Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

tizer-pal.00_53_03_22.Still007

(Видео) Нѐ убедуваа дека Вања избегаала во Тетово, па во Шведска, па дека е регрутирана за ИСИС - ме правеа ретардиран!, сведочи Ѓорчевски за полицијата од истрагата

Таткото на убиеното девојче Вања Ѓорчевска, обвинетиот за помагање, Александар Ѓорчевски, пред судот раскажа за денот кога неговата ќерка е грабната од пред излезот од зградата во која живееше, а подоцна и убиена.Адвокатот Владимир Туфегџиќ:  Кажете што се случи на 27.11.2023-та година?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Се случи лудило. Добив телефонски повик од Зорица со растревожен глас, ја цитирам ‘Сашко Вања ја нема, ја нема Вања’ јас го ставив телефонот на спикер и веднаш почнав да се облекувам. Зорица рече дека се движи кон мене и да се најдеме доле. Кога се симнав, свртев повторно, ја здогледав. Уште пред да се симнам ја отворив апликацијата каде што видов дека Вања последно ја евидентирал кај ‘Хаус Гарден’ пред раскрсницата со Рузвелтова и веднаш знаев дека нешто не е во ред, бидејќи беше офлајн што значи дека го исклучила телефонот или е онеспособен. Истото го констатиравме заедно со Зорица кога се најдовме пред зградата, Зорица ме праша дали да пријавуваме во полиција, и реков: ‘апсолутно пријавувај а во меѓувреме да се движине кон колата’. Кога стасавме кај колата, утрото беше ладно, минусни беа температурите, јас ја запалив колата и со прскалките ја одмрзнував. Зорица влезе во колата, мислам дека разговараше со колешката со која заедно оди на работа, и дека и рече да најде слика од Вања и веднаш да објави по социјалните мрежи. Со Зорица се упативме кај местото кај ‘Хаус Гарден’, бидејќи на ‘Партизанска’ не може да се запре возилото, влеговме во блокот од улички, кој што се наоѓаат под Партизанска а каде што последен пат телефонот на Вања емитувал сигнал. Тука излеговме од автомобилот, тоа беше една слепа уличка, Зорица се качи по скалите и искочи горе на ‘Партизанска’, а јас приметив веднаш од десната страна на возилото, напуштена куќа без прозорци и влегов внатре да ја пребарам. По извесно време, Зорица се симна кај колата, и ми се јавија од полиција да дојдеме да се вратиме пред зграда кај мене за да дадеме изјави. Се вративме пред зграда двајца полицајци, разговараа со нас, не се сеќавам што, бевме и двајцата избезумени, ги прашав дали пратиле екипи каде што Вања беше последен пат евидентирана. И тогаш Зорица ми кажа дека им се поклопува на Вања и Миња часот по физичко дека им е заеднички час, дека Миња ќе примети дека ја нема Вања, и реши она да оди да ја земе Миња и да соопшти а јас да се вратам на местото каде што веќе бевме со Зорица. Кога пристигнав таму, веднаш приметив полицајци во цивил беа, им пријдов, потврдија дека се полицајци, јас им кажав дека сум таткото, и заедно со нив барав, по соседните подземни гаражи и влезови. Таму веќе пристигнат и чичко и на Зорица, со точак, со насолзени очи, Зорица го известила, побарала помош од него, и тој ја пребарувал куќата. Ме праша ‘Саше што е работата?’. Му кажав Вања ја нема, ако не ја најдеме - мене ќе ме нема. Полицајците во цивил рекоа дека сѐ што можело да се пребара во околината е пребарано. Мене ми се вртеа во глава безброј сценарија. Едно од нив дека ја има удрено кола, и дека некој совесен возач ја ставил во кола и ја однел во болница. Имам братучед кој работи во ‘8ми Септември’, му вртев но не ми одговори. За кратко време ми се јави, ми кажа дека бил на визита, јас му објаснив што се случило и ми кажа веднаш да одам кај него. Oтидов пред боницата, инсистираше да влезам да ми даде нешто за смирување, ми кажа каде да се смирам. Влеговме во една просторија, каде проверуваше  по урегентитните центри дали утрината е хоспитализирано повредено девојче. Исто така се јавивме во Kлиниката на Водно, кај заеднички другар, и таму ни дадоа негативен одговор. Ја немаше никаде по болниците. Не ме држеше место, морав нешто да правам. Братучед ми инсистираше да останам таму, но не го послушав, излегов и влегов во кола. Наредно сценарио беше дека некои заостанати пијаници или наркомани, или дилери во Дебар маало, ја повлекле во кола се упатиле по Партизанска ја повлекле од лудило од каприц, и дека можеби ќе ја пуштат по пат. Исто така едно од сценаријата кое ми се моташе низ глава беше дека Вања е киднапирана и прво што ме фати страв е да не ја изнесат од државата. Од колата пред болницата почнав да вртам по телефони. Прво ми текна да се јавам кај секретарка кај поранешен функционер во полиција, за преку нејзе ги извести колегите на граничните премини да се проверуваат возилата. Таа не ми одговори веднаш, па свртев кај незиниот сопруг, кој е мој бивши колега од Фершпед, на кој му кажав дека ми се случува најлошата ноќна мора и дека за тоа ја барам неговата сопруга и таа подоцна ми се јави. Ми кажа дека е пренесено, да не се секирам од тој апсект, дека наводно на граничните премини имало и ренгени. Дека после нејзиното јавување ни мува нема да може да премине. Решив да тргнам кон преминот Блаце, така и ми беше наместана колата, свртев десно од 8ми Септември, па лево кај Палас, па дури и прекршок мислам дека направив, имаше голема гужва и свртев полукружно назад, па се вратив на претходно сценарио од Партизанска кон Ѓорче Петров дека некаде по пат ќе ја најдам. Од Ѓорче Петров се стори крајот на Сарај, затоа што во меѓувреме разговарав на телефон, на секои 2 минути вртевме со Зорица кај Вања, Зорица ги известила родителите. Почнав да добивам пораки на вибер групата. Имаше една порака, дека е паметно да се прегледуваат камери за патот кон училиште, тоа ми е виде многу пологично, од бесцелното возење, и тргнав накај Центар“.Адвокатот Владимир Туфегџиќ:  Каков беше односот на полицијата?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Со амонизитет. И сомнеж кон мене. Они тапкаа во место уште од самиот почеток, ми покажуваа слики од девојчиња, да потврдиме дали тоа е Вања, нѐ убедуваа дека не си го познаваме детето, дека Вања избегала, со некој дечко накај Тетово, дека се решила да помине пат од 4 илјади километри до Шведска кај другарче од платформата Дискорт, нѐ прашуваа колку станови имаме, не чие име се водат, колку возила поседуваме, а кога ќе споменавме дека Вања не е отидена по своја волја, во правец спротивен од училиштето појавува и агресија кон нас. Имаше еден инспектор, Владимир се викаше. Тој беше задолжен за распит на децата. Се наоѓавме во мојата кола, се враќавме од претходна посета кај мајка ми со Владимир бидејќи сакаа да го погледнат и тој стан, но одговорот дека тоа не Вања на сликата, ми се развика дека не можам да си го познаам сопственото дете, каков татко јас сум бил. Тоа било слика на некое девојче снимено од камера во некоја мобилара, и он беше убеден дека тоа е Вања, и отишла да си го поправа телефонот. Подоцна го приметив дека бара потврда и до Зорица по истата слика. Од комјутерот на Вања дознаа дека со другарче од платформата Дискорт разменувале мислења и ги споредувале Библијата и Куранот. Па нѐ убедуваа дека се регрутила наводно за ИСИС и отпатувала во Шведска. ИСИС-јас и не знам што е тоа. Еден од испекторите, Кире се викаше, зборуваше на дијалект од источна Македонија, на еден од долготрајните состаноци во полициска станица. Му се обратив со повисок тон, цитирам, на неговиот дијалект „Киднапирана е Кире, киднапирана е“. Не е по своја волја скршнала од патот кон училиште“.Ѓорчевски рече дека на еден од состаноците со полицијата: „испекторот Музафер ми рече ајде малку да се повозиме. Ме правеа ретардиран во целата таа ситуација, а да не зборам дека цело време во погрешна насока ја водеа истрагата. Што правиш, кај ги молиш да ти го најдат детето, да бидеш некултурен... му реков во ред“.Судијата даде пауза, па продолжува распитот од адвокатот Туфегџиќ.ПРЕТХОДНО:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-07-at-13.20.08

Таравари: Не сме добиле понуда од Вреди да се споиме во една партија, ако они одлучиме им го даваме името да го користат

Арбен Таравари, кој води дел од Алијансата на Албанците, вели дека не добил понуда од другите партии за да се спојат во еден политички субјект.„Јас немам информација, последен пат кога сме зборувале за ваква тема е јули или август минатата година. Ми се допаѓа идејата дека се угласиле, супер е тоа. Нас ни се допаѓа таа идеја. Нека продолжат што побрзо да се спојат, ние како Алијанса на Албанците не сме добиле ваква понуда. Ние имаме пет пратеници, ако се договориме тука сме да разговараме за такви теми. Јас се радувам кога 2-3-4 партии се спојуваат“, рече Таравари.Прашан дали преговарале со ДУИ, тој негираше.„Ние досега не сме имаме понуда од Вреди да бидеме една партија, ако имаме тоа ќе го разгледаме. Но и ако одлучиле досега, ние името им го даваме нека се викаат Вреди“, додаде Таравари.Според него, од Вреди добил ултиматум а не можност да разговараат. Тие му рекле дека тие четири партии одат во еден субјект, тој ако прифати ќе биде добро, ако не - ништо.

Македонија | пред 1 година

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Објавени новите цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,87 % во однос на одлуката од 1.04.2025 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,730%, кај дизелот за 1,046%, кај екстра лесното масло за 1,189% и кај мазутот намалувањето е за 1,815%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,4386%.Од 8.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 76,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 78,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 41,025 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,680 ден/кг и сега ќе изнесува 41,025 ден/кг.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Грабнување во Берово: ја земале вонбрачната сопруга на синот и со „ауди“ ја однеле на непознато место

На 06.04.2025 во 14.40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В.(59) од Делчево со употреба на сила ја земале 32-годишната вонбрачна сопруга на неговиот син и со патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки заминале од местото.За настанот бил известен надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

272767700_460595969108892_835185472485899042_n

Се зголемува капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина и гинекологија од 75 на 100 денари, додека за стоматологија од 61 на 75 денари

„Денес е Светскиот ден на здравјето, и пред да продолжам со главната тема упатувам искрена благодарност до сите лекари, медицински сестри, техничари, болничари, фармацевти, здравствени работници-луѓето кои без двоумење застануваат на првата линија во заштита на човечките животи“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Нивната посветеност, хуманост и стручност се едни од темелите на нашето општество.Здравјето е наша заедничка обврска, а Владата ќе продолжи да го зајакнува здравствениот систем, да вложува во услови, кадар и достоинство на сите здравствени работници.Драги пријатели,Денес на оваа прес-конференција со задоволство сакам да ви соопштам една добра вест за јакнење на столбот на здравствената заштита, за јакнење на примарната здравствена заштита во македонското здравство.Донесена е одлука за историско зголемување на капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април 2025 година.Зголемувањето на капитацијата на матичните лекари значи повисоки плати и помотивирани лекари.Согласно оваа одлука, вредноста на капитациониот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари, додека за стоматологија од 61 на 75 денари, што претставува зголемување од 33%, односно 23%. Ова зголемување доаѓа по повеќегодишна стагнација во периодот 2019-2022 година кога бодот изнесува 63 денари и 48 денари.Ако погледнеме наназад, од 2015 година до сега, капитацијата за општа медицина порасна од 50 на 100 денари-удвојување на вредноста за една деценија. За гинекологијата исто така имаме раст од 50 на 100 денари, додека за стоматологија од 35 на 75 денари, што е зголемување за 114%.Потценетоста на примарната здравствена заштита доведе до намалување на бројот на амбуланти во 2024 година во однос на 2023 година за 34 амбуланти по општа медицина и 24 по стоматологија, а над стотина помалку амбуланти по општа медицина има сега во однос на 2015 година. Посебно намалување има во руралните и помалите места, за кои уште во јануари се донесоа посебни мерки.Државата издвојува околу 4.5 милијарди за матичните лекари, гинеколози и стоматолози, а за ова зголемување ќе се издвојат околу 550 милиони денари или над 9 милиони евра.Ова зголемување ја покажува нашата посветеност да го подобриме статусот на матичните лекари и да обезбедиме поквалитетна здравствена заштита за сите граѓани. Со новото зголемување, просечниот износ по матичен лекар дополнително ќе се подобри, што значи и поголема мотивација и поддршка за нивната работа.Правиме максимум и се трудиме. Никогаш не е доволно и свесни сме за тоа, но правиме максимум да ги подобруваме и променуваме работите. Секој изминат ден секој наш чекор состанок е посветен на тоа да направиме нешто подобро.Оваа одлука е дел од нашата стратегија за унапредување на здравствениот систем, препознавајќи ја клучната улога на матичните лекари во превенцијата и лекувањето. Ви благодарам на довербата и поддршката. Заедно продолжуваме да градиме подобра иднина за сите!Се бориме за решавање на се повеќе напластени проблеми. Со секое решение покажуваме дека не отстапуваме од нашето мото и цел, а тоа е Македонија да биде повторно ваша!

Македонија | пред 1 година

13032025-Mickoski-1

Мицкоски по пожарот во „Пулс“: Ако цените дека јас треба да поднесам оставка од морални причини, немам проблем тоа да го сторам

Премиерот Христијан Мицкоски беше прашан дали јавноста може да очекува обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ да бидат и актуелни функционери и високо позиционирани лица во МВР, но и дали може да се очекува оставка од морални причини.„Истрагата ја води Јавното обвинителство, не ја води Владата, можеби тоа прашање ќе треба да го упатите до Обвинителство. Ако цените дека јас треба да поднесам оставка од морални причини, немам проблем тоа да го сторам. Ако е за другите, до нив ќе треба да ги упатите прашањата“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickokski-tramp

Царините кои ни ги воведе САД се резултат на некаква грешка, контактираме, очекуваме да излеземе од состојбава, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека работат на темата со царините, кои американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе за увозот од 180 земји, вклучувајќи ја и Македонија. За увозот од Македонија, Трамп одреди царина од 33 отсто.„Очекувам многу скоро да се корегира ова што очигледно е резултат на некаква грешка. Ние сме во дефицит во 2024 година, а тие кои се во дефицит немаат вакво зголемување на даноците. Во контакт сме со Амбасадата, со Министерството за економија.. Така што очекувам да се излезе од оваа состојба“, рече Мицкоски.Тој посочи дека ако земјите од ЕУ не го надминат ова со САД, ефектите по домашната економија ќе бидат поголеми.„Процесот е сензитивен, не би откривал ништо додека сѐ не се заврши. Додека не се заврши - нема ништо, кога ќе се заврши, ќе соопштиме“, додаде Мицкоски.Трговската размена меѓу Македонија и САД минатата година изнесувала 314 милиони долари, од кои што 118 милиони долари е извоз на Македонија.Трамп воведе царини од 20 отсто на земјите од ЕУ, како и 34 отсто на Кина. На Балканот, најголема царинска стапка отсега ќе има Србија – 37 отсто, по што следува БиХ со 35 отсто, додека Албанија и Косово ќе имаат по 10 отсто.Новите царински стапки треба да стапат во сила задутре.

Македонија | пред 1 година

mickoski-9-vlada

Ниту Таравари заминува, ниту Димитриевски доаѓа: Реконструкција на Владата нема да има пред локалните избори

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека нема да има реконструкција на Владата пред локалните избори. Ова доаѓа откако дел од медиумите објавија дека Максим Димитриевски се подготвува да биде нов министер за одбрана.Ова би значело дека и Арбен Таравари останува министер за здравство, наспроти информациите во јавноста дека тој ќе замине од функцијата.Претходно на ова прашање одговараше Изет Меџити од Вреди, кој рече дека реконструкција на Владата е возможна, но не е планирана.

Македонија | пред 1 година

IMG_6897

Уапсен 18-годишен штипјанец, возел со брзина од 114 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

На 06.04.2025 во 15.00 часот на улица „Железничка“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода И.П.(18) од Штип.„При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „ауди“ со брзина од 114 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, велат од МВР

Македонија | пред 1 година

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Загина малолетничка, уапсен возач на „голф“ - тешка сообраќајка во скопско Студеничани

На 06.04.2025 околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Патишка река - с.Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „мерцедес“, која била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде починала. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.Со телесни повреди се здобиле возачот Ф.А., сопатничката Р.А.(24) и уште една малолетна сопатничка, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, како и возачот У.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а У.О. бил лишен од слобода по член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

filipce

Филипче: Лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека може да живеат со 400 евра

Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека можат да живеат со 400 евра месечно, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес конференцијата по неговата победа на внатрепартиските избори.„Оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, за 10 месеци само покажа дека не знае, не умее, и што е најстрашно – не сака да се справи со реалните проблеми на луѓето. Понеспособна Влада државата немала никогаш досега. Нема ниту една област и сфера во којшто нешто добро се случува. Гледајте што се случува со платите на работниците, ги убедуваат дека можат да живеат со 400 евра месечно. Видете што се случува во земјоделството, сите субвенции се намалени. Видете какви катастрофални политики се воведуваат во образованието. Видете што се случува во здравството. Здравството е на колена.“, рече ФилипчеФилипче најави силна и консолидирана СДСМ подготвена за борба на сите нивоа: „Ќе бидеме гласни, ќе бидеме искрени и ќе покажеме дека постои алтернатива. Да ја вратиме државата на вистинскиот пат, за доброто на Македонија, за доброто на сите граѓани.?si=Nyyy0iK-JR8fB-VF

Македонија | пред 1 година

izet-m

Изет Меџити: Таравари гледа можност за соработка со ДУИ, треба да си ги расчисти дилемите, ама соработка со нив не е природна

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој е претседател на партијата Демократско движење, која е дел од Вреди, рече дека само Арбен Таравари размислува за соработка со ДУИ, но не и останатите коалициони партнери.„Односите се добри, комуницираме. Сите треба да имаат во предвид дека Вреди е коалиција која победи на минатите избори и ја донесе долгоочекуваната промена во албанскиот кампус. Работиме таа да се тера до крај и да го почувствуваат граѓаните. Вреди продолжува понатаму за сите сплотени политички субјекти да се претопат во Вреди како опција која ќе ги претставува Албанците на локалните избори. Сите ние немаме дилеми, единствениот кој има дилеми и кој гледа можност за соработка со ДУИ е господинот Таравари. Но мислам дека Вреди ги доби 107.000 гласови како контра-ДУИ. Таравари треба да си расчисти со дилемите. Ама Вреди и соработка со ДУИ - не е природно“, рече Изет Меџити.Тој рече дека Вреди ќе има еден кандидат, еден штаб, една листа на претстојните избори.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-07-at-11.02.04

Како руското нуклеарно оружје заврши на дното во Норвешкото Море

Руската подморница К-278 Комсомолец, уникатен проект на советската морнарица, потона на 7 април 1989 година во Норвешкото Море за време на својата трета оперативна патролна мисија во Арктичкиот Океан. Оваа нуклеарна подморница од класата „Мајк“ (според класификацијата на НАТО) беше позната по способноста да нурне до исклучителни длабочини, достигнувајќи рекордни 1020 метри во Норвешкото море во 1984 година.Несреќата што доведе до нејзиното потонување имаше сериозни последици, вклучувајќи ја и загубата на 42 од 69-те членови на екипажот, и остави прашања за нуклеарното оружје што сè уште лежи на дното на морето денес.Комсомолец беше дизајниран како експериментална подморница за тестирање на технологии за четвртата генерација советски нуклеарни подморници. Нејзиниот труп од титаниум и овозможи да работи на длабочини недостапни за повеќето подморници од таа ера.На 7 април 1989 година, додека пловилото се наоѓало на длабочина од 335 метри, на околу 180 километри југозападно од островот Мечки во близина на Норвешка, избувнал пожар во машинската просторија поради краток спој. Пожарот брзо се проширил низ каналите за кабли и покрај затворените водонепропустливи врати, што предизвикало губење на контролата врз садот. Подморницата успеала да излезе на површина и останала на површина околу пет часа, но на крајот потонала на длабочина од приближно 1,7 километри во Баренцовото Море.Пожарот предизвикал тешки услови на подморницата, а поголемиот дел од екипажот загинал поради изложеност на студ и доцнење со спасувањето. Од 69 членови на екипажот, 27 преживеале, додека 42 загинале, главно откако биле принудени да го напуштат бродот. Советската морнарица беше критикувана за бавниот одговор на кризата, што веројатно придонесе за големиот број жртви.Комсомолец носеше две торпеда со нуклеарен врв на својата последна мисија, заедно со нуклеарен реактор што ја напојуваше подморницата. Според информациите на англиската Википедија, потоната сè уште лежи на дното на Баренцовото Море, заедно со тие нуклеарни материјали.По потонувањето, Советскиот Сојуз, под притисок на Норвешка, спроведе истраги користејќи длабоки подморници од Келдиш за да ги лоцира остатоците и да го процени ризикот од истекување на радијација. Експедицијата во јуни 1989 година ја потврди локацијата на потонатиот брод, а советските власти тврдеа дека секое истекување е незначително и не претставува закана за околината.Меѓутоа, подоцнежните истражувања покажаа поинаква слика. Експедиција од 1994 година открила истекување на плутониум од едно од торпедата што носи нуклеарни боеви глави. Во јули 1995 година, бродот Келдиш се врати за да ги запечати пукнатините на трупот и да ги покрие нуклеарните боеви глави, а операцијата, завршена во 1996 година, беше прогласена за успешна.Се проценува дека мерките ќе обезбедат безбедност од радијација од 20 до 30 години, односно до периодот 2015-2025 година. Оттогаш, норвешките власти земаат годишни примероци од вода и почва во близина на потонатиот брод за да го следат нивото на радиоактивност. Во јули 2019 година, заедничка норвешко-руска експедиција откри „облаци“ од радиоактивен цезиум-137 што произлегуваат од вентилационата цевка на остатоците, потврдувајќи дека нуклеарниот материјал и понатаму е извор на контаминација.Според достапните податоци, нуклеарниот реактор и две торпеда со нуклеарни боеви глави сè уште лежат на дното на морето заедно со остатоците од Комсомолец. Иако нивото на радијација во непосредна близина на цевката за вентилација може да биде значително покачено, експертите, вклучително и норвешките истражувачи, велат дека радиоактивноста брзо се распаѓа во околното море и не претставува непосредна закана за рибарството или животната средина.Сепак, долгорочните ризици остануваат предмет на дебата, особено кога се приближува крајот на проектираниот „безбедносен период“ од 2015 до 2025 година, по што истекувањето може да стане посериозен проблем доколку не се преземат дополнителни мерки.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-17.57.07

Телото на Телото на Александар Карадакоски, 60-тата жртва од пожарот во Кочани донесено во Македонија, погребот ќе биде утре

Телото на Александар Карадакоски, 60-тата жртва од пожарот во Кочани, вчера е транспортирано во Македонија од Литванија, по што е пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција.Погребот на Карадакоски ќе се одржи утре (08 април) во 14 часот, а од 12 часот ќе биде изложено во градската капела во Кочани.Карадакоски по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани беше на лекување во Литванија. Здравствените влати во Македонија потврдија дека тој бил најкритичниот пациент со околу 35% изгореници од втор и трет степен на главата, вратот и рацете. На дишните патишта имал тешки изгореници од околу 90 проценти.Состојбата му се влошила на 1 април, Александар бил и на дијализа поради откажување на бурбезите. Почина на 4 април.Тој беше и осомничен како управител на хартија на дискотеката „Пулс“. Постапката за него е запрена, а осомничен тој сега е жртва на пожарот.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-39-6440PM

Од 2.553 казни изминатиов викенд, 543 се за брзо возење

Во петокот и во деновите од минатиот викенд (05.04 и 06.04) како резултат на активностите, односно сообраќајните контроли спроведени од полициски службеници на патиштата низ земјава, беа издадени вкупно 2.553 платни налози, повеќето по однос на прекршувања на одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.Притоа, заради непрописно паркирање беа изречени 545 прекршочни платни налози, и речиси исто толку, односно 543 прекршоци по основ на неприлагодена брзина на движење согласно пропишаната. Исто така евидентирани се и 150 прекршоци поради користење мобилен телефон при возење, 340 платни налози за некористење сигурносен појас како и 20 прекршоци по основ на неносење заштитен кацига при возење мотоцикл. Во посочениот период дури 252 учесници во сообраќајот се затекнати без возачка дозвола, 104 лица управувале под дејство на алкохол, седум минале на црвено светло, а санкционирани се и 12 пешаци.Инаку според Законот за возила од сообраќај вкупно биле отстранети 81 возило, од кои 28 заради техничка неисправност, а 58 затоа што не биле регистрирани.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 1 година

aleksandar-gjorcevski-vanja-tatko

Таткото на Вања ќе сведочи како трагал по ќерка му, за да го убеди судот дека не помагал на групата на Палчо

Таткото на Вања, Александар Ѓорчески, обвинет за помагање на групата која ја грабна неговата ќерка, ќе сведочи пред судот. Тој ќе даде своја одбрана, а ќе го испрашуваат неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ, обвинителките, судот. Тој ќе треба да објасни што правел критичните денови кога неговата ќерка ја немало, како и да ја сузбие теоријата на Обвинителството дека дал информации кога убиеното девојче ќе излезе од дома, за да може да биде киднапирана. Со овие тврдења, обвинителките тргнаа да докажуваат вина кај Ѓорчевски, иако во текот на судењата сите обвинети кажаа дека не го познаваат, ниту имале контакт, а ниту слушнале Палевски да има контакт со него. Обвинението за него, дојде и по тврдење на еден инспектор кој бил вклучен во потрагата, дека Ѓорчевски се однесувал „чудно“ и дека постојано велел дека неговата ќерка е киднапирана.На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Македонија | пред 1 година

tramp

Црн понеделник на азиските и европските берзи; Аналитичар: Ова е шок каков што досега не сме виделе

Откако американскиот претседател Доналд Трамп најави глобално воведување царини, европските лидери не чекаа долго да одговорат. Брисел веќе објави царини од 25 отсто за американскиот алуминиум и челик, а најверојатно ќе следат дополнителни мерки.Актуелната ситуација за ХТВ ја коментираше економскиот аналитичар Дејан Ковач.- Никој нема волшебно стапче да ги предвиди дневните осцилации, но сигурно е дека трендот на намалување постои, рече Ковач, нагласувајќи дека пазарот секојдневно реагира на нови информации, особено сега кога главна тема се тарифите.Тој објасни дека негативните очекувања може дополнително да ги намалат инвестициите на компаниите и потрошувачката на граѓаните, што ќе донесе кон поголеми можности за рецесија.- Веќе сме на 40 проценти од рецесиските очекувања. Ако надминеме 50 проценти, пазарот ќе се однесува како веќе да е почната рецесија, предупреди тој и посочи дека овој трговски штрајк не е како претходните билатерални царински војни.- Ова е шок за глобалните синџири на снабдување што досега не сме го виделе - рече тој и додаде дека ефектите ќе бидат различни во зависност од секторот: автомобилската индустрија, на пример, ќе биде повеќе погодена од некои други сектори.Тој се осврна и на секојдневните производи како кафето и рече: „Кога ќе го погледнете фактот дека Колумбија, Виетнам и Бразил се погодени од царините, невозможно е тоа да не влијае на цената на кафето што го пиеме секој ден“.Коментирајќи ги проценките на Трамп за царинските приходи, Ковач беше скептичен.- Тие предвидуваа од 500 до 700 милијарди долари приход, но моите проекции покажуваат дека ќе биде меѓу 200 и 400 милијарди. И тоа нема да биде доволно за покривање на буџетскиот дефицит од 1,8 трилиони долари, нагласи тој.Среде напливот на берзи ширум светот, Доналд Трамп рече дека тарифите се прекрасна работа: „Имаме огромни финансиски дефицити со Кина, Европската унија и многу други. Единствениот начин на кој овој проблем може да се излечи е со царини, кои сега носат десетици милијарди долари во САД. ќе го свртат, и еден ден луѓето ќе сфатат дека царините за Соединетите држави се прекрасна работа“.На светските девизни пазари, американскиот долар благо ослабе во однос на кошничката валути во понеделникот, додека цената на нафтата дополнително нагло падна, откако минатата недела потона за повеќе од 10 отсто.Поради царинската војна, која минатата недела ја иницираше американскиот претседател Доналд Трамп со најавата за драстични царини за увоз во САД, светските берзи не стивнуваат.Во понеделникот околу 07:00 часот индексот MSCI на азиските берзи беше во минус од 7,5 отсто. Во исто време, цените на акциите на берзите во Австралија, Јужна Кореја, Шангај, Јапонија и Хонг Конг потонаа меѓу 4 и 10,7 отсто.Американските фјучерси Dow Jones, S&P 500 и Nasdaq исто така се во минус - меѓу 2,5 и 4 проценти - што најавува дополнителен остар пад на цените на акциите на Волстрит попладнево.Понатамошен пад се очекува и на европските берзи, откако минатата недела индексот STOXX 600 на најважните европски акции потона за повеќе од 8 отсто.Идниот FTSE индекс на Лондонската берза моментално е во минус од 2,6, а франкфуртскиот DAX за 4 отсто.Ова е последица на ескалацијата на царинската војна, со оглед на тоа што Кина одговори со иста мерка на американските царини.Оваа ескалација на царинската војна меѓу двете најголеми светски економии може да предизвика прекини во синџирите на снабдување и меѓународната трговија, зголемување на инфлацијата и забавување на растот на глобалната економија, па дури и рецесија.

Свет | пред 1 година

bangkok-zemjotres

Расте бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар, сега e над 3.500 лица

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар пред десет дена се искачи на најмалку 3.515, а 210 лица се уште се водат како исчезнати, покажуваат податоците што во понеделникот ги објави војската на Мјанмар.Повеќето од жртвите се во и околу Мандалеј, вториот по големина град во Мјанмар. Таму загинаа повеќе од 2.100 луѓе.Продолжувањето на работата на спасувачките служби го отежнуваат обилните дождови и ветрови кои ги оштетија шаторите и теренските болници на меѓународните тимови. Метеоролозите предупредуваат на можност од поплави и одрони поради претстојната врнежлива сезона.Властите прогласија крај на операциите за пребарување и спасување и го пренасочија својот фокус на извлекување и расчистување на остатоците. Извештаите укажуваат дека мртовечниците се преполни и масовно кремирање се врши на отворено, јавува ДПА.Во многу погодени области, смрдеата на трупови е во воздухот, што го отежнува престојот на хуманитарните работници и жителите. Поради многуте последователни земјотреси, дел од жителите се плашат да се вратат во своите домови, па спијат на отворено.Покрај новите земјотреси, состојбата ја загрозува и честото губење на интернетот, што ја прекинува комуникацијата и воздушната координација.Во делови од Мјанмар ситуацијата е катастрофална. Весникот Иравади пишува дека повеќе од 80 отсто од инфраструктурата на Сагаинг Сити е уништена.Хуманитарната ситуација останува тешка, пред се за ранливите групи во таа земја погодени од внатрешни конфликти.

Свет | пред 1 година

vucic-mandator

Ендокринологот Ѓуро Мацут е мандатар за состав на новата српска влада

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на прес конференција соопшти дека мандатaр за состав на новата Влада на Србија е Ѓуро Мацут.@Донесувам одлука за предлог на кандидат за претседател на Владата на Република Србија. Точка 1. На Народното собрание на Република Србија му го предлагам за кандидат за претседател на Владата на Република Србија професор д-р Ѓуро Мацут. Точка 2. Доставете ја одлуката до Народното собрание на Република Србија. Точка 3. Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното објавување на Републичкиот весник на Србија. Сметам дека професорот д-р Ѓуро Макут поседува професионални и лични квалитети, посветеност и експертиза за извршување на функцијата премиер и ме увери дека може да обезбеди избор на влада. Новиот премиер на Република Србија ќе продолжи да спроведува програми насочени кон подигање на животниот стандард на сите граѓани, проекти во областа на здравството, образованието, науката и технологијата, како и во други области од значење за иднината на Србија и нејзиниот напредок на европскиот пат, притоа зачувувајќи и дополнително унапредувајќи ги традиционално добрите односи и соработка со пријателските земји во светот. Пред премиерот е задача да ја реализира специјализираната светска изложба ЕКСПО 27 Белград, која во голема мера ќе ја претставува инвестициската основа во мандатот на новата влада“, рече Вучиќ.Професорот д-р. Ѓуро Мацут е роден во Белград, а дипломирал, магистрирал и докторирал на Медицинскиот факултет во Белград.Рокот за формирање на нова Влада е 18 април на полноќ, а доколку тоа не се случи, претседателот на Републиката е должен да го распушти Собранието и да распише избори, кои, според законот, би се одржале на почетокот на јуни.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-04-06-at-21.17.50

Филипче по победата во СДСМ: Почнуваме со анкети за локални, но и борба со најнеспособната Влада

Старо-новиот претседател на СДСМ, Венко Филипче, се заблагодари за довербата на членовите и посочи дека се подготвуваат за локалните избори, како и за борба со Владата. Тој посочи дека Владата е неспособна, а за локалните избори најави лица кои ќе имаат кредибилитет.„Ова не е само моја победа, туку заедничка победа, на сите членови на СДСМ кои искрено веруваат во правичноста, напредокот, еднавкоста. Тоа што добив дупло повеќе гласови од претходниот пат е потврда дека нашата интензивна работа дава резултат. Ова е доказ дека изборниот процес не е технички организиран, туку членовите веруваат во нашите политики. И така ќе продолжиме, секојаидеја ќе биде добро анализирана, скеој ќе биде слушнат, а ако е добра ќе биде вградена во нашите политики“, рече Венко Филипче, реизбраниот претседател на СДСМ.Тој рече дека првата борба се локалните избори, па најави дека почнуваат со анкети помеѓу членството, но и граѓаните. Прашан дали ќе има коалиција со ДУИ, Филипче рече дека засега немаат разговори.„Во следниот период почнува сериозната припрема за локалните избори. Ќе ги избереме луѓето кои најдобро ќе нѐ претстават, луѓето кои ќе имаат кредибилитет да излезат во своите средини, пред своите пријатели и познаници, луѓе на кои ќе може да се верува дека ќе ги исполнат програмите. Ќе се бориме во многу општини со политичкиот противник ВМРО-ДПМНЕ. За жал, нивните градоначалници не ги водат општините како што треба, нема проекти за доброто на граѓаните. Тоа го гледаме преку Градот Скопје, видете на што ни личи метрополата. Нема редовен превоз, нема чисти улици, нема проекти“, рече Филипче.Посочи дека втората тешка борба е борбата со Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН, ЗНАМ.„Понеспособна Влада државава немала никогаш до сега. Затоа имаме обврска кон граѓаните да покажеме дека сме спремни, дека умееме и знаеме да се бориме за доброто на државата, дека ќе ја вратиме на европскиот пат. Нема ни една област и свера во која добро се случува“, додаде Филипче.Тој и порача на Владата дека СДСМ е силна, спремна и консолидирана, дека се враќаат на победничите патеки.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-06-at-21.13.59

Филипче добил 18.001 глас за претседател на СДСМ, немало никој против, а има 139 неважечки ливчиња

18.140 члена гласаа за нов претседател на СДСМ, со единствен пријавен кандидат, актуелниот лидер, Венко Филипче. Тој добил 18.001 глас, а имало 139 неважечки ливчиња, соопшти Бранко Георгиевски – претседател на Централната изборна комисија од партиското седиште, по што ова беше поздравено со долг аплауз.„Му честитам претседателот Венко Филипче за четири годишниот мандат“, рече Георгиевски.

Македонија | пред 1 година

cedomir-jovanovic-03-Tanjug-Dimitrije-Goll_1000x0-1

Чедомир Јовановиќ повикан во полиција

Претседателот на Либерално-демократската партија (ЛДП) Чедомир Јовановиќ е повикан во полиција откако денеска во студиото на ТВ Танјуг изнесе неколку детали за инцидентите на протестот на 15 март, а меѓу другото и дека во градското собрание на Белград имало 200 вооружени лица кои ги донел ракометарот Владимир Мандиќ.Лидерот на ЛДП доби СМС-порака во која го поканува од Секторот за внатрешна контрола на МВР да го контактира само заради дискусија за неговото гостување на ТВ Танјуг.,, Со задоволство. Нема да се откажеме никогаш, а ни тогаш”, одговорил Јовановиќ на СМС поканата да се јави во полициска станица.

Свет | пред 1 година

sneg-straza

(Видео) Снег низ Скопје во април: еве како е на Водно, Стража и Маврово

На повисоките места, како и скијачките центри, од попладнево вее снег. На дел од местата, има и формирана снежна прекривка. Па така, снег има на падините на Водно, каде и натаму се формира снежна прекривка.На превојот Стража, треба да се вози внимателно. Иако се чисти, снежната прекривка се формира брзо. Возачи јавуваат дека има и пролизгување поради ниските температури и заледување на асфалтот.Истите препораки важат и за патот кон и од Маврово.Од 15:25 часот поради обилни врнежи од снег, е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Македонија | пред 1 година

snimk2.01_33_38_26.Still003

(Видео) Диви трки во Скопје вчера во Скопје, полицијата одзеде 10 возила

На 06.04.2025 во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Трета македонска бригада“, се одвиваат т.н. диви трки со патнички моторни возила кои предизвикуваат голема бучава.„Веднаш по пријавата од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што истите се сопрени и привремено се одземени 10 патнички моторни возила поради основано сомнение за техничка неисправност на возила“, велат од МВР.Истите ќе бидат однесени во станица за технички преглед каде од страна на стручни лица ќе се утврди дали возилата се технички исправни и дали ги исполнуваат условите за учество во сообраќајот.Еве ги сите одземени возила:

Скопје | пред 1 година

puls-8

Состобата на повредените од дискотеката во Кочани: Непроменета е состојбата на критичните пациенти, надвор од Македонија се лекуваат 68 пациенти

Од Министерството за здравство излегоа со информација за повредените во дискотеката “Пулс” во Кочани.Во целост:Во моментот во медицинските центри надвор од државата се лекуваат 68 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана и својот медицински третман го продолжува во друга држава каде лицето има здравствено осигурување.Најавени се неколку исписи за пациенти за наредниве денови, по финализирање на постапката со протоколите.Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.Во клиниките во Скопје се лекуваат 11 пациенти, од кои шест во Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски", двајца на Клиниката за токсикологија, останува еден пациент на Клиниката за пластична хирургија, каде тројца се испишани на домашно лекување и двајца во ,,Систина".Секојдневно ја следиме состојбата со повредените пациенти и продолжуваме со информирање на јавноста на дневна основа, обезбедувајќи најдобра здравствена нега и грижа за сите пациенти.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања