Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

traktor-1

Трактор со приколка се превртел, возачот починал на местото

Во Полициско одделение Ростуше вчера било пријавено дека во селото Скудриње, на место викано „Мустана нива“, бил пронајден починат 67-годишниот М.С. од селото.Како што информира СВР Тетово, според првичните информации, тој управувал трактор со приколка, при што изгубил контрола и возилото се превртело.Од здобиените повреди мажот починал на местото на несреќата, а лекар констатирал смрт.Увид извршила екипа од ОВР Гостивар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукц

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryc05j9ok1bkh9c2brs1N

73-годишен маж ѝ се заканувал на сопругата со остар предмет

Полициски службеници од СВР Тетово денеска го лишиле од слобода 73-годишниот Ј.Д. од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата сопруга.Според информациите од полицијата, 66-годишната жена пријавила дека во семејниот дом сопругот ѝ се заканувал со остар предмет.Мажот бил приведен во Центарот за социјални работи во Тетово и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Повреден 77-годишен маж пронајден во неконтактибилна состојба, итно пренесен на Клиника

Во ОВР Гостивар утрово било пријавено дека во Ургентниот центар во Гостивар бил донесен 77-годишниот Р.Д. од селото Форино, со повреда на главата и во неконтактибилна состојба.Како што информира СВР Тетово, по укажаната помош тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Според пријавеното, повредениот бил пронајден од негов сосед во близина на домот, по што случајот бил пријавен во полицијата.Извршен бил увид, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 месеци

media-library2b0dbj5q2joc30TU15J

Филипче: „Се повлекуваме од Комисијата, СДСМ нема да учествува во брутално, задолжување на државата за криминални тендери“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција соопшти дека пратеничката група на партијата се повлекува од комисиската расправа поврзана со новото задолжување на државата.Филипче обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ја турка државата во, како што рече, „должничко ропство“, посочувајќи дека се планира ново задолжување од 260 милиони евра со висока каматна стапка.Според него, средствата не се користат за подобрување на состојбите во државата, туку завршуваат

Македонија | пред 5 месеци

media-librarypbvkflv26ii30mOMX51

Тело на жена извлечено од река во БиХ, полицијата врши увид

Тело на жена утрово било извлечено од реката Спреча во Лукавац, пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина.Од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврдиле дека добиле пријава за случајот.„На подрачјето на Полициската управа Лукавац во утринските часови е забележано тело. Во тек се увидни дејствија“, соопштиле од полицијата.Засега не се познати повеќе детали за идентитетот на жената и околностите под кои дошло до трагедијата.

Балкан | пред 5 месеци

horoskop1

Од 5 јуни почнува среќен период за четири хороскопски знаци

Астролозите предвидуваат дека јуни ќе биде исклучително поволен месец за четири хороскопски знаци, носејќи им финансиски напредок, емоционален мир и важни животни пресврти.За Бик, најголемата промена ќе биде на финансиски план. Според астролошките прогнози, по 11 јуни се отвора можност за неочекуван прилив на пари, враќање стар долг или нова деловна шанса. Сепак, се советува внимателност при потпишување договори.Рак ќе почувствува емоционално олеснување и смирување на семејните тензии. Околу 15

Магазин | пред 5 месеци

noz-ubistvo-napad

Малолетник од Битола добил закани со остар предмет

Во СВР Битола вчера била пријавена закана со остар предмет кон малолетник во Битола.Според информациите од полицијата, М.М.(36) од Битола пријавила дека на улицата „Дебарска“, лицето И.Б. со остар предмет му упатил закани на нејзиниот малолетен син.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 месеци

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Уапсени две лица од Прилеп, пронајдена бела прашкаста материја

Полициски службеници од ОВР Прилеп на 20 мај во близина на вештачкото езеро во Прилеп ги лишиле од слобода Ж.К.(39) и Б.Т.(41), двајцата од Прилеп.Како што информира СВР Битола, при преглед во патничко возило „БМВ“ со прилепски регистарски ознаки, во кое се превезувале двајцата, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.По целосното документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryrni9kl5mogcv8xA9kcu

Веењето странски знамиња без македонското и исвирканата химна отворија работа за полицијата: МВР ги истражува инцидентите

Исвиркувањето на македонската химна на вчерашното финале од Купот на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, како и националистичките скандирања и транспаренти, сега се предмет на проверки на полицијата.Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ велат дека се преземаат активности за утврдување на евентуални прекршувања на јавниот ред и мир.„СВР Скопје презема соодветни мерки и активности за утврдување на околностите и санкционирање на прекршителите на јавниот ред и мир на фудбалскиот натпре

Македонија | пред 5 месеци

media-library1173m4giqa8sd4O1eaU

Србија и Украина најавија продлабочување на економската соработка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна со потпретседателот на Владата на Украина за европски и евроатлантски интеграции, Тарас Качка.По средбата, Вучиќ преку социјалните мрежи соопшти дека разговорот бил отворен и содржаен, а во фокусот биле унапредувањето на билатералните односи, европскиот пат на двете земји и развојот на соработката во области од заеднички интерес.Тој посочи дека посебен акцент бил ставен на јакнењето на економската соработка, продолжувањето на преговорите за до

Свет | пред 5 месеци

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп: Подготвени сме за нови воени удари ако Иран не даде „вистински одговори“

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека ситуацијата со Иран може брзо да ескалира доколку Техеран не одговори позитивно на најновиот американски предлог.Трамп изјави дека САД се подготвени да почекаат уште неколку дена за одговор од иранските власти, но нагласи дека Вашингтон е подготвен и за нова ескалација ако преговорите пропаднат.„Ако не ги добиеме вистинските одговори, сè оди многу брзо. Сите сме подготвени“, изјави Трамп пред новинарите, додавајќи дека разговорите се „на гра

Свет | пред 5 месеци

mmf-1

Кредитите продолжуваат да растат, депозитите бележат пад во април

Народна банка соопшти дека во април 2026 година паричната маса бележи месечен пад од 1,3 проценти, главно поради намалувањето на краткорочните депозити.Според објавените податоци, вкупните депозити се намалени за 1,4 проценти на месечно ниво, пред сè поради падот на депозитите кај корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата продолжиле да растат. На годишно ниво, депозитите се повисоки за 9,3 проценти.Во исто време, вкупните кредити во април пораснале за 1 процент на месечно ниво и

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryld04t4u19jru1cZZcRR

Руска студија носи надеж: Ново соединение успешно против рак на дојка

Научници од Јужноуралскиот државен универзитет, во соработка со меѓународен истражувачки тим, развиле и тестирале нови соединенија на платина кои покажале ветувачки резултати во лекувањето на рак на дојка.Според авторите на истражувањето, синтетизираните соединенија покажале висока ефикасност и помала токсичност во споредба со постоечките комерцијални терапии. Истражувачите наведуваат дека новите соединенија би можеле да бидат основа за развој на побезбедни и поефикасни лекови.„За првпат добивме

Свет | пред 5 месеци

media-library5j791rjd0ptj6oSyPHO

„Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално и паушално во случајот Мазут“, вели Милошоски

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на денешната прес-конференција изјави дека приговорот поднесен од ЕСМ е доказ дека истрагата за случајот „Мазут“ била водена непрофесионално и паушално.На прес-конференција, Милошоски ги обвини обвинителите Ленче Коларевиќ и Ислам Абази дека со одлуката за прекин на истрагата постапиле во корист на лица блиски до СДСМ и ДУИ.Според него, приговорот на ЕСМ до Вишото јавно обвинителство отвора можност случајот повторно да биде

Македонија | пред 5 месеци

media-librarybp50a0fdeqmgaoBgxtQ

„Македонија не смее да потклекне поради криминалното минато на Филипче и Заев, кои поради власт и амнестија би ја однеле државата во амбис“, вели Манасиевски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека Венко Филипче и Зоран Заев би ја довеле државата во нови отстапки и блокади поради, како што рече, нивните политички интереси.Манасиевски изјави дека СДСМ веќе еднаш го смениле Уставот и името на државата во замена за европска перспектива, а сега, според него, повторно би прифатиле нови условувања, вклучително и внесување на Бугарите во Уставот.Тој оцени дека Филипче нема политички капацитет да дојде на в

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

„Над 200 милиони евра изгубени поради ‘реформите’ на Мицкоски кои се само на збор“, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, преку објава на социјалната мрежа Х обвини дека Македонија изгубила над 200 милиони евра од Европска Унија поради, како што наведе, нереализираните реформи на Владата на Христијан Мицкоски.Филипче посочи дека Европска комисија одобрила само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија, иако за периодот од јуни до декември 2025 година биле предвидени 134,87 милиони евра.Според него, дополнително останале неповлечени уште 65 милиони евра од претходн

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryi9gev62ero448EwMmPz

(Фото) Додека јавноста чека одговори за шпионската афера, Сиљановска-Давкова објави дека уживала на опера со „Мадам Батерфлај“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше на претставата „Мадам Батерфлај“ во Македонската опера и балет, додека јавноста и натаму чека официјален став од нејзиниот Кабинет за скандалот со сомнежи за шпионажа и недозволени активности во Вила Водно, за кој веќе пет месеци се води предмет во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Од Кабинетот на претседателката втор ден нема никаков одговор на прашањата поврзани со истрагата, сомнежите за неовластено копирање доверливи по

Македонија | пред 5 месеци

media-librarytdufiimns1gh2IF4u6t

Белгија истражува учество на свои државјани во „човечки сафари“ за време на опсадата на Сараево

Белгиското обвинителство потврди дека започнало истрага за можно учество на белгиски државјани во таканаречени „човечки сафари“ за време на војната во Босна и Херцеговина во 90-тите години.Истрагата следува по италијанско новинарско истражување според кое, за време на опсадата на Сараево, странски „воени туристи“ им плаќале на босанските Срби за да пукаат врз цивили.Поранешниот италијански магистрат Гвидо Салвини, кој учествувал во истражувањето, изјавил дека меѓу осомничените имало државјани од

Балкан | пред 5 месеци

media-librarycu188jt92470903cMus

Ако се прифатат тези на СДСМ за уставни измени, тогаш се прифаќа и бугарската приказна за „200.000 Бугари“, вели Вангелов

Докторот по политички науки и универзитетски професор Огнен Вангелов, поранешен член на Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија, остро реагираше на ставовите на СДСМ околу францускиот предлог и внесувањето на Бугарите во Уставот, оценувајќи дека со таквите тези индиректно се прифаќа и бугарската нарација за постоење на „200.000 Бугари“ во Македонија.„Освен ограничени симболички ефекти во одредени институционални постапки и закони, внесувањето во Преамбулата не создава автоматски

Коментари | пред 5 месеци

media-libraryhparun6lss652unJ5gS

„Лажниот патриотизам на ВМРО падна: европски пасоши за нив, изолација за народот“, велат од СДСМ

Од СДСМ преку соопштение обвинија дека, според нив, „лажниот патриотизам“ на ВМРО-ДПМНЕ паднал, откако владејачката партија признала дека македонскиот идентитет и јазик не се загрозени.Во партиското соопштение се наведува дека премиерот Христијан Мицкоски го оценил Преспанскиот договор како „ремек-дело на дипломатијата“, додека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова признала дека македонскиот јазик, идентитет и култура се заштитени.Од СДСМ тврдат дека дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ посед

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-23-at-09.05.42

Во костими за капење само на плажа, казни до 500 евра во за шетање во костими за капење по улица во Црна Гора

Градските власти во Улцињ воведоа нови правила со кои се забранува движење во костими за капење и разголена облека надвор од плажите и капалиштата.Според одлуката за комунален ред, туристите и граѓаните кои ќе се движат оскудно облечени по улици, плоштади, шеталишта, паркови и други јавни површини може да бидат казнети со сума од 150 до 500 евра.Од локалната власт наведуваат дека мерката има цел да се зачува комуналниот ред, достоинството на градот и уредниот изглед на јавните простори.Забраната

Балкан | пред 5 месеци

media-library5ld3qvnk4jcbfoCvNWD

„Следната година ќе се вози по една летна на автопатот Битола-Прилеп, ќе го решиме проблемот со десетина буџовани со вили во Ореовец кои Левица ги штити“, вели Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека изградбата на автопатските делници на Коридор 8 се одвива според планираната динамика и најави дека следната година ќе биде пуштена во употреба една коловозна лента од автопатот Прилеп-Битола.Во интервју за ТВ Сител, Николоски рече дека целиот автопат треба да биде завршен до 2029 година, заедно со делниците Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани.Тој посочи дека единствен поголем проблем во моментов е пристапот до наоѓалиштето

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryttl4anmjf45db2vcDG0

(Видео) Македонската химна исвиркана среде Скопје

Финалето на Купот на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, помина со сериозни инциденти. „Балистите“ не станаа за време на интонирањето на химната на Македонија, а од трибините се слушаа и свирежи.Од трибината каде што беа сместени навивачите на Шкендија во текот на првото полувреме се слушаа навредливи и националистички скандирања, меѓу кои и „ФФМ пе*ери“ и „United Albania“.Дополнително, беа фрлани и топовски удари кои завршуваа на тартан-патеката на Националната арена во Скопје.

Настани | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Зошто државниот обвинител Савески не ги користи своите овластувања за случајот „Мазут"

Од Левица преку соопштение побараа државниот јавен обвинител Савески да ги искористи законските овластувања во врска со предметот „Мазут“, откако ОЈО ГОКК ја запре истрагата.Од партијата тврдат дека Законот за јавно обвинителство му овозможува на државниот обвинител да побара увид во предметот, да наложи нови вештачења и прибирање докази, но оценуваат дека досега не покажал волја за таков чекор.Во соопштението се наведува дека пасивноста на обвинителот отвора сомнежи за политичко влијание, а се

Македонија | пред 5 месеци

edi-rama-696x523

Рама: Порано Албанија беше „Северна Кореја на Европа“, денес е на пат кон ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека неговата земја во минатото била „Северна Кореја на Европа“, но денес се движи по патот кон Европската Унија.Говорејќи на Азиската лидерска конференција во Сеул, Рама посочи дека Албанија покажува дека демократски институции можат да се изградат и покрај тешкото историско минато и долгогодишната изолација.„Албанија беше Северна Кореја на Европа, а денес оди по поинаков пат – пат на градење институции, демократска модернизација и интеграција во Европска

Балкан | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања