Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Анита Буховски

media-library1bibqvn8op0o3lXYMA2

(Видео) Вооружен напаѓач ранил 20-тина луѓе во Сиднеј, стрелал во возила кои минувале на најпрометната улица

На прометна улица во Сиднеј, вооружен напаѓач ранил 20 луѓе, соопшти австралиската полиција.Како што пишуваат медиумите, тој наводно случајно ги таргетирал автомобилите што минувале, вклучително и полициски автомобили, при што испукал помеѓу 50 и 100 истрели, предизвикувајќи паника во областа.Еден маж е во сериозна состојба. Неколку други се однесени во болница. Повеќето од другите жртви се повредени од скршено стакло.Напаѓачот бил уапсен во стан во Сиднеј два часа по пукањето, а веднаш е пренесен во болница откако се здобил со повреди за време на апсењето.Други детали за овој инцидент засега не се соопштени.

Свет | пред 3 месеци

mnr-5

Жител на Кочани е пронајдениот мртов човек во Љубљана, потврди МНР

МНР соопшти дека пронајдениот мртов Македонец во Љубљана е жител на Кочани, роден во 1986 година.Ве информираме дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани.Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција.Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката, се наведува во соопштението на МНР.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2022-12-04-at-16.31.15

Приватните автобуси не возат по 10 часот, превозниците бараат ЈСП да им подмири долгот

Приватните автобуски превозници во 10 часот ги исклучија од сообраќај своите автобуси. Возниот ред од 5 часот наутро до 10 ќе остане се додека не им биде подмирен долгот од 90 милиони денари од ЈСП.Се исклучивме во 10 часот и ќе работиме така додека не ни биде исплатен целиот долг. Шест месеци е тешко да се работи без приход, а треба да се исплатат плати за вработените, да се платат придонесите за нив  да се купи нафта и да се одржува фирмата. Дополнително и дома треба да се подмират сметките. Ние шест месеци кратиме од приходите на семејствата за да купиме нафта – вели  Момчило Тодоровски  сопственик на компанијата „Радос Компани“.Вкупниот долг на ЈСП кон нив е 170 милиони денари.Тие тврдат дека добиле информација дека Град Скопје веќе префрлил дел од парите во ЈСП, но не знаат каде јавното претпријатие ги потрошило.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Кривична пријава против висок функционер во МВР – осомничен за злоупотреба на службена положба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против лице со иницијали Љ.Р., поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ согласно член 353 став 1 од Кривичниот законик.Според пријавата, осомничениот, кој бил помошник на министерот за внатрешни работи и раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, ја злоупотребил својата службена функција со тоа што во повеќе наврати незаконски си исплатувал средства од буџетот на МВР.Во текот на месеците јуни, јули, август, септември, ноември и декември 2023 година, тој одобрил списоци за евиденција на прекувремена работа и бонус плати за вработени во Одделот, при што и самиот фигурирал на тие списоци. Притоа, не постоеле писмени наредби со кои бил задолжен да извршува работни задачи подолго од полното работно време.Со таквите дејствија, според внатрешната контрола, се стекнал со противправна имотна корист во износ од вкупно 116.748 денари – од кои 80.134 денари на име прекувремена работа и 36.614 денари како бонус плата за 2023 година.Средствата биле исплатени на штета на буџетот на Министерството за внатрешни работи.Од МВР соопштуваат дека предметот е доставен до Обвинителството за понатамошна постапка.

Скопје | пред 3 месеци

ljubljana

Во Љубљана е пронајдено безживотно тело на 38-годишен Македонец, неофицијално, бил претепан до смрт

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.Неофицијално лицето било претепано до смрт.„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка.

Македонија | пред 3 месеци

mepso

Алијансата за Албанците: ВЛЕН го отвора патот за српско влијание во стратешкиот енергетски сектор – скандал во МЕПСО

Алијансата за Албанците ја изрази својата најдлабока загриженост и соопшти дека со висока граѓанска и национална одговорност го осудува, како што наведува, „невидениот скандал кој директно ја загрозува енергетската безбедност и институционалниот суверенитет на државата“.Според соопштението, станува збор за одлука на генералниот директор на МЕПСО, Бурим Латифи, кој на 27 август 2025 година потпишал договор за соработка со српската компанија „ИМП-Телекомуникаци ДОО Белград“, со предмет на договорот – набавка на уреди за телеконтрола на 400 kV далекуводот Скопје–Врање.Алијансата наведува дека овој акт, кој на прв поглед може да изгледа како обична техничка процедура, всушност претставува стратешки и политички ризик, претворајќи го едноставниот комерцијален договор во инструмент за проширување на влијанието на „српскиот свет“ врз енергетскиот систем на Северна Македонија, која е членка на НАТО и дел од евроатлантската безбедносна архитектура.Од партијата посочуваат дека српската компанија не е регистрирана како даночен обврзник во Северна Македонија, што, според нив, предизвикува сериозни сомнежи во врска со транспарентноста, законитоста и целите на договорот, чија вредност изнесува 1.463.200 денари (околу 23.791 евра) со вклучен ДДВ.„Надвор од финансискиот аспект, она што го прави овој случај особено алармантен е геополитичката димензија и можниот судир на политички интереси“, се наведува во соопштението.АА дополнително посочува дека Бурим Латифи е братучед на првиот вицепремиер Изет Меџити, претставник на коалицијата ВЛЕН, и дека не може да се исклучи сомнежот дека овој договор е резултат на политичка интервенција и фамилијарна фаворизација, на штета на државниот интерес.Во своето соопштение, партијата поставува неколку прашања:– Како е можно компанија со седиште во Белград, во услови на зголемени геополитички тензии, да биде избрана за проект поврзан со критичната енергетска инфраструктура на земја членка на НАТО?– Дали првиот вицепремиер Изет Меџити официјално или неформално влијаел врз овој процес за да го поддржи својот роднина?– Дали овој договор претставува прв сигнал за пенетрација на „српскиот свет“ во стратешките мрежи на Северна Македонија преку поединци поврзани со коалицијата ВЛЕН?Со оглед на сериозноста на случајот, Алијансата за Албанците бара итна смена на Бурим Латифи од функцијата директор на МЕПСО, отворање независна парламентарна и обвинителска истрага за да се разјаснат околностите на потпишувањето на договорот, можниот судир на интереси и евентуалните политички влијанија, како и поништување на договорот и итен јавен ревизорски надзор на сите слични договори склучени за време на неговиот мандат.„Алијансата за Албанците го смета овој случај за тешко кршење на државниот интерес и обид за поставување темели на српско влијание врз виталните системи на државата преку кревки политички сојузи и клиентелистички врски“, се наведува во соопштението.Од партијата додаваат дека во време кога регионот се соочува со хибридни, геополитички и безбедносни закани, толерирањето на српско влијание во клучните сектори претставува „не само политичка неодговорност, туку и јасно предавство на националните интереси и евроатлантската ориентација на државата“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrfuivc4dgq0e481OCGX

Трагедија на Дунав - се превртел чамец, 11 Кинези загинале

Во близина на Бачка Паланка ноќеска се превртел чамец во реката Дунав, при што според неофицијални информации на РТС има загинати лица. Станува збор за 11 кинески државјани.Спасувачките екипи продолжуваат со потрага по уште неколку исчезнати лица, додека полицијата, брзата помош и службите за противпожарна заштита се присутни на терен.Надлежните органи најавија дека ќе ги објават деталите и причините за несреќата по завршувањето на истрагата.

Свет | пред 3 месеци

lavina

Трагедија во Словенија: Тројца хрватски планинари загинаа во лавина на Јулиските Алпи

Во лавина на планината Тошќ, на словенечките Алпи, загинаа тројца хрватски планинари. Спасувачките служби веднаш реагирале, додека хрватските власти нудат помош во потрагата и спасувањето.Останатите четворица планинари, кои останале во планинарскиот дом, успеале безбедно да се спуштат до висорамнината Покљука.Иако биле предупредени за влошување на временските услови, тројцата хрватски планинари продолжиле со искачување на Тошќ, каде што настрадале.Според информациите, планинарите кои загинаа потекнувале од околината на Сплит.Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ понуди помош во потрагата и спасувањето, вклучувајќи тимови на Хрватската планинска служба за спасување (HGSS) и хеликоптери. Тој изрази благодарност до словенечките спасувачки служби за нивниот ангажман и активностите кои ги преземаат.

Свет | пред 3 месеци

IMG_4855

Заев се врати во политичкиот ринг: ги отфрли обвинувањата за пари од Бугарија – „Очaен обид за одвлекување на вниманието“

Поранешниот премиер Зоран Заев по подолго време се огласи во јавноста, реагирајќи на, како што вели, „невистини, клевети и навреди“ изнесени од актуелниот премиер Христијан Мицкоски.„Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата што му ја нанесува на целиот систем и на државата. Неспособноста да испорача макар и еден резултат во која било сфера, залиена со неговата самобендисаност и аздисаност, ќе го турне во политичка провалија. Но, ќе мораме да внимаваме да не ја повлече и државата со себе во таа провалија“, изјави Заев.Тој најостро ги отфрли, како што рече, „лажните обвинувања“ на Мицкоски дека примал пари од поранешен бугарски премиер.„Категорично ги отфрлам лагите и клеветите за наводни ‘куферчиња со пари’ како очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието од неговите неуспеси кон измислици“, изјави Заев, додавајќи со иронија дека „вистинските експерти за куфери со пари се неговите финансиери“.„Ги видовме на снимките што сами си ги објавија – оние што му ги плаќале сметките за струја во Белата палата, несудени бугарски конзули и осудени криминалци кои се бранат од слобода, пуштени само за да ја напаѓаат опозицијата“, порача Заев.Ова е прво јавно обраќање на поранешниот премиер по подолг период на медиумска тишина, и доаѓа во време на зголемени политички тензии меѓу власта и опозицијата.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymfddl3ikr81fbsxame5

Снежна бура на Хималаите, стотина туристи се спасени, но не се знае бројот на оние кои уште се во опасност

Бура на Хималаите доведе во опасност стотина туристи, но како што пренесоа кинеските медиуми, најмалку 350 туристи кои останале заглавени по снежната бура на тибетската страна на Монт Еверест се спасени.Спасувачките тимови безбедно ја префрлиле групата во најблиското населено место, Чуданг, пренесе ДПА.Нивните шатори биле делумно оштетени од бурата, а пристапните патишта се блокирани од длабок снег.Сè уште не е познато колку луѓе остануваат заглавени на Монт Еверест.Платформата „Џиму Синвен“ јави дека има жртви на местото на настанот, но засега нема потврдени информации за можни смртни случаи.

Свет | пред 3 месеци

vodovod-1

Снемало струја кај бунарите во Лепенец, тоа го предизвикало пукањето на цевката во Влае, водоснабдувањето се стабилизира

Прекин на електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец бил причина за дефектите на водоводниот систем, соопшти утрово ЈП Водовод и канализација.„Како резултат на прекинот на струја предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем. Поради тоа настанати се 2 дефекти истовремено на главната водоводна линија Ф-600, како и дефект во шахта на Ф-400 на еден од бунарите. Поради овие дефекти, во неколку населени места од градот дојде до прекин на водоснабдувањето, но по брзата реакција на нашите екипи водоснабдувањето постепено се стабилизира со цел да се избегнат нови појави на дефекти и дополнителни оптоварувања на системот“, се наведува во соопштението.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarycaabl2mo4fao9wwAdQk

Сузана Турунџиева предупредува: Се злоупотребува името „Медена земја“ и ликот на Атиџе за продавање мед

Сузана Турунџиева на Фејсбук предупредува за злоупотреба на името „Медена земја“ и користење фотографии од Атиџе Муратова без нејзина дозвола. Таа апелира до јавноста да пријавува вакви случаи и потсетува дека Атиџе не продава мед преку посредници или фирми, туку исклучиво лично.Апелирам до сите свесни и одговорни луѓе да пријават злоупотреба на името МЕДЕНА ЗЕМЈА, со користење на фотографии од Атиџе Муратова и потсетувам дека Атиџе не го рекламира и продава нејзиниот мед преку други, трети лица и фирми. Атиџе нема фирма! Медот на Атиџе е оној кој ќе го купите од нејзе лично!Поради се поприсутна злоупотреба на името МЕДЕНА ЗЕМЈА, (МЕДЕНА ПЛАНИНА) "МЕДОТ НА АТИЏЕ" повторно и оваа сезона сакам да ве потсетам дека на пазарот секојдневно се појавуваат многу манипулатори кои го злоупотребуваат нејзиното име и продаваат мед од непознато потекло и квалитет.Напоменувам: Атиџе нема голема количина на мед, нема етикети и сама, со божја помош го продава она што го има. МЕДОТ ОД АТИЏЕ е само оној мед кој сте го купиле лично од неа, или јас сум ви помогнала да го набавите.Се друго е само мед со непознат квалитет, пишува Турунџиева.

Македонија | пред 3 месеци

media-library00iuuon0n5spfT9o9ve

Од Јадранско Море е извлечен Ленд Роверот во кој загинаа четири лица, најверојатно се странци

Белиот Ленд Ровер Дискавери кој вчера излета од патот кај Сењ и падна во моретот, денеска е извлечен, објави Индекс.хр. Загинати се две жени и двајца мажи загинаа на местото на несреќата.Според неофицијалните податоци, автомобилот бил изнајмен на аеродромот „Д-р Фрањо Туѓман“, што отвора можност дека загинале странски државјани. Телата се пренесени во Институтот за судска медицина во Риека за обдукција и официјално потврдување на идентитетот.Според полициското соопштение, несреќата се случила околу 16:20 часот во местото Буница, на Јадранската магистрала. Возачот, влегувајќи во мала кривина од непознати причини, ја изгубил контролата врз возилото, кое ја пробило камената заштита, паднало во провалија висока 70 метри и завршило во морето. Сите служби за итни случаи веднаш биле испратени на терен, вклучувајќи ги и нуркачите од Хрватската планинска служба за спасување од Госпиќ. „За време на нуркањето, утврдивме дека во возилото има уште три лица таму долу, а потоа продолживме да ги извлекуваме до полицискиот чамец“, рече Дарио Циндриќ, началник на станицата Госпиќ на HGSS.Полицијата потврди дека истрагата е завршена, но ќе следи кривична истрага, која ќе ги утврди сите околности на трагедијата.Полицаец го ризикувал својот животВо драматичните моменти по несреќата, полицаец од полициската станица Сењ, скокнал во морето од голема висина и во неколку наврати се обидел да нурне до потонатото возило за да ги извлече жртвите. „Ниските температури, студеното море и фактот дека можел да се доведе во опасност не го спречиле да се обиде да спаси животи“, рекол еден сведок.

Скопје | пред 3 месеци

media-library7pu1kur6geko1Jj9VNI

Приватните превозници го прашаа директорот на ЈСП дали би работел без плата шест месеци

Долгот на ЈСП „Скопје“ кон приватните превозници повторно предизвика судир – овојпат на заедничка прес-конференција. Превозниците обвинија дека вкупните обврски на претпријатието кон нив достигнуваат 170 милиони денари (околу 2,75 милиони евра), од кои доспеани се 90 милиони денари (околу 1,45 милиони евра). Според нив, поради тоа што немаат средства ниту за гориво, од понеделник ќе возат со скратен возен ред – само од 5 до 10 часот наутро.На самиот настан присуствуваше и директорот на ЈСП, Драги Кушовски, кој остро им возврати дека бројките се лажни и дека реалниот долг изнесува околу 60 милиони денари (над 970.000 евра).Оваа негова изјава дополнително ги разгневи превозниците, кои го нападнаа со прашања за неговата плата. Кушовски призна дека земал плата за август и дека наскоро ќе ја добие и за септември. На тоа, превозниците реплицираа дека тие последен пат примиле плата во март и го прашаа дали би работел шест месеци без примања.„Последната исплата што ја добивме беше за март, а сега е октомври. Додека ние чекаме, вие добивате редовно. Кажете ни, дали би работеле без плата половина година?“ – му порачаа на директорот.Кушовски возврати дека не се коректни и дека создаваат политички притисок. „Се плаќаат долговите според можностите. Долгот не е толкав како што тврдите. Јас кога дојдов на оваа функција ги наследив старите обврски и успеав да го намалам долгот,“ изјави тој.

Скопје | пред 3 месеци

media-library3jmn8kg048696JeN0EQ

Левица до Мицкоски: Наместо манипулации за коалиции, одговорете зошто не покренувате постапка против Заев и како го амнестиравте Груби

Левица со остра реакција му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за манипулации и контрадикторни изјави, како и за недоследности во однос на неговото владеење и коалициските партнери.„Нѐ радува што најголемиот кошмар на корумпираните елити, меѓу кои и самиот премиер Христијан Мицкоски, е токму Левица. До таа мера сме им трн во око, што нивните партиски митинзи започнуваат со повторување на лажни и шизофрени тези насочени против нас,“ велат од Левица.Од партијата го обвинуваат премиерот дека секојдневно ја дискредитира функцијата со спротивставени ставови, наведувајќи дека „наутро тврди дека Левица е во коалиција со ДУИ, а навечер дека токму ДУИ со своето негласање придонеле за забрана за рекламирање на Левица“.„Секој рационален човек гледа дека Левица никогаш не била и нема да биде во коалиција со било која партија. Постојат само две страни – Левица и народот, наспроти криминогените партиски картели,“ стои во реакцијата.Според Левица, Мицкоски во обид за политички маркетинг се понижува во име на коалицискиот партнер ВРЕДИ. Тие потсетуваат дека на митинг на ВМРО-ДПМНЕ премиерот ги повикал своите членови да гласаат за кадрите на ВРЕДИ, а го претставувал како најголемо зло тоа што Левица има кандидати во Тетово, Струга и Гостивар.„Премиере, кога ветувавте дека ќе го вратите достоинството на народот – ова ли го имавте на ум? Да ги терате сопствените членови да гласаат за луѓе кои јавно пропагираат соништа за Македонија како втора албанска држава, а во име на тие соништа жестоко ја напаѓате Левица?“ прашуваат од партијата.Тие потсетуваат и на времето кога се собра мнозинство за изгласување недоверба на владата на Зоран Заев, наведувајќи дека тогаш Левица била дел од процесот, додека Мицкоски „објавувал слики како вади масно ткиво“.„Сега, кога сте на власт, зошто во име на бизнисите не покренавте ниту една постапка против Заев, додека тој гради раскош во Дубаи?“ додаваат од Левица.Во соопштението, тие повторно го отвораат и прашањето за случајот со Артан Груби. „А речиси една година по исценираното бегство на Артан Груби, јавноста сè уште чека одговори. До каде е постапката, премиере?“ завршуваат од Левица.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Со 97 години, Цветанка Велјанова највозрасната кандидатка за Советот на Општина Битола

На претстојните локални избори во Битола, највозрасниот кандидат за член на Советот на Општина Битола е Цветанка Велјанова, која има 97 години и настапува како кандидатка на политичката партија МААК.Веднаш зад неа по возраст е кандидатот Кирил Добрушевски, кој има 81 година, исто така претставник на МААК. Трет на оваа неформална листа на највозрасни кандидати е Трајан Котевски, стар 80 години, кој се наоѓа на кандидатска листа поддржана од група избирачи.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3adie9tult5ucJp3S5U

Жичницата од Средно до врв на Водно не работи поради силниот ветер

ЈСП Скопје информира дека денеска не работи жичницата од Средно до врвот на Водно поради силниот ветер.-Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, информира претпријатието.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryk7l8lb1b88kjapPKggd

(Видео) Вучиќ збунето го бара своето столче во салата во Копенхаген

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој учествува на самитот на европските лидери во Копенхаген, повторно имаше проблем, овој пат не можеше да најде место каде да седне.На видео објавено на социјалните мрежи се гледа како влегува во просторијата каде што се одржува самитот и каде што сите присутни се сместени, освен тој.Наместо да седне на своето место, на Вучиќ како да не му е јасно каде дошол и каде треба да седне. Додека збунето разгледуваше низ просторијата, барајќи некој да му помогне, но бидејќи никој не му пријде на помош, тој се обиде да седне на туѓо столче. Сепак, веднаш му беше кажано дека не може да седи таму бидејќи тоа место е зафатено.Конечно, некој му донесе столче, но претседателот Вучиќ дури успеа да скрши дел од столчето, во обидот да седне.

Свет | пред 3 месеци

ali-ahmeti

Ахмети: Октомври е албанско-македонски референдум, политиката на Мицкоски без Албанците е осудена на неуспех

Премиерот Христијан Мицкоски не може да успее во политиката на сметка на Албанците и без да го почитува легитимитетот, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за Еуроњуз Албанија. Според лидерот на ДУИ, локалните избори се албанско-македонски референдум.-Октомври е албанско-македонскиот референдум. Христијан не може да биде успешен во политиката без да го почитува легитимитетот на албанската нација во Македонија. Овие политики на деградирање на албанското прашање не му прават никаква корист ниту на Христијан Мицкоски ниту на Албанците што ги има таму нелегитимно. Неколку пати го повикавме Вреди да ја напушти коалицијата и да се обединат околу платформа во мирна одбрана на Охридскиот договор. Успешните политики се прават со политики што имаат легитимитет, фер вклученост, консензуална демократија која е основа на Охридскиот договор. Ние не сакаме да станеме причина за кризи, сакаме да придонесеме и имаме капацитет да ја туркаме земјата напред, вели Ахмети.

Македонија | пред 3 месеци

brza-pomos-hrvatska

Четири луѓе загинаа во Хрватска, автомобилот паднал во клисура и завршил во морето

Четири лица загинаа во страшна сообраќајна несреќа на делница од државниот пат број 8, во Буница во близина на Сењ.Како што соопшти Полициската управа на жупанијата Лика-Сењ, возило со загрепски регистарски таблички се движело од Риека кон Сењ кога, од засега непознати причини, возачот ја изгубил контролата при мало свртување налево. Автомобилот удрил во два заштитни камени столба, паднал од патот во клисура длабока 70 метри и завршил во морето.Телата на жртвите беа извлечени од морето од страна на припадници на Хрватската планинска служба за спасување од станицата Госпиќ, а потоа беа транспортирани во Институтот за судска медицина во Риека за обдукција и идентификација.Во тек е кривична истрага за да се утврдат сите околности на несреќата и идентитетот на починатите.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2024-12-10-at-15.24.35

Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети од Апелација

Судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети, е разрешен од функцијата.Заедно со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, тој пред неколку месеци беше ставен на т.н. црна листа на САД, бидејќи примал мито и одолговлекувал предмети поврзани со поранешниот прв човек на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.Судскиот совет донесе решение со кое го разреши Беџети, наведувајќи дека е утврдена потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција.Како причини се наведуваат:сериозна повреда на јавниот ред и мир,други потешки форми на недолично однесување,нарушување на угледот на судството.„Кога е вака нарушен угледот, тој судија повеќе не може да суди, бидејќи не постои веќе доверба. Таа доверба е целосно изгубена,“ стои во решението на Советот.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygp8spuc1r7444kPthch

Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот 

„Нема лекови, се одложуваат операции, нема доктори, се затвораат клиники во интерес на приватните болници, кои му диктираат на министерот за здравство како да работи. Докторите од приватните болници му се советници. Може да замислите каква катастрофа од систем – едноставно, тотална блокада на државата,“ рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во општина Аеродром.Тој нагласи дека ова е доказ за неспособноста на власта, која е ненародна влада и нема ништо добро направено во ниту една сфера. „И тоа е само доказ за една незаинтересираност и неспособност на оваа власт која нема намера да имплементира ниту една политика во интерес на граѓаните или на државата”, истакна д-р Филипче, додавајќи дека нема ниту еден проект за кој оваа власт може да се пофали.

Скопје | пред 3 месеци

Pozarnikari-DZS

Изгаснат голем пожар во магацини на ЈПКД „Комуналец“ - Струмица

Четири противпожарни возила и 15 пожарникари го гаснеа големиот пожар кој избувнал вчера околу 17:25 часот во објекти кои се користат како магацини на ЈПКД „Комуналец“, информираа од ТППЕ Струмица. -Пожарот беше во разгорена фаза и исклучително тежок за гаснење. Беше побарано од ЕВН да се исклучи струјата поради голема опасност за животите на пожарникарите-спасители кои беа навлезени длабоко во магацинските простории и го гасеа пожарот. Друг тим, во исклучително тешки и опасни околности заради дождот што врнеше, изврши отворање на лимениот покрив и овозможи чадот да излезе од просториите, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.Пожарот предизвикал голема материјална штета, а тим на ТППЕ Струмица синоќа дежурал на местото на пожарот.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6hee4e921dddd4kJRh7

(Фото и видео) Снегот направи големи проблеми, поради паднати дрвја затворен патот Никифорово-Леуново

Поради врнежи од снег, од ноќеска, во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец, соопшти Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).Како што информираат од ЦУК, сообраќајот е во прекин од вчера од 23:30 часот.На коловозот освен снег има и паднати дрва, а од ЦУК велат дека се работи на негово расчистување.Вчера, поради задржување снег на коловозот од 19:45 часот беше воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на магистралниот пат Маврово – Дебар.Забраната од утринава од 3:40 часот е укината.Исто така, вчера од 19:55 часот, поради истите причини, забрана беше воведена и на патниот правец Гостивар – Стража.Инаку, земјава од вчера е зафатена од студен воздушен бран кој донесе обилни врнежи од дожд, кои на планините преминаа во снег обелувајќи ги Попова Шапка, Маврово и Стража.

Македонија | пред 3 месеци

media-library819ao1vh89ft8n3U0mJ

(Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по бул."Партизански Одреди"

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по бул."Партизански Одреди"Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на бул."Партизански Одреди" во Скопје на која гледа како се движи патничко возило голф со скопски регистарски ознаки при што на кровот од возилото се превезува лице кое ја загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје пронајдено е возилото, лицето кое го управувало С.Ф. и лицето кое се превезува на кровот од возилото А.И. За А.И.Преземена е мерка по чл.165 став 2 од Законот за безбедност на патиштата.Од извршената проверка утврдено е дека С.Ф го управувал возилото со измината важност на сообраќајната дозвола и за истото преземена е мерка по чл.26 став 10 од Законот за возила, велат од МВР

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања