Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Сиљановска Давкова

siljanovska-davkova-arm-6

Пишман претседателка-закажа па откажа дебата за помилувањата

Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова, за денеска поканила членови на сите досегашни членови на Комисиите за помилување да дебатираат за подобрување на процесот на помилување во пракса.Како ја закажа, така се премисли и ја откажа, по електронска пошта, без образложение. Дебатата требаше да помогне во решавање на проблемите по бурните реакции во јавноста за 10 лица помилувани меѓу кои и водачот на кланот Барон Акиф Равмановски кој во меѓувреме е повторно вратен во затвор.Како што дознава Скопје1 од денеска треба да почнат и консултациите за формирање на новата Комисија за помилување, откако во саботата актуелниот состав колективно си поднесе оставка, а претседателката ги прифати оставките.Вчера, премиерот Мицкоски, ја поздрави оставката на комисијата, притоа потенцирајќи дека кој работи и греши и дека е важно што Комисијата ја прифати грешката.„Комисијата не призна грешка како што посочува Мицкоски, туку дека се придржува до принципи”, е ставот на Гордан Калајџиев, сега поранешен член на Комисијата за помилување.Опозициската СДСМ побара оставка од претседателката бидејќи таа е последниот филтер кој одлучува, а Комисијата е само советодавно тело.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-lajen-4

Сиљановска Давкова со претседателката на ЕК, Лајен: Клучот за нашиот развој е во интеграција согласно Копенхагенските критериуми и принципот на заслуги

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствaри средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.На средбата беа разменети мислења и информации за евроинтеграцискиот процес на земјава и перспективите за напредок, имплементацијата на реформите и придобивките од Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан.Заблагодарувајќи се за нејзиниот личен ангажман и заложби во однос на проширувањето, претседателката Сиљановска Давкова посочи дека Планот за раст е важен механизам со голем потенцијал, кој ќе ги забрза реформите, ќе придонесе за стандардизација, економскиот раст и напредок и ќе ја приближи земјата до Европската Унија.Претседателката истакна дека македонските институции во повеќе области се подготвени за забрзана интеграција и вклучување во повеќе иницијативи и мрежи на ЕУ и изрази очекување дека процесот на интеграција ќе се спроведе врз основа на принципот на заслуги и Копенхагенските критериуми, пoтенцирајќи дека во нив е клучот за нашиот развој.Посочувајќи ја важноста од одржување на кредибилитетот на Европската Унија во однос на политиката на проширувањето, претседателката ја истакна потребата од засилена поддршка од страна на европските институции со цел надминување на билатералните предизвици и забрзување на евроинтеграциите.Претседателката изрази подготвеност за натамошно продолжување на дијалогот и ја истакна важноста новиот пристап на постепена, фазна интеграција да продолжи паралелно со процесот на пристапување.Во контекст на регионалните случувања, претседателката Сиљановска Давкова посочи дека напредокот постигнат од секоја земја-кандидат од Западен Балкан позитивно влијае на регионалната динамика на пристапување во ЕУ и ги истакна своите заложби за натамошно унапредување на севкупната регионална соработка во интерес на заедничката стабилност, безбедност и просперитет.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-arm-5

Сиљановска Давкова упати честитка: Денес, кога го живееме нивниот сон, да не заборавиме дека државноста е тешко стекната, дека не ни е подарена и треба да се брани

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.„Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.Ви посакувам празникот да го минете во мир и хармонија, радост и среќа, уживајќи ги придобивките на тешката борба за слободна, независна и демократска македонска држава.Идејата-водилка на основачите на Македонската револуционерна организација, коишто пред 131 година визионерски зачекорија по трнливиот пат кон политичка автономија, еволуираше и се доградуваше низ годините. Резултатот е самостојна македонска држава исправена пред нови предизвици.Прославувајќи го Денот на македонската револуционерна борба, да се потсетиме на сите знајни и незнајни херои и на нивните идеали, убедувања и жртви. Денес, кога го живееме нивниот сон, да не заборавиме дека државноста е тешко стекната, дека не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти, наместо со оружје, како некогаш.Затоа, да се грижиме за татковината и да си ја чуваме, оти друга немаме! Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска држава. Да им ја оставиме на потомците, како што нам ни ја оставија, македонските револуционери.Нека ни е честит празникот“, се вели во честитката на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-1-1

Сиљановска Давкова го прими шефот на канцеларијата и специјален претставник на СЗО, Аким Али

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими Аким Али, шеф на канцеларијата на Светската здравствена организација и специјален претставник во Скопје.На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за тековните активности, улогата на СЗО во земјава и во регионот и нивната соработка со локалните здравствени институции со цел подобрување на отпорноста на здравствените системи за справување со пандемии, или здравствени кризи.Во разговорот, претседателката Сиљановска Давкова ја потенцираше важноста од усогласување на националните здравствени политики со глобалните здравствени стандарди и ја истакна својата поддршка на напорите за елиминирање на сите регулаторни, политички, или социјални бариери со цел спроведување на ефективни здравствени програми.Во интерес на зајакнување на здравствениот систем на земјата, превенција на болести и промовирањето на здрави навики, претседателката ја посочи важноста од натамошен развој на стратегии за зголемување на свеста и јавната поддршка за тековните здравствени иницијативи, особено во руралните, или недоволно развиените области.На средбата беше изразена подготвеност за продолжување на соработката на СЗО со македонските институции со цел поддршка на реформските процеси во областа на здравството, јакнење на капацитетите за рано предупредување и подготвеност на државата за брз одговор на итни здравствени ситуации.

Македонија | пред 1 година

Foto-5

Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Португалската Република, Жозе Руи Вележ Каросо

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на Жозе Руи Вележ Каросо, новоименуваниот амбасадор на Португалската Република, со седиште во Белград.На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека годинава се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји и посочи дека постојат бројни можности за натамошно искрено продлабочување на соработката, како на билатерален, така и на меѓународен план, со посебен интерес за интензивирање на економските врски.Нагласувајќи дека континуираната поддршка од Португалската Република за интеграцијата на земјите од регионот во европските структури, а во тие рамки и на нашата држава, секогаш била од голема важност, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека е значајно истата да продолжи со уште поголем интензитет во периодот којшто следи.„Заслужуваме да ги отпочнеме преговорите за пристапување во ЕУ без натамошно одложување. Сакам да повторам дека и јас и Владата остануваме целосно посветени на неопходните реформи поврзани со нашата интеграција во ЕУ. Сепак, овој процес мора да се спроведе во согласност со критериумите од Копенхаген. Ако нашиот процес на интеграција во ЕУ не се дебилатеризира, верувам дека тоа ќе постави штетен преседан за сите идни земји кандидати. Другите држави можат да користат билатерални спорови како изговор за блокада на патот на земјите кандидати“, рече претседателката Сиљановска Давкова.Португалскиот амбасадор Жозе Руи Вележ Каросо во своето обраќање истакна дека заедничките вредности што ги обединуваат двете земји, како и соработката во рамки на НАТО, во корист на евроатлантската безбедност, се од особено значење за обезбедување на слободата и демократијата. Тој нагласи дека Португалија целосно го поддржува влезот на нашата земја во ЕУ, како и на другите земји кандидати од Западен Балкан додавајќи дека со реформската агенда и Планот за раст, ова е момент на можност за сите кој не треба да се пропушти.„Во овие времиња на предизвици со кои сега се соочуваме на глобално ниво, со агресивната војна во Украина и конфликтот на Блискиот Исток, како и со многу други штетни, насилни и страшни трагедии ширум светот, императив е заеднички да се бранат правдата и мирот, со мултилатерална перспектива, според принципите на Повелбата на Обединетите нации“, рече новоименуваниот португалски амбасадор на церемонијата на предавање на акредитивите.Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорот Жозе Руи Вележ Каросо му посака успех во извршувањето на одговорната функција.

Македонија | пред 1 година

Foto-4-1

Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Гана, Дорис Аџо Дењо Бресe

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на Дорис Аџо Дењо Бресe, новоименуваната амбасадорка на Република Гана, со седиште во Прага.На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека нашата држава придава значење на развојот на односите со земјите од Африка, особено со Гана која беше првата земја јужно од Сахара што се стекна со независност во процесот на деколонизацијата.„Имајќи ја предвид посветеноста на Гана кон натамошниот развој на својата економија и демократија, убедена сум дека постои простор за проширување на нашата соработка на економски, културен и на меѓународен план. За тоа е потребно натамошно зајакнување на правната рамка и се надевам дека сите договори кои се веќе усогласени ќе се потпишат во најскоро време“, истакна претседателката Сиљановска Давкова.Изразувајќи задоволство од соработката на полето на образованието и науката и искажаниот интерес на студенти од Гана за студирање на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, Претседателката изрази надеж дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, со можност и дополнително да биде продлабочена.Амбасадорката Бресе во своето обраќање истакна дека Гана го цени долгогодишното и срдечно пријателство што постои меѓу двете земји од воспоставувањето на дипломатските односи, основани на заедничката посветеност на истите вредности: демократија, човекови права, владеење на правото, безбедност и просперитет.Таа истакна дека Гана придава големо значење на заедничките иницијативи за продлабочување на соработката во клучните сектори на нивната економија, особено технологијата, здравството, земјоделството, обновливите извори на енергија, производството, туризмот и образованието. Во овој контекст, амбасадорката Бресе нагласи дека ги охрабрува инвеститорите од нашата земја да ја искористат привлечната и погодна инвестициска клима во Гана.Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорката Дорис Аџо Дењо Бресe ѝ посака успех во извршувањето на одговорната функција.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-2

Сиљановска Давкова ја прими заменик извршната директорка на UN Woman, Њараѕаи Гумбонзванда

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими заменик извршната директорка на Агенцијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, UN Woman, Њараѕаи Гумбонзванда.На средбата беа разменети мислења за постигнатиот напредокот во земјава во однос на родовата еднаквост, ефикасноста на стратегиите за борба против родовото насилство, можностите за економско зајакнување на жените, зголемување на нивната застапеност на лидерски позиции, предизвиците со кои се соочуваат жените од маргинализираните заедници, како и за соработката со UN Woman.Соговорничките се согласија дека еднаквото учество на жените во креирање на политиките, како и во областите на одбраната, безбедноста и меѓународните односи е од суштинско значење за инклузивен и одржлив развој. Во тој контекст беше истакнато дека родовата нееднаквост е повидлива на локално ниво, каде жените кои се стремат за лидерски позиции се соочуваат со бројни бариери кои произлегуваат од патријархалните вредности и родовите стереотипи. Воедно, беше посочено дека се неопходни поголеми инвестиции и во програмите наменети за создавање поправеден пазар на труд, односно рамноправност и еднакви можности меѓу жените и мажите на пазарот на труд.Со цел унапредување на родовата еднаквост и подобрување на статусот на жените во сите области од јавниот и приватниот живот, претседателката истакна дека земјава ќе продолжи со целосно усогласување на националните стратешки документи со Агендата за одржлив развој 2030 и со Цел 5 за одржлив развој: Родова еднаквост.Во разговорот со Гумбонзванда, претседателката Сиљановска Давкова ја истакна нејзината целосна посветеност на подигање на свеста за прашањата за родовата еднаквост и изрази поддршка на иницијативите кои го унапредуваат севкупниот статус на жените во македонското општество. Таа изрази уверување дека блиската соработка со агенциите на ОН и UN Women ќе продолжи и ќе се продлабочи и во иднина, со цел обезбедување на родовата еднаквост меѓу приоритетните задачи на националната агенда.

Македонија | пред 1 година

Foto-4

Претседателката Сиљановска Давкова го прими финскиот амбасадор, Никлас Линдквист

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Финска, Никлас Линдквист.На средбата беше истакнато дека двете земји во изминативе 30 години изградија силни партнерски односи и одржуваат активен политички дијалог, промовирајќи заеднички цели и стратешки интереси за траен мир, стабилност и просперитет во регионот и пошироко.Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за доследната и принципиелна поддршка на Финска на македонските евроинтеграции и помошта во исполнување на европските критериуми, како и за успешната соработка преку твининг проектите.На средбата со амбасадорот Линдквист, претседателката го реафирмираше ставот дека државните институции остануваат целосно посветени на неопходните реформи за членство во Европската Унија, во согласност со критериумите од Копенхаген и ја потенцираше потребата од дебилатерализација на процесот со цел да се превенираат идни можни злоупотреби на билатералните спорови на патот на земјите-кандидати кон ЕУ.Во однос на меѓународната соработка претседателката истакна дека членството на Финска во НАТО претставува значаен чекор кон зајакнување на трансатлантската стабилност и безбедност за сите сојузници и воедно упати честитки за претстојното финско претседавање со ОБСЕ, изразувајќи подготвеност за споделување на македонското искуство како дел од ОБСЕ – тројката. Во таа насока беше реафирмирана подготвеноста за продолжување на соработката во рамки на ОН и изразено очекување за поддршка на македонските кандидатури во меѓународните организации.Соговорниците разменија мислења и за можностите за поттикнување на економската соработката, како и соработката во областа на образованието, иновациите и дигитализацијата.

Македонија | пред 1 година

Foto-6

Сиљановска Давкова: Жените во руралните средини се столбот на заедницата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, на која се одржа јавна расправа на тема „Родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд“.Посочувајќи дека жените од руралните средини, како и ранливите категории на граѓани, повеќекратно се соочуваат со нерамноправност и дека нивната инклузија на пазарот на труд е хроничен проблем, претседателката се осврна на бариерите, клучните проблеми и предизвици со кои тие се соочуваат и повика на преземање на конкретни мерки од страна на државните институции, но и приватниот сектор, со цел нивно редуцирање и отстранување.Потенцирајќи дека нивната инклузија не претставува само морален, туку и економски императив, таа истакна дека жените од руралните средини претставуваат неискористен извор и неисцрпен потенцијал за одржлив развој, и нивното невклучување во пазарот на трудот се одразува не само врз економскиот раст и развој, туку и врз иновациите.„Токму жените во руралните средини се столбот на заедницата во која живеат. Кога велам заедницата, не мислам на семејната заедница, мислам на социјалниот амбиент. Не само што имаат клучна улога, туку се неверојатно иновативни во земјоделството, притоа не го запоставуваат семејството, имаат смисла за локалната економија и имаат едно чувство за право и за правда, кое можеби звучам себично, но мислам дека е поизразено одошто кај мажите“, рече претседателката Сиљановска Давкова.Меѓу клучните проблеми, претседателката ги посочи инфраструктурата и нерамномерниот регионален развој, немањето редовен превоз, недостигот од градинки, ограничениот пристап до здравствени услуги и до квалитетно образование. Таа истакна дека инвестициите во овие области се неопходни за жените од руралните средини да можат да ги балансираат работните и семејните обврски, како и сите други, и да бидат рамноправни со жените во урбаните средини.„Низ призма на образованието голем дел од жените сè уште се ограничени и не е многу пријатно чувството човек да рече дека, сè уште девојчињата од руралните средини понекогаш имаат проблем со заокружување на образованието. Без соодветно образование тие не се компетитивни како мажите, или ако сакате, лишени се од нормалниот пат на стекнување вештини, кои се бараат при формалното вработување, или кои се потребни за да отпочнете сопствен бизнис. Затоа потенцирам, обезбедувањето на пристап до квалитетно образование треба да биде приоритет зошто тоа ќе ги направи посилни, ќе им овозможи поинаков пат за напредување, кој можеби и не го замислувале“, рече во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова.Како важни алатки за надминување на јазот помеѓу руралните жени и пазарот на труд, како и за вклучување во глобалната економија, претседателката ги нотираше технологијата, нивно обучување и оспособување за користење на дигиталните платформи и поголеми можности за работа од далечина.Повикувајќи се на темелните вредности од Уставот, таа посочи дека нашата обврска за правда, правичност и недискриминација се однесува кон сите, вклучувајќи ги и руралните жени и ја потенцираше важноста од нивно охрабрување, промовирање на жените-лидери од овие средини и создавање на политики за севкупна инклузија.Во таа насока, претседателката истакна дека и компаниите треба да се охрабрат да вработуваат обучени жени од руралните области, а државата да создава услови за тоа и да го креира амбиентот.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-arm-6

Сиљановска Давкова се обрати на свеченоста по повод заклетвата на 28. класа питомци/студенти на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на свеченоста по повод заклетвата на 28. класа питомци/студенти на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, што се одржа во касарната Гоце Делчев - Скопје.Во обраќањето пред питомците, претседателката Сиљановска Давкова посочи дека нашата армија е составена од професионални, мотивирани и кредибилни старешини и војници кои во изминативе пет години како дел од НАТО, но и како дел од Партнерството за мир и бројните мисии, покажаа и се уште покажуваат и докажуваат дека можат да стојат рамо до рамо со колегите од најсилните армии и да постигнуваат највисоки резултати, одлично вршејќи ги своите задачи.„Осовременувањето на армијата наметнува дополнителни вложувања во борбените средства, опремата, комуникациски системи. Сепак, за мене, најсилната страна на нашата армија е човечки капитал. Во тоа се уверивме не само за време на мисиите во странство, туку и во постојаните активности и учество при справување со кризите и непогодите и конкретната помош и поддршка на граѓаните. Со право сум и сме горди на припадниците на армијата и мора да се грижиме за офицерскиот подмладок“, истакна во обраќањето претседателката.Порачувајќи дека питомците се иднината и драгоцениот потенцијал на македонската армија, претседателката истакна дека Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ претставува почитувана институција, призната во регионални рамки, но и пошироко и дека сме должни и понатаму да работиме на нејзиниот развој и напредок.„Доказ за капацитетот и квалитетот на Воената академија се и студиите за управување со кризи и заштита и спасување. Среќна сум што, покрај на питомците, денес имам можност да им се обратам и на бруцошите - студенти на прв циклус студии за управување со кризи и заштита и спасување. Станува збор за неопходен кадар и за клучен човечки ресурс во зајакнувањето на институциите, надлежни за справување со кризи и заштита и спасување“, порача претседателката во своето обраќање.Осврнувајќи се на драматичните климатски промени кои предизвикуваат страшни елементарни непогоди, таа истакна дека за соочување и справување со природните и другите закани, мора да изградиме силен систем на заштита и спасување во кој клучната улога ја имаат квалификуваните и посветени човечки ресурси.Во своето обраќање, претседателката укажа и на нарушувањето на светскиот мир од руската инвазија врз Украина и неконтролираната ескалација на воениот конфликт на Блискиот Исток, потенцирајќи ја улогата на безбедносниот чадор, но и потребата од инвестирање и развивање на сопствената армија.„Убедена сум дека нема конфликт за кој не може да се постигне мирно решение, што поскоро, тоа, подобро. Верувам дека ние, поучени од крвавата историја, ја научивме мировната филозофија и дека нема да дозволиме воени судири на нашето тло. Посакувам припадниците на армијата, вие, да бидете ангажирани во мировни, а не во воени операции и активности во некое идно време. Но, се плашам дека грдата воена реалност повикува на будност и подготвеност“, порача претседателката Сиљановска Давкова.На настанот се обратиja и министерот за одбрана, Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Митко Богданоски, а присуствуваа началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор, Сашко Лафчиски, генерали, претставници на воено дипломатскиот кор, претставници од Министерството за одбрана и Армијата, како и роднини и пријатели на 28. класа питомци.

Македонија | пред 1 година

Foto-1-2

Сиљановска Давкова - Пирц Мусар: Двете земји се усогласени со целите за зајакнување на мултилатерализмот и промовирање на мирот и одржливиот развој

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар во Тиват, Црна Гора каде учествуваат на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.Двете соговорнички разменија мислења и информации за нашата иднина во контекст на процесот на пристапување во Европската Унија, при што претседателката Сиљановска Давкова упати искрена благодарност за силната и отворена словенечка поддршка за македонската европската интеграција и истакна дека процесот не смее да биде заложник на билатералните прашања.Истакнувајќи дека Европската Унија врши притисок врз земјите-членки кога тоа е потребно во многу други случаи, претседателката Сиљановска Давкова порача дека во нашата ситуација неопходни се лидери и земји кои ја разбираат нашата позиција, кои ќе помогнат да се осигураме дека нашиот глас јасно ќе се слушне во наредниот период. Претседателката нагласи дека е време да се потенцираат критериумите од Копенхаген во процесот на интеграција во Европската унија и да се потврди јасната посветеност на регионот.На средбата беше изразено задоволство од одличните пријателски односи и соработката меѓу двете земји, кои се карактеризираат со заемна поддршка и почит и беа нагласени заложби за проширување на соработката и зајакнување на меѓусебната доверба, разбирањето и партнерството.Во контекст на соработката на меѓународен план, претседателките Сиљановска Давкова и Пирц Мусар констатираа дека двете земји се усогласени со целите за зајакнување на мултилатерализмот и промовирање на мирот и одржливиот развој, а беше истакната и долгогодишната соработка во рамките на Обединетите нации.

Македонија | пред 1 година

Foto-2-1-1

Сиљановска Давкова - Милановиќ: Kако НАТО сојузници, силно сме посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ во Тиват, Црна Гора, каде учествуваат на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.На средбата претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за цврстата и континуирана поддршка од Хрватска во процесот на евроинтеграции, што е најдобриот пат за развој на нашиот регион и стабилноста на Европа.Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека евроинтеграцискиот процес мора да се ослободи од оковите на билатералните прашања и целосно да се дебилатеризира, посочувајќи на опасноста од зголемување на евроскептицизмот поради актуелниот ќор-сокак во кој се наоѓа процесот.Претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата Европската Унија да ја потврди својата јасна посветеност на регионот, како што беше направено на Самитот во Солун во 2003 година, а процесот на интеграција да се базира на исполнување на критериумите од Копенхаген како единствени услови за влез во унијата.Во контекст на регионалната соработка, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека нејзиното зајакнување ќе обезбеди нашиот регион да остане отпорен на надворешни притисоци.На средбата претседателката Сиљановска Давкова потенцираше и дека како НАТО сојузници, силно сме посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорности во рамките на Алијансата, придонесувајќи за меѓународните мировни операции, споделувајќи заеднички ставови во однос на ситуацијата на регионално и мултилатерално ниво за мир и стабилност во регионот.Во разговорите беше констатирано дека двете држави негуваат одлични билатерални односи, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог, конструктивна соработка во сите области од заемен интерес и долгогодишно пријателство.

Македонија | пред 1 година

Foto-3-2

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на Босна и Херцеговина

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на Босна и Херцеговина во Тиват, Црна Гора, каде учествуваат на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.На средбата беше изразено задоволство од одличните пријателски односи и соработка меѓу двете земји кои се карактеризираат со заемна поддршка и почит, при што беше изразен интерес за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и продлабочување на билатералната соработка во сите сфери од заемен интерес, пред сè на економски план.Претседателката Сиљановска Давкова ја изрази македонската поддршка за европските и евроатлантските аспирации на Босна и Херцеговина, како и нашата подготвеност за размена на искуства со БиХ.Двете соговорнички констатираа дека унапредувањето на регионалната соработка со цел справување со предизвиците, како и напредок на европската интеграција на земјите од Западниот Балкан се од круцијално значење за стабилноста и просперитетот на регионот.На средбата стана збор и за минатонеделните поплави во Босна и Херцеговина, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите и брзо закрепнување на повредените.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-1

Учество на претседателката Сиљановска Давкова на Процесот Брдо-Бриони во Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Црна Гора, по повод учеството на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, на покана на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.Темите на дискусија на кои се фокусира самитот се надоврзуваат на декларацијата усвоена на минатогодишниот состанок на Процесот Брдо-Бриони и ги адресираат прашањата поврзани со младите и младинските политики, потребата од поголемо регионално поврзување, одржливиот развој и заштита на животната средина, како прашања од заеднички интерес за земјите од Западен Балкан.На самитот којшто се одржува во Тиват и чиј домаќин е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, предвидено е учеството и на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот и двајцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.Процесот Брдо-Бриони е формиран во 2013 година на заедничка иницијатива на Словенија и Хрватска и го промовира дијалогот и соработката помеѓу шефовите на држави и Влади за прашањата од взаемен интерес, со крајна цел - интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

Македонија | пред 1 година

Foto-1-1

Сиљановска Давкова прими претставници на Унијата на Здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова денеска прими претставници на Унијата на Здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија, предводена од здружението ЗМСТАС „ЗА НАС“, а во пресрет на одржувањето на 3. Меѓународен конгрес на Унијата.На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана со генералните заложби на Унијата на Здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија, воспоставените соработки и учества на меѓународни конгреси и симпозиуми. Претставниците на Унијата информираа и за тековните активности во контекст на изготвувањето на предлог законот за уредување на сестринската професија, за унапредување на работата и подобрување на образовниот процес.Изразувајќи почит кон нивната благородна професија, претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи нејзината поддршка за континуираниот ангажман за унапредување на положбата на сестрите и акушерките во државата, што има непосредно влијание и врз севкупните здравствени услуги за граѓаните. Во таа насока беше нагласена потребата за поголема видливост на предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат, како и од посветен и одговорен пристап за нивното надминување.На средбата се разговараше и за подготовките околу организирањето на 3. Меѓународен конгрес на Унијата што на тема “Автономија на сестринството: сега и во иднина”, ќе се одржи во периодот од 4 до 6 октомври, во Струга, како и за 5. Конгрес на Балканската асоцијација на сестринството, чиешто одржување е предвидено за март следната година, во Скопје.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања