Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
1 мес.
media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

Под знак прашалник стартот на „Сејф сити“: ДУИ го блокира законот со бадентеровото мнозинство

Под знак прашалник е дали од 1 февруари ќе започне примената на системот „Сејф сити“ за автоматско казнување на возачите, како што најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, откако во Собрание на Македонија сè уште не е обезбедено потребното двотретинско и бадентерово мнозинство за усвојување на измените на Законот за прекршоците.Опозициската ДУИ, предводена од Али Ахмети, засега не дава поддршка за законските решенија предложени од владејачкото мнозинство, а без гласовите на оваа партија не може да се обезбеди мнозинство од припадниците на заедниците, што е уставен услов за нивно донесување.Претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг изјави дека меѓу пратеничките групи сè уште нема договор за измените на Законот за прекршоците. Според него, доколку се постигне политички договор, измените веднаш ќе бидат ставени на дневен ред на пленарна седница. Гаши посочи дека на досегашните координации немало суштински забелешки за содржината на законските решенија, туку дека станува збор исклучиво за прашање на политички договор меѓу пратениците.Со предложените измени се предвидува прекршоците евидентирани преку камерите на „Сејф сити“ да се доставуваат по електронски пат, односно преку СМС порака или електронска пошта до сопственикот на возилото. Во известувањето ќе има линк преку кој ќе може да се преземе записникот за сторениот сообраќаен прекршок и прекршочниот платен налог. Доколку во рок од 24 часа по првото известување сопственикот не го отвори линкот, ќе следи второ известување, а рокот за преземање на документите ќе изнесува осум дена. По истекот на тој рок, доставата ќе се смета за уредно извршена, дури и ако документите не се преземени. Законот предвидува и можност доставата да се врши преку дигитална апликација, согласно важечките прописи.Покрај електронската достава на казните, со измените се воведуваат и построги санкции, меѓу кои трајно одземање на возилото за возачи фатени под дејство на алкохол или дрога, како и одземање на возачката дозвола. Сепак, без обезбедување на потребното парламентарно мнозинство, почетокот на примената на „Сејф сити“ останува неизвесен.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarymu6ojdu8al5063F6xNX

Алиу-Андоновска: Обезбедени 7.500 вакцини против Хепатитис Б, наменети за здравствени работници

Министерот за здравство Азир Алиу и директорката на Институт за јавно здравје, Марија Андоновска, денеска одржаа заедничка прес конференција по повод потпишување договор за донација од страна на Министерството за здравство на Институтот за јавно здравје на 7.500 вакцини против Хепатитис Б, во вкупна вредност од 123.450 американски долари, кои се наменети за здравствените работници.-Станува збор за конкретна превентивна мерка за намалување на изложеноста на ризици по здравјето на вработените во здравствениот систем, притоа истовремено засилувајќи ја и сигурноста кај пациентите. Со овие количини ќе бидат опфатени 2.500 здравствени работници, со три дози вакцина по лице. Вакцинацијата ќе се спроведува во Институтот за јавно здравје и во Центрите за јавно здравје. Нашата одговорност како институционални носители на здравствените политики е да создадеме услови  здравствените работници да не бидат оставени сами во ризиците кои ги носи извршувањето на нивните обврски, како што  е контактот со крв и телесни течности, повреди со остри инструменти и слично. Вакцините се обезбедени од „Project HOPE“ - меѓународна невладина организација за глобална здравствена и хуманитарна помош, на кои им се заблагодарувам, истакна министерот Алиу во обраќањето.Тој посочи дека во рамки на заложбите за овозможување едноставен и достапен процес на вакцинација, Министерството за здравство подготви електронски модул за изразување интерес за вакцинација, кој е достапен на веб-страниците на Министерството за здравство и на Институтот за јавно здравје.-Денес обезбедуваме и дополнителна поддршка за Институтот за јавно здравје за засилување на биосигурноста. Станува збор за авионски и бродски транспортни кутии за инфективни материјали, со што овозможуваме побезбедно постапување и транспорт на инфективни материјали согласно протоколите, додаде министерот.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryv68ahl5v8n7m7GaTJzx

Швајцарски суд го продолжи притворот на сопственикот на барот во кој загинаа 40 лица

Судот во Швајцарија нареди продолжување на притворот за еден од сопствениците на барот во луксузното скијалиште Кран-Монтана, каде што во пожар што избувна за Нова година загинаа 40 лица, објави денеска СРФ.Обвинителството на кантонот Вале уште во петокот нареди притворање на ко-сопственикот на барот, Жак Морети, по неговото сослушувањето и сослучувањето на неговата сопруга Џесика, а се чекаше судска одлука дали притворот е оправдан.Брачниот пар изразил жалење поради трагедијата и изјавил дека целосно ќе соработува со истрагата. Обвинителството засега не ја коментира судската одлука. Двајцата се осомничени за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност.Во катастрофалниот пожар за време на новогодишната прослава животот го загубија 40 лица, од кои мнозинството беа тинејџери, а повредени се уште 116 лица. Првичните резултати од истрагата укажуваат дека пожарот го предизвикале прскалки кои ја запалиле звучно-изолациската пена поставена на таванот од подрумот.Неговата сопруга и ко-сопственичка Џесика, која по сослушувањето била пуштена на слобода, потврдила дека во барот се користеле прскалки. „Секогаш додаваме прскалка кога сервираме шише вино во салата за јадење“, им изјавила таа на обвинителите. Истражителите дополнително проверуваат дали во барот имало противпожарни апарати и дали излезите биле во согласност со прописите.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryqlvl9dht1apaeMC5OOl

Уапсено лицето го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници денеска го лишија од слобода 54-годишниот Ш.А. од Скопје, осомничен дека го оштетил стаклото на влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во главниот град.Како што информира Министерството за внатрешни работи, приведувањето било извршено денеска во 12:40 часот на улицата „Кирил и Методиј“, од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар. Според полицијата, Ш.А. се сомничи дека вчера, на 11 јануари 2026 година, го извршил оштетувањето на објектот на бугарската дипломатска мисија во Скопје.Од МВР наведуваат дека веднаш по пријавувањето на инцидентот биле преземени интензивни мерки и активности за идентификување и пронаоѓање на сторителот, по што лицето било приведено.По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Двајца малолетници од Скопје уапсени откако со мотор удриле во полицаец

На 09.01.2026 во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје. При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди. Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library8lu9400p2q5f1UrOiPN

„Двете кандидатки не ги предложив затоа што се жени, туку заради нивната стручност и компетентност“, претседателката Силјановска Давкова за предложените членови на Судскиот совет

„Судскиот совет е рентгенот, микроскопот, во него треба да седат луѓе кои ќе треба да оценуваат врз основа на тоа што го имат како квалификација, но и врз основа на интегритетот и дигнитетот. Во правото најважни се законитоста, уставноста, етиката, бидејќи само таков орган ќе може да одлучува за дисциплинска одговорност, за избор на судии, разрешување судии.“Со оваа порака, претседателката Гордана Силјановска Давкова ја објасни логиката зад нејзините предлози за нови членки на Судскиот совет, кои денеска ги образложи пред пратениците во Собранието.Таа ги предложи Алинда Кадри Шакиновиќ и Сузана Јошевска – Анастасовска, нагласувајќи дека изборот е направен исклучиво врз основа на стручноста, компетентноста и личниот кредибилитет.„Од дискусиите овде, и не само овде туку во јавноста општо, јасно беше дека Судскиот совет стана фактор на криза во судството. Двете кандидатки не ги предложив затоа што се жени, туку пред се заради нивната стручност и компетентност“, рече Силјановска Давкова.Според неа, реформите во правосудството не можат да дадат резултат доколку не започнат токму од телото кое има надлежност да одлучува за избор, оценување и одговорност на судиите.„Ако во Судскиот совет регрутираме луѓе посветени на правото, луѓе стручни и компетентни во областа, мислам дека тоа ќе значи промовирање на исти критериуми и при изборот на судиите, одговорноста на судиите и се разбира, очекувам нешто што додека бев пратеничка не го видов – да добиваме извештаи од Советот што ќе бидат аргументирани, во кои не само што ќе се детектираат проблеми туку и начини за нивно надминување, извештаи кои ќе значат исчекор во реформите“, изјави таа.Претседателката посочи дека професионалноста без етика не е доволна и дека независното судство може да се гради само врз комбинација од знаење, интегритет и одговорност.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library6efq0kjcbkvhb5r16Wx

Кучиња од Албанија со ушни маркици најдени на улица во Скопје, тврди Анима Мунди

Нашето здружение на терен пронајде кучиња со ушни маркици од Република Албанија, на улица во Скопје, факт кој отвора исклучително сериозно прашање за нелегален, па дури и прекуграничен транспорт и напуштање на животни, реагира денеска Анима Мунди. Истовремено алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага за сериозни индиции за организирано внесување и дислоцирање на кучиња во град Скопје, појава што веќе директно ја загрозува јавната безбедност, благосостојбата на животните и самото владеење на правото.Во општина Карпош, во изминатите денови, се појави нова глутница кучиња - животни кои се целосно непознати за локалното население, кои не се дел од постоечката улична популација и кои се појавија буквално преку ноќ. Станува збор за нестерилизирани и необележани кучиња, што јасно укажува дека ова не може да биде природен прираст, туку насилна дислокација.Јавно и одговорно тврдиме дека станува збор за организирано внесување кучиња, затоа што ЈП „Лајка“ нема оставено, ниту пак има испуштено ваква бројка нестерилизирани и необележани животни на ниту една локација во Скопје. Граѓаните со години ги познаваат кучињата во своите маала - овие животни не се нивни. Дополнително, нашето здружение на терен пронајде кучиња со ушни маркици од Република Албанија, на улица во Скопје, факт кој отвора исклучително сериозно прашање за нелегален, па дури и прекуграничен транспорт и напуштање на животни.БАРАМЕ целосна проверка на сите безбедносни камери, јавни и приватни, на локациите каде кучињата се појавиле, како и на сите влезно-излезни правци кон Скопје.Бараме МВР и Јавното обвинителство да утврдат кој, како и од каде ги транспортира и истовара овие животни, затоа што ова не е изолиран чин, туку логистички организирана активност.Масовното напуштање и дислоцирање на кучиња претставува суровост, но и сериозна општа опасност. Затоа Анима Мунди одамна бара измена на законската рамка. Поднесовме конкретни предлози за измени на Законот за заштита и благосостојба на животните, со кои бараме најстрого регулирање на сопствеништвото на кучиња, како и предлог-измени на Кривичниот законик со кои напуштањето миленик, суровоста и предизвикувањето општа опасност ќе се третираат како кривични дела, по примерот на Република Хрватска.Истовремено упатуваме јавен и итен повик до ЗЕЛС - ова прашање мора да се отвори и дискутира на ниво на сите градоначалници. Секоја општина мора да ја третира проблематиката со уличните кучиња хумано и согласно закон: со масовна стерилизација, јасна евиденција и најстроги санкции секаде каде што ќе се утврди доказ за масовно дислоцирање.Јасно укажуваме: ниту Лајка , ниту било кое јавно претпријатие, НИТУ СТО ЛАЈКИ не можат да го решат овој проблем во услови на институционална инертност и толерирање на криминал. Ова не е проблем на една општина. Ова е системска злоупотреба и мора да биде санкционирана. Бараме истрага, одговорност и итни мерки веднаш и насекаде за да се фатат сторителите и најстрого одговараат, согласно закон!

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library8em3b8601fju3ZE1TSO

Палевски се жали од судијата кој го осуди на доживотна робија

Љупчо Палевски – Палчо, кој првостепено е осуден на доживотна казна затвор за грабнувањето и свирепите убиства на тинејџерката Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, поднел претставка до Судскиот совет, жалејќи се на, како што навел, тоа што судијата Ивица Стефановски, предолго ја пишувал писмената пресуда, која сега е во рацете на Апелација.Претставката на Палевски се најде на дневен ред на денешната седница на Судскиот совет, но по разгледувањето, членовите ја отфрлија како неоснована. Во неа, осудениот изразил незадоволство и од постапувањето на судијата Ивица Стефановски.Судијата Стефановски, пак, доставил писмено изјаснување до Судскиот совет во кое навел дека станува збор за исклучително сложен предмет, со обемен доказен материјал, бројни сведоци и повеќе обвинети, но и дека имал проблеми со здравјето па отсуствувал од работа.Паралелно со оваа постапка, Палевски по изрекувањето на доживотната казна затвор поднесе и жалба до Апелациониот суд во Скопје, со која бара да биде ослободен од вина или предметот да се врати на повторно судење. Жалбата ја поднел неговиот бранител, адвокатот Јовица Страшевски, кој во јавноста тврдеше дека во првостепената постапка биле направени сериозни процесни пропусти.Според одбраната, дел од доказите наведени во пресудата воопшто не биле изведени на главната расправа, а на одредени места, како што тврдат, судот се повикал на искази на обвинети како доказ, што, според нив, е правно недозволиво. Адвокатот најави дека на јавна седница пред Апелациониот суд детално ќе ги образложат овие наводи, особено несогласувањата во временските рамки и логичките противречности во пресудата.Судија-известител за предметот во скопска Апелација е Ѓоко Ристов, а предметот веќе е доставен на мислење до Вишото јавно обвинителство Скопје. Жалба на првостепената пресуда поднесе и Јавното обвинителство, но во делот што се однесува на ослободителната одлука за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој беше ослободен од обвинението за помагање при грабнувањето.Во првостепената пресуда, судот на Палевски и на Манев, Видевски и Кешишев им изрече по 10 години затвор за кривичното дело грабнување на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и доживотна казна затвор за двете убиства. Иако пресудата беше донесена, мотивите за злосторствата што ја потресоа јавноста во 2023 година и понатаму не се целосно разјаснети.Се очекува Апелациониот суд во наредниот период да закаже јавна седница, по која ќе одлучи дали ќе ја потврди првостепената пресуда, ќе ја укине и ќе наложи повторно судење или ќе донесе поинаква одлука.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryh7vu6v5hhldf6K6TAnh

Муцунски: Инцидентот со бугарската амбасада е изолиран, институциите реагираат брзо и ефикасно

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остро го осуди инцидентот со оштетувањето на стаклото од влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, оценувајќи дека станува збор за изолиран настан, на кој институциите реагирале навремено и ефикасно.„Секој чин во таква форма ќе го осудиме. Според првичните информации, станува збор за изолиран инцидент, создадена е некоја материјална штета која не е во огромен обем. Без разлика на тоа, го осудуваме максимално инцидентот. Министерството за внатрешни работи дава максимум за истрагата. Оттаму треба да побарате информации. Институционално, има брз и ефикасен одговор“, изјави Муцунски.Тој нагласи дека државата не може да превенира секој поединечен кривично-правен настан, но дека одговорноста на институциите е јасна и недвосмислена.„Да, се работи за инцидент кој го осудуваме, но ние не можеме да го контролираме секој кривично-правен настан. Нашиот одговор е веднаш да го осудиме настанот, а институциите да го расветлат случајот“, додаде министерот.Изјавата на Муцунски доаѓа по инцидентот што се случи на 11 јануари, кога, според МВР, непознато лице оштетило стакло на влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, по што веднаш биле преземени мерки за идентификување на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
IMG_6897

Струмичанец со автомобил удрил во полицаец, оти се обидел да го легитимира, па го бркале до патарина

Шеесет и осумгодишен жител на Струмица е лишен од слобода откако со возило удрил полициски службеник и го напуштил местото на настанот на наплатна рампа кај Миладиновци, информираат од Министерството за внатрешни работи.Од МВР соопштија дека на 11 јануари 2026 година во 18:40 часот, на наплатната станица Преод, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.П. (68) од Струмица. Приведувањето следело по настан што се случил околу 17:50 часот на наплатната станица Миладиновци, кога полициски службеници сопреле патничко возило „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.П., со намера да извршат легитимирање.Според информациите од полицијата, наместо да постапи по наредбите, возачот го стартувал возилото и удрил еден од полициските службеници, по што го напуштил местото на настанот. По преземените мерки и активности, тој бил пронајден и приведен на друга наплатна станица.Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните органи.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryfdvu0vbd3h6l2aFFODu

Обид за грабеж во Кисела Вода, приведени лица за дрога и пријавен физички напад во трговски центар

Во текот на ноќта и денот меѓу 11 и 12 јануари 2026 година, на подрачјето на Скопје биле пријавени повеќе одделни инциденти, за кои Министерството за внатрешни работи информира дека се преземаат мерки за нивно целосно расчистување.Од МВР соопштија дека на 12 јануари 2026 година во 01:26 часот во СВР Скопје било пријавено оти околу 01:05 часот, на бензинска пумпа на подрачјето на Кисела Вода, две лица со закани кон вработениот се обиделе да одземат пари. Според пријавата, обидот за грабеж не бил успешен, а полицијата работи на утврдување на идентитетот на сторителите и на сите околности поврзани со настанот.Во друг случај, во периодот од 11 кон 12 јануари, полициски службеници од СВР Скопје, на различни локации во градот, ги лишиле од слобода А.Д. (20) и М.Б. (28), двајцата од Скопје. Кај нив била пронајдена и одземена марихуана, како и дробилка. Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Дополнително, на 11 јануари 2026 година во 13:10 часот, во СВР Скопје С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот, во трговски центар на подрачјето на Центар, била физички нападната од М.Д. (56), додека машко лице кое било во нејзино друштво ја снимало со мобилен телефон. Истовремено, и М.Д. поднела пријава, тврдејќи дека таа била физички нападната од С.К.П.Од МВР информираат дека и за овој настан се преземаат мерки за утврдување на фактичката состојба и за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни постапки согласно закон.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
Screenshot-2023-09-14-at-20.56.30

Спречен обид за внесување 220 таблети во КПУ Идризово

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено од Казнено-поправната установа Затвор – Идризово дека при претрес на пакет наменет за осудено лице биле пронајдени и одземени 220 таблети.Според информациите, претресот бил извршен околу 12:30 часот, а пакетот бил наменет за осуденото лице А.Н. (39) од Скопје. По откривањето на таблетите, тие биле одземени, а за настанот биле известени надлежните служби.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за утврдување на потеклото и намената на пронајдените таблети, по што ќе следуваат соодветни постапки согласно закон.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
benzinska-benzin-nafta-

Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ, односно од 13 јануари 2026 година, се менуваат малопродажните цени на горивата.Бензините поскапуваат, цената на дизелот не се менува, а мазутот поевтинува.Цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 0,50 денари по литар и ќе изнесува 70,50 денари. Исто зголемување има и бензинот Еуросупер БС-98, чија нова цена ќе биде 72,50 денари по литар.Дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) останува со иста цена и ќе се продава за 64,50 денари по литар.За 0,50 денари по литар поскапува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија цена исто така ќе изнесува 64,50 денари по литар.Наспроти тоа, мазутот М-1 НС поевтинува за 0,668 денари по килограм и од утре ќе чини 32,133 денари за килограм.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryu0d6jrivubvi0frdYJb

(Фото) Се простија Муцунски и Агелер

Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски објави фотографии од неговата средба со американската амбасадорка во Македонија, Ангела Агелер која заминува од земјава.На средбата изразивме заемно задоволство од континуитетот на политичкиот дијалог на високо ниво и од развојот на соработката во сите области од заемен интерес, пишува Муцунски во објавата на ФБ.Денеска остварив проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.Изразив благодарност за нејзиниот севкупен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на политичката и економската соработка, како и за јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји за време на нејзиниот мандат.На средбата изразивме заемно задоволство од континуитетот на политичкиот дијалог на високо ниво и од развојот на соработката во сите области од заемен интерес.Воедно, разменивме мислења за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици, при што ја потврдивме заедничката посветеност на стабилноста на Западен Балкан и силното сојузништво во рамките на НАТО.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
teheran-iran

Иран најави враќање на интернетот и му порача на Трамп: „Подготвени сме и за војна и за дијалог“

Интернетот наскоро повторно ќе биде достапен низ целиот Иран, најави заменик-министерот за надворешни работи на земјата, Абас Арагчи, пренесува Ал Џезира. Тој изјави дека владата тесно соработува со безбедносните служби за решавање на ова прашање и потврди дека интернет-врската ќе биде повторно воспоставена и за амбасадите и за владините министерства, јавуваат странските медиуми.Арагчи се осврна и на предупредувањата од американскиот претседател Доналд Трамп за можноста од воена акција доколку протестите во Иран ескалираат во насилство. Иранскиот функционер ваквите изјави ги оцени како „чин на тероризам“, тврдејќи дека пораките на Трамп ги охрабриле „терористите“ да извршуваат напади врз демонстрантите и безбедносните сили, со цел да се испровоцира странска интервенција.И покрај зголемените тензии, Арагчи упати помирлива, но истовремено цврста порака, истакнувајќи дека Иран е подготвен и за војна, но и за дијалог.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library2b9jsevuo03q4b14Enr

Мандатот на Жељазков траеше еден ден, денеска му го врати на претседателот Радев, Бугарија е повторно пред избори

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска го предаде мандатот за состав на влада на ГЕРБ-СДС, а кандидатот за премиер Росен Жељазков веднаш го врати, оценувајќи го како неуспешен и предлагајќи предвремени парламентарни избори да се одржат што е можно побрзо, при што како конкретен датум го посочи 29 март.Жељазков изјави дека пратеничката група на ГЕРБ-СДС донела одлука мандатот формално да го преземе, но да го врати за да продолжи уставната постапка. Според него, острата политичка реторика дополнително ќе ги подели граѓаните и затоа е потребно што поскоро да се оди на избори.Овој развој следува по оставката на владата предводена од Жељазков, формирана со мандат на ГЕРБ-СДС во коалиција со „БСП – Обединета левица“ и „Постои таков народ“, а првично поддржана и од „Алијансата за права и слободи“. Владата се повлече по масовни протести, кои почнаа околу параметрите на нацрт-буџетот за 2026 година, а потоа прераснаа во пошироки антивладини демонстрации.Уставната процедура за доделување мандат започна по консултациите што Радев ги одржа со парламентарните партии од 15 до 19 декември 2025 година. По тие разговори, во политичките кругови доминира оценката дека предвремени избори се неизбежни, а дел од опозицијата побара и промени во изборното законодавство, меѓу кои и целосно машинско гласање.По неуспешниот прв мандат, следен на потег е второпласираната политичка сила – коалицијата ПП-ДБ, од која се очекува исто така да не се обиде да формира влада. Неизвесно останува кој ќе го добие третиот мандат и колку време ќе трае таа фаза од постапката.Ако не се формира влада и се оди кон привремена, според новите уставни правила Радев треба да избере премиер од т.н. „куќна книга“ – листа на функционери меѓу кои се претседателката на парламентот Раја Назарјан, гувернерот на Бугарската народна банка Димитар Радев, како и претседателот на Судот за сметки Димитар Главчев. Во јавноста веќе се појавија информации дека Раја Назарјан и Димитар Радев нема да ја прифатат функцијата привремен премиер.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryd6355q6sb3la6Nqk6pI

Јон Фрчкоски со детали за 51 тендер: „16 милиони евра за омилена фирма на ВМРО“

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска изнесе обвинувања за, како што тврдат, серија сомнителни јавни набавки во општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ, при што една иста компанија во изминатите години добила значителен број тендери.На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, соопшти дека станува збор за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, која, според податоците што ги презентираше партијата, од 2022 година наваму добила вкупно 51 тендер во општини управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Вкупната вредност на овие договори, според СДСМ, изнесува околу 16 милиони евра.Како што беше наведено, најголем дел од тендерите се реализирани во Општина Аеродром, каде што фирмата наводно добила 22 договори, како и во Гази Баба со 10 тендери. Дополнителни јавни набавки, според изнесените информации, биле склучени и во Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Гевгелија и други општини каде локалната власт е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.Од СДСМ тврдат дека дел од овие тендери биле финансирани и со средства од унгарскиот кредит, додавајќи дека на тој начин јавни пари завршувале кај фирми блиски до власта, додека обврските за отплата паѓале врз граѓаните.Како конкретен пример беше посочен договор склучен во декември 2025 година со Град Скопје, вреден околу 320 илјади евра, за кој од СДСМ наведуваат дека бил доделен веднаш по преземањето на градоначалничката функција од Орце Ѓорѓиевски.Фрчкоски изјави и дека преку дигиталната платформа МИЦКО.мк до Антикорупцискиот тим на СДСМ биле доставени информации од свиркачи, според кои брачни партнери на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ наводно биле ангажирани од оваа компанија преку договори за дело. Тој нагласи дека овие наводи сè уште се предмет на проверка и дека дополнителни детали ќе бидат објавени откако ќе заврши внатрешната анализа.Од СДСМ побараа реакција од Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата, оценувајќи дека институциите досега не постапиле по претходно објавени случаи со слични обвинувања.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Состојбата со поплавите се смирува, водата се повлекува од земјоделските површини во Пелагонија, информира ЦУК

Во Пелагонискиот регион, водата полека се повлекува од поплавените земјоделски површини во атарите на Битола, Могила и Новаци, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).Од обилните врнежи кои го зафатија поголемиот дел од државата, најголемата житница во државата, Пелагонија беше една од најпогодените.Центарот за управување со кризи информираше дека во Пелагонискиот регион, во подрачјата во кои имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на реката Црна кај селото Новаци во 18 часот синоќа изнесувало 320 сантиметри.Според ЦУК во Демир Хисар, поради оштетување на мостот на Боишка река затворен е локалниот пат кон селото Мренога. Реките се вратени во коритата, но, Црна сè уште се излева во атарот на селата Жван и Единаковци каде се поплавени земјоделски површини.Во Ресен евидентирани се поплавени ниви од поројни води, па се интервенирало  со градежна механизација за расчистување на коритото на Голема Река.Обилните дождови освен во Пелагонија, направија проблеми во југозападниот и западниот регион.Во Кичево во тек е расчистување и дезинфекција на погодените домови, додека на евакуираните жители згрижени во спортската сала им е обезбедена неопходната помош.Поплавите и одроните на патиштата предизвикаа проблеми низ повеќе региони во државата, но, се забележува постепено стабилизирање на состојбата.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Повтореното гласање за градоначалници во четири општини донесе победа за Алијансата предводена од Арбен Таравари во Гостивар и Врапчиште, додека ВМРО-ДПМНЕ обезбеди градоначалник во Маврово и Ростуше. Во Центар Жупа, мандатот го освои единствениот кандидат на Демократската партија на Турците во Македонија.Во Гостивар, кандидатот на коалицијата Национална алијанса за интеграција, Валбон Лимани, извојува убедлива победа пред противкандидатот Невзат Бејта од коалицијата „Вреди“. Сличен исход имаше и во Врапчиште, каде што победи Исен Шабани, исто така кандидат на Алијансата.Во Маврово и Ростуше, довербата на гласачите ја доби Онер Јакуповски од ВМРО-ДПМНЕ, додека во Центар Жупа трет последователен мандат освои Аријан Ибраим.Излезноста на изборите беше ниска. До 18:30 часот гласале околу 28 отсто од запишаните избирачи, што е помал одѕив во споредба со поништеното гласање од октомври 2025 година. Исклучок беше Врапчиште, каде што беше регистрирана поголема излезност.Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека изборниот ден поминал мирно и без инциденти и оценија дека со оваа победа партијата сега има градоначалници во 56 општини низ државата.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryhhcs8e1d1fl83OIaCA8

Бучковски отвори сопствен бизнис, поранешниот премиер стана сопственик на трговска компанија

Поранешниот премиер и поранешен специјален владин претставник за односите со Бугарија, Владо Бучковски, влегол во бизнис-сферата и станал сопственик на приватна компанија, објави „Фактор“.Според податоците од Централниот регистар, Бучковски од крајот на минатата година е единствен сопственик на друштвото „Хербос ДООЕЛ Скопје“, компанија основана на почетокот на 2025 година. Фирмата е регистрирана за трговија на големо со пијалаци, а како управител е наведена Елисавета Коваческа Коруноска.Информацијата ја потврдил и самиот Бучковски, наведувајќи дека деловното ангажирање ќе опфати трговија, посредување и консалтинг. Тој не открил дополнителни детали, посочувајќи дека за јавноста ќе има време за подетални објаснувања.Инаку, Владо Бучковски, по заминувањето од премиерската функција, се повлече од активната партиска политика и се врати на академската работа како професор на Правниот факултет при УКИМ.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања