Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски: Путин не живее како обичните луѓе и не е подготвен за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина прави сè што е во нејзина моќ за да го запре војувањето, но оцени дека рускиот претседател Владимир Путин нема интерес за крај на конфликтот.Говорејќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски го опиша Путин како лидер одвоен од секојдневието на обичните граѓани.„Тој не живее како обичните луѓе. Не шета по улици, нема да го видите во кафуле. Неговите внуци не одат во обични градинки – обичните работи не го интересираат“, рече Зеленски, поставувајќи го прашањето: „Можете ли да го замислите Путин без војна? Бидете искрени.“Во обраќањето, Зеленски испрати и порака до НАТО, истакнувајќи дека Европа има потреба од Украина и дека украинската армија е „најсилна во Европа“. Според него, не е мудро Украина да се држи надвор од Алијансата.„Но, нека тоа биде ваша одлука, а не одлука на Путин“, порача тој, додавајќи дека Украина го поддржува НАТО и сака тој да биде посилен.Украинскиот претседател нагласи дека на Украина и на Европа им се потребни „силни безбедносни гаранции“ и дека постојат „силни договори подготвени“ за потпишување со Соединетите Американски Држави и со европските партнери. Според него, договорот за безбедносни гаранции треба да претходи на каков било договор за завршување на војувањето.„Тие гаранции одговараат на главното прашање – дека повеќе нема да има војна. Се надеваме дека претседателот Трамп нè слуша. Се надеваме дека нè слуша и Конгресот“, изјави Зеленски, додавајќи дека е благодарен за „сета вистинска помош“ што ѝ е дадена на Украина.

Свет | пред 1 месец

apasiev

Апасиев најави кривична пријава против Цвета Ристовска по нејзината оставка од ДКСК

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, најави дека неговата партија ќе поднесе кривична пријава против Цвета Ристовска, која вчера поднесе оставка од Државната комисија за спречување на корупцијата.Во објава на социјалните мрежи, Апасиев наведе дека оставката не значи крај на постапките што ги најавува Левица. Тој тврди дека правниот тим на партијата подготвува кривична пријава за, како што посочува, „лажирање на податоците од Анкетниот лист“, односно за прикривање фирми поврзани со нејзините синови, што според него претставува кривично дело согласно Кривичниот законик.Апасиев истакна дека, доколку Левица не ги објавела, како што ги нарекува, „серијата скандали“ поврзани со Ристовска, таа и понатаму ќе ја извршувала функцијата во Комисијата. Тој додаде дека е штета што, како што наведува, не се реализирала интерпелацијата што била подготвена и доставена во Собранието.Во својата изјава, лидерот на Левица оцени дека партијата станала „снајперист за корумпираните“, наведувајќи дека сè повеќе свиркачи и лица од институциите им доставуваат информации за наводна корупција. Апасиев ги повика граѓаните кои располагаат со докази против корумпирани функционери да ги достават до Левица, гарантирајќи дискреција и најавувајќи дека партијата ќе покрене правни процеси против сите инволвирани, без разлика на нивната партиска припадност.

Македонија | пред 1 месец

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

СДСМ: Огласот на ВМРО-ДПМНЕ е повик за „нови криминалци“ на локално ниво

СДСМ остро реагираше на огласот на ВМРО-ДПМНЕ за генерален реизбор на претседатели на 76 општински комитети, обвинувајќи ја партијата дека, како што наведуваат, „ја комплетира структурата за нова локална поставеност како организирана криминална група“.Во партиската реакција, ВМРО-ДПМНЕ се нарекува „ВМРО-ОКГ“, а се тврди дека огласот претставува повик за, како што наведуваат од СДСМ, „нови криминалци на локално ниво“. Според опозициската партија, двајцата секретари на премиерот Христијан Мицкоски подготвиле оглас за избор на раководства во 76 општински комитети, кои, според нивните обвинувања, би требало да работат на „криминални тендери“, „соработка со службите“ и „покривање на теренот за дистрибуција на опијати“.СДСМ во соопштението наведува дека сите позиции на централно ниво, според нив, веќе се распределени, посочувајќи дека Мицкоски ги укинал потпретседателските функции и поставил секретари, за кои тврдат дека се задолжени за тендери и за соработка со безбедносните структури.Во реакцијата се споменува и поранешниот премиер Никола Груевски, за кого СДСМ наведува дека се подготвува терен за негово враќање од Унгарија, оценувајќи дека станува збор за „главниот и единствен газда“ на, како што ја нарекуваат, „ВМРО-ОКГ“.

Македонија | пред 1 месец

media-library4h7e3npg346e7LCZh0l

Закани со пиштол и физички напад пред објект во Ѓорче Петров

Триесет и едногодишен жител на село Сарај пријавил дека бил физички нападнат и му било заканувано со пиштол пред сместувачки објект на подрачјето на општина Ѓорче Петров во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 14 февруари во 01:30 часот во СВР Скопје, О.А.(31) пријавил дека претходната вечер, околу 23:20 часот, додека бил со својата девојка, две лица му се доближиле. По краток контакт, едно од лицата физички го нападнало, а потоа му се заканило и со пиштол.Полицијата презема мерки за идентификација на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

tepacka

Тепачки и напади во Инциденти во Центар, Аеродром, Чаир и Трубарево: серија пријави во еден ден

Во текот на 12 и ноќта на 13 февруари во Скопје биле пријавени повеќе случаи на физички напади, закани и нарушување на јавниот ред и мир, информира Министерството за внатрешни работи.Дваесет и шестгодишниот М.А. од село Трсино, виничко, пријавил дека околу пладне на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Во друг случај, 64-годишната Т.М. од Скопје пријавила дека во објект на подрачјето на општина Аеродром, лицето А.А. агресивно се однесувало кон неа и ѝ упатило закани. И за овој настан се преземаат мерки.Дваесет и петгодишната М.Н.Ц., со престој во село Долно Лисиче, пријавила дека по претходно недоразбирање во сообраќајот на подрачјето на Аеродром била физички нападната од 52-годишната Л.Л. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Во Чаир, пак, на 12 февруари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу А.С. (35) и 14-годишен малолетник од една страна и М.И. (50) од друга страна. По документирањето, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Дваесетгодишната М.С. од Скопје пријавила дека во автобус на ЈСП, по претходно недоразбирање, била физички нападната од С.А., лице кое го познавала.Во доцните вечерни часови, 38-годишниот Д.С. пријавил дека во селото Трубарево бил физички нападнат од две лица. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.Надлежните институции најавуваат дека по комплетирање на доказите ќе следуваат соодветни пријави против инволвираните лица.

Скопје | пред 1 месец

pari

Пари дадени „на рака“ за заеднички бизнис, проектот никогаш не реализиран - кавадарчанка измамена за 180.000 денари

Дваесет и осумгодишна жителка на Кавадарци пријавила во Одделението за внатрешни работи Кавадарци дека била измамена за износ од 180.000 денари.Според пријавеното, женско лице од Кавадарци ѝ предложило да започнат сопствен бизнис, по што оштетената лично ѝ ги предала парите „на рака“. Договорената деловна активност, како што навела во пријавата, не била реализирана, ниту пак средствата ѝ биле вратени.Надлежните институции преземаат мерки и активности за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности поврзани со случајот.

Македонија | пред 1 месец

media-library41d15smmt0m2a9nN10C

Со остар предмет се заканувал и кршел прозорец: прилепчанец доби кривична

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против М.Е. (36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.Според информациите, на 5 јануари 2026 година во Прилеп, пријавениот со остар предмет упатувал закани кон С.С., при што фрлал разни предмети и оштетил прозорец од семејниот дом.По целосно документирање на настанот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-library4vb1d8bp8kub5P4uyV3

Малолетник без возачка прегази пешак во Битола – 42-годишник со тешки повреди

Седумнаесетгодишник од Битола е лишен од слобода откако со патничко возило „даеву тико“ удрил во 42-годишен пешак на улицата „Козјак“ во Битола, при што пешакот се здобил со тешки телесни повреди.Како што информира Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 13 февруари 2026 година во 18:35 часот во Секторот за внатрешни работи Битола. Возилото со битолски регистарски ознаки го управувал 17-годишник од Битола, кој удрил во пешакот Е.К. (42), исто така од Битола.Повредениот бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола, а по дополнителни проверки било утврдено дека малолетникот управувал со возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило. По насоки од јавен обвинител, тој е лишен од слобода, а возилото е одземено.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Пари во патна исправа – 31-годишник осомничен за давање поткуп

На 13 февруари 2026 година во 13:50 часот на улицата „Маршал Тито“ во Македонски Брод, полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле од слобода З.Х. (31) од Република Албанија, поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, при редовна сообраќајна контрола било запрено товарно возило „ман“ со албански национални ознаки. При проверката на документацијата, во патната исправа што ја дал на увид, осомничениот имал ставено пари.За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryb5iluq1rci361cXTIf9

Филипче: Со кражба на европски пари го суспендираа ИПАРД, сега владата удри по домашното земјоделство

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод празникот на лозарите Свети Трифун изјави дека власта, како што рече, системски го уништува земјоделството и врши директен удар врз земјоделците.Филипче оцени дека суспензијата на ИПАРД програмата е последица на, како што наведе, злоупотреба на европски средства, а потоа следувало и дополнително намалување на средствата за домашни субвенции.„Овој сектор во мало го отсликува пристапот на оваа власт во целата држава – кражба, грабеж и незаинтересираност за луѓето. Откако ги фатија од Европа како крадат европски пари и ја суспендираа ИПАРД програмата, сега ја намалуваат и Програмата за субвенции во земјоделството, од 140 на 100 милиони евра. Тоа е намалување за една третина кај сите сектори – сточарство, лозарство, поледелство и овоштарство“, изјави Филипче.Според него, со ваквата одлука земјоделците ќе останат без доволна државна поддршка, за разлика од, како што посочи, периодот кога СДСМ била на власт.Тој додаде дека, покрај кратењето на средствата, се воведуваат и построги услови за пристап до субвенциите, што, како што оцени, најмногу ќе ги погоди малите производители.„Се зголемува прагот на земјиште што треба да се обработува за да се добијат субвенции – од 0,2 на 0,5 хектари. Тоа значи дека земјоделците со два или три декари земја повеќе нема да можат да аплицираат согласно измените во правилникот“, нагласи Филипче.Со ваквите политики, според него, најмалите и најранливите земјоделци директно се исклучуваат од системот на државна поддршка.„Жалам, но оваа власт не се грижи за граѓаните, за државата, а особено не за земјоделството“, изјави Филипче од Моклиште, Кавадарци.

Македонија | пред 1 месец

elena-ujp

УЈП потсетува: Пријавете го доходот од странство, без разлика дали данокот е платен

Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните кои во текот на 2025 година оствариле доход од работа во странство дека се приближува законскиот рок за поднесување електронска пресметка и доставување соодветни докази за остварениот доход.Физичките лица, даночни резиденти на Република Северна Македонија, кои во текот на календарската 2025 година оствариле доход од работа во странство, се должни преку системот е-Даночни услуги да поднесат електронска пресметка за доход остварен од странство. Обврската постои без разлика дали данокот во странската држава е платен или не е платен.Даночните обврзници имаат должност да го пријават остварениот доход и заедно со пресметката да достават соодветни докази – потврда од исплатувачот, извод од банка, договор за извршени услуги, платни листи, потврди за исплатен доход и други релевантни документи со кои се потврдува видот, износот и периодот на приходот, како и евентуално платениот данок во странство.Пресметката за доходите остварени во текот на 2025 година треба да се поднесе најдоцна до 31 март 2026 година.Од Управата информираат дека во рамки на редовната меѓународна даночна соработка и размена на информации се поднесени 203 барања до странски даночни органи за проверка на документацијата доставена од граѓани кои во 2020 година преку американски компании остварувале доход од работа во Авганистан и Ирак.Овие активности, како што наведуваат од УЈП, се дел од механизмите за проверка на веродостојноста на податоците и обезбедување точност и транспарентност во даночниот систем. Навременото исполнување на обврските овозможува правилно утврдување на даночната обврска и избегнување дополнителни постапки и санкции.

Македонија | пред 1 месец

media-library10rh3ijr5hi83TLtPSG

Четири ленти, нови тротоари и заштитно зеленило – стартува проектот за „Македонско-косовска бригада“

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави почеток на реализацијата на основниот проект за изградба на булеварот „Македонско-косовска бригада“, на делницата од раскрсницата со улицата „Џон Кенеди“ до раскрсницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, во должина од 1,4 километри.Според него, станува збор за значајна сообраќајна артерија што ќе ја подобри поврзаноста и проточноста во овој дел од градот. Проектот предвидува четири коловозни ленти, по две во секоја насока, средишно зеленило, велосипедски патеки во двете насоки, како и нови тротоари со ширина од по два метри.Во рамки на изградбата е планирано и поставување заштитно зеленило од двете страни на булеварот, како и проширување на просторот кај автобуските стојалишта, со цел подобрување на јавниот превоз и зголемување на безбедноста на патниците.„Скопјани заслужуваат современа, безбедна и функционална инфраструктура. Секоја инвестиција треба да значи подобар квалитет на живот, поголема безбедност и почиста урбана средина“, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека со овој проект се создава нов, позелен и поорганизиран урбан простор.Тој најави дека со подобрувањето на временските услови напролет ќе започне поинтензивна реализација на инфраструктурни проекти низ градот, со цел, како што посочи, рамномерен развој во сите општини.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryjrdvm76dpg894skEoh6

Филипче на Свети Трифун: Помалку пари, пониска цена, власта ги остави лозарите без поддршка

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод празникот на лозарите им посака успешна година и богат род, но оцени дека земјоделците нема да добијат соодветна поддршка од Владата во текот на оваа сезона.Според Филипче, намалувањето на средствата за субвенции е директен удар врз земјоделскиот сектор. Тој посочи дека по суспензијата на ИПАРД програмата, Владата ја намалила и националната Програма за субвенции во земјоделството од 140 на 100 милиони евра, што, како што рече, претставува намалување за една третина и значи помалку средства за лозарството, сточарството, поледелството и овоштарството.Филипче предупреди и на измените во правилникот со кои се зголемува минималниот праг на обработлива површина за добивање субвенции од 0,2 на 0,5 хектари. Според него, тоа ќе ги исклучи малите производители со два или три декари земја, кои повеќе нема да можат да аплицираат за државна поддршка.Тој ја критикуваше и откупната политика за грозјето, наведувајќи дека цената е намалена за неколку денари по килограм, а предложениот закон за зголемување на откупната цена не бил прифатен во Собранието.Дополнително, според Филипче, средните винарии имаат обврска да продадат 30 проценти од грозјето на една или две најголеми винарии за да можат да ги добијат средствата од субвенциите, што, како што рече, оди во прилог на крупните компании, а на штета на лозарите и помалите производители.Тој посочи дека слична состојба има и кај тутунарите, каде субвенцијата за прва класа тутун е намалена од 100 на 80 денари. Потсети дека во време на Владата предводена од СДСМ субвенцијата достигнала 100 денари со целосно субвенционирана зелена нафта, додека сегашната власт, како што рече, ветувала 160 денари.„Жалам, но оваа власт не се грижи за граѓаните и за државата, особено не за земјоделскиот сектор“, изјави Филипче.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Ја удирал и ја стегал за врат: Бегство на семафор во Скопје спасило бремена жена од понатамошно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по пријава за семејно насилство извршено врз неговата 32-годишна вонбрачна партнерка, која била во вториот месец од бременоста.Според Обвинителството, насилството се случило во домот на улицата „Рајко Жинзифов“ во Скопје, каде по расправија осомничениот започнал физички да ја напаѓа жената, удирајќи ја со тупаници и шлаканици по главата и телото. На оштетената ѝ биле нанесени гребаници, отоци и хематоми.Додека жртвата викала и барала помош со намера да ја слушнат соседите и да повикаат полиција, осомничениот, според наводите, станувал сè поагресивен и продолжувал да ја удира, а во еден момент ја притиснал со раце за врат со цел да ја замолчи.За да се спаси и да излезе од домот, жената го убедила осомничениот да заминат на гинеколошки преглед и да направат ехо на бременоста. Додека се движеле со автомобил и возилото застанало на семафорите на булеварот „Св. Климент Охридски“, таа успеала да избега и да влезе во блиско кафуле, каде побарала помош. Со позајмен мобилен телефон веднаш ја известила полицијата.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост, кои вклучуваат обврска осомничениот повремено да се јавува кај надлежен орган, привремено одземање на патна исправа, како и забрана за приближување и воспоставување контакт со оштетената.

Скопје | пред 1 месец

media-librarygqu3hc55nav58cEHQGv

Конзулката Фросина Ременски се пофали со средба во Италија и интеграција на Македонците кај нив

Македонската заедница во Пиеве ди Солиго е препознаена како пример за успешна интеграција и активен придонес во економскиот и општествениот живот на локалната средина. Ова било истакнато на средба меѓу конзулката на Македонија во Венеција, Фросина Ременски, и градоначалникот на Пиеве ди Солиго, Стефано Солдан, заедно со претставници на општинската администрација и локалните институции.На состанокот, одржан во мозаичната сала на градското собрание, присуствувале и советници, претставници на Карабинерите, локалната полиција, цивилната заштита, универзитетот за трето доба и повеќе здруженија. Целта на средбата била да се искаже благодарност и поддршка за македонските државјани кои живеат и работат во оваа општина и околните места.Градоначалникот Стефано Солдан ја оценил македонската заедница како „цврста и жива“, нагласувајќи дека македонските граѓани се важна и незаменлива референтна точка во економскиот живот на општината. Според него, тие се препознаени по својата посветеност, труд, солидарност и културна активност.Во разговорите било истакнато значењето на верските заедници и здруженијата во зачувувањето на националниот идентитет, како и важноста од интеграција без губење на корените. Била нагласена и улогата на втората генерација Македонци, кои преку културни и фолклорни активности активно го промовираат македонското наследство во Италија.

Свет | пред 1 месец

DSC_0718

Акција во Кавадарци и Велес: Приведени три лица

Полициски службеници од ОВР Кавадарци на 13 февруари 2026 година ги лишиле од слобода 44-годишната Е.Д. и 40-годишниот А.К., двајцата од Кавадарци, откако при преглед кај нив, кај Е.Д. била пронајдена и одземена марихуана.Подоцна, по наредба од Основниот суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на А.К., при што биле пронајдени и одземени жолта грутчеста материја, епрувета со жолта материја, дигитална вага, како и црна грутчеста материја.Истиот ден, во 15:50 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода 32-годишниот Н.Ц. од Велес, откако кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, каде што биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага и пари.Лицата се приведени во полициска станица, за настаните е известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Детали од обвинителот за убиството на жената во Челопек: постојат сомневања дека можниот убиец правел и други дела изминатиот период

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде беше пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена, за која постојат сомненија дека насилно била лишена од живот.Од Обвинителството информираат дека се издадени повеќе наредби за обезбедување докази и траги од местото на настанот, кои ќе бидат предмет на дополнителни вештачења со цел целосно расчистување на случајот.Во врска со настанот, едно лице е лишено од слобода под сомнение дека е сторител на кривичното дело убиство. Постојат индиции дека истото лице во претходниот период можеби било инволвирано и во други кривични дела на подрачјето на кумановско, поради што, по наредба на јавен обвинител, се преземаат интензивни дејствија за утврдување на сите околности и евентуалната поврзаност меѓу настаните.Од Обвинителството посочуваат дека по целосно испитување на фактите и прибирање на сите релевантни докази ќе биде поведена соодветна постапка против осомниченото лице.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydrtel043orci7T9dSp4

Тинејџерка се бори за живот по страотната несреќа на трамвајот во Сараево

Седумнаесетгодишната Ела Јовановиќ се бори за живот откако во тешка сообраќајна несреќа во Сараево ѝ беше ампутирана ногата, додека 23-годишната студентка на Академијата за ликовни уметности Ердоган Моранкиќ го загуби животот на лице место.Ела е хоспитализирана на интензивна нега, под постојана реанимација и терапија. Директорот на Општата болница „Абдулах Накаш“, Исмет Гавранкапетановиќ, изјави дека нејзината здравствена состојба останува исклучително сериозна.Несреќата се случи кога трамвај, под сè уште неразјаснети околности, со голема брзина од правец на Железничката станица, на раскрсницата во близина на Националниот музеј на Босна и Херцеговина, удри во граѓани кои чекале на постојката. Загинатата Моранкиќ и повредената Јовановиќ во моментот на несреќата чекале трамвај.Меѓу повредените има уште тројца граѓани, кои по укажаната лекарска помош се испратени на домашно лекување.Возачот на трамвајот е уапсен и се сомничи за сторено кривично дело тешки кривични дела против безбедноста на јавниот превоз, во врска со кривичното дело загрозување на јавниот превоз. Во тек се истражни дејствија и вештачења со цел да се утврди точната причина за трагедијата.Несреќата предизвика силни реакции во јавноста. Студенти и ученици се собраа пред Националниот музеј, барајќи правда за загинатата и повредените. За утре е најавен нов протест на истата локација, додека кантоналната влада го прогласи 14 февруари за Ден на жалост во целиот кантон.

Свет | пред 1 месец

media-library95j9q5h2cddfaKq4jWp

„Одвојувањето од Кина носи кон судир“, им порача кинески министер на САД

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Минхенската безбедносна конференција предупреди дека „рефлексната реакција“ на САД да се дистанцираат од Кина е штетна и дека, и покрај одредени позитивни сигнали од Белата куќа, постојат влијателни кругови во Вашингтон кои го поткопуваат билатералниот однос.Апелирајќи до американската администрација да води „позитивна и прагматична“ политика кон Пекинг, Ванг истакна дека најдобриот исход за двете страни е соработка, а не конфронтација. Според него, во САД има структури кои „прават сè за да ја нападнат и оцрнат Кина“, но постојат две можни насоки за иднината на односите.„Соединетите Американски Држави можат разумно и објективно да ја разберат Кина и да водат позитивна и прагматична политика кон неа“, рече Ванг. Како втора перспектива, тој го посочи обидот за раздвојување на економиите, прекинување на синџирите на снабдување и конфронтација со Кина „на емоционален и рефлексен начин“.Тој предупреди дека обидите да се „одвои Тајван од Кина“ и да се преминат кинеските црвени линии може да ги турнат Пекинг и Вашингтон во директен судир.„Кина сака да се оствари првата перспектива, а верувам дека и вие го делите тој став, но Кина е подготвена да се справи со сите видови ризици“, порача тој.Ванг Ји вчера се сретна со американскиот државен секретар Марко Рубио, а средбата од американска страна беше оценета како „позитивна и конструктивна“. Разговарале и за планираната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Пекинг во април. По година на тензии околу трговската и царинската политика, двете сили се обидуваат да ги стабилизираат односите, а Пекинг, според Ванг, е охрабрен од изјавите на Белата куќа кои покажуваат „почит кон претседателот Си Џинпинг и кон кинескиот народ“.Во исто време, САД и европските држави сè поотворено изразуваат загриженост поради растечката зависност од Кина во делот на суровините и клучните компоненти за индустриските синџири на снабдување, што доведе до повици за намалување на таа зависност.Осврнувајќи се на војната во Украина, Ванг оцени дека Европа не смее да остане „гледач“ во процесот на преговори. „Војната се одвива на европско тло и Европа има право да учествува во преговарачкиот процес кога ќе дојде време. Европа не треба да биде на менито, туку да има место на масата“, истакна тој.Следната рунда разговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон за дипломатско решение на конфликтот е закажана за вторник и среда во Женева, соопшти Кремљ. Ванг Ји повика на „сеопфатен и траен мировен договор, прифатлив и обврзувачки за сите страни“.

Свет | пред 1 месец

media-libraryr2t9s19rgq9o6PdGBou

Николоски од Неготино: Субвенциите се исплатени, очекуваме уште повисоки откупни цени

По повод празникот Св. Трифун, кој традиционално се смета за најзначаен ден за лозарите и винарите од Тиквешкиот Регион, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од Неготино упати честитки до земјоделците, посакувајќи им успешна производствена година, добар род и стабилни, повисоки откупни цени.Николоски истакна дека Владата ја завршила својата обврска кон земјоделците, нагласувајќи дека субвенциите се целосно исплатени за сите производители. Според него, тоа претставува дополнителен поттик за новата сезона и охрабрување за оние што макотрпно работат на домашното производство.„Се надевам дека ова ќе биде мотив за уште поуспешна година, со квалитетен род и мотивирани земјоделци. Ќе продолжиме да ги поддржуваме и да го стимулираме земјоделието. Цените што може да се видат оваа година се навистина добри, а се надевам дека следната сезона ќе бидат уште повисоки, затоа што трудот мора да се цени и мора да го стимулираме домашното производство“, изјави Николоски.Тој посочи дека особено охрабрува фактот што македонските компании стануваат сѐ поконкурентни на меѓународниот пазар. Како пример ја наведе својата неодамнешна посета на Париз, каде, според него, македонските винарии се претставиле рамноправно со најдобрите европски производители.„Беше вистинска гордост да се види како нашите винарии стојат рамо до рамо со најдобрите во Европа“, рече Николоски.Воедно најави дека Владата ќе продолжи со поддршка и во делот на инфраструктурата, оценувајќи дека таа е клучна за подобра поврзаност и економски развој. Посочи дека се поддржува амбициозната агенда на локалната самоуправа, со очекување бројни започнати проекти да бидат завршени, а паралелно да започнат и нови со почетокот на градежната сезона.Посетата на Неготино беше во знак на поддршка за лозарите и винарите од Тиквешијата, со порака дека државата ќе продолжи да стои зад домашното производство и развојот на регионот.

Македонија | пред 1 месец

media-library3qa0n9s47k7o4DXxzqA

Таткото на Ана: „Ни покажавте дека не сме сами – борбата штотуку почнува“

Таткото на осумгодишната Ана упати јавна благодарност до сите граѓани, пријатели, роднини, колеги и институции кои дадоа поддршка во хуманитарната акција за лекување на неговата ќерка, откако кампањата официјално беше затворена со собрани 3,1 милиони денари за само шест часа.Во обраќањето, тој и неговата сопруга Ивана Карановска Јованчев изразуваат бескрајна благодарност до блиските и подалечните роднини, другари, наставнички, инфлуенсери, медиуми.Посебна благодарност упатуваат до кошаркарскиот клуб „Вардар“ и Бране Андриевски за иницијативата, до доктор Ивана Клишеска Илчевска, како и до доктор Ненад Лазаров и фондацијата „Ecrowd“, преку која средствата беа собрани за рекордно кратко време. Семејството им се заблагодари и на Паскалов и тимот педијатри, како и на доктор Ана Тримоска-Радевска, за стручните и навремени реакции.„Со ова ни испративте порака дека не сме сами и дека во оваа борба имаме неверојатна поддршка. Ние сме на самиот почеток и пред нас претстои долг и непредвидлив пат. Веруваме и се молиме Ана да издржи и да победи“, се наведува во пораката на родителите.Претходно, доктор Ненад Лазаров објави дека кампањата за лекување на Ана е успешно завршена, со целосно обезбедени средства за хируршката интервенција и третманот во странство. Девојчето има дијагностициран редок и агресивен тумор на синусите со зафатена орбита, а дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде што се бара специјализиран хирург за сложената операција.Масовниот одѕив на јавноста за неколку часа покажа силна солидарност и сплотеност кога е во прашање животот на дете, а поддршката за Ана и нејзиното семејство, како што најавуваат блиските, ќе продолжи и во наредниот период.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydtb5lmdv6kfj5GCo6Bg

ВМРО-ДПМНЕ: Кадриу сведочи дека била суспендирана за да не заврши „пола Влада во затвор“

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, била суспендирана поради истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, при што, како што тврди, „пола Влада ќе завршела во затвор“.Манасиевски посочи дека пред поставувањето на модуларните болници бил изменет Законот за градење по итна постапка, со што овие објекти биле третирани како урбана опрема, а одобрението за нивно поставување го издавало Министерството за здравство. Според него, со ваквите измени биле заобиколени построги стандарди за градба.Тој обвини дека наместо панели со камена волна, биле користени панели со пур-пена, како и дека немало соодветен елаборат за електрична инсталација и разводна табла, што, според неговите тврдења, довело до експлозијата и пожарот во кој животот го загубија 14 лица.Манасиевски наведе и дека според изјавите на Кадриу, од предвидените 30 милиони евра за модуларните болници, за конкретниот објект биле потрошени околу 300.000 евра, поставувајќи прашање каде завршиле останатите средства.Дополнително, тој тврдеше дека модуларната болница била поставена над резервоар на бензинска пумпа, што, како што рече, можело да предизвика уште поголема трагедија.Според Манасиевски, суспензијата на обвинителката следела откако таа побарала градежно вештачење. Тој ја обвини тогашната власт за притисоци врз обвинители и судии, оценувајќи дека случајот отвора сериозни прашања за одговорноста и функционирањето на институциите во тој период.

Македонија | пред 1 месец

media-librarya2b5lov0u842aB9yWYR

Нова тура апсења: Запленети дрога, оружје и 191 куршум

Во полициска акција спроведена на 13 февруари 2026 година во угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода четири лица, поради сомнение за поседување дрога и нелегално оружје.Приведени се А.Р. (23), З.А. (22) и Н.С. (24), сите од Гостивар. При извршен преглед, кај А.Р. биле пронајдени осум пакувања со бела прашкаста материја, додека кај З.А. било пронајдено едно пакување со бела прашкаста материја.Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Р., при што биле пронајдени и одземени пиштол „берета“ калибар 22 мм, пушка карабин „застава“ калибар 8,57 мм, една рамка и вкупно 191 куршум од различен калибар, за кои лицето не поседувало соодветна дозвола.По целосно документирање на случајот, против приведените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhkp5knaee49a2HZXQ6O

Британскиот премие: Русија направи стратешка грешка, но забрзано се пренаоружува

Британскиот премиер Кир Стармер на Безбедносната конференција во Минхен оцени дека Русија направила стратешка грешка со започнувањето на војната во Украина, конфликт кој, според неговите зборови, однел повеќе од еден милион жртви. Тој истовремено предупреди дека Москва, и покрај исцрпувачката војна, забрзано ги обновува и зајакнува своите воени капацитети.Повиквајќи се на проценки на НАТО, Стармер нагласи дека постои предупредување оти Русија до крајот на деценијата би можела да биде подготвена да употреби воена сила против Алијансата. Сепак, подвлече дека Западот не бара судир.„Нашата цел е траен мир, враќање на стратешката стабилност и владеење на правото“, порача тој.Според британскиот премиер, Русија покажала јасен „апетит за агресија“, нанесувајќи тешки страдања на Украина, но нејзините закани не се ограничуваат само на бојното поле. Тој предупреди на хибридни активности ширум Европа – од дезинформациски кампањи што создаваат поделби, до сајбер напади и саботажи кои го нарушуваат секојдневниот живот и ја продлабочуваат кризата со трошоците за живот. Москва, според него, соработува и со популистички актери кои ги поткопуваат европските вредности.Стармер најави конкретни чекори од страна на Обединетото Кралство. Оваа година Лондон ќе испрати ударна група носач на авиони во Северниот Атлантик и на далечниот север, предводена од носачот HMS Prince of Wales. Операцијата ќе се спроведува во соработка со Соединетите Американски Држави, Канада и други сојузници од НАТО. Потегот го нарече „силен показател за посветеноста на евроатлантската безбедност“. Дополнително, најави продлабочување на нуклеарната соработка со Франција, потсетувајќи дека Велика Британија со децении ги става своите способности за одвраќање во служба на заштитата на сите членки на Алијансата.Говорејќи за европската одбрана, Стармер ја опиша Европа како „заспан џин“ со огромен потенцијал, истакнувајќи дека европските економии се десетпати посилни од руската. Но предупреди дека тој потенцијал често останува неискористен поради фрагментирано индустриско планирање и набавки. Како илустрација наведе дека Европа располага со повеќе типови борбени авиони, фрегати и дури десет различни модели главни борбени тенкови, додека Соединетите Американски Држави користат само еден модел.Заклучокот на британскиот премиер беше дека Европа мора поефикасно да ги координира своите капацитети и инвестиции, доколку сака целосно да ја искористи сопствената сила и да обезбеди долгорочна стабилност на континентот.

Свет | пред 1 месец

media-libraryiv0f8pu2p1j30R1vjQq

Во Италија: Албанец отишол да изврши грабеж, загинал на ограда поставена поради диви свињи

Четириесет и шестгодишен маж од албанско потекло починал синоќа околу 22 часот за време на обид за провала во вила во околината на Арецо, во централна Италија.Според информациите објавени од италијанските медиуми, инцидентот се случил додека тој, заедно со уште две лица кои сѐ уште се во бегство, се обидувал да избега од имотот. Неговото тело било пронајдено во лозје во близина на куќата. Увид на местото извршиле надлежните обвинители и припадници на карабинерите, повикани од сопственикот на имотот.До инцидентот дошло откако се активирал алармот на објектот. Шурата на сопственикот на една од куќите, пензиониран адвокат, испукал предупредувачки истрел во воздух со цел да ги оттурне провалниците.Во обидот за бегство, починатиот се заплеткал во зашилена и електрифицирана заштитна ограда, поставена претходно за одбрана од диви животни. Во тој регион често има проблеми со диви свињи и волци. Иако успеал да направи уште неколку чекори, набргу паднал, додека неговите соучесници го напуштиле местото и побегнале.Наредена е обдукција која треба да утврди дали смртта настапила поради пукање на бедрената артерија или како последица на други повреди здобиени при падот. Карабинерите и утрово, и покрај обилните врнежи од дожд, се вратиле на местото на настанот за дополнителни истражни дејствија.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања