Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-libraryt9k7g75ma3r51Gs9gdi

(Видео) Поплави во Кичево: Десетици домови поплавени, погодени околу 200 жители, прогласена кризна состојба

Десетици домови и возила се под вода во Кичево по обилните врнежи што предизвикаа излевање на Зајаска река, а улиците во повеќе делови од градот се целосно поплавени. Жителите се обидуваат да спасат дел од покуќнината, додека водата навлегува во нивните куќи.Најкритична е состојбата во населбата Подварош, каде граѓаните со сопствени пумпи, но и со помош на противпожарните екипи, ја испумпуваат водата од своите домови. Дел од улиците се непроодни, а оштетени се и паркирани возила.Со соопштение се огласи и Општина Кичево, информирајќи дека поради интензивните врнежи повторно настанале поплави во неурбанизираниот дел кај улицата „Прилепска“. Според првичните информации, погодени се околу 200 жители.Лицата на кои им е потребно привремено сместување ќе бидат згрижени во спортската сала во Иванидол. На терен интервенираат екипи на ЈКП „Комуналец“ – Кичево и Територијалната противпожарна единица, кои постапуваат согласно приоритетите и пријавите од граѓаните.Свикан е Кризен штаб кој ја следи состојбата и ги координира активностите за заштита и помош. Од Општината апелираат на смиреност, трпение и внимателност, нагласувајќи дека ќе бидат искористени сите расположливи ресурси за справување со последиците од невремето.До граѓаните се упатени и безбедносни препораки – да се избегнува движење низ поплавени улици и подрумски простории, како и да се исклучи електричната енергија во домовите доколку постои ризик од навлегување вода.

Настани | пред 1 месец

media-libraryet0n70lp8tbg11VDjXn

(Видео) Публиката ги пееше хитовите, Владо ги врати спомените

Пеејќи ги најголемите хитови на Владо Јаневски, публиката во спортскиот центар „Борис Трајковски“ синоќа создаде атмосфера исполнета со емоции, љубов и носталгија. Илјадници присутни во еден глас ги изведуваа безвременските песни кои со години се дел од колективната музичка меморија на македонската публика.Концертот помина во знакот на романтиката, со внимателно одбран репертоар што ги опфати најпознатите балади, но и побрзите композиции кои ја кренаа салата на нозе. Од првите акорди до последниот бис, публиката пееше, аплаудираше и со мобилни телефони ја осветлуваше салата, создавајќи интимна и топла атмосфера.Владо Јаневски уште еднаш ја потврди својата препознатлива сценска присутност и вокална сигурност, носејќи ја публиката низ повеќедецениска музичка приказна.

Магазин | пред 1 месец

media-librarytiegtek1qpd29PFCu0v

(Видео) 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите молчат 53 дена, вели Димитријевиќ

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска изнесе нови обвинувања за, како што рече, сомнителни јавни набавки, тврдејќи дека една фирма во период од две години добила 74 тендери во вкупна вредност од 17,6 милиони евра.Според Димитријевиќ, поминале 53 дена од објавувањето на претходните наводи од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ, а, како што истакна, „нема ниту една институционална реакција“. Тој обвини дека Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата и Финансиската полиција не постапиле по досегашните информации.„Нема пари за повисоки плати, се кратат субвенциите за земјоделците за 40 милиони евра, а зад грбот на народот едни исти фирми добиваат милионски тендери“, изјави Димитријевиќ, додавајќи дека, според нивните податоци, фирмата „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје за две години склучила 74 договори со институции.Тој наведе дека наглиот раст на склучени договори започнал во 2024 година и продолжил во 2025 година, при што само во текот на минатата година биле склучени 59 договори, најголем дел со општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.Дополнително, според него, вредноста на склучените договори во голем број случаи се поклопувала со проценетата вредност на тендерите, што, како што рече, претставува „основен индикатор за наместени јавни набавки“.Димитријевиќ во изјавата посочи и на други случаи за кои СДСМ претходно алармираше, наведувајќи дека една семејна фирма добила 161 тендер, друга 51, а сега трета фирма 74 договори. Тој ја обвини власта дека „си дели тендери како колачи“ и дека јавните средства се користат за, како што рече, партиски и бизнис интереси.Од СДСМ најавија дека Антикорупцискиот тим ќе продолжи со објавување на, како што велат, нови податоци и документи, додавајќи дека ќе бараат институционална одговорност.

Настани | пред 1 месец

media-library5487dfr48am82vA0KCS

„Ако Македонија сака квалитет, ќе мора знаењето да е критериум, а не партиската книшка“, алармира иселена професорка критикувајќи го новиот закон

Како Македонка која живее и работи во Финска, во рамки на University of the Arts Helsinki, Виолета Симјановска јавно реагира на предложениот Закон за високо образование, оценувајќи дека системот во Македонија има потреба од суштински промени, а не од засилена централизација.Симјановска, која во 2013 година докторирала на Културен менаџмент и културни политики, посочува дека нејзиниот обид професионалното искуство и меѓународните контакти да ги пренесе во Македонија завршил со разочарување. Наместо разговор за научни трудови, визија и компетенции, како што тврди, комуникацијата со тогашното раководство на Факултетот за драмски уметности се свела на прашања за партиска припадност и „врски“ во институциите.Нејзината реакција во целост:„Како Македонка која живее и работи во Финска, во високообразовна институција – University of the Arts Helsinki, чувствувам одговорност да придонесам во дебатата за новиот Закон за високо образование во Македонија.Прво, затоа што сакам да направам нешто добро за мојата земја. И второ, затоа што верувам дека одредени аномалии во системот мора храбро да се именуваат и коригираат. Мојата лична приказна е доказ дека нешто суштинско треба да се промени.Во 2013 година докторирав на Културен менаџмент и културни политики. Пред тоа имав долгогодишно професионално искуство во полето на изведувачките уметности. Природно, дојде момент кога почувствував дека моето знаење, искуство и меѓународни контакти треба да ги пренесам на помладите генерации во Македонија.Стапив во контакт со деканот на ФДУ, но од тој разговор излегов длабоко разочарана. Воопшто не се зборуваше за моите квалификации, научни трудови, визија, професионално искуство или меѓународни мрежи. Наместо тоа, разговорот се сведе на партиска книшка и на тоа дека треба да „фатам врски“ во Министерството за финансии. Тоа беше одлучувачкиот момент да си ја пробам среќата надвор од Македонија.На отворен меѓународен конкурс бев избрана и добив огромна професионална одговорност. Последните шест години сум лидер на целиот оддел за Arts Management на Sibelius Academy. Не поради партиска припадност. Не поради „врски“. Туку поради квалификации, визија и докажана експертиза.Овој личен пример не го споделувам од суета, туку како аргумент: ако системот во Македонија навистина сака квалитет, мора да создаде услови каде што знаењето и компетентноста се единствениот критериум.Во предложениот текст на законот, (170тина страни!!!) улогата на Владата и Министерството е доминантна , од одобрување на докторски студии, до рокови за уписи. Во европски контекст, вакви решенија се исклучок, не правило.Да го земеме повторно примерот на Финска.Tука, универзитетите се автономни правни субјекти. Државата поставува стратегиски цели и обезбедува финансирање преку договори за резултати, но не одлучува колку докторанти ќе се запишат, ниту кога ќе се отвори конкурс. Академската заедница самостојно управува со своите програми, вработувања и истражувачки приоритети. Тоа е модел заснован на доверба и одговорност, не на микроменаџмент со можност за влијание од политичките елити.Особено е значајно прашањето на интердисциплинарноста. Универзитети како Aalto University се создадени токму врз принципот на спојување на технологија, бизнис и уметност. Студент може да комбинира различни области, да премине од една во друга, да гради сопствен академски профил. Изборот на матура не е доживотна пресуда.Во Финска не постои „вонредно студирање“ во формата што ја знаеме кај нас. Постојат флексибилни патеки, но стандардите за квалитет се исти за сите.Ако зборуваме за квалитет и меѓународна конкурентност, мора да зборуваме и за импакт фактор. Доколку сакаме академската заедница во Македонија да објавува во списанија индексирани во бази како Web of Science, треба да сме реални: тоа е скап процес. Објавување на еден труд во списание со висок impact factor често чини околу 2.000 евра (понекогаш и повеќе). Без сериозно инвестирање во истражување, инфраструктура и меѓународна соработка, барањата за „импакт“ остануваат празна декларација.Дополнително, ако сакаме интернационална видливост, мора да си поставиме неколку прашања:Колку студиски програми во Македонија се на англиски јазик, во јавниот сектор?Дали е направена проценка на капацитетите на професорскиот кадар во однос на академски англиски?Како ќе привлечеме странски студенти ако наставата е претежно затворена во локален контекст?Сè ова, во комбинација со засилената централизација, остава впечаток на автократски пристап кон образованието, концентрирање на моќта во едно место, намалување на автономијата и зголемување на административната контрола.Ако сакаме модерно и европско високо образование, во Макдонија, потребен ни е закон што ќе ја зајакне автономијата, ќе го стави знаењето над политиката и ќе инвестира во истражувања и вистински квалитет.Во спротивно, ќе продолжиме да ги испраќаме најподготвените кадри надвор , и ќе се прашуваме зошто си заминуваат. А доминантионт дискурс ќе продолжи во насока на партиска послушност и припадност, далеку од европски те стандарди на високо образование.

Коментари | пред 1 месец

media-library92j5vdgjf3sccDWkSxD

Иран подготвен за компромис со САД, но бара укинување на санкциите

Иран е подготвен да разгледа компромиси за постигнување нов нуклеарен договор со Соединетите Американски Држави, но само доколку Вашингтон покаже реална подготвеност за разговори за укинување на санкциите, изјави заменик-министерот за надворешни работи Маџид Тахт-Раванчи во интервју за Би-Би-Си.Американските претставници, пак, во повеќе наврати нагласија дека застојот во долгогодишните преговори не е поради Соединетите Држави, туку поради позициите на Техеран. Државниот секретар Марко Рубио неодамна изјави дека претседателот Доналд Трамп преферира договор, но дека постигнувањето компромис со Иран е исклучително тешко.Во интервјуто од Техеран, Тахт-Раванчи порача дека токму Соединетите Држави треба да докажат дека се искрено заинтересирани за договор.„Ако се искрени, уверен сум дека сме на пат кон договор“, рече тој, нагласувајќи дека разговорите мора да вклучуваат и прашање за санкциите.Во фокусот на преговорите останува нуклеарната програма на Иран, особено прашањето за збогатувањето ураниум. Техеран како гест на подготвеност за компромис ја посочува понудата да го разреди ураниумот збогатен до 60 проценти – ниво блиску до она потребно за изработка на нуклеарно оружје, што дополнително ги засили сомнежите на Западот. Иран постојано негира дека развива нуклеарно оружје.Според Тахт-Раванчи, Иран е подготвен да разговара за обемот на збогатување и за други аспекти од програмата, но само доколку се отвори прашањето за санкциите. Тој не прецизираше дали станува збор за целосно или делумно укинување. Во однос на можноста високо збогатениот ураниум повторно да биде испорачан во трета земја, како што беше предвидено со договорот од 2015 година, оцени дека е прерано за такви конкретни заклучоци.Техеран останува цврст во ставот дека преговорите треба да бидат ограничени исклучиво на нуклеарното прашање, одбивајќи да разговара за програмата за балистички ракети, што е едно од клучните барања на Израел. Иран го смета барањето за целосно запирање на збогатувањето како „црвена линија“ и повреда на неговите права според Договорот за неширење на нуклеарно оружје.Во меѓувреме, реториката од Вашингтон дополнително ја усложнува атмосферата. Претседателот Трамп повторно се осврна на можноста за промена на режимот во Иран, додека Техеран предупредува дека евентуален воен напад би предизвикал регионален хаос. Иранските власти повеќепати нагласија дека американските воени бази во регионот би ги сметале за легитимни цели во случај на конфликт.Вториот круг разговори, кој треба да се одржи во Женева, се дочекува со внимателен оптимизам. Иако скептицизмот останува висок, од Техеран порачуваат дека ќе вложат напори за договор, но дека и американската страна мора да ја покаже својата искреност и подготвеност за реален компромис.

Свет | пред 1 месец

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

(Видео) Кој фали на обвинителна клупа за случајот „Пулс“, Давидовиќ: Главниот шериф не одговара

„Ако тврдите дека сите оние кои биле надлежни да ја контролираат дискотеката, а главниот шериф во градот кој е обвинител не одговара – нешто фали“. Со овие зборови адвокатот Sвонко Давидовиќ, кој застапува двајца обвинети во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“, ја отвори дилемата за тоа кој се најде на обвинителна клупа, а кој фали.На прашањето дали очекува дополнителни лица да се најдат на обвинителна клупа, Давидовиќ беше дециден: „Не. Затоа што досега ќе се најдеа“, мислејќи на обвинителите надлежни да гонат кривични дела во Кочани.Во разговорот се отвори и прашањето за пораката што институциите ја испраќаат до јавноста.„Испраќаме дека корупцијата е до тоа ниво дојдена што носи наши животи и дека само по страшен настан преземаме дејствија одреден период, па потоа забораваме. Контроли правиме само тогаш, наместо претходно да ги преземеме потребните мерки“, истакна Давидовиќ.На констатацијата дека со вакво обвинение можеби нема да има правда, адвокатот оцени дека „тажно е што правната квалификација не е во ред“, алудирајќи дека суштината на случајот можела да биде поинаку поставена.Во емисијата беше нагласено дека предметот опфаќа голем број докази и обвинети лица, но според Давидовиќ, начинот на кој е структурирано обвинението остава простор за сериозни правни дилеми во однос на одговорноста и конечниот исход на постапката.Во поткастот се зборува и ексклузивно за судијата Ѓоко Ристов и од каде му 350.000 евра во домот на родителите:

Студио | пред 1 месец

media-librarypcj7jiv5m2ph0naaS63

СДСМ: ВМРО-ОКГ ги злоупотребува жртвите од модуларната болница за црна кампања

СДСМ со остра реакција ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ги злоупотребува загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово за политичка пресметка и дефокус од, како што наведуваат, најголемиот нарко-скандал во државата.Од партијата тврдат дека власта нема одговор на прашањата како пет тони дрога ја преминале границата и кој ќе понесе одговорност, па наместо тоа, според нив, се пласираат „лажни вести, црни кампањи и јавен линч“.Во реакцијата се наведува дека ВМРО-ДПМНЕ прво го користела доктор Жан, претставник на здравствена установа, за, како што тврдат од СДСМ, „измислена афера“ со цел напад врз претседателот на партијата Венко Филипче.„Сега и 14-те загинати во несреќата во модуларната болница ги злоупотребуваат за своја црна кампања и дефокус од криминалот со дрогата од пет тони“, се наведува во реакцијата.Од СДСМ оценуваат дека е недозволиво трагедијата во која животот го загубија 14 лица да се користи за политички цели и апелираат на одговорност и почит кон семејствата на настраданите. „Шокантно е колку немаат срам и човечност, па си поигруваат со чувствата на семејствата“, стои во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

ustaven-sud

Уставниот суд отвора редовни средби со граѓаните по повод 62 години од основањето

По повод одбележувањето на 62 години од започнувањето со работа, Уставниот суд ги повикува граѓаните на редовни средби со претседателот на Судот, д-р Дарко Костадиновски. Институцијата првпат започна со работа на 15 февруари 1964 година, поставувајќи ги темелите на уставно-судската заштита во државата.Од Судот информираат дека средбите ќе се одржуваат секој прв четврток во месецот и ќе бидат отворени за сите заинтересирани граѓани. Целта е работата на Уставниот суд да се доближи до јавноста, да се подигне свеста за уставно загарантираните права и слободи, како и да се објасни постапката за правилно поднесување иницијативи и поднесоци до Судот.Според најавите, граѓаните ќе имаат можност одблизу да се запознаат со надлежностите на Уставниот суд, со постапките што ги спроведува, како и со значењето на неговите одлуки во системот на заштита на правата и слободите.Заинтересираните можат да се пријават по електронски пат на адресата gragani@ustavensud.mk, а дополнителни информации се достапни и на телефонскиот број +389 2 322 3626.Од Уставниот суд потенцираат дека иницијативата претставува можност за директен контакт со претседателот на институцијата и чекор кон поголема транспарентност и доверба во уставно-судската заштита.

Македонија | пред 1 месец

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Си-Ен-Ен: Рубио и се закани на Европа од Минхенската безбедносна конференција

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остра порака до Европа на Минхенската безбедносна конференција, повикувајќи ги долгогодишните сојузници на суштинска промена на вредносниот систем, со предупредување дека во спротивно ризикуваат да бидат оттурнати на маргините на новата геополитичка реалност. Иако говорот беше обвиен во пријателски тон и потсетување на заедничката историја, суштината на пораката беше недвосмислена – Вашингтон очекува реформа не само во одбранбените буџети, туку и во идеолошката и политичката ориентација на европските држави.Рубио нагласи дека Соединетите Американски Држави се „дете на Европа“ и дека нивните судбини се нераскинливо поврзани, изјава која беше поздравена со аплауз од присутните. Но зад реториката за заедништво се наѕираше пораката дека Соединетите Држави се подготвени за „обнова“, но исклучиво во согласност со сопствените вредности.Меѓу нив ги навел заштитата на христијанското наследство, построга гранична политика и напуштање на одредени климатски стратегии. Според Си-Ен-Ен, пораката кон европските либерални лидери била јасна – нивниот светоглед е доведен во прашање, а политичкиот притисок може да се засили.Пораката беше интерпретирана како директен предизвик за либералните европски влади, особено во контекст на засилените внатрешнополитички турбуленции и подемот на популистичките движења.Говорот на Рубио дојде во момент кога неколку европски лидери претходно ја нагласија потребата од автономна европска безбедносна политика. Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека културните конфликти од американската политичка сцена не се битки што Европа треба да ги води, додека францускиот претседател Емануел Макрон ја потенцираше важноста на територијалниот суверенитет и правото на државите самостојно да ги уредуваат прашањата поврзани со демократијата и дезинформациите.На конференцијата силен впечаток остави и обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој говореше за тешката состојба во својата земја и за цената што Украина ја плаќа во одбрана на својот суверенитет. Тој потсети дека енергетската инфраструктура е постојана цел на напади и дека, според украинските податоци, секој освоен километар од страна на Русија чини човечки животи. Зеленски укажа дека притисокот за отстапки премногу често се насочува кон жртвата, а не кон агресорот.Во исто време, Рубио само накратко се осврна на Украина, навестувајќи дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не е уверена дали Русија навистина е подготвена за траен мир. Таа изјава делумно се разликува од претходните ставови на Трамп, кој тврдеше дека постои волја за договор.Општата атмосфера во Минхен откри дека Европа се соочува со ограничени финансиски ресурси и внатрешни политички предизвици, што дополнително ја усложнува нејзината позиција во односите со Вашингтон. Иако се најавуваат зголемувања на трошоците за одбрана, конкретните резултати сè уште изостануваат.Перспективата за наредната година останува неизвесна. Во неколку европски држави се очекуваат изборни процеси, а и во Соединетите Американски Држави политичката динамика ќе продолжи да влијае врз надворешната политика. Во таков контекст, иднината на трансатлантските односи ќе зависи од тоа дали ќе преовладаат компромисот и соработката или ќе се продлабочат разликите во визиите за улогата и вредностите на Западот.

Свет | пред 1 месец

media-library5u34lbncjb2j9WVoZrC

Муцунски од Минхен: За 20 месеци склучивме клучни стратешки договори, геополитичката ера е променета, мора јасно да се позиционираме

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Минхенската безбедносна конференција изјави дека во изминатите дваесет месеци државата донела одлуки и склучила договори од исклучително значење за нејзиното стратешко позиционирање, оценувајќи дека надворешната политика веќе дава конкретни резултати за граѓаните и економијата.Муцунски посочи дека меѓу клучните исчекори е Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија, нагласувајќи дека државата била прва во регионот што склучила ваков договор. Потоа следело новото стратешко партнерство со Обединетото Кралство, како и завршувањето на постмониторингот од Советот на Европа.Како четврти значаен документ, министерот ја издвои Заедничката изјава за реципрочна трговија со Соединетите Американски Држави, која, според него, обезбедува јасен пат кон договор за реципрочна трговија. Тој појасни дека изјавата предвидува задржување на тарифата од 15 проценти, што е пониска во споредба со голем број држави, но и отвора можност за намалување на тарифите до нула проценти за одредени гранки и производи значајни за извозот кон САД.Според Муцунски, целта е создавање подобри услови за домашната деловна заедница, како и продлабочување на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави во областа на енергетиката и дигиталната трансформација.Министерот оцени дека надворешнополитичката траекторија на државата е јасна и дека во релативно краток период се направени конкретни исчекори во повеќе клучни области. Тој нагласи дека овие чекори носат директни придобивки за граѓаните, стопанството и за целокупната позиција на државата на меѓународната сцена.Осврнувајќи се на пораките од Минхенската безбедносна конференција, Муцунски истакна дека од европските и американските претставници доаѓа јасен сигнал дека Европа треба да се врати кон своите основни вредности, не само во безбедносен, туку и во поширок цивилизациски контекст. Според него, неопходно е зајакнување на безбедносната архитектура, но и преиспитување на одредени политики што придонеле за намалување на економската моќ на континентот.Тој додаде дека Соединетите Американски Држави испраќаат порака за партнерство и заедничка соработка во рамки на трансатлантските односи, што е значајно од аспект на колективната безбедност и иднината на НАТО како алијанса. Муцунски заклучи дека геополитичката ера на која светот беше навикнат во изминатите децении е променета и дека државата мора јасно да се позиционира во согласност со новите глобални трендови.

Македонија | пред 1 месец

04042020_Sekerinska_Cestitka_1

СДСМ го осуди однесувањето на Вучиќ кон Шекеринска: Тоа е пример за шовинистички политички речник

СДСМ го осуди однесувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кон Радмила Шекеринска, заменик-генерален секретар на НАТО, на маргините на Минхенската безбедносна конференција 2026 година, оценувајќи дека станува збор за навредлив и понижувачки настап.Од партијата наведуваат дека Вучиќ, во својата изјава, ја споменал Шекеринска на начин што, според СДСМ, го потенцирал нејзиниот пол со понижувачка конотација, поврзувајќи ја со прашања за сецесија и со Косово. Во реакцијата се посочува дека ваквиот пристап претставува навреда наместо аргументирана политичка расправа.СДСМ оценува дека ваквиот речник е дел од политички стил што, како што наведуваат, се темели на дискредитација и лични напади. Според нив, ваквиот однос кон жени на високи функции придонесува за негативна политичка клима и ја поткопува родовата рамноправност.Партијата изразува целосна поддршка за Радмила Шекеринска, истакнувајќи дека таа нема поврзаност со обвинувањата за сецесионизам и дека нејзиниот ангажман во НАТО, според СДСМ, е доказ за нејзината професионалност и меѓународен кредибилитет.Во реакцијата се наведува дека СДСМ останува посветен на политиките за родова еднаквост и на унапредување на улогата на жените во јавниот и политичкиот живот. Партијата нагласува дека нападите врз жени во политиката не смеат да се нормализираат и дека јавната дебата мора да се води со аргументи, а не со лични квалификации.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT

Кој дозволил одгледување марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони?, прашува СДСМ

СДСМ обвини дека власта молчи за, како што го нарекува, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, прашувајќи како пет тони дрога ја поминале македонската граница и кој ќе понесе одговорност. Од партијата посочуваат дека изминале 15 дена без конкретни одговори од институциите.Во реакцијата се наведува дека премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и други функционери, не дале објаснување за случајот, туку, според СДСМ, се впуштиле во медиумска кампања со тврдења за наводно запленети 100 тони нелегално произведена марихуана.СДСМ оценува дека доколку навистина станува збор за таква количина, тоа би значело дека институциите целосно потфрлиле. Според нив, за производство на 100 тони марихуана е потребна површина од над 30 хектари, што го споредуваат со повеќе од 40 фудбалски стадиони. Оттука прашуваат кој дозволил толкава површина да се користи за одгледување и зошто не биле извршени теренски контроли.Од опозициската партија посочуваат дека Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство и надлежните инспекциски служби, според нив, две години не презеле соодветни мерки. Дополнително, се поставуваат прашања за улогата на безбедносните служби и за тоа како толкава количина дрога била транспортирана, складирана и пакувана без да биде забележана.СДСМ прашува и како пет тони дрога ја поминале границата покрај, како што наведуваат, илјадници камери од системот „Сејф сити“, скенери и контроли од полицијата и царината.Од партијата порачуваат дека нема да дозволат случајот да биде заташкан и најавуваат дека ќе продолжат да бараат одговорност, оценувајќи дека одговорноста, како што велат, се наоѓа во врвот на власта.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спинови, СДС да одговори за релацијата со фирмата од која се запленети 30 тони марихуана

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека наместо, како што наведува, „спин и манипулација“, Венко Филипче и СДС треба да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата „ЦБД Медплант“, од која, според партијата, потекнувале околу 30 тони од вкупно 40 тони запленета марихуана.Во соопштението се посочува фотографија на која, според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче е во друштво на Тони Котев, сопственик на фирмата поврзана со случајот. Од партијата тврдат дека јавноста заслужува објаснување за оваа релација, како и за, како што наведуваат, наводните партиски врски на основачите на компанијата.ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев дека во 2020 година иницирале легализација на марихуаната, а по неуспехот, според нив, се пристапило кон масовно издавање лиценци за медицински канабис. Во тој контекст, како што тврдат, струмичкиот регион станал „жариште“ на производство.Партијата се повикува и на измените на Правилникот за одгледување канабис од 2023 година, со кои била овозможена можноста за одгледување на отворено, оценувајќи дека таквата одредба е во колизија со законските решенија и со стандардите за добра производствена пракса. Според нив, доколку производот не ги исполнува тие стандарди, тој не може да се користи како легален медицински производ.ВМРО-ДПМНЕ прашува каде завршувала марихуаната која, како што наведуваат, не можела да се пласира како легален медицински производ и дали во случајот станува збор за лични или партиски интереси. Партијата го повика Јавното обвинителство, како што наведува, итно и темелно да ја испита целосната релација меѓу Заев, Филипче и фирмата „ЦБД Медплант“, како и сите околности поврзани со запленетите 30 тони марихуана, истакнувајќи дека јавноста има право на целосна транспарентност и еднаквост пред законот.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја изработил спецификацијата за модуларните без електро-елаборат

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче ја изработил техничката спецификација за модуларните болници без соодветен елаборат за електрична енергија и без целосно почитување на безбедносните стандарди, оценувајќи дека со тоа била загрозена безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал.Партијата се повикува на, како што наведува, сведоштва на поранешната обвинителка Лејла Кадриу, за кои тврди дека „ја отвораат вистината“ за модуларната болница во Тетово, каде во пожар загинаа 14 лица. Според ВМРО-ДПМНЕ, наводите укажуваат на низа пропусти во процесот на изградба, а причинско-последичната врска со трагедијата, како што тврдат, води кон „лошо инсталирана електрична енергија“.Во соопштението се отвора и прашањето за финансирањето. ВМРО-ДПМНЕ наведува дека проектот бил финансиран со средства обезбедени преку Светска банка и посочува на тврдење дека модуларните болници чинеле околу 300.000 евра, додека за таа намена биле обезбедени 30 милиони евра. „Каде завршиле останатите пари?“, прашуваат од партијата, додавајќи дека јавноста заслужува одговори за расходувањето на средствата.ВМРО-ДПМНЕ поставува и низа прашања поврзани со документацијата и контролата, меѓу кои и зошто е составена техничката спецификација без електро-елаборат, зошто не биле почитувани безбедносните стандарди и што би покажало градежно вештачење доколку тогаш било извршено, по барање на обвинителката Кадриу.Од партијата бараат темелна истрага и целосно расчистување на сомнежите поврзани со случајот, нагласувајќи дека мора да има одговорност за пропустите што доведоа до трагедијата со 14 жртви. „Законите мора подеднакво да важат за сите. Време е правдата да излезе од фиока“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 месец

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

Опозицијата обвинува: Намалени субвенции, зголемени сомнежи за тендери

СДСМ обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски им одзела 40 милиони евра на земјоделците, намалувајќи ги субвенциите од 140 на 100 милиони евра. Според партијата, станува збор за директен удар врз илјадници земјоделски семејства кои егзистираат од производството на храна и го одржуваат домашното стопанство.Од СДСМ оценуваат дека во услови на зголемени производствени трошоци, високи цени на нафтата, ѓубривата и механизацијата, кратењето на субвенциите претставува сериозен товар за земјоделците. Тие наведуваат дека наместо поддршка за секторот, Владата, како што велат, ги намалува средствата токму таму каде што последиците ќе бидат најсилно почувствувани.„40 милиони евра помалку за земјоделците значат 40 милиони евра повеќе за милионски тендери за фирми блиски до власта“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека јавните набавки се спроведуваат нетранспарентно и со однапред договорени услови.Опозициската партија ја спомена и суспензијата на ИПАРД програмата, тврдејќи дека европските средства биле загрозени поради неправилности, за што ја обвинува актуелната власт.Според СДСМ, приоритет на Владата не се земјоделците и работниците, туку тендерите и распределбата на јавните средства. Оттаму порачуваат дека ќе продолжат со критиките и ќе бараат одговорност за, како што велат, штетните политики во земјоделството.

Македонија | пред 1 месец

media-library2obemuhrg4chd17kUsf

Вучиќ: „Од Шекеринска можат да се слушнат многу работи што немаат многу смисол“

„Од Шекеринска можат да се слушнат многу работи што немаат многу смисол“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ од Минхенската безбедносна конференција, критикувајќи ја заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со нејзината изјава дека Хрватска и Албанија се сигурни партнери на НАТО и дека нивната воена соработка има цел да придонесе за стабилноста во регионот, оцени дека таа, како и многу други, „не сака да ја вметне во својата гледна точка она што е вистина и очигледно“. Според него, тоа се видело и кога таа зборувала за сецесионизмот и Република Српска, пренесе РТС.Тој нагласи дека доколку Шекеринска се задржела само на повикот за политички дијалог меѓу земјите од Западен Балкан, немал што да додаде. „За жал, Радмила Шекеринска зборуваше и за други работи што навистина немаат многу смисол“, изјави Вучиќ, додавајќи дека, според него, таа сакала да ја критикува Република Српска кога изразила загриженост за сецесионистички изјави и одлуки во регионот.„Ова ни го кажуваат луѓе кои доведоа до сецесија, барем според нив, на дел од територијата на Србија – помеѓу 13 и 14 проценти“, рече Вучиќ, алудирајќи на прашањето за Косово. Тој порача дека оние кои зборуваат за регионот треба да покажат повеќе почит кон Србите и да внимаваат на изјавите.Вучиќ во своето обраќање се осврна и на изјави поврзани со настаните во Бањска и на страдањето на вработени во РТС, наведувајќи дека постои селективен пристап во толкувањето на настаните.Воедно, тој ја коментираше и изјавата на министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, во врска со наводен воен сојуз меѓу Србија и Унгарија. „Немаме воен сојуз со никого. Ние сме воено неутрална земја. Имаме воено-техничка соработка со повеќе од сто земји во светот, понекогаш поинтензивна, понекогаш помалку интензивна“, изјави српскиот претседател.Тој додаде дека Србија добила и документ од Соединетите Американски Држави поврзан со Одборот за мир, кој, како што рече, ќе биде разгледан во наредниот период.

Свет | пред 1 месец

04042020_Sekerinska_Cestitka_1

Шекеринска: НАТО не учествува во иницијативата за можен воен сојуз меѓу Тирана, Приштина и Загреб

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, изјави дека Хрватска и Албанија се сигурни и посветени сојузници на Алијансата, кои активно придонесуваат за зачувување на регионалната стабилност, додавајќи дека НАТО не е вклучен во разговорите за евентуален воен сојуз меѓу Тирана, Приштина и Загреб.Во интервју за агенцијата „Бета“, Шекеринска нагласи дека членството во НАТО не претставува пречка земјите сојузнички да склучуваат дополнителни одбранбени договори со трети страни.„Она што генерално го гледаме е дека глобалната геополитичка состојба има влијание и врз регионот. Забележливо е зголемување на бројот на воени вежби и инвестиции во одбраната и безбедноста. Но, секогаш ги охрабруваме сојузниците и партнерите да се вклучат во политички дијалог и во решавање на отворените прашања во регионот. Нашето присуство на Западен Балкан има цел да го поддржи токму тој процес“, изјави таа.Според Шекеринска, Албанија и Хрватска не се само сигурни членки на Алијансата, туку и значајни чинители во одржувањето на мирот. Таа посочи дека двете држави учествуваат во мисијата КФОР, но и дека генерално се насочени кон поддршка на стабилизациската агенда во регионот.Изјавите доаѓаат во контекст на реакциите од Србија, откако претседателот Александар Вучиќ во неколку наврати оцени дека евентуалното здружување на силите меѓу Албанија, Хрватска и Приштина претставува директна закана за неговата земја. Тој јавно праша зошто двете држави, како членки на НАТО, имаат потреба од дополнителен воен договор, нагласувајќи дека вклучувањето на Приштина се толкува како порака кон Србија. Вучиќ изјави и дека Србија е подготвена да се спротивстави на секој потенцијален агресор.

Свет | пред 1 месец

rute1

Подготвеноста на Путин да жртвува војници е лудо однесување, бидејќи Русија не победува, вели шефот на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека „диктаторот во Москва“ е подготвен да дозволи загинување на голем број свои сограѓани во војната против Украина, оценувајќи дека таквиот пристап мора сериозно да се сфати.„Тие не победуваат. Остваруваат многу мали придвижувања во Доњецк и на други места, толку мали што се речиси без значење“, изјави Руте, осврнувајќи се на актуелната состојба на фронтот.Според него, подготвеноста на рускиот претседател Владимир Путин да ги жртвува сопствените војници претставува сериозен сигнал. „Тоа е лудо однесување на секое ниво“, нагласи генералниот секретар на Алијансата.Руте порача дека меѓународната заедница, а особено земјите членки на НАТО, мора да обезбедат континуирана и засилена поддршка за Украина. „Она што треба да го направиме овде, во оваа сала, е да обезбедиме тие луѓе, кои се истрајни, кои се бранат и кои никогаш нема да се откажат, да ја добијат офанзивната опрема што им е потребна“, истакна тој.Изјавата на Руте доаѓа во момент кога војната во Украина продолжува со висок интензитет, а западните сојузници разгледуваат нови пакети помош и дополнителна воена поддршка за Киев.

Свет | пред 1 месец

media-libraryg8tf4rvi3utldkAVnRX

Зеленски: САД премногу бара отстапки од Украина, а премалку од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Соединетите Американски Држави премногу често бараат отстапки од Украина, а не од Русија, но нагласи дека и понатаму се надева оти продолжението на мировните преговори ќе биде сериозно и суштинско. По минатонеделната средба на руски и украински воени претставници во Абу Даби, разговорите меѓу Украина, Русија и САД следната недела се селат во Женева.Според изјавите на сите страни, усогласени се речиси 90 проценти од договорот, но најсложените прашања сè уште остануваат отворени, меѓу нив територијалниот статус и нуклеарната централа „Запорожје“.„Искрено се надеваме дека трилатералните состаноци следната недела ќе бидат сериозни и содржински и дека ќе ни помогнат. Но, искрено, понекогаш имам чувство дека страните зборуваат за сосема различни работи“, изјави Зеленски на Безбедносната конференција во Минхен.Тој додаде дека чувствува одреден притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, кој го повикал да не ја пропушти можноста за постигнување мир во блиска иднина.„Американците често се враќаат на прашањето за отстапки и премногу често тие се разгледуваат само во контекст на Украина, а не на Русија“, истакна Зеленски.Сепак, украинскиот претседател изрази надеж дека САД ќе останат активно вклучени во процесот, како и дека Европа, која во последниот период е маргинализирана, ќе добие позначајна улога во разговорите.Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно изјави дека САД ќе продолжат да работат на постигнување мировен договор за Украина, но дека останува отворено прашањето дали Русија навистина е подготвена да го заврши конфликтот. „Не знаеме дали Русите се сериозни во однос на крајот на војната. Ќе продолжиме да го тестираме тоа“, рече Рубио во Минхен.Тој нагласи дека во меѓувреме Вашингтон продолжува да врши притисок врз Москва преку нафтени санкции и преку поддршка на Украина со испораки на оружје преку НАТО, со цел да се зајакне позицијата на Киев во преговарачкиот процес.

Свет | пред 1 месец

media-library6pgjnjf7i9843kq2MSq

Мицкоски од Минхен: Европа и Америка мора да останат партнери во решавањето на глобалните предизвици

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, од Минхен информираше за активностите во рамките на вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција, каде што остварил повеќе средби и присуствувал на обраќања посветени на глобалните безбедносни и економски предизвици.Денот, како што посочи, започнал со средба со Тед Дојч, претседател на Американско-еврејскиот комитет, на која биле разгледани актуелните безбедносни прашања и потребата од зачувување на мирот како врвен политички приоритет. Мицкоски истакна дека мирот мора да остане основна цел кон која политичарите треба постојано да се стремат.Потоа присуствувал на обраќањето на американскиот државен секретар Марко Рубио, кое го оцени како инспиративно и значајно во контекст на глобалните односи. Според Мицкоски, во фокусот на говорот биле светските безбедносни предизвици, како и, како што нагласил Рубио, нераскинливата врска меѓу Европа и Америка. Посебно била потенцирана потребата од продолжување на партнерството и соработката, не само во рамките на НАТО-алијансата, туку и во поширокиот контекст на справување со безбедносните и економските предизвици.На маргините на конференцијата, Мицкоски остварил билатерална средба со холандскиот премиер. Во разговорите, како што наведе, биле отворени три клучни теми за Македонија. Првата се однесувала на заедничката конституенца со Холандија во рамките на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд. Втората тема била насочена кон холандските инвестиции во земјава и можностите за соработка со мултинационалната компанија „Филипс“, особено во здравствениот сектор. Третата тема се однесувала на евроинтегративниот процес на Македонија и напредокот кон членство во Европската Унија.Мицкоски најави дека во текот на денот ќе следуваат дополнителни средби, меѓу кои и разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како и со амбасадорот Ричард Гренел и претставник на финансиската групација „Голдман Сакс“. Тој порача дека активностите во Минхен ќе донесат позитивни вести и нови можности за македонските граѓани и за државата.

Македонија | пред 1 месец

navalni

Европски земји тврдат: Алексеј Навални бил отруен со токсин од отровни еквадорски жаби

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални починал во затвор како последица на труење со смртоносен токсин кој се наоѓа во отровни еквадорски жаби, тврдат пет европски држави, оценувајќи дека станува збор за „варварски чин“ со употреба на супстанција класифицирана како хемиско оружје.Според нив, неуротоксинот епибатидин можел да биде употребен единствено од режимот на рускиот претседател Владимир Путин. Навални почина на 16 февруари 2024 година, на 47-годишна возраст, во казнена колонија во Сибир. Начинот на кој, наводно, бил внесен отровот во неговиот организам засега не е јавно прецизиран, пренесува „Скај њуз“.Епибатидин е исклучително силен неуротоксин кој се наоѓа во одредени видови отровни жаби во Еквадор и, според достапните податоци, е околу 200 пати посилен од морфиум. Се наведува дека домородни племиња во Јужна Америка го користеле при лов, нанесувајќи го на стрели или дувачки цевки.Резултатите од истрагата ги објави Јулија Навална, вдовицата на рускиот дисидент, на прес-конференција на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Покрај неа стоеја министрите за надворешни работи на Обединетото Кралство, Германија, Шведска и Холандија. Во истрагата учествувала и Франција, а земјите најавија дека своите наоди ќе ги достават до Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ).„Тешко ми е да ги најдам вистинските зборови“, изјави Навална, видно потресена. Таа потсети дека и на 16 февруари 2024 година била во Минхен кога ја добила веста за смртта на сопругот. „Реков дека мојот сопруг е отруен. Што друго можеше да му се случи на непријателот број еден на Путин во руски затвор? Сега знам дека тоа не се само зборови, туку научно потврдени факти“, истакна таа.Руските власти претходно соопштија дека смртта на Навални не била сомнителна и дека починал поради „комбинирани болести“, вклучително и нарушување на срцевиот ритам.Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер изјави дека Обединетото Кралство и сојузниците работеле „со немилосрдна решителност“ за да го утврдат вистинскиот причинител на смртта. Според достапните информации, научници од британската лабораторија во Портон Даун имале клучна улога во идентификацијата на токсичната супстанција.„Потврдивме дека во телото на Алексеј Навални е пронајден смртоносен токсин кој се наоѓа во отровни еквадорски жаби. Само руската влада имала средства, мотив и можност да го употреби овој отров против него во затвор“, изјави Купер.Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул го опиша епибатидинот како „особено силен нервен отров“, нагласувајќи дека жртвите „се гушат во агонија“. Шведската министерка Марија Малмер Стенергард оцени дека утврдувањето на вистинската причина за смртта е клучно за да може Русија да биде повикана на одговорност.„Со овие информации ќе се обратиме до ОПЦВ. Ова е уште еден начин да се зголеми притисокот врз Русија“, изјави таа.Кремљ засега не се огласи по повод овие наводи. Владата на Путин и претходно беше обвинувана дека во 2020 година се обидела да го убие Навални со нервниот агенс „новичок“, истата супстанција која, според западните земји, била употребена во 2018 година во Солсбери при труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.Навални тогаш го преживеа труењето и се лекуваше во Германија, по што се врати во Русија, каде беше уапсен и осуден. Погребан е во март 2024 година во предградие на Москва.

Свет | пред 1 месец

media-libraryq9j0cecrc21a3AyG0cJ

Зајкова на Св. Трифун: Ад-хок мерки и намалени субвенции наместо стабилна политика за лозарите

На денот кога лозарите го одбележуваат Св. Трифун – симболот на македонското лозарство и винарство – пратеничката Моника Зајкова оцени дека наместо јасна стратегија, секторот се соочува со задоцнети и нетранспарентни мерки.Таа го повика министерот за земјоделство да одговори дали станува збор за рекордна цена за грозјето или, како што рече, за задоцнета реакција на проблем кој постои веќе втора година.„Винскиот сектор носи околу 20 проценти од бруто земјоделското производство и претставува еден од клучните извозни адути на државата. Одлуката за финансиска поддршка од 10 денари по килограм за веќе откупено винско грозје од сортите Вранец и Кратошија од реколта 2025 отвора сериозни дилеми“, изјави Зајкова.Според неа, мерката е донесена без објавена економска анализа, без проценка на пазарните ефекти и без јасни критериуми кои субјекти ќе ја користат поддршката и во колкав износ, согласно официјалните податоци со кои располага Државниот инспекторат за земјоделство.Таа укажа и на, како што наведе, намалена поддршка по хектар, истакнувајќи дека лозари кои претходно добивале по 52.000 денари по хектар, сега добиваат 42.000 денари. Во исто време, винариите се соочуваат со вишок на грозје од црните сорти, додека Министерството, според Зајкова, најпрво соопштува за рекордна цена, а потоа носи мерка за субвенционирање на откупот од речиси 50 проценти.„Како пратеничка доставив писмено пратеничко прашање до министерот за земјоделство со кое барам прецизни одговори: врз основа на каква економска, производствена и пазарна анализа е донесена подмерката за финансиска поддршка од 10 денари по килограм и кои се очекуваните краткорочни и долгорочни ефекти од нејзината примена врз лозарите, винариите и пазарот на вино?“, изјави Зајкова од Демир Капија, по повод закројувањето на лозје за Св. Трифун.Таа праша и како е утврдена висината на поддршката од 10 денари по килограм, имајќи ги предвид загарантираните откупни цени за реколта 2025, како и дали е направена проценка за можни пазарни нарушувања или поттикнување дисбаланс во производството на одредени сорти грозје.„Мора да постојат фер правила и предвидлива политика. Државата не смее да интервенира по завршена берба без јасни бројки и без транспарентност. Ако оваа мерка е оправдана – да ги видиме анализите. Св. Трифун е ден кога му оддаваме почит на трудот. Време е Владата да покаже почит со дела, а не со ад-хок одлуки“, додаде Зајкова.Таа порача дека лозарите заслужуваат стабилен пазар, винариите јасна стратегија и предвидливост, а јавноста целосна транспарентност за користењето на јавните средства.

Македонија | пред 1 месец

media-librarya4gs1ooqtessaIo13HP

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, поддршката се зголемува за вистинските земјоделци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски од Кавадарци ги отфрли како неточни обвинувањата на опозицијата дека Владата ги намалила субвенциите за 40 милиони евра, оценувајќи дека станува збор за, како што рече, лаги и манипулации со цел создавање дневнополитичка тема.„Изминативе денови слушаме обвинувања дека има сериозно кратење на субвенциите. Апсолутно ги отфрлам ваквите тврдења како неточни. Станува збор за лаги и манипулации со кои опозицијата се обидува да создаде тема на дневна политика“, изјави Трипуновски.Тој посочи дека политичката структура која денес ја критикува Владата имала седум години можност да покаже резултати во земјоделството, но наместо напредок, оставила, како што нагласи, сериозна штета и назадување во секторот.Според министерот, Владата спроведува реформи со цел средствата да стигнат до оние што реално произведуваат и живеат од земјоделството. Новина во Програмата за 2026 година, како што истакна, е појасната и потранспарентна распределба на средствата.„Приоритет ќе имаат вистинските земјоделци, тие што егзистираат од земјоделството. Во изминатите години беа евидентирани т.н. ловци на субвенции, кои не обработуваат земјоделска површина, а аплицираат за финансиска поддршка“, рече Трипуновски.Тој најави засилени контроли во текот на оваа година, со цел државните средства да завршуваат кај земјоделците кои реално придонесуваат за економијата и развојот на руралните средини.Во новата Програма е предвидена и минимална површина од 0,5 хектари како услов за остварување право на финансиска поддршка.„Нашата цел е дополнително да го зголемиме земјоделското производство, особено на винските сорти грозје, од кои се произведува квалитетно македонско вино кое ќе се пласира надвор од нашите граници. Тоа претставува значаен девизен прилив за националната економија“, појасни министерот.Трипуновски порача дека Владата останува посветена на стабилна и континуирана поддршка на земјоделството, со фокус на продуктивноста и конкурентноста на домашните производи на меѓународните пазари.

Македонија | пред 1 месец

media-library8sej2hgakl10dU3Qbjg

Зеленски го спомена стомакот на Виктор, унгарскиот премиер возврати: Затоа не можете да станете членка на Европската Унија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан јавно му возврати на украинскиот претседател Володимир Зеленски по неговите изјави поврзани со европската перспектива на Украина и безбедносната политика во Европа.Во објава на социјалната мрежа Икс, Орбан му се обрати директно на Зеленски, заблагодарувајќи му, како што наведе, за „уште еден предизборен говор“ во поддршка на пристапувањето на Украина во Европската Унија. Орбан порача дека Зеленски погрешно ја разбира суштината на дебатата, нагласувајќи дека таа не е лична, туку се однесува на иднината на Унгарија, Украина и Европа.„Оваа дебата не е за мене и не е за тебе. Станува збор за иднината на Унгарија, Украина и Европа. Токму затоа не можете да станете членка на Европската Унија“, напиша Орбан.Неговата реакција следува по изјава на Зеленски дадена на меѓународен безбедносен форум, каде индиректно го прозва унгарскиот премиер. Во цитат што го пренесоа повеќе профили на социјалните мрежи, Зеленски рече дека „и еден ‘Виктор’ може да размислува како да го зголеми својот стомак, а не како да ја зголеми својата војска за да ги запре руските тенкови од повторно враќање на улиците на Будимпешта“.Размената на остри пораки доаѓа во чувствителен момент, кога Украина интензивно лобира за отворање на преговорите за членство во ЕУ, додека Унгарија останува една од земјите членки што често изразува резерви кон брзото проширување и кон одредени европски политики во однос на Киев.Односите меѓу Будимпешта и Киев и претходно беа обременети со несогласувања околу правата на унгарското малцинство во Украина, санкциите кон Русија и воената поддршка за украинската армија.Останува да се види дали оваа нова дипломатска размена ќе има конкретни последици врз позицијата на Унгарија во рамки на европските одлуки за Украина, особено во пресрет на наредните состаноци на лидерите на ЕУ.

Свет | пред 1 месец

policija-policaec-35

За еден ден приведени 15 возачи: без дозвола, под забрана и под дејство на алкохол

Петнаесет возачи биле лишени од слобода во текот на вчерашниот ден на целата територија на државата, поради управување моторни возила без возачка дозвола, со изречена активна забрана или под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од приведените, четворица се во Гостивар, двајца во Тетово и по еден во Велес, Кичево и Битола, кои управувале возила без положен возачки испит. Во Битола, малолетник кој претходно со возило удрил во пешак, останал без возилото кое му било одземено. Во Гостивар, пак, одземен е мопед од малолетник кој со него удрил во полициски службеник додека извршувал службени дејствија. Патничките возила им биле одземени и на останатите возачи кои биле фатени без возачка дозвола.Во Гостивар и Кавадарци биле приведени по еден возач кои управувале возило и покрај тоа што имале изречена мерка забрана за управување моторно возило од категоријата Б. И од нив се одземени возилата.Дополнително, по еден возач во Македонска Каменица, во гевгелискиот регион, во Струмица и во Македонски Брод управувале возила под дејство на алкохол. Возачите во гевгелиско и во Македонски Брод претходно предизвикале сообраќајни незгоди со материјална штета.Сите лица се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања