Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

20230503092858

Д-р Ненад Лазаров: „Не треба да се фалите и да се фотографирате со луѓето на кои им помагате“

Докторот Ненад Лазаров реагираше на начинот на кој се промовира хуманитарната помош, порачувајќи дека помагањето на сиромашни, болни и луѓе кои се наоѓаат во тешка состојба не треба да биде повод за јавно фалење и фотографирање со оние на кои им е потребна помош.„Кога се дава и помага на сиромашни, болни луѓе, во мака, не се сликаш со луѓето на кои си помогнал, не се фалиш и чаламиш, ниту очекуваш нешто за возврат“, напиша Лазаров во објава.Тој остро го критикуваше, како што вели, јавното фотогр

Коментари | пред 2 месеци

dui-

ДУИ бара нов конкурс за прием во средното полициско училиште: Само 11 отсто од 310 кандидати се од немнозинските заедници

ДУИ обвинува дека власта систематски ги исклучува Албанците од структурите на редот и безбедноста, откако, според партијата, од 310 примени кандидати во средното полициско училиште, само 11 отсто се припадници на немнозинските заедници.Од ДУИ велат дека учеството на Албанците меѓу примените кандидати е помало од три отсто, поради што бараат конкурсот да биде повторен и да се почитува принципот на правична и соодветна застапеност на сите заедници.„Истовремено, бараме во структурите на полицијата,

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymt4qcm7a73jp6mF8CqQ

(Видео) Израелски дрон погоди објект во Џенин, палестински извори тврдат дека има тројца загинати

Израелската војска во петокот извршила напад со дрон врз објект во градот Џенин на окупираниот Западен Брег, при што, според палестински извори, загинале три лица. Палестинското Министерство за здравство засега официјално не го потврдило бројот на жртвите ниту нивниот идентитет.Израелската војска соопшти дека прецизно погодила неколку лица кои ги означила како терористи, но не наведе колку лица биле цел на нападот ниту дали има загинати.Според палестинската новинска агенција ВАФА, дронот погодил

Свет | пред 2 месеци

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ го честита празникот Успение на Пресвета Богородица

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка до сите православни верници по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.Од партијата посочуваат дека празникот ги симболизира верата, надежта, љубовта и семејството, а Мајката Божја ја истакнуваат како пример за скромност, трпеливост, пожртвуваност и човечност.„Успението на Пресвета Богородица е празник на верата, надежта, љубовта и семејството. Мајката Божја е вечен пример за скромност, трпеливост, пожртвуваност и човечност

Македонија | пред 2 месеци

media-library18is0v5m70uvdiDcyVe

Речиси 500 мигранти за еден ден пристигнаа во Британија

Речиси 500 мигранти вчера пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци преку Ла Манш, со што било прекинато десетдневното затишје во нерегуларните преминувања од Франција.Вкупно 494 лица со седум чамци се истовариле во Довер и биле пренесени во базата на Командата за гранична безбедност. Малите гумени чамци продолжиле да пристигнуваат во британските води до доцна во вечерните часови.Според анализа на владините податоци, која ја направила агенцијата „Прес асошиејшн“, бројот на пристигнувања

Свет | пред 2 месеци

media-libraryi2ap9e5aj7lf8vEtVcJ

(Видео) Иран објави видео за наводен атентат врз синот на Трамп, сега тврди: „Тоа се лаги на Нетанјаху“

Иран ги отфрли извештаите дека постои наводен план за напад врз синот на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи ги тврдењата како „измислена пропаганда“.Секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Мохсен Резаи, ги нарече обвинувањата „маневри на Нетанјаху“, алудирајќи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.„Тврдењето дека постои план против синот на Трамп не е ништо друго освен голема лага што ја осмислил Нетанјаху за да го измами и заплаши американскиот претсе

Свет | пред 2 месеци

media-libraryoue033mfkerqf3L34l9

Познати деталите за несреќата со македонското семејство во Словенија: инспектор тврди дека децата не биле врзани со појас

Нови детали се објавени за тешката сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на словенечкиот приморски автопат, меѓу Унец и Равбаркоманда, во која загинаа три лица – 74-годишна жена и две деца на возраст од четири и 11 години.Како што соопшти полицијата во Копер, во автомобил „Ауди А4“ со италијански регистарски таблички патувале пет лица, сите државјани на Северна Македонија со живеалиште во Италија. Станува збор за семејство кое живеело во Равена.Загинале 74-годишната мајка на возачот и

Македонија | пред 2 месеци

media-library74ge5ss80crp17olm8H

Лукровски со честитка по повод Голема Богородица: „Празникот нè потсетува на верата, љубовта и грижата за другите“

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска го одбележа празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, со посета на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.По повод празникот, Лукровски упати честитка до православните верници, посакувајќи им добро здравје, духовен мир, благосостојба и семејна среќа.„Овој голем празник нè потсетува на најважните човечки вредности – верата, љубовта, надежта, милосрдието и грижата за ближниот“, порача Лукровски.Успението

Скопје | пред 2 месеци

dron1

Турски дрон навлегол во грчкиот воздушен простор, испратени два Ф-16

Турски дрон навлегол во грчкиот воздушен простор над Егејското Море, по што грчките воздухопловни сили испратиле два борбени авиони Ф-16 за негово лоцирање и пресретнување.Инцидентот се случил во петокот наутро во областа меѓу островите Самотраки и Лемнос. Особена загриженост предизвикала близината на беспилотното летало до терминалната писта на аеродромот во Александруполис, во момент кога патнички авион на „Егеј ерлајнс“ се подготвувал за полетување.Грчките воздухопловни сили веднаш реагирале,

Свет | пред 2 месеци

vucic

Прва реакција од Вучиќ за Младиќ: Ако побара семејството, Србија ќе организира достоинствен погреб за него

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека државата ќе организира сè што е потребно за достоинствен погреб на Ратко Младиќ во Србија, доколку тоа го побара неговото семејство.Вучиќ, сепак, нагласи дека во моментот кога зборувал информациите за смртта на Младиќ сè уште биле на ниво на медиумски наводи и дека Белград немал добиено официјално известување од Хаг.„Засега не можам да кажам ништо повеќе, бидејќи од Хаг немаме добиено никаква официјална информација“, рече Вучиќ за време на посета

Свет | пред 2 месеци

media-library0dv64te3r3crbhMvNl2

Во остатоците од Хирошима откриена метална легура каква досега не била забележана на Земјата

Во микроскопските остатоци од атомската експлозија што на 6 август 1945 година ја уништи Хирошима, научници откриле ситно зрно метална легура со комбинација на состав и кристална структура каква досега не била забележана на Земјата.Откритието го направил тим предводен од геологот Лука Бинди од Универзитетот во Фиренца, а резултатите се објавени во списанието „Science Advances“.Материјалот бил пронајден во микроскопски стаклести честички од песокот во заливот кај Хирошима, создадени при екстремни

Свет | пред 2 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка пред куќа во Двориште, употребени тврд и остар предмет

Физичка пресметка пред куќа во беровското село Двориште завршила со употреба на тврд и остар предмет и со повредено лице.Според пријавеното, тројца мажи околу 4:30 часот дошле пред куќата на К.С.(46), по што започнала физичка пресметка.Во пресметката К.С. употребил тврд и остар предмет и повредил едно од лицата.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 месеци

tepacka

Тепачка меѓу роднини, полицијата приведе четири лица

Четири лица од Шуто Оризари се приведени по семејна физичка пресметка во која од едната страна биле двајца мажи, а од другата нивниот чичко и уште едно лице.Инцидентот се случил синоќа околу 23 часот во семеен дом на подрачјето на Шуто Оризари.Полицијата ги привела И.М.(29), П.М.(27), С.М.(49) и Ф.М.(48) на улицата „Бутелски Венец“.По целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 2 месеци

maxresdefault

Работник повреден при превртување багер во Морани

Четириесет и седумгодишен работник бил повреден при превртување багер во скопското село Морани.Случајот бил пријавен вчера во 17:20 часот од комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што повредениот бил донесен за лекарска помош.Според пријавеното, П.Д.(47) се повредил при превртување на работна машина во сопственост на приватна фирма.Увид извршиле полициска екипа и трудов инспектор.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3hilpabs12vi2QdWWcO

Два случаи со залутани зрна во скопско, полицијата истражува од каде било пукано

Залутани зрна од огнено оружје биле пронајдени на балкон во Визбегово и во автомобил во скопското село Морани.Во Визбегово, 69-годишна жена пријавила дека на балконот од својата куќа пронашла залутано зрно. Полицијата извршила увид на местото.Во Морани, 53-годишен маж пријавил дека додека седел во дворот забележал оштетување од залутано зрно на автомобил „мерцедес“, сопственост на неговиот брат.Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаја.

Македонија | пред 2 месеци

IMG_4867

Со остар предмет во раката им се заканувал на полицајци, приведен 76-годишник

Седумдесет и шестгодишен струмичанец е приведен откако со остар предмет во раката агресивно се однесувал кон полициски службеници.Инцидентот се случил половина час по полноќ во Струмица, додека полицајците извршувале службени задачи.Љ.С.(76) бил задржан во Полициската станица Струмица, а за случајот бил известен јавен обвинител.По целосното документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3v441ivihsja208Z9sU

Два нови случаи на семејно насилство, нападнати две млади жени

Двајца мажи се приведени во Велес и Радовиш по одделни пријави дека физички ги нападнале својата невенчана сопруга и сестра.Во Велес бил приведен О.А.(37), откако било пријавено дека во домот физички ја нападнал и ѝ се заканувал на својата 33-годишна невенчана сопруга.Во Радовиш полицијата го привела Ј.А.(25), по пријава дека во семејниот дом ја нападнал својата 20-годишна сестра.За двата настана биле известени јавни обвинители, а по документирањето ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynmmk7lv8h7ggct7J0EU

Се судрија „цитроен“ и „пасат“, тешко повреден 58-годишен возач

Двајца мажи се повредени во судир меѓу автомобили на регионалниот пат од Струмица кон селото Баница, а едниот од нив се здобил со тешки телесни повреди.Несреќата се случила вчера околу 13 часот меѓу „цитроен“, управуван од К.М.(58) од Радово, и „пасат“, управуван од Џ.А.(31) од Баница.Тешко бил повреден 58-годишниот возач, додека другиот учесник се здобил со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица.Увид извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryah3d8l7bsqub1PWUfT8

Полицијата на Табановце приведе 39-годишен Словенец оти превезувал марихуана

Словенечки државјанин е приведен на граничниот премин Табановце откако полицијата пронашла марихуана во неговиот личен багаж.М.Д.(39) бил приведен вчера во 8:30 часот при влез во Македонија.При проверка на автомобилот со словенечки регистарски ознаки и личниот багаж на возачот била пронајдена и одземена марихуана.По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarylcrm0krqlluc1ZAc7k8

Серија приведувања поради дрога во Скопје, Прилеп, Велес, Берово и Струга

Пет лица се приведени во Скопје, Прилеп, Велес, Берово и Струга откако кај нив биле пронајдени марихуана, бела и кафеава прашкаста материја.Во Скопје биле приведени С.Б.(32) и Д.П.(26), двајцата од Скопје, кај кои била пронајдена марихуана. Во казино во Прилеп бил приведен Р.Р.(55), исто така поради пронајдена марихуана.Во Велес полицијата го привела Е.М.(30), кај кого била пронајдена кафеава прашкаста материја, додека кај Ѓ.Т.(22) во објект во Берово била пронајдена бела прашкаста материја.Во В

Македонија | пред 2 месеци

grabez

Татко и син ограбиле и со остар предмет нападнале маж, па ја тепале и неговата сопруга

Татко и неговиот 18-годишен син се приведени по пријава дека во барака во Скопје ограбиле и нападнале маж, а потоа физички ја нападнале и неговата сопруга.С.Г.(33) пријавил дека му одзеле пари од чантата, по што го нападнале со остар и метален предмет.Според пријавата, Х.А.(47) и неговиот син А.А.(18) потоа ја нападнале и сопругата на пријавителот.Двајцата биле приведени на улицата „Вангел Тодоровски“. По целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryckfk0sgo0jp0cNc0dil

Малолетник со мопед не застанал на полициски знак, при бегството паднал и тешко се повредил

Седумнаесетгодишен малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако со нерегистриран мопед избегал од полициска контрола и паднал на булеварот „Србија“ во Скопје.Според МВР, малолетникот претходно не застанал на даден знак од полицајци на булеварот „Борис Трајковски“.Тој продолжил да се движи, а околу 2:30 часот паднал од мопедот. Бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.Полицијата утврдила дека малолетникот

Македонија | пред 2 месеци

media-library6acp6g9eikev5DwJIzZ

Семејна драма во Македонска Каменица: Фрлила нож кон свекорот, тој ја удрил со тврд предмет

Дваесет и тригодишна жена од Македонска Каменица е приведена по семејна расправија во која ја нападнала свекрвата и фрлила нож кон свекорот, по што и тој ја удрил со тврд предмет.Според пријавеното, на инцидентот му претходела расправија меѓу жената и нејзиниот сопруг.Таа најпрво физички ја нападнала свекрвата, а потоа фрлила нож кон свекорот и го удрила во ногата. Потоа свекорот ја удрил со тврд предмет.Полицијата ја привела жената синоќа во 21:35 часот. По целосното расчистување на случајот ќе

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygc8gc5o15a70cg3qHJz

Трагедија во Елшани: Вработен во телекомуникациска компанија паднал од бандера и загинал

Четириесет и осумгодишен работник загинал откако паднал од бандера додека извршувал работни задачи во охридското село Елшани.Несреќата вчера во 14:40 часот била пријавена во СВР Охрид.Станува збор за Н.К.(48) од селото Лескоец, вработен во телекомуникациска компанија. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.Увид извршиле јавен обвинител, трудов инспектор и полициски екипи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите.

Охрид | пред 2 месеци

media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Договорила средба со маж, тој ја нападнал и ѝ одзел два телефона: Венецуелка ограбена во апартман во центарот на Скопје

Триесет и седумгодишна државјанка на Венецуела пријавила дека била нападната и ограбена во апартман во центарот на Скопје од маж со кого телефонски договорила средба.Според пријавата поднесена во Полициската станица Центар, нападот се случил вчера околу три часот по полноќ.Жената навела дека физички ја нападнал Б.Џ. од Косово, кој живее во Лондон, а потоа ѝ одзел два мобилни телефона.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања