Кристијан Ландов

MASKI-DEL-MONTAZA.00_08_32_14.Still001

Осуденици добивале излези и одмори без право – се гонат поранешни директори

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Ц. (41) од Струмица, поранешен директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица, В.М. (36) од Струмица, поранешен в.д. директор на истата установа, и В.Т. (42) од Струмица, заповедник на затворската полиција, поради сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик.Според полицијата, Б.Ц. и В.М., злоупотребувајќи ја својата функција, во повеќе наврати постапувале спротивно на член 70 од Правилникот за куќен ред. Тие издавале решенија со кои на осудени лица им биле доделувани погодности без спроведување на задолжителната постапка. На овој начин, Б.Ц. во три случаи му овозможил на едно лице краткотраен излез од установата, додека В.М. во 32 наврати овозможил краткотраен излез на седум лица. Во два случаи тој дозволил и користење на годишен одмор за две осудени лица, иако тие не ги исполнувале условите. Дополнително, В.М. овозможил на четири лица да бидат префрлени од полуотворено во отворено одделение, иако за тоа немале право.Пријавениот В.Т., пак, од В.М. добил писмено овластување да врши работи од областа на ресоцијализација, иако немал соодветно образование за тоа. Во исто време тој продолжил да ја раководи и затворската полиција, извршувајќи две исклучително важни и одговорни функции кои се неспоиви.

Македонија | пред 4 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Штипајнец сакал да натепа полицаец, оти го запрел додека пијан управувал возило

СВР Штип поднесе кривична пријава против дваесет годишен маж од Штип поради сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.Настанот се случил на 29 јуни 2025 година во Штип, кога пријавениот управувал патничко возило под дејство на алкохол.Кај него биле констатирани 0,84 промили алкохол во крвта. По наредба на полициски службеници да го исклучи возилото од сообраќај, тој се обидел да побегне и притоа физички нападнал еден од полицајците.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2024-10-05-at-11.05.19

Тројца тешко повредени во сообраќајка на патот Штип – Радовиш

Вчера, во 02:50 часот, во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со бугарски национални ознаки, управувано од 63-годишниот М.К. од Штип, и патничко возило „Сеат“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ. (21) од Штип.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од возилото „Сеат“, Ф.Ѓ. (21) од Пробиштип. Повредите им биле констатирани во Клиничката болница во Штип.На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип, а се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryckl4l7f1s7js6cJGom2

(Фото) Две возила опожарени во Скопје за една ноќ, оштетени и објекти

Во текот на ноќта во Скопје беа пријавени два пожари во кои беа опожарени повеќе возила и оштетени објекти.На 24 септември 2025 година, во 23:07 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на булевар „11 Октомври“ избувнал пожар во патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Од огнот биле зафатени и патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, како и дел од продажен објект.Неколку часа подоцна, на 25 септември околу 03:47 часот, на улица „Дичо Петров“ избувнал нов пожар во возило „Ренџ Ровер“ со словачки национални ознаки, сопственост на В.Д. (41) од Скопје. Пламените го зафатиле и возилото „Голф“ со бугарски национални ознаки, како и дел од фасадата на станбена зграда и дел од продажен објект.Во двата случаи пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна заштита, а за среќа нема повредени лица. Полицијата изврши увид и најави дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.

Скопје | пред 4 месеци

policija-2457

Двајца тешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

На 24 септември 2025 година, околу 15:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булевар „Гоце Делчев“ и улица „Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х. (45) од село Желино, тетовско, и патничко возило „Сеат Алтеа“ исто така со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Е. (43) од Тетово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „Сеат Алтеа“ и неговиот сопатник Е.С. (35) од село Долна Бањица, гостиварско. Повредите им биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Прегазен пешак во Кисела Вода, има тешки повреди

На 24 септември 2025 година, во 14:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Борис Трајковски“, пред крстосницата со улица „Христо Татарчев“, патничко возило „Даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К. (35) од Скопје, удрило во пешакот З.Т. (59) од Скопје.Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

idrizovo-ambulanta

Затвореничка тепачка во Идризово

На 24 септември 2025 година, во 15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека околу 3 часот по полноќ во Казнено-поправната установа Идризово дошло до физичка пресметка помеѓу двајца осуденици, М.И. (28) и Л.Р. (31).Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Починат 38-годишен маж во својот дом во Кисела Вода

На 24 септември 2025 година, во 18:16 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на Кисела Вода починал К.К. (38) од Скопје.Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.Извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryvgjve5sogd29e31WJ3C

По израелскиот напад врз Катар, се заоструваат повиците за „исламски НАТО“

Првиот израелски напад врз една заливска држава предизвика силни потреси во арапската одбранбена политика, со сè погласни повици за регионална соработка и заедничка одбрана. Некои политичари дури бараат формирање на „исламски НАТО“, пренесува Deutsche Welle.На 9 септември, израелски борбени авиони лансираа балистички ракети врз Катар во операцијата „Over the horizon“. Целта биле припадници на Хамас кои се сретнале во луксузна населба во Доха за разговори околу прекин на огнот во Газа. Во нападот загинале шест лица, иако според извештаите тие не биле директна цел на Израел.Катар не можел ефикасно да се одбрани, и покрај тоа што таму се наоѓа најголемата американска база во регионот и државата има статус на „главен сојузник надвор од НАТО“. Нападот го разниша довербата на земјите од Персискиот Залив во американската заштита и ги поттикна на барање поголема стратешка автономија.На итниот самит организиран од Арапската лига и Организацијата за исламска соработка, Египет предложи создавање заеднички сили по модел на НАТО. Премиерот на Ирак, Мохамед Шиа ал-Судани, повика на колективен пристап кон регионалната безбедност, а шесте членки на Советот за соработка во Заливот (Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и ОАЕ) најавија активирање на клаузулата за заедничка одбрана од 2000 година.Во Доха, министрите за одбрана на земјите од регионот договорија подобра размена на разузнавачки информации и воведување нов систем за предупредување од ракетни напади, како и заеднички воени вежби. Истовремено, Саудиска Арабија објави „стратегиски пакт за меѓусебна одбрана“ со Пакистан.Иако идејата за „исламски НАТО“ сè почесто се споменува, аналитичарите предупредуваат дека таков модел е нереален, бидејќи би ги обврзал земјите од Заливот на конфликти кои не се директно во нивен интерес. Наместо тоа, се разгледува форматот „6+2“, во кој би учествувале шесте членки на Советот за соработка во Заливот, заедно со Турција и Египет.Според експертите, зад сцената веќе се работи на интеграција на радарски системи, размена на податоци и подобрување на колективните капацитети за одбрана. Иако САД остануваат клучен партнер преку својата воена технологија и бази во регионот, политичкото размислување се менува: Вашингтон повеќе не се гледа како конечен гарант на безбедноста, туку како условен партнер.Регионалните лидери сè повеќе ја прифаќаат идејата дека сигурноста мора да ја градат врз сопствена одбранбена архитектура, со поширока соработка меѓу земјите од Заливот и нивните партнери.

Свет | пред 4 месеци

ukraina-kiev-13

Русија без план за водоснабдување на окупираните територии во Донецк

Центарот за национален отпор (ЦНО) информира дека Кремљ нема стратегија за решавање на критичниот недостиг од вода на привремено окупираните територии во Донецката област. Единствениот „план“ бил да се почекаат есенските и зимските врнежи, пренесува агенцијата УНН.Според експертите, во Старокримскиот резервоар останале само 15% од залихите вода – околу 7 милиони тони наместо потребните 45 милиони. Дополнително, девет резервоари се целосно пресушени, а истото се случува и со бунарите и бушотините.„Кремљ уште еднаш докажува дека жителите на привремено окупираните територии се осудени на голо преживување, додека Москва се занимава само со извоз на ресурси и со пропаганда“, велат од ЦНО.Градското собрание на Мариупол во август објави дека водата во градот се испорачува само еднаш на два дена, и тоа најмногу по четири часа. Во услови на ваква хуманитарна криза, цената на увозната флаширана вода нагло скокнала – од 50 на 80 рубли (0,51 до 0,81 евро) за пет литри за само неколку дена.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryonekr6qd8ghq4RqlJR7

(Видео) Голем пожар кај Зелен пазар – гореа возила и магацин

Вечерва изби голем пожар кај Зелен пазар. Според првичните информации на „Скопје1“, се запалил автомобилот, па пожарот се проширил на друго возило, за потоа да се запали и магацин од маркет.Противпожарни екипи веќе подолг временски период работат на гаснење на пожарот. Засега не е познато дали станува за подметнат пожар.Информациите се дека пожарот е локализиран, но се работи на негово целосно гаснење.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryd2b288sbr65tbKpivhd

(Во живо) Претрес на Каја Шукова: Мисија за Скопје или изгубена битка?

Kaja Шукова Од кабинетите во Министерството за животна средина, на фронтот за градоначалник на најзагадениот град во Европа. Таа вели дека има визија за Скопје.Јавноста вели дека е кандидатка во изгубена битка. Партијата ја брани, анкетите ја демантираат.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykin82570r3fmdDCtjJg

(Фото) Познато што се случило со Турчинот кој почина на Клиника, откако беше донесен и оставен од непознато возило

СВР Скопје го расчисти случајот со турскиот државјанин М.А.О. (61), кој на 23 септември 2025 година беше донесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди, по што почина.Според информациите, повредениот бил донесен со приватно возило од лице кое веднаш потоа ја напуштило болницата. По преземени мерки од Единицата за насилен криминал, пронајдено е возилото „Хонда Сивик“ и идентификувано е лицето Х.М., кое го превезло повредениот.По службените разговори и извршената обдукција во Институтот за судска медицина, утврдено е дека турскиот државјанин починал од последици на пад од висина додека работел на градилиште во населбата Стопански двор во Скопје.За настанот биле известени Инспекторатот за труд и јавен обвинител.

Скопје | пред 4 месеци

policija-2457

Заталкано зрно од куршум оштети возило во Чаир

На 23 септември 2025 година, околу 08:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир заталкано зрно од огнено оружје паднало врз патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.Н. (43) од Скопје.Од МВР информираат дека во настанот нема повредени лица, а преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Штипјанец натепал 77-годишна баба

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Т. (32) од Штип, осомничен за кривично дело „тешка телесна повреда“.Според информациите од МВР, на 18 јуни 2025 година, во двор од куќа во штипско село, пријавениот физички нападнал 77-годишна жена и ѝ нанел тешки телесни повреди.Надлежните органи преземаат мерки за понатамошно процесуирање на случајот.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ фабрикува пораки на убиената Росица за политички цели

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ, на која беше објавено дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски наводно добивал пораки од убиената Росица, преку кои таа барала заштита.„Срамота е СДС да прави прес-конференции со измислени материјали. Пораките за кои зборува СДС се тотална измислица и фабрикација на нивната кујна за лаги и манипулации. Да се излезе со фабрикувана порака на убиената Росица, со тврдење дека е вистинита, е повеќе од лага – тоа е злоупотреба на смрт на една млада девојка за политички цели, што е надвор од сите морални основи и претставува некрофилство од невидени размери“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата додаваат дека „лагите и манипулациите се најсилното оружје на СДСМ, поради недостаток на конкретни политики“ и прашуваат „до каде ќе оди умноболието на СДС“.

Македонија | пред 4 месеци

pozarna-avtobus-nokje

Запалено „БМВ“ во Аеродром, зафатено и второ

На 24 септември 2025 година, околу 03:15 часот, на улицата „Владимир Комаров“ во Скопје избувнал пожар во паркирано патничко возило марка „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на 19-годишен скопјанец Ј.Ј. Од огнените пламенови било оштетено и друго паркирано возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ж.П. (46) од Скопје.Во инцидентот нема повредени лица. Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. Надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

policija-policaec

Полициски службеник од Велес под истрага: купил возило кое му се расипало, па упатувал закани

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Велес против С.А., полицаец во Полициската станица од општа надлежност Велес.Тој се сомничи за кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според информациите, на 31 август 2025 година, полицаецот купил половно возило од сопственик на сервис за продажба и поправка на автомобили, со дадена гаранција дека возилото е исправно. По кратко време возилото се расипало, по што осомничениот упатил закани кон продавачот и неговото семејство, со цел да го заплаши и вознемири.Од страна на полициската станица во Велес на С.А. му било одземено службеното оружје. Одделот за внатрешна контрола најави дека ќе поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка и ќе изрече задолжителни мерки за негово отстранување од работното место до завршување на постапката.

Македонија | пред 4 месеци

klinikimajka-tereza

Трагедија во Скопје: Турчин донесен со повреди на Клиника каде починал, лицето што го превезло заминало

На 23 септември 2025 година околу 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив со приватно возило бил донесен маж со тешки телесни повреди. Станува збор за 61-годишниот М.А.О. од Република Турција.Според информациите, лицето кое го донело повредениот веднаш го напуштило местото со возилото. И покрај укажаната лекарска помош, околу 19:30 часот мажот починал, а лекарите констатирале смрт.По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.42.26

Москва остро на изјавите на Трамп: „Русија не е тигар од хартија, туку вистински мечка“

Вчерашните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп дека Украина може да ја врати целата територија под руска окупација предизвикаа силни реакции кај руските функционери и пропагандисти.Трамп, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, порача дека Киев со поддршка од ЕУ е во позиција да се бори и да ја врати целата земја.„Русија веќе три и пол години се бори бесцелно. Тоа ја прави да изгледа како тигар од хартија“, изјави Трамп.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли ваквите споредби, нагласувајќи дека изјавата е поттикната од разговорите на Трамп со Зеленски и „бизнис интереси“.„Русија никогаш не била тигар. Симболот на Русија отсекогаш е мечката. А нема такво нешто како мечка од хартија“, рече Песков.Поранешниот претседател Дмитриј Медведев, познат по провокативните изјави, оцени дека американскиот лидер „живее во алтернативна реалност“.„По средбата со кловновите од Киев и Париз, објави живописен пост. Во таа нова реалност, Украина победува, а Русија е распарчена. Но тој секогаш се враќа, и веројатно ќе ја повика Украина да потпише капитулација“, изјави Медведев.Рускиот пратеник Олег Матвеев изјавите на Трамп ги нарече „бесмислени“.„Тој е генератор на случајни фрази. Никогаш нема да каже нешто судбинско што навистина ќе промени нешто“, изјави тој.Леонид Слуцки, претседател на Комитетот за меѓународни прашања во Думата, оцени дека изјавите на Трамп се полни со контрадикторности и претставуваат „опасна заблуда“ во врска со наводниот економски пад на Русија и „бесмисленоста“ на војната.Државниот пропагандист Владимир Соловјов на својата телевизиска емисија го нападна Трамп, обвинувајќи дека Украина и европските сојузници го манипулираат американскиот претседател. Тој ги нарече реакциите на европските лидери „хистерични напади против Трамп“.Необично острите изјави од Москва, како што забележува „Kyiv Independent“, укажуваат на чувствителност кон зборовите на Трамп, иако досега руските функционери често внимаваа да избегнуваат јавни конфронтации.Оваа дипломатска размена следи откако напорите на Трамп за мировен процес пропаднаа, бидејќи Москва го одби прекинот на огнот и значајни преговори. Зеленски повтори дека е подготвен за средба со Путин само на неутрална територија, додека Кремљ инсистира на максималистички услови.

Свет | пред 4 месеци

media-librarymrgr1tmsma7p1E2xlMB

Шпанската министерка за одбрана жртва на ГПС-напад за време на летот кон Литванија

Воен авион во кој се наоѓала шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес бил цел на напад врз ГПС-системот за време на летот кон Литванија, објави „Блумберг“.Според информациите на агенцијата „Европа Прес“, нападот врз сигналот бил спречен благодарение на електронскиот одбранбен систем на леталото. Веста ја потврди и портпарол на шпанското Министерство за одбрана.Инцидентот се случил додека авионот летал над Балтичкото Море, во близина на руската ексклава Калининград.Министерката Роблес патувала во Литванија за да ги посети шпанските војници распоредени таму како дел од мисијата на НАТО.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-11.16.09

Украина со дупка од 13 милијарди евра во буџетот – Европа под притисок да помогне

Неделата на дипломатија во Њујорк, како што ја нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски, се одвива во полн ек на маргините на Генералното собрание на ОН. Една од клучните теми е буџетскиот дефицит на Украина за следната година, кој изнесува повеќе од 13 милијарди евра.„Подготвуваме нови долгорочни чекори за финансиската стабилност на Украина“, изјави Зеленски, додавајќи дека решение се бара во замрзнатиот имот на Запад, која би можела посилно да се искористи за одбрана и обнова на земјата.САД, кои досега беа најважен партнер, значително ја намалија финансиската поддршка, што ја става Европа под притисок да преземе поголем дел од товарот. Најголемиот дел од украинскиот буџет е наменет за одбраната, која дневно чини над 140 милиони евра. Истовремено, планиран е раст на социјалните расходи, особено во образованието и здравството.Министерот за финансии Сергеј Марченко објасни дека приоритет ќе имаат регионите блиску до фронтот.„Се работи за засолништа во училиштата, дури и во големите градови кои се под ризик. Тие мора да бидат опремени за да се овозможи настава и нормално функционирање на училиштата“, рече тој.Во парламентот имаше и критики. Пратеникот Дмитро Разумков оцени дека буџетот е „недоволно јасно пресметан“ и предупреди на последици веќе следната година. Финансискиот аналитичар Хлиб Вишлински, пак, го обвини за популизам и посочи дека трошоците за пензии и плати на наставници и медицинари веќе долго време се покриваат од западни партнери.Во Украина веќе преовладува ставот дека САД повеќе не се сигурен партнер, а евентуалната поддршка од администрацијата на Трамп се гледа само како бонус, на кој не треба да се смета.

Свет | пред 4 месеци

ukraina-kiev-1

Германскиот шеф на дипломатија: Европа мора да „порасне“ и посилно да ја поддржи Украина

Европа мора да преземе поголема одговорност и да ја зајакне својата поддршка за Украина, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, коментирајќи ја најновата изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дека Киев може да си ја врати целата окупирана територија.Во интервју за радиото „Дојчландфунк“, Вадефул рече дека Трамп сфатил оти неговите напори не го убедиле рускиот претседател Владимир Путин да го запре војувањето.„Европејците повеќепати рекоа дека мора да ‘пораснеме’ и да станеме посуверени. Затоа треба да видиме што можеме сами да постигнеме – а можеме многу повеќе. Не сите европски држави го исполнија ветеното кон Украина. Мора да разгледаме и нови финансиски и воени опции“, нагласи германскиот министер.Изјавата на Трамп ја оцени како добра за Европа и Украина, бидејќи претставува признание дека досегашните напори со Путин не дале резултат.Европски дипломати за „Ројтерс“ коментираа дека изјавите на Трамп може да се толкуваат како сигнал дека САД постепено се повлекуваат и дека прашањето Украина станува „европска обврска“.„Изгледа како да се опростува, но тоа може да се смени уште утре. Во секој случај, за нас е јасно – знаеме што треба да правиме“, изјавил еден западноевропски функционер.Иако САД остануваат најголемиот поединечен донатор за Украина, од враќањето на Трамп во Белата куќа Вашингтон инсистира Европа да преземе поголем дел од товарот во сопствената одбрана. Тоа веќе се гледа преку зголемените воени буџети на европските членки на НАТО и преку зајакнатата противвоздушна поддршка за Киев.Европската унија во меѓувреме разгледува план замрзнатата руска имовина да се искористи за дополнителна помош за Украина, како и воведување нови санкции кон Москва.

Свет | пред 4 месеци

brza-pomos-nokje-3

Обид за убиство во Охрид: 19-годишен охриѓанец со нож нападнал врсник во центарот на градот

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 19-годишниот И.А. од Охрид поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“.Според МВР, настанот се случил на 14 септември 2025 година, околу 05:10 часот, во продажен објект на улицата „Партизанска“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот. Пријавениот со нож го нападнал 20-годишниот Х.С. од Охрид.Напаѓачот веднаш бил лишен од слобода, а повредениот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му била укажана лекарска помош.

Охрид | пред 4 месеци

media-libraryc0r43vq16leubbyAzzU

Конзулката Фросина Ременски на средба со градот Венеција, советничка ја испофали јавно: „Се издвојува нејзината човечност!“

Советникот за образовни политики, услуги за граѓаните и персонал на Градот Венеција, Лаура Бесио, објави дека остварила средба со генералната конзулка на Македонија во Венеција, Фросина Ременски.„Со задоволство ја пречекав конзулката Фросина Ременски. Разговорот беше исполнет со многу теми, бидејќи таа има богато професионално искуство – била пратеничка, потпретседателка на Собранието и министерка за труд и социјална политика во Македонија. Но особено се издвојува нејзината човечност и чувствителност, карактеристики што ги носи од својата професија како професорка“, напиша Бесио.Таа нагласи дека ја цени силата, храброста и страста на Ременски како жена што одбрала пат во сфера каде што сè уште доминира машкиот глас. Средбата, како што додаде, била збогатена со интересни идеи и поттикната од заедничкиот пријател Љупчо Андоновски, кој бил присутен како преведувач.„Разговаравме и за убавото пријателство меѓу Италијанците и Македонците“, напиша Бесио.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања