Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarytjeq14861dhc957FZdx

(Видео) Двегодишно дете се бори за живот на Клинички, има повреда на главата за која постои сомнеж дека е од оружје

Двегодишно дете е примено на лекување на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, откако било тешко повредено со огнено оружје. Детето се наоѓа во животозагрозувачка состојба и е сместено на одделението за интензивна нега.Според првичните информации, станува збор за прострелна рана во пределот на главата, при што лекарите констатирале присуство на метален фрагмент. Засега не е со сигурност утврдено како точно

Настани | пред 10 месеци

media-library8l685ses09k72lcPnAw

(Видео) Новогодишен хорор во Кран-Монтана: Пожар во бар однесе околу 40 животи, над 100 повредени

Голема трагедија го потресе швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, кога разорен пожар во популарен бар усмрти околу 40 лица, а приближно стотина беа повредени.Според потврдени информации, пожарот избувнал околу 1:30 часот по полноќ, а првичните сомнежи укажуваат дека бил предизвикан од пиротехнички средства. Очевидци наведуваат дека пиротехниката била поставена на шишиња со пијалоци, по што пламенот го зафатил таванот на објектот.Еден од сведоците, 19-годишниот Мелко, из

Свет | пред 10 месеци

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

(Видео) Убиство во Старата чаршија за време на новогодишната ноќ: Турски државјанин загина, убиецот во бегство

Едно лице e убиено, а друго се здоби со тешки телесни повреди при инцидент што се случил во скопската Стара чаршија, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според неговите изјави, жртвата е турски државјанин, а кривичното дело било извршено со остар предмет.„Имаме едно лице кое е починато и едно лице со тешки телесни повреди. И убиството и тешката телесна повреда се извршени со остар нож. Постојат осомничени лица, но во овој момент не можам да изнесам повеќе детали, бидејќи едно

Настани | пред 10 месеци

media-librarydr22s7pdt1nhcivXS3v

Дарио Ивановски со нов македонски рекорд на престижната трка во Мадрид

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски ја заврши 2025 година со извонреден успех, поставувајќи нов национален рекорд на 10 километри на пат. Ивановски настапи на реномираната трка „Сан Силвестре Валекана“ во Мадрид, Шпанија, која традиционално се одржува во последниот ден од годината, неколку часа пред влезот во новата 2026 година.Македонскиот репрезентативец ја истрча трката за 29 минути, резултат што му донесе 17. место во исклучително силна меѓународна конкуренција, но и нов државен рекорд н

Македонија | пред 10 месеци

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Бугарија со евро, но со поделено општество – порака од новогодишното обраќање на Радев

Бугарскиот претседател Румен Радев оцени дека одлуката за усвојување на еврото претставува стратешки избор донесен во контроверзен момент, истакнувајќи дека за ваква одлука требало да се одржи референдум. Ова Радев го порача во своето новогодишно обраќање до јавноста, пренесуваат бугарските медиуми.Според него, воведувањето на еврото е последната голема пресвртница во процесот на интеграција на Бугарија во Европската Унија и чекор што земјата го заслужува врз основа на својата милениумска култур

Свет | пред 10 месеци

putin

ЦИА: Украина не ја таргетирала резиденцијата на Путин

Американската Централна разузнавачка агенција проценила дека Украина не ја таргетирала резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во неодамнешниот напад со беспилотни летала, и покрај тврдењата што самиот Путин му ги соопштил на американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор. Проценката, за која директорот на ЦИА Џон Ратклиф го информирал Трамп, директно го доведува во прашање официјалниот наратив на Кремљ, пренесуваат американски медиуми.Русија во понеделникот јавно ја о

Свет | пред 10 месеци

media-librarysc773bl7kjr7aqKN48G

Трамп го одложи зголемувањето на царините за мебел и кујнски елементи

Американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука да го одложи најавеното зголемување на царините за тапациран мебел, кујнски елементи и елементи за бањи за период од една година. Одлуката е потпишана само неколку часа пред истекот на 2025 година, со што примената на повисоките царински стапки, кои требаше да стапат во сила денеска, се поместува за почетокот на 2027 година, соопшти Белата куќа.Со оваа одлука се стопира планираното поскапување на увезените производи, кое требаше директно да вл

Свет | пред 10 месеци

media-library7v30g9ljqc8gfOkKAyK

Утре е Свети Игнат: Народните верувања велат – каков ќе биде 2 јануари, таква ќе биде и целата година

Утре, на 2 јануари, во народниот календар се одбележува празникот Свети Игнат, ден кој, според верувањата, има особено значење за тоа како ќе се одвива годината што следи. Се смета дека од овој ден започнува постепено да се зголемува денот, симболично носејќи нова животна енергија и надеж.Според народните преданија, сè што човек ќе го прави или што ќе му се случува на Свети Игнат ќе биде знак за текот на целата година. Оттука и верувањето дека каков ќе биде 2 јануари – таква ќе биде и годината п

Македонија | пред 10 месеци

media-library2r7pcperl3go6mkrvpu

Ѓорѓиевски: Евгенија е првото новородено бебе во Скопје во 2026 година

Малата Евгенија Камчева е првото бебе родено во Скопје во новата 2026 година, соопшти Орце Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека нејзиното раѓање претставува силен симбол на надеж и нов почеток за градот.Како што информира, Евгенија се родила точно на полноќ, во моментот кога новата година ги „отворила своите врати“, носејќи радост и оптимизам кај скопјани.„Нов живот, нова надеж и убав симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината“, порача Ѓорѓиевски, посакувајќи ѝ на Евгенија да расте жива и

Скопје | пред 10 месеци

media-libraryhi8jc9bg7ruua7n5C3R

Ѓорѓиевски: „Вечерва покажавме како се сака Скопје“

Орце Ѓорѓиевски со емотивна порака им ја честиташе Новата година на скопјани, упатувајќи благодарност за, како што наведе, сплотеноста и љубовта кон градот.„Ти се поклонувам, Скопје! Среќна Нова година, мој народе. Да сте здрави, живи и секогаш да останеме вака сплотени“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава.Тој истакна дека прославата е доказ за заедништвото и грижата кон градот, потенцирајќи дека токму ваквите моменти ја покажуваат вистинската љубов кон Скопје.„Вечерва покажавме како се сака г

Скопје | пред 10 месеци

media-library9qtl8cmd9p0pbGgXmz6

(Видео) Смртоносна експлозија во Кран Монтана, најмалку 10 загинати

Најмалку десетина лица загинале во експлозија и пожар што избувнаа ноќта во бар во познатиот швајцарски ски-центар Кран Монтана, на прослава на Новата година.Има и повредени лица. Локалните медиуми пак објавија дека бројот на загинати може да биде и поголем.Според полицијата Полицијата, исто така, потврди дека инцидентот не се третира како терористички напад, а болниците се преполни со пациенти со изгореници.Експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време во барот Le Constellation, а п

Свет | пред 10 месеци

media-libraryis2bpv777bde8RkN4Pt

Кипар од денеска го презема претседавањето со Европската унија

Од денес, во наредните шест месеци, Кипар, го презеде ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ од Данска.Кипарскиот претседател Никос Христодулидес објави дека приоритетите на претседателството ќе бидат зајакнување на стратешката автономија на ЕУ, почнувајќи од одбраната и безбедноста до енергијата, конкурентноста, миграцијата, достапното домување, како и приближувањето на Унијата кон Блискиот Исток и Источниот Медитеран.Клучни приоритети на претседателствотоПриоритетите вклучуваат и контину

Свет | пред 10 месеци

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Новогодишна честитка, струјата поскапе

Од денеска поскапува струјата, од 2,45 отсто во првиот блок до 3,84 проценти во четвртиот блок..Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто.Засега останува евтината дневна тарифа во истиот временски тајминг, односно од 13:00 до 15:00 часот.

Македонија | пред 10 месеци

bebe

Точно на полноќ во Скопје се роди девојче, првото бебе во Новата година

Во Скопје, точно на полноќ, на 1 јануари 2026 година, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се роди првото бебе во новата година.Првото новороденче во 2026 е девојче, кое на свет дојде само неколку секунди по влегувањето во новата година, носејќи радост и надеж за нејзиното семејство и медицинскиот тим.Од Клиниката за гинекологија информираат дека и мајката и бебето се во добра здравствена состојба.

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryteaipaj5jh296zoIrYK

Мицкоски заедно со граѓаните на плоштад „Македонија“, на дочек на Новата година

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, синоќа заедно со граѓаните, ја дочека Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје.Премиерот на социјалните мрежи објави порака со која им посака здравје, разбирање и успеси на сите граѓани, нагласувајќи ја важноста од заедништво и позитивна енергија во Новата година.„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата година. Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија. Среќна Нова

Македонија | пред 10 месеци

media-library7jsr3f97rtqs4J56MHR

Четиринаесет години од смртта на Киро Глигоров

Денеска, 1 јануари, се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров.Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94 годишна возраст.Роден е на 3 мај 1917 година во Штип и има активна улога во процесот на осамостојување на државата и нејзиното меѓународно признавање.Во 1991 година Глигоров успеа по мирен пат да ја осамостои Македонија од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која самиот Глиго

Македонија | пред 10 месеци

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Студено на почетокот на Новата година

Првиот ден во Новата година времето во Македонија е ведро и многу студено, со температури кои на некои места се спуштаат и до минус 13 степени.Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од минус 1 до 6 степени.Во Скопје утрото е студено, со минимална температура до минус 8 степени, а преку денот ќе преовладува сончево време со умерен јужен ветер. Максималната температура во главниот град ќе дости

Македонија | пред 10 месеци

plata-evra

Бугарите од денеска плаќаат во евра

Бугарија од денеска 1 јануари 2026 година го усвои еврото како своја платежна валута.Иако еврото е официјална во употреба, следува преоден период. До 31 јануари ќе може да се плаќа и во левови, но трговците ќе мора кусурот да го враќаат исклучиво во евра.Ова е голем исчекор и пресвртница за земјата, за историјата на еврото и за ЕУ како целина.Ова следи по период на интензивни подготовки и напори од страна на Бугарија за исполнување на сите потребни барања, соопшти Европската комисија.Еврото ќе д

Свет | пред 10 месеци

media-library4qm8clatrgv23aZ2hQ2

2026 нека биде година во која ќе бидеме подобри отколку што бевме

Нека Новата 2026 година не дојде само како нов број во календарот, туку како можност да оставиме зад себе сè што нè изморило, нè поделило или нè направило помалку луѓе. Нека биде година во која ќе научиме повторно да слушаме, да разбираме и да се поддржуваме – и како поединци, и како заедница.Посакуваме 2026 да донесе повеќе мир во секој дом, повеќе сигурност во секој чекор и повеќе надеж во секоја одлука. Да имаме здравје што не се зема здраво за готово, храброст да се соочиме со предизвиците и

Македонија | пред 10 месеци

media-library695l9qmg2kg08skNv5l

Зошто одбројуваме до Нова година: современ ритуал што создава чувство на заедништво

Одбројувањето од десет до нула во пресрет на доаѓањето на Новата година, иако често се доживува како древна традиција, всушност е релативно нов обичај, вели професорот по културно наследство на Универзитетот во Антверпен, Марк Јакобс.Во изјава за белгиското државно Радио 1, Јакобс објаснува дека со векови луѓето одбројувале денови, но одбројувањето секунди до полноќ е појава која се развила дури во 50-тите или 60-тите години на минатиот век, паралелно со подемот на масовните медиуми.Според него,

Магазин | пред 10 месеци

media-librarysj62mecqggk34OqdZ4I

Граѓаните ќе паркираат бесплатно во Центар за време на новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќните празници ќе биде бесплатно за сите граѓани, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар (ЈП ПОЦ).На 1 јануари 2026 година (четврток), сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата. Редовната наплата за паркирање, како и издавањето договори во Дирекцијата на претпријатието, ќе продолжи на 2 јануари 2026 година (петок), согласно вообичаеното работно време.Бесплатно паркирање е најавено и за време на божиќните п

Скопје | пред 10 месеци

evro

Бугарија од 1 јануари 2026 го воведува еврото

Од 1 јануари 2026 година, Бугарија официјално го воведува еврото како законско средство за плаќање, со што националната валута – левот, заминува во историјата. Поради техничката транзиција кон новата валута, надлежните институции предупредија на привремени прекини во банкарските и платните системи за време на новогодишната ноќ.Како што е најавено, банкарските системи ќе бидат технички ресетирани во периодот меѓу 31 декември и 1 јануари. Во тој временски интервал, плаќањата со платежни картички н

Свет | пред 10 месеци

media-library0l4m5l65fkof9agvlfX

(Видео) Сиднеј ја дочека 2026 година со спектакуларен огномет и засилени безбедносни мерки

Сиднеј денеска влезе во новата 2026 година со традиционален, величествен огномет, но под строги безбедносни мерки, само две недели по трагичниот вооружен напад на еврејска прослава на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица.Во 23 часот по локално време, организаторите одржаа минута молк во чест на жртвите. Мостот Харбор беше осветлен во бела боја, а на неговите пилони беше проектирана менора – симбол на јудаизмот. Градоначалничката на Сиднеј, Кловер Мур, изјави дека по трагичниот крај на годината

Свет | пред 10 месеци

media-libraryk2rhrdf4kass4CNcJgW

Охридскиот аеродром конечно легализиран по повеќе од шест децении

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ по повеќе од 60 години конечно е впишан во катастар и доби имотен лист, со што официјално е завршен процесот на негово легализирање. Оваа информација ја соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на последниот ден од 2025 година.Како што наведува Николоски, аеродромот кој функционира уште од 1970-тите години, досега немал регулиран имотно-правен статус, што претставувало долгогодишен проблем и пример за негрижа кон државниот капит

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynbkmigeivr319BZnKOH

(Видео) Првите огномети за 2026 година го осветлија Пацификот

Пацифичката држава Кирибати прва ја пречека Новата 2026 година, ставајќи го симболичниот почеток на глобалното новогодишно одбројување. Најголемиот остров во земјата, Киритимати, официјално влезе во новата година во 11 часот по средноевропско време.По Кирибати, од 2025 година се прости и Нов Зеланд. Во Окленд, илјадници граѓани и посетители ја дочекаа Новата година со спектакуларен огномет над Скај Тауер, највисоката зграда во земјата, кој традиционално претставува централна точка на новогодишна

Свет | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања