Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-library9gkqhm91kunj7LwjAFA

Словачка и Унгарија го засилуваат притисокот врз Киев: Фицо се закани со прекин на струја

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска се закани дека ќе ја прекине итната испорака на електрична енергија за Украина доколку Киев во рок од два дена не преземе чекори за продолжување на транзитот на руска нафта кон Словачка преку украинска територија, кој е во прекин речиси еден месец.Словачка, заедно со Унгарија, е една од двете земји членки на Европска Унија кои сè уште зависат од значителни количини руска нафта што пристигнува преку нафтоводот Дружба од советската ера, кој минува низ Украина. Двете држави имаат влади кои одржуваат блиски односи со Москва, спротивставувајќи се на доминантниот проукраински став во Унијата.Испораката на руска нафта преку главниот крак на нафтоводот е прекината од 27 јануари, кога, според тврдењата на Киев, руски напад со беспилотно летало ја оштетил опремата на системот во западна Украина. Словачка и Унгарија неделава ги засилија барањата за обновување на испораките.„Доколку испораката на нафта кон Словачка не продолжи до понеделник, ќе побарам од државната компанија СЕПС да ја запре итната испорака на електрична енергија за Украина“, објави Фицо на социјалната мрежа Икс.Словачка е значаен снабдувач со електрична енергија за Украина, чија енергетска мрежа е сериозно оштетена од руските напади. Според податоци од енергетскиот сектор, минатиот месец Словачка обезбедила околу 18 проценти од рекордниот украински увоз на струја.Во меѓувреме, Унгарија најави блокада на итниот заем од 90 милијарди евра што Европската Унија ѝ го доделува на Украина, обвинувајќи го Киев за „уцена“ поради прекинот на транзитот. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека заемот ќе биде блокиран сè додека не се обнови испораката на нафта преку Дружба кон Унгарија.Тој тврди дека Киев, Брисел и унгарската опозиција координирано работат на прекин на снабдувањето од политички причини, со цел влијание врз парламентарните избори закажани за 12 април, на кои премиерот Виктор Орбан се соочува со пад на поддршката.Од украинска страна е предложено користење алтернативни транзитни рути додека траат поправките на нафтоводот, вклучително и преку домашниот систем за транспорт на нафта или по морски пат, што би можело да го вклучи и нафтоводот Одеса–Броди.Европската комисија за наредната недела најави итен состанок за надминување на кризата, иако во Брисел засега не гледаат непосреден ризик за унгарските резерви на нафта.Словачката влада одобри „позајмување“ на 250 илјади тони нафта од стратешките резерви за потребите на рафинеријата „Словнафт“, додека Унгарија најави ослободување на слична количина од своите резерви, со обврска за нивно дополнување во наредните месеци. Двете земји во меѓувреме го прекинаа и извозот на дизел кон Украина, насочувајќи ги нафтените деривати кон домашниот пазар.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryb33nkrtou7lr0vvWwkN

590 работници и над 500 машини на терен: Коридор 8 и 10 ќе донесат целосен автопат од Скопје до Охрид

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, информира дека изградбата на делницата Гостивар–Букојчани претставува сериозен инженерски зафат во сложен планински предел, со силна динамика на терен.Според него, од вкупно 31 километар, активно се работи на 11 километри, со реализација од речиси 59 проценти на таа секција. Работите, како што посочи, не запреле ниту во зимски услови.Во моментов се градат четири моста и еден натпатник, а мостот на седмиот километар е во завршна фаза, при што веќе се одвива сообраќај по двете ленти. На терен се ангажирани 590 работници, повеќе од 500 машини и 55 камиони, а само во една недела се извршени околу 45.000 кубни метри ископ.Изграден е и камп со капацитет за над 1.200 лица, при што, како што нагласи Трајановски, во реализацијата активно се вклучени и домашни компании.Тој посочи дека со изградбата на сите делници од Коридор 8 и Коридор 10, заедно со автопатот Кичево–Охрид, ќе се обезбеди целосна автопатска врска од Скопје до Охрид, што ќе значи побрз и побезбеден сообраќај, како и значителен економски и туристички придонес.

Македонија | пред 3 седмици

sneg

Нападнал малолетник по фрлање снежни топки, денеска полицијата го гони кривично

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(59) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 22 јануари 2026 година во Гостивар, пријавениот физички нападнал малолетник. Инцидентот се случил откако малолетникот, заедно со повеќе други малолетници, фрлале снежни топки кон возила, при што едно од нив го погодило пријавениот.По целосно документирање на случајот, против 59-годишникот е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5

Семејни драми во Свети Николе и Делчево: Момче тепало партнерка, брат шамарал сестра

Две одделни пријави за семејно насилство се евидентирани во текот на 20 февруари во Свети Николе и Делчево, информира Министерството за внатрешни работи.Во 17:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Р.А.(21), по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 34-годишна партнерка и ѝ ги одзел мобилниот телефон и клучевите од возилото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Истата вечер, во 18:30 часот во Полициската станица Делчево, полициски службеници извршиле службен разговор со Ш.М.(37) од Делчево, по пријава дека физички ја нападнал неговата 44-годишна сестра, при што употребил тврд предмет и упатувал закани.Од МВР информираат дека и во двата случаи се преземаат мерки за целосно документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Девојка нападната во Центар, инцидент во Градски парк и малолетник претепан во Арачиново

Три одделни случаи на физички напади се пријавени во текот на 20 февруари во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Во 14:50 часот во СВР Скопје, М.К.(24) пријавила дека на подрачјето на Центар била физички нападната од А.Р.(45), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Истата вечер во 20:20 часот, Д.Ј.(47) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во Градскиот парк бил физички нападнат од едно лице со тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и идентификација на сторителот.Дополнително, во 14:50 часот во СВР Скопје, А.А. пријавил дека на 19 февруари околу 23:30 часот во селото Арачиново, неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од три лица кои ги познавал. И во овој случај се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Скопје | пред 3 седмици

kidnapiranje

Киднапирање и закани со оружје во Тетовско, приведени три лица, едно е во бегство

Три лица се лишени од слобода, а по едно лице се трага, по пријава за насилство и закани со огнено оружје во тетовското село Гајре, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 20 февруари 2026 година околу 20.00 часот, З.И.(39) од село Гајре бил пресретнат од Л.М. и 16-годишно малолетно лице, кои излегле од патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки. Тие, според наводите, насилно го внеле во двор од куќа сопственост на Л.М., каде што му упатиле закани со огнено оружје и физички го нападнале со тврд предмет.По преземени мерки, околу 21.50 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(43) и Е.М.(20) од Гајре, кои биле затекнати во истото возило „голф“, кое претходно не запрело на даден знак за запирање од полициски службеници.Во селото Гајре, во присуство на родител, од слобода било лишено и 16-годишното малолетно лице. Лицата се задржани во полициска станица, а возилото е задржано за преглед во Полициската станица Тетово.Полицијата презема мерки за пронаоѓање на Л.М., а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 седмици

soobrakjajka-izletano-vozilo

Едно лице загина: „Сеат ароса“ излетал од патот кон Берово

Триесет и четиригодишен возач го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на регионалниот пат на излез од Виница кон Берово, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 21 февруари 2026 година околу 00.20 часот во ОВР Виница било пријавено дека патничко возило „сеат ароса“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.М.(34) од село Крушево, виничко, излетало надвор од коловозот.Во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смртта била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Виница, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Причините за несреќата ќе бидат утврдени по целосното расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryd42hc4gcsq0pfRapTpX

Жан Митрев: Трансплантацијата мора да стане рутинска пракса во Македонија

Д-р Жан Митрев ја изрази својата целосна поддршка за иницијативата за заживување на трансплантацијата во Македонија, нагласувајќи дека станува збор за заложба што ја носи повеќе од 26 години, уште од почетоците на неговата професионална кариера.На јавната панел-дискусија „Органодарителство во Македонија“, одржана во Битола, Митрев истакна дека крајната цел треба да биде трансплантацијата да стане рутинска и секојдневна медицинска практика во земјава. Според него, прашањето не е само медицинско, туку длабоко човечко, бидејќи зад секој пациент што чека орган стои семејство кое живее во неизвесност, во исчекување помеѓу надежта и стравот.„Органодарителството е чин на највисока солидарност. Тоа не спасува само еден живот, туку може да врати иднина на повеќе луѓе одеднаш“, посочи Митрев, додавајќи дека бројот на пациенти на кои може да им се помогне е значителен, особено во областа на кардиоваскуларните заболувања.Тој нагласи дека тимот на Клиника „Жан Митрев“ е целосно подготвен за вакви сложени операции, но дека успехот зависи од тесна координација меѓу институциите и медицинската фела. Трансплантацијата, како што истакна, подразбира мултидисциплинарен пристап и системска организација, особено кога станува збор за комплексни пациенти.Панел-дискусијата беше посветена на теми поврзани со надежта, солидарноста и човечноста, отворајќи прашања за законската рамка, правата на пациентите, медицинските аспекти и дилеми, како и искуствата на лица што чекаат трансплантација или веќе го дочекале повикот за нов живот. Во рамки на настанот беа разгледани и ставовите на верските заедници во однос на органодарителството.Со учество на врвни лекари, трансплантациски експерти и координатори, трансплантирани пациенти и претставници на верските заедници, беше испратена порака дека трансплантацијата може да стане реална и достапна можност, доколку постојат знаење, доверба и системска поддршка.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarybpp7dojh8ugi8CfC5R9

СДСМ обвинува за партизација на правосудството и молк за 161 тендер

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, обвини дека судството и обвинителството се ставени под, како што наведе, директна контрола на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека правдата во државата се урива, а институциите се партизираат.Фрчкоски тврди дека власта го сменила јавниот обвинител за да постави лице под своја контрола, при што јавно била елиминирана кандидатката Ленче Ристоска, и покрај тоа што, според него, добила максимални оценки од Советот на јавни обвинители. Тој посочи дека таа била и јавно навредувана од страна на премиерот.Според СДСМ, премиерот директно влијае врз изборот на обвинители и судии, а како примери ги наведува изборот на член на Судскиот совет и назначувања во Уставниот суд. Дополнително, Фрчкоски обвини дека од власта се врши притисок врз обвинителството и се води кампања за дискредитација на предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство.Тој истакна дека повеќе од 80 дена нема одговор на пријавите поднесени од СДСМ до Државната комисија за спречување на корупцијата, ниту реакција од обвинителството и Финансиската полиција во врска со, како што наведе, серија сомнителни тендери.Меѓу нив ги спомена 161 тендер за фирма поврзана со семејството на Томовски, 51 тендер преку општини за фирмата „Пирамид Билдинг“, 74 тендери за „Ленди груп“, како и тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до партијата ЗНАМ.Фрчкоски оцени дека додека граѓаните се соочуваат со економски предизвици, власта, според него, се впушта во луксуз и спорни јавни набавки. Тој заклучи дека, како што рече, единствениот притисок врз македонските граѓани доаѓа од актуелната власт, обвинувајќи ја за селективна правда и институционален молк.

Македонија | пред 3 седмици

media-library517bg4486n4gfVonK4X

Николоски: До крајот на 2029 ќе се вози по автопатот Гостивар–Букојчани

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека изградбата на автопатот Гостивар–Букојчани се одвива со силна динамика и дека очекува до крајот на 2029 година граѓаните да возат по оваа делница.Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, времената вршителка на работите во Амбасадата на САД, Никол Варнс, како и со претставници на институциите, извршија увид во изградбата на делницата, која е дел од западното крило на Коридор 8.Според Николоски, се работи интензивно на секцијата што треба да го поврзе автопатот од Гостивар до Букојчани со постојниот автопат кон Тетово, а понатаму и со делницата кон Кичево, Охрид и Струга. Тој оцени дека проектот ќе донесе значителен економски придонес, ќе ја подобри регионалната поврзаност и ќе придонесе за развој на туризмот и бизнисот.Министерот посочи дека експропријацијата е завршена речиси 90 проценти, што, како што нагласи, е клучен предуслов за непречена реализација. Досега се исплатени околу 470 милиони евра, сума што, според него, е значајна за буџетот на државата. Тој додаде дека финансирањето се одвива навремено и дека државата ја обезбедува потребната логистика.Николоски истакна дека градежништвото бележи раст од 21 процент во третиот квартал од минатата година, што го оцени како историски резултат во независна Македонија. Посочи и дека во проектот се вклучени Градежниот и Архитектонскиот факултет, со цел студентите да стекнуваат практично искуство на реални инфраструктурни проекти.Тој најави дека покрај оваа делница, интензивно се работи и на автопатот Тетово–Гостивар, како и на делницата Прилеп–Битола, со цел да се заокружи современата патна мрежа во западниот дел од државата.

Македонија | пред 3 седмици

media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Ана Чупевска по изјавата на Мицкоски за Ристоска: Изгледа некои премиери го помешале Обвинителството со сопствен избор на "мис"

Функционерката на СДСМ, Ана Чупевска, реагираше на јавните изјави на премиерот поврзани со изборот на обвинители, оценувајќи дека извршната власт не смее да си зема за право да утврдува кој е „подобен“, а кој не за гонење криминал.„Изгледа некои премиери го помешале Обвинителството со сопствен избор на ‘мис’, па почнаа јавно да оценуваат кој е ‘подобен’, а кој не“, наведува Чупевска во својата реакција.Таа посочува дека во демократски систем премиерот нема надлежност да ги бира обвинителите според лични или политички критериуми, нагласувајќи дека доколку политиката дефинира кој ќе гони криминал, тогаш наместо правда ќе има, како што вели, „нарачана послушност“.Чупевска прашува уште колку пати јавноста ќе сведочи на, според неа, сценарио на „заробена држава“, оценувајќи дека секое директно политичко влијание врз правосудството ја нарушува неговата независност.„Кога политичарот ќе влезе во судницата, правдата по дефиниција излегува низ прозорецот“, наведува таа, апелирајќи на почитување на поделбата на власта и институционалната автономија.

Коментари | пред 3 седмици

media-libraryp8ge4oaborhu5jClFYo

Владата ќе ја интензивира изградбата на инфраструктурните коридори

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за Владата изградбата на автопатската инфраструктура претставува стратешки приоритет, оценувајќи дека ваквите проекти ја зајакнуваат поврзаноста, логистиката и геостратешкото значење на државата.Тој посочи дека географската местоположба на земјата треба да се искористи како предност и дека позицијата на раскрсница во регионот е стратешки капитал. Според него, како членка на НАТО, државата преку реализација на ваквите коридори придонесува за зголемена отпорност и безбедност во регионот, како и на јужното крило на Алијансата.Премиерот упати благодарност до вицепремиерот и министер за транспорт, заменик-министерката, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, како и до институциите вклучени во реализацијата на проектот – Управата за имотно-правни работи, Министерството за финансии и Агенцијата за катастар.Мицкоски изрази очекување дека проектот ќе донесе конкретна вредност за граѓаните и ќе ја подобри логистичката мрежа низ државата, нагласувајќи дека Владата ќе направи сè изградбата да се реализира во роковите што биле претходно утврдени.Тој најави дека во наредниот период ќе се интензивира реализацијата и на други инфраструктурни проекти од сличен обем.

Македонија | пред 3 седмици

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче: Булингот не доаѓа од Европа, туку од ВМРО и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека, како што наведе, единствениот „булинг“ врз македонскиот народ го вршат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70 проценти од граѓаните сакаат членство во ЕУ, а тој зборува за ‘булинг’ и ‘прва и втора лига’“, наведува Филипче во реакцијата.Според него, проблемот не е во односот на Европската Унија, туку во неисполнувањето на обврските поврзани со владеењето на правото, слободата на медиумите и борбата против корупцијата. Тој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ создава конфликти со соседите и дека на критиките од Брисел одговара со напади врз Унијата.Филипче ја поврза актуелната состојба со, како што рече, изостанокот на напредок во евроинтеграциите, случајот со пет тони дрога што, според него, излегле преку македонската граница, како и состојбите во судството, обвинителството и медиумите.Во реакцијата се наведува дека Европа дала јасна шанса до 2027 година, заедно со земјите од регионот, посочувајќи дека Црна Гора и Албанија напредуваат, додека Македонија, според него, стагнира.„Мицкоски и ВМРО не сакаат ЕУ, сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност, тоа е криминална вредност“, се наведува во соопштението на Филипче, кој заклучува дека, според него, вистинскиот притисок врз граѓаните доаѓа од актуелната власт.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryd9tsornl7qob43Q5SHJ

Уапсен бискупот на Линколн поради сомнеж за сексуален напад

Бискупот на Линколн во рамки на Англиканската црква, Stephen Conway, е уапсен поради сомнеж за сексуален напад, откако била поднесена пријава до националниот тим за заштита при Church of England.Полицијата на округот Lincolnshire Police потврди дека 68-годишен маж бил приведен во рамки на истрага што е во тек, по наводи дека машко лице било сексуално нападнато во периодот меѓу 2018 и 2025 година.Бискупот на Линколн претставува висок црковен лидер, одговорен за надзор над црквите и свештенството во источна Англија. Функцијата има и национално значење, бидејќи по службена должност бискупот има место во House of Lords, горниот дом на британскиот парламент, каде учествува во разгледување и расправа за законите на Обединетото Кралство.Од Бискупијата Линколн соопштија дека бискупот е суспендиран од службата по пријавата до националниот тим за заштита. Во соопштението се наведува дека е обезбедена поддршка за засегнатите лица и дека случајот е проследен до надлежните институции, без да се изнесат дополнителни детали за природата на наводите.Се посочува дека станува збор за „длабоко вознемирувачки период“ за заедницата. За време на суспензијата, должноста ќе ја извршува бискупот на Грантам, д-р Николас Чембрлејн.Конвеј ја извршува функцијата бискуп на Линколн од 2023 година и е пуштен на условна кауција додека трае истрагата.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

11 возачи пијани зад волан во Велешко, две лица лишени од слобода

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на ноќта меѓу 20 и 21 февруари 2026 година, во периодот од 21.00 до 03.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спровела акциска контрола на подрачјето на СВР Велес, односно ОВР Кавадарци.Во рамки на контролата изречени се вкупно 20 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив, 11 возачи биле санкционирани и исклучени од сообраќај поради управување моторно возило под дејство на алкохол. Две лица се лишени од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, а согласно член 300 од Кривичниот законик одземени се две моторни возила. Дополнително, санкционирани се девет возачи за други сообраќајни прекршоци.Во истиот период, на целата територија на државата, полициски службеници лишиле од слобода 11 лица, од кои девет поради управување возило без возачка дозвола, а две поради управување под дејство на алкохол.Без возачка дозвола биле затекнати возачи од Тетово, Кавадарци, Скопје, Дојран, Гевгелија и Струга, при што возач од Гевгелија управувал и возило со истечена регистрација. Двајца возачи од Кочани биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол, со измерени 1,83 и 2,91 промили алкохол во крвта.Сите лица се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, нагласувајќи дека управувањето возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола претставува сериозна закана за безбедноста на граѓаните.

Македонија | пред 3 седмици

media-library439d2gh00u939iRZvnh

(Видео) Од Врховен, преку судија и Владата до Судскиот совет: како, според Катевеновски, течела постапката за негово разрешување

Поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, во гостувањето во „Претрес со Ландов“ изнесе теза дека неговото разрешување во 2020 година било иницирано по дојава од колега судија, кој во Владата најверојатно открил дека не сакал да ја потврди пресудата за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во предметот познат како „мерцедесот на Груевски“.Катевеновски наведе дека формално бил разрешен за предмет поврзан со бизнисменот Сеад Кочан, но посочи дека не бил разрешен на истата седница кога биле разрешени уште двајца судии, туку подоцна, откако јавно изразил став дека нема да гласа за потврдување на казната за Јанкуловска.„Не е директно до Судски совет. Додека некој не им каже, тие не постапуваат. Мора да им каже некој“, изјави Катевеновски, алудирајќи дека информацијата за неговиот став била пренесена надвор од салата каде што се водела расправата. Тој рече дека нема материјален доказ, но дека знае кое лице ја пренело информацијата.Според неговите зборови, станувало збор за судија кој имал амбиции да стане претседател на суд и кој, како што рече, бил близок до СДСМ.„Не доби награда, го зафркнаа“, додаде Катевеновски. На прашањето дали информацијата ја пренел судијата Џемаили Саити, тој одговори со „можеби“, без дополнително појаснување.Во емисијата, Катевеновски говореше и за предметот „Грчец“, за одлуките поврзани со настаните од 27 април, како и за постапката во случај во кој припадник на ЕБР беше осуден на 11 години затвор, изнесувајќи детали за текот на судската процедура и начинот на одлучување.Нечуени детали и непоставени прашања за правораздавањето:

Македонија | пред 3 седмици

media-library8efr0v38m0cl0TYuBya

Тренчева-Боте: Дали институциите ја препознаваат силата на ноќната економија?

Креаторката на музичката платформа „Терапија“, Слободанка Тренчева-Боте, отвори јавно прашање дали институциите во земјава ја разбираат суштинската улога и потенцијалот на ноќната економија како дел од урбаниот и економскиот развој.Со долгогодишно искуство во ноќниот живот и културната сцена, таа посочува дека додека светските метрополи креираат стратегии околу ноќната култура и ја третираат како важен сегмент од урбаната политика, кај нас, како што наведува, борбата сè уште се води на терен, без системска поддршка и визија.Преку платформата „Терапија“, иницијативата има за цел да го премости јазот меѓу ентузијастите за ноќен живот, креаторите, индустриските мрежи и владините институции. Намерата, како што истакнува Тренчева-Боте, е да се изградат функционални врски што ќе овозможат посилен и одржлив екосистем на ноќната сцена.Според неа, ноќниот живот не треба да се третира исклучиво како забава, туку како простор за културна продукција, иновации и економски раст. Целта е да се инспирираат нови пристапи во урбаната политика и ноќната економија да се издигне како фактор што придонесува за социјална кохезија и економска одржливост.Со оваа иницијатива, прашањето за ноќната култура се поставува во поширок контекст – како дел од развојната стратегија на градовите, а не како маргинален сегмент што се регулира само преку рестрикции.

Коментари | пред 3 седмици

media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

(Видео) Функционери од Владата на СДСМ осомничени за преносот на марихуаната од Македонија кон Србија

Функционери од Владата на СДСМ се опфатени во истрагата како учесници во преносот на марихуаната од Македонија кон Србија, а откако беа фатени 4 тони. Ова го потврди премиерот Христијан Мицкоски кој одби да соопшти детали во интерес на истрагата.„Во интерес на истрагата не би одел чекор понапред. Тоа што го имав да го кажам за овој случај го кажав. Има функционери, но од претходната Влада, има фирма сопственост на поранешен претседател на СДСМ во Ново село, односно негов син“, рече Мицкоски.Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.Истражната постапка се темели на докази обезбедени врз основа на документација доставена од Министерството за внатрешни работи, како и од документација од оформен предмет на Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија добиена преку меѓународна правна помош.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryioovbm7hcgn3cjstmsc

Пожар во Трговскиот центар во Кочани, станарите избегнаа поголема трагедија оти дистрибутер видел дека гори, сведочи Крстевски

Поранешниот вршител на должност градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, информираше дека денеска во станбено-деловниот комплекс Трговски центар, станбен блок А со 96 станови, избувнал пожар од угостителски објект, при што станарите поминале со зачадени домови и, како што наведе, огромен стрес.Според неговата објава, пожарот не се проширил благодарение на навремената интервенција на Територијалната противпожарна единица, а клучен бил и фактот што дистрибутер на стока го забележал огнот во кујната, која, како што тврди Крстевски, се наоѓа во посебен објект изграден незаконски. Во моментот на избувнување на пожарот, во кујната немало присутен персонал.Крстевски посочува дека ова не е прв ваков случај и дека во минатото имало слични инциденти во истиот објект, при што, како што наведува, повторно имало среќа што пожарите не предизвикале поголеми последици.Тој упати последен апел до кочанското обвинителство, наведувајќи дека уште на 10 јуни поднел кривична пријава поради, како што ги нарече, незаконски активности на угостителски објекти во рамки на станбениот комплекс.Од надлежните институции засега нема официјална информација за пожарот.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryo2c9frlogitqfdH5bpC

(Видео) Според ВМРО-ДПМНЕ, сведоштвото на Катевеновски потврдува политички притисоци во правосудството

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека за време на владеењето на СДС и ДУИ судии биле разрешувани во рок од еден ден под партиски притисоци.Тој се повика на сведоштвото на поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, кој тврди дека бил разрешен откако одбил да даде позитивно мислење во судски предмет поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.Според наводите што ги изнесе Манасиевски, Катевеновски на судско рочиште посочил дека нема да даде позитивно мислење во конкретниот предмет и дека ќе разговара со своите колеги за понатамошното постапување. Само еден ден подоцна, како што тврди, Судскиот совет свикал итна седница и донел одлука за негово разрешување.Манасиевски истакна дека, според сведоштвото на Катевеновски, разрешувањето било резултат на притисоци од тогашните владејачки партии СДС и ДУИ, односно од нивните лидери Зоран Заев и Али Ахмети.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека ваквите наводи претставуваат доказ за селективна правда и политичко влијание врз правосудниот систем во тој период. Според партијата, сведоштвата потврдуваат дека институциите биле партизирани и дека постоеле притисоци врз судии и обвинители.Манасиевски порача дека, како што рече, вакви практики повеќе нема да бидат дозволени и дека е неопходно утврдување одговорност за сите случаи на евентуални политички притисоци врз правосудството.

Македонија | пред 3 седмици

media-library5hcfs60jsruodlaE65U

Франција ќе ги анализира новите царини на Трамп, најавен принцип на реципроцитет

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одлуката на Врховен суд на САД за трговските царини воведени од американскиот претседател Доналд Трамп претставува потсетник за значењето на поделбата на власта и владеењето на правото во демократските системи.Говорејќи на годишниот земјоделски саем во Париз, Макрон посочи дека „не е лошо да се има Врховен суд и, соодветно на тоа, владеење на правото“, алудирајќи на пресудата со која се оценува дека дел од царините воведени врз основа на закон за економска вонредна состојба се незаконски.Францускиот претседател нагласи дека е важно во демократиите да постои рамнотежа меѓу институциите и механизми за контрола на извршната власт. Во однос на новите глобални царини од 10 отсто што ги најави администрацијата на Трамп, Макрон рече дека Франција внимателно ќе ги анализира последиците и ќе се приспособи на новонастанатата ситуација.Тој додаде дека Франција има интерес да продолжи со извозот на своите производи, меѓу кои земјоделски производи, луксузна и модна стока, како и делови за воздухопловната индустрија. Според него, најправедниот пристап во вакви околности е принципот на реципроцитет, наместо прифаќање на еднострани одлуки.Со ваквите ставови, Париз сигнализира дека ќе бара балансиран и правно заснован одговор на новите трговски мерки, во рамки на европските и меѓународните механизми.

Свет | пред 3 седмици

media-library33l4kp4i9o2i0h9azMw

(Фото) Доктор Ненад Лазаров предупредува на можна интернет-измама со фотографии од бебе

Доктор Ненад Лазаров предупреди на можна интернет-измама поврзана со објава за донации за наводно болно бебе, оценувајќи дека станува збор за класичен пример на злоупотреба на емотивна содржина за финансиска корист.Во јавна објава на социјалните мрежи, Лазаров посочи дека не може да поверува оти некој би бил „толку алчен“ јавно да објави лична банкарска сметка, алудирајќи дека фотографиите и повикот за донации најверојатно се преземени од интернет без дозвола.Во објавата што кружи на социјалните мрежи се наведува дека бебето било оперирано и дека му се потребни скапи лекови, при што се повикуваат граѓаните да донираат средства. Доктор Лазаров тврди дека фотографиите се преземени од интернет и побара надлежните институции, пред сè Министерството за внатрешни работи, да го испитаат случајот.„Од повеќе бебиња слики се крадени од интернет, МВР апелирам ова ве молам!“, наведува Лазаров во својата реакција.Случајот повторно ја отвора темата за злоупотреба на фотографии од деца и лажни хуманитарни апели на социјалните мрежи, како и потребата од внимателност при донирање средства преку непроверени извори.

Македонија | пред 3 седмици

policija-krazba

Познато кој е најкрадениот автомобил во Британија: таму се краде автомобил на секои десет години

Во текот на 2025 година во Велика Британија биле пријавени вкупно 54.830 кражби на возила, што претставува намалување од 11 отсто во споредба со претходната година, покажуваат податоците што ги објави специјализираниот портал „Вот Кар?“.Просечно, во земјата се крадат околу 150 возила дневно, односно едно на секои десет минути. И покрај падот на вкупната бројка, одредени модели остануваат особено атрактивни за крадците.На врвот на листата најчесто крадени автомобили убедливо се наоѓа Ford Fiesta, од која во 2025 година биле украдени 3.511 примероци. Овој модел со години важи за еден од најпопуларните во Велика Британија, што делумно ја објаснува и неговата висока застапеност во статистиката на кражби.На второто место е Volkswagen Golf со 1.625 кражби, додека трет е Ford Focus со 1.474 украдени возила. Во првите десет се вклучени и Toyota RAV4 - 1.319 кражби BMW 3 Series - 1.249 кражби Nissan Juke - 1.200 кражби Toyota C-HR - 967 кражби Lexus NX - 951 кражби Range Rover Evoque - 895 кражби Vauxhall Corsa - 874 кражби.Кога станува збор за производители со најмногу модели во првите десет, доминираат Тојота и нејзиниот сестрински бренд Лексус, со вкупно три претставници на листата.Иако бројот на кражби е во опаѓање, статистиката покажува дека популарните и широко распространети модели остануваат најчеста цел, што отвора прашања за дополнително унапредување на системите за заштита и безбедност на возилата.

Свет | пред 3 седмици

media-library3jlg1s2ckata9hwctOl

Хонг Конг: Новите царини на Трамп се можност за нашата економија

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување нова царина од 10 отсто на увозот во САД ќе има позитивен ефект врз позицијата на Хонг Конг како регионален трговски центар, изјави висок градски функционер.Секретарот за финансиски услуги и трезор на Хонг Конг, Кристофер Хуи, оцени дека актуелната царинска политика во САД претставува „фијаско“, но истовремено отвора простор за истакнување на специфичните трговски предности на градот. Тој посочи дека новата глобална царина ја нагласува улогата на Хонг Конг како флексибилна и конкурентна економија во услови на променлива меѓународна трговска средина.Во меѓувреме, властите на Тајван соопштија дека внимателно ја следат одлуката на Врховен суд на САД во врска со тарифите, како и спроведувањето на фиксната глобална царина од 10 отсто што ја воведе администрацијата на Трамп.Од кабинетот на островската влада наведоа дека првичниот ефект врз Тајван засега изгледа ограничен, но нагласија дека ќе продолжат со внимателно следење на состојбата и со блиска комуникација со американските власти. Целта, како што посочија, е навремено разбирање на конкретните механизми на спроведување на мерките и соодветно приспособување на економската политика.Реакциите од Азија укажуваат на внимателна проценка на последиците од новите американски трговски мерки, во време кога глобалната економија се соочува со зголемена неизвесност и редефинирање на трговските односи.

Свет | пред 3 седмици

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Србија ги повика граѓаните да го напуштат Иран, откако тоа го направија Германија и Шведска

Министерството за надворешни работи на Србија препорача сите српски државјани кои се наоѓаат во Иран што поскоро да ја напуштат земјата, поради зголемените тензии и ризикот од влошување на безбедносната состојба во регионот.Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за ограничен воен удар со цел да изврши притисок врз Техеран да прифати нов нуклеарен договор. Тој нагласи дека и натаму е посветен на дипломатско решение, но предупреди дека ќе ја искористи воената сила доколку разговорите не донесат резултат.Според извештаи на американски медиуми, стотици американски војници биле евакуирани од базата Ал Удеид во Катар, како мерка на претпазливост во пресрет на можен напад врз Иран. Слични активности биле спроведени и во Бахреин, каде што е стационирана Петтата флота на американската морнарица.Во меѓувреме, и властите на Германија и Шведска ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран и препорачаа да не се патува во таа земја поради растечките безбедносни ризици.Регионалната безбедносна состојба останува неизвесна, додека дипломатските канали се обидуваат да спречат натамошна ескалација на кризата.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања