5 ден.
media-libraryvaj191t0469hbWksSvL

Нестабилно време со врнежи и пад на температурите

Денеска времето е променливо облачно. Претпладне има повремени локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови врнежите се од снег. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој е поизразен долж Повардарието.Во Скопје времето е променливо облачно, со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Утре времето е облачно, со повремени врнежи од дожд кои се поинтензивни во југоисточните делови од земјата, додека на планините врне снег. Поради продор на постуден воздух, врнежите од дожд преминуваат во снег и на дел од повисоките места. Дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец.Во Скопје времето е претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
nciekfkwrml819bwf0tg

Парадоксот на биткоинот: Зошто цената паѓа и кога има побарувачка

Биткоинот има строго ограничена понуда и никогаш нема да надмине 21 милион монети, што со години се истакнува како неговата клучна вредност и основа за споредбата со „дигитално злато“. И покрај тоа што бројот на биткоини е фиксен, пазарот овозможува тргување со изложеност чија вкупна вредност повеќекратно ја надминува реалната количина на постоечките монети.Токму тука се создава парадоксот: биткоинот истовремено е средство со ограничена понуда и пазар на кој изложеноста може да се создава и укинува за неколку секунди. Клучната разлика е помеѓу вистинската купопродажба и тргувањето преку финансиски деривати. Само на спот-пазарот купувањето значи дека биткоинот навистина се префрла од еден сопственик на друг. Сите останати инструменти, како фјучерси и опции, не подразбираат реален пренос на биткоини, туку договори чија вредност зависи од цената, најчесто порамнети во готовина.Особено влијание имаат таканаречените перпетуални фјучерси, кои ја следат спот-цената преку механизам на меѓусебни надоместоци меѓу трговците. Нивната главна карактеристика е користењето на финансиски лост, што овозможува со релативно мал износ капитал да се контролира многу поголема позиција. Така, мал капитал може да создаде огромна пазарна изложеност, што го прави овој сегмент привлечен за активни трговци кои сакаат брзи добивки и можност за обложување и на раст и на пад на цената.Кога најголемиот дел од тргувањето се префрла на овие инструменти, цената почнува да се формира токму таму, а не на спот-пазарот. Краткорочните движења тогаш не се резултат на постепено акумулирање на биткоини, туку на отворање и затворање позиции, како и на присилни ликвидации кога цената ќе се движи спротивно од очекувањата на оние што користат полуга. Ваквите ликвидации често предизвикуваат дополнителен притисок и го забрзуваат падот на цената.Податоците од тргувањето јасно го потврдуваат тоа. На пример, на една од најголемите берзи, обемот на тргување со перпетуални договори во одредени денови бил и седум до осум пати поголем од спот-обемот, додека цената на биткоинот во истиот период значително опаѓала. Овие односи покажуваат дека доминантниот дел од активноста се одвива таму каде што се достапни лост и шорт-позиции, па краткорочните ценовни поместувања се повеќе последица на дериватните пазари отколку на реалната побарувачка за биткоин.Ова објаснува и зошто поддршката што се гледа во книгите на налози може да биде лажна. Налозите за купување и продавање можат да се повлечат или променат во секунда, а ако дериватниот пазар е значително поголем, тој лесно може да ја надвладее видливата побарувачка на спот-пазарот. Книгата на налози ги прикажува намерите, но не и гаранциите.Дополнителен фактор се и американските спот-ЕТФ фондови поврзани со биткоинот, кај кои се забележуваат наизменични силни приливи и одливи на капитал. Сепак, начинот на создавање и повлекување удели кај овие фондови значи дека тие текови не мора да имаат непосредно влијание врз дневното движење на цената, особено во услови кога дериватите доминираат со обемот на тргување.Значајна е и состојбата со резервите на биткоин на берзите. Во набљудуваниот период, тие пораснале за десетици илјади биткоини, што значи дека повеќе монети биле веднаш достапни за тргување. Поголемата достапност често создава дополнителен притисок врз цената.Севкупно, пазарот може да се разбере низ три нивоа: протоколот со фиксен максимум од 21 милион биткоини, количината реално достапна за тргување на берзите и синтетичката изложеност создадена преку деривати. Кога најголемиот дел од активноста се одвива на третото ниво, токму таму се одредува краткорочната цена. Недостатокот останува реален и непроменлив, но сам по себе не е доволен да ги диктира дневните ценовни движења.Затоа, за целосна слика потребно е истовремено да се следат тековите во ЕТФ фондовите, резервите на берзите и доминацијата на дериватните пазари. Кога сите показатели се движат во ист правец, трендот е појасен. Кога се разидуваат, се создава ситуација во која постои очигледна побарувачка, а цената сепак паѓа, бидејќи клучната битка се води на друго, помалку видливо место на пазарот.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
makedosnki-vojnik

Случаи на шуга во касарната во Велес: војниците пуштени дома, се отворија прашања за условите и хигиената

Кај најмалку двајца припадници на професионалните војници кои се на обука во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес е дијагностицирана кожната болест шуга, информираа од Канцеларијата за воени односи со јавноста при Генералштабот на Армијата, во координација со Министерството за одбрана. Како превентивна мерка, сите новопримени професионални војници кои се обучуваат во Командата за обука и доктрини викендов се пуштени дома, а во понеделник во касарната треба да се вратат сите, освен двајцата кај кои е потврдена дијагнозата.Од Армијата соопштуваат дека во соработка со Воено-медицинскиот центар се преземени сите неопходни мерки за спречување на евентуално ширење на заболувањето, дека е спроведен епидемиолошки надзор и дека се постапува строго согласно препораките на здравствените стручни лица. Во соопштението се наведува дека сместувањето, хигиената и капењето на војниците се организирани и регулирани согласно Правилото за сместување и ред во Армијата, дека просториите биле комплетно дезинфицирани пред приемот на персоналот, како и дека на користење биле дадени чисти и испрани постелнини и ќебиња.Паралелно со официјалните информации, професионални војници од касарната, кои инсистираат на анонимност, изнесуваат поинаква слика за состојбата. Тие тврдат дека бројот на лица со симптоми и во изолација е поголем од официјално соопштениот и дека дел од нив биле упатени и на болнички прегледи. Според нивните наводи, симптомите – силно чешање и осипи – се појавиле пред десетина дена, но првично не биле сфатени сериозно, сè додека кај некои од војниците не се појавила и покачена температура.Војниците тврдат дека условите за хигиена во касарната биле несоодветни, со недостиг од топла вода и дотраена постелнина, поради што биле принудени сами да се снаоѓаат за основни хигиенски потреби. Тие изразуваат загриженост дека со пуштањето дома постои ризик болеста да се прошири и надвор од касарнските капацитети, особено имајќи предвид дека симптомите на шугата можат да се појават и неколку недели по заразувањето.Од Армијата ги отфрлаат тврдењата дека заразата настанала во касарната и нагласуваат дека веднаш по дијагностицирањето биле активирани сите здравствени протоколи. Оттаму појаснуваат дека станува збор за новопримени војници примени на крајот на декември и дека во изминатиот период биле реализирани бројни активности со ангажман на голем број припадници на Армијата и странски вооружени сили, без да биде евидентирана појава на ваков тип заболување. Како пример се наведуваат големата ситуациска вежба „Seven Stars 2025“ во касарната во Велес, со над 150 домашни и странски учесници, како и вежбата „Immediate Response 25“ на полигонот Криволак, каде во теренски услови биле сместени над 2.200 припадници, без појава на заразни кожни заболувања.Од Министерството за одбрана велат дека постапуваат согласно барањата и проценките на Армијата и дека за конкретниот случај ќе се преземат сите дополнителни мерки според насоките на Воено-медицинскиот центар.Шугата, позната и како скабиес, е заразна кожна болест предизвикана од паразит кој се вовлекува во кожата, а симптомите најчесто се јавуваат од четири до шест недели по контакт со заразено лице. Случајот во велешката касарна повторно го отвори прашањето за условите за престој, хигиената и навременото препознавање на здравствените ризици кај новопримените професионални војници, како и за ефикасноста на превентивните механизми во армиските капацитети.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryak15htu5rbsccjBORE1

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, вечерва гостуваше во Тема на денот на Сител телевизија при што одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети изнесени во јавноста од страна на опозициската СДС, која тој ја оцени како полу распадната партија и воедно со јавноста сподели и прикажа дека го поседува највисокиот национален безбедносен сертификат – државна тајна, кој патем е издаден во времето на СДС и ДУИ.„Во делот на НАТО сертификатот она што го цело време потенцираат, јас го носам домашниот односно националниот безбедносен сертификат, ова е безбедносен сертификат државна тајна, којшто е издаден во време на СДС и на ДУИ, не е издаден во време на ВМРО-ДПМНЕ. Значи ова е највисокиот степен што постои во државата”, појасни Ковачки.Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки во продолжението обзнани дека го поседува и највисокиот НАТО сертификат, како и фактот дека е предводник на македонската делегација на седниците на НАТО парламентарното собрание и дека учествува на затворени седници на истото.„Поседувам и највисок НАТО сертификат значи учествувам и на затворени седници на НАТО парламентарното собрание каде што ја предводам македонската делегација. Така да, сите овие лаги и прават штета не само на партијата, туку и прават штета и на Македонија и мислам дека треба да престанат со вакви ад хоминем напади затоа што ако сакаат да бидат државотворна и одговорна партија мора да почнат да се занимаваат малку со креирање на политики коишто одговараат на нивното портфолио“, беше дециден Ковачки.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarykdtnl4ipddmncXC89I0

САД и Бугарија ги запленуваат домените на ArenaBG, Zamunda и Zelka во координирана акција

По повеќе од две децении опстојување под постојан правен и политички притисок, најпознатите бугарски сајтови за споделување фајлови, периодов се соочуваат со најсериозен удар досега. Во, како што се оценува, координирана меѓународна операција, органите за спроведување на законот од САД и Бугарија ги запленија домените ArenaBG.com, Zamunda.net и Zelka.org, со што овие страници стануваат недостапни за корисниците.Посетителите на трите платформи, наместо содржината затекнуваат банер за заплена, на кој стои дека домените се одземени од страна на Homeland Security Investigations во рамки на меѓународна операција за спроведување на законот, врз основа на судска наредба издадена од Окружниот суд на САД за Јужниот округ на Мисисипи. На банерот се наведени и логата на Министерство за правда на САД, Europol, како и на бугарските институции – ГДБОП, Државна агенција за национална безбедност и Обвинителството на Република Бугарија.Оваа акција не доаѓа како целосно изненадување. Уште пред пет години Бугарија официјално ги информираше американските власти дека има намера да ги затвори најголемите торент-тракери во земјата, меѓу кои ArenaBG, Zamunda и Zelka, и побара помош од САД за тоа да се реализира. Оваа заплена на домените укажува дека тие планови сега се спроведуваат, барем во делот што се однесува на интернет-адресите.Судската наредба од Мисисипи ги обврзува регистраторите на домени да преземат мерки, а американските власти биле клучни поради поврзаноста на домените со САД. ArenaBG.com, Zamunda.net и Zelka.org се пренасочени кон сервери под контрола на американските институции.Zamunda.net беше меѓу најпосетуваните страници во Бугарија со милиони посети месечно. Бугарските власти најавија предистражни постапки за кривични дела поврзани со интелектуална сопственост и даноци, но не е јасно дали акцијата вклучува други мерки. Во минатото побарана е помош од САД за одземање на серверите, но засега се блокирани само домените.Ниту американските, ниту бугарските институции не објавија детали, а платформите можат да продолжат преку алтернативни адреси. Оваа акција се смета за најсериозна досега против бугарските торент-страници.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Непознатото име што ги менува односите меѓу САД и Европа

Иако ретко се појавува во јавноста и речиси е непознат надвор од тесните политички кругови во Вашингтон, Енди Бејкер станува една од клучните фигури во креирањето на надворешната политика на Републиканската партија. Како заменик-советник за национална безбедност во Советот за национална безбедност на САД, тој има сè поголемо влијание врз одлуките на Белата куќа, особено преку блиската соработка со потпретседателот Џеј Ди Венс. Според „Политико“, токму Бејкер стои зад дел од најконтроверзните ставови на актуелната администрација, вклучително и сè поостриот однос кон европските сојузници.Пошироката јавност за првпат слушна за Бејкер случајно, кога во март потпретседателот Венс го посочи како свој главен човек во интерна комуникација поврзана со американските напади врз Хутите во Јемен, која протече во јавноста. Но, зад сцената, Бејкер веќе подолго време има централна улога во обликувањето на надворешнополитичката визија на Венс, кој сè почесто се споменува како можен републикански кандидат за претседателските избори во 2028 година.Извори од администрацијата и европски дипломатски кругови тврдат дека Бејкер помогнал во подготовката на остриот говор што Венс го одржа на Минхенската безбедносна конференција во февруари 2025 година. Во тој говор, европските лидери беа жестоко критикувани поради, како што беше наведено, неуспехот да ги заштитат слободата на говорот и сопствените граници, а миграцијата беше посочена како клучен проблем. Според Венс, отстапувањето на Европа од „основните западни вредности“ претставува главна закана за трансатлантскиот сојуз.Истата логика е вградена и во новата Стратегија за национална безбедност на САД, за која извори тврдат дека Бејкер одиграл значајна улога во нејзината изработка. Во документот се критикува ширењето на НАТО и се доведува во прашање концептот на алијанса што постојано се проширува, а се поздравува подемот на таканаречените патриотски и националистички партии во Европа. Овој пристап, според аналитичарите, претставува директен предизвик за деценискиот американски надворешнополитички естаблишмент.Бејкер до центарот на моќта стигнува по нетипичен пат. Израснат во работничко семејство во областа Норт Беј во Калифорнија, тој студира историја на Универзитетот Беркли, а потоа меѓународни односи на Оксфорд. Долги години работи како универзитетски предавач, а во 2010 година се вработува во Стејт департментот, каде останува 13 години. Службата во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел, според неговите соработници, длабоко го зацврстиле неговиот скептицизам кон американските воени интервенции и традиционалните сојузи.По напуштањето на Стејт департментот во 2023 година, Бејкер се поврзува со тогашниот сенатор од Охајо, Џеј Ди Венс, и станува негов советник за национална безбедност. Во таа улога, тој има значително влијание врз противењето на Венс кон американската воена помош за Украина. По победата на Доналд Трамп на изборите во 2024 година, визијата на Бејкер и Венс добива можност да се спроведе во практика, особено преку настојувањето за брзо преговарачко решение на војната во Украина.Иако неговите соработници тврдат дека Бејкер не е антиукраински настроен, туку се води од идејата дека САД не треба да се врзуваат за глобални обврски кои не ги сметаат за витални, дел од европските партнери изразуваат загриженост. Тие сметаат дека неговиот поглед кон Русија е поразличен од доминантниот во Европа и дека постои ризик од потценување на заканите.Во пролетта минатата година, Бејкер е именуван за заменик-советник за национална безбедност, со што неговото влијание дополнително расте. Тој учествува во клучни безбедносни одлуки, вклучително и во процесите поврзани со Иран и со операциите против Хутите. И покрај тоа, луѓето што го познаваат го опишуваат како внимателен стратег, повеќе академик отколку класичен политички оперативец.Сè поголемиот подем на Енди Бејкер го симболизира јакнењето на новата, реалистичка струја во рамките на Републиканската партија, која отворено ги преиспитува старите сојузи и интервенционистичкиот пристап на САД. За аналитичарите, неговото име е клучно за разбирање на тоа во кој правец би можела да се движи американската надворешна политика во годините што следат, особено ако Џеј Ди Венс стане водечка фигура на републиканците по 2028 година.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryesms3nf31g9j1nLGof4

Илјадници се собраа кај Бранденбуршката порта во поддршка на народот на Иран

Илјадници луѓе денеска демонстрираа во Берлин во знак на поддршка на иранското национално востание, на денот кога се одбележува годишнината од револуцијата во Иран од 1979 година, со која беше соборена монархијата. Собирот следува по националните протести во Иран што започнаа во декември поради економски тешкотии, а брзо добија политичка димензија и беа задушени во најжестокиот судир со безбедносните сили од Исламската револуција наваму.Според берлинската полиција, околу 8.000 луѓе се собрале кај Бранденбуршката порта, додека организаторите пријавиле учество на 20.000 лица. Шахин Гобади, член на Комитетот за надворешни работи на Националниот совет на отпорот на Иран, изјави дека на протестот имало околу 100.000 учесници и дека илјадници не успеале да допатуваат поради откажани летови предизвикани од временските услови.На собирот се обрати новоизбраната претседателка на Националниот совет на отпорот на Иран, а поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео се приклучи онлајн откако неговиот лет беше откажан. Настанот, според организаторите, го поддржале 344 организации и политички личности, меѓу кои парламентарни групи за пријателство со Иран, синдикати и претставници на граѓанското општество од повеќе европски земји, како и 312 ирански здруженија во Европа.„Пораката на иранскиот народ и неговиот Отпор беше и останува иста: без отстапки, без војна или странска интервенција, промена на режимот и суверенитет на република на народот, од народот и со неговиот организиран отпор“, изјави Маријам Раџави на собирот во Берлин.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
IMG_4867

Без возачка – без возило: за пет дена одземени 21 автомобил низ државата

Во периодот од 1 до 5 февруари 2026 година, на територијата на целата држава, по насоки на јавен обвинител, одземени се вкупно 21 возило, информира Министерство за внатрешни работи во одговор за „Скопје1“.Од МВР појаснуваат дека возилата биле управувани од лица кои немале положено возачки испит, односно управувале без возачка дозвола, што претставува тешко прекршување на сообраќајните прописи.Одземањето на возилата се врши согласно измените на Законот за прекршоци, со кои е предвидена построга санкција за безобѕирно управување со моторно возило, а мерката се применува како превенција и заштита на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.Од полицијата најавуваат дека контролите продолжуваат и во наредниот период, а секое управување возило без возачка дозвола ќе биде санкционирано согласно важечките законски решенија.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
ukraina-kiev-1

Рекорден број пријавени силувања во руската област Белгород, најмногу во целата земја

Руската област Белгород во 2025 година бележи рекорден број пријавени силувања, повеќе од кој било дел во земјата. Според податоците на проектот „Биди прецизен“, полицијата во Белгород регистрира 199 случаи на силување, што е речиси трипати повеќе во споредба со претходната година. Независниот руски портал „Верстка“ наведува дека станува збор за највисока бројка забележана во оваа област уште од 2008 година.Податоците на Министерството за внатрешни работи на Русија покажуваат дека бројот на пријавени силувања во Белгород нагло расте во 2022 и 2023 година, бележи пад во 2024, за во 2025 повторно да скокне на рекордно ниво. Дел од аналитичарите отвораат прашање дали ваквиот пораст е поврзан со руската инвазија врз Украина и со зголеменото присуство на воен персонал во регионот.Адвокатката за човекови права Мари Давтјан оценува дека порастот е јасно поврзан со надворешни околности, но предупредува дека достапните податоци не се доволни за конечни заклучоци. Таа посочува дека во Белгород во моментов се стационирани голем број војници и дека повеќе истражувања укажуваат оти нивото на насилство е повисоко кај военото население. Сепак, проектот „Биди прецизен“ забележува дека сличен тренд не е регистриран во другите руски региони кои граничат со Украина, поради што не може со сигурност да се потврди директна врска со војната.Истражувачите дополнително укажуваат на сериозен проблем во судскиот систем. Во 2024 година, само 14 проценти од регистрираните случаи на силување во Белгород стигнуваат до суд. Останатите или сè уште се во истрага, или се запрени, или се отфрлени без јавно образложение. Во дел од случаите, пријавите за сексуално насилство се преквалификуваат во полесни кривични дела, како што се недолични дејствија.Особено загрижувачки е фактот што жртвите најчесто се деца. Според последните јавно достапни податоци на Канцеларијата на главниот обвинител на Русија, во 2022 година дури 82 проценти од жртвите на силување во Белгород биле малолетници, наспроти 57 проценти на национално ниво. Кривичните дела со сексуално насилство врз деца во оваа област се во постојан пораст од 2021 година.Социологот Екатерина Хоџајева, која се занимава со полициски практики, смета дека дел од порастот може да се објасни и со промени во начинот на работа на органите на прогонот. Таа наведува дека стандардот за докажување во вакви случаи е исклучително низок и дека понекогаш обвиненија за силување се покренуваат и врз основа на интернет-комуникација со малолетници.Правен институт поврзан со Министерството за внатрешни работи во Белгород наведува дека дел од порастот се должи на таканаречени повеќекратни кривични дела, како семејно злоставување кое трае со години. Во 2023 година, според официјални податоци, 66 проценти од делата на сексуално насилство врз малолетници во регионот ги извршуваат членови на семејството. Дали овој модел продолжува и во 2025 година засега не може да се утврди, бидејќи од 2023 година деталните статистики на обвинителството не се достапни за јавноста.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ прашува: Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека најавената заплена на 40 тони марихуана, масло од канабис и биомаса од страна на Министерството за внатрешни работи не го одговара клучното прашање – кој дозволил пет тони дрога да поминат преку македонската граница.Од СДСМ оценуваат дека власта води медиумска кампања за дефокусирање на јавноста, додека МВР молчи за одговорноста на институциите. Според партијата, за транспорт на пет тони дрога потребни се повеќе камиони, што, како што наведуваат, не можело да се случи без знаење или поддршка од структури во МВР, Царината и други државни институции.„Началници, раководители, службеници, инспектори и функционери мора да понесат одговорност. Без институционална поддршка, невозможно е да се шверцуваат тони дрога преку државната граница“, велат од СДСМ.Партијата бара МВР да престане да ја избегнува одговорноста и јавно да одговори кој овозможил шверц на пет тони дрога и кои лица ќе бидат повикани на одговорност.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryshum7vlh2lco1nPXhKL

Иран во нов бран протести, отстапките на режимот не го смируваат народот

Нов бран народен гнев се шири во Иран, каде граѓаните, револтирани од масовните убиства на демонстранти минатиот месец, сè поотворено му пркосат на режимот и покрај заканите со одмазда. Ожалените семејства, студентите и здравствените работници учествуваат во протести и тивки акти на непослушност, додека властите продолжуваат со масовни апсења.Погреби и комеморации низ земјата се претворија во собири на отпор, на кои се извикуваат слогани против врховниот лидер Али Хамнеи. Протести и бојкоти се бележат и во училиштата и на универзитетите, а дел од јавните личности јавно го осудија насилството и повикаа на крај на режимот.Според организации за човекови права, од почетокот на протестите се убиени илјадници луѓе, а десетици илјади се уапсени, иако властите пријавуваат далеку помали бројки. Безбедносните сили упаѓале и во болници, приведувајќи повредени демонстранти и медицински персонал кој им укажувал помош.И покрај неколкуте најавени отстапки од властите, повиците за нови протести продолжуваат, а трговци од Техеран најавија масовни собири во февруари, со цел, како што наведуваат, да се оддаде почит на жртвите и да се продолжи народниот бунт.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-library465pivf4os151y257RZ

Орбан: Добив покана за седница на Одборот за мир на Трамп во Вашингтон

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во саботата најави дека „за две недели“ ќе отпатува во Вашингтон, каде што ќе присуствува на инаугуративниот состанок на „Одборот за мир“, иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на вооружените судири во светот.Говорејќи на предизборен собир во Самботел, во западна Унгарија, во пресрет на парламентарните избори во април, Орбан изјави дека добил официјална покана за повторна средба со американскиот претседател. Според неговите зборови, токму во Вашингтон ќе се одржи првиот состанок на новоформираното тело.Според планот на Трамп за завршување на војната во Појасот Газа, Националниот одбор за управување со Газа привремено би управувал со палестинската територија, под надзор на Одборот за мир, со кој ќе претседава самиот американски претседател. Сепак, во нацрт-повелбата на Одборот не се споменува изречно палестинската територија, туку се поставува поширока мисија – придонес кон решавање на вооружени конфликти на глобално ниво.Во преамбулата се наведува дека Одборот за мир треба да има „храброст да се оддалечи од пристапи и институции кои премногу често потфрлиле“, што се толкува како индиректна критика кон Обединетите нации.Покани за приклучување кон новото тело добиле повеќе светски лидери, меѓу кои и Орбан, познат како близок сојузник на Трамп, кој веќе ја прифатил поканата. За државите што ќе сакаат постојано место во Одборот за мир, ќе биде потребно да уплатат сума од една милијарда долари.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-librarygnhkeqs6573nav8JV7N

Фрчкоски: Власта ја турка Македонија во изолација, младите се иселуваат

-Изолираноста на Македонија во моментов плаши, затоа што таа само ќе се продлабочува и на ниеден начин нема да го спречи иселувањето, ниту ќе ги врати младите. Напротив. И покрај изјавите на премиерот дека млади се враќаат тука со авиони, прашањето е дали воопшто има визија за нивната иднина тука, додаде рече Јон Фрчкоски, член на ИО на СДСМ, во гостувањето во емисијата Стадион во Канал 77.Фрчкоски рече дека најзагрижувачки  е  фактот што заминуваат млади, образовани луѓе.-Тоа е тивка катастрофа. Државата вложува во нив, а резултатот го користат други земји. Ова е последица на долгогодишна несигурност и лоши политики, додаде тој.Во контекст на надворешната политика, Фрчкоски истакна дека во однос на стратешкото партнерство со САД денес сме подалеку од било кога досега-Партнерството со САД отсекогаш било исклучително важно за Македонија. Но, имам впечаток дека, од она што е во периметарот, денес сме подалеку од било каква поддршка и партнерство отколку било кога. Немаме конкретни односи, туку шетање по ходници на премиерот од кои не добиваме ништо. Во Давос немаше средба со сериозен лидер, а истовремено декларативно гаиме симпатии кон САД, додека сме на една друга, дури ни европска линија, која во јавната комуникација многу пати ја споменуваме. Тоа е оската Орбан – Вучиќ – Мицкоски, која на крајот не завршува кон Запад и САД, туку веројатно кон Москва, рече Фрчкоски.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library28plki67uefgeTxR3CO

(Видео) Први официјални информации: Запленети над 40 тони марихуана и над 1.300 шишиња масло од канабис, се испитува врска со заплената во Србија

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тони марихуана и биомаса.@Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија  потекнува од нашата држава.Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство  сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана. Исто така, извршени се проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавност“, информираат од МВР.

Македонија | пред 5 дена

6 ден.
media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

Одговорноста за дрогата од пет тони и за домашните заплени е во врвот на власта, вели СДСМ

СДСМ соопшти дека одговорноста за картелскиот скандал со пет тони дрога од Македонија, запленети во Србија, како и за последователните заплени во земјава, се наоѓа во самиот врв на власта. Од партијата оценуваат дека молкот на институциите е директен доказ за сериозноста на случајот и за постоењето на системски пропусти.Според СДСМ, и по поминати неколку дена, јавноста сè уште не добила одговор на клучното прашање – како пет тони дрога успеале да поминат преку македонската граница. Тие нагласуваат дека без поддршка или најмалку премолчена согласност од структури високо во власта, во Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и други надлежни институции, не е можно да се шверцуваат толкави количини наркотични средства.Од опозициската партија посочуваат дека поврзаноста на криминални структури од Македонија и Србија станува сè поочигледна и дека, како што велат, наскоро ќе излезе на виделина целата вистина за овој случај. Воедно, тие ја критикуваат и, како што ја нарекуваат, медиумската кампања и дефокусот со информации за наводни големи заплени на марихуана во земјава.„Доколку навистина се запленети 40 тони или повеќе нелегално произведена марихуана, тогаш повторно одговорноста е кај власта“, наведуваат од СДСМ. Според нив, логично се наметнува прашањето како е можно изминатите две години нелегално да се произведува и чува толкава количина марихуана без реакција на надлежните органи.СДСМ директно прашува која институција потфрлила – дали Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство или некоја друга државна институција. Од партијата порачуваат дека наместо, како што велат, бегање од одговорност, ВМРО-ДПМНЕ мора јавно да одговори кој дозволил пет тони дрога да се шверцуваат преку граница и кој конкретно ќе понесе одговорност за тоа.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryj2a7tf355eit6AeH9R8

(Видео) Шокантен инцидент на Балканот: Автомобил однесен со петгодишно дете на задното седиште

Шокантна снимка од Балканот, на која се гледа како крадец краде автомобил во кој се наоѓа мало дете, ја обиколи јавноста и предизвика силни реакции. Инцидентот се случи во средата, на 4 февруари, во утринските часови пред една детска градинка во Унгарија.Според информациите, таткото го оставил автомобилот со вклучен мотор и отклучен, додека го внесувал помалото дете во градинката. Во возилото, на задното седиште, останало постарото дете. Кога таткото се вратил, автомобилот и детето веќе ги немало.Крадецот, како што се гледа на снимките од надзорните камери, се оддалечил со возилото, а неколку улици подалеку го извадил детето од автомобилот и го оставил само, по што продолжил да бега. Набргу потоа, во полицијата бил пријавен случај од страна на вработен во блиска продавница, кој известил дека кај нив се наоѓа дете без родители кое го бара својот татко.На објавената снимка, која ја сподели Државниот секретаријат за внатрешна безбедност, јасно се гледа моментот на кражбата, а може да се слушнат и два аудиоснимки – на едниот таткото вознемирено зборува на телефон, а на другиот граѓанин пријавува дека пронашол дете кое тврди дека му е украден автомобилот.„Ги носев децата во градинка и мојот син остана во автомобилот. Го зедов клучот, но некако го одвезоа автомобилот заедно со детето“, изјавил таткото, додавајќи дека неговиот син има пет години.Полицијата подоцна го пронашла автомобилот и осомничениот околу 50 километри подалеку, на адреса во местото Ујшаш. Станува збор за 20-годишен маж кој пред полицијата давал противречни изјави, тврдејќи и дека возилото го купил на железничка станица за 50.000 форинти.Осомничениот е приведен и против него е поведена соодветна постапка. Од полицијата повторно апелираа до граѓаните никогаш да не оставаат автомобил со вклучен мотор и отклучен, дури ни на кратко, предупредувајќи дека вакви ситуации можат лесно да завршат со трагични последици.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryk0nvgl48s46n371QRKa

Трите хороскопски знаци кои секогаш заработуваат повеќе од другите

Постојат луѓе кои, без разлика на околностите, секогаш успеваат да пронајдат начин да заработат. Не секогаш станува збор за среќа или за богато наследство, туку за вродено чувство за можности, умешност во преговарањето и способност да се процени кога вреди да се преземе ризик. Астрологијата препознава одредени хороскопски знаци кај кои финансиската снаодливост е речиси природна, а парите почесто доаѓаат токму кај нив. Овие три знаци особено се издвојуваат како оние што знаат како да заработат и тогаш кога другите губат.Јарецот важи за еден од најдисциплинираните и најамбициозни знаци. Луѓето родени во овој знак ретко трошат импулсивно, секогаш имаат јасен план и точно знаат каде вреди да се вложи труд и време. Нивниот однос кон парите е долгорочен и трпелив – не бркаат брза заработка, туку градат стабилност чекор по чекор. Токму поради таа истрајност, нивниот финансиски ангажман често се исплаќа повеќекратно.Шкорпијата има изострен инстинкт за моќ, контрола и влијание, а парите често ги гледа како средство за постигнување на тие цели. Иако ретко јавно зборуваат за своите финансии, зад сцената внимателно го следат секој детаљ. Знаат кога да инвестираат, како да преговараат и ретко влегуваат во нешто што на долг рок нема да им донесе корист. Нивната промисленост и стратегиско размислување ги прават исклучително успешни во материјална смисла.Бикот ужива во комфор и луксуз, но кога станува збор за пари, е исклучително практичен и приземен. Има одлично чувство за вредност и сигурност, а кога ќе се зафати со нешто што му изгледа исплатливо, тешко се откажува. Неговата упорност и стабилност често резултираат со акумулација на имот и со живот исполнет со финансиска сигурност и удобност.

Магазин | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Иран се заканува со напади врз американски бази на Блискиот Исток доколку биде нападнат

Иран ќе ги нападне американските воени бази на Блискиот Исток доколку биде нападнат од американските сили, кои во последниот период го зајакнаа своето присуство во регионот, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Тој нагласи дека евентуален одговор на Техеран не треба да се толкува како напад врз државите во кои се наоѓаат базите, туку исклучиво како насочена акција против американското воено присуство.Изјавата на Арагчи доаѓа ден по најавите од Техеран и Вашингтон дека ќе продолжат индиректните преговори за иранската нуклеарна програма, кои двете страни ги оценија како конструктивни. Во интервју за катарската телевизија „Ал Џезира“, иранскиот министер изјави дека датумот за следната рунда разговори сѐ уште не е утврден, но дека постои заедничка подготвеност тие да се одржат наскоро. Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, изјави дека новиот круг разговори би можел да започне веќе на почетокот на наредната недела.Трамп во изминатиот период упати повеќе закани кон Иран, поврзани со зајакнатото американско воено присуство во регионот, барајќи Техеран да се откаже од збогатувањето ураниум, што може да води кон развој на нуклеарно оружје, како и да го запре развојот на балистички ракети и поддршката на вооружени групи во регионот. Иранските власти постојано негираат дека имаат намера да произведат нуклеарно оружје.Иако двете страни покажуваат подготвеност за продолжување на дипломатските напори околу долгогодишниот нуклеарен спор, Арагчи јасно порача дека Техеран не прифаќа проширување на преговорите на други теми. Според него, секој дијалог бара воздржаност од закани и притисоци, а разговорите со САД се ограничени исклучиво на нуклеарната програма. Иран инсистира на признавање на своето право на збогатување ураниум и смета дека ставањето на ракетниот програм на преговарачка маса би ја направило земјата поранлива на евентуални израелски напади.Потсетувајќи на настаните од минатата година, Арагчи посочи дека во јуни САД се приклучија на завршната фаза од дванаесетдневната израелска кампања на бомбардирање ирански нуклеарни објекти, по што Техеран возврати со ракетен напад врз американска база во Катар. Иранските власти тврдат дека по тие настани ги запреле активностите за збогатување ураниум.Во случај на нов американски напад, Иран ќе постапи на сличен начин, најави Арагчи, нагласувајќи дека цел ќе бидат исклучиво американските бази во регионот, а не земјите домаќини. Според него, постои јасна разлика меѓу напад врз американско воено присуство и напад врз соседните држави, разлика која, како што рече, Техеран јасно ја прави во своите пораки.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-librarybr7fn62kt9adaMAl0tC

Обвинувања за таен нуклеарен тест ја продлабочуваат глобалната безбедносна неизвесност

Соединетите Американски Држави ја обвинуваат Кина дека во 2020 година спровела таен нуклеарен тест, во момент кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп повикува на нов и поширок договор за контрола на нуклеарното вооружување што би ги вклучил и Пекинг и Москва. Обвинувањата доаѓаат само еден ден по истекот на последниот преостанат договор за контрола на нуклеарното оружје меѓу САД и Русија, со што најголемите нуклеарни сили во светот првпат по неколку децении остануваат без формални ограничувања на своите арсенали.Американскиот претседател и високи функционери од неговата администрација јавно порачуваат дека повеќе нема да се придржуваат до ограничувањата од договорот Нов СТАРТ, оценувајќи дека е неопходен нов договор кој ќе одговори на заканите од Русија и Кина. Во исто време, Трамп повторно ја отвора можноста за обновување на американските нуклеарни тестирања.На глобалната Конференција за разоружување во Виена, потсекретарот за контрола на вооружувањето и меѓународна безбедност Томас ДиНано изјавува дека американската влада располага со информации оти Кина спровела нуклеарни експлозивни тестови, вклучително и подготовка за тестови со јачина од неколку стотици тони. Според неговите тврдења, еден таков тест бил извршен на 22 јуни 2020 година, а кинеската војска, како што наведува, наводно користела техники за прикривање на експлозијата со цел да го отежне нејзиното сеизмичко откривање.Од Организацијата за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови, која глобално ги следи ваквите активности, соопштуваат дека нивниот меѓународен систем за мониторинг не регистрирал настан што би одговарал на карактеристиките на нуклеарна експлозија на наведениот датум. Според нив, системот е способен да детектира експлозии со јачина од околу 500 тони ТНТ или повеќе, што остава отворено прашањето дали евентуалниот тест, доколку бил со помала јачина, можел да остане незабележан.Кинеската страна ги отфрла обвинувањата, наведувајќи дека Пекинг се придржува до политиката на непрва употреба на нуклеарно оружје и дека го почитува својот мораториум за нуклеарни тестирања. Од кинеската амбасада во Вашингтон порачуваат дека Кина е подготвена да соработува со сите страни за зачувување на меѓународниот режим на разоружување и неширење на нуклеарното оружје, но истовремено апелираат и САД сериозно да се придржуваат до своите обврски.Истекот на договорот Нов СТАРТ, кој важеше до 5 февруари 2026 година, американските власти го оценуваат како „крај на една ера“, најавувајќи дека САД ќе продолжат со модернизација на нуклеарниот арсенал и ќе задржат капацитет за брзо зголемување на распоредувањето доколку тоа го наложи безбедносната состојба. Според Вашингтон, идната контрола на вооружувањето не може да се замисли без вклучување на Кина, иако Пекинг досега одбива да учествува во трилатерални преговори, тврдејќи дека неговиот нуклеарен арсенал е значително помал од оние на САД и Русија.Експертите предупредуваат дека меѓусебните обвинувања и истекот на клучните договори ја зголемуваат глобалната несигурност и ризикот од нова трка во вооружување, оценувајќи дека без сериозен дипломатски ангажман, светот влегува во период на зголемена стратешка нестабилност.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
kucinja-skitnici

Кучиња скитници нападнале двегодишно дете во Битола, со сериозни повреди е префрлено на лекување во Скопје

Двегодишно дете од Битола се здобило со тешки телесни повреди откако било нападнато од кучиња скитници додека си играло во близина на семејната куќа, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според официјалните информации, на 6 февруари 2026 година во 15:53 часот, во СВР Битола било пријавено од страна на лекар од Клиничката болница во Битола дека кај нив е донесено малолетното дете со сериозни повреди. По укажаната првична медицинска помош, детето било итно пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што продолжува лекувањето.Од СВР Битола соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, како и за утврдување на сите околности под кои дошло до нападот.

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања