Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

Amdi-Bajram

(ФОТО) Божиќна честитка од Амди Бајрам

Твитерџиите овој период со „полни раце работа“. Тие не пропуштаа да се пошегуваат на сметка на политичари  и верувале или не, неретко ја кажуваат и вистината .Овој пат повторно на око го зедоја пратеникот Амди Бајрам, и „во негово име“ испратија Божиќна честитка до сите кои слават Божик.Еве ја твитер пораката на Амди Бајрам или некој кој честитал во негово име.

Скопје | пред 7 години

Zoran_Zaev

Неофицијално: Зaев ќе прифати дел од барањата на албанците

Премиерот Зоран Заев прифатил дел од барањата на Касами, по претходна консултација со пратеници и владата.Нашите извори, неофицијално велат дека станува збор за прифаќање националноста Албанец да влезе во преамбулата на Уставот. Пазарењето со албанската опозиција трае долго. Касами и Села се децидни во врска со овие барања.Иако Касами претходно кажа дека нема да уценуваат, сепак, условена беше нивната поддршка и со помош на ова ќе добијат позитивен одговор на барањата.Беса за амандвамите бара изедначување на македонците и албанците на сите нивоа во државата. Во првиот амндман бара измена во преамбулата на уставот односно македонската и албанската да бидат етничка заедница, да бидат одвоени и на исто ниво, од другите етнички заедници. Воедно бара и официјализирање на албанскиот јазик на цала територија.Вториот амандман е да се избрише 20 % и да се замени со албански јазик.Бесе поднесе и амандман со кој бара во делот на државјанство за албанците да пишува дека се граѓани на Р Севена Македонија, а за македонците да остане македонко државјанство државјани на Р Северна Македонија.Пред помалку од два месеци резултатите на анкетата која ја направи ТВ Телма покажаа дека СДСМ би добила најмногу гласови од албанците, а ВМРО ДПМНЕ од македонците долку утре има избори, со ова практично Заев и СДСМ можат да добијат и поголема подршка од албанскиот блок.Засега овие информации не се потврдени, а попладнево средба треба да одржат премиерот Зоран Заев и лидерот на Аијансата за албанците, Зијадин Села каде што треба да се утврди кои се новите барања од албанскиот блок и дали Заев ќе потклекне и пред нив.

Македонија | пред 7 години

kanal-22

Замрзна и каналот Студенчишта

Ниските температури кои достигнаа и до -17 степени во Охридско струшкиот регион го замрзнаа крајбрежјето на дел од Охридското езеро во Охрид и Струга. Утрово замрзна и дел од каналот Студенчишта кој е природно поврзан со езерото.Птичите барајќи храна, наместо од водата затануваат на дебелите слоеви мраз во водата. Ова аглетка е интересна за случајните минувачи кои застануваат и ја фотографираа оваа несекојдневна глетка.Инаку Охридското Езеро многу ретко замрзнува, но слично беше и пред две години кога исто така имаше многу ниски температури на воздухот кои доведоа до замрзнување на делови од езерото и во Струга и во Охрид.фото: Љупчо Лепи ФБ

Македонија | пред 7 години

kidnaperi

МВР апелира: Не ширете дезинфомации и паника, киднперите на деца кои се вртат по ФБ се во Мексико, не во Македонија

Во претходните неколку денови, поединци, со цел да предизвикаат паника, на социјалната мрежа Фејсбук шират фотографија од две лица кои наводно киднапирале деца во Македонија. Министерството за внатрешни ја известува јавноста дека по извршени проверки е утврдено дека станува збор за случај во Мексико, кој нема никаква врска со Република Македонија. https://voznoticias.wordpress.com/…/supuestos-robachicos-…/…Овие две лица се приведени во Мексико во август 2018 година поради сомнение за киднапирање.https://voznoticias.wordpress.com/2018/08/28/supuestos-robachicos-son-detenidos-en-teotitlan-de-flores-magon/?fbclid=IwAR2W1TqqM3YzeRPlpJuqxYIzXrp0DGz1kkyv7xPA4zb2t4fThucgpsN7O8k

Македонија | пред 7 години

49739202_2151807688266757_4933392602339737600_n

Утре и задутре нова снежна покривка со екстремно ниски температури

Работната недела за граѓаните започна со 15 степени под нулата - екстремно ниските утрински температури ќе се задржат и до крајот на неделава. Во Скопје се очекува да паднат и до 20 сантиметри снег, а на планините оваа бројка ќе биде три пати поголема.Студеното време ги наполни и амбулантите, но бројката од заболени од грип не е алармантна. На линијата на „Ало докторе“ изминативе денови се јавувале претежно лица со хронични заболувања, велат од Брза помош. Докторите препорачуваат кратки дневни прошетки но не во периодите кога е најстудено, да се внимава на храната која се конзумира и да се пие помалку алкохол.И агрометеоролозите со препорака до градинарите да внимаваат на расадите кои во овој период се во многу осетлива фаза, а се друго што е на отворено е далеку од прагот на издржливоста и нема опасност од штети.

Македонија | пред 7 години

pari-za-izjava

Пратениците изгласаа: Нема веќе „лихварски“ камати

Предложените измени добија зелено светло од сите пратеници во Собранието но и беше предложено Законот да важи за сите кредити општо.Со предлог законот - нема повеќе, како што народот ги нарекуваше,, „лихварски“ камати.. Вкупните трошоци за потрошувачките кредити се ограничуваат на 55% од износот на кредитот, а кои досега стигнуваа и до фантастични 500% од сумата.Или со пример: Ако досега за заем од 12 илјади денари на два до три месеци граѓаните враќаа и до 36 илјади денари, сега за истата сума ќе треба да вратат максимум 18 илјади денари.Опфатени се и кредитите под 200 евра, кои досега не беа законски опфатени.Ова следи по големата експанзија на фирмите кои нудат брзи кредити. Иако се рекламираат како кредит без камата, всушност пресметаните трошоци претставувааат скриена камата.

Македонија | пред 7 години

sela

Не се знае дали Села ќе ги поддржи промените на Уставот

Села на денешната прес-конференција во Собранието информираше дека двајцата разговарале и за нивните предлог амандмани кои ги имаат поднесено на уставните измени предложени од Владата кои, како што рече, смета дека ќе придонесат уште повеќе за стабилноста на државата и регионот, пишува МКД.мк„Мислиме дека е многу важно Македонија да стане членка на НАТО, а со тоа да не повлече со себе внатрешни проблеми кога ќе биде во НАТО. Во овој контекст се и нашите предлози за граѓаните во Република Македонија да се чувствуваат еднакви со еднакви права, а не како што се функционирало изминативе 30-тина години кога сме имале две категории на граѓани-граѓани и како граѓани. За жал предлагачот, во случајов Владата, настојува првата реченица во Преамбулата да почнува со граѓани и македонски народ и да продолжува ‘како и граѓани и делови од народ‘. Никој не треба да се плаши од еднаквоста и од праведноста, а сите ние треба да се плашиме од компромисите кои се правеа со Законот за амнестија и други компромиси кои ги гледаме преку СЈО“, рече Села.На прашањето дали неговара партија ќе ги поддржи уставните измени доколку не бидат прифатени нивните предлози, Села рече дека партискиот став ќе го соопштат за неколку дена. Потврди дека денеска ќе има средба со премиерот Зоран Заев на која ќе разговараат за нивните барања.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во затворот Издризово се обидел да внесе марихуана и хероин

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Л.Е.(27) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ.Во Казнено поправна установа Идризово при претрес на Л.Е., кој е осудено лице, пронајдени се и одземени марихуана и хероин.

Скопје | пред 7 години

noz-ubistvo-napad

Масовна тепачка во Демир Хисар, едно лице прободено со нож

Пред кафе бар на улица Битолска во Демир Хисар, синоќа се случила физичка пресметка помеѓу Д.Ј 40 годишен од село Вардино, Демирхисарско, М.Г 25 годишен од Битола, З.М 39 годишен од Битола од една страна и од другата страна Н.П 24 годишен од село Слепче, Демирхисарско и И.Т 24 годишен од Демир Хисар.– Д.Ј(40) од с.Вардино-Демир Хисар, М.Г (25) од Битола,З.М (39) од Битола од една страна, а од друга страна Н.П(24) од с.Слепче-Демир Хисар и И.Т(24) од Демир Хисар, а се вклучиле и други лица, информираат од МВР.Во тепачката со нож бил прободен М.Г.Полицијата привела четворица учесници. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

drvo-parea

(ВИДЕО) Од дрво во Годивље се шири пареа

Интересно видео се шири на социјалните мрежи, од дрво се шири пареа.Според коментарите дрвото е на 500 метри над селото Годивље во општина Кривогаштани.За што станува збор ќе дознаеме откако овој прироен феномен ќе се истражи.https://www.facebook.com/100001569130063/videos/2134712196591064/

Македонија | пред 7 години

svetski-kongres-2

Светскиот македонски конгрес, повика на семакедонски протест против промена на името на 9 ти јануари во 12

Светскиот македонски конгрес во повикот пишува:Почитувани браќа и сестри Македонци, Собранието на Македонија на 9 јануари 2019 година со почеток во 12.00 часот ќе ја одржи 75-та седница, со дневен ред “Амандмани 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија” и “Уставен закон за спроведување на уставните амандмани”, заради имплементација на Спогодбата Димитров-Коѕиас. Со овие амандмани, владата и пратениците треба да го променат името на државата Македонија во држава “Северна Македонија” и да се откажат од Македонците во светот, со што вршат најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува! Кога и да е, премиерот, министрите и пратениците кои ќе гласаат за овие амандмани ќе одговараат со доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на семејството, дома и во светот. Не постои дупка на земјината топка каде што ќе се скријат пред судот на историјата, народот и правдата!Светскиот Македонски Конгрес повикува на масовен мирен Семакедонски протест пред Собранието на 9 јануари 2019 година со почеток во 12 часот, без говори и бина, со транспаренти и знамиња!Ги повикуваме Претседателот на Републиката и пратениците да се приклучат на мирниот Семакедонски протест пред Собранието на Македонија!Ги повикуваме полицајците, војниците, пожарникарите, резервистите, да се приклучат на мирниот Семакедонски протест пред Собранието на Македонија!Подобро криминалец во затвор, отколку цел живот велепредавник на нацијата и државата!Собранието не смее да ги усвои амандманите за велепредавство на нацијата и државата, со кои Македонија станува територија без народ и историја, под диктат на Атина.Секој полицаец и војник има право и должност секаде и во секое време да ги уапси премиерот, министрите и пратениците кои ќе гласаат за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!Кога неправдата станува закон, отпорот е наша должност!Не прашувај што стори татковината за тебе, туку што правиш ти за Македонија!На 9 јануари го повикуваме Претседателот на Републиката да ги спаси државата и нацијата од велепредавството на Владата и Собранието!Пратениците имаат историска одговорност да ги спасат честа и достоинството на Македонскиот народ и државата Македонија пред кои положиле заклетва дека ќе ги бранат и одбранат суверенитетот и интегритетот!Потребно ни е помирување на Македонскиот народ со соседните народи и договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со соседните држави, но врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: заемно почитување и разбирање, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи! Договорот Заев-Борисов, Спогодбата Димитров-Коѕиас и Тиранската платформа се асиметрични и антимакедонски, спротивни на домашното и меѓународното право, и поради тоа се ништовни!Бараме: оставка на Владата, распуштање на Собранието, нови парламентарни избори, повлекување на уставните амандмани за промена на името, поништување на Спогодбата Димитров-Коѕиас, и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија со предлог-резолуција од Претседателот на Републиката до Генералното Собрание!На 9 јануари 2019 година во 12 часот, сите од сите страни, пред Собранието на Македонија!Сите Македонци, по род и државјанство, еден за друг!

Македонија | пред 7 години

hakiran-napad

Хакерскиот напад во Германија го направил 20 годишно момче кое било луто на политичарите

Од Германската канцеларија за Федерана полиција (БКА) денеска соопштуваат дека 20 годишно момче - Германец, е притворен поради кражба на податоци од државниот врв. Момчето на истражните органи им рекло дека делувал самостојно и дека е бесен поради изјавите на политичарите, новинарите и другите јавни личности, и токму поради тоа нивните податоци јавно ги обелоденал.Во врска со неговиот мотив, тој изјавил дека делувал така затоа што му сметале изјавите на политичарите и јавните личности кои бил опфатени во нападот, стои во соопштението.https://twitter.com/WSJ/status/1082592780524969984?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1082592780524969984&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3185759%2Fnemacki-drzavni-vrh-hakovao-klinac-20-bio-je-ljut-na-politicare-pa-im-se-pakleno-osvetioСе наведува дека БКА го пребарала станот на осомничениот , а што таму е пронајдено полицијата ќе соопшти на пресс конференција закажана за денеска попладне.За потсетување, со овој хакерски напад обелодените беа приватни пораки на скоро 1000 луѓе, меѓу нив и за државниот врв на Германија, германската канцеларка и германскиот претседател.

Свет | пред 7 години

2-4

Бектеши: Планираме изградба на дополнителна 20 мегаватна фотоволтаична мрежа во рамки на РЕК Осломеј

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со заменик генералниот директор на ЕЛЕМ Фатмир Лимани го посетија ТЕЦ Осломеј, како и локацијата предвидена за изградба на фотонапонската централа Осломеј, за чија што изградба на 4 јануари беше потпишан  договор помеѓу ЕБРД и ЕЛЕМ. Локацијата за 10 мегаватната фотоволтаична мрежа се простира на 15 хектари земјиште од поранешните наоѓалишта на јаглен, кое за една година треба да биде рекултивирано со новата централа.Согласно договорот,  инвестицијата  изнесува седум милиони евра, а вкупното годишно производство од оваа нова фотоволтаична електрана е околу 15 гигават часови, доволни за покривање на годишните потреби на околу 2000 домаќинства.Министерот за економија Крешник Бектеши оствари средби со раководните структури, го посети погонот за производство, како и местото каде што е предвидено да почне да се гради новата фотоволтаична централа.„Задоволство ми е што поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК Осломеј за околу една година треба да бидат покриени со 10 мегаватна фотоволтаична мрежа. Но, ние не застануваме таму, туку како Влада настојуваме да имаме што повеќе домашно производство на енергија “, изјави Бектеши по обиколката.Бектеши потенцираше дека и во минатата година е зголемено домашното производството на електрична енергија.„Како Влада имаме долгорочен план за зголемување на производството на енергија. Веќе почнавме со студија за градба на дополнителна 20 мегаватна фотоволтаична мрежа, исто така, во рамки на РЕК Осломеј. Користењето на ваков вид на производство на енергија е светски тренд, со кој ќе продолжиме во нашите проекти“, рече Бектеши и додаде дека  во наредниот период ќе има нови вработувања во комбинатот, особено на стручни лица од соодветната сфера од Кичево и регионот, апелирајќи до младите да продолжат со стручна едукација за да бидат подготвени да одговорат на барањата на постојн ите и новите инвеститори.Покрај за рамномерниот регионален развој, овој проект е значен од аспект на енергетските вредности,  од социјален, но и од еколошки аспекет, бидејќи е во согласност со најсовремените начела за заштита на животната средина.

Македонија | пред 7 години

Capture-3

ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар од денес со нова машина за чистење

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје денеска ја презентираше новата современа машина за чистење паркиралишта на познатиот германски бренд „Green Machines“ која секојдневно ќе ги отстранува отпадоците, ефикасно ќе ги чисти паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието и ќе придонесе за почиста и поздрава околина."За првпат на овој начин ќе ги чистиме нашите паркиралишта. Иако досега со помош на општината успешно ја одржувавме чистотата, со набавката на оваа машина ЈП ПОЦ поефикасно ќе ја извршува работата во делот на одржување на хигиената и чистотата на паркиралишта, како и целокупната чистота на Центар. Оваа машина тоа го овозможува и мислам дека граѓаните ќе бидат задоволни и ќе ја забележат разликата којашто ќе биде очигледна“, изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски на божиќниот бранч со медиумите.Машината за чистење паркиралишта е совршено прилагодена за чистење на најстрогите отворени површини и може да издржи максимален притисок во секојдневното работење. Набавката е преку економскиот оператор Сандра М Љупчо ДООЕЛ експорт – импорт Кавадарци, како најдобар понудувач на тендерот, и ангажирањето на оваа механизација чини 2,352,920 денари.„Општина Центар како дел од локалната самоуправа и основач на јавното претпријатие “Паркинзи на Општина Центар“, секојдневно работи на редовно одржување на хигиената на улиците и тротоарите, но и на паркиралиштата кои се наоѓаат на нејзина територија. Во периодот што следи, општината ќе набави уште неколку вакви машини за одржување на хигиената, но и ќе постави нови канти за отпадоци и контејнери, со што ќе придонесеме за почиста и поздрава животна средина за децата и за граѓаните на Центар“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Скопје | пред 7 години

Capture-2

МТСП: Започна обуката на воспитувачите/чките за работа со деца во градинките  

Денеска започна првата обука на избраните 30 воспитувачи/чки за јакнење на компетенциите на кадарот во градинките. Министерството за труд и социјална политика обуките ги спроведува како дел од заедничката соработка со УНИЦЕФ, со што и во 2019 година продолжува да работи на унапредување на квалитетот на сервисите и зајакнување на професионалните компетенции на вработените во установите за деца. Во рамките на овие активности оваа година ќе се организираат низа работилници за унапредување на социо-емоционалните компетенции на воспитувачите/чките за поттикнување на социо-емоционалниот развој кај малите деца. Сè поголем број научни истражувања истакнуваат дека емоционалниот развој на почетокот на животот е од клучно значење за развојот на целокупната мозочна архитектура и има огромно влијание во текот на целиот живот.Обуката ја спроведува проф. д-р Ребека Гренџер-Елис, постдокторска истражувачка и соработничка на универзитетите “Џон Хопкинс” и “Њу Ореланс” во САД. Гренџер-Елис е експертка за социо-емоционален развој и има над 12 години искуство во развој на програми базирани на истражување, специјализирани за деца во предучилишно и основно образование, вклучувајќи и надарени и деца со потешкотии.Учесниците коишто ќе ја поминат обуката имаат обврска стекнатите вештини и знаења да ги пренесат на своите колеги и да дадат континуирана поддршка на вработените во установите за деца во рамките на Програмата за колегијална поддршка што ќе се спроведува во 2019 и 2020 година.

Македонија | пред 7 години

DSC_3985

Османи: Влегуваме во клучната година за европските интеграции на земјава

Денес во Владата на Република Македонија, се одржа 40 состанок на Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ), кој го водеше Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и на кој беа отворени темите поврзани со европските интеграции: објаснувачкиот скрининг, статусот на имплементација на Планот 18, статусот на апсорпцијата на ИПА и распределбата на странска помош итн. На состанокот беше направен пресек на клучните индикатори по кои се следи напредокот во процесот на европската интеграција на нашата земја.На почетокот на состанокот Османи направи осврт на резултатите од 2018 година оценувајќи ја како  историска од аспект на европските интеграции, при што потенцираше дека и оваа година, европските интеграции остануваат во фокусот на Владата, за што во наредните месеци потребни се конкретни резултати во спроведувањето на реформите особено во приоритетните области: правосудство, реформа на безбедносни служби, реформа на јавна администрација и борбата против корупцијата и организираниот криминал.„Еден од најважните индикатори за нашата европската интеграција е секако - имплементацијата на План 18. Во таа насока денес ќе ги разгледаме досегашните реализирани активности, ќе ги разгледаме евентуалните предизвици во неговата имплементација и најважно, ќе оформиме реална проценка за негова финализација во периодот до излегувањето на новиот извештај на Европската Комисија, како еден од најважните критериуми за верификацијата на нашиот напредок во европските интеграции“ - истакна Османи, при што од своја страна изрази задоволство од досегашниот успех на овој план, во сите области.Во продолжение на состанокот беше разгледан и статусот на реализација на обврските од состаноците на телата во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ, како основна функција на ова тело, како и статусите на реализацијата на обврските од оценските мисии.Во рамки на денешниот состанок на РКЕИ членовите на истиот беа запознаени  со досегашниот тек на т.н. набљудувачки скрининг, како и распоредот на Поглавја за оваа година, со оглед на тоа што ова е процес кој овозможува администрација, која е дел од преговарачката структура односно преговарачкиот тим, и сите останати чинители во истиот да се подготвуваат за евентуалниот старт на преговорите.Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ) претставува највисоко административно тело на Владата во кое членуваат државните секретари на министерствата, претседавачите на Поткомитетите, раководителите на работните групи, Генералниот секретар на Владата, како и дел од администрацијата на Секретаријатот за европски прашања. 

Македонија | пред 7 години

dzes-bejli12-620x336

Бејли за „Гласот на Америка“ : Договорот од Преспа - најзначаен настан , а според него одговорност треба да има за оние кои го организираа упадот во Собранието

Според Амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, најзначајниот настан во изминатата 2018 година за Македонија бил Договорот од Преспа . Тој во интервју за „Гласот на Америка“ тој посочува дека сè се сведува на храбро лидерство на двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас.-Тие покажаа голема храброст, трпеливост, решителност и посветеност на решавањето на долгогодишниот спор. Ние, исто така, видовме храбро лидерство и во Собранието, кога пратениците гласаа за да се започне процесот на уставни измени, тргајќи ги настрана партиските интереси, во потрага по посветла иднина за Македонија и нејзините граѓани. Лидерите во Грција и во Македонија кажуваат дека овој Договор е од нивен суштински национален интерес, тој ќе доведе до безбедност и просперитет, како во двете земји, така и во регионот, истакна амбасадорот Бејли.За законот пак за амнестија , Бејли вели дека бил донесен низ транспарентен и демократски процеси.- Одлуката на Собранието да усвои Закон за амнестија е важна политичка одлука, усвоена низ еден транспарентен и демократски процес, што беше поддржан од големо мнозинство пратеници. На крај, мислам дека тој ќе се оценува според тоа дали успеал да изгради национален консензус потребен за да се реализира желбата на мнозинството граѓани за членство во НАТО и во ЕУ, процес што ќе го зајакне владеењето на правото во земјата – порачува Бејли.Тој додава дека одговорност треба да има за оние кои го организираа упадот во Собранието.-Ние сметаме дека е важно, оние кои ги организираа нападите на 27 април, да бидат земени на одговорност за своите постапки. За време на целиот овој процес, судството мора да остане независно од политички влијанија и слободно да решава за овие случаи врз основа на факти и закони, истакнува Бејли.

Македонија | пред 7 години

vlada

Предлог-програмите за реализација на крупни проекти на речиси сите министерства на 114-та седница на Влада

На првата владина седница во 2019-та година, на дневен ред се Предлог-програми за реализација на крупни проекти на речиси сите министерства.На 114-та седница пред министрите ќе се најде Предлог-програмата за работа на Владата на Република Македонија во 2019-та година.Денеска Владата ќе ја разгледа информацијата за годишна програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2019 година, со Предлог-одлука.Министерството за здравство за денешната седница предлага дваесетина предлог-програми за претстојната година. Дел од нив се Предлог-програма за задолжително здравствено осигурување на државјаните на Република Македонија, за систематски прегледи на учениците и студентите, понатаму Предлог-програма за Здравје за сите, за лекување на ретки болести, за задолжителна имунизација, за трансплантација, за рана детекција на малигни болести, итн.На предлог на Министерството за образование и наука, на дневен ред се Предлог-програмите за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, како и Предлог-програмите за остварување и развој на дејноста во ученичкиот и студентскиот стандард за 2019-та година.Владата на 114-та седница ќе одлучува за Предлог-годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2019-та година.На предлог на Агенцијата за храна и ветеринарство, дел од владината седница е Предлог-програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Македонија за 2019-та година.Дел од денешната седница се и Предлог-програмата за инвестирање во животната средина за претстојната година, како и Предлог-програмата за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019-та година.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Поевтинуваат горивата - бензините за 2,5, дизелот за 3 денари

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 до три денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 5.51 проценти. Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 2.5 денари, па еден литар од овие горива ќе чини 58.50, односно 60.50 денари.Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 3 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 55 денари.Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

Македонија | пред 7 години

gjoko-tevdovski

Новина и во царинската управа - од годинава царинските декларации ќе се поднесуваат електронски

Годинава сите царински деклариции и акцизни документи ќе се обработуваат електронски, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, Кој денеска беше во посета на Царинската управа. Системот за управување со царински декларации на почетокот на февруари ќе почне да се применува на 11 пилот-проекти царински испостави, а веќе од средината на годината ќе почне да се применува во сите царински испостави во земјава.-На овој начин за фирмите, значително се скратуваат трошоците и се намалува времето. Сите документи ќе се поднесуваат електронски. Наша цел е да автоматизираат процесите и со тоа да им се понудат подобри услуги и на граѓаните и на компаниите – рече министерот за финансии Драган Тевдовски.Во првата половина од годинава ќе биде пуштен и нов терминал на граничниот премин Ќафасан. Проширувањето на царинскиот премин Ќафасан опфаќа нов увозно-извозен царински терминал од 9,5 илјади м2, пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи како и реконструкција на постојните објекти.-Општата цел на проектот e олеснување на прекуграничните постапки и спроведување на законите, што ќе се постигне со реконструкција на објектите за царинење и инспекција, обезбедени подобри услуги за економските оператори и побрз проток на стоката, како и зајакната заштита на државата и општеството – рече директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танаскоски.Танаскоски додаде дека минатата година беше пуштен во употреба новиот царински терминал на граничниот премин Табановце, зафат кој овозможува олеснување на прекуграничната трговија долж Коридорот 10 и спроведување на царинските постапки во модерни капацитети.

Скопје | пред 7 години

pismo

Албанец од Скопје на политичарите им порача : Додека вие ја пеете химната на Албанија, јас заминувам

До редакцијата на Скопј Инфо се обратил З.И. албанец од Скопје која сака својата животна приказна да ја сподели со македонската јавност. Открива дека лошата политика на албанските партии била главна причина да замине засекогаш од Македонија.Имам 25 години и по професија сум дипломиран економист. Одлично зборувам македонски и можам гордо да кажам дека завршив финансиски менаџмент на државниот факултет во Скопје, а не во Мала Речици. Јас сум интелектуалец кој што сака да работи и да има кариера во оваа земја исто како сите други Македонци, вели на почетокот на разговорот.Не е ми важно дали ќе работам во банка каде што ќе се говори албански или македонски, мене ми е најважно да земам редовна плата затоа што многу години сум се посветил на образование. Имам инвестирано многу пари во моето образование и верувајте воопшто не ми е важно дали ќе работам во Чаир или во Центар.„Имам многу другари и пријатели македонци или подобро кажано имав. Сега веќе не. Политичките случувања во државава ми ги нарушија односите со сите пријатели македонци. Што ќе ми т.н. албанска платформа? Таа нема да ми даде ниту леб, ниту плата, а нема ниту да ми ги замени пријателите – македонци. Во државата во која живеев мене не ми е премиер некој си албански политичар па тој да создава документи во кој што ќе ја креира мојата иднина. Не, фала му. Мене таква иднина не ми треба“, емотивно додава тој.Тој потенцира дека неговата земја е Република Македонија и како сите други македонци и жители на оваа земја сака тоа да остане така.„За време на студиите преку студентски размени шетав насекаде. Секаде гордо кажував дека сум Македонец од Република Македонија и храбро ги бранев ставовите и политиката на мојата земја. Ги убедував дека македонците се добар народ кој заслужува нови шанси и интеграција во Европската унија. Знам дека се чудите и мислете дека ве лажам, но веувајте јас не се чувствувам како албанец во Македонија, туку јас сум човек што единствено има поинаква вероипсевест од другите граѓани и затоа повторно кажувам, јас сум граѓанин на Република Македонија. Имам пријатели од Србија, Косово, Бугарија. И како да им објаснам сега на тие од Србија дека мојата земја сака да ги обвини за некој си наводен геноцид кој што се случил и со тоа да ја смениме историјата на нашата и нивната држава? – се запрашува тој.Жал ми е драги политичари албанци. Но, јас морам да ви кажам дека немам веќе да чекам вие да се натпрварувате кој е поголем националист и кој повеќе ја сака земјата во која што ниту живее, ниту е роден, а можеби никогаш не ја посетил.А, вие и понатаму продолжете да ја упропастувате Македонија на ваков начин. Каде и да одам ќе кажувам за овој срам и за вашата неодговорност кон сопствената земја и ќе помогнат на секој мој пријател кој засекогаш сака да ја напушти оваа земја.Вие засекогаш ми ја земавте мојата младост. Нека ви служи на чест.Извор: Скопје инфо

Македонија | пред 7 години

serkosovoboja

Американскиот ,,Фокс њуз” Србија ја нарече „Серкосовобија“

Во текст на американскиот ,,Фокс њуз” посветен на можниот договор за спорот меѓу Косово и Србија, за кој силно се залага амаериканскиот претседател, Доналд Трамп, се најде ,,новото“ име на Србија, тие Србија ја наекоа „Серкосовобија“.Новинарката, Холи Мекеј наведува дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп сака да забележи уште еден надворешнополитички поен со тоа што ќе ги охрабри лидерите на Србија и Косово да потпишат мировен договор на церемонија во Белата куќа, пренесе „Б92“.„Долгогодишниот проблем помеѓу Косово и Серкосовобија неодамна стана интензивен, дотолку што може да предизвика вооружен конфликт“, наведе Мекеј.Таа во текстот, повикувајќи се на неименуван извор, додава дека косовскиот претседател, Хашим Тачи, неодамна бил во посета на Германија, каде што се состанал со американскиот амбасадор во земјата, Ричард Гренел, за да ја разгледаат можност Приштина да ги намали тарифите на производите од Србија, што би довело до намалување на тензиите. 

Свет | пред 7 години

vakcini

Увозникот и дистрибутер на вакцините - „Македонијалек“ се извини: Имавме технички грешки, вакцините се безбедни

По фотографиите кои вртат на социјалните мрежи дека на деќњата им се ставаат вакцини со помина рок, Македонијалек се правда дека се работело за техничка грешка, што ја забележале по извршената внатрешна контрола за проверка на наводите за можно присуство на вакцини на кои им поминал рокот.„Македонија лек“ , која е увозник и дистрибутер на вакцините, се извинија за пропустите.-Кај мал дел од пакувањата се аплицирани старите декларации со датумот од претходниот увоз, односно октомври 2018. Овие пакувања се повлечени за да нема натамошни забуни во јавноста и соодветно ќе бидат заменети, а граѓаните може да бидат сигурни дека сите вакцини се со врвен квалитет и важечки рок. Нашата компанија се извинува за овој пропуст и непријатностите кои биле предизвикани. На вакциналните пунктови се дистрибуирани вакцини од две серии, едната со важност до мај 2019 година, а другата до јули 2019, се наведува во соопштението од компанијата.Во меѓувреме, продолжува вакцинацијата, поради прогласената епидеминија на мали сипаници во Скопје, но и поради забраната за примање на невакцинирани деца во градинка.

Македонија | пред 7 години

almir

Апелација пресече - случајот за 4 годишниот Алмир повторно на судење

Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје го поништил предметот во случајот на смртта на четиригодишниот кумановец Алмир Алиу и го вратил на повторно судење, потврди за „Порталб.мк“, адвокатот Асмир Алиспахиќ.Адвокатите сè уште не ја знаат причината за укинување на случајот, бидејќи се уште не ја добиле одлуката.– Сè уште ја немаме добиено одлуката од Апелацискиот суд за да видиме зошто судењето е поништено. Бидејќи предметот се враќа во Основниот суд во Куманово, Судот е должен да закаже седница за главната расправа – вели Алиспахиќ за „Порталб.мк“.Според законските одредби, објаснува адвокатот Алиспахиќ, определениот притвор за првообвинетиот, Бобан Илиќ, во моментот кога е укинат случајот, се укинува и притворот за истиот, што значи дека Илиќ ќе се брани во слобода, но ќе има мерки за претпазливост.Во јули 2016 година Алмир, беше прегазен со возило од Илиќ, бидејќи претходно таткото на детето и Илиќ имале банална караница во амбуланта.

пред 7 години

zaev-kasami

Ќе се откаже ли Заев од зборот „македонски народ“од преамбулата и „македонско“ од државјанството , за Касами да гласа за Северна мкд?

Продолжуваат разговорите на Владата со претстваниците од опозициската БЕСА од албанскиот блок за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени. На денешниот состанок на работната група составена од претставник од Кабинетот на претседателот на Владата, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон и претставници од раководството и пратениците од „Беса”, треба да бидат разгледани детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции.Ова е втора средба со претставници на БЕСА по онаа во петокот на претседателот на опозициската партија, Билал Касами со премиерот Зоран Заев. На таа средба Касами од премиерот Зоран Заев неофицијално побарал бришење на зборот „македонски народ“ од преамбулата и „македонско“ од државјанството (да остане само граѓанин на Северна Македонија), а втор официјален јазик на цела територија на Македонија биде албански.Овие се барања и од претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села и истите од двете опозициски албански партии не се нови. Претходно, кога Касами и Села излегоа во јавност со овие барања, премиерот Заев велеше дека нема да дозволи да се шири Пандорината кутија, со тоа, тврдеше дека нема други промени во Уставот освен оние кои се наложуваат со Договорот од Преспа. Касами на пресс-конференција пред неколку месеци, рече дека барањата не се уцена за да гласаат за Устсавни промени, туку реални барања за правата на Албанците.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања