Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryagcbg1mln2q92BJzG24

Скопјани избраа градоначалници во 6 општини, втор круг ќе има во Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари

Според податоците што ги објави ДИК на својата веб-страница, во речиси сите скопски општини обработени се 100 отсто од избирачките места, а кај четири општини недостасуваат податоците уште од неколку места.Скопјани избараа градоначалници во првиот круг во шест општини:Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај, Чаир, додека втор круг на 2.ноември ќе има во Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари.После првиот круг во Општина Аеродром, каде се обработени 99,90 отсто од избирачките места, в

Скопје | пред 1 година

media-libraryovofe5aeqjj29IPP8ti

Втор круг во четири скопски општини и за градоначалник на Град Скопје

По првиот круг од локалните избори, граѓаните во повеќе општини избраа градоначалници уште во првиот круг, додека во дел од општините трката продолжува на 2 ноември, кога ќе се одржи вториот круг од изборите.Според податоците на Државната изборна комисија, во шест скопски општини веќе се избрани градоначалници — Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај и Чаир. Во останатите четири – Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари, граѓаните повторно ќе треба да излеат на гласање.Во Аеродром, н

Скопје | пред 1 година

Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Бујар Османи го призна поразот, Изет Меџити ќе го предводи Чаир

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, по завршувањето на изборниот ден, упати јавна изјава во која им се заблагодари на своите соработници, активисти и поддржувачи за нивниот ангажман во текот на кампањата, оценувајќи дека изборниот ден поминал успешно и мирно.„Денешниот изборен ден беше успешен, без поголеми забелешки, и тоа е нешто што треба да се истакне. Сакам да изразам благодарност до сите соработници, активисти, пријатели од партијата и коалицијата, како и до форумите

Македонија | пред 1 година

media-libraryqeid4t3bga6v2AWGw9l

Мицкоски со порака до ДУИ веднаш по првиот круг од изборите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по убедливата победа на партијата на локалните избори, на кои неговите кандидати освоија градоначалнички места во 32 општини уште во првиот круг, изјави дека исходот бил очекуван и дека тој претставува пораз на старите политички модели.„Темата за предвремени парламентарни избори веќе сум ја одговарал неколку пати. Кога ги давав тие одговори, знаев дека ќе се случи ова што се случи – знаев дека политиката од пред четири или пет децении ќе биде поразена,

Македонија | пред 1 година

media-library98pbgi59mkafcwfu1kz

Познати резултатите по првиот круг: градоначалници избрани во 44 општини, три без доволен одѕив

На локалните избори одржани вчера, градоначалници се избрани уште во првиот круг во 44 општини, покажуваат првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК). Најголем дел од нив се кандидати на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која освои градоначалнички места во 32 општини.Според обработени 99,94 проценти од гласовите од 3.472 избирачки места, партијата ќе има градоначалници во Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делч

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Левица влегува во 10 нови совети – станавме втора партија во Скопје и повеќе општини

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, по првиот изборен круг изјави дека партијата постигнала историски резултат на локално ниво, освојувајќи над 70 советнички места низ државата.„Од 48 советници, според нашата аналитика, сега имаме над 70 советници на ниво на држава. За првпат влегуваме во советите на општините Тетово, Виница, Берово, Лозово, Пробиштип, Ранковце, Струмица, Радовиш, Кривогаштани и Ресен,“ рече Апасиев.Тој додаде дека Левица, покрај главниот град, станала втора најсилна политичка с

Македонија | пред 1 година

media-library0jsp6dcfiln49xxN6ra

(Видео) Со паролите за Груевски, го бодреа Амар во Левица откако влезе во втор круг

Распеана атмосфера имаше вчера во штабот на Левица, откако Амар Мециновиќ се пласираше во вториот круг. Присутните во знак на поддршка го поддржаа кандидатот со паролата „Никој ништо не ти може Амаре“, истата од 2016 година, кога за Груевски извикуваа „Никој ништо не ти може Никола“.Потоа, се скандираше „Цело Скопје, гласа Амаре“. Од партиската говорница, Мециновиќ се заблагодари на поддршката и најави дека во идниот период повторно ќе се посветат на кампањата и подобри резултати во вториот круг

Македонија | пред 1 година

media-libraryajftn38v04kk9nQhZvl

И во Кочани ќе има втор круг, граѓаните ќе гласаат за д-р Грозданов и Венко Крстевски

Граѓаните на Кочани не избраа градоначалник во прв круг. На 2.ноември ќе гласаат за независниот кандидат Венко Крстевски или за д-р Владко Грозданов, исто така независен кандидат, поддржан од од ВМРО-ДПМНЕ.Според 80, 47 отсто од преброените гласови, Крстевски има 23.67 отсто или 2.704 гласови, а Грозданов со 39.95 отсто или 4.564 гласови.Вториот круг од Локалните избори ќе се одржи на втори ноември.

Македонија | пред 1 година

media-libraryf16ogmthvl4ceoFRbeS

Ѓорѓиевски и Мециновиќ во втор круг за Скопје – Шукова надвор од трката

Кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, и пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, ќе се соочат во вториот круг од изборите за градоначалник на Град Скопје, кој ќе се одржи на 2 ноември.Кандидатката на владејачката партија Каја Шукова не успеа да влезе во трката за вториот круг и, според првичните официјални податоци, заврши четврта меѓу 16 кандидати кои се натпреваруваа за првиот човек на главниот град.Според 100 проценти обработени избирачки места, објавени од Државната изборна ко

Македонија | пред 1 година

media-libraryo4eqadf4g83o7jIRlIz

Орце Ѓорѓиевски и Аамар Мециновиќ одат во втор круг, Каја Шукова е на четвртата позиција по освоени гласови

Според 99 отсто oд обработени гласови од Државната изборна комисија, во вториот круг на локалните избори, за градоначалник на Скопје, влегуваат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица.Ѓорѓиевски со 99 отсто обработени гласови имаше освоено  39,43 отсто или 91.582 од гласовите на скопјани, додека Мециновиќ – 13,20 отсто или 30.659 гласа.Третото место го освои кандидатот на коалицијата Вреди, Башким Бакиу за кого гласаа 27.864 избирачи, додека кандидатката на СДСМ, Каја Шукова го

Скопје | пред 1 година

media-librarydb7tk13bjf8faIJ7S0P

Филипче: СДСМ победи во 3 општини во прв круг, води во десетина и влегуваме во втор круг во дваесетина општини

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на вчерашната прес-конференција изјаи дека СДСМ во првиот круг од локалните избори победи во 3 општини, води во десетина и во вториот круг влегува во дваесетина општини.Во продолжение е интегралната изјава на претседателот Филипче:„Најпрво, сакам да упатам честитки за добро организираниот изборен ден. Денот помина мирно. Имаме некои одредени забелешки за изборниот процес. Тие забелешки се дадени до соодветните институц

Македонија | пред 1 година

media-libraryskj3vhcuu55m0Oc7AUk

(Во живо) „Претрес“ со Ландов - Изборно студио

Вечерва граѓаните се собираат пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, откако лидерот на партијата Христијан Мицкоски прогласи победа на градоначалниците од нивните редови во повеќе од 30 општини и тоа уште во првиот круг.Атмосферата ја пренесуваме во живо.Владее еуфорија, поставена е и бина, а доѓаат граѓаните од повеќе скопски општини.Ќе присуствуваат и градоначалниците кои веќе победија

Скопје | пред 1 година

media-libraryju6u5pnj5o2m7JynWVi

„ВМРО-ДПМНЕ има градночалници во повеќе од 30 општини уште во првиот круг, во Струмица победивме по цели 20 години“, рече Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва прогласи победа на партијата во повеќе од 30 општини уште во првиот круг. Истовремено, тој најави и победа на Орце Ѓорѓиевски во Скопје, бидејќи, како што рече има убедливо водство.„Ветивме победа, имаме победа! Македонија избра луѓе кои веруваат во работа, а не во зборови. Оваа убедлива победа не е крајот, туку ова е почеток на новата македонска енергија. Во овие недели покжавме дека политиката може да има поинакво лице, без навереди, без омраз

Македонија | пред 1 година

media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Ана Чупевска од СДСМ ги смета локалните избори за успех: Во „Претрес“ вели дека СДСМ оди во нагорен тренд

По досегашните пребројани гласови, кои според податоците на ДИК, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во 55 општини, Ана Чупевска од СДСМ вечерва во „Претрес“ вели дека СДСМ има нагорен тренд и ги смета локалните избори за успех.Очекува влегување на партијата во втор круг во Скопје, иако во моментов нивната кандидатка Каја Шукова е на третата позиција, зад кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и зад кандидатот на Левица, Мециновиќ.

Македонија | пред 1 година

media-libraryvuau7koqba196dWKZPh

(Видео) Огномет во Чаир, Меџити слави победа во Чаир, убедливо води пред Бујар Османи на ДУИ

Кандидатот за градоначалник за Чаир од ВЛЕН, Изет Меџити, вечерва слави победа. Според неофицијалните резултати, Меџити убедливо води пред кандидатот од ДУИ, Бујар Османи, и најавува победа уште во првиот изборен круг.-На ДУИ и Ахмети, кои се залагаа за легитимитет, им честитам за победата во Пласница, додека во другите општини убедливо води Вреди. Во Чаир сме тука да ја прославиме победата на Вреди уште во првиот круг. Тие посакуваа да се мериме во Чаир и Тетово, и таму убедлива победа ќе издво

Скопје | пред 1 година

media-libraryirtpknbeeulodgic0aK

Јанчев во Кавадарци прогласи победа

Митко Јанчев победи со 7:1 во однос на кандидатот на СДСМ, соопшти неговиот изборен штаб. Велат дека со убедливо водство од утре го продолжува неговиот успешен градоначалнички мандат.-Изборниот штаб на Митко Јанчев прогласи победа во Кавадарци со резултат три наспроти еден. Вечерва победата ќе ја прослават на градскиот плоштад.

Македонија | пред 1 година

media-librarytjjocjhjp5nm1GLIGoi

Мисајловски: Орце Ѓорѓиевски води со шест пати повеќе гласови за Скопје, Каја Шукова е трета

Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека очекува владејачката партија да издвојува голема победа во првиот круг локални избори.Тој потенцираше дека на праг на победа е и Орце Ѓорѓиевски во Скопје.„ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, разликата е 3:1, има општини каде разликата е 6:1, 7:1, 10:1, а во некои општини СДСМ е трета партија.-Се одбраа градоначалници во Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, Сопиште, Штип, Велес,

Скопје | пред 1 година

jakimovski-stevco

Стевчо Јакимовски оди во втор круг за Карпош

Стевчо Јакимовски, лидерот на партијата Граѓанска опција за Македонија-ГРОМ, вечерва објави дека продолжува во вториот круг на локалните избори.Рече дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, води за 266 гласа, од 40 отсто од преброените гласови.

Скопје | пред 1 година

media-librarymvq1f8go3u4r5mbPVGQ

СДСМ: Водиме во седум општини, но имаше бројни изборни нерегуларности

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција оцени дека изборниот ден поминал генерално мирно, но биле констатирани сериозни прекршувања на изборниот процес во повеќе општини низ државата.„Имаме злоупотреба на избирачкиот список, обиди за изборен поткуп, директни закани и уцени, како и кршење на изборниот молк преку агитација и нерегуларности при самото гласање“, рече Димитријевиќ.Тој наведе конкретни случаи — во Лозово бил спречен обид за поткуп документиран

Македонија | пред 1 година

media-libraryimsorg661hgi4c9Pwof

Андоновски во Претрес: Во Куманово води Максим Димитриевски, во Кочани е тешка состојбата

Стефан Андоновски во вечерашнава емисија „Претрес“ соопшти дека кандидатот за градоначалник на ЗНАМ, во Куманово, Максим Димитриевски, води пред неговиот противкандидат.Во однос на Кочани изјави дека ситуацијата е многу тешка, се уште ништо не се знае, пред се заради големата трагедија која се случи во „Пулс“.-Имав чувство дека таму нема атмосфера за избори, но ете во Кочани има дури пет кандидати. Тоа е општина на која и треба развој, сакаат оптината да почне да се движи во една позитивна насок

Македонија | пред 1 година

media-libraryuomhfgi3qo2j4E99SVb

Кирил Пецаков прогласи победа во Охрид уште во првиот круг

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, веќе прогласи победа во првиот круг.Историска победа!!!Ви благодарам Охриде!!Од утре уште појако одиме!, напиша Пецаков на ФБ

Охрид | пред 1 година

media-library20sa5e8o5mlhfXNMsTD

Во четири општини веќе се избрани градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ: Стефан Андоновски во „Претрес“ со Ландов

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој гостува во „Претрес“ на Ландов, соопшти дека во четири општини веќе се избрани градоначалници, а тоа се Радовиш, Ресен, Свети Николе и Сопиште.Освен тоа, тој рече дека во три општини, каде што досега градоначалници беа од редовите на СДСМ, сега владејачката партија е на чекот до победа и тоа во Струмица, Берово и во Делчево.Во Аеродром разликата е 1 спрема 5 во корист на ВМРО-ДПМНЕ, а во Охрид Кирил Пецаков има 11.000 гласа наспроти

Македонија | пред 1 година

ojo-gokk

ОЈО: Бројот на сторени кривични дела е мал во целата држава поврзано со изборите

Јавните обвинителства во текот на целиот ден интензивно го следеа изборниот процес и сите известувања со евентуални индиции за сторено кривично дело поврзано со изборите.Генерално, бројот на такви информации кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела е мал во целата држава, а обвинителствата веќе преземаат дејствија за нивно целосно испитување.На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје се евидентирани следните настани:– ОЈО Велес презема дејствија за испитување на наводи за потк

Македонија | пред 1 година

media-libraryk8odp3o9scjg7wVQu9k

Излезноста до 18.30 e 46,65 отсто - ДИК соопшти нови информации

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори низ Македонија.„Последниот одзив е до 18:30 часот, одзивот на ниво на државата изнесува 46,65%, односно излегле да гласаат 803.091 граѓанин, од 94,62% од обработените избирачки места“, рече Борис Кондарко.„Во споредба на локалните избори во 2021 година, вкупниот одѕив изнесувал 49,98%“, додаде Кондарко.Претседателот на ДИК потенцираше дека наскоро ќе соопштат и првични резултати од некои од општини

Скопје | пред 1 година

media-librarynnob8k75nld4bRRC1nb

„Ќе победиме во најголем дел од општините“! Тимчо Муцунски не го крие оптимизмот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕм Тимчо Муцунски изјави дека очекуваат голема победа на овие локални избори.„На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел во општините. Денеска Македонија имаше мирни и успешни избори, кои ги исполнуваат сите критериуми за успешен демократски процес. Најмирни избори, и заслугата е на граѓаните. Им благодариме на граѓаните. Очекуваме одличен изборен резултат и огромна победа која ќе биде прослава на вољата на граѓаните, и по

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања