Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Сиљановска Давкова

siljanovska-davkova-2

Сиљановска Давкова се обрати на Женскиот економски форум - Балкан 2024

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на Женскиот економски форум - Балкан 2024, што се одржува во организација на Здружението на жени менаџери ЕЛИТ.Во своето обраќање претседателката истакна дека иако е евидентен напредокот, не смееме да се задоволиме со постигнатото на полето на родовата еднаквост.„Должни сме да продолжиме со заложбите за рамноправност и еднаквост на правата не само de jure, туку и de facto, оти женските права се човекови права и степенот на демократијата се оценува и низ нивната реализација. Особено е важно да се елиминираат бариерите за економска партиципација и лидерство на жените“, потенцираше претседателката.Во таа насока таа истакна дека суштински предизвик е да се препознае и признае улогата на жената во процесите на одлучување и обликувањето на општеството, да се зголеми женското влијание врз и во различни сфери, вклучувајќи ги бизнисот, политиката, администрацијата, академската заедница и граѓанското општество.Претседателката потенцираше дека поттикнувањето на иновациите и овозможувањето одржлив развој е еден од најважните приоритети поврзани со женското лидерство, како и зелената транзиција. Во таа насока таа посочи дека глобалните платформи како Г100 се добредојдени за стимулирање на локалните и националните промени во делот на женското лидерство во политиката, економијата и конкретно, во поддршката на женското претприемништво, менторство и едукација.„Моќта на глобалните мрежи во споделувањето знаења, ресурси и системи за поддршка на жените е клучна во градењето на следната генерација жени лидерки кои ќе придонесат за конечно премостување на традиционалните граници во секторите во кои доминираат мажи“, посочи таа во своето обраќање.Осврнувајќи се на глобалните предизвици, претседателката истакна дека во услови кога фокусот е на кризниот менаџмент сè помалку време се посветува на растот, развојот и напредокот и дека поделениот и завојуван свет има егзистенцијална потреба од одговорно лидерство, визионерство и темелна посветеност на одбраната на човековите права.„Жените треба да ја превземат реформаторската улога. Тие ја имаат способноста да се издигнат над личните интереси и профитот и да ја видат големата човечка слика. Верувам дека токму жените лидерки во економијата, со својата енергија, посветеност, решителност, вештини и знаење може да ги преусмерат економските текови, ставајќи мировен, женски печат и промовирајќи и стимулирајќи одржливи и фер економски политики и модели, истакна претседателката Сиљановска Давкова, додавајќи дека жените лидерки во економијата поседуваат докажана општествена одговорност, грижа за заедницата и екологијата, остварување на милениумските цели без експлоатација и нарушување на работничките права.Во своето обраќање претседателката изрази очекување дека релевантното меѓународно присуство и активност ќе ги охрабри и стимулира македонските лидерки да станат уште поактивни социјални актерки во низа области.Целта на форумот е вмрежување на жените од различни сектори од регионот на Западен Балкан и Република Турција, преку размена на искуства и нивна соработка, а во насока на поттикнување и јакнење на улогата и позицијата на жените во општеството.

Македонија | пред 1 година

6

Претседателката Сиљановска Давкова ги прими гувернерките на централните банки од регионот

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерките на централните банки од регионот: Ирена Радовиќ на Црна Гора и Јасмина Селимовиќ на Босна и Херцеговина, кои учествуваа на конференцијата „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: Покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, што во организација на Народната банка на Република Северна Македонија и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс, се одржа денеска во Скопје.На средбата се разговараше за улогата на жените на раководни позиции и перспективите за ефективно управување и носење одлуки, поттикнувајќи ги иновациите и продуктивноста, а особено нивниот пристап кон социјалните прашања, преку политиките коишто застапуваат еднаквост и образование.Соговорничките посочија дека зголемувањето на учеството на жените на раководни позиции не е само прашање на правичност, туку и стратегиска предност за создавање поурамнотежени и напредни економии и дека женското лидерство е од клучно значење за поттикнување инклузивен економски раст и општествен развој.Претседателката Сиљановска Давкова, нагласувајќи дека жените на челни позиции во финансискиот сектор носат голема одговорност, порача дека тие претставуваат пример и инспирација за сите други жени кои го бараат своето место во општеството да ја постигнат својата професионална цел и кариера.

Македонија | пред 1 година

Foto-2-1

Сиљановска Давкова: Образовниот процес е сократов процес во кој студентите и професорите учат едни од други

Во своето обраќање на првиот академски час, пред бруцошите од сите факултети при Универзитетот, претседателката Сиљановска Давкова нагласи дека образовниот процес е сократов процес во кој студентите и професорите учат едни од други.„Секогаш сум мислела дека Универзитетот е вистинско место за бунтовни луѓе и дека ние треба да ја поттикнуваме таа бунтовност. Не мислам на бунтовност врзана за војни, мислам на бунтовност во знаењето, мислам за прашања, за вулкан од прашања, мислам за потрага по одговори, мислам за потрага по знаење. Ако не го качиме процентот за истражување и за образование, тогаш и себе и вас ве ограничуваме“, истакна претседателката Сиљановска Давкова.Како универзитетска професорка, претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство што пред себе гледа амбициозни млади луѓе жедни за знаење, наука и за промени.„Инвестицијата во образованието и во знаењето е најдобрата инвестиција, знаењето ќе ве направи не само компетитивни, знаењето ќе ве направи подобри, посмирени, потолерантни, поумерени, со разбирање за сите други“, рече претседателката.Претседателката Сиљановска Давкова во своето обраќање се осврна и на автономијата на Универзитетот, како клучен предуслов што гарантира вистински натпревар и негување на критичен ум.„Кога зборувам за автономијата не мислам само на автономија во организацијата, не мислам само на автономија на програмите, мислам и на финансиска автономија, оти кога ги гледам овде колешките и колегите знам дека вложувањето во нив е вистинското вложување“, порача претседателката Сиљановска Давкова.

Македонија | пред 1 година

Foto-3

Сиљановска Давкова: За да можат успешно да ја реализираат својата важна задача, централните банки мора да бидат независни од централните власти, заради отпорност на политичките влијанија и притисоци

Сиљановска Давкова се обрати на конференција „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: Покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на 10. меѓународна конференција на тема „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: Покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, што во организација на Народната банка на Република Северна Македонија и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс, се одржува денеска во Скопје.Во своето обраќање претседателката Сиљановска Давкова рече дека во време на големи противречности, нова и длабока меѓузависност на државите, економиите, луѓето и природата, помалите, отворени и од увоз зависни економии, каква што е македонската, диспропорционално ги чувствуваат ефектите од геополитичките ривалства, воените конфликти, преплетените безбедносни, економски, енергетски и еколошки кризи.Според претседателката, неопходно е да се изнајде модел за амортизирање на шоковите во нестабилен и постојано променлив економски амбиент, а како еден од столбовите на стабилноста во непредвидливи услови ги посочи токму централните банки.„За да можат успешно да ја реализираат својата важна задача, централните банки мора да бидат независни од централните власти, заради отпорност на политичките влијанија и притисоци, што особено се засилуваат во кризни и изборни години, каква што е оваа 2024-та година, која важи за најизборната во историјата на демократијата. Всушност, независноста им овозможува на централните банки да ја извршуваат својата незаменлива улога во намалувањето на инфлацијата, стабилизацијата на цените и одржувањето на макроекономската стабилност како предуслови за долгорочен економски раст“, рече претседателката Сиљановска Давкова.Според претседателката, македонските граѓани ќе ги почувствуваат придобивките на Европската Унија дури тогаш кога, трговската интеграција ќе биде дополнета со политичка, низ процес на европски реформи, со почитување на европските стандарди и критериуми. Како што посочи, интеграцијата ќе ни помогне да изградиме поинклузивно и поправедно општество во кое мажите и жените ќе можат подеднакво да напредуваат врз основа на своето знаење и вештина, односно стручност и компетентност.„Нам, за жал, неправедно ни се скратува правото на напредок и тоа, не поради Копенхагенските критериуми, туку поради барањата од некои соседи за ревизија на историјата и непочитување на националниот и културниот идентитет“, рече претседателката Сиљановска Давкова.„Како последица на оваа неправда, младите, кои се нашиот клучен двигател на економијата, се иселуваат. За да го спречиме губењето на највредниот ресурс-младите, од европските партнери очекуваме разбирање и деблокирање и дебилатерализација на процесот на преговори за членство во Европската Унија, отфрлање на двојните стандарди и почитување на правото и правдата, односно европските принципи и вредности, утврдени во уставните акти. Само целосно интегриран во Европската Унија, Балканот, наместо Ахилова пета, ќе стане еден од стожерите на стабилност на Европа“, рече претседателката Сиљановска Давкова.Посочи дека е време за реформа на меѓународниот монетарен систем, констатирајќи дека помалите држави треба да се вклучат на порамноправен начин во него.Навраќајки се на нејзиното минатонеделно учество на Самитот на иднината во Њујорк и зборовите на Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш дека не можеме да градиме иднина за нашите потомци со помош на систем изграден пред 79 години, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување дека е потребно преиспитување и трансформација на секој сегмент од меѓународниот поредок, вклучително и меѓународниот монетарен и финансиски поредок воспоставен на конференцијата во Бретон Вудс во далечната 1944.„Како прва македонска претседателка, верувам дека промените ги засегаат и жените и дека жените се не само за промени во ООН, туку и за реформа на меѓународниот монетарен и финансиски поредок“, рече претседателката Сиљановска Давкова во своето обраќање.Претходно, претседателката Сиљановска Давкова оствари средба со Алфред Камер, директор за Европа во Меѓународниот монетарен фонд, на која се разговараше за севкупната соработка и активностите на фондот во нашата држава.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања