Промени тема
Контакт

ВЕНЕЦУЕЛА

media-librarypndf7fsp0mnlc6I7uR2

Колумбискиот претседател повикува на масовни протести: „Целиот венецуелски, колумбиски и латиноамерикански народ мора да излезе на улица“

Колумбискиот претседател Густаво Петро реагираше на заканата од американскиот претседател Доналд Трамп за воена операција, откако Трамп го нарече „болен човек“ кој нема уште долго да остане на власт.Петро објави низа пораки на интернет, наведувајќи дека најпрво ќе „провери дали зборовите на Трамп на англиски навистина се пренесуваат така како што пишуваат националните медиуми“.Тој најави и дека „ќе одговори на тие изјави штом дознае што точно значи нелегитимната закана на Трамп“.Во друга објава

Свет | пред 8 месеци

media-librarym4pgufe8t77q3zsD8c9

Шпиони, дронови и Делта форс: како САД го уапсија Мадуро

Американските разузнавачки служби со месеци го следеле секој чекор на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, бележејќи каде спие, што јаде, како се движи и со кого се среќава. Мал тим шпиони, со помош на извори од самиот врв на венецуелската власт, собирал и најситни детали за неговото секојдневие, вклучително и информации за неговите домашни миленици, објави BBC, повикувајќи се на високи американски воени претставници.На почетокот на декември била финализирана мисијата со кодно име „Операциј

Свет | пред 8 месеци

media-libraryihaq269kfcdkbbaN0WI

Која е новата лидерка на Венецуела на која Трамп ѝ се закани дека ќе помине полошо од Мадуро

Откако претседателот Николас Мадуро беше заробен за време на американска воена операција, раководењето со Венецуела го презеде извршната потпретседателка Делси Родригез. Овој чекор е во согласност со венецуелскиот устав, кој во членовите 233 и 234 пропишува дека во случај на привремено или трајно отсуство на претседателот, неговите должности ги презема потпретседателот.Родригез, која ја извршува и функцијата министерка за финансии и за нафта, ја презеде новата улога во саботата попладне. Само не

Свет | пред 8 месеци

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

По Венецуела, дали и Колумбија е „следна“? Трамп не ја исклучува воената опција

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати нова жестока порака до Богота, оставајќи отворена можност за воена интервенција против Колумбија.Зборувајќи пред новинари во авионот „Ер Форс Уан“, Трамп остро го нападна колумбискиот претседател Густаво Петро, велејќи дека земјата е „сериозно болна“ и дека ја води човек кој, според него, го поддржува производството и извозот на кокаин кон САД. „Тоа нема да трае уште долго“, додаде тој.На директно новинарско прашање дали Вашингтон би прибегнал и до

Свет | пред 8 месеци

media-libraryrn6bu33g13kv34UeU1b

Куба: Триесет и двајца наши државјани загинаа во американската акција за апсење на Мадуро

При вооружената акција и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, Куба тврди дека 32 нејзини државјани загинале во американската воена операција изведена на територијата на Венецуела. Хавана соопшти дека поради настанот се прогласуваат два дена на жалост.Во изјавата на кубанските власти се наведува дека загинатите биле припадници на вооружените и разузнавачките структури на Куба, кои – како што беше нагласено – „херојски ја извршувале својата должност“. Според официјалната верзија н

Свет | пред 8 месеци

media-libraryluvqeq3767d25hroIP9

Два дена по драматичното апсење, Мадуро денеска излегува пред федерален суд во Њујорк

Два дена по уапсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во Каракас и по неговото носење во САД, 63-годишниот лидер денеска треба првпат да се појави пред федерален суд во Њујорк, објавија повеќе американски медиуми, меѓу кои „Ен-Би-Си њуз“ и „Њујорк тајмс“. Сослушувањето е закажано за пладне по локално време, односно во 17 часот по Гринич.Иако деталите за самиот тек на рочиштето засега не се прецизирани, познато е дека Мадуро во САД се соочува со серија тешки обвиненија, пред сè за так

Свет | пред 8 месеци

grenlan

Страв во Данска дека Трамп сака американска контрола и врз Гренланд

По „киднапирањето“ на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кое Вашингтон го оправдува со безбедносни причини, во Данска сè погласни стануваат стравувањата дека американската администрација може да направи сличен потег и кон Гренланд. Загриженоста расте поради повторените изјави на Доналд Трамп дека САД треба да воспостават контрола врз овој арктички остров од стратешко значење.Гренланд, кој има околу 57.000 жители и статус на полуавтономна територија во рамките на Данското кралство, формалн

Свет | пред 8 месеци

media-librarys03fe4ht40enf8nKEJk

Руските интереси под закана: реализацијата на планот на Трамп за Венецуела со висока цена за Москва

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп САД да ја преземат контролата врз венецуеланската нафтена индустрија и да ги повикаат американските компании да учествуваат во нејзина обнова по апсењето на претседателот Николас Мадуро, најверојатно нема да има значително и непосредно влијание врз светските цени на нафтата, оценуваат аналитичари за Associated Press (AP).Венецуеланската нафтена индустрија е во исклучително лоша состојба поради долгогодишно запоставување, корупција и меѓународни са

Свет | пред 8 месеци

kamala-h

Камала Харис за акцијата: Не станува збор ниту за дрога, ниту за демократија – станува збор за нафта

Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, преку својот профил на социјалната мрежа X остро ја критикуваше американската интервенција во Венецуела, оценувајќи ја како незаконска, нерозмислена и штетна за интересите на САД.„Фактот дека Мадуро е брутален и нелегитимен диктатор не ја менува реалноста дека оваа акција е незаконска и нерозмислена. Веќе сме го гледале овој филм – војни за промена на режими или за нафта се прикажуваат како сила, а завршуваат со хаос, при што цената ја плаќаат а

Свет | пред 8 месеци

media-libraryvg3apg7ibvsj1d5GqU5

Мицкоски: Апсолутно стоиме зад потезите на САД за Венецуела, а тие што коментираат дека ова е преседан, молчеа за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски прашан за позицијата на нашата држава во однос на приведувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД, рече:„Ние како Влада апсолутно стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Мене најмногу ме зaгрижува громогласната тишина на истите тие европски и светски земји во минатото кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија и македонскиот народ.И како тогаш сите тие се оглувеа и никој

Македонија | пред 8 месеци

1694251431-Tan2023-09-0908281555_9-2048x1350-1

Северна Кореја: САД со соборувањето на Мадуро ја покажуваат бунтовничката и брутална природа

Северна Кореја остро ги осуди американските напади врз Венецуела и соборувањето на поранешниот претседател Николас Мадуро, оценувајќи ги како „најтежок облик на кршење на суверенитетот“, објави во неделата државната новинска агенција КЦНА, а пренесе Ројтерс.Во соопштението на портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи се наведува дека овој настан е уште еден доказ за, како што се наведува, „одметничката и брутална природа на Соединетите Американски Држави“.Осудата доаѓа и

Свет | пред 8 месеци

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Плановите на Трамп за управување со Венецуела сè уште нејасни

Плановите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за идното управување со Венецуела и понатаму остануваат неразјаснети. Трамп во саботата изјави дека Соединетите Американски Држави ќе управуваат со земјата сè додека не се обезбеди „безбедна, исправна и разумна транзиција“.Сепак, сè уште не е познато на кој начин САД би ја воделе Венецуела, ниту кои лица или институции би биле вклучени во тој процес. Трамп нагласи дека станува збор за „тимски напор“.Тој додаде дека американскиот држав

Свет | пред 8 месеци

media-libraryuf71nlh27k0cbFifNuw

Мадуро во понеделник првпат пред федерален суд во Менхетен, а жители на Венецуела сведочат: Нашата земја е во хаос

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во понеделник првпат ќе се појави пред федерален суд во Менхетен, соопшти претставник на американското Министерство за правда. Тој е обвинет по повеќе федерални точки, меѓу кои и заговор за нарко-тероризам.Во обвинението се наведува дека Мадуро и неговите сојузници со години ги претвориле венецуелските државни институции во центар на корупција поттикната од трговијата со дрога, дејствувајќи исклучиво во сопствен интерес. Според Министерство за правда на С

Свет | пред 9 месеци

media-library9s2cs3tla49q45kdbkR

Засиленото американско воено присуство крај Венецуела најверојатно ќе остане

Засиленото американско воено присуство долж венецуелското крајбрежје, изградено од минатата година наваму, најверојатно ќе остане на сила, оцени пензиониран генерал-мајор на австралиската армија Мик Рајан во изјава за CNN.Соединетите Американски Држави во изминатите месеци испратија воени бродови и борбени авиони во регионот со цел да го засилат притисокот врз претседателот Николас Мадуро. Во рамки на, како што ја нарекуваат, противнаркотичката кампања, американските сили извршија напади врз дес

Свет | пред 9 месеци

media-libraryluvqeq3767d25hroIP9

(Фото) Објавена фотографија од Мадуро со лисици по пристигнувањето во Њујорк

Се појави фотографија на која се гледа Николас Мадуро со лисици на рацете, непосредно по излегувањето од авион, опкружен со агенти на американската Агенција за борба против дрогата и службата за истраги во рамки на Министерството за внатрешна безбедност. Снимката ја објави американската телевизиска мрежа NBC News, партнер на Sky News, која наведува дека дошла во посед на фотографијата што го прикажува уапсениот венецуелски лидер.На фотографијата Мадуро е облечен во светлосина маица со капуљача и

Свет | пред 9 месеци

media-library4r8ehr5livejfMakdJG

(Видео) Снимки од срцето на венецуелскиот воен комплекс по нападите на САД

На социјалните мрежи се појавија нови фотографии кои ги прикажуваат последиците од американските воени напади врз Фуерте Тиуна, најголемиот воен комплекс во Венецуела. Автентичноста на снимките ја потврди американската телевизиска мрежа CBS, објавувајќи дека фотографиите навистина потекнуваат од локацијата погодена во нападите.Фуерте Тиуна е клучен воен и безбедносен центар на венецуелските власти, а според изјавата на челникот на владејачката партија во Венецуела, Нахум Фернандес, токму таму би

Свет | пред 9 месеци

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Воена интервенција што ја потресе Вашингтон: поделби кај републиканците по Венецуела

Одлуката на Доналд Трамп да покрене воен напад врз Венецуела, да го уапси нејзиниот претседател и привремено да ја преземе управата со земјата претставува остар пресврт за политичар кој со години ја градеше својата кариера врз критика на странските интервенции и ветувања дека ќе ги избегнува надворешните конфликти. Визијата што Трамп ја изложи на прес-конференција отвора можност за натамошни воени дејствија, директно мешање во венецуелската политика и нафтена индустрија, па дури и испраќање амер

Свет | пред 9 месеци

media-libraryer2te1ir647nbQSTHTs

(Видео) No games. FAFO: Белата куќа со заканувачка порака по апсењето на Мадуро

Белата куќа објави црно-бела фотографија од американскиот претседател Доналд Трамп пред претседателскиот авион Air Force One, придружена со пораката „No games. FAFO.“, што предизвика силни реакции и жестоки дебати на социјалните мрежи ширум светот.Кратенката FAFO е интернет-сланг со потекло од американската онлајн култура и значи „Fuck Around and Find Out“, односно во слободен превод: „Играј, па ќе ги почувствуваш последиците“. Станува збор за израз што најчесто се користи како предупредување де

Свет | пред 9 месеци

media-library0uvjggv74int8e2HvLp

(Видео) Заробениот Мадуро пристигна во САД под најстроги безбедносни мерки

Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес денеска официјално стапнаа на американско тло, откако авионот со кој беа транспортирани слета во воената база Stewart Air National Guard Base во сојузната држава Њујорк.Според информации на Си-Ен-Ен, повикувајќи се на федерален функционер, Мадуро по излегувањето од авионот бил облечен во сива облека и со лисици на рацете, додека бил придружуван од повеќе од десетина федерални агенти облечени во црно. Снимките од

Свет | пред 9 месеци

media-library4op3u6d7g8i01XZLVuo

Вооружени цивили патролираат во Каракас по падот на Мадуро

Во централните делови на Каракас денеска беа забележани вооружени цивили кои се движат по улиците во близина на државни институции, во сцени што дополнително ја нагласуваат нестабилноста по соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.Станува збор за припадници на таканаречените „чавистички колективи“ – провладини паравоени групи кои со години дејствуваат во одредени делови од главниот град и имаат фактичка територијална контрола, особено во сиромашните населби. Цивилите биле вооруже

Свет | пред 9 месеци

media-libraryqq3voq8f19bp6MYnmDX

(Видео) Жителите на Каракас купуваат залихи по апсењето на Мадуро

По апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД, главниот град Каракас се соочува со зголемена напнатост и чувство на несигурност меѓу граѓаните. Веста, која ја објави американскиот претседател Доналд Трамп, предизвика бран реакции и страв од можните политички и безбедносни последици.Голем број жители излегоа на улиците за да се снабдат со основни прехранбени производи и лекови, стравувајќи од потенцијални прекини во снабдувањето и нови немири. Пред продавниците, пазарит

Свет | пред 9 месеци

media-library5cdeb1qcb21d6WqqSgb

По Венецуела, Трамп најавува дека Куба ќе биде следна тема: Хавана има причина за загриженост

Американскиот државен секретар Марко Рубио испрати јасна порака до властите во Куба, изјавувајќи дека доколку живеел во Хавана и бил дел од тамошната влада, „би бил загрижен“. Коментарот следуваше по завршувањето на прес-конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп, на која беа разгледувани последиците од американската воена операција во Венецуела.Одговарајќи на прашање од новинар кој се претстави како кубански државјанин, Трамп рече дека Куба е тема „за која допрва ќе се зборува“. Т

Свет | пред 9 месеци

media-library4t785b7ibsru8dPnv3B

Кој ќе ја води Венецуела? Трамп: За одреден период, Венецуела ќе ја водат луѓето зад мене

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави не ја исклучуваат можноста за присуство на свои војници на терен во Венецуела и дека американската војска веќе имала директно присуство за време на операцијата што доведе до апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.Одговарајќи на новинарско прашање дали управувањето со Венецуела од страна на САД подразбира и распоредување копнени сили, Трамп изјави дека Вашингтон „не се плаши од чизми на терен“. Тој дод

Свет | пред 9 месеци

media-librarydbuhdl1u01bsaNzXC24

Рубио: Мадуро не е легитимен претседател, тоа го вели целиот демократски свет

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Николас Мадуро не е легитимен претседател на Венецуела и дека тоа не е став само на актуелната американска администрација, туку континуирана позиција на Соединетите Американски Држави со години наназад.Рубио нагласи дека и администрацијата на Доналд Трамп во неговиот прв мандат, како и администрацијата на Џо Бајден, официјално го сметале Мадуро за нелегитимен лидер. Дополнително, посочи дека Мадуро не е признаен ниту од Европска Унија, како

Свет | пред 9 месеци

media-libraryujior5rf4egfdu5u9Qd

Како беше фатен Мадуро: 150 летала, целосно изненадување и прецизна акција

Американската воена операција за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро била резултат на повеќемесечна разузнавачка работа, прецизно планирање и координација на сите родови на американските вооружени сили, изјави началникот на Здружениот штаб на САД, генерал Дан Кејн.Обраќајќи се на прес-конференција, генералот Кејн истакна дека операцијата, со кодно име „Апсолутна решеност“, била „дискретна, прецизна и хируршки изведена“, при што биле ангажирани копнени, воздушни и поморски сили, за

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања