Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Анита Буховски

stari-1

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал, презема дејствија за расчистување на случајот.Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси на четири локации поврзани со две приватни установи за социјална заштита на стари лица. Денеска се вршат претреси на уште две поврзани локации. До овој момент две лица се лишени од слобода.На лице место, покрај претставниците од МВР и обвинителството, присуствуваат и инспектори од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, како и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во акцијата се вклучени и претставници од Центрите за јавно здравје, доктори од Итната медицинска помош и од Институтот за судска медицина и криминалистика.Институциите продолжуваат со активности за утврдување на сите правно релевантни факти и евентуална одговорност во случајот.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryf2idlmo66rcod4BUQ4R

Обвинителите се на терен, ќе се утврдуваат мотивите за инцидентот во Куманово

Во однос на настанот на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија.Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага.Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат, соопшти обвинителството.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygam8f0l8uididAhKscm

(Видео/Фото) Први снимки по пукањето кон д-р Шахини: Две лица лица во движење со автомобил го раниле

Мвр соопшти детали за попладневното пукање во Куманово.– Денеска (07.10.2025) во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош. Полициски службеници излегоа на местото и се работи на расчистување на случајот, стои во соопштението.Видео материјал подготви ТВ21 кој беше емитуван во вестите

Македонија | пред 3 месеци

media-library9grujkr347ecf29jwT9

Ранет е д-р Зекирија Шахини, носител на Листата за советници во Општина Липково

Попладнево имало пукање во Куманово.Според неофицијални информации, пуканo е кон д-р Зекирја Шахини од Слупчане, носител на Листата за советници во Општина Липково.Тој бил застрелан со два до три куршуми во близина на зградата на Фондот за пензиско осигурување, по што веднаш е пренесен на Клиниките во Скопје и, според првичните информации, е надвор од животна опасност, ранет е во ногата.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvjkpgmpo6c0l3p7eHyc

Почина легендарниот Халид Бешлиќ, остави плејада музички хитови

По скоро двомесечна борба со тешка болест, во 72-година од животот почина легендарната музичка ѕвезда Халид Бешлиќ. Тој бил хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево кон крајот на август.Роден е на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац и остави неизбришлив белег на музичката сцена на поранешна Југославија и пошироко.Бешлиќ беше присутен на фолк сцената повеќе од 40 години со што остави силен печат со многу хитови, а неговите популарни песни се уште се слушаат во кафаните на овие простори. „Миљачка“, „Ја без тебе не могу да живим“, „Романија“, „Хеј зоро, не свани“, „Први пољубац“, „Нечу, нечу дијаманте“, „Севдах да се догоди“, „Врачам се мајци у Босну“ и уште многу други се дел од неговиот богат репертоар.Познат по својот препознатлив глас, емоционална интерпретација и длабока поврзаност со публиката, Халид Бешлиќ беше омилен меѓу сите генерации.

Магазин | пред 3 месеци

122233-620x350

Напад со нож во кичевско училиште, 17-годишен тинејџер повредил помлад ученик

На 06.10.2025 во 11:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во просториите на средно училиште во Кичево, 17- годишен ученик во училиштето со остар предмет нападнал 15-годишен ученик во истото училиште и му нанел телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево.Од напаѓачот е одземен остриот предмет и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти МВР.

Македонија | пред 3 месеци

siluvanje-1-640x432-163518

Татко од Кавадарци е осомничен за силување на двете малолетни ќерки

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста и „полов напад и силување".Пријавениот физички ги нападнал неговите две 16-годишни ќерки и ги допирал по телата, соопшти МВР.

Македонија | пред 3 месеци

bebe

Извод за новороденче ќе се добива во болница во рок од 48 часа

Извод на новороденче ќе има во болница, а пријавувањето ќе биде електронски, најави Министерството за дигитализација за веќе на почетокот на следната година, за што родителите ќе мора да креираат личен профил на интернет страницата uslugi.gov.mk.–Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство – Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна автоматизација во издавањето на првиот извод од матична книга на родени за новороденчиња (Проект: е-бебе) – се наведува во соопштението на Министерството.Проектот е-бебе, кој е поддржан и од канцеларијата на УНИЦЕФ, предвидува првиот извод родителите да го добијат во болница, најдоцна до 48 часа од раѓањето на бебето.–Во втората фаза на проектот се поврзуваат и услугите за здравствено осигурување од Фондот за здравство, како и услугите на помош за новороденче кои ги издаваат Министерството за социјална политика, демографија и млади – се додава во соопштението.Инаку, вадењето извод на новороденче е сериозен проблем за родителите. Освен што со часови чекаат на шалтер да ги поднесат документите, никогаш не се знае колку време ќе помине додека биде готов документот.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryi2rogcjjj9ofe3CaLQm

Младиот Кико од Кочани се бори за живот – да му помогнеме!

23-годишниот Кристијан Сребреновски од Кочани, познат како Кико, моментално се бори за живот во болница во Риека, Хрватска, откако му е дијагностициран карцином на тестис со метастази во главата.Во краток период се извршени три операции, а покрај него е семејството кое е целосно исцрпено финансиски. За да продолжи животот на Кико, за да може да биде лекуван и транспортиран во Македонија, потребна му е финасиска помош од сите хумани луѓе– „Луѓе, ајде да му дадеме шанса на Кико наредниот август, како што планираше, да биде горд младоженец“, се вели во апелот објавен на социјалните мрежи.Сите кои сакаат да помогнат можат да извршат уплата на следната трансакциска сметка:Halkbank: 270-7000735102.35IBAN: MK0720700114145184SWIFT: EXPCMK22

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykro89ii2bnir2z1cPmu

Герасимовски „ќе ги направи противниците салата“ на 19. октомври, порача Филипче

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на синоќешниот митинг во општина Центар порача дека актуелниот градоначалник кој е во трка за нов мандат, противниците на 19 октомври ќе ги „направат салата“.„Горан не сакаше ништо за противниците, а јас ќе кажам само една работа. На 19-ти октомври ќе ги направи салата“, порача Филипче. Обраќањето беше проследено со гласна смеа и аплауз од присутните.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarytkajub90rqqf2GvaTDu

(Фото) Елвис Шкамби е убиецот на албанскиот судија Астрит Калаја

Елвис Шкамби е убиецот на албанскиот судија Астрит Калаја, кој вчера го застрела во судницата, а според наводите на медиумите во Албанија, 30-годишниот Шкамби му пукал директно во срцето.Албанските медиуми, според првичните информации, пишуваат дека Шкамби не бил запрен од обезбедувањето на влезот во судот и вооружен влегол во судница.По објавување на пресудата, која според сторителот била во корист на другата страна, убиецот го извадил пиштолот и пукал директно во судијата.Веднаш потоа, тој испукал куршуми и кон Ракип и Елвис Куртај, татко и син, кои пред судот ја застапувале другата страна. Двајцата се здобиле со повреди и се во болница, но се надвор од животна опасност.

Свет | пред 3 месеци

nafta-696x465-1

Жител на Сандево крадел нафта од училиште, фатен е на дело!

Полицијата го привела 41-годишниот А.Ш. од Скопје под сомнение дека сторил кривично дело согласно член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија. Лицето било лишено од слобода синоќа околу 21:25 часот од страна на припадници на СВР Скопје.Според информациите, А.Ш. бил затекнат во дворното место на основното училиште во скопското село Сандево, каде од резервоарот на училиштето одземал нафта.Одземената нафта е вратена на одговорното лице од училиштето, а по извршениот увид и целосното документирање на случајот, против приведениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryuh1f422rajlj1bEfRI9

Филмска потера во Скопје по џип со затвореници, полицијата испукала и предупредувачки куршуми

Во Скопје синоќа полицијата се обидувала да запре џип „ренџ ровер“ кој што бегал и не застанал на неколку повици.Бркотницата завршила на патот кон населеното место Идризово, каде што полициските службеници успеале да го запрат џипот. Во брканицата, полицијата испукала и неколку предупредувачки истрели во воздух. Во џипот биле осуденици кои биле на отпуст од затворот Идризово.„На 06.10.2025 во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР Скопје, ги лишија од слобода Н.А. (45) и А.Ј. (23) од Скопје. Лицата кои се осуденици, но биле на отпуст од КПУ Идризово, додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на ул. „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода“ соопшти МВР.Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје- Велес, каде било стигнато од страна на полициските службеници во близина на населбата Нова Колонија.Кога полициските службеници се обиделе да го престигнат „ренџ ровер-от“, возачот во два наврати удрил во полициското возило.Полициски службеник испукал предупредувачки куршуми во воздух, но џипот не застанал туку продолжил да се движи и во близина на Нова Колонија излетал од патот. Во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила, а Н.А. и А.Ј. се уапсени и против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 3 месеци

gaza-palestina-zname

Војната во Газа: Шансите за мировен договор се навистина добри, тврди Трамп

Разговорите за постигнување конечен мировен договор со кој ќе се стави крај на војната во Газа ќе продолжат во вторник во Шарм Ел Шеик во Египет. Палестински и египетски претставници изјавија за Би-Би-Си дека сесиите се фокусирани на „создавање теренски услови“ за можна размена што би довела до ослободување на сите израелски заложници во замена за голем број палестински затвореници, пренесува Би-Би-Си.Израелскиот премиер изјави дека се надева дека ќе го објави ослободувањето на заложниците „во наредните денови“, а американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот рече: „Имаме навистина добри шанси да постигнеме договор и тоа ќе биде траен договор“.Хамас изјави дека делумно се согласува со предлозите за мировниот план, но не одговори на неколку клучни барања – вклучувајќи го и разоружувањето и немањето никаква идна улога во управувањето со Газа. Висок израелски безбедносен извор изјави дека разговорите првично ќе се фокусираат само на ослободувањето на заложниците и ќе му дадат на Хамас неколку дена да ја заврши таа фаза.Британскиот премиер, Кир Стармер ја повтори својата поддршка за мировниот план, велејќи:„Ја поздравуваме иницијативата на САД за мир на Блискиот Исток и оваа влада ќе направиме сè што е во наша моќ за да се оствари денот кога секое дете на Израел ќе може да живее мирно, заедно со своите палестински соседи, во безбедност и сигурност“.Се очекува овие дискусии да бидат меѓу најзначајните од почетокот на војната и би можеле да одредат дали конечно е на дофат патот кон завршување на конфликтот.

Свет | пред 3 месеци

media-librarymbvdmr2enqol5Kfpjzc

Шукова: Парите за градски штаб ги донираме, градот е нашиот штаб

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, синоќа на митинг во општина Центар најави еден поинаков, пристап кон кампањата, во духот на солидарноста. Шукова и кандидатите за советници одлучиле да се откажат од градски изборен штаб и средствата да ги насочи таму каде што најмногу се потребни.„Јас како кандидат за градоначалник и кандидатите за советници во Град Скопје се откажавме од градски штаб. Сите средства за работа на штабот ќе бидат уплатени за Домот за деца без родители на Град Скопје. Нашиот штаб е целиот град. Секоја улица, секое маало ќе ни биде штаб. Не ни треба градски штаб. Средствата се за тие на кои им се најпотребни,“ изјави Шукова.Со оваа порака, Шукова ја отвори својата визија за политика што не почнува и не завршува во партиски штабови, туку меѓу луѓето во секој дел од градот.Таа потсети на борбениот дух на Центар, како симбол на отпорот и граѓанската храброст.„Во 2013 година, кога Македонија беше заробена во канџите на режимот, вие бевте симбол на пркосот и непокорот. Симбол на слободарскиот дух и борбата за слобода. Тука почна борбата за нашиот дом. И борбата ќе почне од тука, и за Скопје и за Македонија" рече Шукова.Таа истакна дека оваа борба денес продолжува  не само за победа на изборите, туку за враќање на достоинството, за создавање модерно, зелено и хумано Скопје, град што ќе биде дом за сите.

Скопје | пред 3 месеци

media-library65cjucu91juvdlcsebd

Протестираше против Милошевиќ, а сега и против Вучиќ, која е активистката Ања Мијовиќ

Српската писателка Ања Мијовиќ првпат протестираше во Белград против Слободан Милошевиќ пред 25 години. Сега, на 50 години, повторно излегува на улица и им се приклучува на новите анти-владини демонстрации во Србија. Таа гледа јасни паралели меѓу денешните протести и оние што ставија крај на власта на Милошевиќ.Иако ситуацијата денес е многу поинаква од онаа пред 25 години, Мијовиќ, за РФЕ.ср тврди дека денешните студенти ја продолжуваат борбата што започна тогаш.„Апсолутно истото сценарио е… Станавме и го носевме оној славен натпис ‘Белград е светот’“, вели таа, повикувајќи се на тогашниот слоган.Пораката беше дека Белград е дел од поширокиот свет, иако се наоѓаше под недемократска власт. Сега таа е повторно преземена од демонстранти што носат транспаренти со порака „Белград е светот, повторно“. Но Мијовиќ вели дека врските се подлабоки од слогани, алудирајќи на поранешната улога на Вучиќ како министер за информации во времето на Милошевиќ — позиција што ја користеше за да спроведува драконски ограничувања врз медиумите.„Секој што бил дел од [владата на Милошевиќ] никогаш повеќе не треба да добие можност да врши јавна функција“, додава таа.Оттогаш, Вучиќ се обидува да се дистанцира од тогашните активности, се откажува од претходните националистички позиции и ветува дека ќе ја внесе Србија во Европската унија (European Union).Но, истовремено одржува блиски врски со Русија и Кина и се соочува со критики за слабите демократски стандарди и слободата на медиумите во Србија. „Фридом хаус“ (Freedom House), американска продемократска организација, оценува дека владеењето на Вучиќ „постепено ги еродира политичките права и граѓанските слободи“.

Свет | пред 3 месеци

media-librarynh9gq624b5tj25hqSV4

Македонските судии изразија сочувство за трагичното убиство на Астрит Калаја

Здружението на судии на Република Северна Македонија со најдлабоко жалење и искрено сочувство реагира на трагичниот настан што се случи во соседна Република Албанија, каде што судија беше смртно застрелан при вршење на својата службена должност. Овој чин претставува сериозен напад врз независноста и достоинството на судиската функција и е потсетник дека судиите мора да можат да ја извршуваат својата работа слободно, професионално и без страв за личната безбедност. Владеењето на правото е можно само кога судството е заштитено од каков било притисок или закана. Здружението упатува апел до сите релевантни институции и чинители во општеството да придонесат кон зачувување на достоинството и безбедноста на судиската професија, се наведува во соопштението на Здружението на судии.Тие воедно повикуваат на особена внимателност во јавното коментирање на судските постапки и носителите на судската власт, особено, како што се наведува, од страна на влијателни поединци и структури, бидејќи неодмерените изјави можат да создадат атмосфера на недоверба и притисок, што индиректно може да поттикне несакани и трагични настани.Здружението на судии на Република Северна Македонија останува посветено на промовирањето и заштитата на независноста, непристрасноста и безбедноста на судиите, како основа за праведно и демократско општество, се посочува во соопштението.Во Апелацискиот суд во Тирана вчера беше пукано во судијата Астрит Калаја, кој подоцна почина во болница. Во него пукало лицето за кое било прочитана пресудата на судот.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryu6vodh0te90h1EpHzAP

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од вечерашнава граѓанска трибина во Центар порача дека ВМРО-ДПМНЕ зборува за загари и орли додека младите се селат. Филипче испрати порака дека жално е што зад црната кампања не се крие само неспособна власт, туку власт која не сака напредок, не сака дијалог и не сака компромиси. Тој исто така рече дека ВМРО-ДПМНЕ со ваквото владеење е непријател на државата.„Тоа е власт која се храни и одржува од внатрешни поделби, од сиромаштија која ја контролира со корупција и од хаос во кој се создава апатија. Ова е целта. Но јас во нивната кал нема да влегувам, туку ќе продолжам да ги разобличувам. Нека се препелкаат во национализмот, во лажниот патриотизам и во својата неспособност самите тие. Ги слушам, едните биле загари и орли, другите за врапчиња и што уште не. Театар за деца“, рече Филипче.Филипче на трибината исто така рече дека подмолните обиди на ВМРО-ДПМНЕ за поделба на граѓаните, секојдневните етикетирања на опозицијата како „предавници“, режимските практики се доблестите кои и оваа влада ги носи се едни од најлошите времиња на груевизмот.„Не е времето кратко да се види дека имаме власт отуѓена од народот, власт која партизира, узурпира и одбива да го слушне крикот на граѓаните за подобар живот и за напредок. Сведоци сме на одвратна лажна и црна кампања против СДСМ која ја водат од првиот ден власт. Оваа мизерна и ниска кампања на ВМРО-ДПМНЕ е одраз на нивната немоќ и неспобност. Но суштина е уште поболна, а тоа е дека  зад кампања се кријат нивните лоши намери за иднината на оваа земја“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2022-12-04-at-16.30.59

Приватните превозници од денеска повторно возат редовно, ЈСП им исплати дел од долгот

Приватните превозници денеска возат според редовниот возен ред. ЈСП им плати дел од долгот, пари за нафта има.На сметката легнале шест милиони денари за трите компании. Приватните превозници во петокот побараа да им биде исплатен вкупниот долг од 170 милиони денари, од кој, како што велат добиле 90 милиони денари.Вчера возеа редуцирано од 5 до 10 часот.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarysfelq7h945cndN21ZSk

На нечесноста од ДУИ ќе одговориме сложно, порача Мицкоски од митингот во Кичево

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на синоќешниот народен митинг во Кичево, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!,,Сега мора да застанеме еден до друг, сите заедно еден до друг, без разлика на нашата етничка, партиска или верска припадност. Сложно, затоа што кичевчани, без разлика дали се тоа Македонци, Албанци или останати  се иселуваат.  И едните, и другите и третите. Сите  имаат тежок живот, сите сакаат  иднина“, истакна Мицкоски.,,Има луѓе кои изградија кариери на етнички теми, цели партии се одржуваат на бранот на едно вештачко непријателство и нетрпеливост, која се гради помеѓу кичевчани. И знам дека кога вака ќе ги соочите со вистината во очи, многу тешко е да ве погледаат во очи, но и сите ние и сите вие не треба да наседнуваме на стапицата на дневните партиски препукувања, на романтичарските идеи кои не носат храна на трпезата и подобар живот. И тие кои постојано го прават ова, нема да имаат среќа ако нивниот народ е несреќен“, кажа Мицкоски.Мицкоски истакна дека додека Али Ахмети и неговите соработници се богателе, народот страдаше и се раселуваше. Според него, Ахмети не успеал да обезбеди просперитет за сите.,,Што ќе му е Зајас на Али ако тоа е празно? Нема радост ниту во палатите, ниту во дворците, ако преку оградата народот и соседите ти се гладни и раселени“, рече Мицкоски и додаде:,,Тоа го направи тој за Албанците. Ги испразни нивните места, села, градови, ги расели после 20 години владеење тука. Додека тој и неговите блиски се богатеа, народот страдаше и тонеше во сиромаштија.  Затоа, слушнавте дека докторот Александар има проекти за сите. И за Албанците, и за Македонците, и за Турците, и за Македонците муслимани, и за Ромите, и за Власите, и за Бошњаците и за сите останати. Буквално за секој еден кичевчанец. За сите ќе правиме и планираме проекти“.Мицкоски повикa на заеднички одговор од сите против нечесноста и поделбите, нагласувајќи итност за резултати, дела и единство.,,На нечесноста од ДУИ ќе одговориме сложно, сите кичевчани.  Утре, ако некој и од нашите редови постапи погрешно, исто ќе ве повикам да се обединиме против тоа. Немаме време веќе за грешки, пропусти и губење време. Мора резултати. Мора дела. Мора заедништво. Само така победите се можни и тие се на дофат. Поделбите одат во прилог на тие што не ѝ сакаат добро на земјата, на граѓаните, и на тие што ја злоупотребуваат нивната доверба“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

lavina

Пронајдени се телата на хрватските планинари, двајца од нив биле браќа

Телата на планинарите од Хрватска кои исчезнаа вчера во лавината на словенечките Јулиски Алпи се пронајдени, јави словенечкиот медиум 24ur. Неофицијално, двајца од загинатите биле браќа.„Ги пронајдовме двајцата – едниот беше закопан на околу еден метар под снегот, другиот на длабочина од метар и пол. Еден од нив успеавме да го транспортираме во долината со хеликоптер, а сè уште чекаме транспорт за вториот,“ изјави претставник на спасувачките служби.Тој објасни дека теренот е исклучително тежок, со карпеста и стрмна клисура и бројни карпести скокови, што ја отежнало и направило опасна работата на спасувачите.

Свет | пред 3 месеци

media-librarymev8shpo3mm932tTBEB

(Фото) Младиот човек кој беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев

Младиот човек, кој во петокот беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев од кочанското село Грдовци.МНР денеска потврди дека станува збор за македонски државјанин роден 1986 година во Кочани.Неофицијално, како што претходно соопштија словенечките власти, тој бил претепан до смрт.Истрагата е во тек, заради што и не соопштуваат други детали.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Татко со нож се заканувал на целото семејство, маж физички ја нападнал поранешната сопруга: Насилства во Ѓорче Петров и во Центар

На 05.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од Скопје пријавилa дека околу 20:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и нејзината 28-годишна ќерка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг М.Ќ.(50) од Скопје, а потоа им се заканувал со остар предмет на нив и на 25-годишниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 05.10.2025 во 18:10 часот во Полициската станица Кисела Вода е извршен службен разговор со Д.С.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна поранешна сопруга од Скопје дека околу 12:00 часот во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Загина 25-годишен патник во тешка сообраќајка кај Кичево

Еден млад човек го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи во неделата изутрина на магистралниот пат Кичево–Охрид, над селото Попоец. Во судар меѓу „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки и „бмв“ со албански таблички, загина 25-годишниот Е.Б. од кичевското село Грешница, кој по несреќата бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево, каде што лекарите ја констатирале неговата смрт.На 05.10.2025 околу 06:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над с.Попоец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(26) од с.Дрслајца, струшко и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од А.Б.(50) од с.Грешница, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ Е.Б.(25) од с.Грешница, кичевско, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде што починал.Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryc5pulguctnf1bxPqBB7

(Видео) Убиен висок член на Шкаљарскиот клан кај Будва, бил застрелан преку шофершајбната на возилото

Во близина на плажата Трстено кај Будва вчера околу 18 часот беше пронајден мртов 33-годишниот Бобан Сјеклоќа, висок член на ќелијата на Шкаљарскиот клан од Цетиње. Неговото тело било откриено во автомобил „голф“ со регистарски таблички од Подгорица.Пожарникари кои биле повикани поради тоа што возилото излетало од патот го нашле телото, а првичните наоди укажуваат дека тој бил застрелан преку шофершајбната. На местото биле пронајдени неколку чаури. Вишата државна обвинителка Ана Радовиќ потврди дека наредена е судска обдукција и вештачење на запленетите траги.„Жртвата е идентификувана како Б.С. (33). Пронајдени се одреден број траги и чаури кои ќе бидат испитани во Центарот за судска медицина“, изјави Радовиќ.Според извор близок до истрагата, Сјеклоќа со години бил во бегство и важел за значајна алка во структурата на Шкаљаpскиот клан во Цетиње. Специјалното државно обвинителство го товарело за шверц на половина тон кокаин и за учество во ликвидацијата на Андрија Газивода и Перо Мухадиновиќ во 2020 година. Полицијата повеќе пати ја претресувала неговата куќа во Цетиње, но тогаш не го пронашла.За потсетување, Шкаљарскиот и Кавачкиот клан се во судир од крајот на 2014 година, откако исчезнувањето на околу 200 килограми кокаин во Валенсија доведе до поделба на некогашниот заеднички криминален клан на два спротивставени табора.

Балкан | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања