Промени тема
Контакт

ТРАМП

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Трамп: Иран ќе нè нападнеше за една недела, 100%

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран планирал напад врз Соединетите Американски Држави во рок од една недела, тврдејќи дека таков напад бил речиси сигурен.Говорејќи пред републикански поддржувачи, Трамп рече дека Иран располагал со голем број ракети и дека планирал напади не само врз САД, туку и врз целиот Блиски Исток и Израел.„Во рок од една недела ќе нè нападнеа. Сто проценти. Имаа многу ракети, многу повеќе отколку што некој мислеше, и планираа да нè нападнат. Но планираа

Свет | пред 6 месеци

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Трамп разговараше со Путин за Иран: Москва предложила план за брз крај на војната

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп, при што главни теми биле војната околу Иран, конфликтот во Украина и ситуацијата во Венецуела. Разговорот траел околу еден час и бил инициран од американската страна, соопшти помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.Според Ушаков, разговорот бил „деловен, отворен и конструктивен“, а Путин му претставил на Трамп повеќе идеи насочени кон брзо политичко и дипломатско решение на конфликтот со

Свет | пред 6 месеци

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Трамп отвора нова опција: САД размислуваат да го контролираат Ормускиот теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека администрацијата во Вашингтон размислува за можноста Соединетите Американски Држави да преземат контрола над Ормускиот теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на енергенси.Во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес њуз, Трамп рече дека теснецот во моментот е отворен за пловидба, но дека Белата куќа ја разгледува опцијата да воспостави контрола над овој стратешки морски премин.„Ормускиот теснец во моментов е отворен, н

Свет | пред 6 месеци

media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

Трамп: Ако Иран се обиде со „трикови“, тоа ќе биде крај на таа земја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната против Иран, која влезе во десеттиот ден, би можела наскоро да заврши, оценувајќи дека Соединетите Американски Држави се „далеку пред планот“. Во телефонско интервју за американската телевизија Си-Би-Ес њуз, Трамп изјави дека според него конфликтот е „речиси завршен“, што е спротивно на претходните процени од Белата куќа дека операцијата може да трае повеќе од еден месец.Тој изнесе и свое видување за состојбата на иранските вооружени сил

Свет | пред 6 месеци

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп: Иран направи голема грешка

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не е задоволен“ од новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, во интервју за „Њујорк пост“.Во разговорот за таблоидот, Трамп ја исклучи можноста за скоро распоредување американски сили во иранскиот подземен објект за збогатување ураниум во близина на Исфахан. Тој додаде дека е „прерано да се зборува“ за можноста за заплена на иранска нафта, но нагласи дека таков чекор не е исклучен.„Сè уште немаме донесено никакви одлуки за иранскиот лидер.

Свет | пред 6 месеци

gaza

Планот на Трамп за мир во Газа ставен на чекање по нападите врз Иран

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Појасот Газа е ставен на чекање поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, откако САД и Израел извршија напади врз Иран, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на три извори директно вклучени во преговорите.Според нив, новонастанатата ситуација го доведува во прашање спроведувањето на мировната иницијатива на Трамп за регионот, позната како „Одбор за мир“, која американскиот претседател неодамна ја претстави како

Свет | пред 6 месеци

media-libraryvu8k6ge34h6veaF2D7a

Белата куќа: Растот на цените на нафтата е привремен

Белата куќа соопшти дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп внимателно ја следи ситуацијата на енергетските пазари, откако цените на нафтата нагло пораснаа поради војната со Иран.Портпаролката на Белата куќа, Тејлор Роџерс, изјави дека администрацијата е во постојана координација со надлежните институции.„Белата куќа е во постојана координација со релевантните агенции по ова важно прашање, кое е врвен приоритет за претседателот“, изјави Роџерс.Таа додаде дека Трамп и него

Свет | пред 6 месеци

media-librarycaomo8vlv4jff1hFMWq

(Видео) Непријатна сцена на самитот: Трамп го влечеше за рака претседателот на Парагвај

Доналд Трамп повторно стана вирален на социјалните мрежи, овој пат поради ракувањето со претседателот на Парагвај, Сантијаго Пенја.Трамп и Пенја се сретнаа овој викенд на самитот на Трамп „Штит на Америка“. Во видео од околу 16 секунди, кое брзо се прошири на интернет, се гледа како Трамп при ракувањето ја влече раката на Пенја.Претседателот на Парагвај остана смирен и цврсто стоеше на место. По краткото влечење со насмевка пред камерите, двајцата лидери продолжија со разговорот.Американскиот пр

Свет | пред 6 месеци

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп за именувањето на новиот врховен лидер на Иран: Не сум задоволен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, „не е задоволен“ од именувањето на Мојтаба Хамнеи за нов врховен лидер на Иран, пренесува американската телевизија Фокс њуз.Водителот Брајан Килмид изјави дека разговарал со претседателот по објавувањето на веста.Не сум задоволен“, му рекол Трамп.Килмид не откри дополнителни детали од разговорот, а Трамп сè уште јавно не се огласил по повод изборот.Иранскиот Совет на експерти, телото задолжено за избор на врховниот лидер на земјата, синоќа со големо мнозинство

Свет | пред 6 месеци

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Стармер разговараше со Трамп по критиките дека Британија не е лојален сојузник

Американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер денеска телефонски разговарале за состојбата на Блискиот Исток, откако Трамп претходно упати остри критики кон Обединетото Кралство и неговото раководство, пренесе The Guardian.Според соопштението од Даунинг стрит, двајцата лидери размениле мислења за најновите случувања на Блискиот Исток и за воената соработка меѓу САД и Обединетото Кралство. Во разговорот било споменато и користењето на базите на Кралските воздухопловни с

Свет | пред 6 месеци

Svajcarija

Неутралната Швајцарија се огласи: Американско-израелските напади врз Иран се кршење на меѓународното право

Швајцарскиот министер за одбрана Мартин Пфистер оцени дека нападите на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран претставуваат кршење на меѓународното право, пренесува Алџезира.Во интервју за швајцарскиот весник „Зонтагсцајтунг“, Пфистер изјави дека швајцарската влада смета дека нападот врз Иран ја прекршува забраната за употреба на сила, што е основен принцип на меѓународното право.„Федералниот совет смета дека нападот врз Иран претставува кршење на меѓународното право. Според нашето мис

Свет | пред 6 месеци

media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

Трамп: Новиот ирански лидер мора да добие одобрување од САД

Иран денеска објави дека избрал нов врховен лидер, а иако неговото име сè уште не е познато, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новиот лидер „не ќе потрае долго“ ако претходно не добие негово одобрување, јавува ABC News. „Ќе мора да добие наше одобрување“, рече претседателот за ABC News. „Ако не го добие нашето согласување, нема долго да се задржи. Сакам да бидеме сигурни дека нема да мораме да се враќаме на ова на секои 10 години, кога нема да има претседател како мене кој е под

Свет | пред 6 месеци

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Ирански шеф на дипломатијата до Трамп: Извинете се за убиствата и разорувањата

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека новиот врховен лидер на Иран ќе го избере иранскиот народ, а не американскиот претседател Доналд Трамп. Тој воедно побара Трамп да се извини за „убиствата и разорувањата“ кои, според него, Соединетите Американски Држави ги предизвикале во Иран и поширокиот регион, пренесува NBC.Арагчи реагираше на изјавата на Трамп од минатиот четврток, во која американскиот претседател посочил дека би требало да учествува во изборот на следниот врх

Свет | пред 6 месеци

media-libraryu7k2inog1hemd5LOgF5

Трамп: Не сакам Курдите да влегуваат во војната против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста курдските борци да се вклучат во војната против Иран, истакнувајќи дека не сака тие да бидат изложени на опасност.„Го исклучив тоа, не сакам Курдите да влегуваат. Не сакам Курдите да бидат повредени или убиени. Имавме добри односи. Подготвени се да влезат, но навистина им реков дека не сакам да влегуваат“, изјавил Трамп пред новинарите во претседателскиот авион Ер Форс Уан.Тој додал дека Соединетите Американски Држави „не сакаат да ја нап

Свет | пред 6 месеци

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп формира воена коалиција против наркокартелите

Американскиот претседател Доналд Трамп прими повеќе латиноамерикански лидери во Флорида за да го објави создавањето на воена коалиција против наркокартелите, во согласност со аргументите што ги изнесуваше во текот на својот втор мандат.Трамп ги посочи наркокартелите како главна причина за поголемо ангажирање на неговата администрација во Латинска Америка. На самитот „Штит Америка“, што го свика Трамп, учествуваа најмалку десетина лидери од Централна Америка, Јужна Америка и од Карибите, а на нас

Свет | пред 6 месеци

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп: Иран е жестоко нападнат, од „насилник“ стана губитник во регионот

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Иран е жестоко погоден од американските и израелските напади, оценувајќи дека Техеран бил принуден да попушти под притисокот од воените операции.Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“, Трамп напиша дека Иран им се извинил на соседните држави на Блискиот Исток и ветил дека повеќе нема да ги напаѓа.„Ова ветување е дадено само поради непрекинатите американски и израелски напади“, напиша Трамп.Тој тврди дека Иран претходно се обидувал да

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Трамп ја понижуваше Европа со месеци – сега од неа бара логистика и бази за војната со Иран

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп изминатата година често ги оттурнуваше европските партнери како политички неважни, но сега, додека САД и Израел водат воена операција со цел промена на режимот во Иран, од Европа се очекува поддршка. Европските лидери, кои во првите часови по нападот се дистанцираа од американската акција, постепено ја засилуваат својата реакција на кризата што се шири низ Блискиот Исток.Франција, Италија и други европски држави испраќаат дополнителни во

Свет | пред 6 месеци

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Белата куќа со куп различни верзии за ударот врз Иран: Трамп и врвот на администрацијата не се усогласени за причините

Една недела по почетокот на американската воена операција „Епски бес“ против Иран, во Вашингтон сè појасно се гледа дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не успева да понуди единствено и доследно образложение за тоа зошто конфликтот е започнат и кои се неговите конечни цели.Според наративот што Трамп го претставил при објавата на војната на 28 февруари, операцијата истовремено била претставена како одбранбен одговор на „децении иранска агресија“, како удар за уништување на ракетнит

Свет | пред 6 месеци

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Една недела од војната со Иран, растат ризиците за САД и Блискиот Исток

Една недела по почетокот на американско-израелската војна против Иран, која го турна Блискиот Исток во сериозна нестабилност, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се соочува со сè поголем број ризици и предизвици. И покрај почетните воени успеси, меѓу кои и ликвидацијата на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи и силните напади врз иранските сили, останува неизвесно дали тие ќе се претворат во јасна геополитичка победа.Според анализа на Ројтерс, кризата брзо се претворила

Свет | пред 6 месеци

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп: Иран не мора да биде демократска држава

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за телевизијата Си-ен-ен изјави дека иранското раководство е „неутрализирано“ и дека во земјата треба да се избере нов лидер кој ќе има коректен однос кон Соединетите Американски Држави и Израел, дури и ако Иран не биде демократска држава.Во краткото телефонско интервју Трамп оцени дека Иран значително ослабнал во последните денови. „Иран повеќе не е истата земја како пред една недела. Пред една недела беа моќни, а сега навистина се неутрализира

Свет | пред 6 месеци

media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

Конгресот не го усвои Законот за спас на Америка, Трамп се закани со блокада на владата

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази незадоволство што Конгресот не го усвоил таканаречениот Закон за спас на Америка (SAVE America Act), со кој како услов за регистрација на гласачи би се вовел доказ за државјанство. Предлог-законот заглави во Сенатот, а Трамп порача дека „не е среќен што тоа стои“ и дека „на сите им го ставил до знаење“, пишува NBC News.Тој отиде и чекор понатаму, заканувајќи се со блокада на работата на федералната влада доколку законот не стигне на неговата

Свет | пред 6 месеци

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп тврди дека тивко се преселуваат илјадници луѓе „од Исток“, го пофали Стејт департментот и Марко Рубио

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е во тек „преселување на илјадници луѓе“ од различни земји „од Исток“, наведувајќи дека операцијата се спроведува дискретно и без проблеми.Пораката ја објави на својата платформа Truth Social, а во неа изрази пофалби за Стејт департментот и за државниот секретар Марко Рубио, оценувајќи дека институцијата „врши одлична работа“ во организацијата на процесот.„Преместуваме илјадници луѓе од различни земји низ Исток. Тоа се прави тивко, но беспрекорн

Свет | пред 6 месеци

media-librarymdcluv3pub9p1XeLRfK

(Видео) Трамп ја нацрта новата стратегиска карта на САД од Гренланд до Панамскиот канал, вели Хегсет

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека претседателот Доналд Трамп ја редефинира безбедносната стратегија на САД во Западната хемисфера, велејќи дека Вашингтон обликува нова геополитичка мапа што ја опфаќа областа од Гренланд до Панамскиот канал.Тој зборуваше синоќа во седиштето на Јужната команда на САД во Дорал, Флорида, на Конференцијата за борба против картелите во Америка. Хегсет изложи поширока визија за безбедносната политика на САД во Западната хемисфера. Говорот се одрж

Свет | пред 6 месеци

media-library87cqf33u0npf0s7WYVe

(Видео) Христијански пастори се собраа во Белата куќа за да се молат за Трамп и војната со Иран

Христијанските пастори се собраа во Овалната соба со претседателот Доналд Трамп вчера вечер за да се молат за успехот на Америка во војната со Иран, пренесува Глобал њуз.За време на состанокот, пасторите го опкружија Трамп во неговата канцеларија и се молеа заедно за водство, мудрост и заштита додека тој ја води земјата.Собирот беше организиран со учество на Канцеларијата за религија во Белата куќа, која ја води Паула Вајт, телевизиска евангелистка која беше критикувана поради нејзините контрове

Свет | пред 6 месеци

media-library5gfcgoqekut34zXboTk

САД ја засилуваат офанзивата: Уништени бродови, напади врз десетици цели во Иран

Соединетите Американски Држави во последните 72 часа погодиле речиси 200 цели во Иран, а потопиле и повеќе од 30 ирански бродови, соопштија американски претставници во најновите изјави за текот на воената операција.Адмиралот Бред Купер од Централната команда на САД информираше дека американските бомбардери извршиле серија напади врз бројни воени цели, додека американските сили продолжуваат со интензивни операции против иранските капацитети.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања