека нема да морам да го направам тоа“, изјави Трамп.Во текот на разговорот, т

Свет | пред 3 месеци

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Нема договор: Трамп не прифати прекин на огнот со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не го одобрил предлогот за 45-дневно примирје во војната со Иран, изјавил висок функционер од Белата куќа, пренесува NBC News.„Тоа е една од повеќето опции за кои се разговара и претседателот не ја одобри“, изјавил функционерот, повикувајќи на претпазливост при толкувањето на информациите за можен договор.Во последните часови се појавиле бројни извештаи за можен прекин на огнот. Reuters јавува, повикувајќи се на извор, дека на Иран и САД им биле претставени

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања