Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
ucebnici

Фактор: Во четири очи планирани се над 11 милиони евра, за нов рекорден договор за учебници во 2019 та

Во две набавки, без објавување на претходен оглас туку во преговори, Министерството за образование и наука и годинава ќе ги купува учебниците за основно и средно образование. Ова стои во планот за јавни набавки за годинава кој министерот Арбер Адеми го потпишал пред неколку дена. Само овие две набавки вредат вкупно 680 милиони денари што ќе ја направи оваа институција, повторно, меѓу тие кои се најголеми потрошувачи на годишно ниво. Проценето е учебниците за основно образование да чинат 586 милиони денари, додека тие за средно образование 92 милиони денари. И двете набавки во четири очи се планирани во текот на мај и јуни, објави порталот ФАКТОР.-Инаку годинава планираните јавни набавки на Минситерството се во вкупна вредност од над 1,2 милијарди денари. Тоа значи дека повеќе од половина од вкупно планираната сума за јавни набавки се предвидени за учебници. Рехабилитација на основни и средни училишта со 75 милиони денари е на трето место, а понатаму планирани нови договори според висината на сумата е набавката на интернет за пренос на податоци од училиштата и средните домови (30 милиони), опремување на лаборатории на основните училишта (31,43 милиони денари), санација на мензата во студентскиот дом „Гоце Делчев“ (27 мил.), довршување на фискултурна сала во ОУ во село Дебреше (32 мил) и реконструкција на земјоделското училиште Кочо Рацин (30 мил.) итн, пишува порталот.Целата вест прочитајте ја на ФАКТОР

Македонија | пред 7 години

7 год.
PS-STRUGA

Инцидент пред струшка пекара

На трети овој месец, околу 14 часот, пред пекара лоцирана на улицата „ЈНА“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир во кој, А.И.(23) од струшкото село Радолишта, бил физички нападнат од А.С. (28), М.С.(53), двајцата од струшкото село Велешта, и од уште едно, засега непознато лице.А.С. и М.С. се повикани на разговор во полициската станица во Струга а се преземаат дополнителни мерки за идентификација на третиот учесник во нарушувањето, по што ќе биде понесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
skadarsko_jezero

Уапсен монах од манастирот Врањина поради несреќата на Скадарското езеро

Монахот од манастирот Врањина, Горан Кимпанов е уапсен поради трагедијата што се случи вчера на Скадарското Езеро, во која животот го загубија четири лица.Порталот Б92, пренесува дека монахот Кимпанов се товари а дело „општа безбедност и предизвикување општа опасност“.Инаку трагедијата во кој згина четири лица откако чамец се превртел денеска на Скадарското Езеро, во близина Врањина во Црна Гора, го потресе регионот. Се работи за тричлено семејств, а жената била бремена и момче, кое се обидело да ги спаси.Чамецот со неколку лица бил во обиколка на тамошниот манастир, но поради невреме од силен ветер и големи бранови чамецот се превртел.Еден од лицата кои биле во чамецот успеало да доплива до брегот. Тој за медиумите изјавил дека во несреќата настрадале мајка, татко, ќерка и момче што се обидело да ги спаси.

Свет | пред 7 години

7 год.
mati

Почина еден од најдобрите ски скокачи

Вчера во својата 56та година почина еден од најголемите ски скокачи на сите времиња, легендарниот Финец, Мати Никенен.Во својата кариера освои се што можеше да се освои и стана икона и симбол на овој спорт во осумдесеттите години. Никенен има освоено четири олимписки злата и едно сребро, а пет пати се искачил на тронот на Светските првенства.Откако стави крај на кариерата имаше проблематичен живот поради проблем со алкохолот, а во 2004 година беше осуден на 13 месечна затворска казна поради тоа што избодел пријател во бар во Финска.Никенен поради својот девинактен живот брзо банкротираше, па мораше да ги продаде сите освоени медали и трофеи за да преживее.

Спорт | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника и бара алиби за изборниот пораз во измислени и нереални причини

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во паника од успехот на Македонија и членството во НАТО, вели во соопштението од центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.Во продолжение од СДСМ додваат:Македонија седнува на своето столче во НАТО, Мицкоски стравува за своето опозициско столче во ВМРО ДПМНЕ.ВМРО ДПМНЕ знае дека ги чека пораз на избори, знаат дека немаат поддршка кај граѓаните, освен деструкција и блокади не нудат ништо добро за државата и нејзините граѓани.Затоа ВМРО ДПМНЕ бара алиби за извесниот изборен пораз во нереални и измислени причини.Измамите, изборните манипулации, злоупотребата на институциите пред избори се симбол на криминалното вледеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат и бројните судски предмери за изборни нерегуларности што се водат против нив пред наделжните судови.Наместо очајнички да бара алиби преку измислици, Мицкоски и антизападното раководството на ВМРО ДПМНЕ во белиот дворец нека се подготват за пораз на какви било избори кои ќе бидат фер, слободни и демократски, се вели во соопштението од центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bitola

ЈКП „Комуналец“ ќе се грижи за уличното осветлување во Битола

Со одлука на Советот на Општина Битола, на ЈКП „Комуналец“ му е пренесено правото на сервисирање и тековно одржување на електричната мрежа за уличното осветлување на подрачјето на Општина Битола, за градот Битола. По примерот на веќе успешно реализираното осветлување на територијата на Општина Битола во приградските населени места, во неполн месец, ова јавно претпријатие покажа дека има капацитет и опрема соодветно да го менаџира и уличното осветлување во централното градско подрачје, посочи директорот Панде Богоевски.„Во опфатот на градското подрачје, содржан во договорот, има 7941 улично светло. Досегашните договори со приватните фирми, опфаќале одржување на уличното осветлување во делот на менувањето на прегорените сијалици и доколку постоел одреден дефект, истиот да биде отстранет. Со сегашниот договор, ЈКП „Комуналец“ покрај тековното одржување и менување на уличните светилки, ќе вложува и во квалитетот на самата улична мрежа, односно ќе се врши замена на одредена улична сијалица со поквалитетна и појака во однос на осветлувањето, доколку се процени дека за тоа место има потреба од појако осветлување. Таа замена ќе биде со поквалитетни светилки, кои иако се поскапи, на подолг рок даваат заштеда на електричната енергија, што значи општината ќе плаќа помалку пари за улично осветлување“, рече Богоевски.Уште една од новините во однос на уличното осветлување е наплатата. Досега, без разлика на извршената работа, ангажираните фирми биле паушално фиксно исплаќани за одржувањето на уличното осветлување, а сегашниот нов договор предвидува исплата по извршена работа. Тоа значи дека врз основа на дневни извештаи потпишани од надзор на опшината и јавното претпријатие и по конкретно извршена работа, ќе биде исплатена извршената конкретна работа. На овој начин, општината ќе има можност за поголем увид во трошоците, но и за поголеми инвестиции во однос на уличното осветлување во градот.„Граѓаните благовремено ќе бидат известени на кој начин ќе можат да пријават одреден проблем во однос на уличното осветлување“, информираше директорот на ЈКП „Комуналец“,Панде Богоевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_4700

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) под мотото „единство и солидарност“, во Ресен одржа вонреден тематски конгрес.„Во регионот каде што се потпиша историскиот преспански договор, делегатите на ТХП дискутираа за повеќе важни теми. Претседателот на ТХП, Енес Ибрахим, во своето излагање се осврни на успешно заокружениот процес на решавање на проблемот со Р.Грција, со што се отворија вратите на НАТО и ЕУ, потенцирајќи дека особено важно е што во овој процес и пратениците со турско потекло од грчкото собрание дадоа силна поддршка. Генералното мислење на делегатите е дека на престојните претседателски избори редно време е за прв пат во историјата на самостојна Македонија, Турците да имаат свој претседателски кандидат. Во оваа насока Ибрахим ги покани сите турски политички субјекти да се соединат околу заеднички кандидат“, пишува со оопштението на ТХП.На конгресот освен за резимето од досегашниот учинок на ТХП, се дискутирало и за чекорите кои треба да се превземат во следниот период.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

При претрес во Тетово пронајден кокаин

На 03.02.2019 година во периодот од 13.30 до 15.00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Ј.С.(49) на улица „Кавкаска“ во Тетово.При претресот биле пронајдени  и одземени кокаин, дигитална вага и семки од марихуана. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
marihuana

Пронајдена марихуана во куќа во Гостивар

На 03.02.2019 година во периодот од 19.30 до 20.50 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други помошни простории на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, сопственост на Н.И.(36) од Гостивар.При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Лицето било приведено во полициска станица. Исто така, во полициска станица било приведено и лицето Г.Н., кое било затекнато во куќата. При личен преглед, кај него била пронајдена и одземена марихуана.По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

Мицкоски во Брисел на политичко собрание на Европската Народна Партија

Денес и утре претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе присуствува на политичкото собрание на Европската Народна Партија што се одржува во Брисел.„На маргините на собранието се очекува да оствари средби со европарламентарци и преставници на ЕУ кои се дел од Европската Народна Партија чиј што член е ВМРО ДПМНЕ.Мицкоски ќе разговара за состојбите во државата, загрижувачката состојба со газењето на правата и слободите, растечката корупција, како и поддршка на процесот за интеграции, и реформите кои треба да бидат спроведени.Во делегацијата на ВМРО ДПМНЕ е и потпретседателот Александар Николоски и Секраторот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски“, велат од партијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
rak-grlo-matka

За пет години во Македонија умреле 203 жени од кацрином на грло на матка, а Министерството за здравство и во 2019 година го намали буџетот за 2.8 милиони денари

Во Република Македонија во периодот од 2012 до 2016 година од карцином на грло на матка умреле 203 жени, а бројот на умрени жени од карцином на грло на матка секоја година се зголемува за 6%. И покрај оваа алармантна состојба, Министерството за здравство издвојува средства и дава можност само 28% од жените на возраст од 24 до 60 години да направат бесплатен ПАП тест преку Програмата за скрининг на карцином на грло на матка, а секоја година со оваа програма опфаќа помалку жени од предвидениот број и троши помалку средства од издвоените.Во периодот од 2012 до 2017 година, 56 % од жените на возраст од 24 до 60 години не биле поканети да направат бесплатен ПАП-тест со Програмата за скрининг на карцином на грлото на матката, а пак на 72 % од жените не им бил направен ПАП-тест преку Програмата во изминатите шест години.Во анализираниот период, кај 13 317 жени или пак во просек кај 8% од цитолошки анализираните брисеви утврдени се одредени клеточни абнормалности.  Најголем број на клеточни абнормалности или 14,9% утврдени се во 2016 година. Доколку со Програмата за скрнинг на карцином на грлото на матката биле опфатени сите жени на возраст од 24 до 60 години во изминатите шест години, одредени клеточни абнирмалности би се идентификувале кај приближно 44 илјади жени што значи дека кај овие жени е пропуштена можноста за рано откривање на предраковите промени и карциномот на грлото на матката, и со тоа навремено излекување и продолжување на животот на жените.Воедно потребно е да се воспостави една национална програма за скрининг на ракот на грлото на матката, каде што прецизно ќе се дефинираат критериумите и одговорностите на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување со која ќе се превенира предвремената смрт на жените во нашата земја. Моментално и Министерството за здравство и Фондот паралелно предвидуваат превентивни активности за рано откривање на ракот на грлото на матката, без меѓусебна комуникација и координација.20.464.230 денари за поканување на 682.141 жени на возраст од 24 до 60 години; 68.214.100 денари за спроведување на ПАП тестови од матични гинеколози на 50% од женската поулација на возраст од 24 до 60 години; 20.464.230 денари за цитолошка анализа на направените ПАП тестови; 300.000 денари за координација на скринингот од страна на Центрите за јавно здравје и 500.000 денари за активностите на мобилната гинеколошка ординација.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров во работна посета на Вашингтон

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денес и утре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, САД.„Министерот Димитров ќе оствари повеќе работни средби со претставници на американската администрација, Конгресот и тинк тенк заедницата.На 5 февруари, МНР Димитров ќе се обрати на  трибина посветена на иднината на Македонија и Југоисточна Европа, организирана од Атлансткиот совет на САД.На 6 февруари, во Вашингтон, на покана на државнниот секретар на САД, делегација на Република Македонија ќе учествува на Министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС, на кој ќе се разговара за резултатите од повеќегодишните напори и соработката во рамките на Коалицијата за борбата против ИСИС во Ирак и Сирија, како и за идните чекори за стабилизација и одржување на мирот во регионите кои биле претходно зафатени од делувањето на ИСИС“, се вели во соопштението од Министрството за надворешни работи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vino-makedonija

На ред дојдоја да се „делат“ производите под брендот „Македонија“

Стопанствениците од Северна Грција се загрижени што ќе следува следниот ден по стапувањето во сила на Преспанскиот договор. Тие се загрижени за „судбината на трговските имиња на македонските производи“, пишува “Та Неа“.Името „Македонија” се појавува во различни форми во брендовите на 182 грчки бизниси во сите сектори, а од нив 39 во секторот за храна и во земјоделскиот сектор.Бизнисмените бараат да нема промена во имињата на грчките производи кои го вклучуваат терминот “Македонија” и бараат од владата да го брани ова право на грчките бизниси.Сепак, досега, само 24 компании ги регистрирале своите брендови на европско ниво, од кои 8 од јуни минатата година, а само 2 на меѓународно ниво.„Та Неа“ пишува дека во следниот период ќе биде формиран Специјален комитет на експерти од двете земји, кој во рок од три години ќе го решава ова прашање, но до денес, според претставници на грчките претприемачи, не било побарано да дадат свое мислење.

Свет | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Државата ќе ги исплати долговите на винарниците кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предаденото грозје

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа кон земјоделците, изнајдено е решение, државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предаденото грозје, велат од СДСМ.„Преку измените на Законот за земјоделство и рурален развој, кои треба да влезат во собраниска процедура, ќе се постави правен основ државата да ги преземе неподмирените обврски на винарниците кон лозарите.Со ова решение, над 1.5 милиони евра ќе завршат директно кај лозарите и нивните семејства.Понатаму, средствата државата ќе ги побарува од винариите кои што должат.Низ одговорен и инклузивен пристап, Владата предводена од СДСМ продолжува да ги решава наследените проблеми од претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, Владата останува посветена на спроведување на мерки што го унапредуваат земјоделството, обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за земјоделците“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sala

Остатоците од авионот во кој леташе Сала пронајден на дното на Ламанш

Исчезнатиот мал приватен авион во кој фудбалерот Емилијано Сала леташе од Нант кон Кардиф е пронајден на дното на Ламанш, пренесуваат светските медиуми.Веста на Твитер ја објави Дејвид Мернс која ја предводеше приватната потрага по исчезнатиот авион.-Остатоците од авионот во кој леташе Сала со кој пилотираше Дејвид Иботсон се лоцирани , напишал Мернс.Тој воедно пренесе дека полицијата веќе ги информирала и семејствата на Сала и Иботсон, информира АП.Авионот исчезна на 22-ри јануари. Полицијата и државните служби имаа потрага која траеше три дена и во која немаа успех. Откако тие прекинаа фудбалскиот свет собра 300.000 евра и беше ангажиран експертот и ловец на бродови Дејвид Мернс, па потрагата продолжи.

Спорт | пред 7 години

7 год.
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Заев подготвува изборен фалсификат на претседателските избори и затоа бега од техничка Влада

СДСМ и Заев се подготвуваат повторно да ја изиграат волјата на граѓаните на Република Македонија. Аболицираниот Заев подготвува изборен фалсификат на претседателските избори и затоа бега од техничка Влада и предвремени парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ и Заев се свесни дека немаат поддршка од македонскиот народ и затоа како и за референдумот спремни се на се, освен на фер и демократски изборен процес.Тие знаат дека македонскиот народ е гневен за сите понижувања, црнила и порази кои му ги приредија. Токму затоа немаат храброст да се соочат со граѓаните на предвремени парламентарни избори, свесни се за казната која ќе им следува.Откако е СДСМ на власт,  државата и граѓаните се повеќе осиромашуваат. Над 500.000 граѓани живеат во беда и сиромаштија додека криминалниот картел и неговите функционери секојдневно си делат државни тендери и грантови и си покачуваат плати.Нема повисоки плати за граѓаните, нема повисоки стипендии, нема повисоки пензии,  но затоа има поголеми трошоци за живот, поголеми даноци и корупција која со СДСМ ги доживува своите златни денови.Ветуваа едно општество за сите, но прво што направија е тоа што го поделија македонското општество. Поради неуставното носење на законот за јазици, Македонија е поларизирана како никогаш досега во историјата.Како и тоа да не им беше доста, па на македонскиот народ му го погазија достоинството и му го нанесоа најголемото понижување. СДСМ на најбезобразен и насилнички начин,  по пат на закани и уцени, спротивно на волјата на граѓаните го промени името на државата и се откажа од македонскиот идентитет, јазик, историја, култура и традиција.Граѓаните јасно на 30 септември порачаа дека се против промена на уставното име на Република Македонија.  СДСМ и аболицираниот Заев се одлучија да одат спротивно на сопствениот народ, само заради лични и кариеристички цели, и граѓаните тоа никогаш нема да им го простат.СДСМ и Заев во овие две години донесоа само црнила, понижувања и порази. Затоа бегаат од предвремени парламентарни избори кои ќе бидат спроведени од техничка Влада, го гледаат гневот на македонскиот народ кој со секој изминат ден се повеќе се противи на нивните црни политики.ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од народот.  Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува, тоа и го остварува. Тие знаат дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш работи за доброто на граѓаните, за доброто на Македонија и во заштита на државните и национални интереси.  ВМРО-ДПМНЕ е народна, партија од народот, од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ секогаш е заедно со својот народ и секогаш на патот на Македонија.Граѓаните заслужуваат подобар живот, подобар стандард и подобра иднина за себе и за своите деца. Тие не смеат повеќе да живеат бедата, црнилата и понижувањата кои ги нанесуваат СДСМ и аболицираниот Заев. Токму затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за СДСМ да замине во историјата, а граѓаните и Република Македонија конечно да почнат да напредуваат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2017 година

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија на 9. седница на 4 февруари 2019 година, во 12:00 часот, во Сала на Уставна комисија, ќе одржи Јавна расправа на тема: Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2017 година.Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на Јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието на Република Македонија, министeрката за труд и социјална политика, координаторките за еднакви можности на Министерствата на Република Македонија, Комисијата за заштита од дискриминација, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, градоначалниците, локалните комисии за еднакви можности, претставници на меѓународните организации, експерти, Институтот за родови студии, Un Women, НДИ, ИРИ, претставници на НВО секторот од оваа област, како и претставник на Европската комисија. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
LP-simbol

ЛП: Да се донесат измени во Законот за градење со кои Скопје ќе може да се шири само во ново-проектирани Општини

„По најавата на Министерството за транспорт и врски дека се подготвува нов Закон за градење, бараме новото законско решение да дозволува мораториум за градба во постоечките Општини на градот Скопје (поради пренаселеност, сообраќаен колапс, кој влијае на здравјето и квалитетот на животот на граѓаните). Да се донесат измени со кои градот Скопје единствено ќе може да се шири во ново-проектирани Општини (нови населби, нови станбени објекти) на запад, север и исток.Апелираме градоначалниците на општините да не бараат алиби во пристапот дека од продажба на земјиште и комуналии се полнел буџетот; од што ќе се полнат буџетите кога ќе се бетонираат последните зелени површини? Водењето општина подразбира грижа за потребите на граѓаните, и унапредување на квалитетот на животот, а не одлуки во интерес на градежната мафија.Исто така бараме Законот да ја регулира областа на градежништвото по примерот на Република Србија, која прва во регионот почна на системски начин да го решава проблемот на пласирање „валкани пари“  во овој сектор, како еден од потенцијално ризичните за перење пари“, велат од ЛП.

Скопје | пред 7 години

7 год.
27-mi-april-sudenje

Денеска во кривичен завршни зборови на одбраната за 27 април

Со завршни зборови на одбраната денеска во Криивчниот суд во Скопје треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.Завршни зборови на минатото рочиште изнесе јавното обвинителство, кое е застапник на обвинението за случајот „27 април“, во кој првично беа обвинети 33 лица, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.Обвинителката Вилма Рускоска, во својот завршен дел истакна:– Обвинителството докажа дека на 27 април е извршен организиран насилен напад врз една од најважните институции. Докажа дека тоа не беше спонтан упад и зовриени емоции. Обвинитеството докажа дека ова беше организиран и со умисла напад. Доказите потврдија дека преземените дејствија се поврзани и последователни со цел да се загрози уставноиот поредок. Докажа дека ова обвинение не е политички реваншизам, туку акт за докажување на делото и запазување на правото, изјави Рускоска.Завршни зборови треба да дадат Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски Леви, Митко Пешов, Младен Додевски, Горанче Ангеловски,Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Влатко Трајковски, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, и Вилијам Михајловски.15 мината се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот 5 поредок.

пред 7 години

7 год.
f7dk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpVN01EQV8vNzI4ZjQzNTUzMGM1N2JkZmE5NzM2MDYzYzFhOTJlZmUuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

(ВИДЕО) Пожар во центарот на Москва, загинаа најмалку четири лица

Најмалку четири лица загинаа, а три се повредени во пожар во станбена зграда во центарот на Москва.Пожарот зафатил површина од 2000 метри квадратни, а избил во еден од становите на петтиот кат.https://twitter.com/DomainDiamond/status/1092212140461690880?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1092212140461690880&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fcrni-dim-prekrio-grad-pozar-u-centru-moskve-poginulo-najmanje-cetvoro-ljudi-spasene%2Fxvv5vypШефот на московското одделение во руското Министерство за вонредни ситуации, Илја Денисов изјави дека пожарникарите успеале да спречат да се рашири пожарот.Во операцијата учествувале 80 пожарникари. Меѓу 42 лица кои биле евауирани се и 8 деца. 

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

21 сообраќајка за време на викендот во Скопје, две лица со тешки телесни повреди

Сопатник и пешак се здобиле со тешки телесни повреди, а 18 лица се полесно повредени во 11 од вкупно 21 сообраќајка регистрирани викендот на подрачјето на СВР Скопје.Сообраќајната полиција санкционирала 188 возачи за пречекорување на брзината. Од сообраќај се исклучени 37 возачи под дејство на алкохол, 47 пред да се стекнат со право на возење и девет возачи почетници. Воедно од сообраќај се исклучени и 24 нерегистрирани возила и едно технички неисправно.Издадени се и 219 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ кренал 129 возила. Санкционирани се и 11 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, шест за неправилно престројување, а исто толку за недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.

Скопје | пред 7 години

7 год.
goce-delcev

147 години од раѓањето на Гоце Делчев - делегации ќе положат цвеќе на неговиот гроб

Во Македонија денеска се одбележуваат 147 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.По тој повод бројни делегации ќе положат цвеќе на гробот на Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
fukusima-raza-620x350

8 години по нуклеарната катастрофа во Фукушима во рибите пронајдена радиоактивна материја

Во риба уловена во водите на јапонската префектура Фукушима првпат по четири години откриен е радиоактивен цезиум над дозволената граница, соопшти денеска Асоцијацијата на рибарски здруженија на Фукушима.Дозволеното ниво на цезиум е 100 бекерели по килогарам, а во една риба ража уловена во четвртокот на длабочина од 62 метри, регистрирани се 161 бекерели.Поради тоа Асоцијацијата ја стопира испораката на овој вид риби уловени во водите на Фукушима, а испорачаната риба ќе биде повлечена од пазарот се додека не се потврди дека нејзината употреба е безбедна.Надлежните служби ќе земат уште примероци за истражување, а централната Влада ќе донесе одлука за безбедноста.Во префектурата Фукушима се наоѓа нуклеарната централа која по силниот земјотрес и цунамито во 2011 година беше оштетен реакторот и истече радиоактивен материјал.Поради таа катастрофа илјадници жители беа присилени да ги напуштат домовите. 

Свет | пред 7 години

7 год.
avion-620x350

(ВИДЕО) Се сруши авион во Калифорнија

Мал авион се сруши вчера во Калифорнија, пренесуваат американските медиуми.Авионот удирл во куќа и експлодирал, а предизвикал и голем пожар. На социјалните мрежи се појавија видео снимки и слики на кои може да се забележи дека најмалку две куќи се во пламен.https://twitter.com/Breaking911/status/1092184665379745793?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1092184665379745793&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3029830-mali-avion-se-srusio-u-kaliforniji-udario-u-kucu-i-eksplodirao-ima-poginulih-videoДве лица загинаа во инцидентот, а двајца други беа однесени во болница, објавија локалните пожарникари. Според евиденцијата, авионот бил во сопственост на приватно лице од Орегон.Авионот паднал во градот Јорба Линда, во близина на основно училиште.https://twitter.com/the_bluejacket/status/1092183780440207360?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1092183780440207360&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3029830-mali-avion-se-srusio-u-kaliforniji-udario-u-kucu-i-eksplodirao-ima-poginulih-video

Свет | пред 7 години

7 год.
vreme

Променливо облачно време со врнежи од дожд

Денес ќе преовладува променливо облачно, а од изутрина најпрвин во западните делови и потоа на југот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во текот на денот ќе се менува од јужен во североисточен. Температурата ќе се движи од 5 до 14 степени.Во Скопје променливо облачно време со врнежи од дожд и температура од 4 до 10 степени.Следува период на променливо време со позитивни утрински температури и повремено со врнежи. До вторник по котлини се уште ќе има услови за појава на магла. Нови врнежи се очекува во среда да започнат од југ каде што ќе се поинтензивни и кои кон крајот на денот ќе бидат од снег освен на планините и на некои повисоки места. До среда дневните температури ќе се задржат повисоки со што ќе продолжи поинтензивното топењето на снежната покривка.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања