Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

media-libraryhpq4a4md2mpa3v6Hvyo

Руските весници со воздржана паника – новиот потег на Трамп ја тресе Москва

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против двете најголеми руски нафтени компании и го откажа планираниот самит со Владимир Путин во Будимпешта. Како што јавува дописникот на BBC од Москва, Стив Розенберг, руските медиуми реагираат внимателно, но со видлива загриженост за можните последици врз економијата и односите со Вашингтон.Според бизнис-дневникот РБК, ова е првпат откако Трамп повторно ја презеде функцијата да САД воведат нови санкции кон Русија. На црната листа се најдоа компании што произведуваат речиси половина од вкупното руско производство на нафта. Весникот наведува дека мерките може сериозно да го погодат извозот, државниот буџет и стабилноста на рубљата.Економист цитиран од РБК оценува дека руските нафтени компании досега се прилагодувале на санкциите, но доколку Индија го намали увозот на руска нафта, Москва ќе мора да бара нови пазари, без гаранција дека Кина ќе го преземе целиот изгубен обем.Весникот Комерсант пишува дека сега три четвртини од рускиот извоз на нафта е под санкции, што е највисоко ниво досега. Претседателот на Руското советодавно тело за меѓународни односи вели дека овие мерки се јасен политички сигнал од Вашингтон. „Откако Трамп се врати во Белата куќа, нови санкции се одложуваа, додека Европската унија и Велика Британија продолжија со свои мерки. Повратокот кон санкции покажува дека шансите за дипломатско решение на украинското прашање повторно ослабеле“, пишува весникот.Комсомолскаја правда пак забележува дека Трамп е „толку контрадикторен што изгледа како да има седум петoци во неделата“ – израз што во рускиот јазик означува непредвидливост и недоследност.Насловот на нивниот текст гласи: „Седум Трампови во неделата“. Весникот потсетува дека американскиот претседател прво вовел санкции, а потоа изјавил дека „не е сигурен оти ќе бидат ефикасни“. „Трамп може да го смени курсот во секој момент, таков е по природа“, коментирал еден руски политиколог.Весникот Известија пренесува дека Владимир Путин внимателно ги избегнувал острите зборови при реакцијата на Трамповите потези, но сепак нагласил дека тие сериозно ги нарушуваат руско-американските односи. Неколку изданија ги цитираат и неговите предупредувања дека рускиот одговор на евентуални ракетни напади врз нејзината територија би можел да биде „многу сериозен, ако не и разорен“.Во спротивност со умерениот став на Кремљ, поранешниот претседател Дмитриј Медведев остро реагираше, нарекувајќи ги Трамповите потези „чин на војна против Русија“.Сепак, официјалниот државен весник Россискаја газета објави дека одложувањето на самитот во Будимпешта „не менува ништо суштински“, и дека контактите меѓу Москва и Вашингтон за „наоѓање прифатливо решение“ продолжуваат.Иако реакциите се внимателни, руските медиуми јасно укажуваат дека санкциите се гледаат како сигнал за заострување на односите и можен пресврт во американската политика кон Москва.

Свет | пред 6 месеци

erdogan-3

Ердоган бара посилен притисок врз Израел: „САД мора да делуваат, прекинoт на огнот се прекршува“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека САД и меѓународната заедница мора да направат многу повеќе за да извршат притисок врз Израел да го почитува договорот за прекин на огнот во Газа.По враќањето од својата дипломатска турнеја низ земјите од Персискиот Залив, Ердоган пред новинарите изјави дека притисокот врз Израел може да вклучува и воведување санкции или запирање на продажбата на оружје. Според соопштението на неговиот кабинет, турскиот лидер смета дека меѓународната заедница има морална и политичка обврска да го спречи натамошното насилство.Ердоган истакна дека, за разлика од Израел, палестинската организација Хамас го почитува примирјето и дека тоа е потврда за нејзината подготвеност за политичко решение.Тој додаде дека Турција е подготвена да учествува во планираната оперативна група за Газа, со цел да придонесе кон стабилизирање на регионот и воспоставување траен мир.„Нашата земја ќе даде поддршка на секој план кој води кон мир и ќе преземе конкретна улога ако е потребно“, изјави Ердоган, пренесува Ројтерс.

Свет | пред 6 месеци

nikoloski-kosovo-1

Македонија со посебна билатерална агенда и прием кај Кралот Чарлс

Македонија го имаше ексклузивитетот да биде меѓу ретките земји со посебна билатерална агенда во рамки на Самитот на Берлинскиот процес што се одржа во Лондон. Вицепремиерот Александар Николоски во гостување на Радио Лидер истакна дека делегацијата од земјава, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, остварила серија значајни средби на највисоко политичко ниво, вклучително и прием кај Кралот Чарлс.„Имавме голема чест покрај сите држави кои учествуваа на Берлинскиот процес, да имавме дводневна засилена билатерална агенда. Остваривме средба со министерот за економија и трговија, со кој го потпишавме договорот Влада со Влада. Тој е искусен министер, дел од кралското семејство, и поранешен министер за европски прашања во времето кога Македонија требаше да ги почне преговорите со ЕУ“, рече Николоски.Според него, делегацијата имала состаноци и со претставници на британската агенција УКЕФ и Министерството за финансии, а најзначајниот момент бил двојниот состанок на Мицкоски со британскиот премиер Кир Стармер – прво тет-а-тет, а потоа и во неформален контекст.„Најзначајното е тоа што премиерот Мицкоски и јас добивме покани од Кралот Чарлс. Не се случува тоа често во историјата на државата – првпат македонски премиер е поканет на прием во официјалната резиденција на британскиот монарх. Тоа беше огромна чест, пред сè за премиерот Мицкоски, но и за мене лично“, нагласи Николоски.Тој додаде дека посебна чест за Македонија било и присуството на двајца македонски уметници меѓу малубројните поканети гости од Балканот, кои независно од владината делегација биле примени од Кралот.„Ова е нешто што останува во историјата и ја позиционира Македонија на ново ниво, како резултат на мудрата и конструктивна политика на оваа влада“, изјави Николоски, потенцирајќи дека ваквиот пристап е континуитет на процесот започнат со средбите од мај и договорот Влада со Влада за стратешко партнерство со Велика Британија.„Ова е само почеток на нова димензија во нашите односи. Бенефитите од ова граѓаните ќе ги почувствуваат во годините што следат,“ заклучи вицепремиерот.

Македонија | пред 6 месеци

prva-1

Кралска драма во Виндзор: Принц Ендрју одбива да се исели од резиденцијата и покрај наредбата на кралот Чарлс

На имотот во Виндзор се наоѓа раскошна резиденција со 30 соби, во која принцот Ендрју живее од 2003 година. Но, според пишувањата на The Telegraph, кралот Чарлс му наредил да се исели, тврдејќи дека со години не плаќа кирија.Принцот, меѓутоа, одбива да се исели и да се пресели во помал објект, а бидејќи има долгорочен закуп од 75 години, кралот моментално нема законска основа да го исели. Пријатели блиски до семејството велат дека Ендрју, заедно со своите ќерки – принцезите Беатрис и Евгенија – верува дека Чарлс сака Кралската ложа да стане официјална резиденција на кралицата Камила, доколку таа го надживее.Според нив, тоа би било слично на ситуацијата со мајката на кралицата Елизабета II, која по смртта на кралот Џорџ VI живееше во истата ложа. Од палатата категорично негираат дека постои таква намера, но принцот останува убеден дека таа идеја е реална.Изворите додаваат дека кралицата Камила најверојатно не би сакала да живее сама во толку голем имот, особено бидејќи ја има својата омилена куќа Ray Mill во Вилтшир – историски објект кој го купила по разводот од првиот сопруг, Ендрју Паркер Боулс. Таа куќа и денес е нејзино омилено засолниште, а таму годинава беше направен и нејзиниот официјален портрет за 78. роденден.Во март, кралот Чарлс го купи соседниот имот Old Mill, со цел да спречи да се претвори во свадбен објект кој би ја нарушил приватноста на кралицата.Извештаите дека Чарлс сака да го исели својот брат се појавија уште пред последните скандали поврзани со пријателството на принцот Ендрју со осудениот педофил Џефри Епстајн и наводните контакти со кинески шпиони. Но, приказната повторно се актуализирала откако било откриено дека принцот со години не плаќал кирија.Ендрју, сепак, тврди дека има целосно право да остане во имотот, бидејќи во 2003 година платил еден милион фунти за долгорочен закуп и сам финансирал реновирање вредно повеќе од 7,5 милиони фунти, со што, според него, ја заштедил државната каса.Тој инсистира дека со тоа всушност заштедил пари на даночните обврзници, бидејќи го одржувал имотот од сопствени средства. Сепак, дел од пратениците во британскиот парламент сметаат дека фактот што принцот живее без кирија претставува трошок за јавноста.Принцот Вилијам, кој останал во добри односи со своите братучетки Беатрис и Евгенија, наводно сакал прашањето со Кралската ложа да се реши пред тој да стане крал, за да не се пренесува натаму семејниот спор.Во меѓувреме, претседателот на Комитетот за јавни сметки во британскиот парламент, сер Џефри Клифтан-Браун, најави дека ќе побара од Министерството за финансии и Крунската комисија детални информации за закупот и трошоците околу имотот. „Нашата задача е да осигуриме дека парите на даночните обврзници се трошат рационално и ефикасно,“ изјави тој.Бекингемската палата засега не го коментира случајот, а јавноста во Велика Британија внимателно го следи новиот семеен конфликт во монархијата кој, како што изгледа, допрва ќе се развива.

Магазин | пред 6 месеци

media-library9eq6tqh8anvqaf8qb4C

Зошто дехидрацијата е најопасна за постарите лица – совети на лекарите

Според податоците на Светскиот совет за стареење, имунолошкиот систем на постарите лица повеќе не се бори со вирусите толку ефикасно како порано, па затоа процесот на опоравување мора да се сфати сериозно. Иако повеќето луѓе при настинка веднаш посегнуваат по лекови или едноставно остануваат во кревет, лекарите предупредуваат на една честа, но опасна грешка – занемарување на хидратацијата.Докторката и медицинска сестра Сандра Петерсен објаснува дека токму недостатокот на внес на течности е најчестата грешка што може да го влоши здравјето, особено кај постарите лица.„За време на болест, хидратацијата ги одржува слузниците влажни, што му помага на телото полесно да ги задржи и исфрли вирусите,“ вели таа за Parade.Според Петерсен, водата е неопходна за правилно функционирање на имунолошкиот систем – таа овозможува полесен пренос на хранливи материи и кислород, ја регулира телесната температура и помага во исфрлањето на токсините преку бубрезите. „Дехидрацијата, пак, може да го зголеми заморот и да предизвика главоболки,“ додава таа.Сличен став има и докторката Рупа Сах, која предупредува дека соодветната хидратација го намалува ризикот од секундарни инфекции како бронхитис, синуситис или воспаление на белите дробови, бидејќи ги одржува влажни слузниците на носот, грлото и белите дробови.И двете експертки потенцираат дека постарите лица се најранливи на дехидрација, особено ако имаат симптоми како повраќање или дијареа, кога доаѓа до губење на електролити. „Нерамнотежата на електролитите може да предизвика слабост, конфузија, па дури и хоспитализација,“ вели Петерсен.Таа објаснува дека со возраста телото има послаб осет за жед, па често му е потребна вода дури и кога не се чувствува жед. Дополнително, со стареењето се намалува мускулната маса – а токму мускулите складираат вода – што значи дека организмот има помали резерви на течности.Одредени лекови, како диуретиците, дополнително го зголемуваат губењето течности. Затоа, Петерсен препорачува постарите лица да пијат шест до осум чаши вода дневно, а во периоди на болест уште една или две повеќе.Докторката Сах советува течностите да се внесуваат постепено во текот на денот – вода, билни чаеви, супи и бистри пијалоци, а да се избегнуваат кофеин и алкохол, кои го поттикнуваат губењето на течности.„Дури и блага дехидрација може да има сериозни последици кај постарите лица,“ предупредува Сах. „Хидратацијата не е само прашање на удобност, туку и на безбедно закрепнување.“

Магазин | пред 6 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Тешка сообраќајка кај Хиподром: Камион „Мерцедес“ излетал од автопатот

Утрово околу 10 часот се случила сообраќајна несреќа на автопатот Скопје–Куманово, во близина на клучката Хиподром. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, товарно возило марка „Мерцедес“ удрило во банкина, при што повреден е возачот.Повредениот бил веднаш пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.Од МВР потврдуваат дека увидот на местото на несреќата е во тек, а дополнителни детали за причините и околностите се очекуваат по завршување на истрагата.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryqo0gvc8ksmoo6tZuzQo

Мајорот Лазиук – човекот со најтешката должност во Украина

Мајорот Сергеј Лазиук има работа што никој не би ја посакал. Тој е човекот кој им ја носи најтешката можна вест на украинските семејства – дека нивниот син, сопруг или брат е мртов. Со писмо во рака и болка во очите, тој тропа на вратите низ Лавов, подготвувајќи се секојпат да слушне крик од мајка чиј живот ќе се сруши во тој миг.„Најтешко е кога луѓето сè уште имаат надеж. Мислат дека можеби има грешка“, вели Лазиук за Telegraph. Тој секогаш ги соопштува вестите лице в лице, без посредници, и ретко добива слободен ден – неговите колеги едноставно не можат да ја поднесат тежината на задачата.Работи во воениот регрутациски оддел, каде што не само што ги испраќа младите на фронтот, туку подоцна ги враќа – во ковчези. Откако Украина последен пат објави податоци во февруари, претседателот Володимир Зеленски призна дека загинале повеќе од 46.000 украински војници, иако западните аналитичари веруваат дека вистинската бројка е далеку поголема.Лазиук секогаш однапред ги известува семејствата дека мора лично да достави „запечатено писмо“. Неколку дена подоцна, тој повторно им се јавува – овојпат за да го координира враќањето на телото. Некои мајки се подготвени, бидејќи веста веќе ја добиле од фронтот, други паѓаат во несвест, а има случаи кога мора да повика Итна помош.Во Украина, мобилизацијата одамна престана да биде доброволна. Секој маж од 25 до 60 години е обврзан да служи, но ентузијазмот одамна исчезна. Повеќе од половина милион мажи се кријат за да избегнат повик.„Сите сакаат да победиме, но никој не сака да се приклучи,“ вели капетан Мирослав Трембекски, кој ги води регрутациските патроли. На улиците на Лавов, војници во униформи запираат мажи и ги носат во воените центри – сцени кои предизвикуваат страв и отпор. „Ако фронтот се сруши, можеби веќе нема да има Украина“, додава Трембекски, кој и самиот бил ранет на линијата во Покровск.Многумина се кријат по своите домови. Еден 50-годишен човек од Лавов, Микола, живее со спуштени ролетни и гледа видеа на YouTube за насилството на регрутерите. „Да завршев на фронт во мојата состојба, немаше да бидам од корист. Подобро е да помогнам со донации“, вели тој. Неговата сопруга го испратила синот во Италија за да го спаси од мобилизација.И додека многумина се обидуваат да избегаат, неколку странци доброволно доаѓаат да помогнат. Меѓу нив е и 46-годишниот Ли Џонсон од Белфаст, поранешен тренер по бокс, кој чекал мајка му да почине за да може да замине на фронтот.Неколку дена подоцна, мајорот Лазиук стои меѓу толпата на новото воено гробиште во Лавов – старото одамна е преполно. Тој присуствува на погреб на двајца војници чии семејства лично ги известил. Во џебот му е уште едно писмо – нова адреса, нова трагедија.„Сакам ова да заврши,“ вели тивко. „Но знам дека и кога ќе падне последната граната, сè уште ќе има тела што треба да се пронајдат. Ќе има мајки што чекаат одговор.“

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Од Будимпешта до санкции: Еден телефонски разговор на Путин скапо го чинеше

Само пет дена по оптимистичниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, американскиот лидер Доналд Трамп ја откажа најавената средба во Будимпешта и воведе нови санкции кон Москва – првпат во неговиот втор мандат, пренесува CNN.Прекинот на плановите дојде откако американските власти сфатиле дека ставот на Путин во однос на војната во Украина останал непроменет. Продолжените напади врз цивили, максималистичките барања кон Киев и одбивањето на прекин на огнот биле доволен сигнал за Трамп дека нема простор за напредок. „Едноставно не ми изгледаше исправно“, изјави тој. „Не чувствував дека ќе стигнеме таму каде што треба, затоа го откажав.“Оваа одлука беше поздравена од европските сојузници на Вашингтон и дел од американската јавност, но остро осудена од Москва. По месеци закани без конкретни потези, Трамп конечно презеде најдиректен чекор во насока на казнување на Русија поради продолжувањето на војната. „Едноставно почувствував дека е време“, рече тој при објавата на санкциите од Белата куќа.Според извори од администрацијата, не постоел еден пресуден момент, туку постепено разочарување поради тоа што Путин не покажувал вистинска волја за прекин на конфликтот. Трамп дури се пожалил: „Секој пат кога зборувам со Владимир, имаме добри разговори – а потоа не водат никаде.“По телефонскиот разговор, Трамп одржал средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, која, според американските медиуми, била напната. Иако го притискал Киев за територијални отстапки, на крајот предложил план за прекин на огнот долж постојните фронтови – нешто што Москва категорично го одбива.Одлучувачкиот пресврт дошол по разговорот меѓу државниот секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кога станало јасно дека Москва нема намера да попушти. Трамп заклучил дека самитот во Будимпешта би бил „губење време“ и го стопирал процесот.Во следните часови, по состанокот со министерот за финансии Скот Бесент – кој подолго време се залагал за санкции – Трамп неочекувано одобрил пакет мерки против нафтените гиганти „Росњефт“ и „Лукоил“. Одлуката го изненадила дури и неговиот најтесен круг на соработници.„Ова се големи санкции“, му рекол Трамп на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој тој ден го посети Вашингтон. „Се надеваме дека нема да траат долго. Се надеваме дека војната ќе биде завршена.“Според извори од Белата куќа, Трамп бил мотивиран и од успехот на прекинот на огнот во Газа, кој го припишува на својот „построг пристап“. „Кога стана поцврст, работите се придвижија“, изјавил еден висок функционер.Иако со месеци двоумел да воведе санкции од страв дека ќе го оддалечи Путин од масата за преговори, сега Трамп ја промени тактиката. Сепак, Белата куќа не ја исклучува можноста за нова средба меѓу двајцата лидери во иднина.„Се надеваме дека еден ден тоа повторно ќе биде можно“, изјави портпаролката Каролин Левит. „Но, овојпат сакаме да бидеме сигурни дека од тој состанок ќе произлезе конкретен, позитивен резултат.“

Свет | пред 6 месеци

orban-tramp1

Орбан: Унгарија работи на начин да ги заобиколи американските санкции кон Русија

Унгарија работи на план за заобиколување на новите американски санкции кон руските нафтени компании „Лукоил“ и „Росњефт“, изјави премиерот Виктор Орбан, без да открие детали за можниот механизам. Изјавата следува по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, кој за првпат во својот втор мандат воведе санкции кон Русија со цел да ја принуди Москва да прифати прекин на огнот во Украина.„Работиме на тоа како да ги заобиколиме овие санкции“, рече Орбан во интервју за државниот радио сервис Kossuth, додавајќи дека веќе разговарал со раководството на унгарската нафтена и гасна компанија MOL.Трамповиот потег предизвика раст на цените на нафтата и загриженост кај Унгарија и Словачка – двете најголеми купувачки на руска нафта во Европската унија. Двете земји и досега уживаа изземања од европските ограничувања поради нивната висока зависност од руската суровина.MOL управува со две рафинерии – во Унгарија и Словачка – со заеднички капацитет од 14,2 милиони тони нафта годишно. Двете постројки речиси целосно зависат од испораките преку нафтоводот „Дружба“, кој ја поврзува Русија со централноевропските земји.Словачката подружница на компанијата, Slovnaft, соопшти дека веќе спроведува анализа за потенцијалните последици од американските санкции, кои треба да стапат на сила кон крајот на ноември.Минатата година MOL се соочи со сериозни проблеми во снабдувањето откако Украина воведе свои санкции кон „Лукоил“. Според економските аналитичари, новиот американски пакет мерки би можел дополнително да ја влоши ситуацијата во регионот, особено во делот на транспортот и дистрибуцијата на гориво.Орбан, кој е познат по своите блиски односи со Москва, веќе порача дека „енергетската безбедност на Унгарија е над политичките притисоци“ и дека земјата ќе продолжи да се снабдува „таму каде што е најповолно и најсигурно“.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2022-05-14-at-21.34.51

Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин

Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, извести АМСМ.Порари неможност за нормалното одвивање на сообраќајот, сообраќајот е во прекин.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

(Фото) Автомобил ,,покоси” цело семејство на тротоар

Вчера околу пладне, возач со автомобил излетал од булевар во скопската населба Ново Лисиче и буквално покосил четворица пешаци, членови на семејство, пред да се забие во семафор, соопшти полицијата.Во ударот од автомобилот „опел астра“, возен од Т.Н. од Скопје, повредени се Г.К. (40) и М.К. (39), како и две девојчиња. Повредените пешаци се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им се констатирани повреди.Сведок на ситуацијата за „Скопје1“ вели „Дедото влета со кола во паркот, удри во жена со деца и го удри семафорот, кој се откачи и падна. Овде не дај Боже, требаше да поминам јас со малиот.Полицијата извршила увид на местото на несреќата, соопштуваат од МВР.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

Ниту потврдуваат ниту негираат: молк во ДУИ за евентуалното повлекување на Ахмети од политика

Молк од Демократската унија за интеграција околу веста дека Али Ахмети размислува да се повлече од активната политика.„Скопје1“ уште во текот на вчерашниот ден побара став од Бујар Османи, висок партиски функционер, а и кандидат на ДУИ во Чаир кој изгуби - но тој не одговори на пораката дали има вистина во објавата од албански медиум.ДУИ на овие избори ја предводи коалицијата НАИ, која победи само во Липково и Пласница. Партијата изгуби во Чаир.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-05-29-at-13.39.34

Албански медиум: Ахмети размислува за повлекување по локалните избори

Досегашниот неприкосновен лидер на ДУИ, Али Ахмети сериозно размислува да се повлече од активната политика, објави медиумот на албански јазик „Фол“.Информациите медиумот ги добил од ДУИ и според нив, Ахмети веќе разговарал за оваа одлука со дел од своите најблиски соработници, како и со политички партнери од Албанија и Косово.Конечната одлука се очекува да биде објавена по завршувањето на вториот круг од локалните избори, со цел да не се влијае врз исходот за кандидатите од партијата.Засега нема официјален коментар на оваа информација од ДУИ и од Ахмети, кој се нема огласено во медиумите и социјалните мрежи по првиот изборен круг на 19 октомври, на кои коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, победи само во Липково и во Пласница.Оставка од Ахмети по првиот круг од локалните избори побараа челниците на ВРЕДИ, а за Бујар Османи, Али Ахмети е и останува неоспорен идеолог и лидер на Албанците.

Македонија | пред 6 месеци

vremenska-esen-vreme

Натпросечно топло и врнежливо време

Денешниот ден во Македонија започна со необично високи температури за овој дел од годината, но и со повремени врнежи и силен ветер.Причината е јужното и југозападното струење кое донесе топла и влажна воздушна маса над нашата земја.Локални врнежи од дожд се регистрирани низ повеќе региони, а најинтензивни биле во западните предели.Ветерот од јужен и југозападен правец е засилен, што придонесе за динамична и нестабилна утринска атмосфера.Метеоролозите најавуваат дека ваквата временска состојба ќе продолжи и во текот на денот, со можни нови врнежи, особено во планинските и западните подрачја.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Без струја делови од Кисела Вода, Центар, Шуто Оризари, Студеничани и Бардовци

Денеска од 08:30 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улиците Полог и Кочанска во Општина Кисела Вода, информира РЦУК – Скопје.Струја од 08:30 до 16:00 часот ќе немаат жителите во село Алдинци кон Солунска Глава, Општина Студеничани, од 09:00 до 14:00 часот корисниците на дел од ул. Македонско Косовска Бригада во Општина Шуто Оризари, од 09:00 до 14:00 објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди во Општина Центар, а од 09:30 до 13:00 часот корисниците на ул. 6 во с. Бардовци.

Скопје | пред 6 месеци

media-library6s9t2tjlctc58ro9JGy

Лабудовиќ во Центар со поддршка од ВЛЕН

Во вториот круг од локалните избори, кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ ќе ja добие поддршката од ВЛЕН.Вечерва, Лабудовиќ, заедно со генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, ја официјализираа соработката на средба со локалните жители од Кале и Дуќанџик. На средбата присуствуваа новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити кој ги повика жителите од албанска националност од овие населени места на 2 ноември кога ќе се гласа во вториот круг, да му се даде максимална поддршка на кандидатот за градоначалник од Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ.Затоа што само на тој начин, може да се надеваат на брзо, ефикасно и целосно решавање на нивните комунални проблеми, кои во претходните неколку години во мандатот на Горан Герасимовски воопшто не беа надминати, смета ВЛЕН.И Максим Димитриевски ќе биде поддржан од ВЛЕН во Куманово.

Македонија | пред 6 месеци

rusija-kina

Кина се откажа од купување руска нафта

Kинеските државни нафтени компании привремено го суспендираа купувањето руска нафта што се испорачува по море. Ова доаѓа по потегот на САД да воведат санкции врз руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“. Ројтерс, повикувајќи се на различни извори, информира дека одлуката на Пекинг доаѓа во време кога индиските рафинерии, најголемите купувачи на руска нафта што се транспортира со танкери, планираат значително да го намалат увозот од Москва за да се одговорат на американските мерки воведени поради руската инвазија на Украина.И рафинериите во Индија, најголемиот купувач на руска нафта по морски пат, се подготвуваат значително да го намалат увозот на сурова нафта од Русија.Владимир Путин изјави дека Русија никогаш нема да потклекне на притисокот од САД, но призна дека новите санкции би можеле да предизвикаат економски проблеми.

Свет | пред 6 месеци

edi-rama

Албанските пензионери ќе се опарат за Нова година со бонус

Владата на Албанија донесе одлука за доделување новогодишен бонус на пензионерите за што е определен фонд од 9,4 милијарди леки или 97 милиони евра.Новогодишен бонус ќе добијат околу 765.000 пензионери, поделени во две групи. Пензионерите кои имаат пензија над 20.000 леки ќе добијат бонус од 10.000, додека оние под 20.000 ќе добијат бонус од 15.000 леки.Новогодишен бонус, со идентичен износ како и овој, пензионерите добија и во декември минатата година. Додека пролетва им беше исплатен бонус во износ од 5.000 односно 10.000 леки.

Балкан | пред 6 месеци

mickoski-medziti

ВЛЕН ќе го подржи ДУИ во Кичево, Мицкоски со порака до Касами:Коалиции се градат со вредности, не со етнички поделби и шовинизм

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премир, Христијан Мицкоски, осстро реагираше на изјавата на лидерот на коалицискиот партнер Беса од „Влен“, Билал Касами. Тој во интервју за албанската телевизија Сири најави дека во вториот круг од локалните избори во Кичево ќе го поддржат кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, а не кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски кои влегова во вториот круг.„Сите оние што се надеваат дека со етноцентрични теми ќе добијат нешто во политиката, нека го видат и нека научат од примерот на падот на ДУИ, ќе разберат на што мислам. Тоа е добра лекција и за други политичари на македонската политичка сцена, кои мора да разберат дека за да бидеме коалициони партенери треба да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања, низ призмата на шовинизам и слични етнички процедурални разлики“, изјави Мицкоски, во денешното обраќање на настанот по повод Денот на македонската револуционерна борба.Според Мицкоски, луѓето не треба да се третираат како контингенти гласови, туку како граѓани со свои судбини и убедувања.„Ниту еден од нас нема гласови во џеб. Поддршката се гради со обединување околу вредности, а не низ призмата на етничка припадност. Во тој контекст, треба да се прифати дека поедини градоначалници станаа градоначалници поради волјата и поддршката на Македонците, која не треба да си дозволат да ја изневерат. Секој чекор има акција и реакција, а јас секогаш ќе се однесувам така како што е најдобро за граѓаните и државата“, рече Мицкоски.Касами пак рече дека по испаѓањето на кандидатот на „Влен“ во првиот круг во Кичево, природно е албанските гласови да одат кон ДУИ, претставувајќи го тоа како национално мобилизирање, а не коалициско.ВМРО-ДПМНЕ во Тетово не истакна свој кандидат и го подржа Касами како кандидат на „Влен“ за градоначалник во Тетово.ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа и кандидатите на „Влен“ во Чаир, Сарај и Струга.„Понекогаш додека ги реализиравме овие стратешки цели крваревме како ВМРО-ДПМНЕ и поднесовме жртва. Не беше лесно, многу ми беше тешко кога ги гледам нашите сопартијци од Тетово, Гостивар, од Струга, Чаир, Дебар и за тоа плативме цена и за тоа има жртва. И ние не бараме ништо, не бараме за возврат ништо затоа што имаме цел, ние бараме почит за жртвата којашто сме ја дале за друг, не ја добивме и тоа нема да го заборавиме“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryhn2ccit1u7on0JkQO92

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во Аеродром, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски во својот говор се заблагодари за поддршката во првиот круг каде 33 општини избраа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата наспроти 3 од СДСМ и ги повика граѓаните да излезат масовно и да гласаат на 2 ноември со заокружување на бројот 9.„Во вториот круг имаме 26 кандидати од кои најголемиот дел се во големо водство како Аеродром и во Скопје а во неколку нашиот кандидат е второпласиран но е во вториот круг. Ќе се бориме за секој еден глас и за секој општина. Излезете и гласајте по вашето лично убедување. Кога ќе го имате пенкалото во рака ако одлучувате според разум, душа и срце убеден сум дека ќе одлучите за бројот 9 и овде во Аеродром за Дејан и Орце за Град Скопје, убеден сум“ кажа Мицкоски.Мицкоски кажа дека СДСМ не е на биолошки минимум туку пред исчезнување и на следните избори кога и да се, ќе бидат под 100 000 гласа и ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 2 ноември.„Порака до симпатизерите и членовите на СДСМ, иако тоа го правев цело време во кампањата за првиот круг, кога велев дека и на нив не им е пријатно некогаш големиот СДС како сега се бори како се жилави едвај да го помине прагот од 100 илјади гласа, сега не зборуваме за биолошки минимум зборуваме таму за исчезнување, единствен начин да си помогнат себе и да и помогнат на СДС да излезат во втор круг и да го заокружат бројот 9 којшто прави промена. Следните избори СДСМ ќе бидат, под 100 илјади гласа. Тогаш ќе дојдеме до заклучок дека намалувањето на бројот на пратеници поради апстинирање или разочарување е државен и национален проблем. Ваква опозиција каква што е, не ќе може да направи резултат, тогаш состојбите ќе бидат поинакви, тогаш ќе имаме нова реалност. Затоа е важно да излезете и да гласате. Потребна ни е мобилизација на секој еден гласач“ кажа Мицкоски.Мицкоски кажа дека во политиката мора да се има цел и стратегија, ВМРО-ДПМНЕ на патот кон остварување на своите цели не бараше ништо освен почит за својата жртва која ја дале за друг, но тоа не го доби и тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го заборави.„Политиката не е црна кампања и не е со лаги да се доберат до власта. Политиката е да имаш цел, и план како да ја реализираш таа цел. Ние имаме план и многу стратешки цели како да ги реализираме, дел ги реализиравме, дел се реализираат, многу мал дел не успеавме да реализираме. Понекогаш додека ги реализиравме овие стратешки цели крваревме како ВМРО-ДПМНЕ и поднесовме жртва. Не беше лесно, многу ми беше тешко кога ги гледам нашите сопартијци од Тетово, Гостивар, од Струга, Чаир, Дебар и за тоа плативме цена и за тоа има жртва. И ние не бараме ништо, не бараме за возврат ништо затоа што имаме цел, ние бараме почит за жртвата којашто сме ја дале за друг, не ја добивме и тоа нема да го заборавиме. Сега да се фокусираме на 2 ноември масовно да излеземе, да тропнеме на секоја врата, да излеземе и да зокружиме број 9, за Дејан, за Орце и насекаде каде ВМРО-ДПМНЕ има свој кандидат“ нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

putin

Путин со остро предупредување до САД: „Ако нè нападнат, одговорот ќе биде застрашувачки“

Рускиот претседател Владимир Путин испрати остро предупредување до САД, реагирајќи на новите санкции што американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе против руските енергетски гиганти „Лукоил“ и „Росњефт“. Како што пренесуваат руските државни медиуми, Путин порача дека Русија ќе одговори „силно и одлучно“ доколку САД употребат ракети Tomahawk против нејзина територија.„Ако со такво оружје се изведат удари врз рускиот територијa, одговорот ќе биде многу силен — да не речам застрашувачки. Нека размислат за тоа“, изјави Путин, додавајќи дека разговорите за можната испорака на вакви ракети на Украина претставуваат „обид за намерна ескалација на конфликтот“.Рускиот лидер се осврна и на неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да го откаже планираниот билатерален состанок во Будимпешта. „Мислам дека тој не го откажа, туку само го одложи. Ми предложи сам да организираме самит во Будимпешта, но таков настан мора внимателно да се подготви“, рече Путин, нагласувајќи дека Русија и понатаму останува отворена за дијалог.Во однос на новиот бран санкции, Путин изјави дека тие се „непријателски чин“ кој не придонесува за стабилност во односите меѓу Москва и Вашингтон. Според него, иако санкциите ќе предизвикаат одредени економски загуби, руската економија и енергетскиот сектор остануваат стабилни. „Ќе има одредени последици, но не драматични. Нашата енергетика е сигурна и отпорна. Ова е обид за притисок, но Русија не носи одлуки под туѓ диктат“, изјави Путин.Тој додаде дека Русија припаѓа на државите кои „си го почитуваат својот интегритет и достоинство“ и дека нема намера да попушта под надворешни влијанија. „Ниту една земја што се почитува себеси не решава проблеми на таков начин. Русија има таа привилегија – да стои цврсто зад своите принципи“, нагласи Путин.Рускиот претседател изјави и дека со Трамп разговарал за влијанието на нафтената политика врз глобалниот раст на цените, вклучувајќи ги и ефектите врз американската економија.Путин се обрати пред новинарите по завршувањето на XVII конгрес на Руското географско друштво, нагласувајќи дека Русија „ќе продолжи да се брани, но и да нуди разговор – сè додека има кој да слуша“.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп: Ја запрев војната во Газа, Нетанјаху ќе се бореше со години

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лично го спречил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја продолжи војната во Газа, тврдејќи дека без неговиот притисок конфликтот би траел со години. Во интервју за магазинот Тајм, Трамп рече дека Нетанјаху бил решен да ја продолжи војната без ограничувања, но тој успеал да го убеди да ја прифати неговата мировна иницијатива. „Тој би продолжил, можело да трае со години, но јас го запрев и сите се обединија кога го направив тоа“, изјави Трамп.Американскиот претседател откри дека го предупредил израелскиот премиер со зборовите: „Биби, не можеш да се бориш против целиот свет. Можеш да водиш одделни битки, но целиот свет е против тебе“. Тој го опиша израелскиот напад врз преговарачи на Хамас во Катар како „ужасен“ и „тактичка грешка“, но додаде дека токму тој инцидент бил еден од клучните моменти што довеле до обединување на страните и до постигнување на прекин на огнот.Трамп нагласи дека неговата администрација успеала да воспостави рамнотежа меѓу дипломатски дијалог и притисок кон блиските сојузници, што, според него, било пресудно за спроведување на неговиот мировен план. Тој исто така потенцира дека американската политика останува јасна во однос на анексијата на Западниот Брег: „Тоа нема да се случи, бидејќи им дадов збор на арапските држави. Израел би ја изгубил целата поддршка на САД доколку се одлучи за тоа“, изјави Трамп.Во меѓувреме, потпретседателот Џеј Ди Венс, кој престојуваше во Израел во обид да го зајакне мировниот процес, остро ги осуди предлозите на израелските десничарски пратеници за анексија на Западниот Брег, нарекувајќи ги „глупав политички трик“ и „навреда“.На изјавите на Трамп реагираше и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој порача дека Израел е суверена држава која сама ги носи своите безбедносни одлуки. „Една недела велат дека Израел ги контролира САД, следната дека САД го контролира Израел. Тоа се бесмислици. Имаме партнерство и заеднички вредности и цели“, изјави Нетанјаху.Изјавите на Трамп доаѓаат во чувствителен момент за регионот, во време кога и покрај објавениот прекин на огнот, тензиите меѓу Израел и Хамас сè уште се високи, а меѓународната заедница внимателно ги следи потезите на Вашингтон и Тел Авив.

Свет | пред 6 месеци

media-libraryodt12pgnq2d02CR4vGZ

Грозданов: Поддршката од граѓаните ме охрабрува да работам на тоа Кочани повторно да се исправи

Владко Грозданов, кандидат за градоначалник на општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во ,,Тема на денот“ на телевизија Сител. Грозданов посочи дека постигнувањето на цензусот е доказ за достоинството и чесноста на граѓаните на Кочани. Грозданов искрено им се заблагодари на своите сограѓани за поддршката, потенцирајќи дека резултатот не го воздигнува, туку го охрабрува да работи уште посилно, посвесно и почесно. Тој порача дека само преку заедништво, отворена комуникација и заедничка одговорност може да се создаде подобра иднина за сите.,,Ова е една од најтешките изборни трки во историјата на Кочани. Една трка со најголем товар, како за мене така и за моите противкандидати. Но, сепак моите кочанчани, моите сограѓани, се одважија и пред се со постигнувањето на цензусот за легитимност на изборите покажаа дека се достојни и чесни и секако со самиот резултат кој го доделија во моментот ја покажаа својата визија за иднината“, вели Грозданов.Грозданов им се заблагодари на сограѓаните за поддршката, истакнувајќи дека таа го охрабрува уште посилно и поодговорно да работи. Тој порача дека само со обединување и заедничка работа може да се обезбеди подобра иднина за Кочани.,,Со овој резултат, моите сограѓани ми дадоа една поддршка, но тоа не ме воздигнува, туку напротив ме охрабрува што посилно, попосветено, почесно да се посветам на ова. Доколку бидам избран за иден градоначалник на Кочани, заедно со нив, сплотени, чесно, одговорно, со комуникациски методи помеѓу нив, едноставно мора да се сплотиме и заедно да продолжиме сите. Претстои иднина за нашите деца, претстои иднина за Кочани. Кочани мора да се исправи“, рече Грозданов.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryo9n706kclgnhaqR9JZM

Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  денешниот настан одржан во Чучер Сандево, во рамки  на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски во својот говор ги повика граѓаните во вториот круг да излезат на гласање, да учествуваат во креирањето на политиките и да го заокружат бројот 9.“Би сакал да упатам неколку политички пораки за да можат граѓаните самите да донесат заклучок и одлука по кој пат ќе ја водиме државата, дали ќе ја водиме државата по патот којшто го нуди коалицијата ВМРО-ДПМНЕ или ќе се вратиме на патот којшто го гледавме 7 години, тоа бешe сосема поинаква коалиција предводена од СДСМ и ДУИ или пак третата група ќе останеме дома па ќе видиме каде ќе не води бранот ние заедно со бранот и ќе немаме можност да одлучуваме, што сметам дека е најпогрешната опција. Затоа што ако се остане дома и не се излезе на избори и не се гласа по сопствено убедување тогаш вие дозволувате друг да одлучува за вас и за вашата општина и насоката во која ќе оди државата. Мојата молба до сите жители на Чучер Сандево и генерално до сите граѓани во Македонија е да излезат првично на овие избори првиот круг таму каде што ќе се гласа и да гласаат по сопствено убедување“ нагласи Мицкоски.Мицкоски ги повика функционерите постојано да бидат достапни на граѓаните и да испорачаат резултати.„Втора работа која сакам да ја кажам е дека на овие избори во првиот круг се донесе одлука за 33 градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа е бројка која е импресивна и уште во 26 општини ВМРО-ДПМНЕ се или на прво место или на второ што значи 59 општини плус Градот Скопје тоа претставува историски резултат политички но и голема обврска во смисла дека очекувањата на граѓаните се големи. Ние сме народна партија, партија која што треба да биде слуга на граѓаните на народот. Тоа значи дека нема одмор и треба да се работи секој ден во неделата бидејќи имаме многу да сработиме нема работно време се почнува рано се завршува доцна секогаш треба градоначалникот да биде достапен. Секој од избраните од народот функционери треба да биде достапен и секогаш да одговара на потребите на граѓаните. Тоа е втората порака која сакам да ја упатам“ кажа Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryns38q26n1pg82WqhqiF

Бајовски: Со нови инвестиции и поддршка од Владата, Чучер Сандево ќе се вклопи во сликата на Скопје

Зоран Бајовски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес од населеното место Кучевишка Бара. Бајовски нагласи дека со поддршка од Владата и градот Скопје ќе се реализираат проекти за подобрување на животот во општина Чучер Сандево, меѓу кои е и инвестиција од 45 милиони денари во Кучевишка Бара за пречистителна станица, канализациска и водоводна мрежа.„Сега конечно, ги ставивме проблемите и потребите на граѓаните  на ова населено место во програма. Заедно со Владата заедно со градот Скопје, со општина Бутел, бидејќи граничиме и се препокриваме во некои делови, да ја направиме поубаво место за живеење и достојно место за живеење во делот на Скопје“, рече Бајовски.Бајовски истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ издвоила околу 45 милиони денари за проектот во Кучевишка Бара, а како што вели тој,  проектот опфаќа 13 километри примарна и секундарна мрежа, атмосферска канализација и реконструкција на водоводната мрежа, со што конечно ќе се решат клучните инфраструктурни потреби во овој дел од општината.„Тоа го покажа Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Најмногу средства во Чучер Сандево беа доделени токму за Кучевишка Бара, околу 45 милиони денари, средства од унгарскиот кредит за изградба на пречистителна станица“, кажа Бајовски и додаде:„Во тој дел во програмата е токму 13 километри примарни секундарна мрежа заедно со пречистителна станица, но и атмосферска канализација, но и коригирање на делот на водовод конкретно реконструкција на водоводната мрежа улица, и мислам конечно Кучевишка Бара ќе го добие тоа што и е потребно“.Бајовски ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање во вториот изборен круг на 2 ноември и да поддржат кандидат за градоначалник од  редовите на ВМРО-ДПМНЕ со број 9.„Да го дадете гласот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со реден број 9 и конечно и Чучер Сандево да се вклопи во сликата на Скопје како општина“, заклучи Бајовски.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања