Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2021-09-26-at-11.57.30

Изминатиот викенд казнети 2045 возачи, 637 за брзо возење

Во деновите од изминатиот празничен викенд (08/09.03.2025) како и во петокот (07.03.2025), сублимираните статистички бројки од преземените сообраќајни контроли во поглед на спроведувањето на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила на патиштата низ земјава, покажуваат дека во викендите и натаму нивото на сообраќајна култура, совесност и одговорност е под задоволителните критериуми.И овој пат во рамки на посочените денови евидентиран е релативно поголем број издадени платни налози 2045, во која што бројка предничат прекршоците по основ на возење со брзина поголема од дозволената 637, потоа неправилно паркирање 393 прекршоци. За возењето без возачка дозвола изречени се 225 мерки како и возење под дејство на алкохол 146 санкции.Инаку во сообраќајните контроли полициските службеници во 115 случаи издале прекршочни платни налози заради некористење сигурносен појас, 56 санкции за користење на мобилен телефон при возење, како и 35 мерки за возачи на мотоцикли поради некористење заштитна кацига, 14 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).Покрај ова, а согласно Законот за возила од сообраќај биле исклучени 58 нерегистрирани возила и 12 технички неисправни возила.Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност, а континуирано се реализираат и превентивни активности низ сите сектори за внатрешни работи во насока на укажувања и апелирања до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Македонија | пред 1 година

Ana-Cupeska

Чупеска: Уставниот поредок на удар, неместо реформи власта право упад во правосудството

„Оваа прес конференцијата ја посветуваме на одбрана и на заштита на уставниот поредок на нашата држава. Не делат само 24 часа од еден од најголемите упади на една власт во трета независна власт чија самостојност е гарантирана со УСТАВОТ“, вели Ана Чупеска - потпретседателка на СДСМ и додава:Наместо неопходни реформи ќе бидеме сведоци на операционализција на еден груб, и многу нападен удар врз правосудниот систем кои ќе се одвива во законодавниот Дом.Преку незаконската интерпелација на поединечните членови на судскиот совет за која нема ниту законска можност ниту пак ќе има правно дејство.Вака како што е поставена оваа интерпелација е школски пример за директно и грубо кршење на уставниот принцип за владеење на правото и за поделбата на власта на законодавна, извршна и судска.Власта предводена од Мицковски само ја демонстрира својата злонамера за целосна партизација и политичка контрола врз правосудната власт.Наместо, да ја гарантира нејзината незавиност.Тоа е отров, високо токсичен отров за демократските принципи и вредности, затоа што претставува отворен и пакосен влез во авториратирам.Гледаме како власта ја упорно сака да ја демонтира секоја инстицтуционална брана од авторитаризам, преку нелегалните и неуставните постапки, преку исилените и силеџиски разрешувања, преку сатанизации и јавни линчувања на судии, на обвинители.Таа, всушност подготвува терен за своите послушни инсталации.Брзањето со интерпелациите на членовите на Судскиот совет, на ваков начин, во услови кога се подготвува нов закон за ова тело, ги обелоденува вистинските намери на власта.Намери кои не поврзани со реформските процеси туку со воспоставување целосна партиска контрола.Да беше намерата за суштински реформи немаше вака на сила и спротивно на закон да се турка.Зошто не почека власта да се финализира новото законското решение и во нормална и редовна постапка се избере пакет на нови членови, согласно новото законско решение?Зошто упорно ги игнорира постоечките законски одредби и извршната власт, на чело соПремиерот се става над уставот и над законите?Затоа што јасна е намерата да нема никакви реформи туку инсталирање на партиски лојалисти во правосудните органи.Ова не е случајност.Станува збор за смислен, ситематичен и координиран напад врз правосудниот систем.Ако Судскиот совет биде срушен на ваков начин, следни се судиите што не се по волја на власта. Потоа ќе следуваат и нарачни пртесуди, како што сме гледале во минатото.Ако обвинителот биде сменет на ваков начин, без почитување на законите, следни ќе бидат сите што не се подготвени да работат по инструкции на Мицкоски.Во таа смисла, ужасни, невидени до сега, се изјавите на премиерот во врска со судството кои не може да ги сместиме никаде освен во дијапазонот од скандалозно до шокантно.Замислете, премиерот ноншалатно, но крајно деспотски, си изјавува дека ќе му зададе удар во чело на судството.Изјавите пак дека ќе се игнорира мислењето на Советот на јавни обвинители во врска со разрешувањето на Републичкиот јавен обвинител, се исто така фрлање на шок бомби.ВМРО-ДПМНЕ сака тотална контрола.Токму затоа се брзаат, токму затоа го игнорираат законот и токму затоа СДСМ никогаш нема да го поддржи ова насилно уништување на правната држава и на уставниот поредок.Ние и стручната јавност ваквите појави ги сметаме за неприфатливи, оти јасно е дека се спротивни на Уставот и на Законите, на демократскиот поредокДраги новинари и граѓани,Оваа власт нема решение за реформи во правосудството.Таа само ги проектира своите интерни манири на авторитаризам и апсолутизмот кои го спроведува во својата партијата спрема државата.Згора на тоа, сега истата проекција ја насочува и спрема третата, СУДСКА власт, која мора да биде независна. Тие, бахато и силеџиски сакаат и неа да ја узурпираат, да го инфицираат.На најгруб и превратнички начин.СДСМ во претстојниот период, јасно и недвосмислено ќе се спротивстави на овие насилнички и недемократски дејствија.Наместо ваквото недемократско однесување, ние бараме за судските реформи да се создадее национален консесус и да се осигура темелен реформиски процес во правосудните органи.Ги повикуваме сите политички партии, сите засегнати страни да се вклучат во процес кој ќе овозможи суштинска а не примитивно водена, половична и персонализирана, партиско-лојалистичка квази реформа.Ние ќе продолжиме да се бориме за вистински и суштински реформи во правосудството, кои ќе ја гарантираат неговата независност и ефикасност.Затоа, НАЈВАЖНО, бараме од власта веднаш, да престане со овие незаконски и неуставни дејствија.Да се спроведат вистински реформи, во согласност со препораките на меѓународните институции, и да ги следи чекорите предвидени во Планот за Раст, оние од Оценската Мисија, укажувањата на ММФ.Во овие процеси мора, повторувам, мора да се штити и гарантира Уставот – посебно начелата за поделбата на власта и владеење на правото.Конечно, ова не е битка за неколку членови на Судскиот совет – ова е битка за зачувување на демократијата и уставниот поредок.

Македонија | пред 1 година

rusija-ukraina-4

Украинците во текот на ноќта соборија 130 од вкупно 176 беспилотни летала

Во својот вообичаен дневен билтен на Телеграм, воздухопловните сили на Киев објавија дека Русија лансирала 176 беспилотни летала во текот на ноќта, од кои украинската противвоздушна одбрана пресретнала и соборила 130. Други 42 беспилотни летала биле изгубени или урнати на отворени области.Од друга страна, Москва објави дека во текот на ноќта соборила девет украински беспилотни летала, три над регионот Самара, по два над регионите Воронеж и Ориол и по еден над Белгород и Курск.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-02-19-at-18.11.52

Украински пратеник за изјавите на Трамп: „Преживеавме многу војни, па ќе ја преживееме и оваа“

Јулија Сирко-Клименко, член на украинскиот парламент, изјави за Скај њуз дека Украина се плаши од претстојните мировни преговори во Саудиска Арабија, опишувајќи ја нејзината земја како „линија на фронтот за Европа“.Украинска делегација утре во Ријад ќе се сретне со американската делегација за да разговара за потенцијалниот мировен договор со кој би се ставила крај на војната во Украина. Сирко-Клименко изрази надеж дека Вашингтон потоа повторно ќе почне да споделува разузнавачки информации и нагласи дека ова е најтешкиот удар што го претрпеа Украинците минатата недела.- Можеме да преживееме извесно време без американско оружје, но не можеме без разузнавање. Ни требаат за противвоздушна одбрана. Ни служи за заштита на цивилите, а не на фронтот. Се надеваме дека повторно ќе имаме разузнавачки информации и тоа ќе биде главна точка на дискусија во Саудиска Арабија.Таа ги коментираше и изјавите на Доналд Трамп, кој на Фокс њуз рече дека „Украина можеби нема да преживее дури и со помош на САД“.- Нашата земја преживеа многу војни, така што ќе ја преживееме и оваа. Проблемот е колку животи, невини цивилни животи ќе изгубиме. Тоа е главното прашање. Никој нема да престане да се бори.

Свет | пред 1 година

0964BAC4-1A3C-40D7-9AAE-CF47671F6FE0_1_105_c

Русија протера две лица поврзани со британската амбасада

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека на две лица поврзани со британската амбасада во Москва им е наредено да ја напуштат земјата поради разузнавачки активности, јави руската државна новинска агенција ТАСС.ТАСС ја цитираше ФСБ дека и двете лица намерно дале неточни информации за себе при влегувањето во Русија и дека и двете покажале, како што рече безбедносната служба, „знаци на разузнавачка активност и саботажа“ што ја загрозува руската национална безбедност.Наводно се работи за втор секретар на амбасадата и сопруг на првата секретарка.Тие мора да ја напуштат земјата во рок од две недели, пренесе ТАСС.Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека повикало претставник од британската амбасада во Москва.

Свет | пред 1 година

sednica-co-sdsm-4

За еднодневна екскурзија СДС потроши над 100 илјади евра, наместо да манипулира, да кажат од каде им се овие пари?, бара ВМРО-ДПМНЕ

„За да ја покријат својата аздисаност СДС бара теми таму каде што ги нема“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:И ваквото лажење и манипулирање на јавноста, СДС свесно го прави.СДС добро знаат дека договор за паркингот во Клинички нема.Но, што и да направи, колку и да манипулира и да дезинформира, СДС не може да го покрие фактот дека пред два дена, за еднодневна екскурзија во Струмица платиле над 100 илјади евра.Затоа, наместо да манипулира со јавноста за непостоечки теми, ги повикуваме СДС прво да одговорат колку чинеше саботната журка под превезот за 8 Март и од каде им се парите за да ангажираат 60-тина автобуси и комбиња, кои за Струмица возеа празни?СДС да одговори, дали партиската собиранка во саботата во Струмица, беше платена со украдените пари на двоецот Заев-Филипче?Или пак, од парите од фотоволтаиците на Ковачевски, а можеби и од парите од провизиите од Ковид вакцините на Филипче?Ова се дилемите на кои СДС час поскоро треба да даде одговори пред македонската јавност, пред било што друго да каже.

Македонија | пред 1 година

image-225149

Почина Милан Кубин, еден од најдобрите македонски кик боксери

Почина Милан Кубин, еден од најдобрите македонски кик боксери. Тој беше македонски репрезентативец во кик бокс и член на од кик бокс клубот Гладијатор од Скопје.Кубин е освојувач на повеќе признанија и медали на домашни и интернационални натпревари, меѓукои сребрениот медал на кик бокс Европското првенство во Лутраки, Грција пред осум години. Беше прогласен за најдобар спортист на Град Скопје во 2016 година.Негови колеги и фанови се простуваат од него на социјалните мрежи.

Македонија | пред 1 година

bosna-1

Страшно злосторство во Босна и Херцеговина: По неколкудневна забава, млад човек убил врсник и пробал да му го распарчи телото, пишуваат медиумите

Тешко убиство извршил во неделата млад човек во градот Високо кај Сараево, кој потоа се обидел да ја распарчи својата жртва и на тој начин да ги прикрие трагите на злосторството, објавија во понеделник локалната полиција и медиумите.Младиот човек идентификуван од медиумите како Дино Бахтовиќ (24) е уапсен откако полицијата добила информација дека е извршено убиство во стан во населбата Високо, Лука.-Полициски службеници го лишиле од слобода лицето Д.Б., роден 2001 година од Високо, поради сомнение дека сторил кривично дело убиство, изјави портпаролот на полицијата Самир Валентиќ, додавајќи дека се прибираат потребните докази.Осомничениот, како што појаснија истражните органи, по кривична постапка ќе биде предаден на Зеничко-добојското обвинителство, кое ќе ја продолжи истрагата.Според достапните информации, убиецот и жртвата се познавале, а убиството е извршено по неколкудневна „журка“ во која учествувале и двајцата. Порталот „Дневни аваз“ како можна причина за конфликтот кој заврши со брутално убиство ја наведува кавгата за девојка.Убиецот, наводно, се обидел да го распарчи телото на жртвата по злосторството, а деловите од телото планирал да ги отстрани така што ги спакувал во куфер за потоа да ги фрла.Тој беше повреден во процесот и мораше да добие лекарска помош по неговото апсење.

Свет | пред 1 година

vucic

Вучиќ за демонстрантите: „Каде и да одат јадат само прасиња, свињите се плашат од геноцид“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера ја посетил Бела Црква, место во Војводина. Тој се осврнал на неодамнешните настани во Петтата белградска гимназија, каде што директорката им забранила на учениците и наставниците да влезат во зградата, освен ако таа лично не ги повика да дојдат.Учениците потоа одржале протест против неа, а во еден момент, на вратата од нејзината канцеларија бил залепен сендвич.„На тоа се смееја разни будали. Разни будали уживаа на социјалните мрежи и тоа јавно. А јас, нема да верувате, не можев да спијам две ноќи поради тоа“, рекол Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.„Не затоа што има некакви безбедносни импликации или не знам што. туку затоа што се запрашав: „Што ќе правиме утре?“ Сето ова ќе помине. Што и да планираат да направат со насилство, нема да направат ништо освен што некои од нив ќе бидат уапсени за насилство и ќе си го уништат животот“, додал српскиот претседател и повторно се обратил:„Па јас вас ве прашувам, како ќе ја погледнете таа жена, како вашите родители ќе се осмелат да ја погледнат таа жена во очи и да кажат: „Ти си бот, ти си сендвичарка“ или не знам што“, нагласил тој.Потоа ги прашал насобраните поддржувачи како да ги нарекуваат студентите кои протестираат.„Како да ги наречеме? Прасечка или јагнешка бригада, бидејќи каде и да одат, јадат само прасиња. Кога и да пристигне овој протестен туризам, во кој град и да се сели, свињите и прасињата штрајкуваат насекаде и се плашат од геноцид. Дали треба да ги нарекуваме така? Не, ние не го правиме тоа. Да, нашите јадат сендвичи. Нормалните луѓе јадат сендвичи, што е проблем околу тоа?“, прашал Вучиќ.

Свет | пред 1 година

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Големиот шумски пожар над беровско е ставен под контрола - гори на уште девет локации

Големиот шумски пожар над беровското с. Двориште е ставен под контрола.„Инаку, во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имаше вкупно 62 пожари на отворен простор врз кои дејствуваа локалните противпожарни единици. Од нив 9 останаа активни во текот на ноќта и сеуште се активни иако со смален интезитет. Од вкупниот број на пожари на отворен простор 6 се шумски пожари“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.Шумски пожари на ден 09.03.2025 година, (недела).1.Во правец Ресен спрема с.Евла (Општина Ресен) - запалена ниска вегетација и грмушки, смрека и мал дела од букова шума.2.Помеѓу ресторан „Чифлик“ и с. Брусник (Општина Битола) - пожар на шума (гореле овошки).3.М.в. Кобел кај с. Алданци (Општина Крушево) - запалена ниска вегетација, трње и нискостеблеста дабова деградирана шума.4.с. Сладуево (Општина Демир Хисар) - запалена сува трева и шума.5.Планината Oгражден над с.Сушица (Општина Ново Село)- папрат, смрека и млада дабова шума6.С.Кованец (Општина Гевгелија) пожар на шума

Македонија | пред 1 година

policija_filipini_4364

Филипинските власти ќе распоредат 7.000 полицајци за да го уапсат поранешниот претседател

Филипинската национална полиција (ПНП) ​​е во состојба на висока готовност и се подготвува да распореди илјадници полицајци за да го уапсат поранешниот претседател Родриго Дутерте, откако Интерпол издаде црвено известување, дознава Манила Тајмс од сигурен извор.Извор запознаен со безбедносните подготовки рече дека најмалку 7.000 полицајци ќе бидат мобилизирани за да го бараат и уапсат поранешниот водач, кој е под истрага од Меѓународниот кривичен суд за илјадници смртни случаи поврзани со неговата војна против дрогата.Според изворот, безбедносните сили ќе ги обезбедат главните влезни точки низ целата земја, вклучително и поморските пристаништа и аеродромите, како подготовка за враќањето на Дутерте од Хонг Конг. Сепак, напорите за негово апсење ќе се фокусираат на Метро Манила и Давао, неговата родна провинција, според The ​​Manila Times.Бројот на полицајци што треба да бидат распоредени, наводно, е двојно поголем од минатогодишната потрага по основачот на Кралството Исус Христос (KOJC), Аполо Киболој. Висок полициски функционер, кој побара анонимност, го потврди ова распоредување.

Свет | пред 1 година

kina-2

По сериозна криза со глад, Кина се соочува со сосема нов проблем: „Воведете вага, дури и во хотелите!“

Кинеската влада има за цел да се справи со дебелината кај нејзината популација од 1,4 милијарди, вклучително и повеќе од 50 отсто од возрасните со прекумерна тежина.„На некои „другари“ им е тешко да ја контролираат својата тежина, имаат прекумерна тежина, па дури и страдаат од хронични болести“, рече министерот на Националната здравствена комисија Леи Хаичао на прес-конференција во неделата во Пекинг на маргините на Националниот народен конгрес.За да се спротивстави на ова, медицинските институции треба да шират повеќе здравствени информации за гојазноста во наредните години, рече министерот.Предвидено е и формирање на амбулантски советувалишта.Хотелите треба да се охрабрат да ги опремуваат собите со вага како стандард за да можат деловните луѓе и другите да ја следат нивната тежина.Борбата против дебелината е релативно нова работа за Кина, земја која доживеа сериозни кризи со глад во средината на минатиот век.Во соопштението за печатот минатата година, објавувајќи ги првите мултидисциплинарни упатства за дебелината во земјата, здравствените власти признаа дека „Кина се бореше да го нахрани своето огромно население со векови“.Неухранетоста, а не дебелината, беше главниот проблем пред реформите и отворањето на економијата во доцните 1970-ти, се вели во извештајот.Но, зголемените стандарди го променија тоа.Сега, хроничните болести како што се дијабетес и кардиоваскуларни болести се голема закана за кинеската популација и се тесно поврзани со начинот на живот, рече Леи.И изгледите не се добри.Додека Здравствената комисија објави дека од 2020 година, повеќе од половина од возрасните во земјата биле со прекумерна тежина, до 2030 година ова може да се зголеми на 65,3%.

Свет | пред 1 година

Germanija-eksplozija

Откажани над 3.400 летови, околу 510.000 патници не можат да патуваат: Почна штрајкот во Германија

Синдикатот Верди започна предупредувачки штрајк на 13 германски аеродроми. Вработените во јавните служби на аеродромот, копнениот транспорт и воздушното обезбедување штрајкуваат од полноќ, потврди синдикатот.Здружението на германски аеродроми (ADV) веќе во петокот објави откажување на повеќе од 3.400 летови и околу 510.000 погодени патници. Штрајкови ги погодија аеродромите во Франкфурт, Минхен, Штутгарт, Келн/Бон, Дизелдорф, Дортмунд, Хановер, Бремен, Хамбург, Берлин-Бранденбург и Лајпциг-Хале. На аеродромите во Везе во Долна Рајна и Карлсруе/Баден-Баден, на штрајк се повикани само вработените во областа на безбедноста на воздухот.Верди веќе во голема мера го парализираше аеродромот во Хамбург на почетокот на празничната сезона со неочекуван штрајк за одржување на авионот во неделата.Вработените на погодените аеродроми кои се опфатени со колективниот договор за јавни услуги се повикани на штрајк во понеделник, како и околу 23.000 вработени во копнените услуги на главните германски аеродроми. Верди на тој начин сака да му даде поголемо значење на барањето за зголемување на платите за осум отсто, или најмалку 350 евра.Дополнително, Верди ги повика вработените во безбедноста на воздушниот сообраќај да излезат на еднодневен штрајк. Станува збор за вработени кои контролираат патници, персонал, стоки и товар или работат во сервисни области. Верди преговара со здружението на работодавачи БДЛС за нов рамковен колективен договор кој би ги подобрил условите за работа на професионалците за воздухопловна безбедност.Синдикатот сака да го зголеми притисокот врз работодавачите. Следната рунда преговори е закажана за 26 и 27 март 2025 година. Федералната асоцијација на компании за безбедност на авиокомпании (BDLS) силно ги критикуваше штрајковите, сметајќи ги како доказ за „претерувања на синдикатот“.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-06-at-16.36.30

ССМ е партиски огранок на СДС, а Трендафилов претседател на општински штаб, чекаат од партија да им кажат што да бараат, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ССМ е партиски огранок на СДС, а Трендафилов претседател на општински штаб, чекаат од партија да им кажат што да бараат“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Слободан Трендафилов е незаконски претседател на ССМ, го узурпирал местото со помош на СДС, за сега да мора да слуша и исполнува се што ќе му се каже од Бихаќка.Првин СДС излегува со партиски соопштенија и предлози, па потоа ССМ со барања, па втор пат ССМ излегува со барања, па СДС ги поддржува. Синергија како помеѓу партиски органи.Целта е една и единствена, креирање забуна во јавноста и осакатување на развојната политика на владата.Планот не им успеа затоа што СДС преку Сања Лукаревска призна дека се координирани со ССМ и дека одржуваат заеднички состаноци. Сите лаги им излегоа на површина.

Македонија | пред 1 година

mijalkov-cavkov

(Видео) Митко Чавков почна да го растура МВР, Оливер Спасовски го дорастури, вели ексначалникот и командантот Станковски

„Митко Чавков почна да го растура МВР, Оливер Спасовски го дорастури“, вели Антонио Станковски, поранешен командант на Воена полициа и ЕБР, ексначалник на специални единици, поранешен втор човек на „Волци" во поткастот „Претрес со Ландов“. Тој за првпат и ексклузивно сподели нечуени информации и антитерористичките акции во Македонија.„Директорот Чавков бил во Струмица, крикот на војната не го осетил. И доаѓа во МВР, после акцијата 'Бродец' и е началник на Секторот за субивање на организиран криминал. За по одредено време, станува шеф, над мене. Тие непријатели кои јас ги направив луѓе, за да мене ми ја скратат моќта, тие мене ме обвинија дека сум крадел кашкавал. Јас ако правам нешто командант, јас ќе правам станови и дуќани. Чавков има бизниси, јас немам“, рече Станковски.Откако ќерката на Чавков, Зорица, искоментира за време на поткастот, Станковски и посочи да го повика на кафе, за да и каже што правле татко и. Според Станковски, тој со Чавков имал одлична соработка, додека тогашниот директор на БЈБ, не почнал да брка вработени од МВР.„Хеликоптерот што пaдна во Струмица, кој е крив? Погинаа четири пилоти, 10 милиони хеликоптер, кој не можеш да го купиш, чекаш на ред со години. А сега и не можеш, со комлетна опрема од Израел. Кој е крив? Не бев јас директор, беше Митко Чавков. Дали нешто му фалеше? Бидејќи екипата што ме нападна кај Мијалков а тој ја водеше, ме направи дека местам тендери, крадам кашкавали, али сите муабети кај Мијалков, кај Јанкулоска, кај Радникот, што јас сум кажал, што ми одговориле, ги имам запишано“, додаде Станковски.За војната во 2001: упад Арачиново, „Планинска бура" во Бродец, „Монструм" ка Смилковското Езеро, „Диво Населье" во Куманово, Планот за расформираье на ЕБР, нечуени детали за безбедносниот систем:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-06-at-16.07.19

Мицкоски и Таравари се препелкаат во лаги – зошто веднаш не ја отфрлаат штетната понуда на Ѓока констракшн?, вели СДСМ

„Не е јасно кој повеќе лаже – дали Мицкоски или Таравари – во однос на случајот со паркингот на Клиничкиот центар“, вели СДСМ и додаваИзјавите на Таравари и Мицкоски за давањето на паркингот на Клинички на стопанисување на „Ѓока Констракшн“, со што 99% од добивката ќе оди кај албанската компанија, а само 1% ќе остане за државата, се контрадикторни и јасно укажуваат на тоа дека зад оваа зделка се крие сомнителен договор.Прво, како е можно Таравари да тврди дека договорот ќе биде на 7-8 години и дека потоа Клиничкиот центар нема да биде таму, кога само пред неколку недели Владата потврди дека нов Клинички центар нема да се гради? Тоа значи дека Клиничкиот центар ќе остане на истата локација. Зошто Таравари ја лаже јавноста и се обидува да ги ублажи критиките со вакви изјави? Ова јасно покажува дека тој добро знае дека договорот е штетен, но сака да помине што полесно во јавноста.Понатаму, дали Мицкоски намерно остава простор за потпишување на договорот кога вели: „предвид ја земаме тендерската спецификација и, се разбира, фирма што нема кредибилитет, нема бонитет, ниту технички карактеристики, нема да биде избрана и тука сето тоа завршува“? Дали тоа значи дека, ако фирмата има бонитет и кредибилитет, овој скандалозен договор треба да се потпише? Зошто Мицкоски не го отфрли веднаш, туку се двоуми? Дали и тој е дел од целата оваа зделка?Дополнително, како е можно тендерската процедура да е завршена, а сè уште да не се знае дали фирмата ги исполнува критериумите за бонитет, кредибилитет и реноме? Што правеле во Министерството за здравство за време на тендерската постапка? Зошто Владата не ја објави физибилити студијата? Што крие? Владата мора да го објави и официјалниот повик за тендерот – ако договорот сè уште не е потпишан, јавноста треба да види како точно било формулирано барањето од Министерството за здравство и дали веќе во оваа фаза се подготвувал овој штетен договор.СДСМ бара:Итно објавување на повикот од страна на Министерството за здравство.Итно објавување на физибилити студијата според која е распишан тендерот.Целосна транспарентност за тоа дали штетниот договор со „Ѓока Констракшн“ бил однапред подготвуван.Ова не смее да биде забошотено!

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-10-at-09.02.30

(Видео) Украинците нападнаа една од најголемите руски рафинерии

Украинските сили рано утринава ја нападнаа нафтената рафинерија Новокуибишевск во руската област Ростов, објави на Телеграм шефот на Центарот за спротивставување на дезинформации при Националниот совет за национална безбедност и одбрана Андреј Коваленко, а пренесува Укринформ. Како што се дознава, рафинеријата има годишен капацитет од 8,8 милиони тони, што ја прави една од десетте најголеми такви капацитети во Русија. Објектот произведува широк спектар на нафтени продукти, вклучително и бензин, дизел гориво и масло за греење, од кои сите се критично важни за транспортот и воената опрема, истакна Коваленко. Тој додаде дека објектот е од стратешко значење за руската војска бидејќи обезбедува стабилно снабдување со гориво за континуираните воени напори против Украина. Како што претходно објави Укринформ, во раните утрински часови во саботата, 8 март, беспилотни летала управувани од украинското одбранбено разузнавање го нападнаа претпријатието Киришнефтеоргсинтез во руската област Ленинград.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-29-at-19.41.02

Јужнокорејски извори известуваат: „Северна Кореја истрела балистички ракети од брегот“

Северна Кореја истрела повеќе неидентификувани балистички ракети од нејзиниот западен брег во понеделникот, соопшти јужнокорејската војска, додека САД и Јужна Кореја ги започнаа годишните заеднички воени вежби.Проектилите биле истрелани кон морето од западниот брег околу 13 часот и 50 минути по локално време, се вели во соопштението на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја (JCS).Јужнокорејската војска го зголеми надзорот и будноста, велат тие.Севернокорејските државни медиуми ги критикуваа годишните заеднички воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја кои започнаа во понеделникот, велејќи дека тие ќе ја влошат ситуацијата на Корејскиот полуостров.Заедничките воени вежби, наречени Штитот на слободата, треба да траат до 20 март и имаат за цел зајакнување на подготвеноста за закани како Северна Кореја, соопшти претходно јужнокорејската војска.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-21-at-15.47.36

Трамп: Продолживме да испраќаме разузнавачки информации

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД наскоро ќе продолжат со испраќање разузнавачки информации во Украина, откако пред неколку дена одлучија да го суспендираат. Американските новинари во неделата го прашаа дали ќе размисли за укинување на суспензијата, на што Трамп одговори:- Скоро сме таму, скоро сме таму.Тој исто така рече дека очекува добри резултати од претстојните разговори со украинските претставници во Саудиска Арабија.- Многу луѓе загинаа во Украина оваа недела, не само Украинци, туку и Руси. Мислам дека сите сакаат да се договориме.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-9970PM

​​​​​Странска приватна компанија ќе профитира од лекувањето на македонски граѓани во македонски државни клиники, вели Левица

„Додека македонските граѓани се борат со ниски плати, високи животни трошоци и проблеми во здравствениот систем, Владата решава да ја предаде контролата врз витално важен јавен простор на приватен инвеститор од Албанија. Според оваа срамна и скандалозна одлука, македонските граѓани се принудени на странско приватно лице да му плаќаат пристап до македонски државен здравствен клинички центар. Накратко, албанска приватна фирма со коруптивни скандали, ќе изнајмува македонски простор во македонски клинички центар на македонски граѓани - за личен профит. И тоа им е овозможено од македонската Влада“, вели Левица и додава:Ова не е само прашање на паркинг простор; ова е прашање на суверенитет и способноста на државата да управува со сопствените ресурси. Овој паркинг не е обичен комерцијален простор – тој е од клучно значење за пациентите, нивните семејства и медицинскиот персонал. Наместо да се најде одржливо, системско решение кое ќе биде во корист на граѓаните, се оди кон долгорочна концесија што може да ја доведе во прашање пристапноста и ценовната политика на овој простор.Јасно е дека оваа одлука не е во интерес на граѓаните, туку во интерес на бизнис-елитите кои повторно гледаат можност за профит на грбот на оние граѓани на кои им е потребна медицинска помош. Загрижувачки е што вакви стратешки јавни услуги сè почесто завршуваат во рацете на приватни компании, и тоа странски, што создава ризик од потенцијална финансиска оптовареност за граѓаните. Ваквите одлуки мора да се преиспитаат бидејќи Клиничкиот центар треба да остане простор каде приоритет се здравствените услуги, а не профитните интереси.Левица ги нуди следните предлог-решенија:• Враќање на паркингот под државна контрола – Паркингот треба да го стопанисува јавно претпријатие, кое ќе обезбеди фер и транспарентна употреба на паркинг-просторот,• Контрола на паркингот за да се спречи злоупотреба – Да се воведе електронска регистрација за пациенти и здравствени работници, со што ќе се спречи користење на паркингот за лични потреби од луѓе кои не се посетители на Клиничкиот центар,• Разумни цени – Наместо да им се дозволи на приватните компании да воведуваат астрономски цени, паркингот треба да биде достапен и пристапен за сите пациенти, а приходите да се реинвестираат во здравствениот сектор.Клиничкиот центар е место каде здравјето е приоритет, и затоа е неопходно да се осигура дека сите граѓани имаат еднаков и фер пристап до потребните услуги, без дополнителен финансиски товар во корист на приватни лица со желба и амбиција за лесен профит.

Македонија | пред 1 година

napad-ukraina

Украинците се соочуваат со катастрофа во Курск, Русите: „Ја пробивме линијата!“

Руските сили направија дополнителен напредок во регионот Курск во понеделникот како дел од големата операција чија цел е да принудат илјадници украински војници да го напуштат западниот руски регион или да се предадат, објавија проруските воени блогери.Украинските трупи зазедоа околу 1.300 квадратни километри од руската област Курск во август во обид да добијат моќ во идните преговори и да ја принудат Русија да ги пресели силите од источна Украина, како што го опишува Киев.До средината на февруари, Русија врати најмалку 800 квадратни километри територија во Курск и во последните денови започна голема повеќестрана офанзива што се заканува да ги прекине линиите за снабдување на Украина и потенцијалните патишта за повлекување.Воениот блогер „Ту мајорс“ изјави дека руските сили ја расчистиле населбата Ивашковски и дека руските трупи напредуваат кон таканаречениот „котел“ во Курск од најмалку седум правци.Јуриј Подољака, проруски воен блогер роден во Украина, рече дека има проблеми да ги следи настаните бидејќи рускиот напредок бил толку брз и украинските единици сега биле заробени во неколку џебови во Курск.„Во текот на изминатите четири дена, руските војници исчистија толкава територија во регионот Курск колку што некогаш не можеа ниту за неколку месеци“, проценува рускиот блогер Рибар, близок до Министерството за одбрана.„Првата линија е пробиена“, тврди Рибар, додавајќи дека Русите се концентрирани на пресекување на главните патишта кои водат од Курск до Украина.Руските сили во неделата повторно зазедоа уште три населби во Курск.Рускиот напредок во 2024 година и промената на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп кон Украина и Русија ги поттикнаа стравувањата кај европските лидери дека Украина ќе ја изгуби војната и дека Трамп и го врти грбот на Европа.Соединетите Држави ја прекинаа воената помош и размената на разузнавачки информации со Украина овој месец, откако средбата меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски на 28 февруари заврши со грди зборови пред светските медиуми.Зеленски во неделата рече дека добил извештај од неговиот врховен командант, Олександр Сирски, за операцијата Курск. Тој не откри повеќе детали.

Свет | пред 1 година

Foto-3

И Пендаровски од СДС забега, се сврте против САД и се занимава со рекла-кажала муабети, вели ВМРО-ДПМНЕ

СДС си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава, вели ВМРО-ДПМНЕ и додаваОсвен нивните аналитичари, сега и Стево Пендаровски од СДС, а воедно и поранешен претседател на државата предложен од СДС, кој на последните избори изгуби со историски низок резултат, покажа дека се сврте заедно со СДС против стратешкиот партнер на Македонија, САД.Ова говори дека СДС и на планот на меѓународната политика лажеле дека САД е стратешки партнер или дека сега целосно забегале.Стево Пендаровски уште еднаш и покажа на јавноста дека е само аналитичар, поточно импровизатор и оговарач.Ни помалку ни повеќе, во своето појавување во јавноста по десет месеци откако беше сменет од граѓаните почна да раскажува приказни и да оговара, односно што би рекол народот да се занимава со рекла-кажала муабети.   И не само што се занимава со озборување, тој влезе и во зоната на недозволено однесување кога станува збор за дипломатија и меѓународна политика. Па така, Пендаровски од СДС говореше како разбрал за време на средби со дипломати што се зборувало со владини претставници нешто што е национален интерес на Македонија. Со ова Пендаровски од СДС влезе и во сферата на откривање на државни позиции.Исто како неговата СДС и Пендаровски треба да се освести и како поранешен претседател да престане да се однесува како личност која анализира и оговара.Ако СДС и Пендаровски не и помагаат на Македонија, барем нека не и одмагаат!

Македонија | пред 1 година

Milos-Vucevikj

(Видео) Јајца и свирежи за добредојде на српскиот премиер Вучевиќ

Српскиот премиер Милош Вучевиќ, денеска во посета на Нови Бечaј, беше пречекан од група незадоволни граѓани со свирежи и јајца.На социјалните мрежи, беше објавено видео како Вучевиќ доаѓа во салата во Нови Бечај во придружба на бројно обезбедување.Двајца од обезбедувањето застанаа пред Вучевиќ, но се пазат да не бидат погодени со јајца.„Јајца за добредојде. Ликовите од обезбедување ги држат рацете на пиштолите. Мора да е прекрасно да си вака сакан”, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.

Свет | пред 1 година

motor-18-

Малолетник управувач мопед, заврши со тешки повреди на Клинички во Скопје откако се судри со “ВМВ”

На 08.03.2025 година во 14.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат село Брвеница – село Челопек се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од село Челопек, тетовско и мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Милетино, општина Брвеница.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот, кој го управувал мопедот и неговиот малолетен сопатник од село Милетино, а констатирани во Клиничка болница Тетово, по што повредените биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од надележен ЈО и увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-7280PM

Трагична несреќа во Охрид, едно лице загина

На 08.03.2025 година во 13.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат од Св.Наум кон Охрид, кај населбата „Рача“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „Кавасаки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц.(26) од Охрид и патничко возило „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(76) од село Враништа, струшко.Во несреќата на лице место починал мотоциклистот Ј.Ц. констатирано од страна на ИМП. Извршен е увид од надлежен ЈО и увидна екипа од СВР Охрид, а телото на починатиот било предадено на обдукција.

Охрид | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања