„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
nema-voda

Поради дефект утре без вода дел од Центар

Поради отстранување  дефект   утре ќе има времен прекин на водоснабдувањето на ул. „50-та дивизија" бр. 27, дел од ул. „Јордан Мијалков" и објектот на Министерство за здравство во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за справување со кризи на град Скопје.Прекинот ќе почне во осум часот наутро и ќе трае до отстранување на дефектот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Полициски службеник стопирал возило, а потоа бил нападнат од татко и син

На 08.01.2019 година околу 11.00 часот на влез во село Радуша, скопско, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Фиат“, без регистарски ознаки, а управувано од Б.Ф.(22) од село Радуша.Возилото не застанало, туку продолжило со движење. По преземени мерки, Б.Ф. бил забележан пред неговиот дом во село Радуша, кадешто тој и неговиот татко Н.Ф.(56) физички нападнале полициски службеник. Б.Ф. и Н.Ф. се приведени во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка.По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 7 години

7 год.
2-5

Градоначалникот на Охрид делеше чај на работниците кои 24 часа непрекинато чистат снег

Во Охрид непрекинато се чисти, а планинарот и градоначалник на Охрид со Планинската служба за спасување делеше топол чај на работниците кои чистат снег во Охрид.Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски вечерва делеше топол чај на работниците кои веќе 24 часа на минусни температури непрекинато работат на расчистување на снегот од коловозите и тротоарите во Охрид.Градоначалникот Константин чајот го делеше заедно со „Планинската служба за спасување“ од Охрид, чиј дел е и самиот Константин кој е еден од најистакнатите охридски планинари.Во Охрид 24 часа непрекинато и интензивно паѓа снег а градската власт со сите расположливи средства и работна сила на јавните претпријатија се бори да ги расчисти улиците и тротоарите.Граѓаните позитивно одговорија на повикот на властите да се вклучат во чистењето на снегот и речиси сите ги чистеа тротоарите пред своите домови или деловни простории.Според прогнозата, снег ќе паѓа во текот на целата ноќ и утрешниот ден.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-22

14-годишна тинејџерка која беше исчезната пронајдена во интернет кафе

На 08 јануари во интернет кафе на улица „Елпида Караманди“ во Битола полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола ја пронашле А.М.(14) од Битола,која на 05 јануари од нејзината мајка беше пријавена за исчезната.

Македонија | пред 7 години

7 год.
paridenari1

Со лажна сообраќајка му одзеле повеќе од 12.000 денари

На 08.01.2019 година во 14.40 часот во СВР Скопје, Б.С.(62) од село Лабуништа, струшко, пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот на улица „Бледски договор“ во Скопје, во близина на болницата Филип Втори, бил измамен од две непознати лица и бил оштетен за сума од 12.200 денари.Прво му се доближило едното лице и побарало да му помогне во превод на српски јазик, наводно со некој странски државјанин, со кој направил сообраќајна незгода. Тогаш, Б.С. тргнал со лицето и пред болницата се сретнале со другото лице. После тоа, сите заедно продолжиле да се движат, а во еден момент наводниот странец му побарал 100 евра и 6.100 денари за, наводно, да ги даде на докторот за укажаната помош по сообраќајната незгода.Тој му дал пари, а „странецот “ му дал рачен часовник како гаранција додека му донесе пари. После тоа, двете лица заминале и не се вратиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Уапсени двајца Бугари поради кражба

На 07.01.2019 година во 19.00 часот на улица „Манапо“ во Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“, казниво по член 235 од Кривичниот законик на Република Македонија, од слобода биле лишени М.В.М. и Н.С., двете од Република Бугарија.Тие биле задржани во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Gasen-pistol-i-preparati-za-potencija-mobilna

Запленети моторцикли, алкохол, облека на царина

Во текот на последната недела од 2018 година и новогодишните и божиќните празници, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани моторцикл, скутер, делови за возила, фотокопир, гасен пиштол, препарати за потенција, алкохолни пијалоци, алат, електричен кабел, облека, лап-топ компјутери и фалсификати.Задржана е следната стока:Моторцикли, делови за возила и фотокопир- 1 скутер марка Peugeot, 1 моторцикл марка Honda, 1 фотокопир марка Nashuatec и 9 алуминиумски бандажи со гуми за патничко возило, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Швајцарија, наменета за физичко лице од Струга, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Охрид. Производите кои не биле опфатени со царинската декларација, се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.Гасен пиштол, препарати за потенција и алкохолни пијалоци- 1 гасен пиштол марка ZORAKI 925 со калибар 9 mm, 980 кесички Kamagra Oral Jelly 100 mg и околу 14 килограми препарати за потенција, HILTI и Маџун со билки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи биле пронајдени во патна торба на македонски државјанин кој патувал со автобусот. Истите се привремено задржани, а против патникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.- 193 литри домашна ракија и околу 30 литри домашно вино, откриени од страна на полициски службеници, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, извршена на патниот правец Велес – Скопје. Алкохолните пијалоци, за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени акцизни давачки, биле предадени на мобилните царински тимови за понатамошна постапка.Алат и електричен кабел- 570 нарезни ножеви за струг и 391 метри кабел, откриени во два одвоени случаи, од страна на мобилните царински тимови.Во првиот случај, при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, во патна торба сместена на горниот кревет во кабината на камионот, биле пронајдени 570 нарезни ножеви за струг.Во вториот случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце, во 5 кутии сместени во багажникот на возилото, биле пронајдени 391 метри електричен кабел за подно греење.Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против возачите ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочни постапки.Облека и компјутери- 83 парчиња ХТЗ облека (јакни, панталони и блузони) и 15 употребувани лап-топ компјутери Fujitsu и DELL DS, откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на багажот на косовски државјанин, кој допатувал со лет од Гетеборг. Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.- 57 комплети спортска опрема (шорц со маичка), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на турски автобус кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во спортска торба сместена во багажниот простор на автобусот, се привремено задржани, а против сопственикот, македонски државјанин кој патувал со автобусот, ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост- 271 парчиња облека (тренерки, јакни, маици, ранци, дуксери и блузи) и 63 пара патики со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на турски камион, натоварен со стока со потекло од повеќе држави, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.- 19.200 литри енергетски пијалок во лименки со ознаки на заштитена трговска марка, откриени во царинската испостава Ќафасан-отсек за стоково царинење, при контрола на стока пријавена за извоз од испраќач од Република Македонија, наменета за увозник од Република Албанија. Поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани, и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Општина Охрид: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да фрли сомнеж за криминал во нашето работење

Со низа неаргументирани обвинувања, портпаролот на ВМРО- ДПМНЕ Димче Арсовски, на прес-конференција, неуспешно се обиде да фрли сомнеж за наводни сериозни индиции за криминал во работењето на општина Охрид.За негова жал, како и многупати досега, тоа не му успеа бидејќи јавноста знае дека криминалот на ВМРО- ДПМНЕ тежок стотици милиони евра за кој секојдневно има рочишта во судовите, не може да се покрие со одвлекување на вниманието на граѓаните со измислени сомнежи, велат од Општина Охрид.„Јавноста треба да знае дека уште на 06.12.2018 година побарано е да се изврши увид во документацијата и евентуалните спорни плаќања на штетите од земјотресите што се случија летото во 2017 година, а истиот ден исплатата е запрена.На 14.12.2018 година формирана е комисија со решение бр. 09-17994/1 со задача по увидот врз документацијата да направи записник за плаќањата, а на 31.12.2018 година е покрената дисциплинска постапка против државниот службеник кој е председател на комисијата.Дисциплинската постапка ја води посебна комисија од седум члена која е формирана на 04.01.2019 година.Доколку во ВМРО- ДПМНЕ заборавиле, редно е во интертес на граѓаните, да потсетиме дека Комисијата за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи е формирана на 18.07.2014 година со одлука на Советот на општина Охрид, односно од претходната локална власт на ВМРО- ДПМНЕ.Општина Охрид е транспарентна пред своите граѓани. А Вие“, се вели во реакцијата на Општина Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
krediti-za-skoluvanje-denari-1

Државниот инспекторат за труд со засилени контроли за исплатата на К-15

Државниот инспекторат за труд, прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К-15 на вработените. Надзорот кој што започна од почетокот на годината ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајчи ги и фабриките за производтсво на текстил и чевли.Засилениот инспекциски надзор во областа на производство на  текстил и чевли е од причини што најголем број на преставки  во изминатите години беа од работниците во наведените дејности. Напоменуваме дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно Законот и Колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно со Закон.Државниот инспекторат за труд е орган кој е надлежен да врши инспекциски надзор над примената на правата и обврските на работниците и работодавачите утврдени со Закон и со Колективен договор. Во таа насока, при инспекцискиот надзор,  ќе се проверува  исплатата на регресот за годишен одмор (К-15), право коешто е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор  за приватниот сектор  од областа на стопанството. Во Спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.Истовремено ги повикуваме работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот инспекторат за труд 15 131.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Huawei-Kunpeng-920

Huawei го воведува новиот ARM процесор со ултра-високи перформанси

Huawei го објави највисокиот процесор во индустријата базиран на архитектурата на Advanced RISC Machine (ARM). Новиот Kunpeng 920 процесор е дизајниран да ја забрза обработката на големи збирки податоци и да врши дистрибуирано складирање и ARM специфични сценарија. Huawei се приклучува на големите играчи во индустријата на ARM и се вклучи во градењето отворен, кооперативен, заеднички еко-систем кој го доведува светот на денешните компјутери на сосема ново ниво.„Huawei континуирано инвестира во развој во областа на компјутерите, создавајќи вредност за своите клиенти. Huawei одамна е партнер со Intel, а двете компании заедно во голема мера придонесоа за развој на информатичките и комуникациските технологии. Ќе продолжиме со долгорочното стратешко партнерство и ќе продолжиме да создаваме иновации заедно. Во меѓувреме, индустријата на АRM гледа нови можности за развој: новосоздадените Kunpeng 920 процесори и TaiShan серверите на Huawei првенствено се користат во големите апликации за обработка на податоци, дистрибуирано складирање и АRM апликации. Ќе работиме со глобалните партнери во духот на отвореност, соработка и заеднички успех за поттикнување развојот на екосистемот на АRM, изјави Вилијам Шу, член на одборот и шеф на секторот за стратешки маркетинг во Huawei.Највисоки перформанси базирани на АRM процесор во индустријатаKunpeng 920 е најпродаван серверски ARM процесор. Со користење на најновиот 7nm процес, процесорот е независно дизајниран од Huawei под ARMv8 лиценца за архитектура. Тој значително ги зголеми перформансите и ги оптимизира предиктивните алгоритми, го зголемува бројот на OP блокови и ја подобрува архитектурата на меморијата. На типична фреквенција на SPECint Benchmark тестови, процесорот Kunpeng 920 има резултат од над 930, што е 25% повисоко од индустрискиот репер. Во исто време, енергетската ефикасност е 30% подобра од онаа на другите индустриски решенија. Kunpeng 920 обезбедува многу поголема компјутерска моќ за центри за податоци и ја намалува потрошувачката на енергија.Huawei TaiShan, АRM базиран процесор со најдобри перформанси во индустријатаHuawei денес го лансираше својот TaiShan сервер, напојуван од Kunpeng 920, вклучувајќи три модели: еден со фокус на складирање, друг - со висока густина и трет - фокусиран на балансирање на двете барања. Серверите TaiShan се изградени за големи податоци, дистрибуирано складирање и ARM сценарија. TaiShan дава компјутерски платформи со високи перформанси до 20% повисоки од претходно и ниска потрошувачка на енергија.Градење отворен и заеднички ARM екосистем врз основа на севкупниот успехHuawei постојано поттикнува корпоративна меѓусебна помош во градењето на хардвер, софтвер и апликации. Глобалниот бренд работи со организации како што се Green Computing Consortium (GCC), Linaro and Open Edge и HPC Initiative (OEHI) за изградба на отворен и заеднички ARM екосистем со партнери како Hortonworks, Microsoft, Red Hat, SAP, SUSE, Ubuntu и China Standart Software.Во однос на хардверот, Huawei е клучен член на Linaro, а во однос на софтверот е член на OpenStack и еден од основачите на Cloud Native Computing Foundation (CNCF). Huawei се приклучи на GCC, кој неодамна го лансираше извештајот за техничките стандарди на Green Computing Consortium Server и е само една од нивните иницијативи за изградба на отворена „зелена“ технологија. Huawei исто така е член на OEHI.„Со помош на Кирин 980, Huawei ја донесе вештачката интелигенција на сосема ново ниво. Со разновидни производи и услуги како Huawei Cloud, базирани на Ascend 310, нашата компанија ја прави вештачката интелигенција достапна за повеќе  видови бизнис. Сега со Kunpeng 920 влегуваме во нова ера на разновидна технологија, чија карактеристика е присуството на повеќе јадра и обележана хетерогеност. Huawei инвестираше трпеливо и енергично во областа на технолошките иновации за да можеме да продолжиме да бидеме меѓу лидерите во оваа индустрија. Во иднина ќе продолжиме да работиме, мотивирани и инспирирани од нашите клиенти и партнери, така што ќе можеме заедно да изградиме попаметен и технолошки свет “, изјави Шу.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Богдановиќ: Општина Центар во буџетот ќе врати 94 милиони денари

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска на прес конференција на јавноста соопшти дека општината ќе си врати назад над 94 милиони денари од фирмата “Пелагонија“ од Гостивар.Поради суштествени повреди на постапката и погрешна примена на материјалното право, по поднесената жалба од Општина Центар на пресудата на Апелациониот Суд од 11.5.2018-та година, Врховниот Суд одлучи постапката помеѓу општината и претпријатието “Пелагонија“, која беше отворена поради стопирање на изградбата на катната гаража кај НИП Нова Македонија, да биде вратена на почеток.“Со оваа одлука, конечно општината доби правна разрешница на овој предмет, кој минатата година доведе до блокирање на сметката на општината. Врз основа на Решението на Врховниот Суд, АД ‘Пелагонија’ на Општина Центар треба да ѝ го врати целиот износ, односно вкупно 94.482.306 денари. Парите кои ќе бидат вратени назад во општинската каса ќе бидат пресраспределени во програмите за работа на општината. Продолжуваме со расчистување на затекнатите судски пресуди, а во текот на годината очекуваме уште неколку вакви судски одлуки“, изјави градоначалникот Богдановиќ.Поради нејасни, побивани пресуди и недоволно образложени причини за решителни факти, а согласно членот 343 став 2 точка 14 од Законот за парнична постапка, Врховниот Суд на РМ утврди дека АД “Пелагонија“ во предметот поврзан со изградба на катна гаража кај зградата на Нова Македонија, на Општина Центар треба да ѝ ја исплати целосната сума за која беше оштетена општината, во висина од 94.482.306, 00 денари.

Скопје | пред 7 години

7 год.
cnjreagerhgetehg-197258

ДОМ: Усвоен законот за минерални суровини

Во Собранието денеска по едногодишна „собраниска битка“ беше усвоен Законот за минерални суровини. Предлагачи на Законот, покрај пратеничките Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, беа и Мери Лазарова, Кети Смилевска, Диме Велковски и Сашо Атанасов од СДСМ, Горан Милевски од ЛДП, како и независните пратеници - Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефоска, Павле Богоевски и Ферид Мухиќ. Во целиот овој процес постоеше соработка и недвосмислена поддршка за Законот од СДСМ и коалицијата, од над 40 граѓански еколошки организации и иницијативи, како и од Европските Зелени.По затворањето на рудникот Казандол, ова е уште еден заеднички успех на екологистите во борбата за здрав живот во чиста животна средина и за развој на зелената економија.Со законот се забранува употреба на цијаниди и сулфурна киселина при флотација или лужење во нови рудници од отворен коп. Се бара и депонирана финансиска гаранција од идните концесионери во случај на еколошки катастрофи, како и јасно наведување на постапката во техничко-технолошки елаборат. Дополнително, се предлага продолжување на рокот за одговор од локалната самоуправа и државните институции од 15 на 60, односно 30 дена, заради поголема транспарентност.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar-4

Пожарникар со стап по глава мавал колега, ОЈО бара притвор

Четириесетгодишен вработен во охридската противпожарна служба утринава нападнал повеќе негови колеги и е осомничен дека извршил неколку кривични дела. Откако влегол во простории на Територијалната противпожарна единица во Охрид, тој со дрвен стап нападнал негов колега, удирајќи го во пределот на главата. Притоа на оштетениот му нанел тешки телесни повреди од животно загрозувачка природа.Продолжувајќи кон дворот на противпожарната служба, осомниченото лице се сретнало со друг колега кого исто така го нападнал со удари. Од силината на ударите вториот оштетен паднал на снегот, по што сторителот упорно продолжил со клоци да му нанесува повреди по телото. По тоа, осомничениот избегал од местото на настанот. Подоцна се јавил и на службениот телефонски број 193 и им се заканувал на колегите со што ја загрозил нивната сигурност.Поради стореното, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 во врска со став 1, Насилство од член 386 став 3 во врска со став 3 и Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Јавниот обвинител ценеше дека постојат опасности осомниченото лице да го повтори кривичното дело, да се даде во бегство и да влијае врз сведоците, поради што до судија на претходна постапка во Основниот суд Охрид достави и Предлог за определување на мерката притвор.Истиот овој претходно ги истепа пожарникарите и за тоа не е ни избркан од работа, ни притворен. Интересно е што пожарната во Охрид е сместена во иста зграда со Полицијата, а за безбедноста на пожарникaрите кои постојано биле под закани од притоврениот Локалната ангажирала приватна агенција за обезбедување (Питон) чии вработени обезбедувачи одреден период ги чувале пожарникарите на работните места (кои се во иста зграда со Полицијата), а откако агенцијата не ги обезбедувала се случил денешниот инцидент. Повредениот пожарникар заради сериозноста на повредите е пренесен во Скопје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Slika-od-Cistenje-na-sneg

Зимските служби го остстрануваат снегот во Карпош

Зимските служби на Општина Карпош уште денес, почнаа да ги чистат покритичните, повисоки места во Општината.„Во овие моменти се отстранува снегот во Жданец, Трнодол, повисоките места на Козле, Бардовци, Горно и Средно Нерези, како и долж сервисните улици во Карпош.На терен, активно работат два камиони со придружна механизација, при што се истурени поголеми количиества сол во посочените урбани заедници.Исто така, локалната самоуправа го отстранува снегот и од пофреквентните места: пред влезови на градинки, тротоари, платоа и сл.Ангажирани се и хигиеничарите кои се дел од нашите комунални служби, кои со соодветна опрема и механизација придонесуваат за побезбедно движење на граѓаните. Хигиеничарите ќе работат и во вечерните часови.Упатуваме апел до сите правни лица, сопственици на локали да го исчистат околниот простор околу својот објект. Ова е нивна обврска согласно член 22 од Законот за јавна чистота.Освен тоа, потребно е и соработка од граѓаните во расчистување на снегот од коловозите, односно да ги отстранат своите возила од тротоарите и улиците (станбени и сервисни), со цел специјалните возила за чистење на снег непречено да се движат и да работат“, велат од Општина Карпош.

Скопје | пред 7 години

7 год.
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Забрана за камиони на планинскиот превој Барбарос

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на планинските превои со остатоци од кашест снег на коловозот.„Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правци Градско-Прилеп преку планискиот премин Плетвар, крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-П.Шапка каде за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).Во 18.00 ч воведена е забрана за ТМВ на патот Прилеп-Мак.Брод, на планинскиот превој „Барбарос“, поради снежни врнежи.Снег врне со променлив интензитет во цела Држава.Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваа раст на економијата од 5%, а во 2017 имаше стагнација со 0% раст

Проекциите на Владата ниту се кредибилни, ниту точни. Македонија со СДСМ во 2017 година доживеа стагнација на економијата со нула проценти раст, во период кога Заев ветуваше раст од 5%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ ветуваше економски раст од 5% во сите години од нивниот мандат,втора година од власта на СДСМ, а не сме ни блиску до 5%.Проекциите за раст на економијата во 2019 година од 3.2% исто така не се ни приближни до ветените 5%.Зоран Заев и СДСМ ги излажаа граѓаните. Економијата тоне, а работат само бизнисите на олигархијата на власт, додека граѓаните едвај преживуваат.Економија во која царува криминал и корупција, како во Македонија под власт на Заев не може да оствари 5%, се додека СДСМ е на власт поголем раст не е возможен, токму затоа и треба да си заминат.Црнилата кои ја обвиткаа економијата мора да си заминат. Мора да изгрее зората. Македонија заслужува да оди напред“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
50250760_2168142830168419_4134265305004244992_n

(ФОТО) 80 работници се ангажирани за расчистување на снегот

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на целиот ден и во вечерните часови работат на расчистување на паднатиот снег и мразот од булеварите и поголемите улици во сите скопски општини.„Приближно 80 работници се ангажирани за расчистување на централното градско подрачје, Старата чаршија, плоштадот и улицата Македонија, како и реонот околу Градската болница, Државната болница и поликлиниката Бит Пазар. Воедно се расчистуваат и посолуваат и пешачките патеки и тротоарите на  мостовите, со цел да се овозможи проодно движење на граѓаните.ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжи со своите активности и во текот на ноќта“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

7 год.
50244606_643750546042359_6198213385285271552_n

ДСЗ апелираат да се расчисти снегот со цел нормално одвивање на сообраќајот

Дирекцијата апелира да се превземат сите неопходни мерки за расчистување на снегот со цел нормално одвивање на сообраќајот.„Дирекцијата за заштита и спасување и нејзините Подрачните единици будно ја следат состојбата со временските услови во целата земја.Воедно, ДЗС апелира до сите Градоначалници и единици на Локалната самоуправа да ги превземаат сите неопходни мерки за расчистување на снегот и снежните наноси, заради нормално одвивање на сообраќајот и заштита на населението согласно обврските од Законот за заштита и спасување“, велат од ДЗС.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49831885_383728725531225_9013277470983454720_n

(ФОТО) Нов обид за упад во Собранието

Четири лица се приведени откако се обиделе дс ја прескокнат заштитната ограда пред Собранието за да влез во него. Според присутните, тоа се случило непосредно пред крајот на седницата во Собранието каде тече последната фаза за уставните промени.Во текот на целиот ден, пред Собранието беа присутни поддржувачи на “Македонија блокирам”, но и на ВМРО-ДПМНЕ. Пред Собранието беа дојдени и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицксоки заедно со дел од пратениците.“Македонија блокирам” денешниот протест го прогласија за успешен, откако беше објавено дека седницата за уставни промени ќе се одложи.Протест ќе има и утре, а во Собранието ќе се гласа за промена на Уставот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
l9Gk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvT1dVN01EQV8vYjdmNTRhNWI5ODA5NTYxNzRkODE1NGQwMThiNDljZDAuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) Снегот го блокираше патот Велес-Штип, возилата стојат, “Македонија пат” ги нема

Неисчистени улици, завеани патишта, блокирани пристапи до локалните патишта и до селата. Ова е сликата која може да се види низ Македонија откако рано утрово започнаа снежните врнежи.Голем број на патишта се целосно под снег, а возачите се нервозни. Според информациите на патниот правец Велес-Штип заглавени се седум камиони со што сообраќајот е во прекин.https://www.facebook.com/100002733974915/videos/1725822164185566/Слична е ситуацијата на регионалниот пат Демир Хисар - Прилеп, кој не е исчистен, а жителите од неколкуте села го користат овој патен правец за да стигнат до градот.https://www.facebook.com/Selo.Barakovo/videos/339414363322319/Од „Македонија пат” велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци во државата.На дел од патиштата како Градско-Прилеп преку планискиот премин Плетвар, крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-П.Шапка е вклучена забраната за тешки товарни возила, а за останатите возила е потребна зимска опрема.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања