Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library433ktv80uamrbhpEAQf

Мицкоски започна кампања за „Платформата на ВМРО“ во СДСМ – паника во криминалната група , вели СДСМ

СДСМ преку соопштение реагира дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, започнал, како што наведуваат, кампања насочена кон внатрешно политичко слабеење на партијата, со цел создавање поделби и одвлекување на вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.Во соопштението од СДСМ посочуваат дека јавниот фокус треба да биде насочен кон клучни прашања како економските состојби, инфлацијата, животниот стандард, енергетските цени и реформската агенда, наместо, како што велат, кон

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

Во СДС ништо не се менува, Филипче по стапките на Заев е спремен да оди чекор понатаму со сервилноста и отстапките во трката за власт по секоја цена, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение тврди дека во СДСМ ништо суштински не се менува и дека лидерот Венко Филипче ја продолжува, како што велат, политичката линија на поранешниот премиер Зоран Заев.Според партијата, Филипче е продолжение на истите политики и е подготвен да оди чекор понатаму во „сервилноста“, со цел задржување на власта во партијата и политичко влијание.Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Филипче ја следи истата политичка насока како Заев и Димитар Ковачевски, политики кои, според

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Објавена наводна проштална порака на Џефри Епштајн

Федерален суд во Њујорк објави документ што содржи наводна проштална порака поврзана со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, која со години била запечатена во рамки на кривичен постапка против негов поранешен цимер во ќелија.Пораката била вклучена во судскиот предмет од страна на судијата Кенет М. Карас, а според судските документи ја пронашол поранешниот цимер Николас Тартаљане во јули 2019 година, додека делел ќелија со Епштајн во Њујорк. Се наведува дека била напишана на жолта хартиј

Свет | пред 6 месеци

media-librarytd4pcohg8vec0mdVGGx

Галибаф го исмева Трамп: „Се враќаме на операцијата ‘Верувај ми, брате’“

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, ги отфрли извештаите за можен договор меѓу Иран и САД, обвинувајќи дел од американските медиуми за ширење дезинформации и исмевајќи ги со иронични пораки на социјалните мрежи.Во објава пренесена од иранската државна телевизија „Прес ТВ“, тој се потсмеа на извештаите на американскиот медиум „Аксиос“, нарекувајќи ги „Операција Фауксиос“, игра на зборови со која алудира на, како што тврди, лажни информации.Галибаф додаде дека „операцијата

Свет | пред 6 месеци

koronavirus

Можно присуство на смртоносниот хантавирус и во Европа - патниците од „смртоносниот крузер" во изолација

Британските здравствени власти соопштија дека две лица кои се вратиле во Обединетото Кралство од крузерот „МВ Хондиус“, поврзан со избувнување на хантавирус, се ставени во самоизолација како превентивна мерка.Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија нагласи дека ниту еден британски државјанин на бродот не пријавил симптоми на хантавирус, но додаде дека нивната здравствена состојба се следи внимателно.Луксузниот брод со околу 150 патници се очекува да пристигне на шпанскиот остров

Свет | пред 6 месеци

media-libraryfk2kgr3l702hdYyUMrV

Иран бара целосна контрола над Ормутскиот теснец, отфрла странско присуство

Поранешниот командант на Корпусот на чување на исламската револуција, Мохсен Резаи, денес член на иранскиот Совет за целисходност, изјави дека Иран нема да преговара со никого за нуклеарното прашање и дека контролата врз Ормускиот теснец мора да остане во ирански раце.Во изјава пренесена од иранската агенција ISNA, тој предупреди дека губењето на контролата врз Ормускиот теснец би значело негово користење како „оружје против Иран“, нагласувајќи дека странските сили мора да се повлечат од регионо

Свет | пред 6 месеци

media-libraryfu8c5kmmso0e36CuSaE

Судот денеска ја изрекува пресудата за Стојанче Јовановски за трагедијата на 2 март

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се очекува да биде објавена пресудата за Стојанче Јовановски, кој е обвинет за три кривични дела – телесни повреди како продолжено дело во рамките на семејно насилство, загрозување на сигурноста, како и наведување и помагање во самоубиство, во случај поврзан со трагедијата од 2 март годинава, кога животот го загубија неговата сопруга Ивана Јовановска и нивната шестгодишна ќерка Катја.Обвинителството во завршните зборови побара изрекување максимална каз

Македонија | пред 6 месеци

bespilotni-letala

(Видео) Латвија во тревога: руски дронови се урнаа, избувна пожар, затворени училишта

Вооружени сили на Латвија соопштија дека два дрона навлегле на територијата на Латвија од правец на Русија и утринава се урнале.Според локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори, на местото на падот избувнал пожар, кој бил изгаснат пред пристигнувањето на пожарникарските екипи.Локалните власти во Резекне соопштија дека сите училишта во градот денеска се затворени како превентивна мерка по инцидентот.Паралелно, се потсетува дека крајот на март бил обележан со неколку случаи на залутани

Свет | пред 6 месеци

media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ претстави план во пет точки: Србија може да стане пример и за поголемите држави

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претстави план во пет точки за идниот развој на државата, најавувајќи реформи во економијата, образованието, енергетиката и јавната администрација, како и борба против ароганцијата и злоупотребата на моќта.Вучиќ оцени дека светот се менува побрзо од кога било и дека Србија мора да се приспособи на новите глобални околности, особено во услови на силна конкуренција меѓу САД и Кина и променетата позиција на Европа.Тој посочи дека циклусот од 2014 до 2026 г

Балкан | пред 6 месеци

media-libraryc6d6vuj4gv1h6bwHhpi

Светот во страв од смртоносниот хантавирус: Аргентина испитува глодари во Ушуаја

Аргентинското Министерство за здравство соопшти дека во Ушуаја ќе бидат испратени стручни тимови за спроведување истрага и анализа на глодари поради можно присуство на хантавирус, откако беа регистрирани случаи поврзани со крузерот „МВ Хондиус“.Тимовите ќе вршат фаќање и испитување глодари во подрачјата низ кои се движеле патниците, со цел да се утврди дали хантавирусот е присутен во природните резервоари, соопшти ресорното министерство, пренесува „Буенос Аирес тајмс“.Бродот испловил од Ушуаја н

Свет | пред 6 месеци

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп најавува брз договор со Иран, Техеран го нарече американскиот предлог „листа на желби“

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази уверување дека конфликтот со Иран би можел наскоро да заврши, додека Техеран го разгледува американскиот мировен предлог кој, според медиумски извори, формално би ставил крај на војната, без целосно да бидат решени клучните барања на Вашингтон.Според извори на „Ројтерс“, предлогот предвидува меморандум од една страница што би означил официјален прекин на конфликтот, по што би следувале дополнителни разговори за повторно отворање на Ормутскиот теснец,

Свет | пред 6 месеци

apasiev

Контролори ги казнуваат граѓаните за дефектите на ЈСП - Пораката за платен билет стигнува по половина час , велат од Левица

Контролори на ЈСП казнуваат граѓани поради доцнење на СМС-пораките за платен билет, обвини денеска политичката партија Левица преку соопштение, тврдејќи дека патниците уредно плаќале превоз преку телефон, но потврдата за успешно плаќање пристигнувала дури по 20 до 30 минути.Од партијата велат дека во меѓувреме контролорите им изрекувале казни на патниците, иако, според нив, станува збор за очигледен технички проблем во системот на ЈСП.„Во град каде автобусот доаѓа како природна непогода – непред

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryqja68b1aulu92qCC0pp

Свеченост во МВР по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција

Македонија денеска го одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција, празник посветен на полициските службеници и безбедносните структури во државата.По тој повод, во кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје ќе се одржи централна свеченост, на која обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.На настанот е најавено присуство на министри, претставници на институции и членови на дипломатскиот кор во

Македонија | пред 6 месеци

media-library9csv9rndcqmmbYn5p4K

Нов бран сахарска прашина ја зафаќа Грција од петок

Нов бран сахарска прашина се очекува да ја зафати Грција од петок, носејќи намален квалитет на воздухот и каллив дожд, според сервисот AtmoHub на Националната опсерваторија на Атина.Се прогнозира дека феноменот најпрво ќе ги зафати западните делови на земјата, вклучувајќи ги Јонските острови, Пелопонез, Епир, западните копнени области и Крит.Во сабота, облакот од прашина се очекува да се придвижи кон исток, достигнувајќи ја Централна Грција и Тесалија, а во помала мера ќе бидат зафатени и остров

Свет | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Променливо облачно со дожд и ретки грмежи – температури до 26 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.Следува период на променливо облачно време со повремени

Македонија | пред 6 месеци

close-up-burning-lamp-dark-copy-space

Прекин на струја и вода во неколку скопски општини

Од ЕВН Македонија информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на 07.05.2026 година (четврток) без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје.Во периодот од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од улиците „Милан Мијалковиќ“ и „Кавалска“ во Кисела Вода, како и целото село Морани и викенд населбата Морани во Студеничани.Од ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека на истиот ден, поради дефект во шахта и монтажа на водомер на улицата „Митрополит Теод

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryir9uh37f93ho8oqFK4q

(Видео) Ме соблекуваа гол пред келија за претрес, имаа наредби од Оливер Спасовски

Јане Ченто во „Претрес со Ландов“, вели дека во притвор и затвор бил малтретиран.„Ме соблекуваа гол пред келија за да ме претресат дали имам телефон. Со 39 температура молев за парацетамол. Не беше до командирите, имаше наредби од Оливер Спасовски. Се изживуваа врз нас“, вели Ченто.На прашања од гледачи дека Богдан Илиевски го предал, вели дека ако го предал Илиевски, нема да седи со него.„Со вакви обвинители и судство, не седум, туку 77 генерации ќе страдаат. Не завршува со Русковска. Новиот об

Студио | пред 6 месеци

media-libraryjode5eengn7v9JeNZCe

(Видео) Амнестија не барам зошто сум невин, нема тероризам, признав само насилство зошто го удрив Заев

Јане Ченто, осуден за терористичко загрозување на уставниот поредок за настаните на 27, во „Претрес со Ландов”, вели дека имало селективна правда, а имало во Собранието вметнати лица со качулки.„Јас не носев фантомка, а во обвинението стои дека групата во која бев и јас сме влегле со фантомка во Собранието”, вели Ченто.Тој покажа видео во кое се гледа дека не носи фантомка кога одат накај прес-центарот.„Против мене има само еден доказ дека сум го удрил Зоран Заев во предел на стомакот и спремен

Студио | пред 6 месеци

media-library6r20gjij6hj6c6xg6Tn

(Видео) Јане Ченто: Ниско е да се докажувам со Вилма Русковска кој е поголем патриот, таа треба прва да одговара за неделата

Јане Ченто, кој беше правосилно осуден на 13 години затвор за настаните на 27 април 2017 година, ексклузивно е гостин во „Претрес со Ландов”.Тој беше осуден за терористичко загрозување на уставниот поредок за инцидентите во Собранието. Ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска и најавува вистинска правда за 27 април бидејќи Апелациониот суд донесе одлука со која не го прифати барањето за повторно судење на осудените за насилството при упадот во Собранието. Тој зад решетки беше осум години,

Студио | пред 6 месеци

media-library15hrskqfdpbt2cRl6Az

(🔴ВО ЖИВО) Ексклузивно, „Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Во „Претрес со Ландов“, гостува Јане Ченто – еден од осудените за настаните од 27 април, кој помина повеќе од осум години зад решетки.И по толку време, случајот останува со сериозни контроверзии и отворени прашања: кој ја донел одлуката за отворање на вратите на Собранието, каква била улогата на безбедносните структури, кој стои зад исчезнатите снимки од надзорните камери и дали постоела координирана организација зад целиот настан.Во разговорот ќе се анализира движењето на Ченто на критичниот де

Студио | пред 6 месеци

media-libraryj48s6e9un6mu28phug7

Поранешна хотелска работничка открива што задолжително треба да проверите веднаш по влегувањето во соба

Поранешна хотелска вработена открива што секогаш треба да проверите во хотелска соба за да избегнете непријатни изненадувања.Поранешна вработена во хотелската индустрија, Натали Бруксон, по долгогодишно искуство предупредува дека гостите често не се свесни за ризиците што можат да ги затекнат во хотелските соби и советува неколку едноставни проверки веднаш по влегувањето.Таа истакнува дека еден од најголемите проблеми во хотелите се стениците, за кои вели дека контролите се прават многу поретко

Магазин | пред 6 месеци

media-libraryhk1clgoi1cp0e8fCFRD

Лекарка открива две навики кои секогаш ги практикува во авион за да го заштити здравјето на патување

Многу патници по влегувањето во авион едноставно седнуваат и се обидуваат да се опуштат пред полетувањето. Но, докторката Аниа Пател вели дека постојат две работи кои секогаш ги прави веднаш штом ќе седне во авион, бидејќи малите навики можат значително да придонесат за заштита на здравјето за време на патување.Таа за „Хафингтон пост“ изјавила дека не се работи за совршенство, туку за практични мерки кои можат да направат разлика.Пател нагласува дека првото нешто што го прави е чистење на масичк

Магазин | пред 6 месеци

media-librarydg4kfdfs4gm4bsfKI5i

Канадската атлетичарка Алиша Њуман суспендирана 20 месеци поради антидопинг-прекршоци

Канадската атлетичарка Алиша Њуман е суспендирана на 20 месеци поради прекршување на антидопинг правилата поврзани со обврската за пријавување на својата локација, иако не била позитивна на допинг-тест, соопшти Атлетската единица за интегритет (АИУ).Њуман, освојувачка на олимписка бронза во скок со стап од Париз 2024, е казнета затоа што во период од 12 месеци трипати не била достапна за ненадејно тестирање. Според правилата, спортистите мора секојдневно да пријавуваат едночасовен временски инте

Спорт | пред 6 месеци

media-library9upmsrbre2j75bpW6La

Почина спортскиот новинар Сами Адеми

Почина спортскиот новинар и коментатор Сами Адеми, еден од доајените на спортското новинарство во земјата, кој со децении ги пренесуваше фудбалските натпревари и беше препознатлив глас на репрезентативните средби.Од Фудбалската репрезентација на Македонија соопштија дека Адеми заминал „тивко, како што знаат да заминат големите“, истакнувајќи дека тој не бил само коментатор и хроничар на спортските настани, туку и нивен активен дел.Тој својата кариера ја градеше преку МТВ 2 и на стадионите ширум

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху бара информации за преговорите САД–Иран, загрижен поради можни американски отстапки

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху води интензивни разговори со претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да добие појасна слика за текот на преговорите меѓу САД и Иран, пренесува CNN, повикувајќи се на израелски извори.Според тие извори, Нетанјаху се обидува да дознае кои опции се на маса и колку далеку може да оди евентуалниот договор меѓу Вашингтон и Техеран. Израелските власти, како што се наведува, се загрижени дека САД би можеле во завршна фаза

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања