Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
1 мес.
media-library6efq0kjcbkvhb5r16Wx

Кучиња од Албанија со ушни маркици најдени на улица во Скопје, тврди Анима Мунди

Нашето здружение на терен пронајде кучиња со ушни маркици од Република Албанија, на улица во Скопје, факт кој отвора исклучително сериозно прашање за нелегален, па дури и прекуграничен транспорт и напуштање на животни, реагира денеска Анима Мунди. Истовремено алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага за сериозни индиции за организирано внесување и дислоцирање на кучиња во град Скопје, појава што веќе директно ја загрозува јавната безбедност, благосостојбата на животните и самото владеење на правото.Во општина Карпош, во изминатите денови, се појави нова глутница кучиња - животни кои се целосно непознати за локалното население, кои не се дел од постоечката улична популација и кои се појавија буквално преку ноќ. Станува збор за нестерилизирани и необележани кучиња, што јасно укажува дека ова не може да биде природен прираст, туку насилна дислокација.Јавно и одговорно тврдиме дека станува збор за организирано внесување кучиња, затоа што ЈП „Лајка“ нема оставено, ниту пак има испуштено ваква бројка нестерилизирани и необележани животни на ниту една локација во Скопје. Граѓаните со години ги познаваат кучињата во своите маала - овие животни не се нивни. Дополнително, нашето здружение на терен пронајде кучиња со ушни маркици од Република Албанија, на улица во Скопје, факт кој отвора исклучително сериозно прашање за нелегален, па дури и прекуграничен транспорт и напуштање на животни.БАРАМЕ целосна проверка на сите безбедносни камери, јавни и приватни, на локациите каде кучињата се појавиле, како и на сите влезно-излезни правци кон Скопје.Бараме МВР и Јавното обвинителство да утврдат кој, како и од каде ги транспортира и истовара овие животни, затоа што ова не е изолиран чин, туку логистички организирана активност.Масовното напуштање и дислоцирање на кучиња претставува суровост, но и сериозна општа опасност. Затоа Анима Мунди одамна бара измена на законската рамка. Поднесовме конкретни предлози за измени на Законот за заштита и благосостојба на животните, со кои бараме најстрого регулирање на сопствеништвото на кучиња, како и предлог-измени на Кривичниот законик со кои напуштањето миленик, суровоста и предизвикувањето општа опасност ќе се третираат како кривични дела, по примерот на Република Хрватска.Истовремено упатуваме јавен и итен повик до ЗЕЛС - ова прашање мора да се отвори и дискутира на ниво на сите градоначалници. Секоја општина мора да ја третира проблематиката со уличните кучиња хумано и согласно закон: со масовна стерилизација, јасна евиденција и најстроги санкции секаде каде што ќе се утврди доказ за масовно дислоцирање.Јасно укажуваме: ниту Лајка , ниту било кое јавно претпријатие, НИТУ СТО ЛАЈКИ не можат да го решат овој проблем во услови на институционална инертност и толерирање на криминал. Ова не е проблем на една општина. Ова е системска злоупотреба и мора да биде санкционирана. Бараме истрага, одговорност и итни мерки веднаш и насекаде за да се фатат сторителите и најстрого одговараат, согласно закон!

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library8em3b8601fju3ZE1TSO

Палевски се жали од судијата кој го осуди на доживотна робија

Љупчо Палевски – Палчо, кој првостепено е осуден на доживотна казна затвор за грабнувањето и свирепите убиства на тинејџерката Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, поднел претставка до Судскиот совет, жалејќи се на, како што навел, тоа што судијата Ивица Стефановски, предолго ја пишувал писмената пресуда, која сега е во рацете на Апелација.Претставката на Палевски се најде на дневен ред на денешната седница на Судскиот совет, но по разгледувањето, членовите ја отфрлија како неоснована. Во неа, осудениот изразил незадоволство и од постапувањето на судијата Ивица Стефановски.Судијата Стефановски, пак, доставил писмено изјаснување до Судскиот совет во кое навел дека станува збор за исклучително сложен предмет, со обемен доказен материјал, бројни сведоци и повеќе обвинети, но и дека имал проблеми со здравјето па отсуствувал од работа.Паралелно со оваа постапка, Палевски по изрекувањето на доживотната казна затвор поднесе и жалба до Апелациониот суд во Скопје, со која бара да биде ослободен од вина или предметот да се врати на повторно судење. Жалбата ја поднел неговиот бранител, адвокатот Јовица Страшевски, кој во јавноста тврдеше дека во првостепената постапка биле направени сериозни процесни пропусти.Според одбраната, дел од доказите наведени во пресудата воопшто не биле изведени на главната расправа, а на одредени места, како што тврдат, судот се повикал на искази на обвинети како доказ, што, според нив, е правно недозволиво. Адвокатот најави дека на јавна седница пред Апелациониот суд детално ќе ги образложат овие наводи, особено несогласувањата во временските рамки и логичките противречности во пресудата.Судија-известител за предметот во скопска Апелација е Ѓоко Ристов, а предметот веќе е доставен на мислење до Вишото јавно обвинителство Скопје. Жалба на првостепената пресуда поднесе и Јавното обвинителство, но во делот што се однесува на ослободителната одлука за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој беше ослободен од обвинението за помагање при грабнувањето.Во првостепената пресуда, судот на Палевски и на Манев, Видевски и Кешишев им изрече по 10 години затвор за кривичното дело грабнување на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и доживотна казна затвор за двете убиства. Иако пресудата беше донесена, мотивите за злосторствата што ја потресоа јавноста во 2023 година и понатаму не се целосно разјаснети.Се очекува Апелациониот суд во наредниот период да закаже јавна седница, по која ќе одлучи дали ќе ја потврди првостепената пресуда, ќе ја укине и ќе наложи повторно судење или ќе донесе поинаква одлука.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryh7vu6v5hhldf6K6TAnh

Муцунски: Инцидентот со бугарската амбасада е изолиран, институциите реагираат брзо и ефикасно

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остро го осуди инцидентот со оштетувањето на стаклото од влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, оценувајќи дека станува збор за изолиран настан, на кој институциите реагирале навремено и ефикасно.„Секој чин во таква форма ќе го осудиме. Според првичните информации, станува збор за изолиран инцидент, создадена е некоја материјална штета која не е во огромен обем. Без разлика на тоа, го осудуваме максимално инцидентот. Министерството за внатрешни работи дава максимум за истрагата. Оттаму треба да побарате информации. Институционално, има брз и ефикасен одговор“, изјави Муцунски.Тој нагласи дека државата не може да превенира секој поединечен кривично-правен настан, но дека одговорноста на институциите е јасна и недвосмислена.„Да, се работи за инцидент кој го осудуваме, но ние не можеме да го контролираме секој кривично-правен настан. Нашиот одговор е веднаш да го осудиме настанот, а институциите да го расветлат случајот“, додаде министерот.Изјавата на Муцунски доаѓа по инцидентот што се случи на 11 јануари, кога, според МВР, непознато лице оштетило стакло на влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, по што веднаш биле преземени мерки за идентификување на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
IMG_6897

Струмичанец со автомобил удрил во полицаец, оти се обидел да го легитимира, па го бркале до патарина

Шеесет и осумгодишен жител на Струмица е лишен од слобода откако со возило удрил полициски службеник и го напуштил местото на настанот на наплатна рампа кај Миладиновци, информираат од Министерството за внатрешни работи.Од МВР соопштија дека на 11 јануари 2026 година во 18:40 часот, на наплатната станица Преод, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.П. (68) од Струмица. Приведувањето следело по настан што се случил околу 17:50 часот на наплатната станица Миладиновци, кога полициски службеници сопреле патничко возило „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.П., со намера да извршат легитимирање.Според информациите од полицијата, наместо да постапи по наредбите, возачот го стартувал возилото и удрил еден од полициските службеници, по што го напуштил местото на настанот. По преземените мерки и активности, тој бил пронајден и приведен на друга наплатна станица.Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните органи.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryfdvu0vbd3h6l2aFFODu

Обид за грабеж во Кисела Вода, приведени лица за дрога и пријавен физички напад во трговски центар

Во текот на ноќта и денот меѓу 11 и 12 јануари 2026 година, на подрачјето на Скопје биле пријавени повеќе одделни инциденти, за кои Министерството за внатрешни работи информира дека се преземаат мерки за нивно целосно расчистување.Од МВР соопштија дека на 12 јануари 2026 година во 01:26 часот во СВР Скопје било пријавено оти околу 01:05 часот, на бензинска пумпа на подрачјето на Кисела Вода, две лица со закани кон вработениот се обиделе да одземат пари. Според пријавата, обидот за грабеж не бил успешен, а полицијата работи на утврдување на идентитетот на сторителите и на сите околности поврзани со настанот.Во друг случај, во периодот од 11 кон 12 јануари, полициски службеници од СВР Скопје, на различни локации во градот, ги лишиле од слобода А.Д. (20) и М.Б. (28), двајцата од Скопје. Кај нив била пронајдена и одземена марихуана, како и дробилка. Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Дополнително, на 11 јануари 2026 година во 13:10 часот, во СВР Скопје С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот, во трговски центар на подрачјето на Центар, била физички нападната од М.Д. (56), додека машко лице кое било во нејзино друштво ја снимало со мобилен телефон. Истовремено, и М.Д. поднела пријава, тврдејќи дека таа била физички нападната од С.К.П.Од МВР информираат дека и за овој настан се преземаат мерки за утврдување на фактичката состојба и за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни постапки согласно закон.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
Screenshot-2023-09-14-at-20.56.30

Спречен обид за внесување 220 таблети во КПУ Идризово

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено од Казнено-поправната установа Затвор – Идризово дека при претрес на пакет наменет за осудено лице биле пронајдени и одземени 220 таблети.Според информациите, претресот бил извршен околу 12:30 часот, а пакетот бил наменет за осуденото лице А.Н. (39) од Скопје. По откривањето на таблетите, тие биле одземени, а за настанот биле известени надлежните служби.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за утврдување на потеклото и намената на пронајдените таблети, по што ќе следуваат соодветни постапки согласно закон.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
benzinska-benzin-nafta-

Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ, односно од 13 јануари 2026 година, се менуваат малопродажните цени на горивата.Бензините поскапуваат, цената на дизелот не се менува, а мазутот поевтинува.Цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 0,50 денари по литар и ќе изнесува 70,50 денари. Исто зголемување има и бензинот Еуросупер БС-98, чија нова цена ќе биде 72,50 денари по литар.Дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) останува со иста цена и ќе се продава за 64,50 денари по литар.За 0,50 денари по литар поскапува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија цена исто така ќе изнесува 64,50 денари по литар.Наспроти тоа, мазутот М-1 НС поевтинува за 0,668 денари по килограм и од утре ќе чини 32,133 денари за килограм.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryu0d6jrivubvi0frdYJb

(Фото) Се простија Муцунски и Агелер

Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски објави фотографии од неговата средба со американската амбасадорка во Македонија, Ангела Агелер која заминува од земјава.На средбата изразивме заемно задоволство од континуитетот на политичкиот дијалог на високо ниво и од развојот на соработката во сите области од заемен интерес, пишува Муцунски во објавата на ФБ.Денеска остварив проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.Изразив благодарност за нејзиниот севкупен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на политичката и економската соработка, како и за јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји за време на нејзиниот мандат.На средбата изразивме заемно задоволство од континуитетот на политичкиот дијалог на високо ниво и од развојот на соработката во сите области од заемен интерес.Воедно, разменивме мислења за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици, при што ја потврдивме заедничката посветеност на стабилноста на Западен Балкан и силното сојузништво во рамките на НАТО.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
teheran-iran

Иран најави враќање на интернетот и му порача на Трамп: „Подготвени сме и за војна и за дијалог“

Интернетот наскоро повторно ќе биде достапен низ целиот Иран, најави заменик-министерот за надворешни работи на земјата, Абас Арагчи, пренесува Ал Џезира. Тој изјави дека владата тесно соработува со безбедносните служби за решавање на ова прашање и потврди дека интернет-врската ќе биде повторно воспоставена и за амбасадите и за владините министерства, јавуваат странските медиуми.Арагчи се осврна и на предупредувањата од американскиот претседател Доналд Трамп за можноста од воена акција доколку протестите во Иран ескалираат во насилство. Иранскиот функционер ваквите изјави ги оцени како „чин на тероризам“, тврдејќи дека пораките на Трамп ги охрабриле „терористите“ да извршуваат напади врз демонстрантите и безбедносните сили, со цел да се испровоцира странска интервенција.И покрај зголемените тензии, Арагчи упати помирлива, но истовремено цврста порака, истакнувајќи дека Иран е подготвен и за војна, но и за дијалог.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library2b9jsevuo03q4b14Enr

Мандатот на Жељазков траеше еден ден, денеска му го врати на претседателот Радев, Бугарија е повторно пред избори

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска го предаде мандатот за состав на влада на ГЕРБ-СДС, а кандидатот за премиер Росен Жељазков веднаш го врати, оценувајќи го како неуспешен и предлагајќи предвремени парламентарни избори да се одржат што е можно побрзо, при што како конкретен датум го посочи 29 март.Жељазков изјави дека пратеничката група на ГЕРБ-СДС донела одлука мандатот формално да го преземе, но да го врати за да продолжи уставната постапка. Според него, острата политичка реторика дополнително ќе ги подели граѓаните и затоа е потребно што поскоро да се оди на избори.Овој развој следува по оставката на владата предводена од Жељазков, формирана со мандат на ГЕРБ-СДС во коалиција со „БСП – Обединета левица“ и „Постои таков народ“, а првично поддржана и од „Алијансата за права и слободи“. Владата се повлече по масовни протести, кои почнаа околу параметрите на нацрт-буџетот за 2026 година, а потоа прераснаа во пошироки антивладини демонстрации.Уставната процедура за доделување мандат започна по консултациите што Радев ги одржа со парламентарните партии од 15 до 19 декември 2025 година. По тие разговори, во политичките кругови доминира оценката дека предвремени избори се неизбежни, а дел од опозицијата побара и промени во изборното законодавство, меѓу кои и целосно машинско гласање.По неуспешниот прв мандат, следен на потег е второпласираната политичка сила – коалицијата ПП-ДБ, од која се очекува исто така да не се обиде да формира влада. Неизвесно останува кој ќе го добие третиот мандат и колку време ќе трае таа фаза од постапката.Ако не се формира влада и се оди кон привремена, според новите уставни правила Радев треба да избере премиер од т.н. „куќна книга“ – листа на функционери меѓу кои се претседателката на парламентот Раја Назарјан, гувернерот на Бугарската народна банка Димитар Радев, како и претседателот на Судот за сметки Димитар Главчев. Во јавноста веќе се појавија информации дека Раја Назарјан и Димитар Радев нема да ја прифатат функцијата привремен премиер.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryd6355q6sb3la6Nqk6pI

Јон Фрчкоски со детали за 51 тендер: „16 милиони евра за омилена фирма на ВМРО“

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска изнесе обвинувања за, како што тврдат, серија сомнителни јавни набавки во општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ, при што една иста компанија во изминатите години добила значителен број тендери.На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, соопшти дека станува збор за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, која, според податоците што ги презентираше партијата, од 2022 година наваму добила вкупно 51 тендер во општини управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Вкупната вредност на овие договори, според СДСМ, изнесува околу 16 милиони евра.Како што беше наведено, најголем дел од тендерите се реализирани во Општина Аеродром, каде што фирмата наводно добила 22 договори, како и во Гази Баба со 10 тендери. Дополнителни јавни набавки, според изнесените информации, биле склучени и во Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Гевгелија и други општини каде локалната власт е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.Од СДСМ тврдат дека дел од овие тендери биле финансирани и со средства од унгарскиот кредит, додавајќи дека на тој начин јавни пари завршувале кај фирми блиски до власта, додека обврските за отплата паѓале врз граѓаните.Како конкретен пример беше посочен договор склучен во декември 2025 година со Град Скопје, вреден околу 320 илјади евра, за кој од СДСМ наведуваат дека бил доделен веднаш по преземањето на градоначалничката функција од Орце Ѓорѓиевски.Фрчкоски изјави и дека преку дигиталната платформа МИЦКО.мк до Антикорупцискиот тим на СДСМ биле доставени информации од свиркачи, според кои брачни партнери на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ наводно биле ангажирани од оваа компанија преку договори за дело. Тој нагласи дека овие наводи сè уште се предмет на проверка и дека дополнителни детали ќе бидат објавени откако ќе заврши внатрешната анализа.Од СДСМ побараа реакција од Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата, оценувајќи дека институциите досега не постапиле по претходно објавени случаи со слични обвинувања.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Состојбата со поплавите се смирува, водата се повлекува од земјоделските површини во Пелагонија, информира ЦУК

Во Пелагонискиот регион, водата полека се повлекува од поплавените земјоделски површини во атарите на Битола, Могила и Новаци, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).Од обилните врнежи кои го зафатија поголемиот дел од државата, најголемата житница во државата, Пелагонија беше една од најпогодените.Центарот за управување со кризи информираше дека во Пелагонискиот регион, во подрачјата во кои имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на реката Црна кај селото Новаци во 18 часот синоќа изнесувало 320 сантиметри.Според ЦУК во Демир Хисар, поради оштетување на мостот на Боишка река затворен е локалниот пат кон селото Мренога. Реките се вратени во коритата, но, Црна сè уште се излева во атарот на селата Жван и Единаковци каде се поплавени земјоделски површини.Во Ресен евидентирани се поплавени ниви од поројни води, па се интервенирало  со градежна механизација за расчистување на коритото на Голема Река.Обилните дождови освен во Пелагонија, направија проблеми во југозападниот и западниот регион.Во Кичево во тек е расчистување и дезинфекција на погодените домови, додека на евакуираните жители згрижени во спортската сала им е обезбедена неопходната помош.Поплавите и одроните на патиштата предизвикаа проблеми низ повеќе региони во државата, но, се забележува постепено стабилизирање на состојбата.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Повтореното гласање за градоначалници во четири општини донесе победа за Алијансата предводена од Арбен Таравари во Гостивар и Врапчиште, додека ВМРО-ДПМНЕ обезбеди градоначалник во Маврово и Ростуше. Во Центар Жупа, мандатот го освои единствениот кандидат на Демократската партија на Турците во Македонија.Во Гостивар, кандидатот на коалицијата Национална алијанса за интеграција, Валбон Лимани, извојува убедлива победа пред противкандидатот Невзат Бејта од коалицијата „Вреди“. Сличен исход имаше и во Врапчиште, каде што победи Исен Шабани, исто така кандидат на Алијансата.Во Маврово и Ростуше, довербата на гласачите ја доби Онер Јакуповски од ВМРО-ДПМНЕ, додека во Центар Жупа трет последователен мандат освои Аријан Ибраим.Излезноста на изборите беше ниска. До 18:30 часот гласале околу 28 отсто од запишаните избирачи, што е помал одѕив во споредба со поништеното гласање од октомври 2025 година. Исклучок беше Врапчиште, каде што беше регистрирана поголема излезност.Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека изборниот ден поминал мирно и без инциденти и оценија дека со оваа победа партијата сега има градоначалници во 56 општини низ државата.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryhhcs8e1d1fl83OIaCA8

Бучковски отвори сопствен бизнис, поранешниот премиер стана сопственик на трговска компанија

Поранешниот премиер и поранешен специјален владин претставник за односите со Бугарија, Владо Бучковски, влегол во бизнис-сферата и станал сопственик на приватна компанија, објави „Фактор“.Според податоците од Централниот регистар, Бучковски од крајот на минатата година е единствен сопственик на друштвото „Хербос ДООЕЛ Скопје“, компанија основана на почетокот на 2025 година. Фирмата е регистрирана за трговија на големо со пијалаци, а како управител е наведена Елисавета Коваческа Коруноска.Информацијата ја потврдил и самиот Бучковски, наведувајќи дека деловното ангажирање ќе опфати трговија, посредување и консалтинг. Тој не открил дополнителни детали, посочувајќи дека за јавноста ќе има време за подетални објаснувања.Инаку, Владо Бучковски, по заминувањето од премиерската функција, се повлече од активната партиска политика и се врати на академската работа како професор на Правниот факултет при УКИМ.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library803s9ifcsdqj3DZ4L6z

(Фото и видео) Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, лишен од слобода српски државјанин

На 11.01.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода М.Г.(56) од Р.Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки.При граничната контрола, утврдено е дека е фалсификуван WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола. При извршен преглед пак, во полуприколката, со помош на специјален уред-Ендоскоп пронајден е скриен бункер, во кој се пронајдени вкупно 5050 штеки, од кои 800 штеки цигари и 4250 штеки електронски цигари.По целосно документирање на случајот, против М.Г. ќе бидат поднесени кривични пријави по чл.378 - „фалсификување исправа“ и по чл.278 - „криумчарење“ (акцизна стока) од Кривичниот законик.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
grenland

„Не сакаме ниту да сме Данци, ниту да сме Американци“ - Судбоносен момент за Гренланд!

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека Данска се наоѓа во „судбоносен момент“ поради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД би можеле да преземат дејствија за Гренланд, дури и без согласност на Копенхаген и гренландските власти, пренесува Гардијан.Фредериксен, обраќајќи се на политички собир во неделата, изјави дека земјата е на раскрсница и дека во прашање е суштината на сојузништвото во НАТО. Според неа, проблемот не е само Гренланд, туку и пораката што ја испраќаат САД ако му се закануваат на сојузник.Таа оцени дека доколку ваквото однесување значи свртување грб на западната алијанса, тогаш тоа би имало далекусежни последици за целата безбедносна архитектура во Европа.Изјавите доаѓаат во пресрет на средбите на министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот државен секретар Марко Рубио, кои се очекува да бидат клучни за понатамошните односи.Во петокот, Трамп изјави дека САД ќе преземат чекори во врска со Гренланд „без разлика дали тоа им се допаѓа или не“, додавајќи дека постојат „добар и потежок начин“ за решавање на прашањето. Американската администрација досега не ја исклучи можноста за употреба на сила, иако Данска и Гренланд се дел од НАТО.Како реакција, гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен, заедно со лидерите на сите парламентарни партии, објави заедничка изјава во која порачаа дека иднината на Гренланд не е предмет на надворешни одлуки.Во изјавата се наведува дека Гренландците не сакаат да бидат ниту Американци, ниту Данци, туку дека сакаат сами да одлучуваат за својата иднина.Фредериксен истакна дека Данска ќе продолжи да ја брани својата позиција и дека по прашањето на Гренланд нема простор за отстапки. Таа додаде дека Копенхаген добил поддршка од повеќе земји-членки на НАТО.Поддршка за Данска изрази и шведскиот премиер Улф Кристерсон, кој оцени дека заканувачката реторика кон сојузници е неприфатлива. Во исто време, Шведска најави дополнителни инвестиции во воздушната одбрана, оценувајќи дека безбедносната состојба во Европа се влошува.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library38n8g98if9732elZMZw

Софија бара јасен сигнал од Скопје за добрососедство по вчерашниот инцидент - искрешен прозорец на бугарската амбасада

Бугарските власти очекуваат јасен и ефикасен одговор од институциите во Северна Македонија по хулиганскиот напад врз бугарската амбасада во Скопје, при кој беше искршен прозорец на дипломатската мисија.Инцидентот се случил вчера, а според изјавата на бугарскиот амбасадор во земјава, Желјазко Радуков, веднаш била покрената истрага. Тој за бугарските медиуми изјави дека Софија е во постојан контакт со македонските надлежни органи, кои информирале дека работат на расветлување на случајот.Засега нема официјална потврда дали сторителот е идентификуван или приведен.„Немаме конкретни информации до каде е истрагата, но уверени сме дека таа се спроведува“, изјави Радуков.Според бугарскиот амбасадор, настанот не може да се третира како изолиран инцидент. Тој оцени дека станува збор за дел од поширок контекст на, како што рече, напади и притисоци насочени кон бугарски институции и граѓани во Северна Македонија.Радуков како причини ги наведе долготрајниот антибугарски дискурс во јавниот простор и, според него, отсуството на ефикасни санкции за вакви дејствија.„Кога нема соодветна казна, се создава чувство дека ваквото однесување е дозволено. Наместо превенција, се охрабрува антагонизам“, рече амбасадорот.Тој предупреди дека, според информациите со кои располага, се забележува постепено заострување на инцидентите – од оштетување на културни објекти до физички напади врз припадници на бугарската заедница. Нападот врз дипломатска мисија, додаде, претставува сериозна ескалација и преминување на чувствителна граница.„Сега клучното прашање е дали властите во Скопје навистина се подготвени активно да работат на градење добрососедски односи“, изјави Радуков, во изјава пренесена од бугарската национална телевизија БНТ.Тој оцени и дека, како што рече, недоволно енергичниот одговор на кривичните дела од омраза, заедно со постапките против бугарски активисти поради нивните јавни ставови, дополнително ја влошуваат атмосферата и го прошируваат кругот на можни сторители на вакви напади.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarye80rui390l4d3MLykPS

СДСМ: „Скршнување од стратешките правци - Мицкоски и Стоилковиќ ја водат Македонија во изолација“

Опозициската СДСМ изрази сериозна загриженост за, како што наведува, контрадикторните пораки што ги испраќа актуелната влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека земјата се оддалечува од своите стратешки евроатлански определби.Од партијата посочуваат дека, иако Владата јавно нагласува дека Северна Македонија останува стратешки партнер на Соединетите Американски Држави, во нејзиниот најтесен врв се наоѓаат функционери со изразени проруски ставови. Како пример го наведуваат вицепремиерот Иван Стоилковиќ, за кого тврдат дека со години одржува врски со политички и безбедносни структури поврзани со Москва.Според СДСМ, ваквата поставеност испраќа спротивни сигнали до меѓународните партнери и претставува ризик за евроатланската ориентација на државата, како членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија.Во соопштението се потсетува дека Стоилковиќ уште во 2017 година, за време на тогашната политичка криза, учествувал на средби во Москва и бил меѓу потписниците на таканаречената „Декларација за воена неутралност на Балканот“, иницијатива што, според СДСМ, била поддржана од руски дипломатски кругови со цел да се спречи проширувањето на НАТО во регионот.Од партијата наведуваат и дека Стоилковиќ бил дел од поширока регионална мрежа на политички контакти, во која биле вклучени и српски безбедносни структури. Како дополнителен аргумент се посочуваат истражувања на меѓународни новинарски мрежи, меѓу кои и OCCRP, кои претходно укажувале на активности на странски разузнавачки служби во земјата за време на кризата во 2017 година.СДСМ потсетува и на поновите активности на Стоилковиќ, вклучително и неговото присуство на безбедносен форум во Москва во мај 2023 година, организиран од Советот за безбедност на Руската Федерација, каде што, според нив, присуствувале и регионални политичари познати по своите проруски позиции.Во таа насока, од опозицијата ја критикуваат и блискоста на актуелната влада со српскиот претседател Александар Вучиќ, оценувајќи дека ваквите односи ја приближуваат Северна Македонија до модел на регионална изолација и го оддалечуваат спроведувањето на клучните реформи, особено во правосудството.Посебна загриженост, според СДСМ, предизвикува и поддршката што владини претставници ја даваат на политиките на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вклучително и учеството на настани кои се контроверзни од аспект на одлуките на институциите на Босна и Херцеговина.Опозицијата оценува дека ваквите потези не се прашање на внатрешнополитички разлики, туку дека имаат пошироки безбедносни и геополитички импликации за државата и регионот, особено во контекст на најавите за заострена американска политика и можни санкции за корупција и дестабилизација на Западен Балкан.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
cigarette1

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување. -Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно го засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Фактите се јасни и неспорни - тутунот и никотинот остануваат водечка причина за превентабилна смрт, изложеноста на чад и аеросоли ги оштетува и тие кои не избрале да пушат, а новите никотински производи, аромите, агресивниот маркетинг и дигиталната промоција се насочени токму кон младите. Затоа, Министерството за здравство изготви нов Закон за заштита од пушење, чија намера не е казнување, туку превенција, јавно здравје и заштита на најранливите категории граѓани, оценува министерот за здравство, Азир Алиу.Целта на новите законски измени е воспоставување контрола врз појавата и ширењето на новите тутунски и никотински производи, особено нивната агресивна промоција и лесна достапност. Истовремено, се воведува целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорство, се ограничуваат продажбата и изложувањето на тутунски и никотински производи, како превентивни мерки за поддршка на откажувањето од зависноста, и конечно, се зајакнува забраната за пушење во јавни и работни простории.Со овој закон, испраќаме јасна порака дека здравјето е повисока вредност од било кој комерцијален интерес, дека здравјето на децата не може да биде предмет на профит, дека јавниот простор мора да биде безбеден простор.Воедно, законското решение е усогласено со европската регулатива и со меѓународните обврски што државата ги има преземено, принципите на Рамковната конвенција на Светската здравствена организација.ЛИНК до Предлог-законот за заштита од пушење:  https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=115056

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library67ur28v28r4na2OYvhT

Литванија го предупредува опозиционерот на Путин, Волков: Поради реторика како Кремљ, може да му биде одземена дозволата за престојот

Литванскиот претседател Гитанас Науседа порача дека изјавите на рускиот опозициски политичар Леонид Волков за украинските војници и функционери потсетуваат на реториката што ја користи рускиот претседател Владимир Путин.„Мора да бидеме јасни околу тоа кого ги сметаме за лидери на опозицијата, бидејќи кога опозициските лидери почнуваат да зборуваат со жаргон сличен на оној на Путин, се поставува прашањето: каде е власта, а каде е опозицијата?“, предупреди литванскиот претседател.Тој нагласи дека мора да се признае дека Кремљ направил сè што можел за да ја уништи опозицијата, и физички и на други начини, како и дека и за самата држава и за нејзините граѓани е тешко целосно да се ослободат од империјалните амбиции и од филозофијата на рускиот месијанизам.Науседа посочи дека, кога станува збор за Русија, многу е потешко да се направи разлика меѓу ставовите на власта и ставовите на опозицијата „за разлика, на пример, од случајот со Белорусија“.Покрената истрага од Одделот за миграцииВолков, раководител на политичките проекти во Фондацијата за борба против корупцијата и поранешен близок соработник на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, во моментов има привремен престој во Литванија. Според литванското законодавство, дозволата за привремен престој може да се одземе доколку присуството на странски државјанин претставува закана за националната безбедност, јавниот ред или здравјето на луѓето.Литванскиот Оддел за миграции покрена истрага откако Волков го коментирал „убиството“ на Денис Капустин, командант на Рускиот доброволен корпус, проукраинска паравоена формација. Овие коментари јавно ги објави Ана Тирон, поранешна вработена во Фондацијата за борба против корупцијата, која сега го претставува Рускиот доброволен корпус.Таа објави порака на Волков, со која тој го поддржал „убиството“ на Капустин, за кое подоцна се покажа дека било лажирано од украинската војска.„Конечно, малку вистинска денацификација. Тој нацистички олош е отстранет, и онака беше подвижна тема за пропаганда на Кремљ. Тој и неговиот циркуски ‘корпус’ само ја вршеа валканата работа за тој подмолен, евтин стратег Буданов.Искрено, се надевам дека пријателите на Капустин се следни. Сакам да ги видам Јермак, Подољак и Буданов зад решетки заедно со остатокот од тие дволични, пропагандни крадци. Украина тогаш навистина би можела да има шанса за победа, но сè додека се потпираат на типови како Капустин, нема да победат“, напишал Волков.Откако пораката се прошири, Волков не ја негираше нејзината автентичност.„Пораката, секако, беше остра и директна. За жал, така често изгледа приватната кореспонденција. Беше наменета за поранешна вработена која постојано шири лаги и клевети за мене и за Фондацијата за борба против корупцијата. Не требаше да ја испратам и дефинитивно требаше да останам смирен. Заклучокот е јасен: не се согласувам со неонацистите. Дури и тактички сојуз со нив ми изгледа како голема грешка“, порача тој дополнително.Литванскиот Оддел за миграции побара дополнителни насоки од Државниот оддел за безбедност за тоа дали овој случај претставува закана за националната безбедност, како и процена на јавните изјави на Волков. Литванската премиерка Инга Ругиниене изјави дека се надева дека дозволата за престој на Волков ќе биде поништена.Кој е Денис Капустин?Капустин, познат и по воениот прекар „Вајт Рекс“, го предводи Рускиот доброволен корпус, воена единица составена од руски доброволци кои се борат на страната на Украина уште од 2014 година. Тој водел моден бренд што продава маици и капи со белонационалистички и ксенофобични симболи, вклучително и нацистичкиот симбол 88 – код за „Хајл Хитлер“.Роден е во Москва, а на 17-годишна возраст со родителите се преселил во германскиот град Келн. Таму брзо стекнал репутација на уличен борец и скинхед, истакнат на европската сцена на фудбалскиот хулиганизам.Учествувал во немирите за време на Европското првенство во фудбал во 2016 година во Марсеј, а Германија во 2019 година му ја укинала дозволата за престој и му забранила влез во шенген-зоната поради „дејствување против либерално-демократскиот устав“. Поврзуван е и со американски неонацистички групи.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања