Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

31122024-Mickoski-pres

Мицкоски: Згрозен сум од пресудата за смртта на Теодора, Судскиот совет да го преразгледа работењето на судијата, правдата ќе ја истераме до крај

„Корупцијата убива надеж. Ги тера младите да си заминат. Ги обесхрабрува чесните. Го подрива општеството. Сакам да подвлечам дека корупцијата е најголема пречка за растот, развојот и иднината на една држава. Не смееме да делуваме отсутно и да не зборуваме за случаите кои силно удираат по правдата“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски.Премиерот Мицкоски истакна дека е згрозен од пресудата за случајот во Тетово, каде младата Теодора беше прегазена, а сторителот кој одзема млад човечки живот беше осуден на 2 години казна. Како што рече тој тоа не е правда, туку целосно потфрлање на системот и побара јавно од Судскиот совет да ја преразгледа работата на судијата.„Вчера јавноста, најново се згрози за случајот во Тетово. По сообраќајна несреќа во август 2022 година, на првото судење во ноември 2023 година, по признавање на вина, сторителот кој одзема млад живот беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалба, Апелациониот суд ја намали казната, повторувам, Апелациониот суд ја намали казната на две години затвор, за да Врховниот суд ги укине двете пресуди на Основниот и Апелациониот суд и предметот го врати на повторно судење. Судот во Тетово вчера му досуди две години затвор на сторителот кој смртно одзема недолжен човечки живот, 22-годишната Теодора Ристевска. Повторувам, Судот во Тетово му досуди две години затвор на сторителот кој смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска. Јавно да прашам, има ли некој во државава кој смета дека тука имаме задоволена правда?! Јас не само што не сметам дека правдата е задоволена, но и како претседател на Владата, како човек и родител на две деца сум силно разочаран. Ова не е правда, и тука имаме потфрлање на системот по сите основи. Знам дека некој ќе ми се налути, ќе излезат и такви полноглавци коишто ќе ме критикуваат после ова што ќе го кажам, но јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и уште еднаш да се реализира оваа пресуда.Ова не е партиска борба, ова е битка за вистината, за одговорноста, за правдата. Затоа што ова е борба меѓу луѓе и нелуѓе. И луѓето мора да победат. Само така можеме заедно да победиме. Ако овој систем не се ресетира сега, ако не се преземат мерки сега, тогаш бадијала ни е сè. Ова не е прашање на политика, ова е прашање на иднината. Кој бил дел од ова, кој дозволил, кој гледал настрана – ќе одговара. И институциите, и одговорните лица, и сите кои на било кој начин придонеле за оваа трагедија да се случи. Секој што ја злоупотребил својата моќ, секој што го ставил својот интерес пред безбедноста на граѓаните – ќе се соочи со правдата. Ова нема да биде уште еден случај што ќе се затвори без одговорност. Лично ќе го следам и јас ви ветувам дека правдата ќе ја истераме до крај. Ова е моментот кога мораме да покажеме дека законите важат за сите. Затоа што можна следна жртва е секој еден од нас. Секој што ја злоупотребил својата моќ, секој што го ставил својот интерес пред безбедноста на граѓаните – ќе се соочи со правдата“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Како Кина ќе му одговори на Трамп? Еден потег може да го налути

Скај Њус во анализата објавена утринава пишува дека дополнителните царини на Доналд Трамп би можеле да ја уништат трговијата меѓу САД и Кина, а потенцијалниот одговор на Пекинг би можел да вклучи мерки кои навлегуваат во културата и безбедноста. Тие потенцијално вклучуваат забрана на американски филмови и прекинување на соработката во борбата против шверцот со фентанил.Минатата недела американскиот претседател објави тарифи од 34 отсто за кинеските стоки (кумулативно 54 отсто поради веќе важечките 20 отсто), а за време на викендот најави можно зголемување за уште 50 отсто, што би можело да го доведе вкупното тарифно оптоварување на кинескиот увоз на неверојатни 104 отсто.Скај наведува дека ова е ниво што го прави секое тргување речиси невозможно.Додека голем број други земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Јапонија и Израел, веќе сигнализираа подготвеност за преговори, Кина досега одбиваше да влезе во играта на притисок, според Скај.Кина во моментов е единствената голема земја која одлучи да се спротивстави на Трамп. Пресметката е јасна - подобро е да ја платиме цената на отпорот отколку да изгледаме како некој да не принудил да попуштиме, се наведува во анализата.Скај Њус анализира низа можни одговори:-Понатамошни контроли на извозот на метали од ретки земји, кои се клучни за производство на технологија (од чипови до оружје). Иако Кина го контролира најголемиот дел од светските залихи, САД веројатно ќе најдат алтернативни добавувачи во одреден момент.-Зголемување на царините за американските стоки, особено земјоделските производи како соја и говедско месо. Но, како што истакнува Скај, просторот за ескалација е ограничен, бидејќи одговорите на Кина се веќе делумно исцрпени.-Удар за големите американски компании како Apple и Tesla. Меѓутоа, во време кога Кина се обидува да се позиционира како глобално привлечна за инвестиции, таквиот потег може да има негативен сигнален ефект.-Девалвација на јуанот е исто така опција, но Скај предупредува дека тоа ќе предизвика одлив на капитал и потенцијално ќе ја загрози домашната финансиска стабилност.Најконтроверзните опции се од политичка природа и би можеле да ја претворат трговската војна во поширока конфронтација:-Прекин на соработката со САД во борбата против шверцот на фентанил, опиоид кој е клучна тема на политиката на Трамп. Таквиот потег би бил еден вид црвена линија за Трамп и би можел да го разбесни.-Неофицијални кинески канали пренесуваат дека се размислува за забрана за прикажување на американски филмови во Кина, што би му задало удар на Холивуд.-Можен е и повик до кинеските граѓани да ги бојкотираат американските производи, кои би имале и симболична и пазарна тежина.Скај ја завршува својата анализа со предупредување дека ако се оствари ова сценарио, светот би можел да гледа не само на целосно економско одвојување на САД и Кина, туку и на културен раскол.Тоа би поставило преседан - не само за трговијата, туку и за начинот на кој функционираат глобалните односи воопшто, заклучува анализата.

Свет | пред 1 година

mickoski-bjb

Мицкоски: Корупцијата е најголема пречка за развојот и иднината на еден народ, и затоа мојот став е остра и бескомпромисна борба

„Со денешната седница, го конституираме Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата. Ова тело претставува чекор напред во обидот конечно да воспоставиме функционален и синхронизиран систем кој ќе ѝ застане на патот на корупцијата“, рече премиерот Христијан Мицкоски и додаде:Но дозволете ми веднаш да бидам јасен:Ова тело нема да биде само уште една административна конструкција.Ние сме овде за да создадеме нова форма којашто ќе има суштина, а нема да биде форма којашто ќе биде без содржина. Сакаме да изградиме механизам што ќе делува – брзо, ефикасно и бескомпромисно.За жал, изминатите години гледавме како корупцијата тивко, но упорно ја разјадува довербата и кај граѓаните, но и во институциите.Судски постапки што траат со години.Обвиненија што никогаш не завршуваат со пресуда.Истраги што се отвораат само кога ќе станат медиумска сензација.Сето тоа создаде чувство кај граѓаните дека правдата е селективна, а корупцијата – прифатена.И токму тоа е најголемата штета. Не само изгубените пари. Туку изгубената верба.Корупцијата убива надеж. Ги тера младите да си заминат. Ги обесхрабрува чесните. Го подрива општеството.Сакам да подвлечам дека корупцијата е најголема пречка за растот, развојот и иднината на една држава.Не смееме да делуваме отсутно и да не зборуваме за случаите кои силно удираат по правдата.Вчера јавноста, најново се згрози за случајот во Тетово. По сообраќајна несреќа во август 2022 година, на првото судење во ноември 2023 година, по признавање на вина, сторителот кој одзема млад живот беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалба, Апелациониот суд ја намали казната, повторувам, Апелациониот суд ја намали казната на две години затвор, за да Врховниот суд ги укине двете пресуди на Основниот и Апелациониот суд и предметот го врати на повторно судење. Судот во Тетово вчера му досуди две години затвор на сторителот кој смртно одзема недолжен човечки живот, 22-годишната Теодора Ристевска. Повторувам, Судот во Тетово му досуди две години затвор на сторителот кој смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска. Јавно да прашам, има ли некој во државава кој смета дека тука имаме задоволена правда?! Јас не само што не сметам дека правдата е задоволена, но и како претседател на Владата, како човек и родител на две деца сум силно разочаран. Ова не е правда, и тука имаме потфрлање на системот по сите основи. Знам дека некој ќе ми се налути, ќе излезат и такви полноглавци коишто ќе ме критикуваат после ова што ќе го кажам, но јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и уште еднаш да се реализира оваа пресуда.Ова не е партиска борба, ова е битка за вистината, за одговорноста, за правдата. Затоа што ова е борба меѓу луѓе и нелуѓе. И луѓето мора да победат. Само така можеме заедно да победиме. Ако овој систем не се ресетира сега, ако не се преземат мерки сега, тогаш бадијала ни е сè. Ова не е прашање на политика, ова е прашање на иднината. Кој бил дел од ова, кој дозволил, кој гледал настрана – ќе одговара. И институциите, и одговорните лица, и сите кои на било кој начин придонеле за оваа трагедија да се случи. Секој што ја злоупотребил својата моќ, секој што го ставил својот интерес пред безбедноста на граѓаните – ќе се соочи со правдата. Ова нема да биде уште еден случај што ќе се затвори без одговорност. Лично ќе го следам и јас ви ветувам дека правдата ќе ја истераме до крај. Ова е моментот кога мораме да покажеме дека законите важат за сите. Затоа што можна следна жртва е секој еден од нас. Секој што ја злоупотребил својата моќ, секој што го ставил својот интерес пред безбедноста на граѓаните – ќе се соочи со правдата.Ова е моментот кога мора да покажеме дека законите важат за сите.Оваа борба не е само борба против криминал, корупција туку ова е борба за душата на нашата татковина.За вредностите што сакаме да ги живееме.За тоа дали ќе бидеме општество на ред и закон или на „врски“ и „договори под маса“.Меѓуресорското тело има историска одговорност – да воспостави координација помеѓу сите клучни институции:– Државната комисија за спречување на корупција,– Министерството за внатрешни работи,– Јавното обвинителство,– Финансиската полиција,– Управата за јавни приходи,– Царинската управа,– Министерството за правда,– Министерството за финансии,и други.Овие институции веќе имаат надлежности. Она што им недостасува е:координација, храброст и одговорност.Ова тело мора да биде местото каде што информациите се споделуваат навремено.Каде што никој не премолчува. Каде што се преземаат иницијативи, се следат случаи и се бараат резултати.Но исто така, мораме да ја признаеме и реалноста:За жал, граѓаните не се задоволни од работата на судиите. Судството и обвинителството се слабата алка во борбата против корупцијата.И тоа не е мое мислење. Тоа е впечаток на народот.А народот не греши кога со години гледа како правдата се одложува, извртува, исчезнува.Судството мора да ја врати својата улога – не како нем набљудувач, туку како клучен актер во оваа борба.Ќе ги поддржиме со законски решенија, со буџет, со логистика, сѐ што треба ќе направиме. Но истовремено – бараме отчетност.Не може повеќе предметите да чекаат, додека јавноста очекува.Како што има кажано Винстон Черчил: „Силата на еден народ не се мери само со армијата, туку и со правдата што тој народ ја гарантира.“Граѓаните не сакаат спектакл. Тие сакаат резултати. Сакам да гледаме функционери коишто кога ќе се огрешат, кога ќе бидат вовлечени во криминал ќе одговараат, институции што не толерираат, и систем што штити – не краде.Нема да дозволиме борбата против корупција да остане на хартија.Ќе следиме конкретни резултати. Ќе поставиме индикатори и истите ќе ги објавуваме јавно.Нема веќе недопирливи. Нема веќе „тој е наш“.Јас лично – како претседател на Владата – ќе бидам дел од секој извештај, секоја средба, секоја проценка.Ќе бидам најгласниот поддржувач на ова тело, но и негов најголем критичар – ако не дава резултати, се разбира.Ова не е борба на една Влада. Ова е борба на целото општество.И затоа ги повикувам сите – граѓаните, медиумите, невладиниот сектор, бизнисот – да бидат дел од овој процес.Да пријавуваат. Да реагираат. Да не молчат.Ќе изградиме систем каде што функцијата ќе значи служба, а не привилегија.Каде што законот ќе важи за сите – не само за обичниот човек.Каде што младите ќе останат тука – затоа што ќе имаат причина да веруваат.И не заборавајте корупцијата е најголемата пречка за растот, развојот и иднината на една држава.Да создадеме држава која нема да се срами од вистината. Туку ќе се гордее со неа.Држава во која корупцијата не е навика – туку забранета зона.Држава во која не победуваат најгласните – туку најчесните.

Македонија | пред 1 година

puls-11

Четири повредени од Кочани, се испишуваат од болницата „Пирогов“ во Софија

Четири пациенти повредени во пожарот во Кочани, денеска ќе бидат испишани од болницата „Пирогов“ во Софија и транспортирани во Македонија.Сите пациенти се во добра состојба, соопштија од Клиниката за изгореници и пластична хирургија, посочувајќи дека дале инструкции за натамошен третман.Таму и натаму остануваат уште четири лица на лекување. На нив им следуваат и операции. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени – од нив осум во болницата „Пирогов“ и по тројца во болниците во Пловдив и Варна.Вкупно 193 лица беа повредени од пожарот во Кочани, а 61 лице е моменталниот биланс на загинати. Почина и возачот на Брза помош кој триесетина пати одел и се враќал, транспортирајќи пациенти и возејќи 12 часа.

Македонија | пред 1 година

urolog

(Видео) Казнет урологот кој хистерично се дереше на Клиниката за урологија - однесувањето му било недозволиво и недолично

Урлологот Александар Илиевски, кој хистерично се дереше на Клиниката за урологија, е казнет од дисциплинската комисија. „Скопје1“ дознава дека нему му е изречена мерка, наредните шест месеци, платата да му биде намалена за 20%. Според Комисијата, однесувањето на урологот е несоодветно и недозволиво кон и пред пациенти, поради што сметале дека тој треба да биде казнет. Според извори на „Скопје1“, ова не е прва, туку втора дисциплинска мерка за Илиевски.За скандалот со дерењето се дозна по објавата на снимката од „Скопје1“, а по поплаките на Ивана Ачимовиќ, која со нејзиниот дедо кој потоа почина, чекал ред пред амбулантата. Ачимовиќ во тие моменти замолила нејзиниот дедо да биде прегледан приоритетно поради тешкиот вид на канцер кој го имаше, а кој не можеше да го оперира, а притоа имал оток и болки. И тогаш добила хистерично дерење, кое е снимено.Ачимовиќ сведочеше и во „Претрес“ за тоа што се случило.„Се согласувам дека секој таму има проблем, но во медицината, бидејќи сум студент по медицина и наскоро ќе бидам доктор, притоа и медицинска сестра со искуство, постои медицинска тријажа. Влегуваат пациентите во потешка состојба, однсоно надордски кажано, пациенти што стојат и пациенти во количка. Докторот рече ќе го прими, поминаа саат време. Потоа влезе мојата баба да го праша, но од надвор, од пред амбуланата слушнав како вика на нејзе. Но тоа не беше гласен говор, тоа беше урлање, морам жаргонски да се изразам. Потоа влегов внатре, со персирање и без никакви навреди, го прашав од каде му право да вика на баба од 70 години? Почна и на мене да вика, ја гурна вратата покрај која бев јас, со тоа мене ме гурна мене, а јас баба ми. Ја фатив вратата и прашав дали доликува вакво однесување на еден доктор, по што тој почна хистерично да се однесува. Кога се оддалечи од мене, јас го земав телефонот да снимам. Немаше никаков напад, неговите колеги стоеја и гледаа, а ако имаше напад, веројатно и тие ќе се тргнеа, немаше да стојат покрај мене“, рече Ачимовиќ.?t=2484На оваа тема зборуваше и доктор Ненад Лазаров, специјалист по гинекологија и поранешен матичен доктор. Тој смета дека таквото однесување не може да се оправда.„Ова брутално беше. Уште и колешка, тоа е Марфи. Тоа е во медицина кога викаме: која будала ве оперираше? па ти докторе“. Не постои причина што може да оправда такво однесување. Девојката беше повеќе од експлицитна и елоквнетна. Не гледам трагедија во ова, но е апсолутно недозволена ситуација и однесување и се“, рече доктор Лазаров.

Македонија | пред 1 година

policaec-policija-skopje

Само вчера: 841 казнет возач, а од нив 214 за брзо возење

„Во текот на вчерашните (07.04.) активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа констатирани 841 сообраќаен прекршок. Согласно актуелните статистички трендови по однос на сторените прекршоци и натаму најбројни се прекршоците на непрописно паркирање 270, потоа санкционирани се 214 возачи за возење со брзина поголема од дозволената, како и 82 мерки за возење без возачка дозвола.Вчера, покрај ова, изречени се пет мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за минување на затворен сигнал, а прекршочни пријави заработиле и шестмина пешаци. Исто така по основ на неносење сигурносен појас изречени се 65 санкции, 28 мерки по основ на недозволено користење на мобилен телефон при возење, а санкционирани се и шестмина мотоциклисти заради неносење заштитна кацига. Согласно, пак, Законот за возила од сообраќај се исклучени 17 нерегистрирани возила како и осум технички неисправни возила.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР

Македонија | пред 1 година

iphone

Apple планира да го префрли производството на iPhone од Кина во Индија за да избегне царини: Со овие тарифи, новиот модел би чинел дури 2.300 евра

Apple планира да префрли дел од своето производство на iPhone од Кина во Индија за да го ублажи влијанието на новите американски царини наметнати на кинеските производи од страна на претседателот Доналд Трамп, објави Wall Street Journal.Извори блиски до компанијата велат дека ова е привремена мерка додека Apple се обидува да добие ослободување од царините, што веќе го постигна за време на првиот мандат на Трамп. Компанијата во моментов не бара радикално да го промени својот долгорочен синџир на снабдување, кој сè уште е во голема мера зависна од Кина.Прескокнувајќи го вообичаениот неколкумесечен законодавен процес, Трамп користеше закон од 1970-тите за брзо воведување тарифи. Ова предизвика најголем тридневен пад на вредноста на акциите на Apple во речиси 25 години.Увозот на iPhone од Кина во моментов е погоден со царини од 54 проценти, додека увозот од Индија е предмет на многу пониска стапка од 26 проценти. Како одговор на американските мерки, Кина воведе царини од 34 отсто за некои американски производи. Претседателот Трамп побара од Кина да ги укине одмаздничките тарифи до денес, во спротивно тој се заканува со дополнителни царини од 50 отсто, што штотуку предизвика пад на вредноста на акциите на Apple.Поради постоечките тарифи, цената на најновиот iPhone е зголемена за 1.000 долари, па новиот модел би можел да чини дури 2.300 долари.Администрацијата на Трамп дополнително го зголеми притисокот врз американските и странските технолошки гиганти, а Apple сега се обидува да избегне зголемување на цената на неговите производи поради дополнителните трошоци за увоз од Кина. Доколку тарифите останат на сила, Apple би можел и трајно да го зголеми своето присуство во Индија, каде што веќе има производствени капацитети. „Ова е краткорочно решение додека не се разјасни ситуацијата“, велат извори од Apple.За време на неговата прва администрација, извршниот директор на Apple, Тим Кук, лично лобираше за Трамп, а потоа успеа да добие изземање од слични мерки. Но, сегашната неизвесност и построгиот трговски тон на Белата куќа го поттикнуваат Apple да преземе дополнителни мерки на претпазливост.Тарифите се дел од пошироката трговска стратегија на актуелниот претседател, која тврди дека „Америка на прво место“ значи и „на прво место американското производство“. Трамп деновиве повтори дека САД ќе ги користат тарифите за да ги принудат странските земји да ги отворат пазарите за американските производи и да ги намалат нивните стандарди, што тој ги нарекува „немонетарни бариери“.

Свет | пред 1 година

Venko-Brisel-1-1

(Видео) Филипче во Брисел побара европските социјалдемократи да помогнат за проширувањето на ЕУ

Процесот на проширување на Европската Унија не е само механичко прилагодување на законите или административно исполнување на критериумите за пристапување, туку и процес од геополитичко значење. Ова го истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во своето обраќање на конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д „Вили Брант“ за проширување на ЕУ“, која се одржа во Брисел.Филипче, во својот говор, нагласи дека во период на динамични геополитички промени, повеќе од било кога е потребна социјалдемократијата како идеологија која нуди приоритет на трансатлантската солидарност, социјалната еднаквост и демографскиот интегритет.„Никаде оваа визија не е повитална како на Балканот и во Северна Македонија, која претставува раскрсница на европските аспирации и современата геополитичка ранливост. Затоа, потребна е сеопфатна социјалдемократска агенда за процесот на проширување. Процесот на проширување не е само механичко прилагодување на законите или административно исполнување на критериумите за пристапување, тој е прашање на надворешно политичко и геополитичко значење“, рече Филипче.Во својот говор, Филипче нагласи дека е неопходно ПЕС и групата СД во Европскиот парламент да преземат активна улога во процесот на проширување на Европската Унија. Според Филипче, социјалдемократските партии треба да предложат целосна и амбициозна агенда која ќе го забрза процесот на интеграција, обезбедувајќи демократска стабилност и напредок во регионот.Тој подвлече дека сеашниот застој за проширување не е само техничко или административно прашање, туку има многу пошироки и опасни последици по демократскиот развој на земјите кандидатки.„Застојот само ги зајакнува авторитарните тенденции и ги зајакнува десничарските и екстремно десничарските политички сили во нивните земји, што оди на штета на демократскиот развој на овие земји. Сега е вистинско време социјалдемократите да го засилат процесот на проширување, во кој предолго беа заложници. Ако Европа и социјалдемократите не го пополнат постоечкиот вакум, тогаш тоа ќе го сторат антидемократските и антиевропските сили“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, додавајќи дека социјалдемократските партии треба активно да ја поддржат и убрзаат агендата за проширување на ЕУ, како и да се залагаат за политики кои ќе го зајакнат демократскиот развој во регионот.Говорејќи за евроинтеграцискиот процес во Северна Македонија, Филипче истакна дека Владата не е подготвена да го продолжи процесот, што сериозно ја загрозува иднината на државата.„Се соочуваме со Влада во Северна Македонија која не е подготвена да продолжи со уставните измени, неопходни за започнување на преговарачките поглавја со ЕУ. Македонската влада е пример за немање стратегија, особено во однос на прогресијата на евроинтеграциите. Северна Македонија е во бизарна ситуација на таканаречено самонаметнато вето, бидејќи Владата одбива да ги спроведе потребните уставни измени за да продолжи со пристапниот процес“, изјави Филипче.Конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д ,,Вили Брант" за проширување на ЕУ“, во Брисел, се одржа во организација на прогресивната Алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот Парламент.

Македонија | пред 1 година

72c09a4a-9fdf-45c9-bdc4-d933d837d8cd

Судијата Ељведин Ферати преполагал за да му ги пречкртаат оценките и заменат со нови - Обвинителството нема да го гони

Обвинителството нема да го гони судијата Ељведин Ферати од Тетово, оти обвинителите утврдиле дека оценките биле пречкртани бидејќи тој ги преполагал предметите. Откако добил повисоки оценки, можел и да се пријави на Академијата за судии и јавни обвинители. Поради ова, Обвинителството констатира дека Ферати не сторил никакво прекршување на закон.„По поднесено известување од Државниот просветен инспекторат, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет и ја прибави целокупната документација од досието на наведениот студент од Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово и од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Во прилог на досието беа доставени и материјални докази - барања, решенија и пријави за повторно полагање, како и доказ за добиени оценки за четири предмети со кои Факултетот потврдува дека во 2014 година студентот ги преполагал испитите и добил оценки со кои го зголемил својот просек над 8,00, по што се пријавил за кандидат на Академијата за судии и јавни обвинители. Ваквата информација на 31.01.2024 година Државниот универзитет во Тетово ја доставил и до Државниот просветен инспекторат, како дополнување на списите врз основа на кои бил изготвен Записникот за извршен инспекциски надзор во јуни 2023 годинаИмајќи ги предвид доставените документи, јавниот обвинител кој постапуваше во предметот на 10.03.2025 година донесе резолуција со која констатираше дека не се исполнети елементите врз основа на кои би можел да преземе кривичен прогон по службена должност“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Судијата Ферати дипломирал како дел од шестата генерација слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители. Тој, се пријавил дека има оценка 8,20, додека во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет, имал просек 7,88. Ова го утврди и соопшти Антикорупциска во декември 2023 година.Тогаш беше посочено дека кога Државниот инспекторат влегол во Тетовскиот универзитет, во матичната книга, кај Ферати имало поправено три оценки со пречкетување, а истите биле поправени со повисоки.По ова, во септември минатата година беше отворена предистрага. Скопското Обвинителство за „СДК“ тогаш изјави дека постапува и презема дејствија за да ги испита овие тврдења.

Македонија | пред 1 година

mickoski-3

Мицкоски: Наш предизвик и цел како Влада во периодот кој следи, е да го подигнеме социјалниот и економски статус на Ромите

„Во името на Владата и во мое лично име на сите граѓани од ромската етничка заедница им го честитам 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Македонија е земја која историски и традиционално гледано секогаш била пример за толеранција, разбирање и инклузивност на своите граѓани без разлика на нивната етничка или верска припадност.Наш предизвик и цел како Влада и како држава, во периодот кој следи, е да го подигнеме социјалниот и економски статус на Ромите, а со тоа и подобрување на целосната положба на Ромите во сите сфери на општественото живеење.Ова е процес кој мора да започне од потполна достапност до системот на образование и едукација, преку организиран и институционален систем на заштита од дискриминација, до апсолутна вклученост на Ромите во економските и социјални текови на нашата заедница. Македонија е земја со ограничени ресурси и затоа мора својот приоритет да го постави во насока на искористување на сите кадровски и човечки потенцијали со кои располага, со стремеж постигнување на заеднички напредок.Најдобар одговор за социјалното и економското назадување е образованието. Нашите напори се да воспоставиме реформи кои земјава ќе ја реформираат, унапредат и обезбедат иднина и развој.Мораме да ја претвориме нашата земја во држава која дава еднакви можности на сите, која ќе го цени и вреднува успехот и квалитетот на индивидуалецот, како предуслов за градење на подобра иднина на сите.Заедно можеме повеќе, подобро и само така Македонија ќе биде нашиот заеднички дом.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-21-at-09.54.38

Трамп ја отфрли понудата на Европа: „Тие треба да купат енергија во вредност од 350 милијарди долари“

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Европската унија мора да се согласи да купи американска енергија во вредност од 350 милијарди долари ако сака да ги избегне широките царини наметнати од неговата администрација. Така тој ја отфрли понудата на Брисел за укинување на царините за автомобили и индустриски стоки.Вчера вечерта, на прес-конференција во Белата куќа, Трамп реагираше на изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која претходно истиот ден рече дека ЕУ е подготвена да ги укине сите царини за увоз на автомобили и индустриски производи од САД, доколку Вашингтон го стори истото.Запрашан од новинарите дали смета дека таа понуда е доволна за да се намалат тарифите, Трамп рече: „Не, не е“.„Имаме дефицит од 350 милијарди долари со Европската унија и тој брзо ќе исчезне. Еден начин тоа брзо и едноставно да исчезне е тие да мораат да ја купат нашата енергија... ако ја купат, можеме да ги извадиме тие 350 милијарди за една недела. Тие мора да купат и да се обврзат да купат еднаква вредност на енергија“, рече Трамп.Фон дер Лајен ја даде понудата откако Трамп минатата недела воведе царини од 20 отсто за производите на ЕУ, како и најмалку 10 отсто за стоки од други трговски партнери. Како одговор, глобалните пазари загубија трилиони долари, а европските берзи во понеделникот го забележаа својот најголем еднодневен пад од почетокот на пандемијата „Ковид-19“. „Многу луѓе велат дека вишокот не е важен. За мене тоа значи многу. Тоа е речиси како финансиски извештај, имате добивка или загуба“, рече Трамп.Американскиот претседател зборуваше од Овалната соба, заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој пристигна во Вашингтон за да разговара со Трамп и да побара изземање на Израел од американските царини. По состанокот, Трамп повторно ја критикуваше ЕУ, но навести дека е отворен за договор - доколку Брисел се обврзе да го намали трговскиот дефицит со Америка со купување американска енергија.Купувањето американска енергија како начин да се избегнат царините не е нова идеја. Веќе по реизборната победа на Трамп, фон дер Лајен предложи отворање преговори за зголемен увоз на американски течен природен гас (ЛНГ). Но, како што објави Политико, американската страна во тоа време не обезбеди јасни правила за тоа како ќе функционира договорот.Во понеделникот, Трамп, на прашањето дали наметнувањето на глобалните тарифи е само преговарачки притисок или трајна мерка, рече: „Тоа може да бидат трајни царини, но може да бидат и преговори, бидејќи има работи што ни требаат покрај царините“.Тој додаде: „Ако можеме да постигнеме навистина фер и добар договор за Соединетите Држави, а не добар договор за другите, ова е Америка на прво место. Сега е Америка на прво место“.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-02-at-09.58.29

Вашингтон пост: Маск побара од Трамп да ги укине царините

Според „Вашингтон пост“, милијардерот Илон Маск лично побарал од Доналд Трамп во текот на викендот да ги повлече тарифите што ги објави минатата недела. Повикувајќи се на два неименувани извори, весникот наведува дека ова е најголемото несогласување меѓу извршниот директор на Тесла и американскиот претседател досега.Апелот на Маск дојде откако Трамп објави основна царина од 10 отсто за целиот увоз од САД, со дополнителни зголемувања за десетици земји.Маск, кој исто така го предводи американското Министерство за ефикасност на владата, претходно повика на укинување на тарифите меѓу САД и Европа.Tesla забележа остар пад на продажбата во последниот квартал, делумно поради негативната реакција на улогата на Маск во администрацијата на Трамп. Акциите на компанијата вчера се затворија на 233,29 долари, што е намалување за над 42% од почетокот на годината. Маск претходно изјави дека влијанието на тарифите врз Тесла е „значајно“.

Свет | пред 1 година

sudija-tetovo

Со пречкртување му биле поправани оценките на судијата кој досуди две години затвор за возачот кој ја усмрти Теодора, утврдиле Антикорупционерите - отворен бил и предмет

Ељведин Ферати е судијата кој досуди двегодишна затворска казна за возачот кој смртоносно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска во Тетово. Делото за кое Ферати му судеше на Менсур Пајазити е тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за кое казната е до пет години затвор, а досуди две години. Името на судијата Ферати не се појавува првпат во јавноста, а за него имаше и предистрага од страна на скопското Обвинителство, откако Антикорупциската комисија утврди дека си ги поправал оценките на Тетовскиот универзитет со пречкртување.Судијата Ферати дипломирал како дел од шестата генерација слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители. Тој, се пријавил дека има оценка 8,20, додека во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет, имал просек 7,88. Ова го утврди и соопшти Антикорупциска во декември 2023 година.Тогаш беше посочено дека кога Државниот инспекторат влегол во Тетовскиот универзитет, во матичната книга, кај Ферати имало поправено три оценки со пречкетување, а истите биле поправени со повисоки.По ова, во септември минатата година беше отворена предистрага. Скопското Обвинителство за „СДК“ тогаш изјави дека постапува и презема дејствија за да ги испита овие тврдења.„Скопје1“ пред објава на текстот, испрати прашања до Обвинителството, за тоа што е утврдено во предистражната постапка поведена за судијата Ферати. Одговори очекуваме во текот на утрешниот ден.Тетовскиот судија, по вработувањето во 2020 година судел во граѓанска област, а сега суди кривични предмети. Правосуден испит положил во 2012 година.За предметот за 22-годишната Теодора имаше и пресуда која Врховен суд ја укина. Тогаш, возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор. Пред Врховен суд, постапила Апелација ја намали казната на две години, истата која беше изречена и во повторената постсапка по признание на вина.

Македонија | пред 1 година

tufegdzik-15

(Видео) Не очекувам обвинителот да се предаде, а докази против Александар - нема, порача адвокатот Туфегџиќ

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, откако неговиот клиент Александар Ѓорчески сведочеше како обвинет во постапката за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, рече дека не очекува јавниот обвинител да се предаде, што би требало да значи, повлекување на обвинение. Порача дека Ѓорчевски е спремен да одговори на секое прашање на идното рочиште, кое е закажано за во петок.„Јас не очекувам дека јавниот обвинител така едноставно ќе се предаде. Јасно му е на Јавното обвинителство дека аргументи и докази против Александар – нема. Она на што тие одат дека се аргументи и докази – не можат да бидат докази и аргументи во кривична постапка. Реален доказ против Александар не е изведен. Оставам на совеста на Јавното обвинителство како ќе одлучи, а секако конечната одлука ќе ја има судот“, рече Туфегџиќ.Тој посочи дека нема причина за да не му верува на Ѓорчевски, одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата од обвинетиот кон инспекторите кои изјавија дека тој бил незаинтересиран во потрагата по неговата ќерка.Тој додаде: „Јас му верувам на Александар и треба да му се верува на Александар бидејќи токму по однос на полициските службеници, даде многу јасен и категоричен опис акко и на кој начин постапувале и го потврди она што јас како бранител го тврдам од прв ден, тоа е немање на унифицирани стандарди за постапување во ваков случај“.

Македонија | пред 1 година

DSC_0288

Скопјанец си го натепал сопственото дете, бркајќи го од дома, го мавал по глава, го фрлал низ ходник - претходно е осудуван

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 37-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик.„На 5 април осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син роден 2010 година.Кон детето се однесувал агресивно и се обидел да го избрка од домот, по што во еден момент го фатил за дуксерот во делот на вратот, го повлекол и почнал да го исфрла кон ходникот. Потоа со рака го удрил во задниот дел од главата, со што му нанел повреда од која оштетеното дете почувствувало затемнување пред очите, вртоглавица и болка, а осомничениот продолжил насилно да го турка синот кон излезната врата од домот.Со оглед на тоа што осомничениот е претходно осудуван, а против него се води уште една постапка за телесна повреда нанесена при семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на делото, како и околности кои укажуваат на опасност од бегство. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-03-04-at-18.09.46

(Видео) Таткото на Теодора по двегодишната казна: Како човек сум згаден, плачев за правда, правда - нема!

Со шок и неверување, таткото на загинатата Теодора, Круме Ристовски, ја слушна пресудата со која на возачот Менсур Пајазити му беше изречена казна од две години затвор. Тој рече дека правда овде - нема.„Згаден, како? Како човек сум згаден.. Што да очекувам од оваа држава, кажете ми? Плачев за правда, правда - нема! Нема никад да има правда во оваа држава. Оваа држава отиде! Постепено државата ни пропаѓа. Младите бегаат, ние постарите ќе бегаме. Оваа не е држава“, рече Круме Ристовски.По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор.Казната беше обжалена, а Апелација-Гостивар ја намали на две години затвор. Потоа, Врховен суд го уважи барањето и пресудите беа укинати, а процесот се судеше одново. Тој беше гонет за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот.

Македонија | пред 1 година

teodora

(Видео) Како да запалам свеќа и да ѝ речам да биде задоволна со две години затвор за убиецот?, праша сестрата на загинатата Теодора

Ева Ристовска, сестра на Теодора, низ солзи, рече дека казната од две години нема да ја врати жртвата, ама ќе ја олесни маката на семејството. Таа праша, како да запали свеќа на гробот на нејзината сестра и да и каже да биде задоволна со казната.„Колку вреди животот во Македонија, колку вреди животот на сестра ми? Дали може некој да ја врати нејзината младост, мојата младост? Две години го осудија човеков, што уби човек. Две години го осудија. Дали некој ќе ми објасни некој колку вреди животот на сестра ми? Со две години треба да бидеме задоволни, со две години треба да и запалам свеќа и да и речам: со две години биди задоволна, ова е законот во Македонија. Не, не може со две години. Максималната казна од пет години мене нема да ми ја врати Теодора, ќе ми ја олесни маката, ќе каже на секој еден што ќе го доживее истово, не дај Боже, дека ќе има правда. Сите веруваа во правда и јас верувам. И јас верувам дека ќе се смени оваа од две години и ќе остане барем максималната казна. Верувам силно дека Теодора нѐ гледа и плаче многу повеќе него јас. И верувам дека силата нејзина е во мене. Нема да се откажам, Теодора мора да спие мирно“, рече Ева Ристовска. 

Македонија | пред 1 година

aleksandar-gjorcevski-vanja-tufegdzik-palco

Таткото испратил порака кон Вања за да ги контактира киднаперите: Инспектор ме обвини деја јас сум и ставил селотеп, а што се случило дознав дури во Обвинителство

За да ја најде Вања, таткото кој сега е обвинет, Александар Ѓорчевски, сведочи дека правел сѐ што ќе му текне. Бил свесен дека полицијата се сомнева во него. Во неговиот исказ посочи детали од деновите кога Вања и натаму се водела како исчезната.„Направив сѐ што ми текна. Барав помош од КФОР, Интерпол, пријатели во МВР, Амбасадата на САД. Кога ми текна дека киднаперите на Вања можат да го вклучат телефонот за да нѐ контактираат, пратив порака, за да ја видат. Во пораката напишав дека ќе направиме сѐ што ќе побараат. Зорица беше избезумена. Двајцата се трудевме да бидеме смирени пред Миња, заедно со неа обезбедувавме снимки. Се јавуваа разноразни ојасновидци, па доби и порака дека Вања е најдена во Косово. Луѓе се нудеа да дадеме облека од Вања, па да кажат каде е“, сведочеше Александар Ѓорчески.Тој одговараше и на прашањето, како ги поврзале двете возила – „рено кангу“ и „цитроенот“ од исчезнатиот велешанец.„Не се сеќавам дали беше среда вечер или четврток, Гоце ми покажа на неговиот телефон слика од постар човек со бела коса, од неговата ќерка која објавува дека татко и е исчезнат заедно со автомобилот. Гоце помисли дека тој човек ја има киднапирано Вања, јас се обидов тоа да го пренесам на инспекторите, меѓутоа не смеев да ги откривам идентитетот на човекот од ‘Сејф сити’, но бидејќи инспекторите Дејан и Muzafer ми се жалеа дека цело време тапкаме во место, а кај нив се наоѓаат сите инструменти за пронаоѓање на Вања а не кај мене, му се јавив на Дејан се обидов да му посочам, на суптилен начин дека е исчезнат човек од Велес и дека можеби е некој педофил па да проверат.Ѓорчевски продолжи: „Инспекторот Дејан ми рече, не се прави дека не знаеш, сега ти нам ќе ни кажеш што се случило. Ги имаше зафатено еуфорија, инспекторот Кире викаше на цел глас со 100 нула ве победивме, инспекторот Дејан Димовски, почна да ми поставува апсурдни обвинувања, дека ја сум и ставил селотејп преку устата, дека цело време сум знаел што се случува, дека сум ги влечел за нос, паралелно со апсурдните обвинувања, имаше и физичка тортура, која не ја приметував, бев парализиран како дух, едноставно поминуваа ударите врз мене, и на секое мое прашање добро луѓе кажете што се случило, ми одговараа дека јас сум тој што треба да им каже. Велеа дека во другата просторија, киднапирите се признале, се отпеале, се сѐ знае, дека само уште јас дека треба да признаам, не знаев што треба да признаам, ги прашав за кои луѓе се работи, они ми рекоа дека не ги знам. Дека сум се договарал само со монструмот. Им реков не познавам монструм, кој е тој? Ми одговорија Љупчо Палевски. ‘Човекот кој ја правел зградата’, реков јас, они иронично ми рекоа ‘не се прави дека не знаеш’. Навистина не се сеќавам на тие моменти, какви сѐ детали би можел да ви посочам сега во моментов, затоа што бев стварно парализиран од душевна болка, иако никој не ми соопшти што се случило човечки и отворено“.Сведочеше и како сведокот Гоце Трајковски ја вршел работата на полицијата и обезбедувал снимки од надзорни камери.„Паметам дека инспекторот Музафер, на кого Гоце му обезбедуваше снимка од Макпетрол од Велес, бидејќи ако оделе по службен пат многу време ќе требало, Гоце ја обезбеди од некој братучед кој рече да не го кажуваме за да не ја изгуби работата, инспекторот Музафер насетуваше и знаеше дека ние сме чекор пред нив кое е возилото со кое е киднапирана Вања, од социјалните мрежи дознавме дека е запалено во село Бразда, а полицијата официјално добила соопштение после два дена. Тоа инспектор Музафер го предочи на Дејан и Кире, они добивале од ‘Сејф сити’ од братучеди и полицајци, им рече ‘не го тепајте може стварно нема врска’. Не се сеќавам ни колку време помина, бев парализиран. Ме симнаа во едни како  ќелии, потоа ме однесоа во затвор, и таму добро ме обработија. Докторот се преплаши и ме пратија на Торакална неколку пати. Првпат, што се случило дознав од обвинителот Жаклина кога давав исказ со адвокатот. Првпат.Тој на крајот од испрашувањето на Туфегџиќ, додаде: „Стојам зад се што сум кажал до сега, и пред инспектори, и пред јавниот обвинител Жаклина, кај неа мислам два пати бев спроведен. И се уште стојам на располагање, спремен сум да одговарам на кое било прашање од  било кого“.

Македонија | пред 1 година

265977177_3016460471943246_1124475499600049127_n

Страотни детали од кривопаланечко: Тргнале да крадат, па го убиле газдата на имотот, а телото му го запалиле

СВР Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од с.Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.На 24.03.2025 во с.Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет. Од здобиените повреди, тој починал на местото, по што му одзеле пари и телото го запалиле, додека остатоците ги закопале. Од судија на претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-27-at-16.33.39

Две години затвор за возачот кој смртоносно ја прегази 22-годишната Теодора од Тетово

Возачот кој смртоносно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска, доби две години казна затвор. Ова е пресудата на Основнниот суд во Тетово, откако процесот 2,5 години се влечеше низ правосудните лавиринти. Казната е изречена по признание на вина. Семејството е разочарано од казната.[caption id="attachment_323339" align="alignnone" width="881"] Screenshot[/caption]Рочиштето се одржа откако претходните две се одложија, оти возачот, Менсур Пајазити, бил во болница.По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор.Казната беше обжалена, а Апелација-Гостивар ја намали на две години затвор. Потоа, Врховен суд го уважи барањето и пресудите беа укинати, а процесот се судеше одново. Тој беше гонет за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Профункционираа расипаните лифтови во МРТВ - ги поправиле!

Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) ги сервисираше и стави во целосна функција сите четири лифтови во зградата на МТВ во која канцелариски простории користат над 20 државни институции.„Лифтовите сега се целосно оперативни и обезбедуваат сигурен, брз и лесен пристап до сите катови, што значително го подобрува функционирањето на институциите и услугите кои ги нудат.Во изминатите години, лифтовите во зградата често беа неисправни, што создаваше големи проблеми за вработените и граѓаните кои имаа потреба од завршување административни работи во некоја од државните институции, што ја отежнуваше работата во институциите и пристапот до важни услуги.Со преземените активности, СОЗР го потврдува својот континуиран ангажман за подобрување на условите за работа и за обезбедување на високи инфраструктурни стандарди. Одговорноста и посветеноста на СОЗР во овие процеси имаат за цел да создадат безбедни, удобни и ефикасни услови за сите вработени и граѓани кои користат услуги од државните институции. СОЗР одговорно ќе продолжи да работи на унапредување и одржување на инфраструктурата во јавните институции за да обезбеди најдобри услови за секого“, велат од СОЗР.

Македонија | пред 1 година

puls-35-1

Уште една жртва од пожарот во Кочани: Александар од Пробиштип почина во болницата во Литванија, беше во тешка состојба со инфекции и интубиран

Младиот Александар од Пробиштип, кој беше во критина состојба и на лекување во Литванија, е 61-та жртва на дискотеката „Пулс“ во Кочани, дознава „Скопје1“. Пријатели велат дека бил во многу тешка состојба и вештачка кома, со инфекции, бактерии и интубиран. Лекарите се бореле за неговиот живот три недели, но тој им подлегнал на тешките повреди меѓу кои и изгореници.Претходно, во петокот, животот го загуби и Александар Карадаковски, кој им подлегна на повредите. И тој се лекуваше во Литванија.Во петокот, на тешките повреди здобиени во пожарот во „Пулс“ им подлегна и Александар Карадакоски кој исто така се лекуваше во Литванија. Неготово тело вчера е донесено во Македонија а утре ќе биде погребан во Кочани.Повеќе детали се очекуваат од институциите.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-07-at-14.34.32

Вториот пациент кој почина во Литванија има 29 години: бил со изгореници на дишните патишта по пожарот во дискотеката „Пулс“

Минситерот за здравство, Арбен Таравари, рече дека пациентот од дискотеката „Пулс“ кој почина во Литванија е Александар Гавриловски, кој имал 29 години.„Во 11 часот почина и вториот пациент кој престојуваше во Литванија. Станува збор за Александар Гавриловски, кој имаше 29 години. Беше од Градската општа болница упатен во Литванија. Неговата состојба беше тешка од почеток, а од 4 април се влоши повеќе, а од вчера беше ставен на хемодијализа. Ова ни е втор пациент кој почина, од 193 кои ги третиравме. Имаме уште двајца критични пациенти“, рече Таравари.Посочи и какви повреди имал.„Александар имаше повреди, 35 отсто изгореници од трет степен, изгореници на дишните патишта, еден од потешките пациенти, од тие четири кои ги кажувавме критични. Другите двајца сега за сега се критични, но стабилни“, додаде Таравари.Тој е втор пациент од критичните пациенти, кој беше третиран повеќе од три недели, но не успеа да се избори по тешките повреди.

Македонија | пред 1 година

gjorceski-2

Таткото на Вања: Немам поврзаност со овие луѓе за кои приметив дека не се каат, туку се разочарани од „царот“

Обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, за првпат прозборе пред судот за деновите кога трагал по неговата ќерка, но и за сите детали од истрагата. Прв, прашања му поставуваше неговиот бранител, Владимир Туфегџиќ.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали денеска се чувствувате спремен и согласен да дадете исказ пред судот за овој настан?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Психички не сум сигурен колку сум подготвен, но сум согласен да дадам исказ и го чувствувам како обврска. Од почетокот на судењето реков дека се ставам на располагање на судот, поради неколку причини, пред се заради Вања, затоа што во текот на истрагата и тука во судницата беа изнесени ноторни невистини во врска со нејзе, на кои сакам да има порачам дека тато е истиот тој човек кој од пред 4-декември и од тогаш навака се претставува во екстремно спротивно светло од  она што сум. Се решив да соберам, да ги потиснам емоциите за да можам да го дадам овој исказ, да соберам сила, храброст и поради сите  оние кои ме познаваат и страдаат заедно со мене, но и поради сите оние кои не ме познаваат да ја кажам мојата страна на вистината, мојата приказна, дека немам апсолутно никаква инволвираност со овие луѓе од чии искази во текот на постапката приметив дека не чувствуваат ниту вина ниту покајание, приметив дека демонстираа гнев и разочарување од т.н. „цар“. Одновно и одново со секое рочиште слушам што му правеле на моето дете. Кој имал задача да ја грабне, кој да ја врзува, ја трескале по гепеци, ја ставале во вреќи, психички и вршеле тортури, се обидувале да ги замачкаа доказите како и за првото убиство за тој велешанецот Панче, и заташкаат, Господ знае уште колку убиства ќе направеле и киднапирале. За себе сметам дека дадов голем придонес во истрагата во која како соучесници контактите на Гоце Трајковски од полицијата и ‘Сејф сити’. Ќе повторам, ако не беа фатени, ако не беа сопрени, не приметив дека кај нив има вина и покајание, и дека ќе престанале со дејствата“.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали ги познававте лицата Љупчо Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски од порано?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Ниту ги познавам, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам, додека траат рочиштата претежно мижам. Затворени ми се очите, не можам да ги гледам. Во минатото, не се сеќавам од која временска дистанца, се крена врева поколу објектот Тифани во чија непосредна близина живеам јас и тогаш за прв пат слушнав за Палевски, меѓутоа не како Палевски туку меѓу нас комшиите го нарекувавме Упа. Го немам видено на ТВ ниту запознаено. Во коментарите со комшиите се говореше дека е голем бизнисмен, дека му го стопирале објектот затоа што наводно ‘Партизански одреди’ биле блокирани со самиот објектот, јас така паметам, не ми било важно, но сме коментирале. Тогаш дознав дека живее во близина на ‘Песталоци’ во голема куќа го голем двор, луксузно и наводно имал куче. Само сум слушнал за него. Исто така Зорица со родителите во периодот кога почнавме да се забавуваме, живееше во зграда која што позната како зградата на Упа, спроти фонтана, не знам како придонел во зградата, бидејќи сите знаевме дека е градена од комшија Страшо, газда на Бетон или Гранит, не знам точно. Дури го имав помешано со еден човек со многу понизок раст од него, Тоше, кој дознав дека е друг, со фирма Линк. Така го викаа Тоше Линк.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Кога се прв пат дознавте за имињата на овие луѓе?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: За Љупчо Палевски дознав кога ме задржаа во станица. Цело време ме прашуваа како сум комуницирал со него, што сум договарал а за останатите имињата ми беа кажани, но и ден денес ги мешам, ми беа кажани од обвинителката Жаклина во присуство на мојот адвокат.Адвокатот Владимир Туфекџиќ:  Дали сте биле нарко зависник?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Релативно краток временски период во раните 90-тите поточно од 1993 до 1995 година. Мојата генерација ја зафати епидемија од нарко зависности. Не се гордеам со тоа, мене ме зафати и јас потклекнав меѓутоа веднаш штом почувствував дека сум заразен од супстанцата, побарав помош од семејството, им се поверив, иако тоа беше забележително, се гледаше, не беше тајна сите мои колеги тоа го приметуваа. Физички слабее човек. Сам најдов клиника во Турција, каде што бев се детоксицирав, 10 дена траеше третманот, и потоа следеше период на ресоцијализација кој за мене помина многу брзо, бидејќи имав поддршка од семејството имав разбирање од работодавците кои би дадоа неплатен одмор од три месеци, имав девојка, со еден збор имав живот на кој повторно му се вратив. Од тогаш до ден денес, не сум имал контакт со никаква нарко супстанца.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: :  Кажете ни дали бевте вработени и доколку сте биле, каде?Обвинетиот Александар Ѓрочевски:Накратко, од својата 18-година работам. На времето беа популарни студентските задруги имав многу ангажмани преку студентските задруги, во туристичка агенција, фри-шоп, штедилница, прво вработување на неопределено работно време ми беше во Фершпед АД каде работев од 1993 до 2002 година потоа преминав во Кометал, во еден сектор од корпорацијата за инженеринг, кога се родија дечињата. Вања беше захтевно бебенце имаше грчеви, слаба и беше крвта бараше 24 часовен ангажман околу нејзе нѐ повикуваше со плач постојано, со Зорица се обидовме да земеме жена да платиме за испомош, не се покажа добра идејата, бидејќи Зорица имаше поголема плата од мене, решивме јас да останам дома и да ги чувам децата. Бидејќи разликата помеѓу нив е 1 година и 4 месеци. Тоа траеше до 2017 или 18- кога се вратив во Фершпед, каде што ми беше кажано дека таму за мене вратите секогаш се отворени. Истото важеше и за Кометал.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали имавте долгови?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Апсолутно не сум имал никакви долгови, можеби во периодот кога сум бил нарко зависник, имавме можности во Фершпед да земаме краткотрајни позајмици додека да стаса платата, меѓутоа тоа го правеа сите вработни. И да сум имал долгови, веднаш сум ги вратил, немам специјални и луксузни барања, скромен човек не сум познат како трошаџија.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Каков беше вашиот однос со децата?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Односот беше љубов на прв поглед. Поготово со Вања. Јас ги чував малечки. Се грижев околу нивната исхрана додека беа болни, ги анимирав, бевме среќно семејство. Постојано знаев каде се, бев загрижен родител, и кога пораснаа со Зорица ги имавме на ‘гугл мапс’ и во секое време знаевме каде се движат. Иако и они самите ако решеа да сменат локација, обавезно ни се јавуваа да не известат за тоа. Беа интровертни, добро воспитани, ангели, кукли, дури и кога ќе останеа сами после училиште кога ќе го напуштеа друштвото, обавезно се јавуваа или кај мене или кај Зорица, телефонски им правевме друштво на патот до дома.По ова, следуваа прашања за една недела Вања да биде киднапирана.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Што правевте една недела пред 27.11.2023 година особено во деновите од петок до недела?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Тој период бев слободен, неврабитен, отказ дадов во Фершпед, и со самото тоа обврската со децата ги преземав јас. Тоа ми беше рутината за целата недела, не можам точно да се сетам кој ден што сме правеле, но се сеќавам за саботата. Можам да ви го опишам тој ден. Беа кај мене на ручек, поручекот добија понуди од друштвото и двете да излезат вечерта. бидејќи надвор почна да роси, да врне, преземав обврска да ги разнесувам со кола. Двете ги однесов кај Зорица и бидејќи имаше порано договорено состанок, да ја почекам во колата додека да се спреми, и ја однесов во ‘Дајмонд мол’ каде што се чекаше со друштвото. Потоа се вратив ја земав Миња ја однесов на договореното место кај Католичка црква, таму тие го променија мислењето, и решија дека сакаат да одат во ‘Сити мол’. Миња на шега баш ми кажа, значи тато ти и мама, ми сте како ‘убер драјвери’. Ја однесов Миња во ‘Сити мол’. Бидејќи помина повеќе време од кога ја оставив Вања во ‘Дајмонд’, а јас бев излезени и се јавив да ја прашам дали можеби можат да ме искористат бидејќи секако сум излезен не сум прибран дома, да ги пренесам на некоја друга локација. Вања се консултираше со девојчињата и решија да ги земам и да ги однесам во ‘Сити мол’. Потоа се прибрав дома. Децата имаа време за излегување до 10 часот исто така и нивните другарчиња. Околу 9 и 20 приметив дека Вања пешки го напушта ‘Сити мол’ а надвор веќе почна да снежи. И наеднаш ми стана офлајн на апликацијата. Веднаш и се јавив на Зорица. Ми рече ‘не се секирај тато знам зошто ми се јавуваш Вања ми се јави од телефонот на Ина, и снемало батерија и си доаѓа накај дома’. Во истиот разговор Зорица ме замоли кога ќе одам да ја земам по пат да и купиме и цигари, и така и бидна. Пред 10 часот Миња ми се јави дека го напуштила друштвото кај Универзална и бидејќи е проблем со паркингот кај Универзална, се договоривме пешки да дојдам кај Силбо да купиме цигари и да ja допратам до дома. Во неделата, сите до покасно поспавме, децата кај Зорица, јас кај мајка ми. Сме слушнале сигурно, сме комуницирале на платформата ‘Дискорт’, заедно со внук ми каде се дружевме кога не беа кај мене. Само заради нив ја имав симнато апликацијата, они нон стоп висеа на неа. Миња попладнето излезе, околу 6 часот, мислам дека беше можеби подоцна, ги испратила сите другарки, во околината кај Песталоци и ми се јави да дојдам да ја земам оти останала сама. Јас и предложив да вклучи камера, да го држи телефонот пред себе и да се упати накај дома за да не ме чека 15 минути додека дојдам до нејзе. Си разговаравме додека се движеше накај дома, и безбедно се прибра дома“.Распитот е во тек.

Македонија | пред 1 година

tizer-pal.00_53_03_22.Still007

(Видео) Нѐ убедуваа дека Вања избегаала во Тетово, па во Шведска, па дека е регрутирана за ИСИС - ме правеа ретардиран!, сведочи Ѓорчевски за полицијата од истрагата

Таткото на убиеното девојче Вања Ѓорчевска, обвинетиот за помагање, Александар Ѓорчевски, пред судот раскажа за денот кога неговата ќерка е грабната од пред излезот од зградата во која живееше, а подоцна и убиена.Адвокатот Владимир Туфегџиќ:  Кажете што се случи на 27.11.2023-та година?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Се случи лудило. Добив телефонски повик од Зорица со растревожен глас, ја цитирам ‘Сашко Вања ја нема, ја нема Вања’ јас го ставив телефонот на спикер и веднаш почнав да се облекувам. Зорица рече дека се движи кон мене и да се најдеме доле. Кога се симнав, свртев повторно, ја здогледав. Уште пред да се симнам ја отворив апликацијата каде што видов дека Вања последно ја евидентирал кај ‘Хаус Гарден’ пред раскрсницата со Рузвелтова и веднаш знаев дека нешто не е во ред, бидејќи беше офлајн што значи дека го исклучила телефонот или е онеспособен. Истото го констатиравме заедно со Зорица кога се најдовме пред зградата, Зорица ме праша дали да пријавуваме во полиција, и реков: ‘апсолутно пријавувај а во меѓувреме да се движине кон колата’. Кога стасавме кај колата, утрото беше ладно, минусни беа температурите, јас ја запалив колата и со прскалките ја одмрзнував. Зорица влезе во колата, мислам дека разговараше со колешката со која заедно оди на работа, и дека и рече да најде слика од Вања и веднаш да објави по социјалните мрежи. Со Зорица се упативме кај местото кај ‘Хаус Гарден’, бидејќи на ‘Партизанска’ не може да се запре возилото, влеговме во блокот од улички, кој што се наоѓаат под Партизанска а каде што последен пат телефонот на Вања емитувал сигнал. Тука излеговме од автомобилот, тоа беше една слепа уличка, Зорица се качи по скалите и искочи горе на ‘Партизанска’, а јас приметив веднаш од десната страна на возилото, напуштена куќа без прозорци и влегов внатре да ја пребарам. По извесно време, Зорица се симна кај колата, и ми се јавија од полиција да дојдеме да се вратиме пред зграда кај мене за да дадеме изјави. Се вративме пред зграда двајца полицајци, разговараа со нас, не се сеќавам што, бевме и двајцата избезумени, ги прашав дали пратиле екипи каде што Вања беше последен пат евидентирана. И тогаш Зорица ми кажа дека им се поклопува на Вања и Миња часот по физичко дека им е заеднички час, дека Миња ќе примети дека ја нема Вања, и реши она да оди да ја земе Миња и да соопшти а јас да се вратам на местото каде што веќе бевме со Зорица. Кога пристигнав таму, веднаш приметив полицајци во цивил беа, им пријдов, потврдија дека се полицајци, јас им кажав дека сум таткото, и заедно со нив барав, по соседните подземни гаражи и влезови. Таму веќе пристигнат и чичко и на Зорица, со точак, со насолзени очи, Зорица го известила, побарала помош од него, и тој ја пребарувал куќата. Ме праша ‘Саше што е работата?’. Му кажав Вања ја нема, ако не ја најдеме - мене ќе ме нема. Полицајците во цивил рекоа дека сѐ што можело да се пребара во околината е пребарано. Мене ми се вртеа во глава безброј сценарија. Едно од нив дека ја има удрено кола, и дека некој совесен возач ја ставил во кола и ја однел во болница. Имам братучед кој работи во ‘8ми Септември’, му вртев но не ми одговори. За кратко време ми се јави, ми кажа дека бил на визита, јас му објаснив што се случило и ми кажа веднаш да одам кај него. Oтидов пред боницата, инсистираше да влезам да ми даде нешто за смирување, ми кажа каде да се смирам. Влеговме во една просторија, каде проверуваше  по урегентитните центри дали утрината е хоспитализирано повредено девојче. Исто така се јавивме во Kлиниката на Водно, кај заеднички другар, и таму ни дадоа негативен одговор. Ја немаше никаде по болниците. Не ме држеше место, морав нешто да правам. Братучед ми инсистираше да останам таму, но не го послушав, излегов и влегов во кола. Наредно сценарио беше дека некои заостанати пијаници или наркомани, или дилери во Дебар маало, ја повлекле во кола се упатиле по Партизанска ја повлекле од лудило од каприц, и дека можеби ќе ја пуштат по пат. Исто така едно од сценаријата кое ми се моташе низ глава беше дека Вања е киднапирана и прво што ме фати страв е да не ја изнесат од државата. Од колата пред болницата почнав да вртам по телефони. Прво ми текна да се јавам кај секретарка кај поранешен функционер во полиција, за преку нејзе ги извести колегите на граничните премини да се проверуваат возилата. Таа не ми одговори веднаш, па свртев кај незиниот сопруг, кој е мој бивши колега од Фершпед, на кој му кажав дека ми се случува најлошата ноќна мора и дека за тоа ја барам неговата сопруга и таа подоцна ми се јави. Ми кажа дека е пренесено, да не се секирам од тој апсект, дека наводно на граничните премини имало и ренгени. Дека после нејзиното јавување ни мува нема да може да премине. Решив да тргнам кон преминот Блаце, така и ми беше наместана колата, свртев десно од 8ми Септември, па лево кај Палас, па дури и прекршок мислам дека направив, имаше голема гужва и свртев полукружно назад, па се вратив на претходно сценарио од Партизанска кон Ѓорче Петров дека некаде по пат ќе ја најдам. Од Ѓорче Петров се стори крајот на Сарај, затоа што во меѓувреме разговарав на телефон, на секои 2 минути вртевме со Зорица кај Вања, Зорица ги известила родителите. Почнав да добивам пораки на вибер групата. Имаше една порака, дека е паметно да се прегледуваат камери за патот кон училиште, тоа ми е виде многу пологично, од бесцелното возење, и тргнав накај Центар“.Адвокатот Владимир Туфегџиќ:  Каков беше односот на полицијата?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Со амонизитет. И сомнеж кон мене. Они тапкаа во место уште од самиот почеток, ми покажуваа слики од девојчиња, да потврдиме дали тоа е Вања, нѐ убедуваа дека не си го познаваме детето, дека Вања избегала, со некој дечко накај Тетово, дека се решила да помине пат од 4 илјади километри до Шведска кај другарче од платформата Дискорт, нѐ прашуваа колку станови имаме, не чие име се водат, колку возила поседуваме, а кога ќе споменавме дека Вања не е отидена по своја волја, во правец спротивен од училиштето појавува и агресија кон нас. Имаше еден инспектор, Владимир се викаше. Тој беше задолжен за распит на децата. Се наоѓавме во мојата кола, се враќавме од претходна посета кај мајка ми со Владимир бидејќи сакаа да го погледнат и тој стан, но одговорот дека тоа не Вања на сликата, ми се развика дека не можам да си го познаам сопственото дете, каков татко јас сум бил. Тоа било слика на некое девојче снимено од камера во некоја мобилара, и он беше убеден дека тоа е Вања, и отишла да си го поправа телефонот. Подоцна го приметив дека бара потврда и до Зорица по истата слика. Од комјутерот на Вања дознаа дека со другарче од платформата Дискорт разменувале мислења и ги споредувале Библијата и Куранот. Па нѐ убедуваа дека се регрутила наводно за ИСИС и отпатувала во Шведска. ИСИС-јас и не знам што е тоа. Еден од испекторите, Кире се викаше, зборуваше на дијалект од источна Македонија, на еден од долготрајните состаноци во полициска станица. Му се обратив со повисок тон, цитирам, на неговиот дијалект „Киднапирана е Кире, киднапирана е“. Не е по своја волја скршнала од патот кон училиште“.Ѓорчевски рече дека на еден од состаноците со полицијата: „испекторот Музафер ми рече ајде малку да се повозиме. Ме правеа ретардиран во целата таа ситуација, а да не зборам дека цело време во погрешна насока ја водеа истрагата. Што правиш, кај ги молиш да ти го најдат детето, да бидеш некултурен... му реков во ред“.Судијата даде пауза, па продолжува распитот од адвокатот Туфегџиќ.ПРЕТХОДНО:

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања