Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Сиљановска Давкова

siljanovska-davkova-3

Сиљановска Давкова на свеченото одбележување на Меѓународниот ден на студентите: Вие го движите општеството, оти ве красат интелектуалната љубопитност и страст, без кои нема реформи

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер се обрати на свеченото одбележување на Меѓународниот ден на студентите, што во организација на Младинскиот образовен форум во соработка со Канцеларијата за регионална младинска соработка (РИКО) и Универзитетското студентско собрание – УКИМ, се одржа во Културно-едукативниот центар „Лабораториум“.Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека студентите се промотори на критичката и слободна мисла, дека тие се Хермес на промените.„Вие имате привилегија, но и одговорност, да бидете мост меѓу сегашноста и иднината. Без вашиот омилен збор „зошто“ нема напредок. Без вашето сомневање нема вистина. Вие го движите општеството, оти ве красат интелектуалната љубопитност и страст, без кои нема реформи“, рече Претседателката. Таа истакна дека амфитеатрите и библиотеките се интелектуални арени за жестоки и за плодни дебати, низ кои се манифестира и обликува критичкото мислење, нивните прашања се подеднакво важни како и нивните одговори, а нивната храброст да размислуваат поинаку го турка светот напред.„Студентскиот живот ви овозможува да учите, но и да ги предизвикате учителите на интелектуален двобој!“, нагласи Претседателката додавајќи дека студирањето не е само академска потрага, туку и битка за вредности, соочување со реалноста и формирање на карактерот.Претседателката им порача на студентите да не се откажуваат од младешките предизвици.„Не плашете се од неуспехот зашто тој е само неминовен чекор кон успехот. Спорете со конечните вистини. Зачувајте ја младешката смелост и бунтовниот дух, тие се најголемите сојузници на прогресот“, порача претседателката Сиљановска Давкова.На настанот поздравно обраќање имаше Александар Николовски, претседавач на Националното студентско тело, а се обратија министерката за образование и наука, Весна Јаневска и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на студентите под наслов „Регионална станица студентска: Меѓународен ден на студентите“ што се одржа од 17 до 19 ноември, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје се одржа саем на студентски и младински организации, а во Ректоратот на УКИМ се одржа институционален дијалог. Свечениот настан вчеравечер содржеше целовечерна културна програма со цел вмрежување и забава, а беше лансирана и платформата за студентска работа „Линкер“.Меѓународниот ден на студентите се одбележува како симбол на борбата за демократско образование и сеќавање на 17 ноември 1939 година, кога нацистите убиле 20 чехословачки студенти што протестирале против окупацијата.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-aliev-3

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. На средбата присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека тие се пријателски и во таа насока беше изразена посветеност за интензивирање и продлабочување на односите во културата, туризмот, образованието и други области од заемен интерес.Претседателката Сиљановска Давкова го истакна интересот од македонска страна за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји, особено во областа на енергетиката, имајќи го предвид нашиот интерес за диверзификација на изворите на снабдување со енергија.Соговорниците се согласија дека треба да се продлабочат економските односи со конкретни билатерални договори, при што изразија задоволство од Меморандумот за разбирање меѓу македонски и азербејџански енергетски компании којшто се потпиша во Скопје со цел зајакнување на македонската енергетска стабилност.На средбата Претседателката ги претстави и инвестициските можности што ги нуди нашата држава. Од страна на претседателот Алијев беше изразена подготвеност за можни инфраструктурни проекти поврзани со гасификацијата на нашата држава.На средбата претседателката Сиљановска Давкова упати честитки за одличната организација на самитот и благодарност за гостопримството.

Македонија | пред 1 година

Foto-2-3

Интерес за економска соработка со Казахстан - средба на Сиљановска Давкова со казахстанскиот претседател Токајев во Баку

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со претседателот на Република Казахстан, Касим-Џомарт Токајев.На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете држави и беа разменети мислења за актуелните геополитички состојби, како и за регионалната улога на двете држави.Како мост помеѓу Азија и Европа, претседателката го поздрави придонесот на Казахстан и нивното значително влијание во глобални рамки, при што изрази подготвеност за продолжување на кооперативноста и конструктивноста во рамки на меѓународните организации, особено во Обединетите Нации и ОБСЕ.На средбата меѓу двајцата претседатели стана збор и за можностите за соработка во сферата на културата, науката и образованието, за што претседателката Сиљановска Давкова нагласи дека е потребно унапредување на правната рамка, интензивирање на политичкиот дијалог, почести средби, размена на посети и лични контакти.Во таа насока, претседателката изрази интерес за максимизирање на економската соработка, трговската размена, инвестициите, како и за конкретизирање на соработката во градежниот, енергетскиот сектор, ИТ секторот и во туризмот.Во разговорите беше поздравено отворањето на Амбасадата на Казахстан во Скопје, како значен чекор во продлабочување на севкупните билатерални односи.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-1-1

Седум македонски амбасадори ќе се вратат во земјата, одлучи претседателката Сиљановска Давкова, во тек се консултации за нови

Седум македонски амбасадори ќе се вратат во земјата, по одлуката на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за нивно отповикување. Станува збор за повлекување на македонскиот амбасадор во НАТО, Дане Талески, Данчо Марковски од Албанија, Фатон Бејта од Данска, Сали Лимани од Казахстан и амбасадорот Шабан Јашари од Катар. Отповикани се и амбасадорката Теута Агаи Демјаха од функцијата шеф на Постојната мисија на Северна Македонија во ОН во Женева и амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова. Во тек се консултации за именување на нови амбасадори, објави Дојче Веле.Од кабинетот на претседателката посочуваат дека објавените укази во Службен весник за отповикување на амбасадорите се дел од стандардната законска процедура со која се констатира завршувањето на мандатот по навршени 4 години од упатувањето согласно член 44 од Законот за надворешни работи.По објавувањето на указите, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија треба да ги извести амбасадорите за објавениот указ и се започнува постапка за нивно враќање во земјата.Согласно указите, мандатот на Талески во Брисел престанува на 14 јануари 2025 година, а на останатите амбасадори заклучно со 30 ноември годинава.Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски е дециден дека станува збор за редовна процедура, а не вонредно враќање на амбасадорите. Тој на прес-конференција во вторникот (12.11) најави дека во тек се консултации на државниот врв, по што наскоро се очекува да почне со процес на именување на нови амбасадори.Во однос на амбасадорите Љубомир Фрчкоски во ОН, Андреј Жерновски во Букурешт и Весел Мемеди во Рим, Муцунски вели дека амбасадорот Фрчкоски поднесе оставка, но тоа не значи дека тука се завршени процесите околу внатрешна ревизија за финаниското работење.„Во врска со амбасадорот Жерновски, и амбасадорот Мемеди се водат внатрешни процедури во рамките на Министерството за надворешни работи, во согласно со Законот за надворешни работи и соодветно ќе бидете информирани кога ќе завршат тие процедури. Формално правно амбасадорот Мемеди е се уште амбасадор. Формално правно, амбасадорот Жерновски никогаш не ни станал амбасадор во Букурешт, бидејќи нема предадено акредитивни писма, додека Фрчкоски е амбасадор во оставка“, вели Муцунски во изјава којашто ја пренесе агенцијата МИА.Амбасадорот Андреј Жерновски во објава на социјалните мрежи најавува тужби. Вели дека клеветењето и нанесување штета на нечиј личен углед и интегритет е крајно сериозна работа.„Како доказ за трагикомичните лаги, денеска ја објавувам фотографијата од предавањето на моите акредитиви во романското МНР. Дополнително, онаму каде ќе биде потребно, ќе ја доставам и мојата лична карта во Романија, која се издава на дипломати, на која пишува дека сум амбасадор на Република Северна Македонија во Букурешт. Истата е издадена од Министерството за надворешни работи на Романија“, вели Жерновски.Указите за отповикување на амбасадорите беа објавени во вторникот во Службен весник.

Македонија | пред 1 година

davkova-fiala-2

„ЕУ мора да биде јасна за проширувањето“: средба на претседателката Сиљановска Давкова со чешкиот премиер Петр Фиала

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со премиерот на Чешката Република, Петр Фиала.На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беше евроинтегративниот процес.Претседателката Сиљановска Давкова ја изрази решеноста од македонска страна за натамошен развој и зајакнување на силното партнерство со Чешката Република, како на билатерално и мултилатерално политичко ниво, така и во доменот на економската соработка.Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за принципиелната и доследна чешка поддршка за македонската евроинтеграција оценувајќи ја Чешка како важен партнер и силен поддржувач на процесот на проширувањето на ЕУ.На средбата, претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата ЕУ да биде јасна и непоколеблива во својата стратегија за проширување кон Западен Балкан, не оставајќи простор за нејаснотии.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-radev-1

Сиљановска Давкова - Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан.Во разговорот кој траеше еден час и се одвиваше во конструктивна атмосфера се разговараше за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и динамизирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес.Двајцата соговорници ги изложија своите позиции во поглед на можните решенија за предизвиците на македонските евроинтеграции.Претседателката ја подвлече важноста од продолжување на билатералниот политички дијалог на сите нивоа и притоа посочи дека треба да се почитуваат позициите и интересите на обете страни и дека решавањето на билатералните спорови треба да е во рамките на основните вредности и принципи на Европската Унија.Таа нагласи дека односите треба да се развиваат врз основа на заемно почитување, поддршка и активна соработка што ќе придонесе за јакнење на довербата и пријателството меѓу двата народа.Бугарскиот претседател Радев укажа на потребата од брзо решавање на отворените прашања, како и на потребата од воспоставување на добри односи во сите области од заемен интерес за полесно меѓусебно разбирање.Во разговорот двајцата соговорници се согласија за организирање на официјални посети на кои ќе се конкретизираат заложбите за подобра севкупна соработка меѓу двете држави.

Македонија | пред 1 година

Foto-2-2

Македонскиот пат кон ЕУ е заложник на билатерализацијата на проширувањето – средба на Сиљановска Давкова со словачкиот претседател Петер Пелегрини

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини.На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи, македонските евроинтеграции, како и за потребата од заеднички регионален пристап во надминување на глобалните предизвици.Словачкиот претседател на средбата оцени дека македонската евроинтеграција е заложник на билатерализацијата на проширувањето на ЕУ, при што нагласи дека Словачка е силен поддржувач на проширувањето на Европската Унија и Братислава ја критикувала блокадата на македонската евроинтеграција на многу состаноци на Советот на ЕУ.Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека високо ја цениме досегашната поддршка од Словачка за македонскиот евроинтегративен пат и изрази убедување дека меѓусебната помош ќе продолжи и во натамошниот дел од процесот на нашето пристапување во Европската Унија.Претседателката изрази задоволство од континуираниот развој на македонско-словачките односи и уверување за уште поуспешна и плодна соработка во периодот што следи. Како сојузнички во НАТО, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување за продолжување на добрата соработка во одбраната и во безбедноста.

Македонија | пред 1 година

Foto-2-1

Средба Сиљановска Давкова-Де Кро: Белгија со силна поддршка за македонските евроинтеграции

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро.На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беа македонските аспирации за членство во Европската Унија.Белгискиот премиер Де Кро истакна дека нашата држава може да смета на силна белгиска поддршка, затоа што според официјален Брисел, земјата направила огромен напредок и сега на ред е Европската Унија да стори нешто.Претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи ги добрите и пријателски односи меѓу двете држави, ја изрази потребата од интензивирање на комуникацијата на високо и на највисоко ниво.Во контекст на пристапниот процес кон Европската Унија, претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата од отворање на преговорите за членство, со цел мобилизација на институциите и фокус на реформите и стандардите, особено на владеењето на правото и борбата против корупцијата.Претседателката Сиљановска Давкова го нагласи очекувањето од македонска страна за фер процес на пристапување во ЕУ кој ќе ја почитува националната гордост на нашите граѓани и ќе се води на начин што длабоко не го вознемирува нивното чувство за национален идентитет.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-1-1

Сиљановска Давкова на КОП29: Од суштинско значење е обезбедувањето финансии за имплементација на климатските цели

Претседателката Сиљановска Давкова денеска во Баку, Република Азербејџан присуствуваше на официјалното отворање на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени.На официјалното отворање на самитот, што се одржува под мотото „Со солидарност за зелен свет“, се обратија Мухтар Бабаев, министерот за екологија и природни ресурси на Азербејџан, како претседател на КОП29, Сајмон Стил, извршниот секретар на Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатски промени, како и претседателoт на КОП28, министерот за индустрии и високи технологии на ОАЕ, Султан Ахмед Ал Џабер.Во фокусот на разговорите меѓу претставниците на земјите учеснички на Конференцијата ќе биде обезбедувањето финансии неопходни да им се помогне на земјите во развој со цел да се прилагодат на климатските промени и да ги спроведат мерките потребни за постигнување на климатските цели.Утре, претседателката Сиљановска Давкова ќе има обраќање на првата пленарна сесија на сегментот на високо ниво за шефови на држави и влади.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-1

Учество на претседателката Сиљановска Давкова на Самитот за климатски промени (КОП29) во Азербејџан

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова престојува во Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на Светскиот лидерски самит за акција во рамки на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени – КОП29.Во рамки на учеството на самитот, претседателката Сиљановска Давкова ќе се обрати на првата пленарна сесија и предвидено е да оствари повеќе билатерални средби со шефови на држави и влади, како и средби со претставници на меѓународни организации.Во состав на македонската државна делегација што ја предводи претседателката Сиљановска Давкова, се заменик претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-2

Сиљановска Давкова - Прескер: Македонските евроинтеграции да се базираат на критериумите кои важат за другите кандидати

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.На средбата беа разменети мислења во однос на пристапниот процес на земјава за членство во Европската Унија, при што претседателката порача дека македонските евроинтеграции е неопходно да се базираат на критериумите кои важат за другите кандидати.Во таа насока, претседателката го реафирмираше ставот дека евроинтеграцискиот процес на земјава треба да се одвива согласно принципот на заслуги и со доследно спроведување на копенхагенските критериуми.На средбата соговорниците изразија подготвеност за натамошно интензивирање на билатералната соработката и заедничко регионално дејствување со цел економски просперитет и справување со глобалните предизвици.Во таа насока беше констатирано дека Словенија е еден од најзначајните трговски партнери и инвеститори во земјава, но дека потенцијалите за економската соработка не се до крај искористени, со што нејзиното интензивирање треба да биде еден од главните приоритети на двете земји во иднина.Двајцата соговорници ја потврдија посветеноста за натамошна соработка и во рамки на меѓународните организации и промовирање на заедничките вредности на демократијата, мирот и одржливиот развој на глобалната сцена.

Македонија | пред 1 година

Foto-12

Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година на 20 најдобри студенти кои своето образование ќе го продолжат на Eвропскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ КОЛЕЏ во Солун, Грција.Во своето обраќање на настанот, претседателката Сиљановска Давкова рече дека студирањето на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ КОЛЕЏ во Солун, е вистински интелектуален и животен предизвик за секој млад човек решен да го продлабочи знаењето, да ги прошири видиците надвор од татковината, витешки да се натпреварува и да другарува со младите од различни држави и култури, да учи од еминентни професори, да се усовршува и облагородува.„Продолжете ја мисијата на претседателот Трајковски во градењето на разбирање, пријателство, добрососедство и соработка, во случајов преку образовна, научна и културна дипломатија меѓу двете држави. Докажете дека образованието и знаењето зближуваат, а не делат“, истакна Претседателката.На добитниците на стипендии, Претседателката им порача дека двојната диплома како круна на успешното студирање ќе ги направи посигурни во себе, ќе ја зголеми нивната самопочит и ќе им отвори многу врати за професионален ангажман и ќе ја поттикне образовната мобилност.„Сигурна сум дека вашиот избор за стипендисти не е случаен, туку заслужен. Верувам и посакувам да бидете пример за идните студенти како што претседателот Трајковски беше и остана инспиративен пример на политички лидер со дигнитет, интегритет и духовна длабочина!“, рече претседателката Сиљановска Давкова.Поздравувајќи ги стипендистите, министерката за образование и наука, Весна Јаневска истакна дека стипендијата „Борис Трајковски“ е добра можност студентите да добијат двојна диплома: од Универзитетот Јорк и од Универзитетот во Стразбур, а за време на студиските престои во Велика Британија, Франција и Грција да бидат дел од нови, динамични средини, да учат, но и да се дружат со млади кои доаѓаат од различни култури создавајќи трајни пријателства.„Како држава ја поддржуваме образовната мобилност и политиките на Европската Унија за справување со одливот на мозоци, а Владата, преку мултиресорски пристап, креира мерки и активности за да се намали заминувањето на кадрите кои нам ни требаат“, нагласи министерката Јаневска.Посакувајќи им добредојде на стипендистите на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ КОЛЕЏ, директорот Јоанис Верверидис истакна дека извршната МБА е меѓународна програма, испорачана од меѓународни професори од висок калибар, чија цел е подобрување и развој на нивните лидерски и менаџерски вештини.„Наша цел е да ви понудиме уникатно меѓународно образовно искуство што ќе ви овозможи да се остварите и да напредувате во глобалното опкружување и да направите разлика во општеството и економијата на вашата земја и на целиот регион, придонесувајќи за јавното добро“, нагласи директорот Верверидис.Стипендиите „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус на извршната МБА програма се доделуваат од 2003 година и досега се доделени 297 стипендии. Доделувањето на овие стипендии е резултат на успешната соработка меѓу Претседателот, Министерството за образование и наука, Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и СИТИ КОЛЕЏОТ во Солун. Годинешните стипендисти ќе се стекнат со две дипломи за мастер студии по деловна администрација и тоа од Универзитетот Јорк, Обединетото Кралство и од Универзитетот во Стразбур, Франција.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-arm-6

Kонститутивна седница на Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова свика конститутивна седница на Советот за безбедност, што ќе се одржи денеска, 4 ноември 2024 година, понеделник, со почеток во 15:00 часот.Членови на Советот за безбедност се Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов.На седницата, покрај членовите на Советот на безбедност, на покана на претседателката Сиљановска Давкова ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

Македонија | пред 1 година

Foto-8-2

Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Кипар, Андреас Фотиу

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на Андреас Фотиу, новоименуваниот амбасадор на Република Кипар, со седиште во Белград.На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова посочи дека по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година, билатералните односи и соработката меѓу двете земји добија нова цел и динамика, при што оцени дека тие се засноваат на заемно разбирање, меѓусебна почит и желба за градење цврсти врски меѓу земјите и граѓаните. Претседателката потенцираше дека целосно го почитуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Република Кипар, како и релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН и истакна дека исклучително ја цениме принципиелната и конзистентна поддршка од Република Кипар за наше целосно интегрирање во Европската Унија.„Многу би ценеле доколку продолжите и во иднина да дејствувате афирмативно и да ја застапувате потребата од задржување на динамиката на ЕУ-проширувањето. Европската иднина за земјите од Западен Балкан е гаранција за стабилност и за просперитет на целиот регион, но и за одржување на кредибилитетот на самата Унија“, порача претседателката.Таа изрази уверување дека пред двете држави претстои успешен период со изразени можности за натамошно јакнење на соработката на билатерален план и дека во духот на воспоставеното пријателство и разбирање ќе продолжиме да бидеме активно посветени во создавањето на нашата заедничка европска иднина.Амбасадорот Андреас Фотиу во своето обраќање ја нагласи заедничката посветеност на мирот, стабилноста и напредокот, при што посочи дека е од суштинско значење да се зајакне соработката и да се продлабочи меѓусебниот дијалог за прашањата кои ги засегаат двете нации.„Како амбасадор, подготвен сум да работам напорно со цел да промовирам поблиски врски меѓу нашите земји, унапредувајќи го нашето економско, културно и политичко партнерство. Верувам дека, преку соработка, можеме да одговориме на заедничките предизвици, да промовираме одржлив развој и да ги унапредиме идеалите на демократијата и човековите права“, рече новоименуваниот амбасадор на Кипар.Амбасадорот Фотиу ја реафирмираше кипарската поддршка за нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ и упати честитки за поднесувањето на амбициозната реформска агенда во рамките на новиот План за раст за Западен Балкан. Тој посочи дека европската перспектива на Западен Балкан е единствениот остварлив начин за зацврстување на мирот, долгорочната стабилност и просперитетот во регионот и изрази уверување дека пристапувањето на нашата земја во Европската Унија ќе донесе уште поголеми можности за соработка и развој.Претседателката Сиљановска Давкова на новоименуваниот кипарски амбасадор му посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска мисија.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-pernile-1

Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Кралството Данска, Перниле Деилер Кардел

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на Перниле Деилер Кардел, новоименуваната амбасадорка на Кралството Данска, со седиште во Белград.На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека од 1993 година двете земји во континуитет градат пријателски и партнерски односи кои се рефлектираат преку високо ниво на политички дијалог и меѓусебна соработка, при што посочи дека постои неискористен потенцијал и простор за дополнителен развој, посебно во економските и трговските односи.Претседателката во своето обраќање потсети на инволвираноста на Данска во критичните моменти од македонската историја, почнувајќи од прогласувањето на независноста и придонесот на поранешниот дански министер за надворешни работи, Уфе Елеман Јенсен, па сè до ратификацијата на пристапниот протокол на нашата држава во НАТО, кога Данска беше меѓу првите земји членки што тоа го направија.„Дозволете да изразам огромна благодарност за важната поддршка од Кралството Данска за нашите евроинтеграции. Очекувам нејзино продолжување со несмалено темпо и за време на вашето претседавање со Советот на Европската Унија во втората половина на 2025 година“, порача претседателката Сиљановска Давкова.Амбасадорката Перниле Деилер Кардел рече дека и претставува огромна чест што ги предава акредитивните писма со кои е акредитирана за амбасадор на Кралството Данска и истакна дека со голем интерес ќе го следи нашиот пат кон членство во Европската Унија.Претседателката Сиљановска Давкова на новоименуваната данска амбасадорка и посака успешно извршување на оваа ценета и одговорна функција и многу успех и добро здравје во извршувањето на амбасадорската мисија.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања