Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

filipce-ck-sdsm

Филипче: Без реформи, уставните измени не се доволни за почеток на преговори со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Националната конвенција за Европската Унија порача дека „единствениот пат напред за земјава се европските интеграции“, оценувајќи дека најновиот извештај на Европската комисија е сериозен аларм за состојбата во која се наоѓа државата. Тој истакна дека Северна Македонија го добила најлошиот извештај во последните повеќе од десет години.„Жалам што го добивме најлошиот извештај на Европската комисија за нашата земја изминатите повеќе од деценија. Јасно е кон

Македонија | пред 11 месец

media-libraryuappe3m6aubj8Y7fiBv

Тринаесет загинати во разорен пожар во Хонг Конг – осум часа борба со пламените јазици

Најмалку 13 лица загинаа, а 15 се повредени во голем пожар што повеќе од осум часа беснее во станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“ во четвртта Тај По во Хонг Конг. Властите соопштија дека огнот избувнал нешто пред 15 часот по локално време, а спасувачките тимови и понатаму се борат да го стават под контрола.Пожарникарите се соочуваат со екстремно високи температури во внатрешноста на зградите, што значително го отежнува пристапот до затекнатите станари на повисоките катови. Еден од пожарникарските

Свет | пред 11 месец

media-libraryf9pjo66tau5leh8Z80A

Македонија го утврди списокот за Стразбур: Професор и двајца адвокати во финална трка

Комисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права го утврди списокот од тројца кандидати што ќе бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа. Во конкуренцијата влегуваат професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска.Членот на Комисијата и претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, изјави дека одлуката е донесена врз основа на критериумите за висок морален углед, квалификации

Македонија | пред 11 месец

media-libraryjjsbu6ddk8kgb7GOhvh

ЦУК апелира до возачите: Ако патувате имајте доволно гориво и зимска опрема

Состојбата со врнежи во земјава сега е стабилна, но земјава е повторно зафатена со нов циклонски бран кој носи нови врнежи од дожд и снег на повисоките места поради што се очекува зголемување на водостоите.Според Управата за хидрометеоролошки работи се очекува зголемување на водостојот во горниот дел од сливот на реките Вардар, Треска, Радика, Сатеска, Коселска, како и на водотеците во Охридско-Преспанскиот регион. Зголемување на водостојот се очекува и на реката Лепенец, на водотеците и суводол

Македонија | пред 11 месец

media-libraryb6in17g3mo8pdFaGj2H

Меѓу учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов” кои побарале лекарска помош e и помладиот син на премиерот Мицкоски

Меѓу основците од ООУ „Димо Хаџи Димов” кои побарале лекарска помош поради стомачни проблеми, дознава Скопје 1, е и помладиот син на премиерот Христијан Мицкоски. Синот на премиерот е ученик во ова училиште, бил хоспитализиран два дена, но сега е пуштен на домашно лекувањеДвајца ученици се хоспитализирани на Детската клиника, а имало девет пријави за стомачни тегоби. Тие се во стабилна здравствена состојба, а имале стомачни тегоби и со повраќање. Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Македонија | пред 11 месец

bekim-sali-31

ВРЕДИ ја финализира листата: Сали за прв вицепремиер и евроинтеграции, Хоџа во животна средина, Бакиу во здравство

По неколкунеделни интензивни разговори, коалицијата ВРЕДИ ја усогласи листата на функционери што ќе му ја предложи на премиерот Христијан Мицкоски за пополнување на испразнетите позиции во Владата. Според извори од партијата, кадровските решенија се договорени и се чека финалната потврда од Мицкоски.Беким Сали е предвиден да ја преземе функцијата прв вицепремиер и министер за евроинтеграции. Мухамед Хоџа ќе го води ресорот животна средина, додека Башким Бакиу треба да стане нов министер за здрав

Македонија | пред 11 месец

policija-ohrid

Тинејџерот што го силуваше 12-годишното девојче во Охрид оди во 30-дневен притвор

СВР Охрид поднесе известување до Основното јавно обвинителство Охрид за 16- годишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, како и за 14- годишник од Охрид за сторено кривично дело „уцена“.На првопријавениот од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена откако, претходно полициски службеници од СВР Охрид го пронајдоа и го лишија од слобода.Тој на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12- годишно девојче од Охрид, до

Охрид | пред 11 месец

media-library3ggn23nrove70a2CCvA

Малолетничка доживеала хорор: ja киднапирал поранешниот дечко, била жртва и на насилство

Петнаесет годишна малолетничка доживеала била киднапирана и физички малтретирана од нејзиниот поранешен дечко. Таа била внесена во возило, па претепана.„На 25.11.2025 во 13:00 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријави дека на 24.11.2025 околу 19:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзината 15-годишна ќерка со употреба на физичка сила била внесена во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, од страна на нејзиниот поранешен партнер И.Ј.(22), кој притоа фи

Скопје | пред 11 месец

media-libraryvalnce1o9tao7Tdnf1x

Српската опозиција се судри со „Чациленд“, полицијата интервенира, нереди пред српското собрание

Пред зградата на српското Собрание утрово повторно избувнаа тензии, откако полицијата ги спречи опозициските пратеници да влезат во парламентот. Дел од пратениците се обиделе да поминат низ импровизираниот камп „Чациленд“, повикувајќи се на вчерашното ветување на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ дека ќе има непречен пристап до институцијата.Инцидентот избил во моментот кога опозициските пратеници Ѓорѓе Станковиќ и Богдан Радовановиќ се обиделе да го отстранат шаторот поставен на скалит

Свет | пред 11 месец

media-library78on2va9cgbt1m4kdZ3

(ВИДЕО) Пекол во Хонгконг, горат облакодери, има и загинати

Според досегашните податоци во голем пожар кој зафати неколку станбени згради во Хонгконг, има најмалку четири загинати лица, а најмалку тројца други се згрижени во болници, од кои двајца се во критична состојба, соопшти владата.Снимките се страотни и регистрираат пламен и чад од кулите. Се верува дека се заробени неколку луѓе.Пожарот најверојатно се проширил низ скелињата од бамбус од надворешната страна на зградите, а службите за итни случаи се на местото на настанот.Противпожарната служба о

Свет | пред 11 месец

zatvor-10-1

Напад во затворот „Идризово“ – осуденик претепан од тројца

Во затворот „Идризово“ тројца затвореници нападнале 61-годишен осуденик со тврд предмет.На 25.11.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 18:30 часот во установата тројца осуденици физички го нападнале осуденикот И.И.(61) од с.Челопек, тетовско, а при тоа употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 11 месец

uciliste-skolo-klup-2

Ученици од ООУ „Димо Хаџи Димов“се пожалиле на стомачни болки, кујната е затворена: Инспектори на АХВ вршат вонреден надзор

Инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство утрово излегоа на терен во ООУ „Димо Хаџи Димов“, откако училиштето пријавило дека повеќе ученици се пожалиле на стомачни проблеми. Во контролата се вклучени и екипи од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје.Кујната што го снабдува училиштето со храна е привремено затворена додека траат проверките за да се утврди дали станува збор за можно труење.Од АХВ ја пренесуваат следната информа

Скопје | пред 11 месец

media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

ВРЕДИ без нови ресори: Еден човек ќе биде и вицепремиер и министер, потврди Мицкоски

По заминувањето на Изет Меџити од Владата и преземањето на градоначалничката функција во Чаир, премиерот Христијан Мицкоски денеска појасни дека нема да има проширување на владиниот состав и дека ресорите под ВРЕДИ ќе останат непроменети.Тој нагласи дека не се планира отворање нови министерства ниту ангажирање дополнителни функционери, туку дека исто лице ќе ги извршува двете функции – вицепремиер и министер.„Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепре

Македонија | пред 11 месец

media-libraryvsbj0i50j3au8kstnYc

Отстранета доградената дивоградба на ресторанот „Мечка“: Герасимовски порачува - „јавниот простор го враќаме на граѓаните“

Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало.Доградбата го блокираше тротоарот, дел од коловозот и пешачкиот простор.„Нема да дозволиме узурпирање на јавен простор поради приватни интереси. За секој објект каде што ќе утврдиме нерегуларности ќе издадеме решение за негово отстранување“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.По неколку опомени и непостапување по издадените забелешки, механ

Скопје | пред 11 месец

media-library8qjfm7qbgp3c1qa2Wf2

(Видео) Морето исфрли тони пластика од Албанија во Дубровник: Познатата плажа Бање претворена во депонија

Плажата Бање, една од најпознатите туристички локации во Дубровник и дел од старото градско пристаниште, повторно се најде под дебел слој пластичен отпад што морето го исфрли на брегот. На снимките од терен се гледа огромно количество шишиња, амбалажа и разни пластични предмети расфрлани по песокот, а дел од етикетите откриваат дека поголемиот дел од отпадот потекнува од Албанија.Локалниот портал „Дубровачки дневник“ пренесува дека силното јужно време, кое често го зафаќа јадранскиот брег, секог

Свет | пред 11 месец

market

Четири маркети фатени во „картелска игра“ – КЗК ги казни и нив и Сојузот на стопански комори

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) изрече прекршочни казни за четири компании што се занимаваат со малопродажба на храна, како и за Сојузот на стопански комори, поради утврдено учество во забранет договор и усогласено делување на пазарот.Според наодите на Комисијата, овие субјекти се согласиле заеднички да ги одбиваат новите или зголемените ценовници што ги доставувале нивните добавувачи, што претставува директно нарушување на принципите на слободна конкуренција.Секој од четирите марк

Македонија | пред 11 месец

vozacka-1

Словенија им ги отвора вратите на македонските возачи: Ги признава дозволите без повторно полагање

Словенечките пратеници вчера ги изгласаа измените на Законот за возачи, со кои државјаните на Северна Македонија ќе можат да ја заменат својата возачка дозвола без повторно полагање на практичниот дел од испитот, под услов да имаат регулиран престој во земјата. Ова правило важи и за возачите од Србија, БиХ, Црна Гора и Косово.Со новите законски решенија, македонските државјани ќе имаат рок од една година од пријавувањето на престојот за да ја извршат замената. За постапката ќе биде потребно да д

Македонија | пред 11 месец

media-libraryk5eeclplquot4L24qEc

Сѐ повеќе чипирани кучиња фрлени на улица: „Лајка“ алармира за сериозен колапс во одговорното сопствеништво

ЈП „Лајка“ алармира дека во последниот период е забележан сериозен пораст на случаи во кои на улица се пронаоѓаат кучиња со активен микрочип, односно со јасно евидентирани сопственици. И покрај тоа, дел од сопствениците одбиваат да ги преземат своите миленици, оставајќи ги во прифатилиштето и создавајќи дополнителен притисок врз веќе ограничените капацитети.Од јавното претпријатие информираат дека само во последните денови биле заловени најмалку девет кучиња со регистрирани сопственици, за кои е

Скопје | пред 11 месец

1-4

Спасовски: „Побарав да ме сменат од координатор во СДСМ поради резолуцијата за Бугарија, а не поради изборите“

Актуелниот пратеник и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски , во госрување во ТВ Сител откри дека одамна побарал да биде разрешен од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ. Тој истакна дека неговото барање не било поврзано со слабите резултати на локалните избори, туку со сосема друга ситуација во партијата.Спасовски објасни дека решил да се повлече во периодот кога во јавноста се подготвуваше резолуцијата за односите со Бугарија. Според неговите зборови, веднаш к

Македонија | пред 11 месец

media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE

Мака за авионите над Скопје: Опасниот феномен „wind shear“ го наруши сообраќајот

Феноменот „wind shear“ синоќа создаде сериозни проблеми во воздушниот сообраќај над Скопје, поради што повеќе авиони не можеа безбедно да слетаат на скопскиот аеродром.Овој метеоролошки појас, кој означува нагла промена во јачината или насоката на ветерот на многу мал простор, претставува една од најризичните појави за авионите при финалниот приод.Поради сложените временски услови, најмалку две редовни линии – една од Истанбул и една од Венеција – морале да го прекинат приодот кон пистата во Ско

Скопје | пред 11 месец

media-libraryecq0cmuegd2tbuoqeDA

(Фото) Студентката Ана Радовиќ исчезната на пат кон Белград: Службите трагаат по автомобил кој според очевидци паднал во езерото Меѓувршје

Дваесетгодишната студентка Ана Радовиќ од Златибор исчезнала на пат кон Белград, каде што живее и студира. Од домот тргнала сама, но никогаш не пристигнала на својата дестинација.Случајот е објавен на страницата „Исчезнати во Србија“, а службите во меѓувреме трагаат и по автомобил за кој очевидци пријавиле дека завршил во езерото Меѓувршје со две лица во него. Поради оваа дојава, вчера беше спроведена опсежна акција за пребарување на теренот.Последен пат Ана се јавила на својот брат додека се дв

Свет | пред 11 месец

media-library7o11d0ljv0a2a8ESsRF

Филипче: Власта на Мицкоски продолжи каде што застана Никола Груевски

Власта на Христијан Мицкоски продолжи каде што застана Груевски, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на работилница на Форумот на жени на СДСМ.-Нашите граѓани секој ден по различни фокус групи сфаќаат што губат со власта на ВМРО-ДПМНЕ. Гледаме како кога на власт ќе дојде еден авторитарен режим кој што не се грижи за ништо друго, освен за своите сопствени, тесни, теснопартиски интереси, се друго паѓа во втор план. Како беа гласни работниците за своите права, за своите плати, а каков притисо

Македонија | пред 11 месец

semejno-nasilstvo

Жртва на семејно и сексуално насилство ставила евтина спирала и стасала до операција: Левица бара субвенции за контрацепција за жртвите

 ,,Со тоа што ставив евтина спирала, почнав да отекувам... Спиралата ја ставив поради тоа што физичкото насилство беше пропратено со сексуално насилство... Спиралата ја ставив пред 4 - 5 години, за пред некој ден да видам дека прснала, сè околу неа загноило и целата сум отечена. Од сето тоа се соочив со сериозни последици и морав итно да одам на операција", ова е сведоштво на жртва на семејно насилство што на почетокот на т.н. 16 дена активизам, им го доверила на жените од АФЖ Левица.  ,,Зо

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Трамп најавува „огромен напредок“, но вистинските преговори за Украина се далеку од договор – три „црвени линии“ што можат да го урнат планот

Американската администрација повторно со оптимистички тонови ја претставува состојбата во мировните разговори за завршување на војната во Украина. Претседателот Доналд Трамп зборува за „огромен напредок“, а шефот на дипломатијата Марко Рубио ги опиша разговорите во Женева како „многу позитивни“, уверувајќи дека преостанатите разлики „не се непребродливи“.Вашингтон дури соопшти дека „Украинците се согласиле со мировниот договор“, иако постојат „мали детали што треба да се доработат“. Но, според К

Свет | пред 11 месец

kina-manevar-tajvan

Тајван порача: „Само народот на Тајван може да ја одлучи својата иднина“ – остри предупредувања меѓу Тајпеј, Пекинг и Токио

Тајванската влада остро реагираше на најновите тврдења на Пекинг за суверенитет врз островот, нагласувајќи дека единствено тајванскиот народ има право да ја одлучува својата иднина. Изјавата доаѓа во период на засилени тензии во регионот, по најавата на Јапонија дека планира да распоредува ракети на острови во близина на Тајван.Кина предупреди дека ќе „ги сузбие“ сите обиди за надворешно влијание врз ситуацијата околу Тајван, реагирајќи на јапонските планови за распоредување проектилни системи.„

Свет | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања