Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Сиљановска Давкова

filkov-siljanovska-1

Сиљановска-Давкова и министерот за правда разговараа за соработката во процесот на помилување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари работна средба со министерот за правда, Игор Филков.Двајцата соговорници рaзговараа за соработката во процесот на помилувањето, но и за потребата од донесување на нов Закон за помилување.На средбата беа разменети аргументирани мислења за актуелните и претстојните реформи во правосудството.Претседателката Сиљановска-Давкова и министерот Филков се согласија да остваруваат редовни средби поврзани за нивните надлежности низ призма на правото и правдата.

Македонија | пред 11 месец

siljanovska-davkova-5

Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2024 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2024 година на авторите Методи Хаџи-Андов, Сашо Андријевски, Игор Сугарчев и Димитар Стефановски, од проектантското биро „Параметар студио“, за проектот Мултинаменски комплекс во општина Петровец, Скопје.Големата годишна награда традиционално ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, под покровителство на Претседателот на Републиката.„Македонските архитекти и архитектурата имаат длабоко наследство и оставштина која многумина ја почитуваат, како што е тоа на пример Меѓународната академија за архитектура која истакнува дека ние имаме повеќе истакнати архитекти, но не само во дизајн или градба, туку и како професори. Тоа значи и школа, наш стил. И по нашата извонредност во градбата треба да бидеме препознатливи и во иднина, а секако не по урбанистичките ловци на профити, занемарувајќи ги човечките потреби, оставјаќи хаос и неодржливи градови или станбени блокови во кои секојдневието е барикадирано со архитектонски пречки“, кажа Сиљановска-Давкова.„Денешнава награда потврдува дека имаме блескави архитекти и архитектура, и токму тие треба да бидат пример како да се однесуваме понатаму. Да пронајдеме одговор за грешките, да ги примениме принципите на хуманизмот во архитектурата, да се вратиме на македонската мера, на нашиот златен пресек. Тоа значи и почитување на основните човекови права. Ако се потсетиме на Едгар Морено, ќе истакнеме дека и архитектите се втмелени и го креираат духот на времето, но не само како гола фраза или кич производ, туку како суштина во која е обмислена човечноста.Да цитирам и еден од најпознатите говорници, Винстон Черчил, во својот чувен говор во британскиот Парламент рекол: „Прво ние ги обликуваме зданијата, а потоа тие не обликуваат нас“.Јас пак би сакала да се навратам на еден архитект, којшто го познавам, и кога врвам по „Орце Николов“, сакам да ја видам неговата куќа, зборовите на уважениот професор Борис Чипан:„Архитектурата е сè заедно. Познавање и живеење на животот. Магија на хуманистичката алхемија. Потрага по каменот на мудроста. Напор да се открие досега неоткриеното. Архитектурата се раѓа и се создава“, додаде Сиљановска-Давкова.

Македонија | пред 11 месец

siljanovska-davkova-1

Претседателката Сиљановска - Давкова именуваше претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија

Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија.За претседател на Комисијата е именуван проф. д-р Валентин Мирчески, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гзиме Старова, д-р Самуел Садикарио, д-р Андријана Јаневска, м-р Ана Дурловски, м-р Решат Амети, Дејан Георгиевски, Евгенија Теодосиевска, Жарко Башески, Оливера Наковска Бикова и Весна Петрушевска.Комисијата за одликувања и признанија ја сочинуваат поединци кои во текот на својата професионална кариера имаат остварено значајни постигнувања и стекнато висока репутација во македонското општество. Тие се признати експерти, кои со своите трудови и постигнувања се истакнале во различни области на општествениот живот како што се науката, културата, уметноста, образованието, здравството, спортот.

Македонија | пред 11 месец

mecinovic

Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер за култура“ и да не го потпише указот за двојазични лиценци

Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, денес на прес - конференција го изнесе ставот на пратеничката група на Левица по однос на новогодишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска - Давкова.- Морам да напоменам дека обраќањето не беше инспиративно, беше ординерно и протоколарно и ни даде само флоскули, наместо тоа што, навистина, јавноста сакаше да го чуе после овој трансфер на власта и турбулентно политичко време. Пред сѐ, се чини дека Претседателката е потполно втурната во сенка на извршната власт и мора да се искоментира дека таа во својот професионален ангажман, во својата кариера има докажано дека е врвен професор, беше добар пратеник, но сега е сведена во функција на министерство за култура во сенката на Христијан Мицкоски - потенцираше Мециновиќ.Според него, коментарите кои ги даде Гордана Сиљановска - Давкова, Претседателката на Република Македонија, повикуваат на некој внатрешен дијалог, на некој консензус во склоп на внатрешната политика.- За на јавноста да ù биде појасно, Претседателката на Република Македонија повика на консензус помеѓу политичките елити, кои, да потсетиме, го амортизираа незадоволството на граѓаните кое се изрази во 2022 година со протестите за францускиот предлог. Од друга страна, во надворешната политика, тоа што можеме да го заклучиме е дека нема идејност како ќе постапиме понатаму. За тоа што го претставуваат како интерес на граѓаните на Република Македонија и тоа што повеќето граѓани на Република Македонија го сметаат за свој интерес, а тоа е влегувањето и членувањето во Европската унија, сметаме дека и оваа Влада, и овој Претседател на Републиката, нема да придонесе ништо позитивно и дека во наредните европски извештаи ќе ги гледаме истите оценки за пристапувањето на Македонија кон Европската унија - појасни портпаролот на Левица.Мециновиќ во име на Левица ја повика Претседателката да не го потпише срамниот указ за двојазични лиценци за градинки, кој вчера го донесе нематична комисија со кршење на Деловникот.- Ја повикуваме Претседателката на Република Македонија ова да биде прв тест за нејзината државна улога и државнички капацитет, затоа што, да потсетиме, дека таа како пратеник беше еден од најгласните пратеници против илегалната двојазичност! Сметам дека во говорот видовме многу несигурност за државните интереси на Република Македонија, видовме само колонизаторски менталитет – како Македонија е мала, немоќна, како треба да биде исправена пред задачите кои доаѓаат од надвор, без да се покаже кичма и вистинско бранење на интересите на граѓаните - додаде Мециновиќ од Левица.Тој уште еднаш поентираше дека Претседателката дека ќе остане во сенката на извршната власт.

Македонија | пред 11 месец

Foto-1

Прв отчет на претседателката Сиљановска- Давкова пред пратениците

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во 12 часот, во рамки на 25. Седница ќе има годишно обраќање во Собранието, прво во нејзиниот мандат.Се очекува претседателката да говори за актуелните теми и случувањата во изминатиот период, за очекувањата во 2025 година на полето на внатрешната и надворешната политика, како и за состојбата во економијата.

Македонија | пред 11 месец

siljanovska-davkova-rucek-4

Сиљановска Давкова имаше работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на ЕУ во земјава

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера имаше работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија во земјава, организиран од унгарскиот амбасадор, Андраш Клајн.Во пријателска атмосфера се дискутираше за актуелни домашни, регионални, европски и светски настани и процеси.Акцентот беше ставен на македонските проблеми и препреки во евроинтеграцијата и на потребата од креативно решение за надминување на бугарско-македонскиот спор во духот на пријателството и добрососедските односи, со почитување на фундаменталните вредности и принципи на ЕУ.Претседателката ја реафирмираше својата длабока верба, посветеност и решеност за спроведување на реформската агенда во согласност со копенхагенските критериуми, со активно партнерство со ЕУ.Исто така, таа укажа дека билатерализацијата и преседаните се реална опасност за проширувањето.Според неа, во амбиент на воени конфликти, проширувањето на ЕУ со државите од Западен Балкан, кои природно и припаѓаат на Европа: географски, историски и културно и водат заедничка надворешна и безбедносна политика со ЕУ е од заеднички интерес и го јакнее нивниот имунитет кон заканите.

Македонија | пред 11 месец

davkova-spajik-2

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамките на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ.На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, европските аспирации и состојбите во регионот.Претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од досегашниот развој на односите и соработката, кои ги карактеризира традиционално силно пријателство, идентични ставови по однос на развојот на меѓународната и регионалната соработка, со заеднички стратешки цели – мир и стабилност во регионот и членство во ЕУ.Претседателката Сиљановска Давкова го истакна очекувањето напредокот во македонска евроинтеграција да биде евалуиран праведно, врз основа на Копенхагенските критериуми и изрази очекување за споделување на експертизата и искуствата на црногорската администрација во преговорите со Унијата.Таа истакна дека меѓу нејзините главни приоритети е регионалната соработка, посочувајќи дека преку почитување и поттикнување заедништвото во регионот, можеме да ја забрзаме интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. Во таа насока, соговорниците предложија конкретни решенија: повторно воспоставување на директна авиолинија, формирање на културни центри во двете држави, како и што поскоро одржување на меѓувладина седница. Премиерот ја нагласи подготвеноста за споделување на досегашните црногорски евроинтеграциски искуства со македонските институции.Соговорниците заклучија дека е потребен брз и голем исчекор во економската соработка која ќе ги следи одличните политички односи.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-radev-3

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска и утре, 28 и 29 ноември 2024 година, ќе престојува во официјална посета на Црна Гора.Денеска, во Цетиње, претседателката Сиљановска Давкова со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете држави.Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица да оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.Утре, 29 ноември 2024 година, петок, претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица ќе оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ.Во рамки на официјалната посета, претседателката Сиљановска Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-2-1

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими делегација од јапонската Влада, предводена од комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, чија работна посета се реализира во годината кога се одбележува 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.На средбата, на која присуствуваше и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, соговорниците разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, како и за улогата на културната политика и дипломатија и важноста од унапредувањето на соработката во областа на културата.Претседателката Сиљановска Давкова ја поздрави посетата на Шуничи, како прва посета на висок претставник од јапонската влада во областа на културата и го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на културата меѓу двете држави, изразувајќи уверување дека истиот ќе претставува силен поттик во развојот на културните врски меѓу двете земји.Оценувајќи дека Меморандумот отвора нови можности за продлабочување на културната соработка, претседателката ја изрази својата поддршка на сите активности и иницијативи насочени кон воспоставување на културна размена и дијалог, како и развојни проекти од областа на културниот туризам.Во таа насока, таа ги истакна нејзините заложби за меѓународна соработка, промовирање на културна размена како дел од дипломатските односи, за развој на македонските културни центри во странство и соодветна презентација на македонските културни вредности во светските музеи.Во разговорот со Шуничи, Претседателката изрази задоволство што повеќе реномирани македонски уметници наредната година, ќе ја претстават нашата држава на ЕКСПО ОСАКА 2025, токму со изложбена поставка која ги отсликува особеностите на значајниот проект за постземјотресната реконструкција на Скопје, на јапонскиот архитект Кензо Танге.На средбата, Претседателката истакна дека Јапонија многупати досега го има потврдено пријателството кон нашата земја и изрази благодарност за континуираната јапонска поддршка преку различни донации, грантови и проекти кои имаат за цел да го стимулираат нашиот економски и општествен развој.Во таа насока, беше оценето дека за нас е особено важна јапонската иницијатива за соработка со земјите од Западен Балкан, како и споделувањето на јапонското искуство и знаење во делот на развојот на човечките ресурси и подобрување на капацитетите.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-filipce

Претседателот на СДСМ, Филипче ќе се сретне со претседателката Сиљановска-Давкова

Денеска ќе се одржи работна средба помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче и Претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова, извести СДСМ.Средбата ќе биде во Кабинетот на Претседателката на Република Северна Македонија (Вила Водно) со почеток во 15.00 часот.По средбата, како што е најавено изјава за медиуми ќе даде претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-1-1

„Можен е исчекор во процесите“, претседателката ентузијаст дека ќе се најде решение со Бугарите за да се продолжи кон ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на брифинг со новинарите посочи дека гледа оптимизам во процесите за пристапување кон преговори со ЕУ во реакциите кои добива при средбите во странство. Таа посочи дека на неа и велат: „Вие сторивте се, дури и невозможното, на ред сме ние“. Според неа, мешањето на меѓународната заедница во измените на македонскиот Устав е преседан, кој ќе прерасне во пракса. Посочи дека дури и белгискиот премиер и го посочил тоа.„Не е пријатно кога ќе ви кажат дека првпат слушаат некои работи, а мислеле дека се е компромис“, искоментира претседателката за средбите кои ги има на меѓународно ниво, посочувајќи дека светските политичари не биле судрени со македонските аргументи за уставните измени и компромисите на Македонија.Според неа, Македонија доживеала момент кој ќе се учи во учебници по уставно право, а тоа е изјавата на портпаролката на европската комисија, која рекла: „Да смените Устав“. Претседателката е децидна тоа е мешање во внатрешните работи на републиката.Сиљановска-Давкова на брифингот посочи дека на прашањето „Кога ќе го смените Уставот“, им одговара: „Само апсолутен монарх може тоа да го вети“, па искоментира: „Ако некој мисли дека ќе се повтори преспанската приказна со пресија, тоа е суспензија на парламентарната демократија“.Таа беше зачудена од изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев кој ја демантираше неа, со тврдење дека на нивната средба во Баку го искоментирал предлогот Бугарите да влезат во Устав, со одложено дејство.„Со Радев разговаравме еден час, јас мирно и тивко објаснив дека во Договорот нема ниту еден збор за Уставни измени. Позицијата ни е јасна, ја кажуваме на сите. Немаше реакција“, беше децидна Сиљановска-Давкова.Претседателката го прераскажа и разговорот со Радев, кој според неа, и рекол дека е покритикуван од неа.„Ако не може да констатираме стабилност на Владите, тогаш, може да констатираме дека тој е најстабилен. Тој вели дека е покритикуван од мене. Вели дека е спремен кога сакаме да имаме средби, по наше или нивно барање“, додаде таа.Сиљановска-Давкова посочува дека е можен исчекор во делот со Европска Унија.„Можен е исчекор од тоа што го слушнав. Не можам да тврдам дека ќе се случи, додека не видам конкретни чекори“, додаде претседателката.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-2-1

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука.„22 ноември е историски важен датум за Албанците, но и за македонската држава. Пред 116 години во Битола е унифицирана албанската азбука, чин којшто ја зацврстил јазичната самосвест на албанскиот народ и создал темел за понатамошен културен и цивилизациски прогрес.Унифицирањето на албанската азбука не е само акт на јазична реформа, туку и симбол на стремежот за еманципација и просветување.Јазикот создава простор за разбирање, за соработка и за обединување околу идентитетските вредности. Преку него, различностите стануваат богатство, а иднината – можност за индивидуален и колективен раст.Албанскиот јазик и култура се вградени во нашето социјално ткиво и отвораат простор за меѓусебно разбирање и соживот. Почитувањето на јазичните разлики нѐ прави демократско мултикултурно општество.Бевме и остануваме пример на посветеност кон зачувување и унапредување на етничката, јазичната, културната и верската разноликост, овозможувајќи образование на мајчиниот јазик во сите степени, како и слободно и достоинствено изразување на колективната меморија и духовност.Честит 22 Ноември, Денот на албанската азбука!“, се вели во честитката на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Македонија | пред 1 година

UNFPA_21112024-4

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Џастин Коулсон, претставнничка на УНФПА

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Џастин Коулсон, претставничка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Босна и Херцеговина, директорка за Албанија, Србија, Северна Македонија и Косовo.На средбата беа разменети мислења и информации за севкупните активности на агенцијата и соработката со нашата држава.Претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи благодарност за долгогодишното партнерство, оцени дека напорите на УНФПА за унапредување на репродуктивното здравје, родовата еднаквост и младинскиот ангажман во македонското општество оставија опипливи придовивки за разниливите групи и ги поздрави досега спроведените проекти и иницијативи во соработка со македонската влада.Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна својата посветеност за поддршка на значајната работа на УНФПА и изрази очекување за засилување на партнерството во годините пред нас.

Македонија | пред 1 година

Foto-7

Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Перу

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Перу, со седиште во Букурешт, Феликс Рикардо Денегри Боса.На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување дека идниот развој на односите и соработката меѓу двете земји ќе претставуваат позитивен пример и предизвик за нивно постојано надградување со нови содржини во конкретни области.Посочувајќи дека светот денес се соочува со бројни предизвици, претседателката порача дека меѓусебната соработка е од суштинско значење не само за просперитетот на двете земји, туку и за градење на посилна меѓународна заедница.„Нашите држави и покрај географската оддалеченост, споделуваат значајни вредности и стремежи за мир, стабилност и развој, поврзани преку заемната посветеност на демократските принципи и правата на човекот, како и преку интересот за зајакнување на културните, економските и образовните врски“, истакна во поздравното обраќање претседателката Сиљановска Давкова.Во своето обраќање амбасадорот на Перу, истакна дека двете држави споделуваат заедничките демократски вредности, промовирање на мирот, економскиот напредок и човековите права, со што придонесуваат не само за јакнење на сопствените држави туку и за глобалната стабилност.Перуанскиот амбасадор ја истакна мултилатералната соработка и се заблагодари за македонската поддршка на кандидатурите на Перу во меѓународните организации.Посочувајќи го безвизниот режим меѓу двете земји, тој изрази очекување за развој на туризмот во иднина. Амбасадорот ја потенцираше и улогата на малубројната перуанска заедница во земјава во јакнење на меѓусебните врски и зближување на народите.На свечената церемонија, претседателката му посака на амбасадорот успешно вршење на мисијата и изрази уверување дека со неговото дипломатско искуство ќе придонесе во продлабочување на меѓусебното пријателство.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-2-2

Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната канадска амбасадорка Мишел Камерон

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Канада со седиште во Белград, Мишел Камерон.Посакувајќи ѝ добредојде на амбасадорката Камерон, претседателката Сиљановска Давкова на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази надеж дека за време за мандатот на амбасадорката ќе се отворат нови можности за проширување на соработката и за продлабочување на пријателството меѓу двата народа и изрази очекување за зајакнување на врските помеѓу двете држави.„Во оваа пригода би сакала да изразам благодарност за поддршката којашто Канада ѝ ја дава на мојата земја во процесот на реформите и на нашата интеграција во ЕУ, како и за нашето партнерство и соработка во рамките на НАТО. Тоа партнерство е особено значајно за нас и длабоко го цениме. Во време кога светот се соочува со многубројни предизвици, нашата соработка и солидарност се поважни од кога било“, рече претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи на можностите за зголемување на економската соработка, трговските врски и инвестиции, како и на соработката во областа на образованието.„Младите генерации ученици, студенти, како и нашата администрација и институции, имаат потреба од стекнување нови знаења, усвојување напредни методи и решенија од канадскиот систем, што можат да бидат применливи и кај нас, а со цел поефикасно управување и поголем напредок на земјата на секое поле“, рече претседателката Сиљановска Давкова.Амбасадорката Камерон ја истакна поддршката што Канада ја дава на нашата држава, истакнувајќи го партнерството во рамки на НАТО.„Како партнери во НАТО, нашите земји работат заедно за да го надминат генерацискиот предизвик за безбедноста на Европа - и на светот“, рече амбасадорката Камерон, упатувајќи честитки за лидерската улога во НАТО, со именувањето на Македонка за заменик генерален секретар.„Тука сум за да ги направиме нашите економии посилни преку иницијатива, претприемништво, трговија и инвестиции. Постои основа на која треба да се надградиме. Тоа го сметам за личен предизвик, можеби со помош на над сто илјади Македонци кои сега и Канада ја нарекуваат дома“, рече амбасадорката Камерон, истакнувајќи ги своите заложби за продлабочување и зајакнување на сите врски што ги обединуваат двете држави, а во функција на надградување на стратешкото партнерство, напредок на нашата држава кон Европската Унија и проширување на заедничката посветеност на безбедноста, демократијата и просперитетот.Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорката Камерон ѝ посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска мисија.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања