Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-library6p4qn465t5g6dGLmshp

(ВО ЖИВО) Претрес на Ивона Талевска

Новинарката Ивона Талевска ќе биде гостинка во емисијата „Претрес“, каде во долга и отворена форма ќе се разговара за нејзината професионална кариера, медиумската сцена во Македонија и клучните настани што со години предизвикуваат силни јавни реакции и контроверзии.Во фокусот на разговорот ќе бидат периодот на прислушуваните разговори („бомбите“) и нивното влијание врз нејзе, Латас и политиката.Талевска ќе зборува и за заминувањето од телевизијата „Сител“, кое самата го опиша како напуштање на „токсична атмосфера“, како и за односите меѓу медиумите и политичките центри на моќ во тој период. Дел од разговорот ќе биде посветен и на нејзините јавни настапи, перцепцијата за нејзината блискост со актуелната власт, како и на критиките дека често настапува со позиции што се доживуваат како одбрана на владините политики.Како претседателка на Македонската асоцијација на новинари (МАН), Талевска ќе одговара и на прашања поврзани со улогата на здружението, реакциите за состојбата со медиумските слободи и обвинувањата за селективен пристап во заштитата на новинарите.Во емисијата ќе се отворат и теми за нејзините професионални контакти со поранешни високи политички функционери како Груевски и Мијалков, медиумската одговорност во време на длабоки политички кризи.Разговорот ќе има и лична димензија, со осврт на новинарскиот пат и влијанието на нејзиниот татко, новинарот Труфин Талевски, како и пораките што таа ги упатува до младите новинари денес.Следете во живо:

Студио | пред 3 месеци

media-library6djppjqu1g046lzlSwv

Од забава за добредојде со државни пари до тивка оставка: Како замина Љупчо Коцевски од Обвинителството

Љупчо Коцевски ја заврши функцијата државен јавен обвинител без проштална средба, без забава и без формално појавување на работа. За разлика од неговото доаѓање на функцијата, кое беше одбележано со организиран настан и кетеринг, заминувањето помина тивко, без храна и пијалоци за колегите.Од Јавното обвинителство, на прашањето дали Коцевски организирал каква било проштална средба, кусо одговорија: „Не почастил“.Според информации од Обвинителството, Коцевски денеска воопшто не се појавил на работното место. Само еден ден претходно, тој јавно изјави дека ќе си замине порано од работа, наведувајќи дека е преморен и дека со денови останувал до доцна во својот кабинет. Дали просторијата ја испразнил и формално ја предал функцијата – засега нема официјална потврда.Неговото заминување дојде ненадејно. Вчера, пред Собранието формално да ја започне постапката за негово разрешување, Коцевски поднесе оставка, со што, практично, ги претекна пратениците и ја затвори процедурата.За разлика од ваквиот крај, почетокот на мандатот на Коцевски беше одбележан со свечен прием во куполата на Јавното обвинителство. Тој тогаш организираше забава за добредојде, на која беа поканети обвинители, претставници на стручната јавност, невладини организации и државни институции.Како што тогаш информираше Обвинителството, за кетеринг биле потрошени околу 80.000 денари. Дел од сумата бил платен од буџетот на Обвинителството, а дел лично од Коцевски. Според доставената документација, од јавни средства биле платени 39.102 денари, додека преостанатите 40.698 денари, како и трошоците за пијалаци, ги подмирил лично Коцевски.На настанот присуствувале над 100 гости, меѓу кои и поранешни и пензионирани обвинители, како и неговиот претходник Љубомир Јовески. Меѓу поканетите била и Вилма Русковска, иако таа претходно беше разрешена поради дисциплински повреди, во постапка со која претседаваше токму Коцевски.Од Обвинителството тогаш изјавија дека не располагаат со официјална листа на гости и дека станувало збор за „неформална средба“.Две години подоцна, истиот обвинител заминува, без настан и без симболичен гест кон институцијата што ја водеше. Од забава за добредојде со над сто гости, до заминување без проштална честенка – мандатот на Љупчо Коцевски заврши тивко, но со силен јавен одек.

Македонија | пред 3 месеци

kriumcharenje-migranti

Опозицијата обвинува: Пари од Британија за железница, а зад нив – мигрантски договор

Од СДСМ денеска обвинија дека проектот за изградба на брза железница низ Македонија е директно поврзан со договорот со Велика Британија, кој, според нив, вклучува и обврски за прифаќање мигранти.Како што наведуваат од опозициската партија, ваквите тврдења дополнително се потврдени со денешната изјава на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој посочил дека изградбата на брзата железничка линија од Србија до Грција, која минува низ Македонија, е дел од договорот со Британија.„Ова е уште една потврда дека договорите за, како што велиме, распродажба на Македонија преку мигранти за пари се реалност“, соопштија од СДСМ.Од партијата тврдат дека кредитот од шест милијарди евра од Велика Британија е условен со прифаќање мигранти, повикувајќи се на објави во британските медиуми. Според нив, секојдневно излегуваат нови докази кои ја потврдуваат оваа теза.СДСМ ја поврзува оваа тема и со, како што велат, „предавството во Собранието“, алудирајќи на гласањето за контрарезолуцијата, а дополнително обвинува дека Владата мигрантите ги претставува како „економски работници“.„Сценариото е јасно – избори, па мигранти за пари“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека граѓаните ќе стават крај на, како што ги нарекуваат, криминалните политики.Од Владата засега нема официјален одговор на овие обвинувања.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryqap3k0h9r0c8fZHGgiC

Голомразица во Нерези, екипи на терен

Општина Карпош информира дека поради временските услови и појавата на голомразица на коловозните ленти, вечерва била извршена интервенција на патниот правец од Долно кон Горно Нерези.Општинските служби фрлиле сол со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот и да се спречат евентуални незгоди поради лизгавиот коловоз.Од Општина Карпош велат дека се подготвени за претстојните зимски временски услови и дека заедно со екипите на економскиот оператор ќе постапуваат навремено и одговорно, согласно состојбата на терен.Општината апелира до граѓаните и возачите на зголемена внимателност при движењето, особено во повисоките делови каде што постои ризик од појава на голомразица.

Скопје | пред 3 месеци

media-library4hsa32qf750t0nUjNfA

Орце тврди дека ниту купувал ниту продавал имот: Анкетниот лист не е поднесен поради многуте обврски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вели дека неговата имотна состојба е непроменета и дека анкетниот лист ќе го поднесе во наредните денови. Во изјава за „Скопје1“, тој појаснува дека досега не го сторил тоа поради, како што наведува, обемните работни обврски.„Имотната состојба ми е иста и непроменета од моментите кога уредно била пријавена во Општина Кисела Вода. Нема никаква промена на движен имот и анкетниот лист ќе биде поднесен во текот на наредните денови. Не бил поднесен до сега, поради обемен обем на работа и обврски“, изјави Ѓорѓиевски.Реакцијата на Ѓорѓиевски доаѓа откако Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди дека вкупно 54 сегашни и поранешни градоначалници не ја испочитувале законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси.Според ДКСК, 19 новоизбрани градоначалници, меѓу кои и Ѓорѓиевски, не поднеле анкетен лист по стапување на функцијата, додека 35 поранешни градоначалници, меѓу кои и поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, не ја исполниле обврската по завршување на мандатот.

Македонија | пред 3 месеци

Press-Bogdanka-Kuzeska-2021-06-02

Тендерска војна меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Сигмоид груп“ со обемен демант

СДСМ денеска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека избегнува да одговори на прашањата поврзани со фирма која, според нивните тврдења, во период од само два месеци добила тендери во вредност од 1,2 милиони евра, иако имала само тројца вработени.Од опозициската партија наведуваат дека фирмата објавена во, како што велат, „новата бомба“, била основана на 8 јуни 2023 година и дека не станува збор за иста компанија на која се повикува ВМРО-ДПМНЕ во своите реакции. Според СДСМ, втората фирма што ја спомнува владејачката партија е „стара фирма на студентот на Мицкоски“, која, како што тврдат, доживеала финансиски подем во периодот од јуни 2024 до август 2025 година, кога од тендери остварила приходи од околу 25 милиони денари.СДСМ постави и директно прашање за евентуална поврзаност на оваа фирма со сопругата на поранешниот министер Миле Јанакиески, оценувајќи дека случајот не е прашање на ИТ-експертиза, туку на „пари и бизнис интереси“. Од партијата порачаа дека „работата не е завршена“ и дека, како што наведуваат, „сите ќе одговараат“.По овие обвинувања, со реакција се јави компанијата „Сигмоид груп ДООЕЛ Скопје“, која категорично ги отфрли наводите и, како што наведоа, со цел „точно, целосно и објективно информирање на јавноста“, достави детално појаснување.Од компанијата информираат дека кај сите споменати јавни набавки станувало збор за групни набавки во рамки на иста ИКТ групација, односно помеѓу „Сигмоид груп ДООЕЛ“ и „Сигмоид ДОО“. Тие посочуваат дека групацијата е присутна на пазарот од 2018 година и има портфолио од над 40 клиенти во јавниот и приватниот сектор, со реализирани повеќе од 30 договори директно со јавни институции во Северна Македонија.Дополнително, од „Сигмоид груп“ наведуваат дека значителен дел од нивниот приход доаѓа од странство, вклучително и од соработка со јавни институции во Естонија и други земји од Западен Балкан, а компанијата е официјален партнер на над 15 глобални производители на ИКТ опрема и системи.Во однос на личните обвинувања, од компанијата демантираат дека основачот Јован Јанкуловски бил студент на Машинскиот факултет или дека имал каков било контакт со премиерот. Тие посочуваат и дека бројот на вработени во рамки на групацијата е над 10 лица, а во проектите биле ангажирани и дополнителни експерти преку договори за дело, што, како што наведуваат, е вообичаена пракса за ваков тип набавки.Компанијата нагласува дека соработува со институции исклучиво на професионална основа, без оглед на политичката структура на раководствата, и дека реализирала проекти и со институции предводени од СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6u9asf3ekqeb4evBVRL

Колабирано белодробно крило и едем на мозокот: Објавени деталите за смртта на новороденчето од Арачиново

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) излезе со информација дека до него е доставена медицинска документација во врска со смртта на новороденче од Арачиново, кое почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје на 1 октомври. Во документите, како причини за смрт се наведуваат колабирано белодробно крило, тешко нарушено дишење, едем на мозокот и кардиореспираторна инсуфициенција.Ќе се формира стручна комисија, спроведен е и вонреден надзорДиректорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, соопшти дека до министерот за здравство е доставена иницијатива за формирање стручна комисија. Нејзина задача ќе биде да утврди дали во третманот на новороденчето имало евентуални медицински пропусти. Во меѓувреме, по наредба на министерот, бил извршен и вонреден инспекциски надзор на Клиниката.Што покажува хронологијата во документацијатаСпоред податоците во медицинските записи, родилката В. И. на 27 септември се јавила на преглед и била хоспитализирана како итен случај на Одделот за патолошка и високоризична бременост. Веќе следниот ден, на 28 септември, било одлучено породувањето да се изврши со царски рез, реализиран во вечерните часови. Родено било живо машко дете во 36. гестациска недела.Префрлување на интензивна и започната терапијаНа 29 септември, неколку часа по раѓањето, новороденчето било префрлено на Одделот за интензивна нега поради средно тежок респираторен дистрес. Рендгенската снимка покажала парцијален пнеумоторакс на левото белодробно крило. Детето било седирано, интубирано и приклучено на апарат за вештачко дишење, а поради сомнение за конгенитална сепса била започната тројна антибиотска терапија. Во лекувањето бил вклучен и детски хирург, кој препорачал конзервативен пристап.Во текот на истиот ден било наведено дека детето двапати било реинтубирано поради спонтано вадење на цевката за дишење.Нагло влошување на 1 октомври и смртен исходНа 1 октомври состојбата нагло се влошила. Биле повикани детски кардиолог и детски хирург, при што бил поставен дрен поради масивен пнеумоторакс на десното белодробно крило. Паралелно, ултразвучниот преглед регистрирал едем на мозокот.И покрај преземените мерки и кардиопулмоналната реанимација, при која адреналин бил аплициран трипати, состојбата не се стабилизирала. Смртта била констатирана во 19 часот на 1 октомври.Обдукција побарана, извештајот се чекаВо документацијата како официјални причини за смртта се наведуваат масивен пнеумоторакс, белодробен емфизем, едем на мозокот и кардиореспираторна инсуфициенција. Побарана е обдукција од Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје, но извештајот сè уште не е изготвен.Постапки во Клиниката и најави за тужбаРодилката била испишана на 1 октомври по сопствено барање, спротивно на препораката на лекарите. На Клиниката, според документацијата, заседавала и Комисијата за следење и унапредување на квалитетот на здравствената заштита на 14 и на 28 октомври, согласно процедурите.Стручната комисија треба да даде одговор дали постапувањето било согласно медицинските стандарди. Родителите најавија тужба против Клиниката, а случајот го истражува и Јавното обвинителство. Во јавноста претходно се појавија и изјави од две специјализантки кои, во рамки на интерна постапка, тврделе дека имало несоодветно лекување од страна на докторка педијатар на интензивна нега, која по случајот била префрлена на друг оддел.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8nfm22iirr317t4FSI7

Уште еден потрес во СДСМ и обвинувања дека „Партијата ја изгуби храброста да се погледне во очи“

Методија Куновски повеќе не е прв човек на Општинската организација на СДСМ во Битола. Тој денеска ја депонираше својата неотповиклива оставка до претседателот на партијата, Венко Филипче, наведувајќи дека принципите за кои се залагале, во пракса сè потешко се остваруваат.Куновски, кој досега ја извршуваше функцијата претседател на битолскиот огранок, во своето обраќање до јавноста и сопартијците истакна дека одлуката е резултат на „темелна и одговорна лична и политичка проценка“, подолг период на дилеми и несогласувања со процесите во партијата.Во образложението за повлекувањето, Куновски упати директна критика кон начинот на функционирање на организацијата, посочувајќи дека не сака да биде само фигура без реална моќ за промени.„Не можам и не сакам да носам функција без суштинска можност за влијание, ниту да бидам формално присутен во процеси со кои суштински не се согласувам. Сметам дека политичката и моралната одговорност налага јасен став и чесен чекор“, пишува Куновски.Тој додава дека функцијата ја прифатил со намера да ја отвори партијата кон членството, но наместо тоа, се соочил со практики кои се косат со вредностите на социјалдемократијата.

Македонија | пред 3 месеци

DSC02115

Жена попречувала полицаец во Гостивар, a во Желино уапсени пет лица за насилство

Министерството за внатрешни работи информира за две одделни кривични пријави поднесени од полициските служби во Гостивар и Тетово.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против З.Р. (55) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Според пријавата, на 15 септември 2025 година во Гостивар, пријавената попречувала полициски службеник додека извршувал службени дејствија.Во друг случај, СВР Тетово поднело кривична пријава против пет лица – П.А. (28), С.А. (30), Е.А. (23), Г.А. (44) и А.А. (19), сите од селото Желино, тетовско. Тие се осомничени за сторено кривично дело „насилство“.Како што информира МВР, на 26 септември 2025 година, по претходна расправија во селото Желино, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.По целосно документирање на случаите, поднесени се соодветни кривични пријави до надлежното јавно обвинителство.

Македонија | пред 3 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Апсења на Аеродромот Скопје: Турски државјанин баран од Интерпол, а со лисици завршија и уште две лица

На Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“ во текот на 16 декември 2025 година полициските службеници лишиле од слобода три лица поради меѓународна потерница и фалсификувани патни исправи, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, во 15:20 часот, при влез во државата, бил лишен од слобода О.А. (46) од Република Турција. При извршената гранична контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека лицето е евидентирано со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.Претходно, во 01:50 часот, исто така на влез во државата на скопскиот аеродром, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Х. (26) од Италија и Ч.Л. (27) од Кина. Кај нив, при граничните проверки, било утврдено дека приложиле фалсификувани документи. Двете лица биле задржани во Полициската станица Гази Баба.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Физички пресметки, напад врз малолетник и закани со огнено оружје – низа пријави до МВР

Министерството за внатрешни работи информира за повеќе одделни инциденти пријавени во текот на 16 декември 2025 година на подрачјето на Скопје, кои опфаќаат физички напади, закани со оружје и тешка повреда на работно место.Според МВР, во 20:35 часот во СВР Скопје, Б.М. (36) од Скопје пријавил дека околу 20:00 часот бил физички нападнат од С.Ж. и О.Ж. во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром.Претходно, во 15:50 часот, М.К. (39) од Скопје пријавила дека на 15 декември околу 15:00 часот, во спортска сала на основно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Б.П., татко на негов соученик.Истиот ден во 08:40 часот, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен Р.Ј. (44) од селото Никиштане, скопско. Според пријавеното, повредите ги здобил додека извршувал работни задачи пред објектот на Македонската филхармонија во Скопје. За случајот е известен трудов инспектор.Дополнително, И.К. (41) од селото Петровец пријавил дека околу 18:00 часот, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, лицето Д.Д. се обидело физички да го нападне, а потоа му упатило закани со огнено оружје.Од МВР информираат дека за сите пријавени случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и утврдување на одговорност.

Македонија | пред 3 месеци

soobrakajka-634

Тешка сообраќајна несреќа кај Кочани: загина возач од Виница

Возач го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кочани – Виница, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според полицијата, на 16 декември 2025 година во 17:35 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ. (48) од Виница, излетало надвор од коловозот.Од здобиените повреди, возачот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кочани.Причините за несреќата се утврдуваат.

Македонија | пред 3 месеци

media-library5rju4un1ggs518nE3sj

„Новата сила“ на СДС е старото раководство на Заев, oва е најлошиот состав во историјата на партијата, вели Манасиевски

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, остро го критикуваше новото раководство на СДС, оценувајќи дека партијата продолжува да тоне и дека наместо најавувано освежување, се враќаат истите кадри од времето на Зоран Заев.Според Манасиевски, концептот „Нова сила“ што го промовира СДС е само привид, бидејќи, како што рече, станува збор за „стари и истрошени лица“, директно поврзани со поранешното раководство на партијата.– СДС вчеравечер ја потврди нашата констатација дека продолжуваат да тонат. Наместо нов и свеж кадар, Филипче ги врати старите лица на Зоран Заев. На следните избори 100.000 гласови им се плафон – изјави Манасиевски.Тој наведе дека во новото раководство на СДС се вклучени лица со, како што тврди, контроверзни биографии и минато поврзано со скандали и кривични пријави, меѓу кои поранешни директори, функционери и партиски кадри од претходните влади на СДС.Манасиевски ги спомена имињата на Рената Младеновска, Драган Крајовски, Дејан Николовски, Андреј Жерновски, Агрон Демири, Љупчо Фармаковски и Јованка Тренчевска, за кои рече дека се „стар кадар“, дел од системот воспоставен од Зоран Заев, а сега повторно промовиран од Венко Филипче.Посебно ја критикуваше улогата на Јованка Тренчевска, посочувајќи дека токму таа во минатото јавно повикувала на нови и неизвалкани лица во СДС, а сега, како што рече, се претставува како дел од освежувањето на партијата.– Сè што треба да знаете за СДС е дека новиот кадар на Венко за претседавач на Централниот одбор е Герасим Лазов. Ова е убедливо најлошиот состав на СДС досега – истакна Манасиевски.На крајот, тој оцени дека, според ВМРО-ДПМНЕ, „приватизацијата на СДС е завршена“, а партијата се движи кон, како што рече, „тежок политички стечај“.

Македонија | пред 3 месеци

rast-na-berzi

Еуфорија на кинеската берза: MetaX Integrated Circuits со спектакуларно берзанскo деби

Акциите на кинескиот производител на чипови MetaX Integrated Circuits денеска забележаа спектакуларен раст од речиси 700 отсто на своето прво појавување на берзата во Шангај.Компанијата претходно собра околу 600 милиони долари преку иницијална јавна понуда (ИПО), пренесува „Ројтерс“.Акциите на MetaX за време на ИПО-то беа понудени по цена од 104,66 јуани (околу 12,7 евра), а тргувањето го завршија на ниво од 829 јуани (приближно 100 евра), што претставува раст од 692 отсто.Овој исклучително силен берзански старт ја отсликува зголемената доверба на инвеститорите во кинеската полупроводничка индустрија, особено во контекст на глобалната технолошка конкуренција и напорите на Кина за поголема самостојност во производството на напредни чипови.

Свет | пред 3 месеци

media-library4pogrmfo19q31bOeUFy

ФИФА воведува поевтини билети за СП 2026: Влезници од 60 долари за навивачите

Светската фудбалска федерација (ФИФА) претстави нова ценовна категорија на билети за Светското првенство во 2026 година, под назив „Supporter Entry Tier“, со цел да одговори на незадоволството на националните навивачки здруженија поради високите трошоци за следење на натпреварите во живо.Според соопштението на ФИФА, ограничен број билети по цена од 60 долари (околу 51 евро) ќе бидат достапни за сите 104 натпревари на Мундијалот, вклучително и финалниот меч.Од федерацијата појаснуваат дека распределбата на билетите преку националните фудбалски сојузи ќе биде насочена кон поголема достапност за навивачите.„Вкупно, половина од билетите што им се доделуваат на националните сојузи ќе припаѓаат на најдостапните ценовни категории – 40 отсто во рамки на ‘Supporter Value Tier’ и дополнителни 10 отсто во новата ‘Supporter Entry Tier’ категорија“, соопшти ФИФА.Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико и ќе биде првото со проширен формат од 48 репрезентации и рекорден број натпревари, што дополнително ги зголеми критиките околу трошоците за навивачите. Со новата ценовна политика, ФИФА најавува дека сака да овозможи поголема инклузивност и присуство на фановите од целиот свет.

Спорт | пред 3 месеци

Screenshot-2022-02-27-120002

Путин: Руската армија во 2025 година зазела над 300 населени места во Украина

Руската армија во текот на 2025 година зазела повеќе од 300 населени места, меѓу кои и поголеми градови што Украина ги претворила во силно утврдени упоришта, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.Говорејќи на проширената седница на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија, Путин истакна дека руските сили, според тврдењата на Москва, ја освоиле и цврсто ја држат стратешката иницијатива долж целата линија на фронтот.„Руската армија има можност дополнително да го зголеми темпото на офанзивните дејствија на стратешките правци во зоната на специјалната воена операција“, нагласи Путин, пренесува агенцијата Спутник.Изјавата доаѓа во услови на продолжени жестоки борби и спротивставени тврдења од Москва и Киев околу реалната состојба на теренот и текот на воените операции.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryd6tgmsuqcgrqe46kQ7i

Кој ќе се фати во костец со „жешкиот костен”, за позицијата која обвинителот Прчевски ја нарече дека е за „будала“

Љупчо Коцевски заминува во историјата како државен обвинител со најкраток мандат по осамостојувањето на Македонија – неполни две години на функцијата, и покрај повеќекратните јавни уверувања дека оставка нема да поднесе.Со неговото заминување, повторно се отвора едно од најчувствителните прашања во правосудниот систем – како се избира нов државен обвинител и кој ќе се нафати да го преземе „жешкиот костен“. Функцијата е клучна за функционирањето на правната држава, но и исклучително изложена на политички притисоци. Не случајно, еден од поранешните обвинители, Прчевски, кој поднесе оставка во знак на револт, јавно изјави: „Јас ќе бидам последниот будала кој се нафатил на оваа функција“.Иако позицијата формално е престижна, јавни аспирации засега нема, а во правните и политичките кругови кружат само шпекулации околу можните наследници на Коцевски.Измените на Законот за јавно обвинителство од 2020 година имаа за цел да ја зајакнат независноста на државниот обвинител и да спречат негово разрешување со секоја промена на власта. Сепак, практиката покажа дека законските одредби не се доволно прецизни. И изборот и разрешувањето се вршат со исто мнозинство – 61 пратеник, што, според дел од правната фела, остава простор за политичко влијание.Поради тоа, сè погласни се размислувањата дека е потребно воведување построги и поконкретни критериуми за разрешување, со цел вистинска заштита на независноста на функцијата.Процедурата за избор на наследник на Коцевски започнува уште денес. Собранието треба да распише јавен оглас за именување државен јавен обвинител, кој се објавува во „Службен весник“ и во најмалку два дневни весника, од кои еден мора да биде на јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните.Заинтересираните кандидати имаат рок од 15 дена од денот на објавувањето на огласот да поднесат пријава.По истекот на рокот, Владата бара мислење од Советот на јавни обвинители за сите пријавени кандидати. Советот е должен во рок од 15 дена да достави писмено образложено позитивно или негативно мислење.Од кандидатите кои ги исполнуваат законските услови и добиле позитивно мислење, Владата избира еден и го предлага до Собранието. Изборот, исто како и разрешувањето, се врши со 61 глас „за“, а кон предлогот задолжително се доставува и мислењето на Советот.Доколку Советот не достави мислење во предвидениот рок, истиот може да се продолжи за уште 15 дена. Ако и тогаш нема мислење, се смета дека тоа е позитивно.Процесот може да се искомплицира доколку Советот на јавни обвинители не даде позитивно мислење за ниту еден кандидат. Во таков случај, Владата нема основ да предложи кандидат, па ќе му предложи на Собранието да распише нов јавен оглас.Законот прецизира дека за државен обвинител може да биде избрано лице со најмалку 10 години непрекинат работен стаж како јавен обвинител или судија од областа на кривичното право. Мандатот трае шест години, со можност за повторен избор, без оглед на возраста.Доколку изборот се одолговлечи, Советот на јавните обвинители именува вршител на должност од редот на обвинителите во ЈОРМ, кој ќе ја извршува функцијата до изборот на нов државен обвинител.Изборот на нов државен обвинител е еден од најважните процеси за функционирањето на правната држава, со директно влијание врз борбата против криминалот и корупцијата. Но, во услови кога „хартијата трпи сè“, вистинскиот тест допрва следува – дали овојпат клучни ќе бидат професионалноста, интегритетот и квалитетот на кандидатот, или повторно политичката математика.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryo5qceo7r9au17URW5W4

Како може да „исчезне“ авион од 30 тони? Ер Индија 13 години го барала својот Боинг

Како е можно патнички млазен авион тежок 30 тони и долг речиси 30 метри едноставно да „исчезне“ повеќе од една деценија? Во време на висока технологија, строг надзор и детална авијациска бирократија, вакво сценарио изгледа невозможно. Сепак, случајот со индиската авиокомпанија Ер Индија покажува дека и тоа може да се случи, пишува „Телеграф“.Компанијата открила дека еден од нејзините авиони – Боинг 737-200 со регистрација VT-EHH – цели 13 години стоел заборавен на аеродромот во Колката (поранешна Калкута), каде што буквално собирал прашина.Кога аеродромските власти ја контактирале Ер Индија поради неплатени такси за паркирање, од компанијата првично негирале дека авионот е нивен. Подоцна, сепак, признале дека навистина го изгубиле од евиденција и дека мора да платат околу 10 милиони рупии, односно приближно 100.000 евра, за долгогодишното паркирање.Вакви пропусти се исклучително ретки во авијацијата. Авиокомпаниите вложуваат стотици милиони евра во летала со цел тие да бидат што повеќе во воздух. Приземјувањето на авион значи трошоци, ризик од дефекти и губење вредност.Вообичаено, патничките авиони служат најмалку една деценија кај матичниот превозник, по што се продаваат, пренаменуваат во карго-авиони или се расклопуваат за резервни делови. Затоа е речиси незамисливо авион со години да биде оставен без намена.Авијациските експерти сметаат дека проблемот настанал поради комплицираната историја на леталото. Авионот првично бил во сопственост на Indian Airlines, која во 2007 година се споила со Ер Индија. Подоцна бил изнајмен на индиската пошта како карго-авион, по што документацијата, најверојатно, се изгубила во административниот лавиринт.Извршниот директор на Ер Индија, Кемпбел Вилсон, изјавил дека авионот воопшто не бил внесен во деловните книги при приватизацијата на компанијата во 2022 година. Поради тоа, новото раководство не знаело дека го поседува и ги игнорирало дописите од аеродромот во Колката.Иако авионот можел да се искористи за карго-летови или барем да се продаде за делови, неговата пазарна вредност денес е минимална. „Станува збор за стар авион со речиси никаква вредност“, вели авијацискиот аналитичар Џон Стрикланд.Сепак, случајот отвори пошироко прашање – дали ова е изолиран инцидент или симптом на подлабок проблем. Од аеродромот во Колката тврдат дека во изминатите години пронашле и други „напуштени“ авиони.Приказната за заборавениот Боинг на Ер Индија можеби е екстремна, но таа е и сериозно предупредување колку скапо може да чини институционалната небрежност – дури и во индустрија каде секој детал обично се мери до последен завртка.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.32

Вучиќ предупредува: Србија е блиску до конфликт

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека за Србија е од суштинско значење да се реши прашањето за Српската нафтена индустрија (НИС) и да се зачува мирот, предупредувајќи дека земјата се наоѓа опасно блиску до можен конфликт.Во интервју за Радио-телевизија Србија (РТС), Вучиќ откри дека одредени кругови во Брисел поставиле прашање на чија страна би била Србија во случај на конфликт – европската или руската. Според него, ваквите дилеми се особено чувствителни ако се земе предвид историското искуство на српскиот народ.Тој потсети дека Србија изгубила речиси 29 проценти од своето население во Првата светска војна, а во Втората светска војна, како што рече, најголем дел од жртвите на антифашистичката страна во поранешна Југославија биле Срби. Вучиќ нагласи дека ваквите историски загуби јасно покажуваат колкава цена плаќала Србија низ историјата.Сепак, српскиот претседател категорично изјави дека Србија нема намера да оди во војна. Наместо тоа, државата, како што рече, ја зајакнува својата армија исклучиво како средство за одвраќање.„Купуваме нови системи за одбрана за граѓаните да се чувствуваат безбедно и да знаат дека Србија има силни капацитети. Секој што би размислувал да проба нешто, треба да знае дека тоа не е можно, бидејќи загубите би биле непресметливи“, изјави Вучиќ.Тој заклучи дека неговата главна цел е зачувување на мирот и обезбедување економски напредок на земјата.Во тој контекст, Вучиќ потсети дека Србија за првпат по тринаесет години нема да има свој претставник на меѓувладина конференција во Брисел. Одлуката, како што појасни, била донесена за да се избегнат дополнителни притисоци врз Владата и државата.

Свет | пред 3 месеци

media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

Фон дер Лајен од Стразбур: Европа не смее да дозволи другите да ѝ ја кројат иднината

Европа не смее да дозволи да биде обликувана од туѓи светогледи, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, реагирајќи на Националната безбедносна стратегија на САД, во која администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон Европската унија.Говорејќи во Европскиот парламент во Стразбур, Фон дер Лајен истакна дека „никого не треба да го шокира тоа што други зборуваат за Европа“, но предупреди дека Унијата не смее да дозволи надворешни перцепции да ја дефинираат нејзината иднина.Таа оцени дека Европската унија мора да се соочи со реалноста на свет кој станал „поопасен и трансакциски“, исполнет со војни и геополитички предизвици, и нагласи дека времето на комфор и носталгија е завршено.Фон дер Лајен призна дека американската стратегија точно укажува на падот на европскиот удел во светскиот бруто-домашен производ – од 25 проценти во 1994 година, на околу 14 проценти денес. Но, како што подвлече, Вашингтон пропуштил да спомене дека и уделот на САД во светскиот БДП паднал – од 22 проценти во 1994 година, исто така на околу 14 проценти денес.„Ова не е приказна само за Европа или Америка, туку за пошироки промени во светската економија“, рече таа, потсетувајќи дека Кина во истиот период го зголемила својот удел од четири на дури 20 проценти.Претседателката на Комисијата повтори дека Европа мора целосно да ја преземе одговорноста за сопствената безбедност. „Ова повеќе не е опција, туку нужност“, истакна Фон дер Лајен.Таа додаде дека Унијата годинава направила повеќе за својата одбрана отколку во целата претходна деценија. „Во последните десет години вложивме осум милијарди евра во одбранбениот фонд, а само оваа година овозможивме до 2030 година да се мобилизираат 800 милијарди евра“, нагласи Фон дер Лајен.

Свет | пред 3 месеци

tramp-putin

Нов притисок врз Москва: Санкции за нафтата ако нема мир со Украина

Соединетите Американски Држави подготвуваат нов пакет санкции насочени кон рускиот енергетски сектор, со цел да го зголемат притисокот врз Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие мировен договор со Украина, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со плановите.Според овие информации, Вашингтон разгледува повеќе опции, меѓу кои и санкционирање на бродовите од таканаречената руска „флота од сенка“ – нелегални танкери што се користат за транспорт на руска нафта, како и трговците вклучени во тие трансакции. Дел од мерките би можеле да бидат објавени уште оваа недела.Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, веќе разговарал за овие планови со група европски амбасадори, во рамки на координација со сојузниците. Целта на санкциите е дополнително да се ограничат приходите на Русија од извоз на енергенси, кои се клучни за финансирање на војната во Украина.Овие најави доаѓаат во момент кога американско-европскиот мировен план предвидува зајакнување на украинската армија, распоредување европски сили во земјата и зголемена разузнавачка поддршка од САД. Планот треба да послужи како основа за прекин на огнот, но и да ја убеди Украина на територијални отстапки и откажување од формално членство во НАТО.Иако во Берлин е постигнат одреден напредок во разговорите меѓу САД, Европа и Украина, Русија останува клучната пречка. Москва бара дополнителни отстапки и одбива присуство на сили поврзани со НАТО во Украина, додека западните земји најавуваат дека ќе го зголемат притисокот доколку не дојде до договор.

Свет | пред 3 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-29-7940PM

Кривичен суд: За Љупчо Пецов-Ѓаволот определен куќен притвор со 24-часовен надзор

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека во текот на вчерашниот ден пред судија на претходна постапка бил спроведен Љупчо Пецов-Ѓаволот, за кого од претходно била определена мерка притвор од моментот на негово пронаоѓање, односно лишување од слобода, во предметот за јавноста познат како „Синџир“.Како што информира Судот, имајќи предвид дека обвинетиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и фактот дека неговата одбрана доставила медицинска документација според која истиот има влошена здравствена состојба, надлежниот јавен обвинител, покрај здравствените околности, ценел и дека со негово спроведување во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на обвинетиот.Поради тоа, на записник пред Судот, јавниот обвинител наместо мерка притвор предложил на обвинетиот да му биде определена мерка куќен притвор, заедно со дополнителна мерка – 24-часовен надзор од Министерството за внатрешни работи, со цел да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот тек на постапката.Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на Јавното обвинителство и на обвинетиот му определил мерка куќен притвор со задолжителен 24-часовен надзор. Воедно, на Љ.П. му се одземени и двете патни исправи што ги поседувал.Против решението на судијата, како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, дозволено е право на жалба до Кривичниот совет.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysscgrpcfl8pvbcWs5VO

Ѓаволот од бегство, во куќен притвор: Донел документи дека не е добар со здравјето, обвинител предложил судот да го остави да се лекува дома

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција предложи промена на мерката притвор за осомничениот во случајот „Синџир“, Љупчо Пецов – Ѓаволот, со куќен притвор под 24-часовен надзор, повикувајќи се на повеќе околности, меѓу кои нарушена здравствена состојба и ризици по неговата лична безбедност. Тој до денеска беше во бегство.Како што соопшти Обвинителството, одбраната доставила предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за изменување на определената мерка притвор во поблага мерка, укажувајќи дека осомничениот веќе бил хоспитализиран поради здравствени проблеми и дека му било препорачано понатамошно лекување.Јавниот обвинител, ценејќи ги здравствените околности, но и сериозните индиции за можни влијанија врз постапката и врз самиот осомничен, фактот дека тој доброволно се пријавил и ги предал двете патни исправи што ги поседува, како и проценките дека со негово сместување во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност, на рочиштето го изменил првичниот предлог. Наместо притвор, предложена е мерка куќен притвор со постојан надзор, со цел да се обезбеди неговото присуство во натамошната постапка.Љупчо Пецов – Ѓаволот е еден од главноосомничените во предметот „Синџир“, голема истрага за финансиски криминал и даночно затајување, отворена кон крајот на октомври 2023 година. Во предметот се опфатени 26 лица, сопственици и управители на 28 компании, за кои постои сомнение дека преку мрежа на фиктивни фактури со ДДВ за наводни, но непостоечки услуги, го оштетиле државниот буџет за околу осум милиони евра.Според Обвинителството, Пецов и Стојан Чифлигароски, кој исто така е во бегство, се осомничени како организатори на криминалната група. Во фокусот е и фирмата „Алма-комерц Ангел Пецов“ ДООЕЛ, за која се тврди дека издавала фиктивни фактури со цел намалување на обврските за ДДВ.Случајот дополнително доби тежина по апсењето на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој е и адвокат на Пецов. Обвинителството соопшти дека Стафа во периодот од октомври до 13 декември примил вкупно 50.000 евра, дел од побарани 100.000 евра, за да посредува и да влијае кај судија во Апелациониот суд Скопје за укинување на мерката притвор за лице во бегство. На 6 октомври биле примени 30.000 евра од сестрата на Пецов, а на 13 декември уште 20.000 евра, по што Стафа бил лишен од слобода.Обвинителството за Фехми Стафа бара определување мерка притвор,која беше одобрена. Тој се наоѓа во затворот во Куманово.

Македонија | пред 3 месеци

media-library7ddjc0me80m45kIAsUv

(Видео) Тепачка во Собранието на Бугарија: летаа клоци и боксови

Редовната седница на бугарското Народно собрание беше прекината поради сериозен инцидент и физички судир меѓу пратеници, кој се случи пред очите на јавноста и телевизиските камери.Инцидентот изби додека министерот за енергетика во оставка, Жечо Станков, говореше од собраниската говорница и одговараше на прашања од коалицијата „Продолжуваме промената – Демократска Бугарија“ во врска со проектот за изградба на 7-ми и 8-ми блок на нуклеарната централа „Козлодуј“.Во исто време, во пленарната сала дојде до жестока расправија меѓу Гјунај Далоолу од „ДПС – Ново начало“ и Радостин Василев, лидер на партијата „Морал, единство, чест“ (МЕЧ). Расправијата брзо ескалираше во физички судир, при што, според снимките, имаше клоцање од страна на Василев, туркање од Далоолу и обид за удар со тупаница.Покрај физичкиот судир, двајцата пратеници разменувале и тешки навреди и закани, што дополнително ја вжешти атмосферата во салата.Поради настанатата состојба и со цел смирување на тензиите, претседателката на парламентот Раја Назарјан прогласи пауза на седницата до 11:00 часот.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryj0voeh5q65pjfVuHYXd

Обвинет преживеаниот напаѓач од Бонди: 15 убиства и терористички чин

Навид Акрам, преживеаниот осомничен за масовното пукање што се случи во неделата на плажата Бонди во Сиднеј, е официјално обвинет за вкупно 59 кривични дела, соопшти локалниот суд на Нов Јужен Велс, пренесува Би-би-си.Според обвинението, Акрам се товари за 15 убиства, како и за едно кривично дело поврзано со извршување терористички чин. Обвиненијата опфаќаат и повеќе тешки кривични дела поврзани со употреба на огнено оружје, загрозување на јавната безбедност и обиди за убиство.Масовното пукање на една од најпознатите плажи во Австралија предизвика шок и тага во целата земја, а австралиските власти го опишаа нападот како еден од најсмртоносните инциденти од ваков вид во поновата историја на државата.Акрам преживеа по престрелката и беше приведен од безбедносните служби, по што беше задржан под строг надзор. Судот во Нов Јужен Велс потврди дека против него е поведена обемна истрага, а обвинителството најави дека ќе бара најстроги можни казни.Истрагата за мотивите и можните врски на напаѓачот со екстремистички групи продолжува, додека австралиските власти најавуваат дополнителни безбедносни мерки и поддршка за семејствата на жртвите.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања