Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

UaYct-

Пронајдена марихуана кај 17-годишен скопјанец

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против  17 годишно лице од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ.При претрес на пријавениот била пронајдена марихуана.

Скопје | пред 7 години

marihuana2

Кривична пријава против 19-годишен скопјанец, при претрес била пронајдена марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против  Ц.М.(19) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.При претрес на пријавениот била пронајдена марихуана.

Скопје | пред 7 години

policija-22

Пронајдени уметнички слики и разновиден алат кај гостиварец обвинет за тешки кражби

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, на 8.1.2019 од 15 до 16 часот, извршиле претрес во објект на улица „Јордан Јордановски“ во Гостивар, во кој времено престојувал 30-годишниот Б.С. од Гостивар.При претресот, реализиран со судска наредба, во објектот се пронајдени предмети кои потекнуваат од повеќе тешки кражби: уметнички слики, разновиден алат и други предмети.Б.С. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, поради сомнение дека е сторител на дваесетина тешки кражби.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајка во Виница, едно лице со тешки телесни повреди

На 08.01.2019 година околу 17.25 часот на крстосницата  од улиците  Браќа Миладинови и Тошо Арсов во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило Шеворлет лачети со штипски регистарски ознаки, управувано од А.П.(40) од Виница, и  патничко моторно возило Форд фиеста со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.М.(28) од Виница.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Љ.К.М. и била пренесена за укажување на лекарска помош во Клиничката болница во Штип. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

46785137_364377431000623_6746717091652435968_n

ЈКП „Водовод“ апелира да се заштитат водомерите

Ниските температури кои владеат во Битола предизвикаа дефекти во водоводната мрежа во одредени домаќинства, најчесто од пукање на стаклата на водомерите. Од ЈКП „Водовод“ апелираат граѓаните да ги заштитат своите водомери, бидејќи тоа е единственото алтернативно решение, а за сите дефекти и прекини во снабдувањето со вода да се обратат на дежурниот телефонски број 047238200.Од ова јавно претпријатие информираат дека е зголемена потрошувачката на вода за околу 25%, односно во одредени делови од денот, особено во вечерните часови, таа достигнува и до 680 литри во секунда. Стравувајќи од замрзнување на чешмите и цевките за вода, граѓаните  оставаат да тече вода постојано. Сепак од ЈКП „Водовод“ апелираат водата да се користи рационално. И покрај ваквите временски услови, снабдувањето со вода е непречено, а во меѓувреме за новонастанати дефекти, граѓаните можат да се јавуваат на дежурниот телефон. 

Македонија | пред 7 години

ojo-1

ОЈО поднесе обвинителен акт за лице од Турција кое криумчарело накит

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, 27-годишна државјанка на Република Турција поради сторено кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетата делото го сторила на 18 декември, околу 20 часот на аеродромот во Скопје, кога избегнувајќи ја царинската контрола пренела непријавена стока-накит од бело злато. Накитот бил со вкупна тежина од 380.50 грама кои имаат вредност од 11.106.000,00 денари.Со оглед на оценката дека се уште постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и можност обвинетата да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата.​

пред 7 години

sneg-ohrid-za-sajt-1

(ФОТО) Снежен Охрид

Утрово Охриѓани се разбудија во снежен Охрид. Снегот кој започна да врне од запдните делови на земјава, во текот на денов ќе ја зфати целата наша земја. Најавата на метеоролозите е дека снежната покривка во некои места може да достигне и по половина метар.Патноиот правец Охрид - Кичево, каде од утрово од 8 и 55 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила и на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, во двата правци, информира АМСМ.  

Македонија | пред 7 години

zaev-hrvtska-2

СДСМ: Мицкоски како и Груевски ги дели граѓаните на лојални и нелојални

Христијан Мицкоски ги продолжува политиките на поделби што ги промовираше неговиот ментор Никола Груевски, велат од СДСМ.„Криминалецот Груевски со години ги делеше граѓаните на патриоти и предавници. Денес неговиот пион Мицкоски граѓаните ги дели на лојални и нелојални.Очигледно Мицкоски сака да се става во улога на судија кој ќе одлучува кој е лојален а кој е нелојален граѓанин.На граѓаните им е доста од партиски суд кој ги делеше и етикетирше цели 11 години. Македонија ги победи поделбите и омразата и реши да се гради како едно општество за сите.На пролет, граѓаните уште еднаш ќе го поразат концептот на поделби што го следи антинародниот Мицкоски. Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе ги застапува нивните интереси и кој ќе ја поведе државата во светла иднина во ЕУ и НАТО“, се наведува во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

smokvica-pat-1

Забрана за камиони на повеќе патни правци, а за останатите задолжителна употреба на ланци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.„Снег врне на Попова Шапка, во Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.Од 07:15 часот се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга граничен премин Ќафасан.Од 04:10 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар.Од 08:45ч. на патниот правец Тетово-П.Шапка се воведува забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси, а за останатите возила задолжително употреба на зимска опрема (ланци).Од 08:55ч. се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, во двата правци“, информираат од АМСМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Индексот на трошоците во 2018 година е зголемен за 1,5%, а платите стагираат

Државата и граѓаните со секој поминат ден се се посиромашни. Индексот на трошоците за живот во 2018 година во однос на 2017 година е зголемен за 1.5%. Додека трошоците растатат, платите стагнираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Според податоците на Државниот завод за статистика индексот на цените на мало во 2018 година во однос на 2017 година е зголемено за 2.7%. Ова значи дека граѓаните со секое пазарување во маркет, бензинска станица, аптека или друга фирма со трговија на мало во просек плаќале повеќе од 2017 година.Во континуитет се зголемува бројот на граѓани кои преживуваат под прагот на сиромаштија изнесува дури преку 500.000 граѓани.Наместо живот за сите, дојде живот за власта. Наместо парите кај граѓаните, имаме пари кај власта.СДСМ ги зацрни граѓаните. Државата само стагнира, економијата тоне, а луѓето имаат се помалку пари.Потребно е СДСМ што побргу да си замине за државата да може да тргне напред, со СДСМ на власт не очекува само сиромаштија и економски крах.Црнилата не смеат да бидат наше секојдневие. Црнилата мора да бидат поразени. Зората мора да изгрее. Македонија заслужува да тргне напред“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

vodomeri

Како да ги заштитете ги водомерите од замрзнување?

Поради падот на температурите треба да ги заштитите водомерните броила од замрзнување.Заштитата може да се изврши со обвивање на водомерот со изолационен покров или прекривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропол).

Македонија | пред 7 години

bertrand-bouchez-409305-unsplash-37oja9s32pd8j8p2vazym8

Дрон направи хаос на аеродромот Хитроу, сите летови одложени

Сите летови од аеродромот Хитроу се приземјени или одложени додека полицијата истражувала дрон кој е забележан над пистата.Патниците чекале околу два часа на најголемиот аеродром во Велика Британија, на кој секојдневно поминуваат околу 20.000 лица.Портпаролката на аеродромот Хитроу изјави дека во соработка со полицијата работат на спречување на било какви закани врз безбедноста.https://twitter.com/flightradar24/status/1082699509803741189?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1082699509803741189&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3022145-dron-napravio-haos-na-aerodromu-hitrou-svi-letovi-odlozeni-zbog-leteceg-objekta-koji-je-uocen-iznad-pisteПолицијата се уште не потврди дека дрон летал во близина на најголемиот европски аеродром.Лондонскиот аеродром Гетвик во декември беше затворен поради дронови кои летаа над пистата, а околу десетина илјади патници беа „заглавени“ за време на празничните патувања.

Свет | пред 7 години

siljanovska

Силјановска од ТВ Алфа порача: Не може да се толерира тиранијата на 80-те пратеници

-Наместо според членот 30 од законот за референдум и други форми на лично изјаснување во рок од 60 дена да го усогласат своето дејствување и акти со референдумската одлука, а таа беше значи не успеа референдумот, тоа е јасно. Јас сум шокирана од секојдневното папагалско тврдење на еден портпарол дека законот за референдум не содржел одредба за тоа кога е референдумот успешен или неуспешен. Значи си постои одредба која убаво вели дека за да биде референдумот успешен потребно е мнозинство од излезените, под услов да излегле најмалку 50 проценти, повеќе од половината. Тоа решение оваа коалиција го креираше и таа мораше да го почитува, истакна Универзитетската професорка Гордана Силјановска во гостување во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа.Таа додаде дека не може да се толерира тиранијата на 80-те пратеници, односно како што рече народот не им го пренесува суверенитетот така како што тие мислат, туку им дава императивен мандат со референдумот да ја почитуваат неговата волја.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Започнува последната фаза од уставните измени

Денес со почеток во 12 часот ќе се одржи 75 пленарна седница на Собранието на Република Македонија на која ќе се утврдуваат предлог-амандманите од Уставот со што треба да се заокружи процесот за спроведување на Договорот со Грција за решавање на спорот за името.На дневен ред на оваа седница е и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

Македонија | пред 7 години

Australija-australijska-specijalna-policija-2-620x350

Евакуирани странските конзулати во Австралија

Неколку конзулати во Мелбурн и Канбера се евакуирани откако примиле сомнителни пакети.На сајтот на австралиската влада е објавено дека се забележани најмалку 10 инциденти со опасни материи во Малбурн, а полицијата, пожарникарите и екипата за прва помош се пред дипломатските претставништва на Индија, Германија, Италија и Јужна Кореа.Австралискиот јавен сервис соопшти дека сомнителни пакети се пронајдени во конзулатите на САД, Пакистан и Нов Зеланд во Мелбурн, но и во дипломатските претставништва на Грција, Франција и Хонгконг.За сега нема информации кои конзулати во Канбера добиле вакви пакети.Во понеделникот беше евакуиран и конзулатот на Аргенина во Мелбурн по дојава за сомнителна супстанца.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Внимателно возење, можна појава на голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а на планинските превои со остатоци од кашест снег на коловозот.„Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово-Дебар и Струга граничен премин Ќафасан.Снег врне на П.Шапка, во Маврово,Дебар,Охрид,Струга,Кичево и на планинските премини Стража,Буково,Ѓавато,Плетвар,Пресека и Железнец.Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

49337458_343183169847022_3969789124382031872_n

Утрово до -21 степен, погледнете ја временската прогноза за денес

Под влијание на влажен и студен бран, денеска ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 см, а на планините позначителна, над 50 см. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица. Утринските температури на целата територија ќе бидат под нулата, а во некои делови ќе достигнат и до -21 степен.Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од снег. Температурата во текот на целиот ден ќе биде под нула и ќе се движи во интервал од -7 до -1 степен.Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а ќе има услови за појава на магла по котлините. 

Македонија | пред 7 години

Sport.Still016

(ВИДЕО) Волшебни снежни ноќи и лавини во Австрија

Снежните лавини во Австрија кои однесоа најмалку дест животи денес беа светска вест. Некои од најпознатите монденски скијачки центри се евакуирани, како што е Обертаурен.Метеоролозите најавуваат дека во некои делови на Австрија деновиве ќе наврнат и нови три метри снег.Снежните врнежи кои траат со денови и се интензивни ги „побелеа“ дури и австриските автопати кои и покрај тоа што постојано се чистат, сепак останаа прекриени со тенок слој снег.Скопје1.мк објавува видео кое го испратија наши читатели, а на кои се гледаат сите волшебства на снежните ноќи низ австриските села и гратчиња кои се протегаат помеѓу бројните светски познати  скијачки центри.Бајковитите пејзажи и магијата на снежните австриски ноќи погледнете ги во видеото: 

Свет | пред 7 години

sv-stefan

На трет ден Божик - цркавата го празнува Св. Стефан

На третиот ден од празникот Божик светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера.(Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко...)Стефан бил каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе .Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е измамник. Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напомнувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе. Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсиевите закони. Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва. Го изнесле Стефана надвор од градот и го каменувале. Умирајќи тој се молел на Бога за себе си, но и за тие што го убиле. Во претсмртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев.“ Народот што го каменувал Стефана му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните, подоцна со името Павле, станало најголем приврзаник и афирматор на христијанството. Христијаните го зеле телото на Стефана и достојно го погребале во близината на Ерусалим. Култот на св. Стефан е стар колку и самата Христова црква, зашто тој е почитуван исто колку и апостолите. Уште светиот апостол Павле него го нарекува маченик Христов. Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград. Преданието вели дека пренесувањето на моштите на св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан. Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле: „Зошто нè тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга итн.Народот го празнува Свети Стефан на третиот ден од празникот Божик. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.Тропар.Свети првомаченик и архиѓакон Стефан

Македонија | пред 7 години

sela

Официјално: Заев потклекна пред барањата на албанската опозиција, нови измени во Уставот

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со лидерот на Алијансата за Албанците изјави дека го прифатил предлогот на Зијадин Села што се однесува на делот на преамбулата „граѓаните коишто живеат во границите“, посочувајќи дека конечната формулација ќе биде „граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, дел од влашкиот народ…“, пишува Република.„Кога ја читате преамбулата во моментот стои „граѓаните на Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во границите, а се дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ и сл.“, така стои во сегашната преамбула. Она што досега е прифатено беше „коишто живеат во границите“. Зборчето „граѓаните“ пред „коишто живеат во границите“ пропуштивме да го тргнеме заради тоа што граѓаните се спомнуваат во почетокот на преамбулата и стои „граѓаните во Македонија, македонскиот народ и граѓаните како дел од албанскиот народ…“, сега е во моментот како што е формулирано, ова второто „граѓани“ се тргнува. Конечната варијанта ќе биде „граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, дел од влашкиот народ…“ како што е соодветно наведено тоа поприлично ги воедначува граѓаните пред својата татковина – Република Македонија, објасни Заев.Изрази задоволство поради конструктивниот разговор со Села, истакнувајќи дека Алијансата за Албанците со својата определба за НАТО и за ЕУ секако и во делот на сензитивноста кон македонскиот дел од народот во РМ, продолжува во тој дух.„Вториот амандман што всушност е прифатен и од Алијансата за Албанците и од делот на Беса е дискусијата за амандманот 36 или членот 49 каде што буквално во самиот предлог стоеше „за дијаспората на македонскиот народ“ за да биде еднакво водењето на грижата на државата спрема сите граѓани коишто живеат во дијаспората благодарение на нивната дискусија останува да биде како што веќе е прифатено основната нивна дискусија и барање да биде „дијаспората на македонскиот народ и другите заедици коишто живеат во Македонија“, нагласи премиерот.Истакна дека третата работа што е прифатена од страна на Алијансата за Албанците е дополнувањето на Уставниот закон во однос на Косово, односно, каде што покрај четирите соседи се впишува и петтиот сосед којшто е признаен од Република Македонија – Косово.Заев рече дека на средбата било потврдено оти Алијансата за Албанците ќе даде поддршка уставните амандмани и уставниот процес во Собранието, изразувајќи уверување дека истото ќе се случи и со Беса.„Делот на државјанството е нотирано во самиот Уставен законик. Секако ние имаме разбирања за она што значи потребата од етничка определба на граѓаните. Во самиот Уставен законик којшто е предложен од кај нас стои дека „државјанството е македонско/граѓани на Северна Македонија што не имплицира етничка припадност, тоа е граѓанство, тоа е државјанство, тоа не е етничка припадност. Но, ако мислат дека постојат формулации и реченици со коишто што ќе им дадеме право, опција на граѓани да се определат дека се граѓани на Република Северна Македонија тоа се однесува пред се на помалкубројните етнички заедници тоа е вредно за разговори. Јас верувам со Беса и тука ќе се одвиваат самите разговори, потенцираше Заев.Села нагласи дека неговата партија останува на истата позиција за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.Ние како Алијанса за Албанците нема да тргнеме раце од нашето барање за албанскиот јазик, за да биде дефиниран како албански јазик, а не како јазик што е различен од некој друг јазик. За овој дел се уште немаме постигнато договор и компромис, истакна Села.Изрази задоволство поради постигнатиот договор околу менувањето на преамбулата што се однесува на „граѓани коишто живеат во границите“.

Македонија | пред 7 години

50027867_2256691881245828_1447743581816094720_o

Се реконструира Качанички пат во Визбегово

Започна реконструкцијата на стар Качанички пат во Визбегово.„Станува збор за дел од патот кој води покрај бензиската пумпа,во должина од 230 метри и широчина од 7 метри.На реконструираниот стар Качанички пат ќе бидат поставени тротоари и канделабри долж улицата,со што се подобрува како сообраќајот така и безбедноста на пешаците во овој дел од Визбегово“, се наведува во соопштението.

Скопје | пред 7 години

lovrec

(ВИДЕО) На пожарникарите им замрзнала водата, па куќата изгорела до темел

Во Аржано се запали куќа и истата изгоре до темел, бидејќи пожарникарите не можеле да го изгасат пожарот.„Примена е дојава за пожар во 18:05. На терен искочија 12 пожарникари и 4 возила. Објектот целосно изгоре, но за среќа никој не е повреден. Пожарот е изгасен во 19:40 часот.Кога пристигнавме на местото температурата беше 8 степени под нулата, а тоа дополнително го отежна гасењето на пожарот. Водата во цревата замрзнуваше, како и опремата за дишење“, објавија пожарникарите на својот Фејсбук профил.Видеото можете да го погледнете тука  

Свет | пред 7 години

Tomislav-Tuntev-e1511275814886-780x439

Пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев поднесе оставка

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Томислав Тунтев си поднесе оставка, таа ќе биде констатирана на утрешната седница на Собранието, пишува 24.мк.Тунтев се сели во АЦВП, а на негово место во собрансиката фотелја треба да седне Рубин Земон. Новиот координатор на СДСМ се уште не се знае, иако неофицијално се споменува пратеникот Хари Локвенец, но и актуелниот заменик на Тунтев, Јован Митровски. Освен Митровски, втор заменик координатор на владејачката коалиција е пратеничката Соња Мираковска од НСДП.

Македонија | пред 7 години

pozar-elsani-111

Пожар во Охридско Елшани - горат три објекти

Попладнево во Охридското село Елшани избувна пожар. Неофицијално горат три објекти.Противпожарната екипа веќе е на терен. Дознаваме дека теренот е непристапен.Наскоро повеќе.фото: Горан Топал

Македонија | пред 7 години

tomce

Синот не е повеќе со нас заради вакцината, раскажува мајка на детенце кое починало на 5 годишна воздаст

Јас сум Ленче Данилова, мајка на дете кое “благодарение” на вакцината ММР лани почина. Имаше само 5 години, објави zdravjesoiglanevleguva.com.  Веста е објавена на 19. 05.2015  год, но деновиве поради актуелноста забрзано се шири по социјалните мрежи. Во продолжение натписот објавен во 2015 год.Почитувани родители, моето синче се викаше Томче, а до неговата прва година живот беше сосема здраво детенце и освен по некоја настинка, немаше никакво друго посериозно заболување. После примената вакцина ММР почна да му oпаѓа хемоглобинот кој постојано му беше околу 100. Го носев по доктори, ќе му препишеа сируп и така постојано до неговите 3 години СТАРОСТ?!? кога почна да се жали на болки во стомакот кои секојдневно стануваа се’ посилни. Ни препорачаа ехо, за по него итно да не испратат на Детската клиника, раскажува мајката на Томче, Ленче Данилова за zdravjesoiglanevleguva.com.На 23 мај 2012г. почнаа со испитувања и не известија дека Томи има тумур на надбубрежната жлезда т.е. НЕУРОБЛАСТОМА. Како да ме погоди гром, ми се сврте светот околу мене, неможев да поверувам. Си помислив: зар ова е реалност? Мислев дека тоа го има само во филмовите. Тогаш почна нашата голгота, почнавме со борбата. Надежта сето време беше со нас и ни даваше сила во таа борба. Го видовме пеколот на земјата, кој верувајте постои. Кој не видел, а не дај Господе никој да види и осети, не ни може да замисли каква страшна слика претставуваат тие невини душички и нивните родители. Тие преплашени детски погледи кои бараат помош, тие изнемоштени малецки тела и безпомошните родители кои безрезерно верувјќи им на докторите, оставаат тие да се грижат за нашите деца. Им верувавме дека ке го сторат најдоброто. Оние пак соби на смртта, во одделот за онкологија во детската клиника во Скопје, заедно со децињата во нив, никогаш нема да ги заборавам. А ниту едно од тие дечиња, верувајте – не преживеа. Бог нам нека ни проштева, не ним, и што впрочем на ангелите има да им се простува? Почивајте во мир ангелчиња.Безброј пати ги прашував господата во бели мантили како и од што се случило ова? И замислете само што ми одговорaa: веројатно на почетокот на бременоста сте пиеле антибиотици или апчиња за спиење. Каква глупост, каков апсурд! Тие не се ни свесни колкава грижа на совеста и онака чувствував и до крајот на својот живот ќе ја чувствувам, а уште повеќе откако ја дознав причината за болеста.Нашата борба со глупавиот канцер траеше до 22 март 2014г. Тогаш неговото изнемошено тело, телото на мојот мал Томи, не можеше повеќе да издржи, болеста победи. Преживеа две операции, хемотерапии од кои доби панкреатит, па 40 дена не смееше ни вода да се напие, а камо ли храна. Неговата состојба беше многу лоша и се обративме до директорката на детската клиника др. Софијанова за помош. Таа дојде, го виде детето и ни вети дека кога ќе закрепне малку, за да може да патува, она лично ќе се заложи Томи со хелихоптер да го однесе во Германија. Беше август, и детето закрепна. Ја побаравме дотичната госпоѓа докторка, но неа ја немаше – исчезна, замина на одмор. И немајте сомнеж, и мојот Томи за нив е САМО уште една Тамара, за која никој не знаеше до сега. Уште колку се – Господ знае. Токму затоа сакам јавно да и поставам едно прашање на хуманистката Софијанова: госпоѓо, имате ли вие душа? Имате ли совест? Како заспивате навечер?Во меѓувреме можеби се запрашавте што има заедничко тумурот со вакцините? Има, и тоа многу. Додека траеше сета оваа агонија на нашето семејство не престанавме да трагаме по лекот, не престанавме да бараме спас од очајот во кој се најдовме. Стигнавме и до Хрватска. Е таму драги мои, таму докторите малку поотворено говорат за каузалитетот вакцини – сите ‘модерни’ болештини на децата денес. Откако таму ја раскажав цела ситуација од почетокот до тогаш, сомнежот прв и веднаш беше изречен – последица од вакцина. Тогаш почнав да истражувам. А само кога го прочитав составот на вакцините, ми се слоши, паднав. Се прашував: на кого тоа ние животите на нашите деца ги полагаме? Како можев онака слепо да им верувам на тие во бели мантили? Зар легитимитето кој им е даден не го полагаа пред Хипокрит? Па и преку Хипокрита: имаат ли совест и свест за она што го чинат? Одговорот се уште не можам да го најдам. Или не сакам – не знам. Зар парите се над животот??? И што впрочем е над еден човечки живот, сем Господ?Родители, Ве молам пред да одлучите да ги вакцинирате вашите деца размислете убаво, едуцирајте се дали и Вие како мене ќе оставите се’ во рацете на докторите на кои веројатно им е важен само профитот, но не знам дали и животот. Размислете дали ќе дозволите тие отрови да ги ставаат во тие малечки тела. Децата се наше најголемо богатство, тие не можат да изберат што е добро за нив, но за тоа не имаат нас родителите, и ние сме должни да ги заштитиме. Тоа што го прави фармацевтската мафија е злодело против човештвото. За неа нашите деца се експериментални глувци и веројатно само сретства за заработка на пари. Ним не им одговара човештвото да е здраво, зашто инаку каде би ги продавале нивните отрови? ‘Модерната’ медицина не го познава зборот ИЗЛЕКУВА, туку само ЛЕКУВА. Зависта од лекувањето им е целта. Родители, заштите си ги вашите деца. Едуцирајте се, информирајте се. Сега барем тоа на сите ни е достапно. Човечкиот живот нема цена, јас тоа го знаев, а сега го спознав.Родителот беше дел од мирниот родителски собир на 10 Мај 2015 год – ЗА ПРАВОТО НА ИЗБОР !извор: zdravjesoiglanevleguva.com

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања