Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Поевтинува горивото: Дизелот поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари

Од полноќ возачите ќе плаќаат значително пониски цени за гориво, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто.Најголемо намалување има кај дизелот, чија цена се намалува за 8 денари за литар. Од 11 август од 00:01 часот, максималната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 91,50 денари за литар.Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за по 4 денари за литар. Новата максимална цена на

Македонија | пред 3 месеци

media-library0aeln5ckp3np1DilfaL

Манасиевски: Нервозата кај Филипче расте, талогот од СДС си го покажа вистинското лице

На денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски го обвини СДСМ и лидерот на партијата Венко Филипче дека се обидуваат да извлечат политички поени од случајот во Ново Село, оценувајќи дека нивната реакција покажува „нервоза и паника“.Манасиевски изјави дека СДСМ, според него, преку случајот се обидува да се претстави како жртва.„Нервозата кај Филипче расте, а талогот од СДС го покажа вистинското лице“, рече Манасиевски.Тој го обвини Филипче дека бил во паника откако

Македонија | пред 3 месеци

migranti

230 мигранти во еден чамец го преминале Ламанш кон Велика Британија

Нов рекорд е забележан при преминувањето на Ламанш, откако дури 230 мигранти со еден чамец пристигнале во Велика Британија, што е најголем број луѓе досега регистриран во едно пловило на оваа маршрута.Чамецот пристигнал во Велика Британија во саботата, кога вкупно 258 мигранти го преминале каналот со четири чамци, објави Би-би-си. Со тоа е надминат претходниот рекорд од јули, кога со едно пловило пристигнале 165 лица.Од британското Министерство за внатрешни работи предупредија дека зголемувањето

Свет | пред 3 месеци

media-librarydl7ivsv89svbd0UCOsy

Поплави и одрони на Филипините однесоа најмалку 12 животи, осум лица исчезнати

Најмалку 12 лица ги загубиле животите, а осум се водат за исчезнати по поплавите и одроните што ги погодија Филипините, предизвикани од комбинацијата на југозападниот монсун и тропските циклони „Куџира“ и „Долфин“.Според податоците објавени во понеделникот, невремето погодило девет региони и 33 провинции, а последиците ги почувствувале речиси 586.000 луѓе.Од Канцеларијата за цивилна одбрана соопштија дека најмалку 11 лица се повредени. Меѓу причините за смрт се наведуваат одрони на земјиште и ка

Свет | пред 3 месеци

media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„Мицкоски заврши со летниот дел од екскурзијата - од денеска стручен дел во Брисел“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение го нападна премиерот Христијан Мицкоски поради неговиот престој во Бриж и Брисел, оценувајќи дека по завршувањето на семејниот одмор следува „стручниот дел“ од неговото патување.Од опозициската партија иронично коментираат дека Мицкоски одбрал да летува во Бриж, додека претходно ги повикувал граѓаните летниот одмор да го поминат во Македонија и да избегнат долгото чекање на граничните премини.„Денеска официјално завршува семејното летување и екскурзијата на Мицкоски во Бриж

Македонија | пред 3 месеци

dui

ДУИ: Ниту една седница на Владата не ја претседавал првиот албански заменик-премиер

ДУИ преку соопштение реагира дека функцијата прв албански заменик-премиер во актуелната Влада, според нив, е сведена на формална улога, без реална политичка и институционална моќ.Од партијата наведуваат дека од јуни 2024 година до денес ниту еден од лицата што ја извршувале оваа функција не претседавал со седница на Владата.Според ДУИ, Изет Меџити, Беким Сали и Арбен Фетаи имаат по нула претседавани владини седници, односно вкупниот број е нула.„Функцијата може да се нарекува прв заменик-премиер

Македонија | пред 3 месеци

media-library9tu3bbmic8pnaCXn28P

Русија забрзано произведува ракети: Украина се подготвува за тешка есен и зима

Украинските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија најверојатно нема целосно да ја запре ракетната кампања против Украина, и покрај тоа што во јули беше забележан рекорден број балистички и крстосувачки ракети употребени во нападите.Заменик-началникот на Главната разузнавачка управа на украинската војска, генерал-мајор Вадим Скибицки, за „РБК-Украина“ изјавил дека интензитетот на руските напади пред сè ќе зависи од производството на ракети. Според него, Москва би можела да го намали број

Свет | пред 3 месеци

media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP

Нивото на Дунав се зголеми, Унгарија ја рестартира втората турбина во нуклеарната централа „Пакш“

По зголемувањето на нивото на Дунав, Унгарија започна со рестартирање на втората турбина во нуклеарната централа „Пакш“, која произведува околу половина од електричната енергија во земјата.Ниското ниво на реката, предизвикано од продолжениот топлотен бран и сушата во голем дел од Европа, претходно го намали работењето на централата на околу 10 отсто од капацитетот. Од осумте турбини работеше само една.Унгарскиот премиер Петер Маѓар во понеделник соопшти дека втората турбина започнала да се реста

Свет | пред 3 месеци

media-libraryvatnkk5acf1r8jBskM6

Дрога, пари и дигитална вага запленети во Штип: Три уапсени

Полициски службеници во Штип лишиле од слобода три лица и заплениле марихуана, бела прашкаста материја, пари и други предмети во акција поврзана со недозволена трговија со дрога.Од МВР информираат дека на 8 август околу 22 часот, на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнале М.Б. и 24-годишниот М.Џ.У. од Турција, со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на 23-годишниот Ф.Р. од Штип.Ф.Р. бил лишен од слобода, а

Македонија | пред 3 месеци

media-library2qhbjk649l650REE02T

(Видео) Фрчкоски: За труењето во Гостивар, СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети

На денешната прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, изјави дека СДСМ поднеле кривична пријава против четворица директори и функционери поради, како што тврди Фрчкоски, пропусти и непостапување на надлежните институции во случајот со загадената вода во Гостивар.Фрчкоски рече дека поминал повеќе од еден месец од случајот, а одговорност од надлежните институции сè уште нема.Кривичната пријава е поднесена против министерот за здравство, Сашко Клековски, директорката на И

Македонија | пред 3 месеци

media-library86m9jkgbup7faYmHjbo

(Видео) Желбата за море останува: и натаму гужви на ГП Богородица

По зголемениот број патници кон Грција, и натаму се бележи засилен сообраќај на граничниот премин Богородица. На преминот има зголемена фреквенција на возила, што предизвикува подолги задржувања за патниците кои се упатуваат кон летувалиштата.

Македонија | пред 3 месеци

media-library504h3sor75i1c1zwuYt

18-годишник украл накит од 70-годишна жена во Скопје

Полицијата во Скопје расчисти случај на тешка кражба на дрзок начин, при што е лишен од слобода 18-годишен жител на Кочани.Од МВР информираат дека на 9 август во 12:20 часот, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.И., постапувајќи по претходна пријава за кражба.Според пријавеното, 18-годишникот употребил физичка сила врз 70-годишна скопјанка, од која одзел личен накит.За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање, ЕВР Центар и

Македонија | пред 3 месеци

media-library2mm6djr5uia48fX7fbU

Возел без возачка дозвола и учествувал во сообраќајка: уапсен 36-годишник, а возилото е одземено

Полициски службеници во Тетовско лишиле од слобода 36-годишен жител на Бозовце, откако било утврдено дека учествувал во сообраќајна незгода додека управувал возило без возачка дозвола.Од МВР информираат дека на 9 август околу 8:35 часот, на влезот во село Шипковица, Р.Р. со автомобил „Тојота“ со тетовски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода.При преземањето на мерки било констатирано дека тој го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.Р.Р. бил лишен од слобода во 11:35

Македонија | пред 3 месеци

car-fire

Пожар избувнал во автомобил на паркинг во Тетово

Пожар избувнал во патничко возило „БМВ“ на паркинг простор на улицата „120“ во Тетово.Случајот бил пријавен вчера во 15:55 часот во СВР Тетово. Возилото, со тетовски регистарски ознаки, било сопственост на 62-годишниот Л.Д. од село Долно Палчиште.Во пожарот нема повредени лица. Огнот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygudonvs5m446bL7QT8B

Пожар во плевна во Теарце: Изгоре земјоделска опрема

Пожар избувнал во плевна во двор од куќа во селото Глоѓи, Општина Теарце, при што била зафатена земјоделска алат и опрема.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 15 часот во СВР Тетово. Плевната била сопственост на 63-годишниот Д.И.Во пожарот нема повредени лица. Огнот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylbl1e1uu2fr72e5ztJJ

Преку социјални мрежи ѝ се заканувал на поранешната сопруга по нејзиниот и животот на семејството, а потоа ја следел и снимал на семејна прослава

Тетовската полиција го задржала 24-годишниот Џ.Ш. од Тетово, откако неговата поранешна сопруга пријавила дека подолг период ѝ упатувал закани преку социјалните мрежи.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 26-годишната жена пријавила дека заканите биле насочени кон нејзиниот живот, но и кон животот на членовите на нејзиното семејство.Таа дополнително пријавила дека на 6 август околу 21 часот, за време на семејна прослава во угостителски објект, поранешниот сопруг ја следел и ј

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryiv12gjicun76aHpVOiY

Општина Ѓорче Петров ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила

Со комеморативен настан и оддавање почит пред спомен-обележјата, Општина Ѓорче Петров денеска ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила.На комеморацијата присуствуваа делегација од Општината, предводена од градоначалникот Александар Стојкоски, претставници на државните институции, припадници на Армијата и безбедносните сили, семејства на загинатите бранители и бројни граѓани.Обраќајќи се пред споменикот во Волково, Стојкоски порача дека 10 август

Македонија | пред 3 месеци

1111-1

Германија бара повторно да се испраќаат мигранти во Италија и Грција: Рим возвраќа дека „нема кого да прими“

Германија бара повторно да се воспостави трансферот на мигранти кон Италија и Грција, откако на 12 јуни стапија во сила новите правила од Пактот на Европската Унија за миграција и азил.Од германското Министерство за внатрешни работи за италијанската агенција АНСА посочиле дека функционирањето на Даблинскиот систем е „неопходен услов“ за успешно функционирање на Заедничкиот европски систем за азил.Берлин очекува трансферите кон Италија и Грција да продолжат согласно новите правила.Според Даблинск

Свет | пред 3 месеци

napad-liban

Израел повторно напаѓа во јужен Либан и покрај примирјето: Нови удари само неколку дена по преговорите

Само неколку дена по новиот круг мировни преговори, израелските сили во понеделникот повторно изведоа воздушни и артилериски напади врз повеќе подрачја во јужен Либан, и покрај актуелното примирје.Според либанската државна новинска агенција ННА, израелските сили во текот на ноќта со митралески оган го гаѓале подрачјето Вади ал-Салук во покраината Набатие. Артилериски бил нападнат градот Мансури, додека бил извршен и воздушен напад врз Кфар Тебнит.Повремено артилериско гранатирање било регистрира

Свет | пред 3 месеци

media-librarysmnmrhnlilti7uJK1gF

Нова надеж за отворање на Ормускиот Теснец: Иран и Оман ги усогласуваат деталите

Преговорите меѓу Иран и Оман за воспоставување безбеден поморски сообраќај низ Ормускиот Теснец напредуваат, а двете страни веќе постигнале договор за планот за пловење.Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека разговорите се конструктивни и дека во моментов се усогласуваат техничките детали од заедничката изјава.Портпаролот на Министерството, Есмаил Багаеи, изјави дека ќе бидат воспоставени механизми за гарантирање на безбедноста на поморскиот сообраќај, заштита на животната сред

Свет | пред 3 месеци

media-libraryu318o84jcs0pbj7Ij4b

„Срам и понижување“ или „уметничка инсталација“ - СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во нова пресметка за знамето истакнато на прославата за независноста на Македонија

Визуелниот идентитет на прославата „Силно светнал ден“, посветена на 35-годишнината од независноста на Македонија, предизвика политички реакции меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.Од СДСМ реагираа на симболот прикажан во рамките на сценографијата, оценувајќи дека станува збор за пропуст со македонското државно знаме и обвинувајќи ја Владата предводена од Христијан Мицкоски за непрофесионалност и непочитување на државните симболи.Од опозициската партија побараа Владата да објасни која компанија била ангажиран

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

Мицкоски им оддаде почит на бранителите од Љуботенски Бачила: „Наш долг е да го негуваме споменот и да ја почитуваме нивната храброст“

По повод 25-годишнината од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, премиерот Христијан Мицкоски им оддаде почит на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои го загубија животот во 2001 година.Мицкоски потсети дека на 10 август 2001 година, по активирањето на мина на патот кон Љуботенски Бачила, загинаа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.„Со длабока почит се поклонуваме пред нив

Македонија | пред 3 месеци

media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Нафтата повторно поскапе: Неизвесноста околу отворањето на Ормускиот Теснец ги вознемири пазарите

Нов раст на цените на нафтата е забележан во понеделникот, откако неизвесноста околу повторното отворање на Ормускиот Теснец повторно ги зголеми стравувањата за нарушувања во глобалното снабдување со енергенси.Според податоците што ги пренесува Ројтерс, цената на северноморската нафта „Брент“ се зголемила за околу 0,6 отсто, достигнувајќи 84,04 долари за барел. Американската WTI, пак, поскапела за околу 0,5 отсто, на 78,56 долари за барел.Главната причина за новиот притисок врз пазарот е неизвес

Свет | пред 3 месеци

media-libraryg7q8e0ta213ucey0P1a

По преполнетите охридски локации, „Охридски комуналец“ со обемна акција за чистење

По викендот исполнет со бројни културни, музички и верски настани, екипите на ЈП „Охридски комуналец“ спроведоа обемни активности за одржување на јавната чистота на повеќе локации во градот.Во текот на викендот, Охрид беше посетен од голем број граѓани и гости, а се одржаа повеќе манифестации, меѓу кои и верските празнувања на Света Петка во Велгошти и на Светите Климент и Пантелејмон во храмот на Плаошник.По завршувањето на настаните, екипите на „Охридски комуналец“ работеа на расчистување на л

Охрид | пред 3 месеци

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

(Видео) Трамп се пофали дека е „еден од најголемите претседатели“, новинарот веднаш му возврати: „Тоа дефинитивно не го велат“

Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа незгоден момент за време на интервјуто за „Punchbowl News“, откако новинар директно му возврати на неговото тврдење дека е „еден од најголемите претседатели“ во американската историја.Разговорот со новинарот Џејк Шерман се водел околу можноста демократите да ја преземат контролата врз Конгресот по изборите во 2027 година и можните истраги против Трамп, вклучително и повторно покренување постапка за негов импичмент.Кога бил прашан дали се плаши од та

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања