Скопје1.мк

Zivko_Cingo_2025

Избран е најдобриот расказ на годинешниот конкурс „Живко Чинго“

Расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела”е најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.Комисијата во состав: Димитар Пандев, претседател, Бранко Цветкоски, член и Зоран Јаќимоски, член, во изготвениот извештај истакна:„Наградениот расказ „Мизанабим” се одликува со извонредна техника на раскажување што се засновува врз едно очигледно длабоко и темелно познавање на високите врвови на светската проза и на теоријата на прозата и притоа не изостанува авторската умешност лесно да ги хармонизира пристапите на некои великани со неговото лично авторско проседе.“На Конкурсот пристигнаа вкупно 69 раскази. Авторот на наградениот расказ, треба најдоцна до 11.08.2025 година (понеделник) да се јави во Одделението за култура при Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок од литературното дело.Наградата на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13 август во село Велгошти.

ОО | пред 6 месеци

markica

Избрани апликанти по јавен повик за граѓански организации за 2025 година

Во рамките на Јавниот повик за поднесување на предлог проекти од граѓански организации, објавен на 26.03.2025 година, Општина Охрид ги објавува избраните апликанти чии проекти се целосно усогласени со развојните приоритети на општината за 2025 година: ИЗБРАНИ ПРОЕКТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ: НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: ПУЛСОТ НА ЕЗЕРОТООРГАНИЗАЦИЈА:  НУРКАЧКИ ЦЕНТАР   “АМФОРА“ПРИОРИТЕТНА ОБЛАСТ: ТУРИЗАМ И КУЛТУРА НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: ОД ДОМАШНА КУЈНА ДО ЛОКАЛЕН БРЕНД ОХРИДОРГАНИЗАЦИЈА:  ЦОР “ИМПАКТ“ПРИОРИТЕТНА ОБЛАСТ:  РОДОВА ЕДНАКВОСТ И СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИВкупен буџет на повикот: 2.500.000,00 МКДИзноси по проект:    од 100.000,00 до 700.000,00 МКДПериод на реализација : од април 2025 до март 2026 година Избраните проекти беа селектирани врз основа на административна усогласеност, јасно дефинирани цели, влијание во заедницата и соодветност со утврдените приоритети на Општина Охрид:младински активизам и партиципацијародова еднаквост, економска и социјална инклузијазаштита на животната срединатуризам и култура Општина Охрид им упатува честитки на избраните организации и изразува благодарност до сите подносители на проекти за нивниот ангажман и посветеност кон развојот на локалната заедница.

ОО | пред 6 месеци

Italianski-ambasador07252015003

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари желба со италијанскиот амбасадор Н.Е Паоло Палминтери

Протоколарна средба остварија, денес, градоначалникот Кирил Пецаков и Амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери.Соговорниците на средбата разговараа за унапредување на меѓусебната соработка со можност за остварување директна соработка помеѓу општина Охрид и градови од Италија со кои Охрид има слични карактеристики.Исто така се разговараше и за соработки во други области како образование, туризам , култура. Градоначалникот го запозна Амбасадорот со тековните проекти кои се реализираат во Охрид, како и за планираните активности кои ќе се реализираат во иднина.Амбасадорот Палминтери упати покана до градоначалникот за претстојната „Италијанска вечер“ која ќе се одржи во рамки на фестивалот „Охридско Лето“.

ОО | пред 6 месеци

IMG_6897

Побаран притвор за пијаниот штипјанец кој со ловечки нож ја убил својата мајка

Основното јавно обвинителство Штип отвори истражна постапка против 54-годишен жител на градот, осомничен за убиство на својата 84-годишна мајка, кривично дело од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Трагедијата се случила рано утрово во семејниот дом на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип. Според обвинителството, осомничениот – под дејство на алкохол со концентрација од 2,43 промили во крвта – по вербална расправија земал ловечки нож и и нанел убодна рана во пределот на вратот на својата мајка. Жената починала на лице место од исцрпување на крв.По нападот, тој самиот се јавил на бројот за итни случаи 112 и го пријавил настанот. Полицијата веднаш интервенирала и го привела осомничениот.Јавниот обвинител поднел предлог до судија на претходна постапка во Основниот суд во Штип за определување мерка притвор.

Свет | пред 6 месеци

cair-gradinka

Во Чаир отворена градинка, деца беа облечени во албанска носија и со кече, македонска иконографија „ни за лек“

Вицепремиерот Фатмир Меџити, заедно со градоначалникот Висар Ганиу, кој се соочува со обвинувања за злоупотреби во врска со дивоградби, и министерот за социјала, Фатмир Лумани, присуствуваа на отворањето на новата детска градинка во Чаир. На настанот, кој беше обележан со свечено сечење на црвена лента, се забележа присуство на албанска културна иконографија, додека македонски симболи не беа застапени.„Најголемата детска градинка во Македонија денес ги отвори своите врати за децата, во срцето на Чаир. Модерен простор, изграден со љубов за нашите најмали. Ние не правиме празни зборови, ние работиме. За Чаир, за граѓаните, за нашата земја. Честито, мој Чаир!“ – напиша Меџити на својот профил.Ова отварање беше дел од продолжените активности за подобрување на инфраструктурата кога во прашање се децата од предучилишна возраст, која се смета за еден од клучните елементи во политичките иницијативи на владата.

Скопје | пред 6 месеци

markica

Се одржа педесет и деветтата седница на советот на Општина Охрид

Градските советници, денес ја одржаа педесет и деветтата седница. На дневен ред имаше 16 точки, од кои повеќето беа од урбанистичката сфера, а се донесоа одлуки за формирање на паралелки со помалку од 20 ученици во основните училишта и во ОСУ „Св.Климент Охридски“.Со одлука на советниците, спортската сала беше предадена на трајно користење на ЈП „Билјанини извори“.

ОО | пред 6 месеци

elena-ujp

УЈП распродаде станови, автомобили, деловен простор одземен од должници: Ако не се плаќа данок – државата има механизми

Управата за јавни приходи (УЈП) во периодот јануари – јули 2025 година преку е-аукции наплатила вкупно 21.619.411 денари (околу 314.206 евра) од продажба на движен и недвижен имот на должници кои не ги подмириле своите даночни обврски.Од продажба на 26 движни предмети – меѓу кои патнички и товарни возила, како и машини – државата инкасирала 6.129.604 денари (99.177 евра). Продадени се, меѓу другото, автомобили како Fiat Panda, Toyota Hilux, Honda Jazz, Golf 6 и 7, Mercedes-Benz ML320, VW Caddy, VW Passat, како и комби возила, товарни возила и машини за шиење и кроење текстил.Од продажба на недвижен имот, пак, се наплатени 13.289.807 денари (215.029 евра). На електронска аукција биле продадени четири недвижности: стан од 72 м² во Охрид, деловен простор од 111 м² во Струмица, земјиште од 103 м² во Прилеп и просторија од 17 м² во Скопје.Поради неплатени даноци, државата стекнала сопственост над повеќе имоти – меѓу кои деловна просторија од 21 м² во Прилеп, земјоделско земјиште од 13.333,92 м² во Кавадарци, деловен простор од 259 м² во Струмица, викендица од 91 м² во Струмица и два стана по 93 м² во Битола. Проценетата вредност на овој имот е 33.176.370 денари (536.794 евра).Од УЈП потсетуваат дека од постигнатата цена на аукција најпрво се наплаќаат трошоците на постапката, потоа каматата, а на крај главниот долг. Доколку продажбата не успее ниту по втора јавна аукција, Република Македонија станува сопственик на недвижноста, а долгот се намалува за 50% од проценетата пазарна вредност.„Даночната обврска не е избор – таа е законска должност. Секое неплаќање навреме значи и поголеми трошоци за должникот“, порачаа од УЈП.

Македонија | пред 6 месеци

izet-medziti-1-im

Изет Меџити: Војната на УЧК во Косово, во Прешево и во Македонија беше праведна, разумна и чиста

Вицепремиерот и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изрази целосна поддршка за вчерашниот протест во Приштина под името „Правда за ослободителите“, организиран од страна на Здружението на воени ветерани на паравоените УЧК и ОВК.Во објава на социјалните мрежи Меџити нагласи дека не сака да ја користи оваа голема кауза за изборни цели, бидејќи според него, борбата за слобода и правда е многу поважна од какво било политичко натпреварување.„Мојот став отсекогаш бил и останува принципиелен и непоколеблив: Војната на ОВК во Косово, во Прешево, како и во Македонија, беше праведна, оправдана и чиста! Тоа беше војна за државноста, за еднаквоста и за одбраната на албанскиот идентитет на териториите на поранешна Југославија. Светот ги призна и ги казни агресорите и насилниците за злосторствата врз Албанците. Секој обид денес да се изедначи насилникот со жртвата е неприфатлив – било според нормите на меѓународното право, било според принципите на обичајното право.“, истакна членот на коалицијата ВЛЕН.Тој оценил дека Косово денес е суверена и функционална држава во секој агол од својата територија, нагласувајќи дека „паралелните структури на северот од Косово се елиминирани, додека институциите на Република Косово се консолидирани“.Меџити, исто така, ги критикувал политиките на иницијативата „Отворен Балкан“ и политичката класа која, според него, направила компромис со територијата, богатството и правдата. Тој оценил дека денес Косово го водат лидери кои не се пазарат со државните и националните интереси.Протестот во Приштина се одржа „против неправдата“ што наводно ја извршил Специјализираниот совет на Косово во Хаг против поранешните водачи на ОВК и УЧК кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото. Еден од говорниците на протестот беше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Македонија | пред 6 месеци

karpalak-1

Ковачки со остра порака за Карпалак и Љуботен: Времето не ги лечи раните од 2001 година, тие што бегаа од честа да паднат за Македонија, денес бегаат од вистината

Пратеникот и поранешен офицер Драган Ковачки, по повод годишнините од трагичните настани кај Карпалак и Љуботенски Бачила, упати остра порака до, како што вели, „поединци кои профитирале од политиката, а денес судат од удобните фотелји“.„Додека одредени медиокритети, подпросечни ликови кои преку политиката профитирале за себе и за неколку генерации, плукаа на љубовта и на лудоста за одбраната на својата татковина, па дури си земаа за право да ги омаловажуваат и да ги обезвреднуваат патриотските чувства и делата на македонските бранители, тие што тогаш се криеа и бегаа од честа да паднат за Македонија, денес бегаат од вистината“, напиша Ковачки.Тој додаде дека времето не ги лечи раните од 2001 година и дека болката и празнината од загубата на соборците остануваат засекогаш: „Раните и не треба да зараснат, затоа што таа болка треба да нè потсетува дека имало време и луѓе кои не мислеле лично на себе, туку на нас.“Ковачки заврши со порака: „Срцата на јунаците не запираат да чукаат, тие продолжуваат да чукаат во сите искрени македонски родољуби.“

Македонија | пред 6 месеци

SVETI-NIKOLE-13

Mozzart ја пишува спортската приказна – нов терен за идните шампиони во Свети Николе

Свети Николе стана третото светло на мапата на надежта, добивајќи мини пич терен, донација од компанијата Mozzart, во рамки на акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“. Оваа иницијатива не е само за спорт, туку за соништа, за младите кои со топка во нозете го бараат својот пат кон иднината.Приказната започна покрај езерото во Охрид, продолжи низ срцето на Велес, и сега, со топлина и гордост, завршува во Свети Николе. Но ова не е крај — ова е само почеток на нешто поголемо.Трите нови терени ќе бидат места каде ќе се раѓаат идните македонски фудбалски ѕвезди, каде детските соништа ќе добиваат крилја, а секој удар по топката ќе носи надеж.Новиот терен во Свети Николе гордо ќе го носи името на легендата Бобан Бабунски — симбол на македонскиот фудбал и инспирација за генерации. „Вистинска чест и задоволство ми е што овој терен ќе го носи моето име. Ова е навистина прекрасна акција на Mozzart, преку која се буди љубовта кон спортот и се создаваат нови успешни приказни. Се надевам дека и други компании ќе го следат овој пример“, изјави Бабунски.Првите кои ја почувствуваа магијата на новиот терен беа младите фудбалери од ФК Овче Поле, кои одиграа натпревар со хуманитарна цел — собраните средства беа наменети за Центарот за социјална работа во Свети Николе. Фудбалот, уште еднаш, покажа дека може да биде мост меѓу срцата.„Ова е третиот и последен мини пич терен што го отвораме оваа година. Акцијата Фудбалот е повеќе од игра се покажа како многу успешна, и веќе добиваме нови барања. Започнавме од Охрид, продолживме во Велес и завршуваме во Свети Николе — но оваа приказна само што започна. Следната година нè очекуваат нови проекти. Продолжуваме да создаваме можности за младите спортисти“, рече Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.Акцијата која започна во Србија, годинава доби своја македонска верзија и со секој нов терен, Mozzart ја потврдува својата посветеност кон спортот, младите и иднината. (ПР)

Магазин | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-08-at-11.54.42

Генерал Стојков за загинатите кај Карпалак: Да не заборавиме – слободата се плаќа со живот, а вие го дадовте најскапото

По повод 24-годишнината од нападот кај месноста Карпалак, во кој на 8 август 2001 година загинаа 10 припадници на Армијата на Република Македонија, генерал Горан Стојков им оддаде почит на загинатите бранители.„Во чест на 10-те херои од Карпалак – вашата жртва е вечна, вашите имиња се врежани во срцето на Македонија. Да не заборавиме – слободата се плаќа со живот, а вие го дадовте најскапото. Вечна ви слава и почит“, напиша Стојков.Нападот кај Карпалак, извршен од вооружени припадници на ОНА, се смета за еден од најтрагичните и најкукавичките настани во поновата македонска историја. Во заседата животот го загубија Сашо Китаноски, Марко Деспотоски, Нане Наумоски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Горан Миноски, Пеце Секулоски, Веби Рушидоски и Ердован Шабаноски.

Коментари | пред 6 месеци

izbori-makedonija-Copy

10 милиони евра за локалните избори – најголемиот дел за партиско рекламирање

Државата ќе потроши околу 10 милиони евра за спроведување на локалните избори закажани за 19 октомври. Дури две третини од парите, односно над 6,5 милиони евра, ќе завршат за политичко рекламирање на кандидатите во медиумите. Останатите средства се наменети за надоместоци на членовите на изборните одбори, транспорт и логистика за гласачкиот материјал. Сумирано – изборите ќе чинат околу 5 евра по секој полнолетен граѓанин.Собранието до сабота, 9 август, мора официјално да ги распише изборите, по што Државната изборна комисија ќе го објави календарот со сите рокови и обврски. До крајот на месецот, ќе треба да се ангажираат 21.000 администратори за 3.500 избирачки места, како и уште 14.000 партиски предложени членови од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВЛЕН.Проверката на Избирачкиот список ќе почне 15 дена по распишувањето и ќе трае 20 дена, период во кој граѓаните ќе можат да поднесат барања за исправки на податоците.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-05-at-21.29.35

Убиецот од Бардовци, преместен во притвор во Шутка: ќе биде изолиран од останатите притвореници

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и одреди мерка притвор од 30 дена за 36-годишниот Димитар Спасов, осомничен за бруталното убиство во Психијатриската болница „Скопје“ – Бардовци.„Прифатен е предлогот на ОЈО за определување мерка притвор од 30 дена и е спроведен во КПУ Затвор Скопје, во посебно одделение, изолиран од останатите притвореници“, потврдија од судот за „Скопје1“.Обвинителството отвори постапка за кривично дело – убиство по член 123 став 1 од Кривичниот законик, откако Спасов со стаклено шише смртно го повреди својот цимер, пациент со иницијали И.Т., по наводна кавга за легло. Телото на жртвата е предадено на обдукција.Спасов, кој во 2012 година беше прогласен за непресметлив по убиството на својата мајка, подолго време бил забележуван како слободно се движи низ Ѓорче Петров и седи по кафеани, иако формално бил на задолжително лекување во психијатриската болница каде ја издржувал казната. Полицискиот надзор му бил повлечен по одлука на правосудни органи, а од болницата излегувал и се враќал без контрола.„Скопје1“ објави дека осомничениот имал активни профили на социјалните мрежи, каде споделувал насилни снимки и повикувал на тепачки. Според сведоци, во болницата кон вработените и пациентите упатувал закани, малтретирал, а во објектот имало и алкохол.Случајот предизвика бурни реакции во јавноста и ја отвори дебатата за безбедноста, надзорот и третманот на опасни пациенти во психијатриските установи, како и за одговорноста на институциите кои дозволиле лице со вакво досие повторно да убие.

Македонија | пред 6 месеци

krst-vodno

(ВИДЕО) Скопје од најголемата височина, Орце Симов сними како се симнува од највисоката точка, телекомуникациската кула на Водно во завршна фаза

Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Орце Симов, објави видео на својот Фејсбук профил во кое вели дека го почнува симнувањето од највисоката точка на телекомуникациската кула на Водно.Освен тоа, напиша и дека бјектот е во завршна фаза, а остануваат уште неколку ситни работи и приклучокот за електрична енергија со ЕВН. Во објавата, Симов сподели и неколку фотографии и видеа од теренот, нагласувајќи дека за десетина дена проектот треба целосно да биде финализиран.

Скопје | пред 6 месеци

pozar-3

Приведен охриѓанец – осомничен дека намерно запалил нива

Полицијата во Охрид привела 41-годишен жител на градот, осомничен дека предизвикал пожар во атарот на селото Горно Лакочереј.Според МВР, на 7 август 2025 година, околу 15 часот, З.Н. запалил нискостеблеста вегетација и ожнеана нива, со што предизвикал пожар кој можел да се прошири на поголема површина.При преглед, полициските службеници пронашле и одзеле запалка за која се верува дека била користена при палењето.„По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Охрид | пред 6 месеци

plaza-grcija

Српски турист пронајден мртов на плажата Неа Пори во Грција

Српски државјанин на 44-годишна возраст бил пронајден во бесознание на плажата Неа Пори во областа Пиерија, Грција. Иако спасувачите веднаш интервенирале и се обиделе да му помогнат, мажот подоцна бил прогласен за мртов.Настанот се случил во средата наутро, пренесуваат грчките медиуми.Според информациите од крајбрежната стража, на лицето прво му била укажана прва помош на самото место, по што со возило на Итната медицинска служба (ЕКАБ) бил префрлен во здравствен центар, каде што била констатирана смрт.Четвртата единица на пристанишната полиција од Платамонас, која е дел од Централната пристанишна управа на Солун, ја води прелиминарната истрага за случајот. Наредена е обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.Причините за трагичниот исход сè уште не се утврдени.Ова е уште една од серијата несреќни случаи ова лето на грчките плажи во кои животот го загубија туристи.

Свет | пред 6 месеци

policiska-lenta

Трагедија во Штип: Поранешен угостител во алкохолна криза ја убил својата мајка

Рано утрово, Штип беше потресен од тешко убиство – 54-годишниот С.З., поранешен познат угостител, ѝ го одзеде животот на својата 84-годишна мајка. Локалното население тврди дека угостителот со години се борел со зависност од алкохол, но и дека имал и проблеми со коцка, поради што често се позајмувал пари од најблиските.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека трагедијата се случила ноќеска, околу 02:00 часот. Жената е убиена во семејниот дом. Осомничениот со остар предмет ѝ нанел убодна рана на својата мајка, која починала на лице место. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.„Во 04:15 часот, полициските службеници од СВР Штип го лишиле од слобода осомничениот. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција, а на лице место бил извршен увид од страна на екипа на СВР Штип, под раководство на Јавното обвинителство. Острото оружје е пронајдено и одземено за натамошна постапка“, информираат од МВР.Од полицијата потврдија дека против С.З. ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка за убиство на близок роднина, по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Жителите на Штип велат дека С.З. некогаш важел за успешен угостител, но зависноста од алкохол и коцка целосно го оддалечила од бизнисот и од нормалниот семеен живот, што на крај кулминирало со оваа трагедија.

Македонија | пред 6 месеци

nbnjesdf-438757

Пет жртви за два месеци на опасната кривина на патот Прилеп-Градско, граѓани укажуваат за несоодветно обележување

На опасната кривина на експресниот пат Прилеп–Градско, каде дозволената брзина се намалува од 110 на 40 километри на час, за два месеци загинаа пет лица, а едно дете беше тешко повредено. Пред два дена, две лица од Делчево го загубија животот откако со автомобилот излетаа од патот при исклучувањето. Ден претходно, скопјанец кој не успеал да сврти на кривината, веројатно и движејќи се со неприлагодена брзина, удри во заштитната ограда и ја качи над кровот на автомобилот.Според надлежните, веќе е изготвено ново сообраќајно решение за поставување на знаци и предупредувања, кое по одобрување ќе се спроведе на терен. Но, возачите велат – промените мора да бидат итни.Читатели на „Скопје1“ укажуваат дека проблемот не е само во брзината, туку и во лошо поставената сигнализација:„Знакот 40 треба да стои барем на 500 метри пред исклучувањето, па потоа уште еден на 200 метри и непосредно пред кривината. Сега е поставен предоцна и остава премалку време за реакција“, вели Милена М.„Од 110 на 40 одеднаш – ретко кој навреме ја намалува брзината, а кривината е опасна. Треба повеќе предупредувачки знаци – 80, 60, па 40“, предупредува Илчо С.„Толеранцијата за грешка е премногу мала, а наглото вртење веднаш по автопат е изненадување за возачите“, додава Шеро М.Освен критиките за сигнализацијата, возачите посочуваат и други проблеми – лоша осветленост, теснење на коловозот, оштетени пластични столпчиња и нелогично обележување на патот.„Овој пат е промашена работа, мора да се направат измени на оваа кривина“, порача Зоко Ј., додека Стефан С. реагира: „Дваесет пати сум возел и се чудев кој го обележувал патот – логика нема.“До реализацијата на новото сообраќајно решение, овој дел од патот останува „црна точка“ на македонските патишта.

Македонија | пред 6 месеци

albansko-zname

Поради веење на знаме на „Голема Албанија“ германски државјанин доби условна казна и депортирање

Пред почетокот на фудбалскиот натпревар Шкендија-Карабаг, германски државјанин го веел знамето на „Голема Албанија“, заради што се осуден на условна затворска казна и е протеран од земјава.-Основниот кривичен суд во Скопје осуди државјанин на Германија на условна затворска казна од две години, откако беше фатен како вее знаме со мапа на „Голема Албанија“ и натпис „Автохтона“ пред натпреварот меѓу ФК Шкендија и ФК Карабаг на 5 август.Полицијата му поднесе кривична пријава, а Обвинителството веднаш отвори постапка по член 319 од Кривичниот законик – за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа.

Македонија | пред 6 месеци

karpalak-antono-stnakovski

(Видео) Кој е виновен за заседата кај Карпалак? Станковски: Веројатно организациски сме ја утнале работата

Денеска се навршуваат 24 години од еден од најтрагичните и најкукавичките настани во поновата историја на Македонија – заседата кај месноста Карпалак, во која животите ги загубија десетмина бранители.Поранешниот командант на Воената полиција и ЕБР, началник на специјалните единици, Антонио Станковски, во поткастот „Претрес“ говореше за трагичниот настан и можните пропусти во неговата организација.?t=2592„Не сум бил на тоа старешинско ниво за да имам информација дали на време стигнале. Мислам дека можеби станува збор за недоволно проверени информации и не системско водење на целата таа колона. Кога се сомневаш дека нешто не е во ред, треба да се промени времето на движење, начинот на кој оди колоната, да се покријат ризични точки, можеби со хеликоптер, за да се обезбеди патот и безбедно да стигне на целта. Веројатно организациски сме ја утнале работата“, рече Станковски.Прашан кој е виновен за Карпалак, тој одговори: „Во војна се случуваат такви работи. Можеби некој е крив за нешто, но војната носи жртви. Организациски секогаш може подобро – ако треба да се појде покасно, ако треба да се употребат сили за обезбедување на патот, тоа треба да се преземе. Ако службите ти дадат информации, а не ги вклучиш во одлуката, тогаш можат да се случат вакви работи.“Во заседата на 8 август 2001 година беа убиени: Сашо Китаноски (39), Марко Деспотоски (27), Нане Наумоски (48), Љубе Грујоски (31), Бранко Секулоски (42), Дарко Вељаноски (27), Горан Миноски (29), Пеце Секулоски (29), Веби Рушидоски (26) и Ердован Шабаноски (20).

Македонија | пред 6 месеци

529170784_1172920548188874_4036139121080581647_n

24 години од масакрот кај Карпалак – сеќавање на загинатите бранители

На денешен ден, пред 24 години, кај месноста Карпалак се случи еден од најтрагичните настани во поновата историја на Македонија – кукавички масакр врз вооружените сили на Републиката, извршен од страна на терористички формации.Во нападот животите ги загубија десетмина бранители:⚫️ Сашо Китаноски (39) од Прилеп⚫️ Марко Деспотоски (27) од Новоселани, прилепско⚫️ Нане Наумоски (48) од Прилеп⚫️ Љубе Грујоски (31) од Пашино Рувци, прилепско⚫️ Бранко Секулоски (42) од Прилеп⚫️ Дарко Вељаноски (27) од Ропотово, прилепско⚫️ Горан Миноски (29) од Прилеп⚫️ Пеце Секулоски (29) од Бело Поле, прилепско⚫️ Веби Рушидоски (26) од Прилеп⚫️ Ердован Шабаноски (20) од ПрилепНастанот останува длабока рана во колективната меморија, а жртвите – симбол на храброст и пожртвуваност во одбрана на татковината.

Македонија | пред 6 месеци

lesko-tufke

„Во Грција газда во притвор по експлозија и повредени туристи, кај нас – смрт во „див“ локал без одговорност“, вели Туфегџиќ

Во Грција, по експлозија на плинска боца во изнајмен апартман во која беа повредени пет туристи, полицијата веднаш го приведе 86-годишниот сопственик на објектот.Адвокатот Владимир Туфегџиќ, застапник на семејството на трагично починатиот Љупчо Лешко, ја спореди оваа реакција со односот на институциите во Македонија, каде што, по смртта на младиот Лешко во „див“ угостителски објект, никој не е приведен и нема преземена одговорност.„Некој ќе рече – каква врска има газдата, плинска боца може да експлодира било каде. Еве зошто има врска: кај нас загина млад човек во објект со шанк, маси, столици, озвучување и јавна промоција на адресата за издавање на Инстаграм. Наместо истрага, се прават надчовечки напори случајот да се прикаже како несреќен случај,“ вели Туфегџиќ.Тој додава дека единствено вишиот јавен обвинител, во жалбена постапка, наложил повторно постапување, бидејќи го видел она што, според него, „понискиот“ обвинител и дел од полициските службеници и вештаци „не можеле“ да го видат.„Наместо непристрасна истрага, си формираа телефонско мислење и ‘ненамерно’ ги контаминираа доказите,“ вели адвокатот, нагласувајќи дека станува збор за прашање на одговорност.

Коментари | пред 6 месеци

ChatGPT

OpenAI го претстави GPT-5: „Паметен, побрз и многу покорисен“

OpenAI го претстави GPT-5, најновата и најмоќна верзија на својот голем јазичен модел, кој од денес им е достапен на сите корисници – вклучително и на бесплатните. Компанијата вели дека моделот е „паметен, побрз и многу покорисен“, особено во области како пишување, програмирање и здравство.„Пробав да се вратам на GPT-4 и искуството беше прилично мизерно,“ изјави извршниот директор Сем Алтман.Според OpenAI, GPT-5 има значително пониска стапка на т.н. „халуцинации“ (измислени одговори) и поминува низ 5.000 часа тестирање на безбедност. Наместо целосно одбивање да одговори на потенцијално ризични прашања, моделот сега користи „безбедни завршетоци“ – дава одговори во рамки кои не можат да предизвикаат штета.Клучни подобрувања: Подобро препознавање кога задача не може да се заврши. Намалување на шпекулациите и појасно објаснување на ограничувањата. Поголема способност за логичко резонирање и обработка на големи количини информации.OpenAI демонстрираше и т.н. vibe coding – креирање апликации од едноставен текстуален опис. GPT-5 за неколку секунди изработи две различни веб-апликации за учење француски, со флеш-картички, квизови и следење на напредок.GPT-5 денеска се пушта за Free, Plus, Pro и Team корисници, а за првпат и бесплатните корисници ќе имаат пристап до reasoning модел. Pro корисниците имаат неограничен пристап, а ChatGPT Edu и Enterprise ќе го добијат следната недела.Microsoft веднаш го интегрира моделот во Microsoft 365 Copilot, Copilot за корисници и Azure AI Foundry, додека компании како Box веќе го тестираат за анализа на комплексни податоци.За девелопери, GPT-5 доаѓа во три варијанти преку API: gpt-5, gpt-5-mini и gpt-5-nano, прилагодени на различни цени и брзина на одговор.„GPT-5 е како да имате тим од експерти со докторат на располагање во секое време,“ вели Алтман.

Магазин | пред 6 месеци

gaza

BBC: Израелскиот план за заземање на Газа – прв чекор кон целосна окупација, Британија: „Погрешна одлука“

Одлуката на израелскиот безбедносен кабинет за преземање контрола врз Градот Газа најверојатно претставува прва фаза од поширок план за целосна окупација на Појасот Газа, бидејќи премиерот Бенјамин Нетанјаху отворено изјави дека тоа е неговата цел, пренесува BBC.Планот наиде на силно противење во врвот на армијата – началникот на Генералштабот, генерал Ејал Замир, предупредил дека ваквиот потег може да ја вовлече израелската војска во „замка“.Семејствата на околу 20 израелски заложници, за кои се верува дека сè уште се живи, стравуваат дека продолжувањето на офанзивата – која може да трае со месеци – дополнително ќе ги загрози нивните животи. Постојат и предупредувања дека операцијата може да донесе нови цивилни жртви и да ја влоши хуманитарната криза во Газа.Иако анкетите покажуваат дека повеќето Израелци поддржуваат договор со Хамас во замена за ослободување на заложниците и крај на војната, политичкиот врв во Тел Авив тврди дека Хамас моментално нема интерес за преговори, охрабрен од меѓународниот притисок врз Израел. Некои аналитичари сметаат дека заканата со целосна окупација е само тактика за притисок врз Хамас.Во интервју пред седницата на кабинетот, Нетанјаху најави дека контролата врз Газа ќе ја предаде на „арапски сили“, но не наведе кои држави би учествувале ниту како би изгледал таквиот процес.Британската влада остро ја критикуваше израелската одлука. Министерката за енергетска безбедност и климатска неутралност Миата Фанбуле за BBC изјави: „Веруваме дека ова е погрешен потег. Ќе ја ескалира веќе неподносливата ситуација и ќе донесе уште повеќе крвопролевање.“Таа повтори дека ставот на Лондон останува непроменет – итен прекин на огнот, зголемување на хуманитарната помош за Газа и ослободување на заложниците. „Се надеваме дека израелската влада ќе ја преиспита својата одлука,“ порача Фанбуле.

Свет | пред 6 месеци

putin

Русија и Индија потврдија стратешко партнерство и покрај американските трговски притисоци

Русија и Индија во Москва одржаа безбедносни разговори на кои ја потврдија посветеноста на своето стратешко партнерство, само ден по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување дополнителни царини на индискиот извоз поради купувањето руска нафта.Индискиот советник за национална безбедност Аџит Довал се сретна со секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу, при што двете страни ја истакнаа важноста на билатералните односи и заедничката борба против современите безбедносни закани.„Посветени сме на натамошна активна соработка за создавање поправеден и поодржлив светски поредок, како и зачувување на меѓународното право“, изјави Шојгу. Довал оцени дека односите меѓу двете земји претставуваат „многу добро воспоставено стратешко партнерство“.Состанокот се одржа во контекст на зголемени трговски тензии со Вашингтон. Трамп најави зголемување на царините за уште 25 проценти на индиската стока, што од 28 август ќе ја зголеми вкупната тарифа на 50 проценти. Кремљ ги обвини САД за „нелегален трговски притисок“ врз Индија и порача дека Њу Делхи има право да тргува со кого сака.Очекувањата се дека Довал за време на посетата ќе разговара и за енергетски и одбранбени теми, вклучувајќи ја набавката на руска сурова нафта и испораката на ракетните системи С-400. Индија во 2018 година потпиша договор вреден 5,5 милијарди долари за пет системи со долг дострел, но испораките повеќепати беа одложувани. Последните единици треба да пристигнат во 2026 и 2027 година.Иако во последниве години се повеќе соработува со западни добавувачи, Индија и понатаму одржува значајна воено-техничка соработка со Русија. Истовремено, приватните индиски рафинерии – меѓу кои „Reliance Industries“ и „Nayara“ – остануваат главни купувачи на руска нафта, и покрај тоа што државниот увоз е намален поради послабите попусти и американските предупредувања.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања