Скопје1.мк

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп најави „историски“ мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска во Белата куќа ќе ги пречека премиерот на Ерменија Никол Пашинјан и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев на официјална церемонија за потпишување мировен договор, со цел ставање крај на децениското непријателство меѓу двете поранешни советски републики.„Овие две нации со години беа во војна, што резултираше со илјадници жртви. Многу лидери се обидоа да го запрат конфликтот, но без успех – сè до сега, благодарение на Трамп“, напиша тој на својата мрежа Truth Social, додавајќи дека е „многу горд на храбрите лидери“ кои се одлучиле за мир.Ерменија и Азербејџан водеа два крвави конфликта околу Нагорно-Карабах. Во 2023 година, Азербејџан ја врати областа под своја целосна контрола во кратка, но жестока офанзива, што предизвика егзодус на над 100.000 етнички Ерменци. И покрај мировните преговори – вклучувајќи ги и минатомесечните во ОАЕ – досега немаше значаен напредок.Покрај мировниот договор, Вашингтон ќе потпише и билатерални спогодби со двете држави за економска соработка, со фокус на развој на транзитен коридор наречен „Трамповата рута за меѓународен мир и просперитет“. Коридорот треба да го поврзе Азербејџан со неговата ексклава Нахчиван преку 32 километри ерменска територија, и со време да вклучува железница, нафтоводи, гасоводи и оптички кабли.Договорот доаѓа по посетата на специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, на Баку годинава. Според американски извори, проектот ќе го развиваат приватни компании, без директно финансирање од САД.Ако се реализира, договорот би можел да ја затвори страницата на еден од најдолготрајните и најжестоки конфликти на постсоветскиот простор и да отвори ново поглавје за Јужниот Кавказ.

Свет | пред 6 месеци

ursula

Трамп планира средба со Путин и Зеленски, ЕУ: „Нас никој не нè повикал“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги информирал дел од европските лидери за планот да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како и за можен трилатерален состанок со него и украинскиот лидер Володимир Зеленски.Од Европската комисија потврдија дека претседателката Урсула фон дер Лајен не била во директен контакт со Трамп и не учествувала во координација со западните лидери. Неколку лидери на земји-членки ја информирале за иницијативата, но официјална покана од Вашингтон нема.„Го поддржуваме праведниот и траен мир за Украина. Што се однесува до самитот, допрва треба да се види дали ќе се одржи – прерано е за детали“, изјави портпаролката на ЕК Ариана Подеста, одбивајќи да потврди дали ЕУ ќе биде поканета.Брисел повтори дека не постои решение за Украина без согласност на Киев, и дека за улогата на ЕУ во поствоената реконструкција мора да има консултации.„Никој не сака мир повеќе од Украина и Европската унија. Русија во моментов не е заинтересирана за мир. Поддржуваме секој чекор кон примирје, но во меѓувреме ѝ помагаме на Украина да биде силна – и на бојното поле и на преговарачката маса“, порачаа од ЕК.Иако ЕУ не е вклучена во актуелните американски дипломатски напори, европските држави ќе го понесат најголемиот товар по завршувањето на војната – и финансиски, и со евентуално присуство на теренот. Трамп веќе порача дека САД нема да имаат активна улога, освен во инвестиции за експлоатација на стратешки минерали, а трошоците ќе паднат на ЕУ. Киев, пак, се надева на брзо отворање на првите поглавја во пристапните преговори за членство.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.23

Високи израелски функционери предупредуваат: „Ќе ни се случи истото што и на Американците во Виетнам“

Израелската влада издаде нови наредби за присилно раселување на делови од градот Газа и Кан Јунис, како вовед во одлуката за целосна окупација на енклавата. Според информации на Times of Israel, првиот чекор е евакуација на околу еден милион жители на Газа – половина од вкупното население – кон т.н. „хуманитарна зона“ Ал-Маваси на југот на појасот, каде што ОН проценува дека веќе се сместени 425.000 лица на површина од само 20 км².По ова, следува втората фаза – воена офанзива, за време на која се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да најави забрзана хуманитарна помош во координација со Израел, со четирикратно зголемување на пунктовите за дистрибуција на храна. Финансирањето би дошло од милијарда долари донации од САД и други држави.Началникот на Генералштабот на Цахал, генерал Ејал Замир, отворено се спротивстави на премиерот Бенјамин Нетанјаху, предупредувајќи дека целосната окупација би ја загрозила безбедноста на 50-те заложници што ги држи Хамас (за 20 се верува дека се живи), би ја исцрпила армијата и би претставувала „замка за Цахал“.„Ова ќе нè вовлече во црна дупка – преземање одговорност за два милиони Палестинци, години чистење, герилска војна и, најопасно, загрозување на заложниците“, изјавил Замир, добивајќи поддршка и од министерот за одбрана Израел Кац – дотогаш близок сојузник на Нетанјаху.Високи функционери предупредуваат на „виетнамски сценарио“ – скапа, долготрајна и со ограничени резултати воена кампања. Алтернативниот план на армијата бил Газа да се опколи, да се блокира помошта и да се водат прецизни напади со цел исцрпување на Хамас, но владиниот компромис сега предвидува мешавина од двете стратегии.

Свет | пред 6 месеци

maduro-696x418-1

САД ја удвоија наградата, сега за информации за апсење на Мадуро даваат 50 милиони долари

Соединетите Американски Држави ја удвоија наградата за информации што ќе доведат до апсење на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, достигнувајќи износ од 50 милиони долари. Американскиот државен обвинител Пам Бонди ја соопшти оваа одлука, наведувајќи дека Мадуро е обвинет за трговија со дрога и соработка со криминални организации.Во видео објавено на социјалната мрежа X, Бонди тврдеше дека Мадуро има врски со познати криминални структури, меѓу кои се венецуелската банда „Трен де Арагва“ и мексиканскиот наркокартел „Синалоа“.На ваквите обвинувања реагираше министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Гил, кој преку Телеграм ја нарече објавата „најсмешната димна завеса што некогаш е видена“. Тој обвини дека станува збор за „медиумски циркус“ со цел да ѝ се удоволи на, како што рече, поразената венецуелска крајна десница. „Достоинството на нашата татковина не е на продажба. Ја осудуваме оваа груба политичко-пропагандна операција“, додаде Гил.Првично, во 2020 година, САД понудија 15 милиони долари за информации поврзани со апсењето на Мадуро, кога беше обвинет за трговија со наркотици. Во јануари 2025 година, износот беше зголемен на 25 милиони, по положувањето заклетва за неговиот трет мандат, проследено со нови санкции против високи официјални лица од Венецуела.Во меѓувреме, американските власти продолжија со класифицирање на венецуелски и мексикански криминални групи како терористички организации. Во февруари, Стејт департментот ја прогласи „Трен де Арагва“ за странска терористичка организација, заедно со МС-13 и неколку мексикански картели. Во јули, истата ознака беше доделена и на „Картел де лос Солес“.Американскиот државен секретар Марко Рубио во својата изјава рече дека Николас Мадуро е водач на „Картел де лос Солес“, мрежа која, според него, повеќе од една деценија е одговорна за шверц на дрога во САД.

Свет | пред 6 месеци

rade-trajkovski-stekli-3

Штекли во судница: Рочиштето за познатиот случај за дрога во Аеродром прекина поради расправа за психичката состојба на главниот обвинет

Судскиот процес за случајот „Штекли“, поврзан со организирана трговија со дрога во скопската населба Аеродром, денеска доби нов пресврт – сето внимание се насочи кон психичката состојба на главниот обвинет Раде Трајковски, познат како Штекли.Судијата Илија Трпков соопшти дека одбраната приложила психијатриско вештачење според кое Раде Трајковски-Штекли страда од растројство со шизофрени карактеристики, халуцинации и параноидни идеи, и како таков – не е способен да ја следи постапката. Од друга страна, Обвинителството презентираше целосно спротивен извештај – во кој се наведува дека тој е апсихотичен и потполно способен за учество во судењето.Поради контрадикторните мислења, Судечкиот совет одлучи да ги соочи вештаците на следното рочиште, закажано за 3 септември. Дотогаш, останува отворено прашањето дали процесот ќе продолжи со Трајковски, дали ќе му се суди одвоено, или ќе се нарача ново, неутрално вештачење.Во истата постапка, четворица обвинети – меѓу кои и поранешниот директор на А репрезентацијата на Македонија, Данчо Масев – веќе признаа вина. Со тоа, нивниот случај беше раздвоен од главната постапка. Заедно со Масев, вина признаа и Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков.Обвинението опфаќа вкупно 10 лица и се темели на речиси годишна истрага спроведена од Обвинителството за гонење на организиран криминал. Клучна алатка во истрагата била американската донација „Cellebrite“ – софтвер за анализа на мобилни телефони.Според обвинителите, групата имала јасна хиерархија – од набавка и складирање, до улична дистрибуција на дрога, која се чувала по изнајмени станови. Кокаинот се продавал по 4.500 до 6.000 денари за грам, а марихуаната по 200 до 300 денари.

Македонија | пред 6 месеци

screenshot_8

Конечно решение за паркингот на Клинички – „паметен“ систем и 24-часовен мониторинг

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека до утре ќе се потпише договор со „Градски паркинг“ за изградба на ново, целосно дигитализирано паркиралиште во Клиничкиот центар во Скопје.„Ова ќе биде паркинг каков што нема на државно ниво – целосно дигитализиран, ‘паметен’ паркинг којшто од моментот кога ќе влезете, па сè до излезот, автоматски, дигитално ќе ве следи и ќе комуницира со возилото. Ќе има посебни влезови, особено за одделот за кардиологија, бидејќи знаеме дека времето е клучен фактор за тие пациенти. Излезите ќе бидат исти. Капацитетот на паркирање ќе се зголеми двојно поради просторната оптимизација на паркинг-местата.“, вели Азир Алиу.Паркингот ќе има 300 места, 24-часовен надзор и посебни влезови за итни случаи.Паркирањето ќе биде поделено во четири ценовни категории – онколошките пациенти ќе паркираат бесплатно, а различни цени ќе важат за пациенти, вработени и посетители.

Скопје | пред 6 месеци

WhatsApp-Image-2025-08-07-at-15.54.20_60788882

Истрага за убиството во Бардовци: Спасов се гони за убиство, а се бара и притвор - се проверува и како се спроведувало лекувањето во психијатриската болница од каде излегувал, а и објавувал насилни сн...

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка за убиството што се случи во Психијатриската болница „Скопје“ – Бардовци, каде што 36-годишниот Димитар Спасов, хоспитализиран поради претходно убиство, со стаклено шише усмртил друг пациент. Настанот, што се случи по наводна кавга за легло, ја вознемири јавноста и ги отвори прашањата за (не)функционалноста на системот за задолжително психијатриско лекување.Како што соопштија од Обвинителството, против Спасов се води постапка за кривично дело – Убиство по член 123 став 1 од Кривичниот законик. Поради опасност од повторување на делото или сторување ново кривично дело, јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор. Дополнително, ќе се бара и целосна документација за досегашниот третман на осомничениот, вклучително и како се спроведувала мерката на задолжително лекување.„Скопје1“ објави дека Спасов – кој во 2012 година беше прогласен за непресметлив откако ја уби својата мајка – подолго време бил гледан како слободно се движи низ Ѓорче Петров, па дури и седи по кафеани. Полицискиот надзор му бил повлечен по одлука на правосудни органи, по што се враќал и излегувал без контрола од болницата.На социјалните мрежи имал активни профили и споделувал насилни снимки – на една од нив, повикува друго лице на тепачка, а на друга дава насоки како да се претепа пациент. Сведочења од вработени наведуваат и закани, малтретирање, алкохол во установата и поплаки кои, очигледно, не довеле до заострување на надзорот.Жртвата, пациент со иницијали И.Т., беше пронајдена мртва во собата на Спасов, каде напаѓачот и по настанот останува сместен. Телото е дадено на обдукција.Овој случај ја отвори јавната дебата за третманот на опасни пациенти во психијатриските установи, прашањето на надзор, пристап до алкохол, интернет и социјални мрежи, но и одговорноста на институциите кои дозволиле лице со такво досие да се движи меѓу граѓани – сè додека не уби повторно.

Скопје | пред 6 месеци

MixCollage-06-Aug-2025-02-51-PM-6290

Германски државјанин осуден за веење знаме на „Голема Албанија“ пред натпреварот Шкендија–Карабаг

Основниот кривичен суд во Скопје осуди државјанин на Германија на условна затворска казна од две години, откако беше фатен како вее знаме со мапа на „Голема Албанија“ и натпис „Автохтона“ пред натпреварот меѓу ФК Шкендија и ФК Карабаг на 5 август.Против него беше поднесена кривична пријава од страна на СВР Скопје, а Обвинителството веднаш отвори постапка по член 319 од Кривичниот законик – за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа.Според институциите, сторителот со своите дејствија поттикнал етничка омраза непосредно пред фудбалскиот натпревар, а бил идентификуван и лишен од слобода од страна на полицијата.На основа на обезбедените докази, судот му изрече условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку во рок од пет години не стори ново кривично дело. Дополнително, поради неговиот статус како странски државјанин, му е изречена и мерка протерување од државата и забрана за влез во траење од пет години.МВР и Јавното обвинителство најавија дека ќе продолжат со засилени активности за санкционирање на секој обид за ширење омраза и нетрпеливост на спортски настани. Веднаш по идентификација на сторителите, тие ќе бидат процесуирани согласно законските процедури.

Спорт | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.15.54

Трамп најави можни царини за Кина поради купување руска нафта: „Можеби ќе се случи...“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека размислува за воведување дополнителни царини кон Кина, слични на оние кои неодамна ги воведе за Индија, поради континуираното купување на руска нафта.„Можеби ќе се случи... Сè уште не можам ништо да потврдам. Тоа веќе го направивме со Индија, а веројатно ќе го направиме и со уште неколку земји. Една од нив би можела да биде Кина“, изјави Трамп на новинарско прашање.На 6 август, Трамп воведе дополнителна царина од 25% за индиската стока, над веќе постоечките давачки, со образложение дека Индија и понатаму купува руска нафта – потег што, според Вашингтон, оди директно против западните санкции кон Москва.Само неколку дена пред тоа, американскиот министер за финансии, Скот Бесент, го предупреди Пекинг дека би можел да се соочи со истата судбина – нов царински удар, доколку продолжи со набавката на руски енергенси.Мерките на Трамп се дел од поширока стратегија за економски притисок врз земјите кои, според него, „финансираат непријателски режими“, во случајов – Кремљ. Ваквиот пристап најавува нов бран економски конфликти на глобалната сцена, во услови кога трговските односи веќе се кревки.

Свет | пред 6 месеци

1L3A3557-1

Кинеска вечер на „Охридско лето“ исполнета со емоции, топлина о совршена хармонија

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со концерт на уметници од Кина кои на публиката и приредија незаборавна ноќ.Во црквата „Света Софија“ настапија флејтистите Јуе Гуангхуи и Веи Ванг, пијанистката Хоу Јуан, како и лирскиот мецосопран Аи Ву.На репертоарот беа дела од кинески и француски композитори:Габриел Форе, Морис Равел, Камиј Сен-Санс, Филип Гобер, Клод Дебиси, Жорж Енеску, Франсоа Доплер, Жорж Бизе/Ф. Борне, Венченг Лу, Жонгронг Луо, Јонџин Ванг и Ге Тиан.Кинеските уметници со внимателно избраниот репертоар и со своето музицирањесоздадоа посебна емоција за фестивалската публика.Флејтиската Јуе Гуангхуи започнува да учи пијано на четиригодишна возраст, а на десетгодишна возраст се префрла на изучување на инструментот флејта. Во моментот сè уште е ученичка во Гимназијата за талентирани ученици при програмата на Музичкиот конзерваториум во Шангај во класата на проф. Парк Ми-Хјанг.Веи Ванг дипломира на одделот за флејта на Централниот музички конзерваториум во Пекинг. Во 2000 година се закитува со прва награда на Националниот кинески натпревар за флејтисти и потоа станува член на Кинескиот национален симфониски оркестар.Во 2002 година заминува во Франција каде ги продолжува студиите и во 2005 година победува на натпреварот „Париз Белан“, а следната година со прва награда се здобива и на Меѓународниот натпревар во Бенидорм, Шпанија.Како солист Веи Ванг е поканет да настапи во салата на УНЕСКО во Париз, а од 2013 до 2025 година редовно настапува на Мултикултурниот фестивал на УНЕСКО.Во 2014 година на прославата на 50-годишнината од дипломатските односи помеѓу Кина и Франција е поканет да настапи заедно со францускиот флејтист Максенс Ларио. Настапува на азиската вечер во рамките на Канскиот филмски фестивал, а во периодот од 2016 до 2025 година редовно настапува како солист на Интернационалниот фестивал за харфа заедно со францускиот флејтист Филип Бернол и харфистот Беноа Вери.Во 2019 година е член на жири-комисијата на првиот Меѓународен натпревар за флејтисти. Во 2023 год. тој е вклучен како композитор и солист на прославата на 35-годишнината на проектот „Патот на свилата“ на УНЕСКО, а е и уметнички директор на кинеската програма.-Многу се радувам што свирам тука, првпат на овој фестивал, и тоа на Кинеска вечер. Свиревме кинески и француски дела бидејќи живеам веќе 22 години во Париз каде што сум професор. Акустиката во црквата „Света Софија“ е преубава, а исто така имате и прекрасно езеро во Охрид, рече флејтистот Ванг кој е чест гостин предавач на конзерваториумите и универзитетите во Кина.Веи Ванг од 2019 година е професор на Академијата „Рахмањинов“ во Париз, а одржува и бројни мајсторски курсеви по флејта. Аи Ву е лирска мецосопранистка која живее и работи во Франција. Дипломира и магистрира на Шангајскиот конзерваториум, а потоа со највисоки оценки се здобива со висока диплома од Високата школа за музика на Парискиот конзерваториум каде студира во класата на проф. Изабел Грасизанц.Добитничка е на бројни меѓународни награди и признанија кои ги вклучуваат првата награда на Интернационалниот натпревар за пејачи во Париз, Францускиот натпревар за барокна вокална музика, натпреварот во Безие, како и на Натпреварот за француска уметничка соло вокална музика.Во последните години Аи Ву се посветува на делата од барокниот репертоар, често настапувајќи со ансамблот „Матеус“.Забележителна е нејзината работа за продлабочување на културните врски помеѓу Франција и Кина. Дејствува како претседател на Француското здружение за меѓународна културна размена и го организира Меѓународниот натпревар за пијанисти во Брест.Пијанистката Хоу Јуан започнува да учи пијано во 1986 година најпрво со Џиа-Ронг Тиан, а потоа со Јиминг Пан. Од 1990 до 1996 година учи во Гимназијата за талентирани ученици при Централниот музички конзерваториум под менторство на Шининг Жанг. Во 2002 година заминува во Франција, каде студира со француските пијанисти и педагози Франсоа Буфе и Винсен Кок.Во 2004 година победува на натпреварот за пијанисти во Париз, а во 2008 година ја дели првата награда на Натпреварот за камерна музика „Леополд Белан“. Како камерен музичар, Хоу Јуан е поканета да настапува на Фестивалот за уметности на УНЕСКО, во 2015 година настапува на Филмскиот фестивал во Кан, на фестивалот „Бели ноќи“ во Париз, како и на 35-годишнината од проектот на УНЕСКO „Патот на свилата“ во 2023 година.

Охрид | пред 6 месеци

netanjahu

Израел на раб на внатрешна криза поради плановите за целосна окупација на Појасот Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху реши да оди до крај – и да го припои целиот Појас Газа, без оглед на жестокото противење од врвот на сопствената армија. Генералот Ејал Замир, началник на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (IDF), му се спротистави на планот со остра забелешка: „Ова е стапица за IDF“.Но, наместо аргументи и анализа, следуваше напад од – синот на премиерот. Јаир Нетанјаху го обвини генералот Замир дека стои зад „побуна и обид за воен удар како од банана-држава во Латинска Америка од 70-тите“. Настрана од вулгарноста на нападот, јасно е дека тензиите не се само во Газа – туку и во Тел Авив.Официјално, IDF веќе контролира околу 75% од територијата на Појасот Газа. Според планот на Нетанјаху, армијата треба да го освои и остатокот. Генералот Замир предупредува – ваквата операција ќе ги загрози животите на најмалку 50 заложници кои сè уште се во рацете на Хамас, од кои најмалку 20 се живи. Дополнително, целосната окупација би ги исцрпила ресурсите на војската и би можела да предизвика хуманитарна катастрофа за речиси два милиона Палестинци.Нетанјаху, притиснат од екстремно десничарските коалициски партнери, не отстапува. Неговиот план се темели на визијата на министерот за финансии Бецалел Смотрич, кој пред неколку дена изјави: „Газа е дел од Израел. Ќе има масовно враќање на Израелците во Газа, поголемо од кога било“.Воените лидери нудат алтернатива: опколување на Газа и прецизни операции наместо ризична целосна окупација. Но Нетанјаху сака планови „за окупација“, не „за обиколување“. На средбата со генералите, поради остриот став на Замир, премиерот му порача: „Направете подобрувања на планот и повторно презентирајте“.Во позадина, политичката математика е јасна: ако Смотрич ја напушти владата – следат избори. А анкетите не ветуваат ништо добро за Ликуд. Затоа, Нетанјаху се обидува да балансира меѓу своите политички спасувачи и воената реалност на терен. Единствени кои сè уште немаат збор се – цивилите во Газа. И заложниците. И војниците што би требало да ја извршат оваа „замка“.

Свет | пред 6 месеци

biometriskakarticka

Жителка на Македонска Каменица обвинета за кражба на 52.000 денари преку злоупотреба на банкарска картичка

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против 41-годишната Г.Т. од Македонска Каменица, поради сомнение дека сторила продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Како што информира МВР, во периодот од 9 до 30 јуни 2025 година, пријавената во шест наврати неовластено пристапила до електронскиот систем на банка и, користејќи банкарска картичка на друго лице од село во општина Зрновци, подигнала вкупно 52.000 денари од банкомат во истото село. Средствата ги присвоила за лична корист.Против осомничената ќе следува соодветна кривична постапка.

Македонија | пред 6 месеци

policija

Малолетници во два одделни случаи натепани во Чаир и Центар

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на ноќта се пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетни лица на скопските подрачја Центар и Чаир.Првиот инцидент бил пријавен во 00:30 часот во Полициската станица Центар, каде 52-годишната М.Н.П. од Скопје пријавила дека вечерта на 6 август околу 20:30 часот, нејзиниот малолетен син бил нападнат од три лица во населбата Центар.Само седум минути подоцна, во 00:37 часот, во Полициската станица Чаир, 44-годишниот Б.П. од Скопје пријавил сличен случај – дека неговиот малолетен син бил физички нападнат околу 23:00 часот пред спортска сала на подрачјето на Чаир, и тоа од неколку други малолетници.Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.

Скопје | пред 6 месеци

soobrakajka

Тешка сообраќајка на патот Гостивар – Кичево: Двајца повредени, едно возило паркирано било зафатено во судирот

Утрово околу 07:20 часот, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на селото Строгомиште, се случила тешка сообраќајна несреќа во која биле вклучени три возила, при што две лица се повредени – едното потешко.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, до несреќата дошло кога патничко возило „Ауди А4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот И.Л. од село Зајас, се судрило со товарно возило „Пежо“ управувано од 34-годишниот Г.Ј. од село Колари. По судирот, „Ауди А4“ продолжило и удрило во паркирано возило „Ауди А5“, сопственост на 27-годишниот К.З. од Горно Строгомиште.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „Ауди А4“, И.Л., додека возачот на товарното возило Г.Ј. добил телесни повреди. Двајцата биле пренесени и прегледани во Медицинскиот центар во Кичево.По наредба на јавен обвинител, на местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа на ОВР Кичево. Се работи на утврдување на причините за несреќата.

Македонија | пред 6 месеци

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Нова трагедија: Две лица од Делчево загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско

Две лица од Делчево го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила попладнево, на експресниот пат Прилеп–Градско.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, трагедијата се случила на вчера (6 август 2025) година, околу 14:35 часот, кога патничко возило „Ауди“ со делчевски регистарски таблички, управувано од 60-годишниот Ќ.С., излетало од коловозот.На местото на несреќата, од здобиените повреди починале и возачот и неговата 57-годишна сопатничка С.С., исто така од Делчево. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.Причините за несреќата сè уште се испитуваат.

Македонија | пред 6 месеци

MixCollage-07-Aug-2025-12-18-PM-5664

(ВИДЕО) Во Франција беснеат најразорните пожари во последниве 80 години, огнот уште е надвор од контрола

Во јужниот дел на Франција беснее најобемниот шумски пожар во изминатите осум децении. Огнената стихија, што започна оваа недела во областа Од, досега зафати над 16.000 хектари шума, однесе еден живот, а неколку лица се водат како исчезнати.Пожарот сè уште не е ставен под контрола, а високите температури, ниската влажност и силниот ветер придонесуваат за неговото брзо ширење.„Ситуацијата на теренот и понатаму е критична, пожарот не е ставен под контрола“, изјави Кристоф Магни, кој ја координира теренската акција за гаснење, за француската телевизија BFM TV. Огнот се движи кон границата со Шпанија и веќе уништи површина што надминува големина на целиот Париз.Според француските власти, ова е најголемиот шумски пожар од 1949 година. Временските услови значително ја усложнуваат работата на противпожарните екипи, кои се борат со силен ветар, екстремна жештина и слаба видливост.На терен се ангажирани и воздушни сили, вклучувајќи хеликоптери и канадери, но пламенот продолжува да се шири и покрај сите напори.

Свет | пред 6 месеци

MixCollage-07-Aug-2025-11-52-AM-109

Царината спречи обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи, против три лица поднесени кривични пријави

Златен накит вреден 1,3 милиони денари е запленет од мобилен царински тим при контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Богородица. Во случајот се осомничени две патнички кои патувале на релација Турција – Македонија, а против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за криумчарење.При контрола на багажот и личен претрес, кај патничките било пронајдено злато од 22 и 14 карати, во вкупна тежина од 304 грама како и сертификати за гаранција на златото. За овој накит, требало да бидат платени 481 илјада денари давачки кон државата. Двете лица се македонски државјанки со живеалиште во Холандија.Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое по спроведување на предистражни дејствија ќе поднесе кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за криумчарење 210 вијали со ботулински токсин за инјектирање – супстанца која се користи во медицината и е под строг режим на увоз.Инјекциите биле откриени при контрола на автобус што сообраќал на релација Истанбул – Призрен. Во патната торба на осомничениот патник биле пронајдени 170 вијали DYSPORT 500 и 40 вијали MASPORT 500, и двете со ботулински токсин тип А.Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за криумчарење против лицето до надлежното Основно јавно обвинителство, а производите се запленети.44 пакувања со вкупно 2.580 капсули суплементи „Afye“ се запленети на Меѓународен Аеродром Скопје, откако биле пронајдени во куферот на холандски државјанин, кој, пристигнувајќи со лет од Измир, се упатил кон зелениот канал со намера да ја избегне царинската контрола.Вкупно 144 делови за земјоделски машини се откриени при контрола на камион на влез во државата, спроведена од страна на Службата за мобилни скенери на граничниот премин Табановце. Деловите за земјоделски машини биле скриени во торби, сместени во кабината на камионот.Запленети 21 штека цигари, пронајдени во фабричка празнина под приколката на празен камион-кипер со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничен премин Богородица.На граничниот премин Дојран, мобилен царински тим заплени 128 пара обувки со потпис на заштитени трговски марки, поради основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.Случајот е откриен при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово.При контрола на пратка со потекло од Дубаи, пријавена за увозно царинење, царинските службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје открија 74 ремчиња за смарт часовници, кои не биле опфатени со царинските документи. Стоката наменета за увозник од Скопје е запленета, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна постапка.фото: Царинска управа

Македонија | пред 6 месеци

Akva-park

Аква паркот кај „Борис Трајковски“ не работи со години, има големи загуби, стара опрема и затворени врати

Една од најголемите инвестиции во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“ – скопскиот Аква парк – годинава не е во функција. Според извештајот од Државниот завод за ревизија, објектот во 2023 година остварил приходи што биле за 41 отсто пониски од предвиденото, а во 2024 целосно е затворен.Проблемите се бројни и сериозни – од слаб интерес на посетители, преку нерешени технички и инфраструктурни дефекти, до фактот дека на целата вградена опрема и реквизити веќе им е истечен гарантниот рок. Тоа значи дека изведувачите не одговараат повеќе за евентуални дефекти или оштетувања, поради што објектот не може да биде отворен без ризик и дополнителни трошоци.Во 2023 година, Аква паркот инкасирал само 4,29 милиони денари. За разлика од него, базенот, лизгалиштето и кугланата при „Борис Трајковски“ бележат континуиран раст на приходите.Ревизорите констатираат дека Аква паркот, од некаогашна атракција, прераснал во сериозен финансиски товар, а целиот проект се посочува како пример за слабо планирање и неадекватно одржување.Долг стар една деценија подмирен од државниот буџетСпортскиот центар „Борис Трајковски“ бил изграден во 2011 година преку заем од Град Скопје во износ од 260 милиони денари, со договорена исплата во три рати уште истата година. Но, поради финансиски потешкотии, објектот не започнал со отплата сè до 2019 година.Во периодот од 2019 до 2022 година, управителот не успеал да обезбеди средства за самостојно сервисирање на обврските, па долговите биле покриени преку државниот Буџет. Министерството за финансии го зголемило основниот влог на државата во друштвото, со што биле покриени сите три рати. Последната била исплатена во 2023 година.Ревизијата укажува дека оваа ситуација отвора сериозни прашања за одржливоста на јавните инвестиции и транспарентноста во финансирањето на вакви капитални објекти. И покрај тоа што „Борис Трајковски“ е клучна спортска и конгресна локација, неговото управување покажува дека и национално важни проекти можат да западнат во финансиски проблеми и да зависат од државна интервенција.

Скопје | пред 6 месеци

1824715757623c17b1be47d986814189_v4_big

Новинарот Милавиќ: Додик сака да изгледа како маченик, но играта му е прочитана

Есмир Милавиќ, уредник за надворешна политика на N1 Сараево, смета дека одземањето на мандатот на Милорад Додик не е крајот на кризата во Република Српска, туку само уште едно поглавје во добро познатото сценарио – креирање хаос, играње улога на жртва и флертување со референдуми што никогаш не се реализираат.„Додик има поддршка од Виктор Орбан и Александар Вучиќ, но тоа не е доволно. Очекуваше нешто и од Доналд Трамп, но тој не се занимава многу со Западен Балкан, а уште помалку со БиХ. Во моментов дури и немаме американски амбасадор во Сараево“, изјави Милавиќ за N1 Хрватска.Според него, и надежите за поддршка од Владимир Путин се празни: „Путин има поважни работи на глобалната сцена, така што нема да му испрати спасувачка порака.“Милавиќ потсети дека Додик секогаш бил во конфликт со високите претставници: „Од Педи Ешдаун па наваму, нема висок претставник што не бил негова мета. Додик дури и денес напаѓа луѓе што не се меѓу живите. Така што ништо ново под ова сонце.“Одлуката на СИП да му го одземе мандатот на Додик, врз основа на правосилната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит, Додик ја пречека со закани за референдум. Но, во исто време, испрати барање казната затвор да му биде заменета со парична – што според Милавиќ е јасен знак дека пресудата ја прифаќа, ама не и нејзините последици.„Тоа е класичен cherry picking. Го прифаќаш она што ти одговара, а одбиваш што не ти одговара“, вели Милавиќ.Тој потсетува и дека Додик во еден момент спомена дека „веќе има план што ќе работи во наредните шест години“, што имплицира дека ја разбира реалноста на забраната за политичко дејствување.„Оваа реторика за саможртва, референдуми и одбрана на народот не е ништо ново. Проблемот е што народот се чини дека веќе е уморен од таквата политика. Опозицијата во РС го одби неговиот повик за влада на национално единство – свесни се колку тоа би им наштетило кај сопственото гласачко тело.“На крајот, Милавиќ заклучи: „Сега ќе следуваат месеци на калкулации, закани и создавање хаос. Додик сака да се постави како маченик, како човекот кој страда за својот народ. Но прашање е – колку уште народот ќе го купува тоа?“

Свет | пред 6 месеци

tramp-putin

Трамп и Путин подготвуваат директна средба – можно и присуство на Зеленски

Вашингтон и Москва постигнаа прелиминарен договор за средба на претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин во следните денови, објавија руските државни медиуми, повикувајќи се на изјава од советникот на Кремљ за надворешна политика, Јури Ушаков.„На предлог на американската страна, постигнат е прелиминарен договор за одржување билатерална средба на највисоко ниво. Работиме со нашите американски колеги за да ги утврдиме деталите и местото на средбата“, изјави Ушаков.Потврда дојде и од Белата куќа, каде портпаролката Керолајн Ливит информираше дека Трамп е отворен за средба не само со Путин, туку и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Се разгледува можноста веднаш по билатералниот состанок со Путин да се одржи и трилатерална средба со учество на Зеленски.Информациите следуваат по вчерашната посета на специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, на Москва. По неговото враќање, Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за директен контакт меѓу Путин и Зеленски, но не прецизираше временска рамка.Средбата би можела да се одржи непосредно пред истекот на ултиматумот што Трамп јавно му го постави на Кремљ – Русија да стави крај на војната во Украина до 8 август. Во спротивно, Трамп се закани со нов бран санкции, вклучително и кон државите што продолжуваат да купуваат руска нафта, како што се Кина и Индија.Ова би била прва директна средба меѓу претседателите на САД и Русија по онаа во Женева во 2021 година, кога тогашниот американски лидер Џо Бајден разговараше со Владимир Путин на неутрален терен.Средбата Трамп–Путин се очекува да предизвика големо внимание во меѓународната јавност, особено во услови на влошени односи меѓу Русија и Западот и неизвесна перспектива за крај на војната во Украина.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Стапија на сила новите царини на Трамп: САД со агресивна трговска офанзива

Соединетите Американски Држави официјално ги активираа новите трговски царини наметнати од администрацијата на Доналд Трамп, со кои увозот од неколку десетици држави ќе биде дополнително оданочен со стапки од 10 до дури 50 отсто. Мерките, кои стапија на сила ноќеска по полноќ по американскa временска зона, претставуваат клучен дел од стратегијата на поранешниот американски претседател за намалување на трговскиот дефицит и заштита на американската индустрија.Американската царинска и гранична служба (CBP) соопшти дека од 12:01 часот започнало наплатувањето на повисоките царини. Притоа, производите кои биле веќе натоварени на бродови или во транзит пред полноќ, ќе може да влезат во земјата под старите услови сè до 5 октомври.Претходно, САД воведоа основна стапка од 10% на увозот од повеќе држави, но Трамп подоцна најави повисоки тарифи за одредени земји, вклучувајќи:Бразил – 50%Швајцарија – 39%Канада – 35%Индија – 25%, со дополнителни 25% најавени поради увозот на руски енергенси, што ќе стапи на сила за 20 денаТрамп, кој ги промовираше царините како пат кон економска самостојност и национална величина, изјави: „Милијарди долари ќе се влеат назад во Америка – од земји кои со години нè искористуваа“.На својата платформа Truth Social, тој остро ги нападна правосудните институции, тврдејќи дека:„Единственото што може да ја сопре големината на Америка е судот на радикалната левица кој сака нашата земја да не успее.“Во меѓувреме, САД постигнаа рамковни договори со осум главни трговски партнери, кои учествуваат со 40% во американската трговија. ЕУ, Јапонија и Јужна Кореја договорија основна стапка од 15%, Велика Британија 10%, додека Виетнам, Индонезија и Филипините се договорија за тарифи помеѓу 19% и 20%.Овие потези доаѓаат во време кога глобалната трговија се соочува со предизвици, а администрацијата на Трамп повторно го истакнува слоганот „Америка на прво место“ – овојпат преку царински чекан.

Свет | пред 6 месеци

gradonacalnik-dui

И Скендер Реџепи ќе се „трка“ за градоначалник на Скопје!

Во трката за прв човек на Скопје влегува и Скендер Реџепи од Народното движење. Веста ја објави Али Ахмети на Фејсбук каде напиша дека Реџепи претставува не само единство на прогресивните сили на Албанците во Македонија, туку и јасна алтернатива на Скопје, град кој заслужува еднаков развој.-„Реџепи дипломирал на Филозофскиот факултет, поседува долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество. Сега е пратеник во Собранието, каде е глас на граѓаните, бранител на нивните права и застапник на длабоките политички и социјални реформи“, пишува во објавата Ахмети.Противкандидатите на Скендер Реџепи веќе се познати, ВМРО оди со Орце Ѓорѓиевски, додека опозициската СДСМ се одлучи за Каја Шукова.За градоначалници гласаме на 19. октомври.фото: ФБ

Скопје | пред 6 месеци

pistol-kursumi-zaplena

Пукале на свадба во Рашче, две лица се приведени

На 06.08.2025 во с. Рашче, скопско, полициски службеници од ПС Ѓорче Петров ги лишија од слобода Е.К. и Б.К. од с. Рашче.Околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека се слушаат истрели во селото, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека Е.К. и Б.К. со гасни пиштоли пукале на свадба, соопшти МВР.Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 6 месеци

detska-pornografija-1

„Одмазничка порнографија“ станува кривично дело во Србија – малолетниците најчесто жртви, но и сторители!

Во рамките на најавените измени на Кривичниот законик што ќе се разгледуваат во есен, српското Министерство за правда ќе воведе ново кривично дело – одмазничка порнографија, сè почесто присутна форма на дигитално насилство.Министерот за правда Ненад Вујиќ посочи дека измените имаат цел дополнително да ги заштитат малолетниците, кои, според досегашните сознанија, најчесто се појавуваат и како жртви и како сторители на вакви случаи.Оваа законска измена е дел од поширок пакет реформи што ќе бидат разгледани на есенската сесија на Народното собрание.„Законите мора да се менуваат. Тие треба да го следат животот и новите форми на загрозување на правата“, изјави Вујиќ за агенцијата Танјуг, истакнувајќи дека правната рамка мора да се прилагоди на современите закани.Паралелно, се најавуваат и измени во регулативата што се однесува на малолетниците, особено во контекст на врсничко насилство.Според Вујиќ, се планираат измени на законите кои ја регулираат поведението на деца со нарушувања во однесувањето, како и мерки за зајакнување на родителската одговорност.Меѓу најавените реформи се и измени на Законот за кривична постапка, Законот за малолетни престапници, како и закони поврзани со спроведувањето и безбедноста, борбата против семејното насилство и корупцијата.Министерот нагласи дека дел од промените произлегуваат од обврските во рамките на пристапниот процес кон Европската унија, како и од препораките на меѓународни тела како ГРЕКО и МАНИВАЛ.Дел од законските предлози ќе бидат отворени за јавна расправа, додека другите ќе бидат дополнително презентирани пред граѓаните пред да бидат усвоени.

Свет | пред 6 месеци

sicilija

Сицилија добива мост до копното, Италија стартува мега-градба од соништата вредна над 13 милијарди евра

Италија конечно го одобри мега-проектот вреден 13,5 милијарди евра, со кој по децении планирање и одложувања ќе се изгради мост што ќе ја поврзе Сицилија со копното. Станува збор за конструкција долга 3,7 километри, која се најавува како најдолгиот мост со еден распон во светот.Идејата за изградба на мостот над Месинскиот теснец, кој ја разделува Сицилија од копнена Италија, датира уште од крајот на 60-тите години, со цел да се поттикне економскиот развој на југот на земјата.Проектот доби приоритет од актуелната десничарска влада на премиерката Џорџа Мелони, која планира средствата од 13,5 милијарди евра да се инвестираат во наредната деценија за изградба на мостот и придружната инфраструктура. Според компанијата Messina Strait Company, мостот се очекува да биде завршен до 2032 година.Сепак, изградбата наидува на силни противења од стручната јавност, поради сеизмичкиот ризик на регионот. Освен тоа, се посочуваат и можните пречекорувања на буџетот, штетното влијание врз животната средина, како и ризиците од вмешаност на мафијата во градежните договори. Противниците на проектот го сметаат за непотребен, додека еколошки организации веќе поднесоа претставка до Европската Унија, предупредувајќи на потенцијални еколошки последици.И покрај ваквите реакции, поддржувачите на проектот веруваат дека модерната железничка и патна врска ќе претставува значителна предност за Сицилија и сиромашните региони на југот, заменувајќи го постојниот фериботски транспорт.Изградбата ѝ е доделена на меѓународна групација предводена од италијанската компанија „Вебилд“ (Webuild), во која се вклучени и „Сасир груп“ од Шпанија и јапонската компанија „ИХИ“.Од Messina Strait Company посочија дека со ова одобрение ќе започнат подготовките за реализација, меѓу кои се предвидени археолошки и геолошки истражувања, како и постапки за експропријација на земјиште.Според проценките на Webuild, изградбата на мостот би можела да отвори над 100.000 нови работни места.фото: Unsplash

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања