Скопје1.мк

kremlj

Мeдведев до Трамп: Русија не се вознемирува за твојот „театрален ултиматум“

Русија воопшто не се вознемирува од „театралниот ултиматум“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави санкции за земјите што купуваат руски извоз доколку Москва не се согласи на мировен договор со Украина. Ова го изјави поранешниот руски претседател и актуелен висок безбедносен функционер, Дмитриј Медведев.„Светот е потресен, чека што ќе се случи. Воинствена Европа е разочарана. А Русија? Не нè засега“, напиша Медведев на социјалната мрежа X, реагирајќи на најавата од Вашингтон.Во понеделникот, од Овалната соба и во присуство на новиот генерален секретар на НАТО Марк Руте, Трамп најави испорака на ново оружје за Украина и закани за секундарни царини за сите држави што купуваат руска сурова нафта.Американскиот претседател изрази разочараност од Владимир Путин, велејќи дека не сака да го нарече „убиец“, но го опиша како „жесток тип“.Според Белата куќа, Трамп планира воведување 100-процентни царини за Русија и дополнителни санкции за земјите што ја поддржуваат преку купување енергенси, доколку мировен договор не се постигне во рок од 50 дена.Најголеми купувачи на руска сурова нафта се Кина и Индија. Трамп за BBC изјави дека „не е готов“ со Путин и верува дека мировен договор за Украина е возможен.Кремљ сè уште нема официјална реакција на најавите од Вашингтон, но во понеделникот повтори дека САД продолжуваат со испорака на оружје за Украина.

Свет | пред 7 месеци

vizbegooooo

Обвинение за напад врз новинари кај отпадот во Визбегово – се истражува и причината за пожарот

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие, по член 382 став 3 од Кривичниот законик.Настанот се случил на 9 јули, во близина на отпад за старо железо на улицата „Индира Ганди“ во скопската населба Визбегово, каде обвинетите со употреба на сила ги попречиле новинар и снимател на телевизијата Алсат М во вршење на нивната професионална задача – известување за пожарот кој избувна на локацијата.Според обвинението, телевизиската екипа пристигнала на местото со јасно видливи новинарски беџови. Откако новинарот и снимателот започнале да снимаат прилог, обвинетите – кои се претставиле како сопственици на отпадот – им забраниле да снимаат со образложение дека станува збор за приватен имот. И покрај тоа, екипата продолжила со снимање, по што следел физички напад.Жената прво физички го нападнала снимателот – го удрила со нога и со тупаница, го фатила за врат и ја оштетила телевизиската камера. Новинарот се обидел да го заштити колегата и опремата, започнувајќи снимање со мобилен телефон. Обвинетата потоа и него го удрила со нога, му го одзела телефонот и го фрлила на земја.Во конфликтот се вклучил и вториот обвинет, кој според обвинението упатил закани и навреди кон новинарот, по што му удрил шлаканица и го истерал од локацијата.Обвинителството до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерките: притвор за обвинетиот маж и куќен притвор за обвинетата жена.Паралелно со ова, продолжува и предистражната постапка за утврдување на причините за пожарот во отпадот, како и евентуалното загадување на животната средина.Надлежниот јавен обвинител и вчера изврши увид на теренот, кој сè уште е обезбеден. До Обвинителството се доставени и првичните резултати од мерењето на токсични материи во воздухот по пожарот. Мерењата ги изврши специјализираниот тим од Четата за атомско-биолошка и хемиска одбрана на АРМ, по барање на обвинителството.Резултатите се анализираат, а се преземаат и други истражни дејствија за да се утврди дали има основи за ново кривично дело поврзано со загрозување на животната средина.

Скопје | пред 7 месеци

0964BAC4-1A3C-40D7-9AAE-CF47671F6FE0_1_105_c

Русија пред економски колапс? Демографската криза ја надминува дури и војната и санкциите

Русија се соочува со сериозна и долгорочна закана која може да биде поразорна дури и од војната во Украина и западните санкции – демографската криза.На состанок посветен на здравството и наталитетот, рускиот министер за труд Антон Коќаков изјави дека до 2030 година земјата мора да внесе најмалку 10,9 милиони луѓе во економијата. Ова е потребно за да се надоместат 10,1 милион работници што ќе заминат во пензија, како и за отворање на уште 800.000 нови работни места. Во спротивно, Русија ќе се соочи со „дополнителен недостиг на работна сила“.Претседателот Владимир Путин го нарече растот на населението „национален приоритет“ и дури го опиша како прашање на „етнички опстанок“, охрабрувајќи ги жените да имаат и до осум деца. Мерките што се разгледуваат вклучуваат директни парични исплати и даночни ослободувања за семејства со многу деца.Но не сите предлози се позитивни. Пензионираниот генерал и пратеник Андреј Гуруљов предложи воведување на „данок за достојна старост“ за лица кои немаат деца.„Ако не оставите никого зад себе, зошто државата да се грижи за вас?“ изјави тој. „Платете тогаш данок.“Според официјалните податоци:Во 2024 година во Русија се родиле само 1,22 милиони деца – најмалку по 1999 година.Починале 1,82 милиони луѓе – раст од 3,3% во однос на претходната година.Вкупното население е околу 146 милиони, но според некои проценки може да се преполови до крајот на векот, покажува извештај на Atlantic Council.Војната во Украина директно го поткопува рускиот трудов капацитет: Илјадници загинати и осакатени мажи од боиштето. Миграција на млади и високообразовани кадри кои ја напуштаат земјата. Ваботната сила се намалува, а компаниите се принудени да вработуваат пензионери и тинејџери.Поради недостаток на работници, платите растат, што ја поттикнува инфлацијата и создава дополнителен притисок врз економијата, која веќе трпи поради огромната воена потрошувачка.Министерот за економија Максим Решетњиков неодамна предупреди: „Сме на работ на рецесија.“Недостигот на луѓе, високиот наталитетски пад и бегството на мозоци ја туркаат Русија кон структурна економска слабост, за која ниту армијата, ниту санкциите нема да бидат најголемиот проблем – туку демографијата.Без луѓе нема економија. А Русија брзо останува без луѓе.

Свет | пред 7 месеци

Kristijan

Почина познатиот македонски гитарист и професор Кристијан Волчев на 36-годишна возраст

Македонската музичка сцена загуби еден од своите талентирани уметници – на 36 години почина гитаристот, професор, композитор и аранжер Кристијан Волчев.Роден во Скопје во 1988 година, Волчев беше класично образован музичар (ДСУ „Никола Карев“) кој со својата работа ги спојуваше световите на класичната гитара и современата музика.Работеше како професор по класична гитара, оставајќи силен печат кај бројни млади таленти кои ги менторираше со страст и посветеност.Покрај педагошката дејност, Волчев беше познат и како гитарист на македонскиот алтернативен рок состав „Греј“ (Grey), во кој ја изразуваше својата музичка индивидуалност и слобода.Неговите аранжмани на традиционални македонски песни како „Јовано Јованке“ и „Со маки сум се родила“ беа примени со големи емоции од публиката и се сметаат за културно значајни адаптации.Во 2022 година, Волчев го објави EP-албумот Synesthesia Live In Skopje, на кој впечатливо ги комбинираше класичните изведувачки техники со современиот кросовер звук – проект што останува како важен запис од неговата музичка оставнина.

Македонија | пред 7 месеци

dimitrov-i-osmani

Никола Димитров: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

„Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер кој испорачува и исполнува ветувања. Партнер кој е гласен кога се прават неправди, кога се крши меѓународното право, кога се злоупотребуваат човековите права. Тоа не го гледаме“, порача претседателот на „Солуција“, Никола Димитров, на „Сими Симпозиумот“ што се одржува по 27-ми пат во Грција.“Силата на ЕУ секогаш била во принципите. Во моментот кога Европа ги напушта вредностите, тоа станува ништо. Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер кој испорачува и исполнува ветувања. Партнер кој е гласен кога се прават неправди, кога се крши меѓународното право, кога се злоупотребуваат човековите права. Тоа не го гледаме”. Ова го порача претседателот на “Солуција”, Никола Димитров на дваесет и седмиот Сими Симпозиум, оваа година под насловот “Парадоксот на Пандора”.Димитров зборуваше за македонското искуство во европските интеграции и блокадите со кои земјава се соочува:“ЕУ дозволи тоа што нас ни беше најважно и тоа што го обезбедивме со Преспанскиот договор, тоа што Грција го прифати - дека ние сме Македонци, кои зборуваат македонски јазик, да биде сега нападнато од Бугарија. Бугарија гордо го грабна ветото, откако тоа прво ни беше ставено од Франција, ужасна геостратешка грешка на Париз. И сега наместо да зборуваме за реформи, заглавени сме со срамни прашања од минатиот век, со наратив што едноставно е недозволив во 21 век во Европа - некој друг да ми кажува кој сум и каков јазик зборувам”, порача Димитров.Тој зборуваше и за улогата на ЕУ на светската геополитичка сцена, потенцирајќи дека со политика на компромиси кога се клучните вредности во прашање, ЕУ си го подрива и сопствениот кредибилитет и своето значење во свет, кој станува мошне опасен и непредвидлив.“Мислам дека многу европски лидери, со чест на исклучоци, не се свесни колку на долг рок ќе се одрази врз силата на ЕУ нивниот молк за Газа, на пример”, заклучи Димитров.

Коментари | пред 7 месеци

1L3A4215

Бурни и стоечки овации за чешкиот пијанист Лукаш Вондрачек

Публиката на „Охридско лето“ вчеравечер се восхитуваше на пијанистичкиот артизам на младиот чешки уметник Лукаш Вондрачек кој одржа концерт на подиумот во црквата „Света Софија“. Преку неговиот префинет клавирски израз, во акустичниот амбиент прозвучија дела на Брамс, Скрјабин, Дворжак и Шумен, како и композиции од Шопен и Рахмањинов изведени на бис по бурните и стоечки оваации од страна на љубителите на класичната музика.Неприкосновениот победник и носител на наградата Гран при на Меѓународниот натпревар „Кралица Елизабета“ во 2026 година, Лукаш Вондрачек, повеќе од две децении патува низ светот настапувајќи со најпознатите светски оркестри.-Многу сум среќен што сум тука, првпат во Македонија и одбрав музика која што многу ја сакам, композитори кои ми се блиски до срцето, особено Роберт Шуман. Имаше и чешка музика бидејќи сум роден во Република Чешка. Обично свирам во модерни концертни сали , но оваа црква е навистина специјално и инспиративно место за мене, рече пијанистот Вондрачек.Концертот се одржа во рамките на традиционалната Чешка вечер на фестивалот „Охридско лето“ поддржана од Амбасадата на Република Чешка во нашата земја.-Секоја година имаме музичари од Република Чешка, и оваа година исто така имаме наш многу познат музичар, Лукаш Вондрачек. И претходно на Чешката вечер на фестивалот настапиле многу други извонредни уметници. Се надевам и во претстојните години ќе ја продолжиме оваа традиција, истакна чешкиот амбасадор Јарослав Лудва.Програмата на класична музика на годинешното 65. „Охридско лето“ продолжува вечерва со исто така традиционалната Вечер на Европска унија на која целовечерен концерт ќе одржи францускиот квартет „Модиљани“.

Охрид | пред 7 месеци

ukraina-kiev-2

Најсилниот удар врз Путин досега? Трамп најавува оружје, санкции и историски пресврт во поддршката за Украина

Русија планира засилена офанзива во Украина во наредните 60 дена – информација што Владимир Путин лично му ја соопштил на Доналд Трамп во нивниот последен разговор, според доверливи извори на американскиот портал Axios. Рускиот лидер наводно најавил дека ќе се обиде да ги освои териториите до административните граници на украинските региони во кои Москва веќе има контрола.Трамп, иако до неодамна одбиваше да ја поддржи Украина, сега најави пресврт: испорака на „многу софистицирано“ оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана Patriot, како и можни санкции што би ја погодиле Русија посилно од било кога досега.Во приватен разговор со францускиот претседател Макрон, Трамп признал: „Путин сака сè.“ Тоа, велат според неименувани извори, е причината поради која Трамп одеднаш го менува ставот и поддржува Киев.Американскиот Сенат се подготвува да усвои закон за санкции против Русија, заеднички предлог на републиканецот Линдзи Греем и демократот Ричард Блументал. Законот предвидува до 500% царини за земји што купуваат руска нафта, гас, деривати или ураниум – што директно ги таргетира Кина, Индија и Бразил.Трамп пак вели дека размислува за „само“ 100% царини – но дека и тие би биле „доволни за удар“. Пакетот му дава на американскиот претседател широки овластувања за економски притисок врз секоја земја што индиректно го финансира Путиновиот воен поход.Трамп неодамна изјави дека е „многу разочаран“ по телефонскиот разговор со Путин од 3 јули, каде немало никаков напредок за прекин на огнот.„Имавме долг разговор, зборувавме и за Иран и за војната. Не мислам дека сака да застане – и тоа е лошо“, изјави Трамп.И покрај краткотрајниот прекин на американската помош – која вклучуваше пресретнувачки ракети PAC-3, гранати од 155 мм, GMLRS ракети и друго – Москва не успева да пробие.Бившиот командант на украинската армија Валериј Залујни објаснува зошто Русите не напредуваат: боиштето станало „целосно транспарентно“. Благодарение на дроновите, секое движење е смртоносно ризично, а цели до 20 километри од фронтот можат да бидат елиминирани во секунда.Цената на дроновите е толку ниска што се користат и за гаѓање поединечни војници – а тоа ја става индустриската способност на двете земји во центарот на конфликтот.Украина се обидува да ги засили ударите врз руските рафинерии и фабрики – обид да се намали способноста на Москва за производство и одбрана.Во Москва реагираат со бес. Медиумите како РИА Новости пренесуваат ставови на Кремљ дека „стратегијата за уништување на западното оружје и физичка денацификација на Украина функционира“ и дека „Русија никогаш нема да се откаже од своите цели“. Пораката: Западот не може да не скрши – но сме подготвени за преговори.Иако Русија има предност со војската, без дроновска супериорност не може да направи пресуден пробив. Украина, со доволен број дронови и оператори, би можела да ја задржи фронт линијата дури и со помалку војска – но за тоа е потребна поддршка од САД и Западна Европа.Дали Трамп навистина ќе го сруши Путин со санкции и оружје? Или е ова само уште една изборна тактика? Војната влегува во нова, поопасна фаза – но и со нова меѓународна динамика.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-02-23-at-09.40.30

Пентагон ќе го користи Грок на Маск

Министерството за одбрана на САД почнува да го користи Grok, четбот за вештачка интелигенција развиен од компанијата xAI на Илон Маск.Во објава на социјалната мрежа X на Маск, xAI го претстави Grok for Government, пакет производи што ги прави своите најнапредни модели на вештачка интелигенција достапни за владата на САД.Овој потег претставува значаен чекор напред за амбициите на Маск во областа на вештачката интелигенција. Технолошкиот милијардер ја позиционираше својата програма како директен конкурент на OpenAI, кој исто така обезбеди договор за одбрана и технологија.Договор со државата вреден максимум 200 милиони долариДоговорот, чиј максимален износ е 200 милиони долари, вклучува развој на нови проекти како што се прилагодени модели за национална безбедност и основни научни истражувања, како и апликации за вештачка интелигенција кои треба да ја забрзаат примената на вештачката интелигенција во здравството, науката и одбраната.Но, Грок предизвика и контроверзии во последниве денови. Минатата недела тој објави антисемитски коментари, по што Маск најави промени во системот. Накратко, Грок на Маск се нарекувал себеси МекаХитлер и пишувал против Евреите.Компанијата X објави дека спорните објави се отстранети и дека проблемот не е поврзан со основниот јазичен модел што го напојува Grok.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

Трамп: Сум разочаран од Путин, но сè уште не сум завршил со него

Доналд Трамп изјави дека е разочаран, но „сè уште не е готов“ со рускиот претседател Владимир Путин, во ексклузивен телефонски разговор за BBC. Интервјуто го даде неколку часа откако објави план за испорака на оружје за Украина и нови царини за Русија ако не се постигне примирје во рок од 50 дена.„Речиси на никого не му верувам“, рече Трамп, одговарајќи на прашањето дали му верува на Путин.Американскиот претседател, во интервју од Овалната соба, исто така изјави дека ја поддржува НАТО, иако претходно ја нарекуваше „застарена организација“. Сега вели дека Алијансата „сама си ги покрива трошоците“ и го поддржува принципот на заедничка одбрана.Разговорот се одржал по иницијатива на BBC, како дел од подготовките за големо интервју по повод една година од обидот за атентат врз Трамп во Батлер, Пенсилванија. Повикот траел 20 минути.Прашан дали тој настан го променил, Трамп одговори: „Не сакам да мислам на тоа. Ако размислувам премногу, тоа може да го промени животот.“Голем дел од интервјуто бил посветен на Русија. „Четири пати мислев дека сме блиску до договор, и секојпат нешто ќе се случи,“ рече тој.На прашањето како ќе го натера Путин да го запре крвопролевањето, Трамп одговори со карактеристична иронија:„Ќе му кажам: ‘Добро, блиску сме до договор,’ а потоа тој ќе сруши некоја зграда во Киев.“За НАТО, изјави дека Алијансата сега „е спротивното од застарена“, бидејќи, според него, „сами си плаќаат“.На прашање за иднината на Обединетото Кралство, Трамп рече дека тоа е „одлично место – знаете, имам недвижности таму“.Потврди дека во септември ќе го посети Обединетото Кралство, што ќе биде негов втор државен престој таму – реткост за американски претседател.„Сакам добро да се поминам и да изразам почит кон кралот Чарлс, затоа што тој е вистински господин“, изјави Трамп.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-15-at-10.12.33

(Видео) Апокалипса во Њујорк: подземната поплавена, патници заробени во вагони, надреални снимки го преплавија интернетот

Над 50 милиони жители на североистокот на САД денес се под итни предупредувања за изненадни поплави, откако разорни дождови и невреме предизвикаа целосен хаос во метрополите. Најтешко погодени се Њујорк, Вашингтон, Балтимор, Њуарк и Арлингтон, каде ситуацијата е критична поради опасноста од надојдени води.На улиците на Њујорк, водата навлезе во подземната железница. Патници останаа заглавени во вагони додека надоаѓа водена стихија. Полицијата објави дека Cross Bronx Expressway е затворен во двата правци – автопатот е претворен во река. Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, прогласи вонредна состојба заради обилните врнежи и опасните поплави. „Останете дома и не патувајте без потреба“, апелираше тој.Авиосообраќајот е во колапс – речиси 2.000 летови се откажани, над 10.000 доцнат. Аеродромот Newark Liberty привремено е затворен. Компанијата United Airlines соопшти дека има „ограничена оперативност поради преоптовареност“. Најлошото можеби допрва следи – метеоролозите предупредуваат дека бавноподвижните олујни системи би можеле да предизвикаат нови бујични поплави во Пенсилванија и пошироко. Службите за итни случаи се во состојба на висока готовност, а граѓаните се повикуваат на крајна претпазливост и следење на официјалните информации.

Свет | пред 7 месеци

tarantuli-kolaz

Запрепастувачко откритие на аеродромот Келн-Бон: Наместо бисквити , шверц на илјадници млади тарантули од Виетнам

Неочекувана пратка која пристигнала од Виетнам и била наменета за примач во регионот Зауерланд, западна Германија, открила морничава содржина – наместо најавените бисквити, германските царински службеници пронашле околу 1.500 млади тарантули.Заплената била извршена пред три недели на аеродромот Келн-Бон, кога при рутинска контрола на пратката тешка седум килограми, службениците почувствувале невообичаен мирис. Тоа веднаш предизвикало сомнежи дека пакетот не содржи кондиторски производи, туку нешто сосема друго.„Забележливиот мирис при отворањето на големиот пакет не беше во согласност со наводната содржина на седум килограми бисквити. Моите колеги на аеродромот редовно се изненадени од содржината на забранетите пакети од целиот свет, но откривањето на околу 1.500 мали пластични садови со млади тарантули во овој пакет ги остави без зборови дури и најискусните меѓу нив“, изјави Јенс Аланд, портпарол на Генералната царинска управа во Келн.Пајаците биле натрупани во мали пластични контејнери и внимателно сокриени во обвивки за колачиња. За жал, голем дел од животните не го преживеале транспортот, што претставува директно прекршување на прописите за благосостојба на животните. За преживеаните тарантули веќе е обезбедено соодветно згрижување.„Ова е невообичаена заплена за германската царина. Тажно е што некои луѓе експлоатираат животни исклучиво заради профит“, додаде Аланд.Против примателот на пратката е покрената кривична постапка. Увозот на животни од земји што не се членки на Европската Унија е строго регулиран и предмет на строги контроли и дозволи.Фото: Hauptzollamt Köln/Главна царинска управа-Келн

Свет | пред 7 месеци

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Пеколни температури, а попладне невреме – не очекува силен ветер, пороен дожд и град!

Прогнозата на УХМР за денеска е сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.-Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 37 степени.Поради продор на поладен воздух од север на висина над нашиот дел од Европа, ќе биде доволно да дојде до поголема дестабилизација на атмосферата во Македонија, прогнозира и Славчо Попоски.-Во пладневните и во попладневните часови на повеќе места кај нас ќе има развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.И во делови од Скопскиот регион се очекува појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината можна е појава и на краткотрајно невреме.

Македонија | пред 7 месеци

Tomas-Vajc

Вајц открива - бугарски европратеници сакале да го отстранат од позицијата известувач: „Ми го споделија бројот и добивав закани по живот“

Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, откри дека претрпел сериозни притисоци и валкана кампања додека работел на извештајот за напредокот на земјата.Во интервју за Канал 5, тој откри дека поради неговата работа, бил мета на екстремно десничарски групи на Телеграм, каде бил споделен неговиот телефонски број. „Добивав закани по живот, а тоа продолжи и по гласањето на извештајот“, рече Вајц.Тој посочи дека целата ситуација дополнително ескалирала и во Бугарија, а потврди и дека бугарски европратеници се обиделе да го отстранат од позицијата известувач.„Имаше кампања против мене дека сум корумпиран, дека сум пристрасен… Ми замеруваа што сум разговарал со македонски соработници. А јас им велев: ‘Извинете, но ова е извештај на ЕУ за Северна Македонија – со кој друг да разговарам?’“, рече Вајц, коментирајќи ја ситуацијата со доза иронија.Вајц нагласи дека извештајот бил долг и тежок процес, особено затоа што за земјата немало подготвен извештај уште од 2022 година.„За жал, бугарски европратеници се обидоа да го блокираат целиот извештај. Нивната главна цел беше тој воопшто да не се изгласа. Единствената измена што се бараше беше бришење на деловите во кои се признава македонскиот идентитет и јазик“, изјави Вајц.На прашањето зошто воопшто се споменуваат идентитетот и јазикот во еден ваков документ, тој беше дециден: „Не е пракса јазикот и идентитетот на земја-кандидат да се преиспитуваат од никого“.Укажувајќи на тоа дека сепак извештајот е изгласан, Вајц истакна дека тоа е јасен сигнал дека Европската Унија останува посветена на поддршката на Македонија на нејзиниот пат кон членство.„Мислам дека овој извештај не нуди никаква причина да не се спроведат уставните измени. Тоа е договор што Северна Македонија го има потпишано со ЕУ – дека овие измени ќе се направат. А веднаш потоа, ќе почнеме со вистински пристапни преговори“, рече Вајц, додавајќи дека овој процес не треба да се злоупотребува за негово блокирање.фото: FB

Македонија | пред 7 месеци

batinci

Муса Џавит кој го уби армискиот офицер и понатаму е недостапен за правдата – се бара со меѓународна потерница за две убиства

Бегалецот Муса Џавит, кој е осомничен дека минатата недела го застрела и усмрти армискиот офицер пред селото Батинци, се уште не е пронајден и, според сознанијата на истражните органи, најверојатно ја напуштил земјата.Од Министерството за внатрешни работи за ТВ 24 потврдуваат дека Џавит веќе подолго време се бара со меѓународна потерница за претходно извршено убиство, а откако е осомничен за ново кривично дело, по него се трага со засилена меѓународна акција.„Нашите служби се во континуирана соработка и контакт со безбедносните служби од странските држави каде што постои сомнеж дека осомничениот би можел да се наоѓа“, соопштија од МВР.Муса Џавит, кој има богато криминално досие, за само една година е поврзан со две смртни пресметки. Двата вооружени инциденти се случиле во летниот период, минатата и оваа година, во скопското село Батинци. И покрај сериозноста на случаите, полицијата сѐ уште не успеала да го лоцира и приведе.Последното убиство се случи пред неколку дена, кога 50-годишен офицер на АРМ беше смртно застрелан со два куршума додека се возел со ќерка си кон нивниот дом. Напаѓачот отворил оган непосредно пред влезот на селото.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-13-at-12.45.27

Детали за двојното убиство и самоубиство во Прилеп: Петар веќе бил пријавуван за пукање, пиштолот го наследил од татко му

Петар Ѓ. (62) од Прилеп, кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по престрелка со полицијата, и во минатото бил пријавуван за инцидент со огнено оружје, но делото тогаш застарело, информираат од ОВР Прилеп за „Скопје1“.Според полицијата, оружјето со кое го извршил двојното убиство и самоубиството било во негова сопственост легално – стекнато по наследство од негов родител, за што поседувал дозвола од 2012 година, обновена во 2022 година.Во јавноста се појавија прашања зошто полицијата реагирала дури по 21:00 часот. Од МВР појаснуваат дека првата пријава за настанот била примена во 21:20 часот, а до тој момент во ОВР Прилеп не постоела никаква претходна пријава од граѓани, сведоци или очевидци.Во евиденцијата на полицијата, против Петар Ѓ. не постоеле активни кривични пријави, ниту поплаки во последните години. Единствената пријава датира од 2002 година, кога бил пријавен за предизвикување општа опасност – случај во кој пукал со огнено оружје во кафеана, но постапката за тој инцидент е застарена.Истражната постапка за мотивите и околностите на трагичниот настан е во тек.

Македонија | пред 7 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски: ДДВ се враќа редовно, нема отстапувања – ако некој чека, нека ми се обрати

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека нема информации дека компаниите чекаат по три месеци за поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) и истакна дека секој што мисли дека му се должи, слободно може да му се обрати.– Нема поголеми отстапувања од тоа што е пракса во минатото, данокот на додадена вредност се враќа редовно, но разликата е во тоа што сега внимателно се проверува за да не ни се случат Крмзов и слични луѓе кои го злоупотребувале и црпеле системот и ги злоупотребувале граѓаните – рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешниот настан во Царинската управа.На новинарско прашање поврзано со наводите од дел од стопанството дека се чека над три месеци за поврат на ДДВ, премиерот посочи дека „апсолутно не слушнал таква информација“ и повтори дека постапката тече вообичаено.

Македонија | пред 7 месеци

filipce

Филипче од Националниот совет: Македонија не смее да остане жртва на странски дестабилизациски операции

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата и приоритетите на Данското претседателство со Советот на Европската унија, се осврна на безбедносните предизвици со кои се соочува Македонија, а поврзани со странски влијанија и дезинформациски кампањи. На седницата, Филипче побара од амбасадорката на Кралството Данска, Н.Е. Перниле Деилер Кардел, сериозно да се земе предвид делот од Извештајот на Европскиот парламент, каде што стои дека Северна Македонија останува предмет на непријателски операции на странско влијание.„Би сакал данската амбасадорка да каже дали ова го земаат предвид и дали се анализира овој дел од Извештајот, кога се зборува за зајакнување на безбедносната политика. Тоа дека Северна Македонија останува предмет на непријателски операции на странско влијание, вклучително напори за поделба на општественото ткиво на земјата и искористување на антиевропските чувства, особено преку таблоидите и медиумите на српски јазик кои функционираат како регионални засилувачи на наративите на Кремљ и уживаат значително влијание“, рече Филипче.Во обраќањето на Советот, Филипче воедно го нагласи значењето на двата клучни приоритета на данското претседателство – безбедна Европа и конкурентна зелена Европа, посочувајќи дека тоа е од исклучителна важност во актуелниот геополитички контекст.„Уверен сум дека Данска ќе работи силно на решителна Европска унија, која презема одговорност за сопствената безбедност и зајакнување на конкретности. Двата главни приоритети се многу важни во денешниот геополитички контекст, тоа е безбедна Европа и конкурентна зелена Европа. Искрено се надевам дека и ние како зелен кандидат за членството во Европската унија ќе го најдеме своето место во поставувањето на данските приоритети на данското претседателство – безбедна и конкурентна зелена Европа“, рече Филипче.Во тој контекст, Филипче ја потенцираше и важноста на политичките договори што се направени во минатото, кои, како што кажа, не се само договори коишто решаваат политички проблеми.„Имено, во Преспанскиот договор има еден сериозен дел кој укажува на развој на потенцијално партнерство со Република Грција во делот на обновливите извори на енергија, и тоа е нешто што во овој контекст Европа, сметам, треба да го има на ум и да го вгради во сопствената стратегија. Вака како што го именувала и Данска – конкурентна зелена Европа, но особено имајќи ја предвид потребата Европа да стане што понезависна од руските извори на енергенси, нешто што се покажа како многу кризно прашање во изминатиот период“, истакна Филипче.Во однос на безбедноста, тој ја поздрави одлуката на ЕУ за зголемување на инвестициите во воената индустрија и градење на автономна безбедносна политика, независна од трети актери. Во обраќањето на Советот, Филипче стави акцент и на проширувањето на Европската унија, кое, според извештајот на данското претседателство, добива нова тежина, особено со вклучувањето на земјите од Западен Балкан, Молдавија и Украина во заедничката безбедносна политика.

Македонија | пред 7 месеци

MixCollage-14-Jul-2025-02-56-PM-2698

Неофицијално: Села за Струга, Таравари се враќа дома – ќе се бори за Гостивар, Бујар Османи кандидат за Чаир

Во рамки на договорот за распределба на градоначалнички кандидати во коалицијата „Европски фронт“, неофицијално дознаваме дека Зијадин Села ќе влезе во трката за Струга, додека Арбен Таравари, по пауза од еден мандат, се враќа во битката за Гостивар, каде веќе претходно беше градоначалник.Поранешниот министер за надворешни работи, инаку по професија лекар – хирург, Бујар Османи ќе се кандидира за Чаир, а како што дознаваме, коалициските партнери се согласиле ДУИ да се откаже од кандидатурата на Рамиз Мерко во Струга.Партијата на Села ќе има кандидати и во Дебар, каде во игра е Тирон Јајага, како и во Арачиново со Дритон Небиу.ДУИ пак ќе настапи со свои кандидати во повеќе општини: Еркан Арифи за Липково, Бајрам Реџепи за Тетово, Бесник Емшиу за Боговиње, Емир Сулејман за Желино, Аркин Јахији за Брвеница, Суат Шакири за Чашка и Алија Јаоски за Пласница.Таравари и неговата политичка структура ќе настапат и во Врапчиште, каде ќе го поддржат Исен Шабани, како и во општина Сарај со кандидатот Блерант Рамадани.Официјална потврда од коалицијата засега нема, но очекувањата се дека договорот наскоро ќе биде обелоденет.You said:

Македонија | пред 7 месеци

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Радев: Македонија сама се заглави на патот кон ЕУ, услов е Бугарите во Уставот

Претседателот на Бугарија, Румен Радев е дециден дека неговата земја нема да се откаже од заштитата на правата на Бугарите во Македонија.Според него Македонија сама се заглавила на патот кон Европската Унија затоа што, како што тврди не сака да ги исполни критериумите за членство.„Сè уште чекаме Република Северна Македонија да исполни еден јасно напишан услов што би ја отворил вратата за почеток на преговорите, а тоа е гарантирање на рамноправноста на Бугарите во оваа земја преку нивно вклучување во Уставот заедно со другите државотворни народи”, порача Радев од Хрватска, каде е во официјална посета.Бугарија, изјавил, не поставува никакви нови услови надвор од веќе договорените.

Македонија | пред 7 месеци

pozarna-avtobus-nokje

Пожар во гаражен простор во зграда во Хиподром – оштетени мерцедес и БМВ, а едно лице вдишало чад

Во раните утрински часови денеска, во скопската населба Хиподром избувнал пожар во гаражен простор под зграда, во кој биле зафатени патнички возила „мерцедес“, „бмв“ и мотор „беверли“.Возилата се сопственост на А.С. (32) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на ППЗ Скопје, а едно женско лице добило медицинска помош поради вдишување чад.

Скопје | пред 7 месеци

kompjuter

Кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.А. (31) од Македонска Каменица, поради сомнение дека сторил кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.Како што се наведува во соопштението, на 23 април 2025 година, пријавениот преку социјална мрежа објавил содржини што поттикнувале омраза, нетрпеливост и насилство.

Македонија | пред 7 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Сообраќајна несреќа во битолско – возач починал на лице место

На регионалниот пат Битола – Демир Хисар, во близина на селото Драгарино, на 13 јули 2025 година, патничко возило „Фолксваген Поло“ управувано од А.Ѓ. (45) од с. Загориче излетало од коловозот.Како што соопшти МВР, возачот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле јавен обвинител и полициска екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 7 месеци

pozar-1

Пожар зафатил шест куќи во Скопје, неколку лица биле итно хоспитализирани

Во голем пожар што изби на улицата „Скупи“ во Скопје, биле целосно опожарени шест куќи, додека делови од уште две биле зафатени од огнот.Според информациите од МВР, настанот се случил на 13 јули 2025 година во 20:00 часот, а во пожарот малолетно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“.Со симптоми на вдишување чад, медицинска помош побарале и Ш.С. (34), Р.С. (69), Х.Х. (49) и тројца полициски службеници. Пожарот бил успешно локализиран од екипи на Противпожарната бригада на Скопје.

Скопје | пред 7 месеци

policija-policaec

Сообраќајна полиција отстрани од сообраќај возач кој возел со 114 кмлометри на час во населено место

Сообраќајна полиција го отстранила од сообраќај 44-годишниот Ќ.Т. од селото Боговиње, гостиварско, кој управувал возило со двојно поголема брзина од дозволената на магистралниот пат Кичево–Охрид.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 13 јули 2025 година, во 18.05 часот, на делницата кај кичевското село Другово, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од СВР Охрид утврдиле дека лицето управувало патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 114 километри на час на место каде што дозволената брзина, според сообраќаен знак, изнесува 50 километри на час.Возачот веднаш бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“.

Македонија | пред 7 месеци

mickoski

Мицкоски: Најпрво потврда на коалицијата, потоа кандидати за градоначалници на Центар и Куманово

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека прво ќе се финализира коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и политичките партии со кои соработуваат, по што ќе продолжат разговорите со коалициските партнери во Владата, ЗНАМ и Вреди. Тој го потенцираше значењето на внатрешната коалиција како приоритет пред објавување на имињата на кандидатите за градоначалници на општините Центар и Куманово.– Преговорите со политичките партии се во тек. Сите политички партии кои се дел од нашата внатрешна коалиција се наш приоритет, тие преговори се во тек, се разговара. Очекувам коалицијата да биде потврдена. Потоа ќе продолжат и преговорите со нашите коалициски владини партнери. Во овој момент се движат во одлична позитивна насока. Кога ќе имаме повеќе детали ќе излеземе во јавноста со информации – одговори Мицкоски на новинарско прашање за текот на разговорите со ЗНАМ и Вреди.Во врска со критиките на СДСМ за квалитетот на новата делница од автопатот Кичево-Охрид, премиерот одби да ги коментира изјавите на опозициската партија.– СДСМ има многу поважна работа од тоа да излегува со вакви пораки, прво треба самиот себе внатре да се консолидира, бидејќи се соочува со уште еден дебакл на уште едни избори кои ќе се случат набргу – рече Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања