Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarytvb6nkcknph14CMmrcA

Охриѓанец приведен за кражба на телефон, напад на полицајци и дрога

Од МВР информираат дека полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.П.(39) од Охрид, поради сомнение дека со употреба на сила одзел мобилен телефон од 28-годишна државјанка на Германија.Според полицијата, настанот се случил на улицата „Илинденска“ во Охрид во периодот од 12:30 до 13:30 часот.Откако бил приведен во Полициската станица Охрид, осомничениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија и се обидел да избега, но бил совладан и задржан.Подоцна, со су

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryaj42rjan46cs9LDJZfT

Петгодишно дете итно префрлено на Клиники по пад од балкон во Гостивар

Петгодишно дете е повредено откако паднало од балкон во семејна куќа во Гостивар, информираа од МВР.Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар околу 19 часот од Ургентниот центар, каде детето првично било згрижено.По укажаната прва помош, поради сериозноста на повредите, детето било пренесено во Комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје на понатамошно лекување.Увид на местото извршила полициска екипа од Гостивар, која ги утврдува околностите под кои дошло до несреќата.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarybnorud3k1p151HZB49s

Вирус на хепатитис А откриен во замрзнато овошје од Србија

Германија повлече од продажба замрзнато овошје произведено во Србија, откако во пратката бил откриен вирус на хепатитис А, објави Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна (RASFF).Според известувањето, станува збор за мешавина од замрзнати бобинки што содржела малини и капини од Србија, како и јагоди, црвени и црни рибизли и диви боровинки од Полска. Ризикот за здравјето на потрошувачите е означен како „сериозен“.Српското Министерство за земјоделство соопшти дека производит

Балкан | пред 5 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Иран погоден од земјотрес со јачина од 4,7 степени

Иран денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Според првичните информации, епицентарот бил на длабочина од 10 километри, на околу 55 километри од градот Рафсанџан.Засега нема извештаи за повредени лица или материјална штета.

Свет | пред 5 месеци

media-library78gbr1ap8avtfzReKWD

СДСМ бара оставка од обвинителот Савевски по скандалот со телефонските нарачки од Мицкоски

СДСМ преку соопштение побара оставка од обвинителот Ненад Савевски, обвинувајќи дека обвинителството е под директно политичко влијание на премиерот Христијан Мицкоски.Од СДСМ тврдат дека „премиерот и обвинителот си договараат предмети и тек на истраги по телефон“, додавајќи дека Мицкоски „нарачува, а Савевски испорачува“.Партијата обвини дека нема реакција од обвинителството за, како што велат, низа сомнителни тендери и кривични пријави поврзани со власта и фирми блиски до неа.„Нема правда, има

Македонија | пред 5 месеци

media-librarysmnmrhnlilti7uJK1gF

Трамп и Си се согласиле дека Ормутскиот теснец мора да остане отворен

Белата куќа оцени дека првиот ден од разговорите меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг во Пекинг поминал позитивно, а една од клучните теми бил Иран.Според американски претставник, двајцата лидери разговарале за важноста Ормутскиот теснец да остане отворен за непречен транспорт на енергенси.„Двете страни се согласија дека Ормутскиот теснец мора да остане отворен за да се обезбеди слободен проток на енергенси“, изјавил претставникот на Белата куќа.Тој додал дека Си јасно изразил противење на милитаризац

Свет | пред 5 месеци

media-library7hdolq6f29t8a12d6i3

Стојаноска: До кога Ислам Абази ќе биде џелатот на правдата по насока на Ахмети, Филипче и Заев

Пратеничката Дафина Стојаноска денеска на прес-конференцијата обвини дека затворањето на предметот „Мазут“, тежок 167 милиони евра, е резултат на политичко влијание врз обвинителството.Пратеничката Дафина Стојаноска изјави дека шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, постапувал под влијание на Али Ахмети, Венко Филипче и Зоран Заев.Според Стојаноска, обвинителството пред една година барало притвор за четири лица во предметот поради опасност од бегство и влијание врз сведоци, а сега оценило дека нема осн

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryd6rsnbv8h58vdg4UglV

САД и Кина со различни верзии за средбата Трамп–Си

Белата куќа и Министерството за надворешни работи на Кина објавија значително различни извештаи од средбата меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг.Американската страна во своето соопштение главен акцент стави на разговорите за Иран, додека кинеската страна како клучно прашање го истакнала Тајван, тема што во американскиот извештај воопшто не се споменува.Во американското соопштение најпрво се нагласува економската соработка меѓу двете земји, а потоа се наведува дека Трамп и Си разговарале и за запирање

Свет | пред 5 месеци

media-librarylsb8kb56kqh0dqmmXQl

Филипче е поголем негатор на Македонија, дури и од бугарските власти, вели Манасиевски

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, води политика што е спротивна на македонските национални интереси.Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека Филипче „чекори по патот на Заев“ и е подготвен за нови отстапки во однос на Македонија и македонскиот народ.„За Филипче и СДС нема никаков проблем да бидеме окарактеризирани како ‘северномакедонци’“, рече Манасиевски, додавај

Македонија | пред 5 месеци

media-library5ld3qvnk4jcbfoCvNWD

Николоски: Доброто планирање е клучно за реализација на капиталните инвестициин, до сега во министерството реализиравме 75 %

Вицепремиерот и министерот за транспорт, Александар Николоски, изјави дека Министерството за транспорт досега реализирало околу 75 проценти од средствата предвидени за капитални проекти, што, според него, е резултат на добро буџетско планирање.„Многу сум задоволен од реализацијата на буџетот во Министерството за транспорт. Во делот на капиталните расходи сме некаде 75 проценти реализација, што е резултат на едно добро планирање што го направивме минатата година“, изјави Николоски.Тој додаде дека

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryotrv38dbbpjg0gSI8pf

Обвинителство: Собрани докази и траги по убиството на жена во Битола, наредена обдукција

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола извршил увид на местото каде што денеска во битолската населба Баир беше убиена жена.Од Обвинителството информираат дека е издадена наредба за обдукција на починатата, а од местото на настанот се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на понатамошно вештачење.„Осомничениот за извршување на кривичното дело е лишен од слобода, а за натамошниот тек на постапката против него Обвинителството ќе ја информира јавноста“,

Македонија | пред 5 месеци

media-library8ekf8jkntg25a9IMKVn

Иран не бил главна тема на средбата меѓу Трамп и Си

Иако се очекуваше војната во Иран да биде главна тема на разговорите меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг во Пекинг, таа тема добила изненадувачки мал простор во официјалните соопштенија.Според кинеското Министерство за надворешни работи, двајцата лидери „размениле мислења“ за состојбата на Блискиот Исток, но главниот фокус бил ставен на трговијата и прашањето за Тајван.Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно изјави дека Вашингтон сака Кина да преземе поактивна улога во решавањето на конф

Свет | пред 5 месеци

media-library8dk38pfbcojn047lpYT

Француското обвинителство бара седум години затвор за поранешниот француски претседател Саркози

Француските обвинители денеска побараа седумгодишна затворска казна за поранешниот француски претседател Никола Саркози, во рамки на судскиот процес за наводно незаконско финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година од страна на покојниот либиски лидер Моамер Гадафи.Според обвинителството, Саркози наводно склучил таен договор со Гадафи пред изборите, според кој либискиот режим обезбедил финансиска поддршка за неговата кампања, а за возврат требало да помогне во подобрување на ме

Свет | пред 5 месеци

media-librarymf69v352efb9eEtDoZA

Драма во рудникот „Трепча“ во Косово: заробени 18 рудари

Во окното на рудникот „Трепча југ“ останале заробени 18 рудари поради проблеми со електричната енергија.Претседателот на синдикатот Ибрахим Јонузи изјавил дека состојбата на рударите засега е добра, но предупредил дека може да се влоши доколку останат подолго време во окното.Директорот на рудникот „Стар Трг“, Шиќири Садику, потврдил дека рударите се заглавени од 1:30 часот по полноќ.„Поголемиот дел излегоа. Во моментов 18 рудари сè уште се внатре, но работиме на изнаоѓање алтернативно решение. В

Балкан | пред 5 месеци

media-librarycjs32hbogohfbesZ92S

Прв сериски убиец на жени во Македонија: Обвинителството откри уште две убиства и два обиди за убиства

Истрагата за осомничениот убиец од Старо Нагоричане, кој според обвинителството се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство.Ова денеска на брифинг го соопшти обвинителот Љубомир Лапе, кој посочи дека случајот има елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и нападите биле мотивирани од нивниот пол.„Се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападна

Македонија | пред 5 месеци

media-library9kue95ppsuqm8eZUpjp

СДСМ: Зошто Мицкоски и Филков не ги испраќаат документите за екстрадиција на Груевски

Од СДСМ преку соопштение обвинија дека Владата повеќе од 30 дена не дава одговор дали се испратени документите за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски.Од партијата велат дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за правда Игор Филков избегнуваат јасен одговор и намерно молчат за постапката.Според СДСМ, Владата го штити Груевски, кого го нарекуваат „симбол на криминалот и корупцијата на ВМРО“. Од партијата порачаа дека Македонија не смее да биде држава што штити осудени кримин

Македонија | пред 5 месеци

media-library4r2ei7icocg038e47y2

Заев бришеше „македонски“ од институциите, а уценетиот Филипче е спремен да го доврши бришењето на македонскиот идентитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение упатија остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека ги застапува бугарските позиции и дека е подготвен, како што наведуваат, „да го доврши бришењето на македонскиот идентитет“.Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека политиките на СДСМ довеле до промена на имињата на институции и до, како што велат, отстапки во однос на националните прашања. Од партијата наведуваат дека СДСМ „нема проблем“ со употребата на терминот „северномакедонци

Македонија | пред 5 месеци

media-library152ihem7tg9ueVgKyF8

Марихуана пронајдена кај 19 годишник на улица во Битола

Од СВР Битола информираат дека на 13.05.2026 во 20:00 часот на улицата „Партизанска“ во Битола полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(19) од Битола.При контролата, кај него била пронајдена марихуана.По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryoj2260cusfgs5QkAM2n

Возачи без дозвола и возење во забранета насока – низа приведувања во Битола

Од ОВР Прилеп информираат дека на 13.05.2026 во 14:40 часот на патот Прилеп – Македонски Брод, кај селото Сарандиново, бил лишен од слобода 14-годишен жител на селото Пешталево, општина Долнени.При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот, при што било утврдено дека возел без да има стекнато право на управување, односно без возачка дозвола.Во друг случај, на 13.05.2026 во 17:25 часот на патот Битола

Македонија | пред 5 месеци

media-library7djgeiaegpmg21sm8O4

Шестгодишно дете тешко повредено во судир со мотоцикл во Добрушево

Од СВР Битола информираат дека на 13.05.2026 во 12:50 часот било пријавено дека во селото Добрушево, општина Могила, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Х.Т.(30), и електричен тротинет управуван од шестгодишно дете, двајцата од селото Добрушево.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничка болница Битола.Полициски службеници го лишиле од слобода Х.

Македонија | пред 5 месеци

kina-sad

Американската делегација во Кина без лични телефони и лаптопи

Американската делегација што допатувала во Кина заедно со Доналд Трамп применила исклучително строги мерки за дигитална безбедност, кои американските медиуми ги опишуваат како „дигитална блокада“.Членовите на делегацијата ги оставиле своите лични мобилни телефони дома, а наместо нив користеле основни модели без лични податоци и привремени лаптопи специјално подготвени за патувањето.Главната претпоставка била дека секој уред внесен во Кина може да биде изложен на надзор или компромитирање.Како по

Свет | пред 5 месеци

media-libraryqi71u4i8r16448b0rsv

Странска комисија утврди сомнителни наоди кај девет пациенти во кардиохируршкиот скандал за недоодветни операции

Министерот за здравство Азир Алиу ги објави резултатите од странската комисија која ги анализираше сомнежите за можни непотребни кардиолошки и кардиохируршки интервенции во приватни болници, направени со цел финансиска добивка.Случајот првично го отвори кардиологот Сашко Кедев, кој јавно посочи на можни неправилности во дел од третманите и интервенциите.Според Алиу, биле анализирани вкупно 13 предмети.„Од вкупно анализирани 13 предмети, поврзани со сомнежи за непотребно извршени операции или неп

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryotrv38dbbpjg0gSI8pf

Трагедија во Битола: 31-годишна жена избодена до смрт, приведен сопругот

Триесет и едногодишна жена од Битола е убиена утрово, а за случајот е приведен нејзиниот сопруг, со кого не живеела заедно, потврдија од СВР Битола за “Скопје1”.Според полицијата, денеска полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Р.(33) од Битола, кој се сомничи дека околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31).„Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените пов

Македонија | пред 5 месеци

ubistvo

Млада битолчанка убиена во населбата Баир

Во Битола утрово се случило убиство во населбата Баир, на улицата „5-та“, при што животот го загубила жена на возраст од околу 31 година.Според првичните и неофицијални информации, трагедијата се случила околу 07:30 часот по семејна расправија, а станува збор за случај на семејно насилство во кој сопругот е осомничен дека ја убил сопругата.Осомничениот е лишен од слобода, а на местото на настанот увид вршат надлежните органи.Повеќе детали за мотивите и околностите под кои се случило убиството се

Македонија | пред 5 месеци

media-librarylk7sdks785005WKdiE3

ЕУ и НАТО планираат „воен Шенген“ вреден 100 милијарди евра

Европската Унија и НАТО договориле инфраструктурен проект вреден 100 милијарди евра, со кој треба да се постават темелите на таканаречен „воен Шенген“ за побрзо движење на трупи и воена опрема низ Европа, изјави европскиот комесар за транспорт и туризам Апостолос Цицикостас на конференција во Атина.Проектот, како што објасни Цицикостас на самитот „Energy Transition Summit: East Med & Southeast Europe“, организиран од Financial Times во партнерство со Катимерини, предвидува развој на 500 „жеш

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања