Скопје1.мк

filipce

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не ги лаже младите, тие беа заборавени цели седум години

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на Венко Филипче по неговите средби со младите, обвинувајќи го за, како што велат, лицемерие и заборавеност на младите генерации додека неговата партија била на власт.„Филипче им говорел на младите за тешкиот живот, ниските плати и иселувањето, но тоа беа реалностите токму во неговото време. Инфлацијата беше над 20%, платите мизерни, пензиите се зголемуваа за само 185 денари, јавниот долг над 60%, а студентските домови и факултети беа оставени на милост и немилост. Учениците со години учеа без учебници. СДС и ДУИ владееја со државата седум години и токму тие се одговорни за катастрофалната состојба“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека во изминатите 15 месеци, откако ВМРО-ДПМНЕ ја презела власта, биле постигнати конкретни резултати. „Платите се покачени во администрацијата, здравството, образованието и полицијата. Инфлацијата се контролира и не е веќе 20%, јавниот долг се намали. Странските директни инвестиции достигнаа милијарда и 250 милиони евра. Учениците годинава добија учебници на први септември, а студентските домови и факултетите се реконструираат. Младите добиваат финансиска поддршка за стартапи, земјоделство и субвенции за електронски уреди,“ порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.„Филипче треба да им се извини на младите што седум години беа целосно заборавени, наместо да ги лаже и манипулира. За сè што направија, СДС и ДУИ веќе беа казнети на избори, а сличен пораз ќе ги снајде и во октомври,“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 месеци

Нема фотографија

Падна Google - корисниците пријавуваат проблеми со голем дел од сервисите

Корисници во повеќе европски земји пријавуваат значителен и тековен прекин кој ги погодува услугите на Google, предизвикувајќи сериозни нарушувања и во работата и во секојдневниот живот.Извештаи почнаа масовно да пристигнуваат на downdetector.com и на социјалните мрежи од корисници во Бугарија, Турција, Грција и други европски земји. Проблемите изгледаат како широко распространети и ги зафаќаат клучните производи на Google.Прекинот не ги погодува сите Google услуги, но засегнатите апликации се од критично значење за многумина:YouTube: Корисниците не можат да вчитуваат видеа, при што се појавуваат пораки за грешка или бесконечно вчитување. Погодени се и веб-страницата и мобилната апликација.Google Maps: Сервисот не успева да вчита мапи, да пребарува локации или да пресмета рути, оставајќи ги патниците и корисниците без навигациска помош.Google Search: Во особено сериозен дефект, основниот пребарувач на Google враќа пораки за грешка или не ги завршува пребарувањата за голем број корисници.Gmail: Некои корисници пријавуваат проблеми со испраќање и примање пораки, иако ова изгледа помалку конзистентно од другите прекини.

Магазин | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-04-at-10.01.46

(Видео) Лејди Гага со „The Dead Dance“ ја најави новата сезона на „Wednesday“

Лејди Гага објави нова песна насловена „The Dead Dance“ како дел од официјалната звучна подлога за втората сезона на хит-серијата на Нетфликс, „Wednesday“. Премиерата се совпадна со стартот на новата сезона на 3 септември.Во продолжението на серијата, Гага ја толкува улогата на Розалин Ротвуд, додека нејзиниот нов сингл носи електро-поп звук со ретро вибрации од осумдесеттите. Спотот, режиран од Тим Бартон, е во препознатлив мрачен и готски стил, што дополнително ја засилува мистичната атмосфера на продукцијата.Песната е создадена во соработка со Ендру Вот и Хенри Волтер, а текстот се поигрува со темите на животот и смртта. Во рефренот Гага поракува: „Ќе играм додека не умрам“, додека во стиховите пее: „Кога ме уби одвнатре, тогаш оживеав… Музиката ќе ме врати од мртвите.“

Магазин | пред 5 месеци

VenkoFSDSM-1

СДСМ: Христовски го демантираше Мицкоски дека бил прислушуван

СДСМ реагира на тврдењата за наводно прислушкување на премиерот Христијан Мицкоски и побара Агенцијата за национална безбедност (АНБ) веднаш да ја декласифицира целата документација поврзана со случајот.„Власта да не бега од вистината, АНБ веднаш да направи декласификација на целата документација поврзана со случајот кој се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување,“ се наведува во соопштението.Од СДСМ истакнуваат дека не е точно дека е потребна судска постапка за декласификација на документите, туку тоа е само алиби и параван зад кој, како што велат, се крие вистинската намера на власта.„Законот е јасен – ‘тој што класифицира, тој и декласифицира’. Во овој случај тоа е АНБ и тоа треба да се направи веднаш,“ додаваат од партијата.СДСМ обвинува дека се фрлаат обвинувања во јавноста без ниту еден доказ и факти, со што се поткопува довербата во тоа што го кажува власта, а се создаваат сериозни сомнежи за „намерна манипулација и опасна игра на ВМРО-ДПМНЕ“.„Како тоа премиерот Мицкоски тврди дека наводно бил прислушуван, а директорот на АНБ Христовски кажува друго – дека станува збор за прибирање информации за таргетирани лица. Некој тука лаже свесно,“ се наведува во реакцијата.Од СДСМ додаваат дека само преку декласификација јавноста ќе ја види реалноста – дали и кој правел злоупотреби. „Ако не се направи декласификација, власта ќе потврди дека целиот случај е креиран заради политички мотиви и злоупотреба на агенцијата во партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ,“ стои во соопштението.

Македонија | пред 5 месеци

filipce-ck-sdsm

Некој тука лаже, АНБ веднаш да ја декласифицира документацијата за случајот со прислушувањето, бара СДСМ

СДСМ побара Агенцијата за национална безбедност (АНБ) без одлагање да ја изврши декласификацијата на целата документација поврзана со случајот што, како што велат, власта се обидува да го претстави како афера за прислушкување.„Власта да не бега од вистината, АНБ веднаш да направи декласификација. Не е точно дека преку судска постапка треба да се декласифицираат документите, тоа е само алиби и параван зад кој се крие вистинската намера на власта. Законот е јасен – ‘тој што класифицира, тој и декласифицира’. Во овој случај тоа е АНБ и тоа треба да се направи веднаш“, соопштија од СДСМ.Според партијата, недозволиво е во јавноста да се фрлаат обвинувања без факти и докази, бидејќи таквото однесување ја поткопува довербата во институциите и остава сомнеж за манипулација со политички мотиви.„Како е можно премиерот Мицкоски да тврди дека бил прислушуван, а директорот на АНБ Христовски да кажува друго – дека станува збор за прибирање информации за таргетирани лица? Некој тука свесно лаже. Само преку декласификација јавноста ќе ја увиди реалноста и ќе се види дали и кој правел злоупотреби“, истакнаа од СДСМ.Тие предупредија дека доколку не се направи декласификација, ќе се потврди дека целиот случај е креиран за партиски цели и политичка злоупотреба на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 месеци

administracija

Шест години земал плата без да оди на работа – оштетен државниот буџет за 1,6 милиони денари преку АХВ

СВР Куманово поднесе кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Според информациите, при контрола во Подрачната единица Куманово на 30 мај 2024 година било утврдено дека еден од пријавените, Р.Е. (51) од с. Слупчане, на работно место помлад референт-архивар, во период од речиси шест години, од декември 2018 до април 2024, воопшто не доаѓал на работа, а редовно примал плата и придонеси од буџетски средства.Второпријавениот З.А. (59) од Скопје, кој бил вршител на должноста директор на Агенцијата до декември 2020, и неговиот наследник Н.Б. (61) од Битола, директор до јули 2024, свесно дозволиле исплатата да продолжи, иако Р.Е. не ги извршувал работните обврски.Меѓу пријавените се и А.Б. (59) од Скопје, раководител на Одделение за финансиски прашања, кој без проверка потпишувал финансиски извештаи и одобрил исплата на плати и придонеси, како и С.К. (58) од Штип, раководител на друго одделение во Агенцијата, кој не презел мерки да ја спречи незаконитата состојба.Со ваквите дејствија, на првопријавениот му биле исплатени 1.159.081 денар, а државниот буџет е оштетен за вкупно 1.682.759 денари, соопштија од МВР.

Македонија | пред 5 месеци

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Пет години безбедносните служби го прислушкувале Мицкоски по налог на Заев и Филипче

СДС не бирале средства и методи за да останат на власт што е можно подолго, злоупотребувајќи институции, државни ресурси и целиот безбедносно-разузнавачки апарат, обвини и денеска ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата велат дека заради одржување на власта, безбедносните служби биле ставени во партиска функција со цел следење и прислушкување на политички противници, бизнисмени, новинари и јавни личности.Според соопштението, во периодот кога СДС била најголема опозициска партија, со помош на нивни кадри поставени во агенциите за разузнавање и безбедност, пет години бил следен и прислушкуван претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Тоа го правеле со единствена цел политичка елиминација на Мицкоски, како единствен којшто може да им се спротивстави и да ги победи на избори, нешто што и се случи и покрај недемократските, да не речеме тоталитарни, мерки,“ се наведува во реакцијата.Од партијата додаваат дека со следењата и прислушкувањата СДС сакале да го запрат нивниот пад од власт, да го придушат секој слободен и критички глас од новинари и јавни личности, како и да вршат уцени врз стопанственици.„Во периодот од 2019 до 2024 година, СДС владееле со злоупотреба на службите како да се партиска алатка за останување на власт. Трагично е да се гледаат СДС, кои од уста не ја вадеа демократијата, како ги злоупотребувале службите и со најнедемократските методи ги ограничувале правата на слободно движење и изразување на граѓаните загарантирани со Устав и закон,“ стои во соопштението.ВМРО-ДПМНЕ наведува дека цели пет години службите биле користени за да се одржат на власт Зоран Заев и Венко Филипче и кликата околу нив, наместо за безбедноста на државата и граѓаните.Дополнително, како што посочуваат, асистенција во тоа давал и сегашниот главен обвинител Љупчо Коцевски, кој бил одговорен за издавање на ПИ мерките и претставувал „главна алка“ во синџирот на СДС за следење и прислушкување на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени.„Тоа е истиот тој Коцевски кого СДС толку силно го бранеа во Собрание за време на гласањето на интерпелацијата против него, а веќе се гледа зошто го бранеа и не гласаа за негово разрешување,“ додаваат од партијата.Во заклучок, ВМРО-ДПМНЕ бара и очекува Јавното обвинителство да отвори сеопфатна истрага за овој скандал „од невидени размери“, со која ќе бидат опфатени сите што ги злоупотребиле институциите и ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2021-09-06-at-11.05.33

Левица: Јаневска ги остави без превоз средношколците од Ресен – државата штеди на младите

Целосната неспособност и игнорантскиот однос на министерката за образование Весна Јаневска ги оставија без превоз средношколците од Ресен на самиот почеток на учебната година, обвини денеска Левица.Од партијата посочуваат дека учениците од Ресен се извисени поради негрижата на Министерството за образование и наука (МОН) и за нив не е обезбеден организиран превоз до Битола и Охрид. Единствената „алтернатива“ што ја нуди државата е сместување во интернат, кој според Левица има нехумани услови, под секое достоинство.Средношколците биле принудени да аплицираат за прием во интернатот, при што морале да ги исполнат строгите критериуми за оценки и месечни приходи. Според правилата на МОН, само доколку бидат одбиени, добиваат право на надоместок за превоз – иако автобуски линии воопшто нема. Дел од учениците одбиле да живеат во интернат поради, како што велат, ужасните услови, меѓу кои и недостиг на вода.„Со оваа политика, власта на ДПМНЕ практично ги казнува учениците што сакаат да се образуваат, ги става родителите под финансиски притисок и испраќа јасна порака дека образованието е привилегија за малкумина, а не право за сите“, стои во соопштението.Од Левица додаваат дека наместо безбедни и достапни услови за образование, младите кои сè уште не се иселиле од земјава се принудени или сами да патуваат со сопствен трошок или да живеат во средина опасна по нивното здравје и достоинство.Покрај тоа, партијата го прозва и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, кој, како што велат, наместо да молчи пред „срамот на неговата партија“, е должен во најбрз рок да обезбеди превоз за учениците.„Со оваа политика, каде владејачката елита штеди на образованието на младите, додека расипнички троши за свои привилегии – власта на ДПМНЕ им праќа порака на младите што побрзо да се иселат од држава која не се грижи за нивната иднина,“ наведува Левица.

Македонија | пред 5 месеци

8029060-e1677742791659-1000x560-1

Затвор и високи казни за мигранти со одбиен азил во Грција

Парламентот во Грција изгласа нов закон со кој лицата чијашто апликација за азил е одбиена, а не ја напуштаат земјата во рок од две недели, ќе се соочат со кривични санкции – казна затвор од две до пет години.Министерот за миграции Танос Плеврис изјави дека државата и понатаму ќе обезбедува азил за оние што ги исполнуваат критериумите за меѓународна заштита, но најави и засилени казни за нелегален престој и влез. Според новите одредби, за илегално влегување во Грција се предвидува парична казна до 10.000 евра и затвор до две години.Овој законски пакет предизвика бројни реакции. Судии го оценија како претерано репресивен, додека здруженијата за мигранти го нарекоа расистички и нелогичен, посочувајќи дека земјата се соочува со сериозен недостаток на работници во земјоделството, градежништвото и туризмот.Истовремено, економисти и експерти за демократија предупредуваат дека мерките за одвраќање на нелегалната миграција мора да бидат проследени со отворање легални канали за работна миграција, бидејќи без тоа грчката економија ќе се соочи со уште поголеми предизвици.

Свет | пред 5 месеци

VenkoFSDSM-2

Филипче: 17.000 помалку вработени, студентите бегаат во странство, младите не гледаат перспектива во Македонија

Младите во Македонија денес живеат во држава која не се развива, држава во која немаат просперитет, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на средбата со студенти. На средбата Филипче нагласи дека немањето стратегија за унапредување на пазарот на труд, растечката сиромаштија, се само дел од причините поради кои младите својата иднина ја гледаат надвор од Македонија.Статиската бележи поразителни бројки кои укажуваат на тоа дека младите ја напуштаат државата."Бројот на вработени лица во државата е намален за над 17.000 луѓе.Бев во Делчево и го кажувам како пример. Во овој град секоја година во просек матуираат околу 100 ученици. Годинава, 90 од нив се запишале на факултети во Бугарија. Зошто? Затоа што кај нас нема универзитет што е на Шангајската листа. Нема сериозно вложување во наука, нема поддршка за истражување, нема квалитет кој ќе ги задржи младите тука“, рече Филипче.Зборувајќи за причините за иселување на младите, Филипче посочи дека сите параметри одат во прилог на тоа дека власта не води сметка за граѓаните најмалку за младите.„Работните места што се отвораат сите се со ниски плати, не се доходовни, тоа е преживување, тоа не е развој. Колку и да кажуваат дека растат платите тоа се толку минимални проценти што однапред е изедена таа сума на пари од растот на плати со инфлацијата којашто не ја контролираат“, рече Филипче.Дополнително, како што кажа Филипче, причина за разочараноста кај младите е фактот што тие гледаат дека регионот оди напред, додека власта свесно ризикува Македонија да остане периферија на Европа."Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос кажа дека Црна Гора може 2028 година, Албанија 2029 година, да станат членки на ЕУ. Отиде регионот напред. И да не бара изговори оваа влада, срамота е тоа што го прават. Се се сведува само на нивни лични и теснопартиски интереси за бизниси итн. Нема развој, нема перспектива", рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

Gruevski-Ahmeti-696x371

Меџити: Автомобилот на Али Ахмети стоел 24 часа во полициска станица, се сомневаа дека Груевски избегал со него

Првиот заменик-премиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, упати ново сериозно обвинување кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети.Во интервју за весникот Лајм, Меџити изјави дека во времето кога поранешниот премиер Никола Груевски побегнал од земјата, автомобил на Ахмети бил задржан 24 часа во полициска станица под сомнение дека токму со него Груевски можел да ја напушти државата.„Автомобилот на Али Ахмети стоел цел ден во полициска станица, затоа што се сомневаа дека Груевски избегал со него. Ова е вистина што многу брзо целосно ќе излезе пред јавноста,“ изјави Меџити.Тој нагласи дека станува збор за еден од најскандалозните случаи кој, според него, ги потврдува сомнителните врски на тогашната власт со бегството на Груевски во Будимпешта. Меџити додаде дека граѓаните имаат право да знаат што точно се случувало зад сцената.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-03-at-18.41.43

Почна истрага: Откупувале железо и акумулатори и си направиле пункт на Вардариште кое нонстоп се пали

Со координирани дејствија на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи, во изминатите два дена се извршени претреси на локацијата Вардариште. Обезбедени се докази кои создаваат основано сомнение дека три лица сториле кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад.Обвинителството денеска поведе истрага и предложи на осомничените да им биде определен притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. Според обвинението, тројцата подолг временски период, заклучно со 2 септември годинава, на улицата „Зендел Џемаил“ во Скопје, создале диви депонии спротивно на прописите за заштита на животната средина, со што можеле да предизвикаат значително оштетување на почвата, воздухот и водата, како и опасност за животот и здравјето на луѓето.Осомничените вршеле откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и обоени метали на импровизирани отпадни пунктови без регистрирано правно лице и без дозвола од Министерството за животна средина. Доказите упатуваат дека тие непрописно складирале и транспортирале отпад, со што директно влијаеле на квалитетот на почвата и воздухот, но и предизвикале закана по здравјето на граѓаните.

Македонија | пред 5 месеци

putin-4124

Путин: Ако Зеленски сака – нека дојде во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин го оцени својот престој во Кина како позитивен и корисен, нагласувајќи дека постигнал клучен договор за проектот гасовод „Силата на Сибир 2“ и дека разговорите со кинеското раководство биле многу продуктивни.„Форматот на овие средби овозможи да разговараме за секоја тема, што е од големо значење“, изјави Путин, додавајќи дека гасоводот ќе создаде конкурентска предност за Кина, бидејќи ќе добива гас по пазарни, а не по вештачки надуени цени.Прашан за мировни гаранции за Украина, Путин рече дека секој треба да има безбедносни гаранции, вклучително и Украина, но нагласи дека тоа не значи размена на територии.„Не се бориме за земја, се бориме за правата на луѓето да зборуваат руски јазик и да живеат по своите традиции“, изјави тој, додавајќи дека се гледа светло на крајот од тунелот. Рускиот претседател повторно го повика украинскиот колега Володимир Зеленски да дојде во Москва, доколку е подготвен за директни разговори.Осврнувајќи се на состојбата на боиштата, Путин изјави дека руските сили напредуваат на сите фронтови, а Украина нема капацитет за офанзиви од поголем обем. „Можеби подготвуваат нешто, но според нашите експерти, украинската војска во моментов нема такви способности“, додаде тој. За западните санкции тврдеше дека настаните во Украина се само изговор за претходно подготвени економски мерки против Русија и други земји. „Тоа нас не нè засега,“ рече кратко.Во врска со неодамнешната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп за наводна завера меѓу Путин, Ким Џонг Ун и Си Џинпинг, рускиот лидер одговори со насмевка: „Трамп има добар смисол за хумор.“ Тој додаде дека никој во Кина за време на посетата не зборувал против Трамп и дека сите ја поддржале средбата во Анкориџ, изразувајќи надеж дека тоа ќе придонесе за крај на војната.

Свет | пред 5 месеци

Seq-16-9.00_00_05_01.Still001

(Видео) Предложени се глупости од докази против таткото на Васил, зар ние одговараме за постапките на нашите полнолетни деца, праша адвокатот

Адвокатот Сашко Дуковски, бранител на Зоран Јованов, обвинет дека му го дал возилото на неговиот син Васил Јованов иако знаел дека нема возачка, а со кое ја усмрти младата Фросина Кулакова, жестоко го нападна Обвинителството. Според Дуковски, обвинението е небулозно, а за обвинувањата нема никаков доказ.„Беа предложени глупости од докази, за тоа кој го регистрирал возилото...“, рече Дуковски.Според него, студентите од Правниот факултет ќе гледаат шарада од судење.„Васил Јованов е полнолетно лице, дали ние одговараме за секое дејствие на нашите деца?“, додаде Дуковски.Обвинителниот предлог против Зоран Јованов беше поднесен откако неговиот син Васил Јованов во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова која почина на самото место.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-03-at-17.18.27

(Видео) Кокаин по Snapchat, имагинарен учител во судница - дилеми за психата на Штекли, вештакот раскажуваше за траумите

Афектна студеност, психопатско однесување и психотична основа – вака вештакот Ѓорѓе Хаџи Ангелковски ја опиша состојбата на обвинетиот Раде Трајковски – Штекли, за кого смета дека не е способен да го следи судењето.Хаџи Ангелковски пред судот изјави дека пред десетина години Штекли му бил пациент, а неодамна со него водел четиричасовен разговор. Според вештакот, обвинетиот има процесна психоза, која ако не се лекува може од привремена да стане трајна. Во своето вештачење наведе дека Штекли престанал да јаде месо „за да ги заштити своите браќа и сестри од претходниот живот“, дека нема емотивна поврзаност со своите три деца и дека тврди оти „имагинарен учител“ го водел од „Ист Гејт“ кон болница, при што бил нападнат од зад грб. Хаџи Ангелковски истакна дека мајката на Штекли боледувала од шизофренија, што, според него, го зголемува ризикот за 20 пати, обвинетиот да ја има истата болест. Посочи и дека бил жртва на семејно насилство, бидејќи таткото ја тепал неговата мајка. Тој тврди дека и за време на самото рочиште Штекли имал халуцинации и дека не можел со потребно внимание да ја следи постапката.Спротивно на тоа, обвинителството достави психијатриско вештачење според кое Трајковски е апсихотичен и способен активно да учествува во судењето. На следното рочиште, својот наод ќе го презентира и нивниот ангажиран вештак, што ќе биде клучно за одлуката на судот дали Штекли е процесно способен. Обвинението опфаќа 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години. Според обвинителството, групата била добро организирана, со поделени улоги од набавка до продажба на кокаин и марихуана.Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и од 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата меѓу членовите се одвивала преку апликацијата Snapchat.

Македонија | пред 5 месеци

19052020_PVRSM_Spasovski_telrazgovor

Дали Спасовски мета на АНБ додека ја воделе „неговите“: Вистината мора да биде јавно објавена!

И ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е ставен на списокот на лица кои биле обработувани од страна на Агенцијата за национална безбедност. Неговото име го објави порталот „Мкд.мк“ и е прв споделен во јавноста од редот на СДСМ, по аферата која беше пласирана. Непознато е како биле обработувани, а медиумот посочува „Вилма Русковска и Оливер Спасовски, тогашниот министер за внатрешни работи, биле предмет на обработка затоа што преземале некакви активности во рамките на нивните надлежности против Фросина Ременска, сопругата на Јовче Ременски од АНБ“.Спасовски пак, без конкретен став дали се сомнева во тоа дека бил таргет на нелегално следење на комуникациите, како и дали има информација дека бил цел на оперативно-технички обработки. Тој очекува одговорот да го добие со декласификација на целата документација.„Очекувам итна декласификација на целата документација за овој случај. Постои постапка согласно која АНБ може да ги обелодени сите информации и сите документи. Вистината мора да биде целосно достапна на јавноста и мора низ една транспарентна, законска постапка да се утврди дали и кој направи злоупотреби, и секако да се бара одговорност. Конечно мора да се застане на патот на оние кои злоупотребуваат, а службите да бидат заштитник на уставниот поредок на државата и на граѓаните“, вели актуелниот пратеник, Оливер Спасовски.Претходно, во јавноста беше пласирано дека нелегално прислушувани и предмет на оперативно-техничка обработка биле премиерот Христијан Мицкоски, обвинителката Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландив и Љупчо Златев. Потврда нема за ниту едно објавено име, освен за премиерот Мицкоски, кој самиот кажа дека документите покажувале негово нелегално следење.

Македонија | пред 5 месеци

skopski-aerodrom

Нови пет авиолинии од Скопје и Охрид - познати дестинациите каде може да се лета

Имаме три убави вести во однос на авиосообраќајот, а тоа е дека воведуваме уште пет нови авиолинии и тоа до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано, а до Скопје од Будимпешта и Наполи. Визер следната година ќе понуди 3,3 милиони седишта за Македонија што директен импакт ќе има врз туризмот и економијата, а ќе донесе шест нови авиони од типот Ербас А321. Дополнително ќе работиме да се вработат уште стотина македонски граѓани во авиокомпанијата, истакна на денешната прес конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.“ Тука сме да споделиме три убави вести. Првата е да објавиме пет нови авиолинии, три од охридскиот аеродром, две од скопскиот аеродром. До охридскиот аеродром ќе се лета од Катовице -Полска од 28 јуни следната година, Вроцлав исто така Полска од 28 јуни следната година, што е многу значајно за отворање на Полска како земја која е многу заинтересирана за туризам во Македонија, особено полските туристи се доста добродојдени во охридскиот регион и третата дестинација е Милано-Малпенса главниот аеродром која исто така ќе оперира од 28 јуни следната година. На тоа додаваме уште две нови линии кон скопскиот аеродром, Наполи-Италија со почеток од 6 април следната година и Будмишта -Унгарија од 6 април следната година. Ако на ова ги додадеме претходните пет линии кои ги објавивме пред месец дена, тоа е главниот аеродром Стокхолм и Мадрид кои почнуваат од 2 ноември, потоа Келн кој што почнува на 20 декември, Бари и Прага исто така на 20 декември и Ларнака која почнува на 30 октомври, тоа се вкупно 11 нови авиолинии за само месец и половина во соработка со нашите пријатели од Визер.Втората вест е дека Визер на скопскиот аеродром ќе донесе шест авиони кои ќе бидат постојано присутни на аеродромот, до сега беа четири, ќе оди и на 7-8 и што е многу значајно прават замена на старите Ербас А320 на нови Ербас А231, кои се најмодерните авиони во светот во моментов. Тоа се авиони кои најмалку загадуваат и прават помалку бучава и авиони кои се со 239 седишта што ќе значи околу 59 % зголемување на капацитетот од следната година. Визер од следната година ќе понуди 3, 3 милиони седишта за Македонија што може да замислите што ќе значи за туризмот и за економијата во Македонија. Третата добра вест е 200 Македонци работат во Визер и таа бројка планираме во следниот период да ја зголемуваме за најмалку уште 100” – истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.Извршниот директор на Визер, Јосеф Варади истакна дека во Македонија гледаат партнер и како пазарен лидер во регионот воведуваат бенефити за граѓаните. Потенцираше дека до крај на годината ќе воведат шест летала и пониски цени, како и 3,3 милиони седишта во следната година за Македонија што ќе значи развој на туризмот и економијата. Тој додаде дека очекува дополнително да се вработуваат македонски граѓани во компанијата.

Македонија | пред 5 месеци

bujar-osmani

И авионот во кој патувал Бујар Османи во 2023 останал без ГПС сигнал над Бугарија

Инцидентот со авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кој неодамна беше принуден да слета во Пловдив откако изгуби сигнал за навигација, не е единствен случај од ваков вид.Албанскиот портал „Јавањуз“ потсетува дека во февруари 2023 година, сличен проблем имал и службениот авион со кој патувал тогашниот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи.Леталото, додека минувало низ бугарскиот воздушен простор, целосно останало без ГПС-сигнал. Поради тоа, пилотите морале да преминат на рачни навигациски уреди и печатени мапи, следејќи пропишани процедури за вакви итни ситуации.

Македонија | пред 5 месеци

Vardariste-diva-deponija-3

Левица: Градоначалниците на ДПМНЕ четири години не преземаа ништо за Вардариште

Партијата Левица денеска соопшти дека изјавите на в.д. градоначалникот на Аеродром, Дејан Митевски, и на кандидатот Орце Ѓорѓиевски, со кои повторно ја отвораат темата за депонијата Вардариште, се „трагикомични и провидни“ и служат само за предизборни поени.„Вистината е јасна – проблемот со Вардариште може да се реши веднаш, доколку постои политичка волја. Владата на ДПМНЕ има целосна можност да одземе ингеренции и преку надлежните институции да интервенира. Министерството за внатрешни работи може да ги санкционира сторителите што палат, а инспекциските и управните органи имаат механизми за конечно решавање,“ се наведува во реакцијата.Од Левица прашуваат зошто градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години не презеле ништо за решавање на проблемот и зошто ветувањата дадени пред изборите останале само на хартија.„Загадениот воздух што го дишат жителите на Аеродром и пошироко не смее да биде предмет на политички игри и маркетиншки трикови. Граѓаните не заслужуваат нови празни ветувања, туку итна и конкретна акција,“ порачуваат од Левица.

Скопје | пред 5 месеци

Pozarnikari-DZS

Изгоре барака на Центарот за управување со кризи во Табановце

Во Транзитниот центар Табановце вчера попладне избил пожар во барака сопственост на Центарот за управување со кризи. Повредени лица нема, а огнот бил изгаснат од кумановските пожарникари, информира МВР.На 02.09.2025 во СВР Куманово било пријавено дека околу 15:45 часот во Транзитен центар Табановце настанал пожар во барака сопственост на Центарот за управување со кризи. Повредени лица нема, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-10-9310PM

Патник тешко повреден при пад во автобус на ЈСП во Скопје

Скопјанец на возраст од 64 години се здобил со тешки телесни повреди откако паднал во автобус на ЈСП што сообраќал по булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, соопшти полицијата.-Шеесет и четиригодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал во автобус на ЈСП што сообраќал по булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, соопшти полицијата.Шеесет и четиригодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал во автобус на ЈСП што сообраќал по булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, соопшти полицијата.На 02.09.2025 во 10:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, во автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(57) од Скопје, паднал патникот Љ.Ш.(64) од Скопје, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР.

Скопје | пред 5 месеци

policija-1313

Кривични пријави за обид за убиство и учество во тепачка во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривични пријави против девет лица од главниот град поради обид за убиство, тешка телесна повреда и учество во тепачка, откако на 16 август 2025 година по расправија меѓу нив избила физичка пресметка.СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид, против А.А.(19) и С.Д.(34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против Д.Д.(32), С.Д.(50), Р.Џ.(21), С.С.(56), А.Д.(25) и А.Д.(27), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“. На 16.08.2025 во Скопје, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што првопријавениот со употреба на дрвен предмет го нападнал третопријавениот и му нанел тешки телесни повреди, соопшти МВР.

Скопје | пред 5 месеци

merc

Мерц го нарече Путин „најтешкиот воен злосторник“, Кремљ вели неговите ставови се „неважни“

Кремљ денеска порача дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировни преговори околу Украина треба да се игнорираат, откако тој изјави дека Владимир Путин е „можеби најтешкиот воен злосторник на нашето време“.„Речиси е невозможно да се земат предвид ставовите на Мерц по неговите последни изјави,“ изјави портпаролот Дмитриј Песков за време на посетата на Кина, реагирајќи на предлогот мировните преговори да се одржат во Женева.Мерц вчера во интервју нагласи дека за луѓе како Путин „нема место за попустливост“. Тој и претходно ја обвинуваше Русија за „сериозни воени злосторства“ и за „терор врз цивилното население“, но ова е првпат директно да го означи рускиот претседател како потенцијално најтежок воен злосторник на денешницата.Изјавите на германскиот канцелар доаѓаат во момент кога меѓународните правни постапки против Путин се уште се во тек. Потсетуваме, во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин под сомнение за незаконска депортација на украински деца.Налот за апсење значително ги усложни дипломатските напори. Австриското министерство за надворешни работи неодамна соопшти дека земјата е подготвена да биде домаќин на мировни преговори меѓу Украина и Русија, но нагласи дека би се консултирала со Меѓународниот кривичен суд за да се избегне ситуација во која Путин би морал да биде уапсен за време на евентуална посета.

Свет | пред 5 месеци

mvr

Кривична пријава за вработени во МВР, не постапиле по констатирани сообраќајни прекршоци и овозможиле да застарат

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ф., Ѓ.И. и С.П. поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Б.Ф., Ѓ.И., и С.П., сите од Одделението за прекршоци при СВР Скопје, несовесно постапиле при вршење на своите овластувања и должности.Тие во временскиот период од 01.01.2022 до 31.12.2023 година примиле записници за констатирани сообраќајни прекршоци и прекршочни платни налози сторени од граѓани на подрачјето на град Скопје и за истите не постапиле во законски предвидениот рок од две години, согласно член 41 од Закон за прекршоци.За 143 предмети не изготвиле барања за поведување на прекршочна постапка, а додека за 30 предмети биле изготвени барања за поведување на прекршочна постапка, но истите не биле проследени до надлежните институции во законски предвидениот рок, со што овозможиле да настапи застареност на поведување и водење на прекршочната постапка.Со наведените дејствија сториле претпоставена материјална штета на Буџетот на МВР од 865.425 до 1.987.215 денари.

Скопје | пред 5 месеци

aerodrom-zagaduvanje

Од денеска натаму, најавени се секојдневни протести во Аеродром

Секој ден од 18 часот ќе се одржува народен собир во Аеродром, пред мостот „Киро Глигоров“, а поради депонијата „Вардариште“ која гори измиантите денови. Граѓаните сметаат дека се врши екоцид со години и бараат да се стави крај на таквото делување.[caption id="attachment_347309" align="alignnone" width="696"] Screenshot[/caption]

Коментари | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања