Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarytplgk73t27g53DmGrm3

Возел „голф“ без положен возачки испит, полицијата го приведе

Дваесет и едногодишен жител на гостиварското село Градец е приведен откако полицијата утврдила дека управувал автомобил без возачка дозвола.Полициски службеници го сопреле Н.А.(21) утрово во 00:55 часот во Боговиње, додека управувал автомобил „голф“ со гостиварски регистарски ознаки.По извршените проверки било утврдено дека тој не поседува возачка дозвола. По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Тројца албански државјани приведени по напад врз жител на Чегране

Тројца албански државјани се приведени по физички напад врз 44-годишен жител на гостиварското село Чегране, а кај двајца од нив било утврдено присуство на алкохол.Полицијата ги привела Д.Д.(32), С.Е.(35) и Џ.Д.(35) пет минути по полноќ, постапувајќи по пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир и физички го нападнале З.А.(44).Кај Д.Д. биле измерени 2,57 промили алкохол, а кај Џ.Д. – 1,47 промили.Тројцата биле задржани во просториите на ОВР Гостивар. По целосното документирање на случајот ќе след

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygie3r8ces75vex5smBO

Се судрија „мерцедес“ и мотоцикл, тешко повреден 16-годишен сопатник

Шеснаесетгодишник се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мотоцикл на локалниот пат меѓу тетовските села Горно Седларце и Синичане.Несреќата се случила вчера околу 15:22 часот, меѓу автомобил „мерцедес“, управуван од М.И.(54), и мотоцикл „јамаха“, управуван од Л.И.(20), двајцата од Горно Седларце.Тешко бил повреден 16-годишниот сопатник на мотоциклот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди.Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Тетово и

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfbrbdul0mgjl9yWVpq8

Приведен по објава на туѓи фотографии со обвинување за долг на социјална мрежа

Триесет и двегодишен жител на Боговиње е приведен откако на социјална мрежа објавил фотографии од 38-годишен маж со тврдење дека му должи пари.Случајот претходно го пријавил мажот чии фотографии биле објавени, по што полициски службеници од СВР Тетово синоќа во 20 часот го лишиле од слобода Н.И.(32).Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 месеци

media-library9rdrrl87i5108rSVih5

Речиси 500 жртви во поплавите, но Непал сè уште не прифаќа странски спасувачи

Непал засега не планира да прифати странски спасувачки тимови по разорните поплави што погодија повеќе области во земјата, иако помош понудиле неколку држави чии граѓани се меѓу исчезнатите.Поплавите особено го погодија округот Расува, во близина на границата со Кина, каде што се уништени населени места, оштетени се хидроелектрани, а бројот на загинати се приближува до 500. Стотици странски државјани и натаму се водат како исчезнати.Од непалското Министерство за надворешни работи соопштија дека

Свет | пред 2 месеци

media-libraryi9pmkah76rme99hUaeE

Новинарот Бранко Героски пријави закана: Загрижен сум за мојата и безбедноста на семејството

Новинарот Бранко Героски соопшти дека го известил директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, за закана што, според него, му била упатена преку социјалната мрежа Фејсбук и која кај него предизвикала загриженост за сопствената и за безбедноста на неговото семејство.Геровски наведува дека заканата дошла од лице кое го именува како Илија Ико Стаменов, во коментари под неговата објава со содржина: „Само трговски центри, дата центри никако“.Тој нагласува дека во самата објава

Коментари | пред 2 месеци

BARDOVCI

(Видео) Не еден, туку пет тендери за фирма поврзана со братучедот на директорот на „Бардовци“, вели ДУИ

ДУИ излезе со нови обвинувања за јавните набавки во Психијатриската болница „Бардовци“, тврдејќи дека компанијата „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, која ја поврзува со братучедот на директорот Иса Авдулаи, не добила еден, туку вкупно пет тендери од институцијата откако тој ја презел директорската функција.Според партиското соопштение, првиот договор бил потпишан на 15 октомври 2024 година, околу три месеци по именувањето на Авдулаи за вршител на должноста директор, а бил во вредност до 600.000 денари.Д

Македонија | пред 2 месеци

media-librarym30rofrhld2220GP5jD

(Фото) Ниту моторџиите не се „невидливи“ за камерите: „Безбеден град“ почна да ги казнува и моторите, ги лови задните таблици

Системот „Безбеден град“ почна да евидентира прекршоци и кај мотоциклистите, а првите известувања за казни покажуваат дека камерите можат да ја регистрираат и табличката поставена на задниот дел од моторот.Од фотографиите од материјалот за прекршок се гледа мотоцикл снимен од една позиција, при што системот ја издвојува зоната во која се наоѓа задната регистарска табличка.Тоа е особено значајно кај мотоциклите, бидејќи за разлика од автомобилите, регистарската ознака најчесто е поставена само од

Македонија | пред 2 месеци

media-library7k5ngmouk0sm28bkNKc

Објавен возниот ред: Осум возови дневно меѓу Зелениково и Скопје од први септември

Од 1 септември 2026 година повторно ќе биде достапна железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе сообраќа осум пати дневно во двата правца.Возот од Зелениково ќе застанува на станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајната станица ќе биде Железничката станица Скопје.Првото поаѓање од Зелениково ќе биде во 6:20 часот, а потоа возови ќе има во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот.Во обратен правец, од Железничката станица Ско

Скопје | пред 2 месеци

media-library18fv0cigbj8q4jFktz4

(Видео) Кина под удар на тајфун: Над 820.000 евакуирани

Тајфунот Саудел утрово ја погоди источната обала на Кина на две локации, поради што властите наредија масовни евакуации и привремено го прекинаа железничкиот и траектниот сообраќај.Според државните медиуми, тајфунот прво го погодил градот Тајџоу околу 8 часот по локално време, а околу еден час подоцна и Венџоу. Ова е трет тајфун што годинава ја погодува кинеската провинција Жеџијанг.Се очекува Саудел да донесе обилни врнежи во Жеџијанг и во соседната крајбрежна провинција Фуџијан, а додека се дв

Свет | пред 2 месеци

media-libraryr3oakqihoh0a9FL3APf

ВМРО-ДПМНЕ го нападна Филипче за дата-центрите: „Едно е Пехчево, друго се државните преговори“

ВМРО-ДПМНЕ повторно го нападна лидерот на СДСМ, Венко Филипче, поради неговите критики за плановите за развој на дата-центри во Македонија, обвинувајќи го дека шири паника и дека можеби се води од лични и бизнис-интереси.Членот на ИК и пратеник Миле Лефков рече дека СДСМ намерно создава „паника и хистерија“ и дека во јавните настапи покажува непознавање на основните прашања поврзани со дата-центрите.„Филипче и СДС треба да знаат дека едно се инвестиции од поединци како онаа во Пехчево, а друго е

Македонија | пред 2 месеци

media-library0vvd99bp51d6feFK80T

(Фото) Голема гужва на Стража: Се судриле мотор и автомобил кај Гостивар

Голема сообраќајна гужва е создадена на патниот правец Гостивар до Стража, бидејќи на влезот на градот се случила сообраќајка.Според првичните информации, во несреќата се судриле мотоцикл и патнички автомобил.Поради сообраќајката, движењето на возилата е значително отежнато, а на патот е формирана колона долга околу еден километар.Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица, ниту за точните околности под кои се случила несреќата.Се очекуваат повеќе детали од надлежните служби.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryntk5gaho89asfudYycD

Возел 175 км/ч каде што е дозволено 80: Уапсен возач од Шведска на Табановце

Полициски службеници на Граничниот премин Табановце лишија од слобода 39-годишен возач од Шведска, откако преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека на автопатот А1 возел со 175 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.Од МВР информираат дека случајот бил регистриран на 27 август околу 16 часот, при проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски регистарски ознаки, управувано од М.С. (39) од Шведска.При проверката било утврдено дека воза

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykr55q9kififhdQgNO2P

(Видео) Мицкоски: Очекувам младите од странство да се вратат во Македонија, животот на западот не е ист како пред пет години

Премиерот Христијан Мицкоски очекува развојот на нови индустрии, вклучително и дата-центрите и секторите што ќе ги сервисираат, да создаде услови дел од младите Македонци кои живеат и работат во странство да се вратат во земјата.Тој се повика на податоци од Државниот завод за статистика, тврдејќи дека од третиот квартал на 2024 до вториот квартал на 2026 година бројот на вработени се зголемил за 17.000.„Од 691.000 вработени до 708.000 вработени. Ако тоа го преточите во бројки, ќе сфатите дека пр

Македонија | пред 2 месеци

media-library48adqcah02ei5g9XVsD

За 30% е зголемен интересот за инженерските факултети, младите знаат каде оди светот, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата ќе продолжи да ја насочува економијата кон вештачката интелигенција и дата-центрите, оценувајќи дека Македонија има знаење и кадар за да го следи правецот во кој се движи глобалната економија.Како аргумент дека и младите го препознаваат овој тренд, Мицкоски посочи дека интересот за студирање инженерски науки е зголемен.„Имаме знаење, знаеме како. Ме охрабрува податокот што на факултетите за инженерски науки за 30 проценти е зголемен интересот за зап

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymh8h95j66sopex4OW5W

Македонија веќе има дата-центар, човештвото се движи кон таа технологија: Мицкоски не се откажува од нивна изградба и најави „национален клауд“

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека проектот за дата-центар во Пехчево е приватна иницијатива за која Советот и Општината веќе го кажале својот став, но нагласува дека Владата нема да се откаже од пошироката цел Македонија да развива индустрија на дата-центри.„Ние, како држава, апсолутно остануваме на нашата цел за развој на таков тип индустрија, бидејќи тоа е иднината и тој процес е неповратен“, рече Мицкоски, додавајќи дека ваквите проекти треба да се реализираат согласно законите и на лока

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryafjn4dg7uflv8952yVy

Македонските пилоти блеснаа во БиХ: Ивановски најдобри екипно, Давидовиќ прв поединечно

Македонските пилоти забележаа голем успех на меѓународниот натпревар со едрилици „Бланик куп“ во Босна и Херцеговина, каде што Раде и Марјан Ивановски од Штип го освоија првото место во екипна конкуренција.Таткото и синот Ивановски настапуваа за воздухопловниот клуб „Римин ер“, а до победата стигнаа во конкуренција на триесет искусни натпреварувачи од регионот и Европа.Раде и Марјан со години се занимаваат со воздухопловство и спортско летање, а своето искуство го градат и на спортскиот аеродром

Магазин | пред 2 месеци

media-library1mohc4m0oo2ncYNGEzd

Се претставувал како лекар и барал пари за „итно лекување“ – уапсен млад Бугарин во Осиек: Пензионерка му дала и злато за наводна операција на ќерка ѝ

Хрватската полиција во Осиек уапси 23-годишен бугарски државјанин, осомничен дека се претставувал како лекар и со лажни приказни за итно лекување мамел повозрасни жени.Според полициските информации, осомничениот телефонски контактирал 79-годишна жена и ѝ кажал дека нејзината ќерка скршила нога и дека се потребни пари за итно лекување за повторно да може да оди.Верувајќи во приказната, жената на домашниот праг му предала 260 евра и златен накит со вкупна вредност од околу 765 евра.Кога осомничени

Свет | пред 2 месеци

media-librarynm6fihfidd9k8fw2jaK

Викендот сончев и топол, но попладне можни невреме, пороен дожд и град

Во текот на викендот времето претпладне ќе биде претежно сончево и топло, додека во попладневните часови на места ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи, локално нестабилните процеси може да бидат поинтензивни и во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.Во недела, 30 август, минималните температури ќе се движат од 12 до 20 степени, а максималните од 29 до 36 степени.Од почетокот на новата

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybek8jg6cb3a28rnkCt9

Се стабилизираат улиците во Бегниште, во тек изградба на три потпорни ѕидови

Во селото Бегниште се градат три нови потпорни ѕидови со цел да се стабилизираат делови од улиците и да се зголеми безбедноста на жителите, соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.Зафатот се реализира во рамки на Програмата за комунална изградба за 2025 година, а е започнат по барање на Месната заедница Бегниште.Според Јанчев, на делови од улиците постоела опасност од рушење, поради што изградбата на потпорните ѕидови била неопходна за стабилизирање и обезбедување на уличниот простор.

Македонија | пред 2 месеци

media-library07sf0l2mrl9tb6DVj0Q

Џез под „Света Софија“: Почна четвртото издание на фестивалот во Охрид

Со вечер посветена на млади музички таленти започна четвртото издание на Охрид Џез Фестивал.Како што објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, публиката синоќа во предворјето на црквата „Света Софија“ го проследила концертот „Ехо од Македонија“.На концертот настапиле ученици и професори од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид, заедно со детскиот хор при училиштето.Фестивалската програма продолжува и вечерва, кога пред охридската публика ќе настапат Сашко Костов и Орхидеја Дукова.Според најавата, ни

Охрид | пред 2 месеци

media-librarysdobhc19nv5t5Dula9V

„Не е знак ни за мир ни за војна“: Руски весници пишуваат дека шефот на ЦИА е во Русија

Ненадејната посета на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Москва и натаму е една од главните теми во руските медиуми, кои се обидуваат да ја утврдат вистинската причина за неговото доаѓање.Ретклиф во вторникот пристигнал во Москва со американски воен транспортен авион C-17A. Тоа е прва посета на директор на американската разузнавачка служба на Русија од крајот на 2021 година.Според прегледот на рускиот печат што го објави дописникот на Би-Би-Си од Москва, Стив Розенберг, во јавноста кружат повеќе

Свет | пред 2 месеци

media-libraryctp5eon0scguaIvnjoG

ЕУ воведе царина за малите пратки од Кина, увозот падна до 40 отсто

Новата царина од три евра за мали пратки, која Европската унија ја воведе на 1 јули, веќе довела до пад на увозот од 30 до 40 отсто, особено кај пратките од Кина.Мерката се однесува на пратки со вредност под 150 евра, кои досега беа ослободени од царински давачки.Со години евтини производи од платформи како Shein, Temu и AliExpress директно стигнуваа до европските потрошувачи. Брисел реши да го ограничи овој модел поради масовниот увоз на евтина облека, електроника и други производи, но и поради

Свет | пред 2 месеци

media-libraryivvmaj7g2c9fcuyqGQf

Унгарскиот премиер Петер Маѓар најавува побрзи кривични постапки: „Неприфатливо е предмети да траат 5 до 10 години“

Унгарскиот премиер Петер Маѓар најави заострување на правилата во кривичната постапка, скратување на роковите и зајакнување на судовите и истражните органи.Маѓар е лидер на централно-десничарската партија Тиса и актуелен премиер на Унгарија, откако неговата партија победи на парламентарните избори во април 2026 година и стави крај на 16-годишното владеење на Виктор Орбан.Неговата влада од доаѓањето на власт најавува поширока реформа на институциите, борба против корупцијата и преиспитување на де

Свет | пред 2 месеци

media-libraryv1psrtb1o0svfkjdFyT

(Видео) Украински дронови погодија една од најголемите руски рафинерии, едно лице загина, 27 се повредени

Украински дронови во текот на ноќта ја погодија рафинеријата Slavneft-YANOS во Јарослав, една од најголемите во Русија, потврди украинскиот Генералштаб.Во комплексот избувнал пожар, а размерите на штетата сè уште се утврдуваат.Снимки објавени на руски телеграм-канали покажуваат најмалку два одделни пожари во рамки на рафинеријата.Според украински извори, ова бил осми напад врз Slavneft-YANOS годинава. Последниот напад бил на почетокот на август.Рафинеријата се наоѓа околу 250 километри североист

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања