Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
1 мес.
media-library803s9ifcsdqj3DZ4L6z

(Фото и видео) Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, лишен од слобода српски државјанин

На 11.01.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода М.Г.(56) од Р.Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки.При граничната контрола, утврдено е дека е фалсификуван WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола. При извршен преглед пак, во полуприколката, со помош на специјален уред-Ендоскоп пронајден е скриен бункер, во кој се пронајдени вкупно 5050 штеки, од кои 800 штеки цигари и 4250 штеки електронски цигари.По целосно документирање на случајот, против М.Г. ќе бидат поднесени кривични пријави по чл.378 - „фалсификување исправа“ и по чл.278 - „криумчарење“ (акцизна стока) од Кривичниот законик.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
grenland

„Не сакаме ниту да сме Данци, ниту да сме Американци“ - Судбоносен момент за Гренланд!

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека Данска се наоѓа во „судбоносен момент“ поради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД би можеле да преземат дејствија за Гренланд, дури и без согласност на Копенхаген и гренландските власти, пренесува Гардијан.Фредериксен, обраќајќи се на политички собир во неделата, изјави дека земјата е на раскрсница и дека во прашање е суштината на сојузништвото во НАТО. Според неа, проблемот не е само Гренланд, туку и пораката што ја испраќаат САД ако му се закануваат на сојузник.Таа оцени дека доколку ваквото однесување значи свртување грб на западната алијанса, тогаш тоа би имало далекусежни последици за целата безбедносна архитектура во Европа.Изјавите доаѓаат во пресрет на средбите на министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот државен секретар Марко Рубио, кои се очекува да бидат клучни за понатамошните односи.Во петокот, Трамп изјави дека САД ќе преземат чекори во врска со Гренланд „без разлика дали тоа им се допаѓа или не“, додавајќи дека постојат „добар и потежок начин“ за решавање на прашањето. Американската администрација досега не ја исклучи можноста за употреба на сила, иако Данска и Гренланд се дел од НАТО.Како реакција, гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен, заедно со лидерите на сите парламентарни партии, објави заедничка изјава во која порачаа дека иднината на Гренланд не е предмет на надворешни одлуки.Во изјавата се наведува дека Гренландците не сакаат да бидат ниту Американци, ниту Данци, туку дека сакаат сами да одлучуваат за својата иднина.Фредериксен истакна дека Данска ќе продолжи да ја брани својата позиција и дека по прашањето на Гренланд нема простор за отстапки. Таа додаде дека Копенхаген добил поддршка од повеќе земји-членки на НАТО.Поддршка за Данска изрази и шведскиот премиер Улф Кристерсон, кој оцени дека заканувачката реторика кон сојузници е неприфатлива. Во исто време, Шведска најави дополнителни инвестиции во воздушната одбрана, оценувајќи дека безбедносната состојба во Европа се влошува.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library38n8g98if9732elZMZw

Софија бара јасен сигнал од Скопје за добрососедство по вчерашниот инцидент - искрешен прозорец на бугарската амбасада

Бугарските власти очекуваат јасен и ефикасен одговор од институциите во Северна Македонија по хулиганскиот напад врз бугарската амбасада во Скопје, при кој беше искршен прозорец на дипломатската мисија.Инцидентот се случил вчера, а според изјавата на бугарскиот амбасадор во земјава, Желјазко Радуков, веднаш била покрената истрага. Тој за бугарските медиуми изјави дека Софија е во постојан контакт со македонските надлежни органи, кои информирале дека работат на расветлување на случајот.Засега нема официјална потврда дали сторителот е идентификуван или приведен.„Немаме конкретни информации до каде е истрагата, но уверени сме дека таа се спроведува“, изјави Радуков.Според бугарскиот амбасадор, настанот не може да се третира како изолиран инцидент. Тој оцени дека станува збор за дел од поширок контекст на, како што рече, напади и притисоци насочени кон бугарски институции и граѓани во Северна Македонија.Радуков како причини ги наведе долготрајниот антибугарски дискурс во јавниот простор и, според него, отсуството на ефикасни санкции за вакви дејствија.„Кога нема соодветна казна, се создава чувство дека ваквото однесување е дозволено. Наместо превенција, се охрабрува антагонизам“, рече амбасадорот.Тој предупреди дека, според информациите со кои располага, се забележува постепено заострување на инцидентите – од оштетување на културни објекти до физички напади врз припадници на бугарската заедница. Нападот врз дипломатска мисија, додаде, претставува сериозна ескалација и преминување на чувствителна граница.„Сега клучното прашање е дали властите во Скопје навистина се подготвени активно да работат на градење добрососедски односи“, изјави Радуков, во изјава пренесена од бугарската национална телевизија БНТ.Тој оцени и дека, како што рече, недоволно енергичниот одговор на кривичните дела од омраза, заедно со постапките против бугарски активисти поради нивните јавни ставови, дополнително ја влошуваат атмосферата и го прошируваат кругот на можни сторители на вакви напади.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarye80rui390l4d3MLykPS

СДСМ: „Скршнување од стратешките правци - Мицкоски и Стоилковиќ ја водат Македонија во изолација“

Опозициската СДСМ изрази сериозна загриженост за, како што наведува, контрадикторните пораки што ги испраќа актуелната влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека земјата се оддалечува од своите стратешки евроатлански определби.Од партијата посочуваат дека, иако Владата јавно нагласува дека Северна Македонија останува стратешки партнер на Соединетите Американски Држави, во нејзиниот најтесен врв се наоѓаат функционери со изразени проруски ставови. Како пример го наведуваат вицепремиерот Иван Стоилковиќ, за кого тврдат дека со години одржува врски со политички и безбедносни структури поврзани со Москва.Според СДСМ, ваквата поставеност испраќа спротивни сигнали до меѓународните партнери и претставува ризик за евроатланската ориентација на државата, како членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија.Во соопштението се потсетува дека Стоилковиќ уште во 2017 година, за време на тогашната политичка криза, учествувал на средби во Москва и бил меѓу потписниците на таканаречената „Декларација за воена неутралност на Балканот“, иницијатива што, според СДСМ, била поддржана од руски дипломатски кругови со цел да се спречи проширувањето на НАТО во регионот.Од партијата наведуваат и дека Стоилковиќ бил дел од поширока регионална мрежа на политички контакти, во која биле вклучени и српски безбедносни структури. Како дополнителен аргумент се посочуваат истражувања на меѓународни новинарски мрежи, меѓу кои и OCCRP, кои претходно укажувале на активности на странски разузнавачки служби во земјата за време на кризата во 2017 година.СДСМ потсетува и на поновите активности на Стоилковиќ, вклучително и неговото присуство на безбедносен форум во Москва во мај 2023 година, организиран од Советот за безбедност на Руската Федерација, каде што, според нив, присуствувале и регионални политичари познати по своите проруски позиции.Во таа насока, од опозицијата ја критикуваат и блискоста на актуелната влада со српскиот претседател Александар Вучиќ, оценувајќи дека ваквите односи ја приближуваат Северна Македонија до модел на регионална изолација и го оддалечуваат спроведувањето на клучните реформи, особено во правосудството.Посебна загриженост, според СДСМ, предизвикува и поддршката што владини претставници ја даваат на политиките на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вклучително и учеството на настани кои се контроверзни од аспект на одлуките на институциите на Босна и Херцеговина.Опозицијата оценува дека ваквите потези не се прашање на внатрешнополитички разлики, туку дека имаат пошироки безбедносни и геополитички импликации за државата и регионот, особено во контекст на најавите за заострена американска политика и можни санкции за корупција и дестабилизација на Западен Балкан.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
cigarette1

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување. -Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно го засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Фактите се јасни и неспорни - тутунот и никотинот остануваат водечка причина за превентабилна смрт, изложеноста на чад и аеросоли ги оштетува и тие кои не избрале да пушат, а новите никотински производи, аромите, агресивниот маркетинг и дигиталната промоција се насочени токму кон младите. Затоа, Министерството за здравство изготви нов Закон за заштита од пушење, чија намера не е казнување, туку превенција, јавно здравје и заштита на најранливите категории граѓани, оценува министерот за здравство, Азир Алиу.Целта на новите законски измени е воспоставување контрола врз појавата и ширењето на новите тутунски и никотински производи, особено нивната агресивна промоција и лесна достапност. Истовремено, се воведува целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорство, се ограничуваат продажбата и изложувањето на тутунски и никотински производи, како превентивни мерки за поддршка на откажувањето од зависноста, и конечно, се зајакнува забраната за пушење во јавни и работни простории.Со овој закон, испраќаме јасна порака дека здравјето е повисока вредност од било кој комерцијален интерес, дека здравјето на децата не може да биде предмет на профит, дека јавниот простор мора да биде безбеден простор.Воедно, законското решение е усогласено со европската регулатива и со меѓународните обврски што државата ги има преземено, принципите на Рамковната конвенција на Светската здравствена организација.ЛИНК до Предлог-законот за заштита од пушење:  https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=115056

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library67ur28v28r4na2OYvhT

Литванија го предупредува опозиционерот на Путин, Волков: Поради реторика како Кремљ, може да му биде одземена дозволата за престојот

Литванскиот претседател Гитанас Науседа порача дека изјавите на рускиот опозициски политичар Леонид Волков за украинските војници и функционери потсетуваат на реториката што ја користи рускиот претседател Владимир Путин.„Мора да бидеме јасни околу тоа кого ги сметаме за лидери на опозицијата, бидејќи кога опозициските лидери почнуваат да зборуваат со жаргон сличен на оној на Путин, се поставува прашањето: каде е власта, а каде е опозицијата?“, предупреди литванскиот претседател.Тој нагласи дека мора да се признае дека Кремљ направил сè што можел за да ја уништи опозицијата, и физички и на други начини, како и дека и за самата држава и за нејзините граѓани е тешко целосно да се ослободат од империјалните амбиции и од филозофијата на рускиот месијанизам.Науседа посочи дека, кога станува збор за Русија, многу е потешко да се направи разлика меѓу ставовите на власта и ставовите на опозицијата „за разлика, на пример, од случајот со Белорусија“.Покрената истрага од Одделот за миграцииВолков, раководител на политичките проекти во Фондацијата за борба против корупцијата и поранешен близок соработник на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, во моментов има привремен престој во Литванија. Според литванското законодавство, дозволата за привремен престој може да се одземе доколку присуството на странски државјанин претставува закана за националната безбедност, јавниот ред или здравјето на луѓето.Литванскиот Оддел за миграции покрена истрага откако Волков го коментирал „убиството“ на Денис Капустин, командант на Рускиот доброволен корпус, проукраинска паравоена формација. Овие коментари јавно ги објави Ана Тирон, поранешна вработена во Фондацијата за борба против корупцијата, која сега го претставува Рускиот доброволен корпус.Таа објави порака на Волков, со која тој го поддржал „убиството“ на Капустин, за кое подоцна се покажа дека било лажирано од украинската војска.„Конечно, малку вистинска денацификација. Тој нацистички олош е отстранет, и онака беше подвижна тема за пропаганда на Кремљ. Тој и неговиот циркуски ‘корпус’ само ја вршеа валканата работа за тој подмолен, евтин стратег Буданов.Искрено, се надевам дека пријателите на Капустин се следни. Сакам да ги видам Јермак, Подољак и Буданов зад решетки заедно со остатокот од тие дволични, пропагандни крадци. Украина тогаш навистина би можела да има шанса за победа, но сè додека се потпираат на типови како Капустин, нема да победат“, напишал Волков.Откако пораката се прошири, Волков не ја негираше нејзината автентичност.„Пораката, секако, беше остра и директна. За жал, така често изгледа приватната кореспонденција. Беше наменета за поранешна вработена која постојано шири лаги и клевети за мене и за Фондацијата за борба против корупцијата. Не требаше да ја испратам и дефинитивно требаше да останам смирен. Заклучокот е јасен: не се согласувам со неонацистите. Дури и тактички сојуз со нив ми изгледа како голема грешка“, порача тој дополнително.Литванскиот Оддел за миграции побара дополнителни насоки од Државниот оддел за безбедност за тоа дали овој случај претставува закана за националната безбедност, како и процена на јавните изјави на Волков. Литванската премиерка Инга Ругиниене изјави дека се надева дека дозволата за престој на Волков ќе биде поништена.Кој е Денис Капустин?Капустин, познат и по воениот прекар „Вајт Рекс“, го предводи Рускиот доброволен корпус, воена единица составена од руски доброволци кои се борат на страната на Украина уште од 2014 година. Тој водел моден бренд што продава маици и капи со белонационалистички и ксенофобични симболи, вклучително и нацистичкиот симбол 88 – код за „Хајл Хитлер“.Роден е во Москва, а на 17-годишна возраст со родителите се преселил во германскиот град Келн. Таму брзо стекнал репутација на уличен борец и скинхед, истакнат на европската сцена на фудбалскиот хулиганизам.Учествувал во немирите за време на Европското првенство во фудбал во 2016 година во Марсеј, а Германија во 2019 година му ја укинала дозволата за престој и му забранила влез во шенген-зоната поради „дејствување против либерално-демократскиот устав“. Поврзуван е и со американски неонацистички групи.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
50151295_208183653469774_2950459480845844480_n_208183646803108

Поларен студ ја стегна Македонија, на највисоките планини измерени најниските температури, -25 степени!

Македонија утрово се разбуди во вистински поларни услови. Екстремно студен бран од север донесе температури длабоко под нулата низ целата земја, а на највисоките планински предели се измерени вредности кои ретко се регистрираат дури и во срцето на зимата.На Титов Врв температурата се спушти до околу минус 25 степени, што го прави ова едно од најстудените утра во актуелната зимска сезона. На Попова Шапка се измерени минус 16 до минус 17 степени, додека во повеќе планински и котлински места температурите се движат меѓу минус 10 и минус 15 степени.Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, времето утрово е ведро до умерено облачно, со засилен северен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови од земјата. Студот е сув, без значајни врнежи, но со изразено чувство на студ поради ветерот.Минималните температури се спуштија до минус 16 степени на Попова Шапка, минус 14 во Маврови Анови, минус 13 во Крушево, минус 12 во Пожаране и минус 11 во Крива Паланка. Во Скопје минималната температура беше меѓу минус 7 и минус 5 степени, додека најтопло утрово беше во Гевгелија, каде што се измери минус 1 степен.Снежната покривка е највисока на Попова Шапка, каде што достигнува 26 сантиметри, во Крушево 15 сантиметри, а помал снежен слој има и во делови од западна Македонија.За денеска се најавува променливо облачно време со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од минус 4 до 3 степени, додека во Скопје се очекува претежно сончево време со максимална температура до 1 степен.Надлежните апелираат на зголемена внимателност, особено во планинските предели и во раните утрински часови, поради екстремно ниските температури и можноста од појава на голомразица.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarynron3iec6o1f7KQSy3a

(Вознемирувачко видео) Низ иранските болници одекнува „ШИФРА 99“: По улиците на Техеран лежат стотици мртви тела на демонстрантите, а Иран му се закани на САД

Во Иран, во третата недела од масовните антивладини протести, според американска организација за човекови права, загинале повеќе од 500 лица, додека властите веќе повеќе од 72 часа ја држат земјата без интернет и телефонски врски.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран побарал преговори, но и дека САД разгледуваат воени опции, на што Техеран се закани со одмазда. Протестите се проширија и надвор од Иран, со инциденти регистрирани во Лос Анџелес и Лондон.Истовремено, САД ги разгледуваат можните опции за дејствување, додека иранските власти ги обвинуваат Вашингтон и Израел за поттикнување немири.– убиени се најмалку 544 демонстранти– САД го предупредуваат Иран, Трамп тврди дека Техеран побарал преговори– воведен е речиси целосен прекин на интернетот– иранскиот врховен лидер преку карикатура му се заканил на ТрампСтрашни сведоштва пристигнуваат од иранските болници, каде што лекарите се борат за животите на демонстрантите ранети со огнено оружје за време на бруталното задушување на протестите. По болничките ходници одекнува „Шифра 99“ – итно предупредување резервирано за пациенти со прострелни рани, додека медицинскиот персонал се соочува со хаос и смрт, пишува „Тајмс“.Во болница во Машхад, на североистокот на Иран, еден лекар минатиот петок навечер се обидел да реанимира 22-годишна девојка која била застрелана од безбедносните сили. „Ја реанимирав трипати, но почина“, рекол тој. „Пукаат со боево оружје.“Оваа порака е една од ретките што протекоа од Иран, и покрај речиси целосниот прекин на интернетот и телефонските врски од минатиот четврток. Д-р Кајван Мирхади, иранско-американски лекар од Њујорк, ги користи своите канали на социјалните мрежи за комуникација со колеги во Иран, како што правел и за време на протестите по смртта на Махса Амини во 2022 година.Пред блокадата на интернетот, вели тој, добивал стотици пораки со барања за совети за лекување на ранети демонстранти.Црни бројки и информативна блокадаВо пораките што ги споделил со медиумите, лекарот од Машхад навел дека само минатиот петок навечер неговата болница регистрирала најмалку десет смртни случаи на демонстранти. Некои од нив биле веќе мртви при пристигнувањето во блиските здравствени установи – 12 во една и 22 во друга. Во уште две локални болници со трауматолошки центри, „бројките се многу поголеми“.Болниците пред колапсПораките и фотографиите што пристигнуваат прикажуваат медицински установи во состојба на тешка криза, кои се борат со голем прилив на повредени. Лекар од Иран изјавил за Би-би-си дека болницата Фараби, главниот очен центар во Техеран, е под огромен притисок, а итните служби се преоптоварени. Во Керманшах, на западот од земјата, здравствен работник ја опишал состојбата како „исклучително тешка“.Според податоците што ги собра курдската мрежа за човекови права, десетици цивили биле ранети таму минатата среда и четврток. Еден лекар од Техеран, под услов на анонимност, изјавил дека шест болници во градот регистрирале најмалку 217 смртни случаи на демонстранти само во четвртокот навечер. Друг лекар потврдил дека „најмалку 38“ тела биле донесени во неговата болница истата ноќ.„Ситуацијата тука е навистина лоша“, напишал тој. „Ги убиваат луѓето без милост, најчесто млади.“

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryh7vu6v5hhldf6K6TAnh

Осуда од МНР за инцидентот со Амбасадата на Бугарија: Се преземаат мерки за целосно расветлување

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија го осуди инцидентот што се случи денеска, при кој непознато лице скрши стакло на објектот во кој е сместена Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.„МНР за кршењето на стаклото на бугарската амбасада: Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува инцидентот што се случи денес, во кој непознато лице скрши стакло на објектот во кој е сместена Амбасадата на Република Бугарија во Скопје“, велат од МНР.Претходно од Министерството за внатрешни работи информираа дека инцидентот бил забележан преку видео-надзорот на амбасадата, при што службеник за безбедност пријавил дека едно лице оштетило стакло на влезната врата на објектот. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на сторителот и за целосно документирање на настанот.Во меѓувреме, бугарското Министерство за надворешни работи реагираше остро, оценувајќи го инцидентот како недозволиво посегнување врз дипломатска мисија и сериозно прекршување на меѓународните норми. Од Софија побараа брза и ефикасна истрага, како и гаранции за безбедноста на нивното дипломатско претставништво во Скопје, најавувајќи дека внимателно ќе го следат развојот на случајот.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library5lbq3l1baqte2CC4fFw

(Видео) Се појавија потресни снимки од Иран: стотици вреќи со тела пред мртовечница јужно од Техеран

На социјалните мрежи се шират вознемирувачки и потресни снимки од Иран, на кои, според достапните информации, се прикажуваат сцени пред мртовечница во местото Хризак, јужно од Техеран. Снимките ги објави турскиот новинар Рагип Сојлу, кој наведува дека на нив може да се видат стотици вреќи со тела.Според описот, видеата прикажуваат десетици, па и стотици семејства собрани пред објектот, во очај и солзи, додека се обидуваат да ги идентификуваат своите најблиски кои, како што се тврди, биле убиени за време на масовните антивладини протести што ја потресуваат земјата.На снимките се слуша плач и лелек, а присутните семејства, видно вознемирени, се движат меѓу наредените вреќи со тела, надевајќи се дека ќе добијат информации за судбината на исчезнатите роднини. Иако автентичноста и точниот датум на снимките засега не се официјално потврдени од независни извори, тие дополнително ја зголемуваат загриженоста на меѓународната јавност за бројот на жртвите и размерите на насилството во Иран.Иранските власти досега не објавија целосни и официјални податоци за бројот на загинатите, додека организациите за човекови права и странските медиуми известуваат за значително поголем број жртви отколку што официјално се признава.СНИМКИТЕ ТУКА.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Сѐ повеќе протекуваат информации за опциите на Трамп против иранскиот режим

Сѐ повеќе информации излегуваат во јавноста за можните чекори што ги разгледува американскиот претседател Доналд Трамп во однос на иранскиот режим, во услови на ескалација на протестите и насилството во земјата. Британскиот весник „Телеграф“, повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите во Вашингтон, објавува дека меѓу опциите на маса се наоѓа и можноста за воена акција против Иран.Според истите извори, на Трамп му биле презентирани и потенцијални цели кои опфаќаат делови од иранските безбедносни служби, за кои се смета дека се директно одговорни за насилните пресметки со демонстрантите. Во тие судири, како што наведуваат повеќе меѓународни извештаи, низ Иран загинале стотици луѓе.Истовремено, американските воени команданти, според информациите на „Телеграф“, го предупредиле политичкиот врв дека е потребно дополнително време за консолидирање на американските воени бази во регионот. Тие укажале и на неопходноста од подготовка на соодветни одбранбени мерки пред евентуални удари, со оглед на ризикот од сериозна иранска одмазда која би можела да следи.Извештајот доаѓа во период кога администрацијата во Вашингтон јавно испраќа пораки за поддршка на иранските демонстранти, додека зад затворени врати, според медиумските наводи, се водат интензивни разговори за тоа колку далеку САД се подготвени да одат во притисокот врз властите во Техеран.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-librarylfpebmm7mdi6ciCPjv6

Американски сенатор до Иранците: Помошта пристугнува

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека помошта за иранските демонстранти „е на пат“, само неколку часа откако Трамп јавно порача дека Соединетите Американски Држави се подготвени да им помогнат на граѓаните на Иран во нивната борба за слобода.Во објава на социјалната мрежа Икс, Греам се обрати директно до иранскиот народ, наведувајќи дека „долгата ноќна мора наскоро се приближува кон својот крај“. Тој порача дека претседателот на САД, како и сите кои ја поддржуваат слободата, ја забележале храброста и решителноста на демонстрантите да стават крај на, како што наведе, угнетувањето во земјата.Сенаторот додаде дека пораката на Трамп „Да го направиме Иран повторно голем“ претставува јасен повик иранските демонстранти да надвладеат над исламските водачи. Според Греам, ова е најјасниот сигнал досега дека американскиот претседател разбира оти Иран не може да биде просперитетна држава сѐ додека, како што рече, ајатоласите и нивните следбеници се на власт.На крајот од пораката, Греам упати поддршка до сите кои учествуваат во протестите, порачувајќи дека нивната жртва нема да остане незабележана и дека помошта е веќе во движење.Изјавата на Греам доаѓа неколку дена откако тој се појави во јавноста заедно со Доналд Трамп, при што вниманието го привлече капа со натпис „Make Iran Great Again“, која ја носеше американскиот претседател. Дел од аналитичарите овој гест го протолкуваа како симболичен сигнал за можна поинтензивна американска поддршка на протестите во Иран.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Според досега пребројаните гласови од повторените избори за градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани има убедливо водство пред противкандидатот Невзат Бејта, покажуваат податоците објавени на официјалната страница на Државната изборна комисија.Иако резултатите сѐ уште не се конечни, од изборниот брифинг, како и од увидот во податоците на ДИК, може да се заклучи дека кандидатот Валбон Лимани, кој настапува со поддршка на коалицијата поврзана со Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција, има значајна предност во однос на Невзат Бејта, кандидат на коалицијата ВРЕДИ.Според последните објавени бројки, при обработени над две третини од избирачките места, Лимани освојува над 60 проценти од гласовите, додека Бејта останува на околу 30 проценти поддршка. Во Гостивар досега се преброени гласовите од 100, од вкупно 121 избирачко место, со излезност од над 71 илјада гласачи.Валбон Лимани по професија е доктор, а во минатото ја извршуваше функцијата претседател на Советот на Општина Гостивар во периодот кога Арбен Таравари беше градоначалник. Подоцна, по заминувањето на Таравари во извршната власт, Лимани ја презеде и функцијата вршител на должност градоначалник. На редовните локални избори во октомври минатата година, Лимани не успеа да обезбеди победа, откако му недостигаа само 21 глас за да го помине потребниот цензус, иако освои значително повеќе гласови од кандидатот на тогашната коалиција ВРЕДИ.Неговиот противкандидат Невзат Бејта е долгогодишна политичка фигура во Гостивар. Тој беше градоначалник на општината во два мандати како кандидат на ДУИ, а се обиде да освои и трет мандат, но на тие избори загуби од Арбен Таравари. Бејта во минатото ја извршуваше и функцијата пратеник во Собранието како кандидат на ДУИ.Од Државната изборна комисија најавуваат дека конечните резултати ќе бидат соопштени по целосното пребројување на сите гласачки места, по што ќе биде јасно дали водството на Лимани ќе се претвори и во официјална победа на повторените избори за градоначалник на Гостивар.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarye80rui390l4d3MLykPS

Жесток судир на СДСМ и Стоилковиќ: „Ја разбирам потребата на лузерите малку да се стоплат“

СДСМ јавно го обвини вицепремиерот во Владата предводена од Христијан Мицкоски, Иван Стоилковиќ, дека има блиски врски со Српската напредна странка и со руската националистичка група „Ноќни волци“, откако тој присуствувал на настан во Република Српска. Од опозициската партија тврдат дека ваквото присуство не е случајно и дека, според нив, претставува доказ за политичка и идеолошка поврзаност меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СНС и структури блиски до Кремљ.СДСМ реагира дека Стоилковиќ јавно се пофалил со своето присуство на настаните во Бања Лука, наведувајќи дека на нив бил присутен почесто дури и од српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, кој во Србија се соочува со обвиненија поврзани со аферата за Генералштабот и за кого е закажано судско рочиште. Во партиското соопштение се прави и паралела со најавеното повлекување на фирмата поврзана со Џаред Кушнер од проект во Белград, што, според СДСМ, е резултат на корупција и криминал.Опозицијата дополнително прашува дали Стоилковиќ дејствува како неформален офицер за врски меѓу владата на Мицкоски, српските власти и руските интереси, и дали, како што наведуваат, антиeвропската реторика и политиките на актуелната влада се дел од поширок план за изолација и продолжување на сомнителни тендерски практики.На овие обвинувања остро возврати самиот Иван Стоилковиќ, кој ги отфрли како неосновани и навредливи. Во јавна реакција, тој истакна дека присуството на одбележувањето на Денот на Република Српска во Бања Лука е практика што ја следи со години и дека тоа никогаш не било на штета на интересите на македонската држава и народ. Стоилковиќ нагласи дека, напротив, секогаш се водел од обврската да ги штити државните и националните интереси, без оглед на политичките напади.Тој наведе дека на истиот настан присуствувале и меѓународно познати личности, меѓу кои и Род Благојевиќ, поранешен американски гувернер и соработник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, како и универзитетски професори и геополитички аналитичари. Според Стоилковиќ, контактите остварени на вакви собири имаат конкретни и долгорочни придобивки за Македонија, и видливи и невидливи.Во својот одговор, вицепремиерот употреби исклучително остра реторика кон СДСМ, оценувајќи дека нападите се мотивирани од политичка немоќ и обид за привлекување внимание, додавајќи дека, како што рече, „туѓиот срам“ е посилен од секоја партиска конструкција.„Ја разбирам потребата на лузерите малку да се стоплат на моето родољубие, напаѓајќи го мојот народ и мене без причина, не го разбирам безбожништвото со кое го прават тоа. Но, веројатно е така кога Сонцето го гледате од Пеколот во кој самите сте се вовлекле и каде што не ви преостанува ништо друго освен да истурате салви гнасотии врз подобрите од себе и врз оние помили на народот. А што се однесува до придобивките од мојата посета на Бања Лука, цела Македонија има корист што видлива што невидлива од овие контакти вклучително и вие, кутри, мизерни , “Сироти мали (профитерски) хрчки”“, напиша Стоилковиќ.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarypvjl3n2k6p8i0ACh448

(Видео) Снимка открива детали за оштетувањето на објектот на Бугарската амбасада во Скопје

Снимките од видео-надзорот поставен на објектот на Бугарската амбасада во Скопје го документираат моментот на оштетување на стаклото од влезната врата на дипломатското претставништво. На видеото се гледа лице со капа и бела маска на лицето, кое во едната рака држи стап, додека со другата рака замавнува кон стаклената површина на влезната врата, по што се оддалечува од местото на настанот.Инцидентот беше пријавен денеска, 11 јануари 2026 година, во 15:55 часот, кога офицер за безбедност на Амбасадата на Република Бугарија, преку системот за видео-надзор, забележал дека едно лице извршило оштетување на објектот. Пријавата била доставена до СВР Скопје од Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, по што биле преземени мерки за расчистување на случајот.По настанот реагираше и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, кое соопшти дека го осудува инцидентот, оценувајќи го како недозволиво посегнување врз дипломатска мисија и сериозно прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи. Од Софија наведоа дека станува збор за напад врз објект кој го сметаат за симбол на државноста и официјалното присуство на Бугарија во Република Македонија.Во реакцијата, бугарската дипломатија изрази загриженост дека ваквиот инцидент е последица на, како што наведуваат, недоволна и навремена реакција на надлежните институции во земјава при претходни случаи на вандализам и напади врз објекти и лица поврзани со бугарската заедница. Дополнително, се посочува дека институционалната неактивност, заедно со толерирањето на говор на омраза, создава средина во која ваквите дејствија се повторуваат.Од Министерството за надворешни работи на Бугарија побараа итно идентификување и санкционирање на сторителот, како и преземање мерки за гарантирање на безбедноста на дипломатските и конзуларните претставништва, нивниот персонал и имот. Воедно, најавија дека внимателно ќе го следат развојот на случајот и дека го задржуваат правото на дополнителни дипломатски чекори, во рамки на меѓународното право.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryas06l1tddm73bNDOdNr

МВР трага по лицето кое искрши стакло од амбасадата на Бугарија во Скопје

Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска, 11 јануари 2026 година, во 15:55 часот, во СВР Скопје бил пријавен инцидент во објектот на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.Според МВР, пријавата била доставена од Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при МВР, откако офицерот за безбедност на амбасадата, преку системот за видео-надзор, забележал дека едно лице оштетило стакло на влезната врата од дипломатското претставништво.Од Министерството наведуваат дека веднаш се преземени мерки и активности за целосно расчистување на случајот, при што се работи на утврдување на идентитетот на сторителот и на сите околности поврзани со настанот.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarygfr51l0lud7p26M1rOU

Бугарското МНР тврди дека била нападната амбасадата во Скопје

Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека на денеска непознато лице извршило напад врз објектот на Бугарската амбасада во Скопје, оценувајќи го настанот како недозволиво посегнување врз дипломатска мисија и сериозно прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи, пренесува агенцијата БГНЕС. Тие не посочуваат за каков напад станува збор, а амкедонските медиуми објавија дека било пукнато стакло на влезната врата. Според бугарскот амбасадор, камерите регистрирале како лице се доближило и потоа го пукнало стаклото.Во реакцијата се наведува дека станува збор за напад врз објект кој, како што посочуваат од Софија, претставува симбол на државноста и официјалното присуство на Република Бугарија во Република Северна Македонија. Бугарското МНР изрази длабока загриженост дека ваквиот инцидент е резултат на, како што наведуваат, недоволна и навремена реакција на надлежните институции во земјава при претходни случаи на вандализам и инциденти поврзани со објекти и лица кои Софија ги поврзува со бугарската заедница.Во соопштението се истакнува дека институционалната неактивност, во комбинација со говор на омраза, според нив, создава атмосфера во која ваквите дејствија се повторуваат и ескалираат. Бугарската дипломатија побара од надлежните органи во Северна Македонија итно да преземат мерки за идентификување на сторителот, негово соодветно санкционирање и обезбедување целосна безбедност на дипломатските и конзуларните претставништва, нивниот персонал и имот.Од Министерството за надворешни работи на Бугарија очекуваат јасно и недвосмислено дистанцирање на институциите во Македонија од сите форми на омраза, поефикасна борба против ваквите инциденти и доследно почитување на меѓународните обврски. Воедно, најавуваат дека внимателно ќе го следат развојот на случајот и дека го задржуваат правото на дополнителни дипломатски чекори во заштита на, како што наведуваат, бугарските интереси.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarystgi4tu0tsqr3HEbMzZ

(Видео) Пет лица повредени во сообраќајната несреќа на патот Тетово–Скопје

Пет лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна незгода што се случила денеска попладне на патниот правец Тетово–Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“Несреќата била пријавена во 15:50 часот во СВР Тетово, а во неа учествувале патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ. (35) од Струга, и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б. (46) од селото Долна Лешница.Во судирот телесни повреди добиле возачот на „мерцедесот“ и еден сопатник од истото возило, како и тројца сопатници кои се превезувале во „голфот“. Повредите им биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.На местото на настанот извршен бил увид од страна на екипа на СВР Тетово, а причините за сообраќајната незгода се утврдуваат.

Настани | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryd16tjdjdjnkse6FddNx

(Фото) Аца Лукас тврди дека се обиделе да го ликвидираат по настапот кој го имал ноќеска: Едвај извлековме живи глави

Српскиот пејач Аца Лукас преку објава на социјалните мрежи тврди дека бил цел на обид за убиство по настап на Јахорина (БиХ), заедно со неговиот возач, наведувајќи дека само за малку избегнале смрт.Во објавата, споделена на неговиот официјален профил, Лукас напиша дека нападот се случил ноќта по настапот и дека тој и неговиот возач „едвај извлекле живи глави“. Тој дополнително тврди дека обидот за убиство бил извршен „по налог на Недељко Елек“, без да изнесе дополнителни детали за наводниот мотив или за лицата кои, како што вели, стојат зад настанот.„По настапот на Јахорина, ноќеска се обидоа да ме убијат мене и мојот возач. Едвај извлековме живи глави. Се обидоа да нè убијат по налог на Недељко Елек“, напиша Лукас, најавувајќи дека повеќе информации ќе соопшти на прес-конференција.Засега нема официјална потврда од институциите, ниту информации дали случајот е пријавен во полицијата во Босна и Херцеговина. Надлежните служби во БиХ сè уште не се огласија во врска со овие тврдења, а не е познато ниту дали е покрената истрага.Јавноста очекува дополнителни појаснувања од самиот пејач, како и официјален став од безбедносните органи, со оглед на сериозноста на обвинувањата што ги изнесе.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Вонредна состојба по врнежите: одрони кај Тетово и Гостивар, поплавави во Охридско и Струшко

Обилните врнежи што ја зафатија територијата на Република Северна Македонија предизвикаа одрони, поплави и отежнато одвивање на сообраќајот во повеќе региони, но според вонредната информација од Центарот за управување со кризи, состојбата до 18:30 часот е под контрола и надлежните служби се постојано на терен.Во тетовскиот регион, на патниот правец Тетово – Бањиче, пред ресторанот „Лумаре“, падната е голема карпа на коловозот со опасност од дополнителни одрони. За настанот се известени ЈКП Тетово, СВР Тетово и Дирекцијата за заштита и спасување, кои преземаат мерки согласно своите надлежности. Во градот Тетово и околината состојбата е стабилна, патната инфраструктура е проодна, а коловозите се претежно влажни. На патниот правец Гостивар – Маврово, кај каменоломот, е евидентиран одрон, при што е најавено расчистување и обезбедување на сообраќајот.Во тиквешкиот регион, во ридско-планинските делови околу Кавадарци се интервенира со два камиона на повеќе патни правци, при што сите патишта се проодни во зимски услови, а снежната покривка изнесува до 15 сантиметри. Во останатите населени места нема снег.Североисточниот регион е без поголеми проблеми. Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките, а водостоите се во опаѓање. Патот од селото Пелинце до граничниот премин Пелинце беше подмрзнат и небезбеден, но по интервенција е расчистен. Во Крива Паланка сите патни правци се проодни, а интервенирано е и на патот кон манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ поради одрон. Во Ранковце патот од селото Пклиште до селото Герман е затрупан со снег и е испратена механизација за расчистување, додека во Кратово сите локални патишта се проодни и водостоите не претставуваат опасност.Во источниот регион, во Штип нема активни врнежи. Водостоите се зголемени, но без опасност од поплавување, а на неколку патни правци има помали одрони кои редовно се расчистуваат.Југозападниот регион и понатаму се соочува со последици од врнежите. Во Охрид реката Сушица е ставена под контрола со насип, но на повеќе локации сè уште има поплавени подруми и дворови. Во Струга, во селата Мислешево и Калишта, поплавени се дворови, а санирањето е отежнато поради непречено истекување на водата. Во Дебар реката Радика има зголемен водостој, но без опасност од излевање, додека помалите одрони на патните правци Жировница – Дебар и Дебар – Струга редовно се расчистуваат. Во Кичево водостоите на Зајашка Река и Треска се намалени и нема опасност од нови поплави, а општинскиот кризен штаб одржува состанок за проценка на штетите и планирање на санација.Во пелагонискиот регион, поради оштетување на мостот на Боишка Река, локалниот пат кон селото Мренога кај Демир Хисар е затворен за сообраќај. Во Битола состојбата е нормализирана, а водата постепено се повлекува од поплавените површини во околните места. Во Крушево сите локални и регионални патни правци се исчистени, посолени и проодни, додека во Ресен поплавените земјоделски површини се ослободуваат од вода и се интервенира со механизација на коритото на Голема Река. Во Новаци, нивото на реката Црна изнесува 320 сантиметри и се следи континуирано.Од Центарот за управување со кризи апелираат на внимателно движење, особено на планинските и ридските патни правци, и најавуваат дека состојбата и понатаму ќе се следи со засилено присуство на терен.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања